Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

mickoski-vecera

Мицкоски се сретна со член на Управниот Одбор на ИРИ, директорот и програмскиот директор

Имав срдечна вечера со Олин Ветингтон член на Управниот Одбор на ИРИ, Овен Паун директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова програмски директор на ИРИ. Заедно со Стефан Андоновски и нашите пријатели од ИРИ разговаравме за поддршката од нашите меѓународни партнери за обновата на Македонија и развојните процеси кои треба да создадат посилно општество, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1339607596214696/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Нова цена на горивата во Македонија - се намалуваат за половина, односно еден денар

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата. Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат во просек за 0.75%.Согласно одлуката, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 0.5 денари, и еден литар 95-октански бензин ќе чини 68.00 денари.Цените на ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 1.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 70.00 денари, додека еден литар дизел ќе чини 62.00 денари.Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена

Неспособноста на СДСМ ја чини РЕК Битола 1 милион евра за само три дена. Три дена надвор од употреба  е блокот 1 во РЕК Битола.  Испаѓањето од употреба на блокот 1 се должи на партизацијата на СДСМ на РЕК Битола. Оваа власт ги премести долгогодишните професионалци кои менаџираа со блокот и на нивно место донесе партиски војници кои ја немаат потребната стручност за да управуваат со блокот.Само исклучувањето и вклучувањето на еден блок во РЕК Битола ја чини државата 200.000 евра, дополнително со секој ден не работа имаме 240.000 евра штета. Поради аматеризмот на власта блокот 1 десетици пати испаѓа од употреба откако СДСМ е на власт. Штетите по државата се огромни.  Парите наместо на нови проекти одат на санирање на штетите од неспособноста на СДСМ.Очигледно СДСМ скапо ја плаќа обуката на партиските војници па со неколкукратното гасење на блокот 1 сака да ги научи партиските војници како да го исклучуваат и вклучуваат блокот 1. Но очигледно тешко им оди учењето бидејќи на испадите им нема крај. СДСМ мора да си замине. Државата не е полигон за  вежбање. Парите на граѓаните не се берат од дрво. Аматеризмот во управување  со државните ресурси мора да запре, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Во несреќата на влезот од Охрид тешко повреден велосипедист

На 06.10.2019 во 13.30 часот на магистралниот пат кај Св.Еразмо, охридско, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Ќ.И.(55) од с.Велешта, струшко, и велосипед управуван од Ј.А.(61) од Охрид. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 утре ќе дава исказ во ОЈО

Првоосомничениот во случајот „Рекет", Бојан Јовановски - Боки 13 утре од затворот во Шутка ќе биде спроведен во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде ќе треба да даде исказ, соопштуваат од Обвинителството. На Боки 13 паралелно му истекува и рокот од 15 дена за увид во доказите и предлагање негови докази. Тој во петокот во Апелацискиот суд Скопје бараше укинување на мерката притвор и тогаш, одговарајќи им на судиите, посочи дека чека да бидат завршени некои од вештачењата на лаптопите и телефоните, па потоа да даде исказ.Утре или во среда треба да биде познато и дали поранешната специјална обвинителка Катица Јанева ќе даде исказ.

