Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

e6d47667d956a12d62fbe9a45b490ab0_w768

Парното греење во Скопје ќе биде вклучено од утре, ако температурата падне под 12 степени

Поради падот на надворешната температура oд утре започнува грејната сезона за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ, соопштија од компанијата.Согласно правилата за снабдување со топлинска енергија, испораката на топлинска енергија на потрошувачите може да започне и пред 15-ти октомври, но не пред 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управата за хидрометеролошки работи.Од БЕГ апелираат потрошувачите кај кои има дефекти на внатрешната грејна инсталација, да ги отстранат во најкус можен рок и истото да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, а пак Заедниците на станари и Управителите на зградите да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинските потстаници во објектите, како и да обезбедат напојување на топлинската станица со електрична енергија.БЕГ информира дека  за сите неопходни информации, евентуални дефекти и проблеми со испорака на топлинска енергија од системот за централно греење со кој управува БЕГ, потрошувачите можат да се обратат до Центарот за грижа на потрошувачи

Скопје | пред 6 години

sara-parker

Сара Џесика Паркер: „Медена земја“ еден од најдобрите кандидати за Оскар

Холивудската актерка Сара Џесика-Паркер е воодушевена од македонскиот документарен филм „Медена земја“. Таа на својот профил на Инстаграм објави фотографија од филмот и напиша дека „Медена земја“ заслужува номинација за Оскар.Холивудската актерка филмот го погледнала во Quad Cinema во Њујорк и истакна дека филмот е еден од најдобрите номинирани за „Оскар“! https://www.instagram.com/p/B3Q05piFMXe/

Магазин | пред 6 години

oklopni-vozila

Црна Гора купува 67 најсовремени оклопни возила од САД

Црногорското Министерство за одбрана доби официјална понуда од американската Влада за набавка на 67 оклопни возила, вредни 36 милиони долари. Потврда од црногорското министерство дојде откако американскиот државен секретар Мајкл Помпео рече во Подгорица дека оваа недела САД и понудиле на Црна Гора договор за најголемата продажба на воена опрема во историјата на двете земји, што вклучува испорака на лесни тактички возила во вредност од 36 милиони долари.– Во наредните дваесет дена, очекуваме нашата Влада да прифати ваков вид деловен аранжман со Владата на САД и врз основа на тоа можеме да очекуваме да го имаме првиот контингент на возила во 2020 година, или дваесет возила до декември 2020 година – рече Алма Љуљановиќ од Министерството за одбрана.Станува збор за лесно оклопно патролно возило погодно за меѓународни операции. Тоа е дизајнирано да биде посилно, поспособно, пофлексибилно, полесно за транспорт и поправка, а пред сè, да обезбеди подобра заштита за војниците од својот претходник, ,,хамерот”.Црна Гора на тој начин по Америка и Словенија, ќе стане третата земја чии војници ќе можат да го користат ова возило. Според најавата, набавката на воена опрема ќе се финансира со кредит, но не се објавени дополнителни детали.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Сообраќајна несреќа на влезот од Охрид

Сообраајна несреќа на влезот од Охрид, кај Подмоље. Во несреќата се судриле два автомобили и велосипед. СВР Охрид е на местото на несреќата, се испитуваат причините за истата. Сударот е на новиот автопат , кој сеуште не е пуштен во употреба.Повеќе детали во текот на денов...

Македонија | пред 6 години

mitko-jancev

Митко Јанчев: Ако ВМРО ДПМНЕ продолжи во оваа насока, остава голем простор да се направи трета опција, која за жал, би била десно ориентирана

Народот е огорчен од партиите. СДСМ остави впечаток дека има лидер и премиер во името на Зоран Заев којшто донесе голем чекор и храброст. Меѓутоа очекувањата на граѓаните се многу големи. За да го испорача тоа, не знам дали партијата има капацитет за тоа. Од друга страна имаме десноориентирана партија која покажала и во минатото и сега дека можеме да сработиме и да бидеме единствени. Мислам дека е дојдено време двете партии малку да се доближат до народот и една до друга за да успееме да излеземе како победници од ситуацијата, изјави градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев во интервју за „Телевизија 24“.Според Јанчев, постои дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ што е пасивно и ова е показател дека е потребна нова политичка опција во десницата вели Јанчев, кој е градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.Разрешен сум од функцијата потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, но јас се уште сум член на таа партија и член сум на општински комитет на ВМРО ДПМНЕ на локално ниво. Според последните истражувања, меѓу 35 и 40 отсто од граѓаните не поддржуваат политичка партија затоа што не гледаат перспектива во она што значи десно ориентирана партија или пак лево. Ако ВМРО ДПМНЕ продолжи во оваа насока, остава голем простор да се направи трета опција, која за жал, би била десно ориентирана. Демантирам дека јас учествувам во создавање на нова партија. Но, останувам на ставот дека ако се продолжи со иста реторика и политика, се остава голем простор за трета опција, што не значи дека јас би учествувал во нејзино создавање или не, рече Јанчев.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен скопјанец, се однесувал агресивно према полициски службеници

На 06.10.2019 околу 01.40 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Кеј 13-ти Ноември“ во Скопје го привеле К.У.(23) од Скопје, поради тоа што се однесувал агресивно, спречувал полициски службеници во извршување службени дејствија, а се обидел и физички да ги нападне. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Со автомобил излетал од коловозот, возачот со тешки телесни повреди

На 06.10.2019 во 08.40 часот на автопатот Скопје - Тетово, пред Добарски натпатник, М.К.(25) од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во албански автомобил на „Богородица“ откриени околу 50 кг марихуана

На 06.10.2019 во 11.00 часот на граничен премин „Богородица“, при контрола на патничко возило „опел мерива“ со албанска национална ознака, управувано од А.M.(44), а сопатник бил А.M.(18), двајцата од Република Албанија, во посебен бункер, граничните служби откриле  повеќе пакувања марихуана со тежина од околу 50 килограми. Лицата и возилото биле преземени од Одделението за истраги при Царинската управа на Р.С. Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај Стружанец кој престојувал во Охрид, пронајден кокаин

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.М.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во текот на септември 2019 бил извршен претрес во апартман на ул.,,Гоце Делчев“, каде престојувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.

Македонија | пред 6 години

andonov

ВМРО ДПМНЕ: Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци!

Националната агенција за европски образовни програми наместо да промовира европски вредности, претворена е во политичка алатка на СДСМ и Зоран Заев. Наместо да се инвестира во градење на граѓанско општество, под сомнителни околности се доделуваат грантови или на невладини организации блиски до власта или на организации каде фигурираат лица кои учествуваат во политичкиот прогон на опозицијата и реализација на политичката агенда на Зоран Заев, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.Повеќе од седум милиони денари, европски пари се доделени на невладината организација на судијата Лазар Нанев од Кавадарци!Во Централен регистар може да се забележи дека невладината организација на судијата Лазар Нанев е организација во која тој е единствено овластено лице, односно лице – раководител. Во организацијата не се спомнати други вработени или други овластени лица за да раководат со нејзините проекти.За потсетување, токму Лазар Нанев е судијата кој е назначен за претседател на комисијата при Министерството за правда, која врши ревизија на системот за управување со судски предмети – АКМИС во скопскиот Кривичен суд. Исто така, судијата Нанев ги водеше процесите против поранешниот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци.Прашуваме:Дали судијата Нанев поминува повеќе работно време на овој огромен проект или во својата работа како судија?Дали на судијата Нанев ова можеби му е награда за прогонот на членовите на ВМРО ДПМНЕ?Дали ова не претставува корумпирање на еден судија кој добива пари од државна агенција, знаејќи дека судската власт треба да биде целосно независна и одвоена од извршната власт?Дали постои пракса во која било европска земја, каде Владата доделува пари на некој судија?Дали ова не е претставува конфликт на интереси и коруптивно однесување на Националната агенција?Ваквите коруптивни практики се прошируваат и во образовни институции според нашите информации и во Прилеп, Скопје и Битола. Однесувањето на директорката Лидија Димова е скандалозно и недозволиво. Затоа, Лидија Димова мора да понесе одговорност и да биде разрешена од функцијата, а органите на прогонот да поведат соодветна постапка за трошењето на европските пари, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

nikolovski

Николовски: Заев повторно ја излажа македонската јавност - Фолксваген наместо во Македонија , 1,4 милијарди долари инвестира во Турција