Македонија | пред 6 години

07102019_PVRSM_Zaev_Shallenberg_Sredba_3

Заев - Шаленберг: Јасен став од Австрија за позитивна одлука за отворање преговори со нашата држава на октомврискиот Совет на ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со АлександерШаленберг, сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Република Австрија.На средбата е изразена јасна порака од Австрија со поддршка за проширувањето на ЕУ и за европските интеграции на нашата држава. Пренесено е дека има силен консензус во Република Австрија за позитивна одлука за Република Северна Македонија на октомврискиот Совет на ЕУ и дека таков јасен ќе биде и ставот на Австрија на Советот во октомври. На состанокот е констатирано дека позитивна одлука е единствената исправна одлука за нашата земја. Констатирано е дека Република Северна Македонија ги испорача потребните услови и дека сега е на ред Европа да испорача.Премиерот Заев се заблагодари за големата принципиелна поддршка од Република Австрија во сите клучни процеси за демократскиот развој на нашата држава и посебно за напредокот во евроатлантските интеграции.„Позитивната одлука од Европскиот совет за отворање преговори на ЕУ со Република  Северна Македонија, за институциите и за граѓаните ќе значи продолжување на силната мотивација низ европските вредности да придонесуваме во развојот на  нашата држава и регионот. Преспанскиот договор е редок пример на договор преку којшто низ искрен дијалог за чувствителни прашања дојдовме до решение на децениски отворено билатерално прашање, реформите ги правиме во консензус со опозицијата, цврсто сме определени за владеење на правото и борбата против корупцијата низ конкретни премиери дека законите важат еднакво за сите. Република Северна Македонија е добар пример како со посветеност на европските вредности на дело, се можни резултати“, рече премиерот Заев.На средбата е констатирано дека можноста што ја доби Република Северна Македонија, заедно со Република Бугарија да копретседава со Берлинскиот процес во следната година е силна порака за европската поддршка на нашата држава. Премиерот Заев соопшти дека позитивната одлука од октомврискиот Совет на ЕУ само ќе ја зацврсти довербата и на другите земји во регионот, кандидатки за членство во ЕУ, дека реформите и решенијата на билатералните прашања, на мирен начин низ дијалог, носат придобивки во европските аспирации.На средбата е констатирано дека Република Австрија е еден од значајните инвеститори во нашата земја. Пренесено е дека Република Австрија има силна доверба во Република Северна Македонија и дека економската соработка ќе се развива во иднина.На состанокот е разговарано и за добрата соработка во врска со решавањето на мигрантската криза, како и за унапредувањето на добрите билатерални односи меѓу двете држави.

Македонија | пред 6 години

pistol-vperen

Поднесено обвинение против лицето кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице кое се товари дека извршило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 14 септември во скопското село Бојане, со општо опасно дејствие – истрели од огнено оружје – автоматска пушка и полуавтоматски пиштол кои ги поседувал без дозвола, предизвикал значителна опасност за животот на неколку лица кои во тој момент се наоѓале во близина на селскиот бунар.Имено, тој најпрво започнал вербална и физичка расправија со едно лице. По ова, со полуавтоматски пиштол „Застава М57“ со калибар од 7,62Х25мм, кој го поседувал без дозвола, обвинетиот испукал неколку проектили кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „Застава М70Б1“ со калибар 7,62Х39мм, кое оружје им е забрането на граѓаните. Во дворот тој испукал неколку проектили во воздух. Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.Ценејќи дека законските основи заради кои на лицето првично му беше определена мерка притвор и натаму постојат, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.

Скопје | пред 6 години

kucinja-kuce

Две лица каснати од кучиња скитници во Скопје

На 06.10.2019 во 21.50 часот во Полициската станица Центар, С.М.(20) од Битола пријавила дека на ул.„Димитрие Чуповски“ била касната од куче скитник во пределот на десната рака.На 06.10.2019 во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Т.Х.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Вера Јоциќ“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.  

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Автомобил излетал од патот, повредени три лица

На 06.10.2019 околу 23.50 часот на патот Куманово - Крива Паланка, М.Р.(22) од Куманово, кој управувал патничко возило „пежо’’, со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле  М.Р. и сопатниците А.С.(22) и А.Д.(23), сите од Куманово, и биле пренесени во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.  Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 06.10.2019 во 15.00 часот на ул.„7-ми Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило марка „опел корса“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.К.(28) и мотоцикл, управуван од Љ.П.(24) од Кавадарци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. 