Денес сме тука во општина Илинден ги продолжуваме разговорите за обнова на Македонија тука сме да ги чуеме идеите мислењата на граѓаните што мислат дека треба да правиме во идниот период. ВМРО ДПМНЕ како најголема опозициона партија многу скоро после предвремените парламентарни избори и како партија која што ќе ја предводи новата македонска влада прв пат создава една интерактивна програма во соработка со граѓаните која што сакаме да слушнеме што граѓаните мислат дека треба да се направи во следниот период, истакна Александар Николовски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.За жал овие три години се години на уништување и уназадување, години во кои што корупцијата цвета а економијата тоне. Години во кои што гледаме рекет и корупција, гледаме торби полни со пари кои што одат кај лица блиски до власта а во исто време гледаме економија која што тоне и луѓе кои што ја напуштаат државата. Тоа треба да се промени и со идеите коишто ги очекуваме од граѓаните очекуваме тоа да се промени.Општина Илинден е одличен пример како треба да се работи тука би сакал да честитам на градоначалникот и на советниците од општината кои што заеднички работат се борат и успеваат ова општина да ја направат една од најуспешните во Македонија. Практично скоро и да нема поголема компанија во Македонија која што нема тука свој производствен капацитет или свој дел, скоро и да нема посериозен бизнис кој што не инвестирал тука во општина Илинден што само покажува дека тука има една отворена општина која што помага на бизнисот да се развива и покажува како може да се работи чесно, одговорно и во корист на граѓаните. Ова што можеме сите да го видиме навистина е импресивно и е нешто што ќе продолжи да се развива во следниот период. На општината секако и треба силна поддршка од централната власт, таа поддршка доаѓа со една одговорна влада  која што знае да отвора можности и која што знае да носи инвестиции.Би сакал тука да споделам со вас неколку информации поврзани со инвестициите во Македонија кои што практично отвораат работни места. Знаете дека имаше еден голем тренд на инвестиции пред се странски кои што за жал запреа во последните години.Во Јануари месец ова година премиерот Заев најави дека Фолксваген ќе отвори фабрика во Македонија дури и го злоупотреби името на канцеларката Меркел и нејзиниот советник за надворешна политика Хекер. Деновиве официјално Фолксваген ја објави својата инвестиција таа за жал не е во Македонија таа е во Турција, вредноста е една милијарда и четиристотини милиони долари фантастична бројка, некаде околу една третина од целокупниот македонски буџет за споредба. Отвора 5.000 директни работни места и уште 10.000 индиректни работни места ќе произведува преку 300.000 автомобили.Според она што го објави Фолксваген Македонија за жал воопшто не ни влегла во финалната фаза на избор,  односно во финалната фаза на избор биле Србија, Бугарија, Романија и Северна  Африка, но не и Македонија што  за жал уште еднаш потврдува со каков човек имаме работа со таков човек кој што ја лаже македонската јавност но и меѓународната јавност имаме работа човек кој што ден поскоро треба да замине на предвремени избори. Во исто време Македонија е еден феномен каде што странски директни инвеститори кои што одлучиле да инвестираат во државата одлучуваат своите втори или трети фабрики  да не ги отворат во истата, па така три големи странски инвестиции кои што веќе имаат инвестирано во Македонија одлучија своите втори или трети фабрики наместо во Македонија како што беше планирано да ги отворат во Србија и со тоа Македонија изгуби преку две илјади работни места. Тоа се две илјади семејства тоа се две илјади судбини. Ги изгуби затоа што овие инвеститори според нивните кажувања не наоѓаат партнер во владата со кој што можат да соработуваат за да продолжат да инвестираат тука и за жал бегаат во соседна Србија. Тоа е нешто што мора да запре и нешто што мораме да го запреме на следните парламентарни избори после кои ќе се формира една одговорна влада на чесни и одговорни луѓе, луѓе кои што знаат да ја раздвижат  економијата напред, луѓе кои што ќе стават крај на корупцијата и ќе воведат ред во државата, истакна Александар Николовски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.     

Македонија | пред 6 години

kanzas

Четири лица се убиени, во пукање во бар во Канзас Сити

Четири лица се убиени, а петмина се ранети кога рано изутрината во американскиот град, Канзас Сити, кога непознато лице со огнено оружје влегло во локален бар и почнало да пука кон присутните.Според локалната полиција, во тек е потрагата по неидентификуван сторител, кој отворил оган кон гостите на угостителскиот објект под неутврдени околности.Инцидентот се случил во 1 и 30 часот по локално време во „Текила КЦ бар“. Жртвите сè уште не се идентификувани.

Слајдер | пред 6 години

Bujar_Osmani_VP

(ВИДЕО): Бујар Османи повторно во инспекција - овој пат проверува како се инвестираат парите од ИПА-фондовите

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, откако сам тргна да се увери дали Законот за употреба на јазиците се применува на таблите кои треба да бидат двојазични, се впушти во нова  инспекција. Овој пат проверува како се инвестираат парите од ИПА-фондовите.Османи беше во посета на граничниот премин Ќафасан во околината на Струга, а попатно му се јави на Ирфан Бучи, заменик-директорот на Царинската управа, и на министерот за економија, Крешник Бектеши.Инаку,  додека ја изведуваше минатата инспексција за двојазичниоте табли, Османи доби казна зошто зборуваше на мобилен додека возеше.За минатата инспекција доби бројни критики. Да видиме како ќе помине овојпат.https://www.facebook.com/bujar.osmani.942/videos/1087041464833089/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачовски: Обезбедени се 16.5 милиони евра од ИПАРД 2 програмата за развивање на руралните средини

Како политичка партија чија програмска определба беше подобрување на квалитетот  на живот во руралните средини и зголемувањето на економската активност, продолжуваме со отворање на нови перспективи и услови за инвестиции во земјоделството и руралниот развој.Од страна на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој објавен е јавен повик за мерката 7 – Диверзификација на фарми и развој на мали бизнис од ИПАРД 2 програмата кој ќе биде отворен до 18-ти ноември, истакна Никица Бачовски, член на Комисијата за земјоделие и рурален развој на СДСМ.16.5 милиони евра ќе бидат ставени на располагање на земјоделците, преработувачите, занаетчиите, трговците,  угостителите и други физички и правни лица чии инвестиции се насочени во руралните средини.Со оваа финансиска инекција, имплементирана преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Платежната агенција, а поддржана од Европската Унија, ќе се изврши поврат од 65% на сите прифатливи инвестиции за преработка на прехрамбени и непрехранбени производи, на инвестициите во развој на занетчиските производи , инвестициите во услуги за руралното население и инвестициите во промоција на руралниот туризам.Со имплементацијата на оваа мерка,  во македонските села и рурални општини ќе никнат нови производствени капацитети, занаетчиски работилници,  приватни градинки и домови за стари лица, ветеринарни станици, сместувачки , угостителски објекти за гастро – туризам и информатички и спортско – рекреативни центри.Искористеноста на европската помош во земјоделството и руралниот развој е врвен приоритет за Владата на СДСМ и коалицијата.  ИПАРД програмата во периодот на владеење на минатата власт бележеше рекорден процент на неискористеност од само 20% или само 12 милиони евра. Денес, само со еден јавен повик се исплаќаат близу 20 милиони евра, а во процес на потпишување се дополнителни 800 договори за финансиска поддршка со што искористеноста на програмата ќе достигне над 50% од вкупниот расположлив буџет.Сите овие параметри се резултат на цврста заложба за исполнување на програмата План за живот, во која се обврзавме на поефикасно имплементирање на ИПАРД програмата, олеснување на административните процедури за апликантите и искористување на сите ресурси за вбризгување на свеж капитал во агро – секторот, отворање на нови работни места и подобрување на условите за живот за сите граѓани на оваа држава.Нашата посветеност и новиот концепт на ефективна работа дава јасен знак дека сме на прав пат. СДСМ уште позасилено ќе делува во правец на модерзнизирање на земјоделството, враќање на достоинството на македонскиот земјоделец и воведување на повисоки стандарди за живот во руралните средини, истакна Никица Бачовски, член на Комисијата за земјоделие и рурален развој на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