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Во „цитроен џампер“, се обиделе да пренесат 27 мигранти од Авганистан и Пакистан

На 06.10.2019 во 11.15 часот во СВР Струмица биле приведени Д.М.(22) и И.С.(39), двајцата од Богданци, затоа што на местото викано „Крива река“ во Струмица, во  патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, биле пронајдени 27 лица – мигранти (10 од Авганистан и 17 од Пакистан). По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Викендов во Скопје 140 возила се подигнати со специјално возило „пајак"

Во текот на 04, 05 и 06.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 113 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 98 возачи, од кои: 36 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 58 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи-почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 41 возило, од кои едно возило било технички неисправно и 40 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 14 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 15 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 195 мандатни платни налози и 140 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

tabanovce

Се одбидел да влезе во земјава и покрај тоа што имал забрана за влез до 2022

На 07.10.2019 во 00.54 часот на Граничниот премин „Табановце’’ од слобода бил лишен П.Н.(52) од Косово, поради тоа што за него имало изречена мерка „забрана за влез“ во Р.С.Македонија од 19.09.2019 до 26.08.2022. П.Н. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Приведен турчин, во автомобилот му била пронајдена марихуана

На 06.10.2019 во 03.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Филип Втори Македонски“ ги лишиле од слобода А.Е.(35) од Скопје, Т.Б.(23) од Република Турција и Д.О.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед во патничко возило, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: Новата грејна сезона со пониски сметки за парно

Преку реализација на  бројни мерки и реформи кои носат реални резултати, постојано докажуваме дека сме на прав пат. Главен столб во изборната програма 2016 на СДСМ беше се повеќе парите да завршуваат назад кај граѓаните, на што постојано на различни начини се прави во изминативе две години. Досега, со започнувањето на грејната сезона, растеа и трошоците на граѓаните, денес  трошоците за греење на домовите се намалуваат, се вели во соопштенито од СДСМ.Една од позначајните мерки која директно влијае на семејниот буџет е  намалувањето на ДДВ на парното греење од 18 на 5 отсто, што значи помали трошоци и повеќе пари да остануваат во буџетот на секое семејство.Со намалувањето на ДДВ ако сметката за просечен стан изнесувала 2.000 денари месечно, денес трошокот за парно се намалува за 1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ, за 3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и за 3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.На ова намалување му претходеше и укинувањето на паушалот за парно на исклучените граѓани што неправедно го плаќаа со години. Тоа претставува уште едно намалување на месечните трошоци и враќање на парите кај граѓаните.Денес, парното греење е достапно за сите, со пониски сметки, со можност на повторно враќање во мрежата а исклучените граѓани, но и привлекување на нови корисници, што позитивно и директно  влијае на намалување на аерозагадувањето предизвикано од загревање на домовите.Како одговорна партија продолжуваме посветено  да работиме во интерес на граѓаните, ги намалуваме трошоците на граѓаните, позитивно влијаеме на зачувување на животната средина и обезбедување чист воздух, се вели во соопштенито од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

patarina1

Oд денеска електронско плаќање на патарината „Миладиновци“

Јавното претпријатие за државни патишта од денеска ја пушти во употреба електронската наплата на патарина на наплатната рампа „Миладиновци“. За почеток, во функција ќе бидат само електронските картички „М-карт“, а допрва ќе профункционира плаќањето со м-таг на оваа патарина.Со имплементацијата на системот на патарината „Миладиновци“, возачите што патуваат по автопатите Скопје – Куманово и Скопје – Штип ќе можат да ја користат електронската наплата.  Со ставањето во функција на електронската наплата на патарината „Миладиновци“, ЈП за државни патишта започна со реализација на вториот по ред кредит од Европската банка за обнова и развој за изградба на три нови наплатни рампи на автопатите Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип и за воведување на електронска наплата на пет патарини долж Коридорот 8. Проектот ќе се изведува во наредните 12 месеци, а за оваа намена се издвоени 13,7 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Никна дрво во камен

Дрвото никнало и раширило крошна  од камениот мест во Скопје. Последнава деценија во Скопје се исекоа сите поважни дрвореди во центарот а природата ни се враќа во темелот на еден од најпознатите културно историски споменици.

Скопје | пред 6 години

5A1423C7-8F79-47A1-AF89-C8C4AC267E4C

Пожар во зграда во Москва, загинаа четири