trka

Ивановски и Поп Арсова со нови државни рекорди во улични трки на 10 км во Скопје

Дарио Ивановски и Андријана Поп Арсова ги соборија државните рекорди на 10 километри (улочна трка) на денешното издание на 10-километарската трка низ улиците на Скопје. Трета година по ред низ улиците на главниот град се појавија над 2000 натпреварувачи на трката „Skopje Run 10K“, објави sportmedia.mk.Во машката категорија Дарио Ивановски победи со нв рекорд на Македонија од 31:07 минути, втор беше Милош Ранчиќ со 33:44 минути, трет Атанас Анчевски со 33:49 минути.Во женска конкуренција, победничка на трката беше Теодора Симовиќ од Србија со 34:59 минути, а второто место го зеде Андријана Поп Арсова со 37:02 минути што е нов рекорд на Македонија. Третото место и припадна на Билјана Кираџиева со 37:59 минути.Текстот е превземен од: sportmedia.mk.

Магазин | пред 6 години

Detektor-20

Калајџиев за Детектор: Очигледно е дека Рекет се развлекува и има поддршка од политички структури

Власта покажа дека не е подготвена да се соочи со големи афери и инциденти каков што е случајот „Рекет“, вели професорот по кривично право од Правниот факултет во Скопје, Гордан Калајџиев„Гледаме дека случајот се развлекува, опфаќа само некои од инволвираните иако е очигледно дека има поддршка во политичките структури, ние не знаеме до каде тоа би одело, бидејќи тоа е очигледно и од самиот имиџ на учесниците во постапката и на тоа како тие се користеле позадински со влијанијата со кои што се користеле. За жал постапката трае  долго и имаме една недовршена истрага која кај јавноста остава сериозни сомневања дека системот и натаму е политизиран, селективен и не е подготвен да се соочи со расчистување на високиот криминал и корупција“ вели Калајџиев за Детектор.Поранешниот пратеник Павле Богоевски вели дека се согласува дека Рекет е најголемата афера во последните неколку години и дека не оди во прилог на зголемување на довербата на граѓаните во институциите.  Богоевски смета дека случајот „Рекет“, во делот за противправното влијание е чист и дека тоа е заокружено. Според него, треба дополнително да се истражат сомневањата за перење пари и наводните измами со изградба на старечки домови. Сепак, вели дека е оптимист.„Во овој момент јас немам причина да се сомневам дека се бараат сторителите. Истрагите за перење пари и истрагите на поголеми организирани криминални групи по својата природа траат подолго. Иако ја разбирам скепсата која што ја имаат граѓаните и професорот, во овој момент јас сакам да бидам оптимист и да верувам дека овие истраги ќе вродат со конкретен плод и ќе ги идентификуваат конкретните политичари и функционери кои што можеби биле инволвирани во таа криминална група. “ – вели Богоевски за ДетекторВо емисијата Детектор која ќе се емитува денеска по вестите во 16:00 на Сител, ќе биде објавено истражување на јавното мислење за аферата „Рекет“, СЈО и владеењето на правото.

Македонија | пред 6 години

avstriski-min

Австрискиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг, утре, 7 октомври, ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.Како што соопшти МНР, Шаленберг ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што двајцата министри ќе одржат прес-конференција.Во рамки на посетата на земјава, шефот на австриската дипломатија ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.На средбите се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, како и за европската перспектива на нашата земја. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања, се додава во соопштението на МНР.Сподели

Македонија | пред 6 години

vmro_dpmne

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е на прав пат за во опозиција

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија не смее да продолжи да тоне со Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која може да ја носи Македонија напред.  Неспоредливи се кадровските капацитети на тимот на Заев со тимот на Мицкоски.  Советник на Заев за енергетика е Митко Андреев, човек со кого местеа тендери, а на Мицкоски Сања Божиновска, докторант на Харвард.  Неспоредливо е да се компарираат Миле Зечевиќ со професорите Александар Климовски или Лазар Јовевски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Неможат да се споредат Тања Чочарова со Гордана Силјановска Давкова. ВМРО-ДПМНЕ како стручни соработници на Мицкоски има луѓе со кредибилитет, професионално докажани, СДСМ како советници на Заев има нереализирани ликови, од кои голем дел се со сомнително минато. Македонија има потреба од луѓе кои ќе работат за државата, а не за сопствениот џеб, како што е сега со Зоран Заев на власт.На Македонија не и се потребни повеќе луѓе без знаење и капацитет. Македонија има потреба од професионалци, кои си ја знаат работата и кои ќе го направат потребното за обнова на Македонија.  Граѓаните се погласно бараат промени. СДСМ мора да си замине. Потребни се предвремени избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Две лица приведени, полицијата кај нив пронашла кокаин

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Ќ.(45) од с.Челопек, тетовско и Р.Г.(30) од с.Милетино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 27.08.2019 во угостителски објект на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници извршиле преглед кај пријавените, при што кај првопријавениот пронашле и одзеле кокаин, додека кај второпријавениот пронашле и одзеле амфетамин. 

Македонија | пред 6 години

licna-karta

На увид дала фалсификувана лична карта, приведена 21 годишна девојка

На 05.10.2019 во 12.45 часот во казнено-поправната установа „Идризово“, А.Д.(21) од Скопје дала на увид фалсификувана лична карта, поради што била приведена. Таа била предадена во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

На „Табановце“ фатен Србин баран од Интерпол Швајцарија

На  05.10.2019 во 18.45 часот на граничен премин „Табановце“, при пасошка контрола, било констатирано дека А.Р.(37) од Република Србија се наоѓа на стоп листата  по барање на Интерпол Швајцарија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од  СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На „Табановце“ фатен тетовец кој требало да издржува казна затвор

На 05.10.2019 во 12.40 часот на граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен З.Т.(23) од с.Желино, тетовско, поради тоа што се наоѓал на стоп листата за издржување казна затвор за сторено кривично дело „кражба“. Тој бил предаден на полициски службеници од  СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 28 годшен скопјанец полицијата пронашла марихуана

На 06.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„ Кеј 13ти Ноември“ во Скопје, од слобода го лишиле С.Ц.(28) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен жител на Кратово, кај него била пронајдена непозната прашкаста материја

На 06.10.2019 во 04.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Анастас Митрев“ во Скопје го привеле С.Т.(26) ос Кратово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена непозната прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

suzana-spasovska-1

(ФОТО) Се омажи ќерката на Сузана Спасовска

Сузана Спасовска вчера ја омажи ќерка си Теона, која е вистинска убавица. Имено во скопски ресторан, нејзината ќерка Теона направи веселба за свадбата со партнерот Виктор Велковски, кој ја запроси во јануари годинава, поточно на нејзиниот  роденден на 29 декември.  Свадбата се случи во еден познат скопкси ресторан каде што главна за целата весела атмосфера беше и пејачката Сузана.Теона на својот „Инстаграм“ објави дел од свадбената веселба, па според приложеното може да се види дека гостите си поминале лудо и незаборавно.За потсетување, Теона е дете на Сузана Спасовска од бракот со српскиот менаџер Раде, со кој во почетокот на 90-ите „Сузе – Национале“ беше во емотивна врска, која не траеше долго.   

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања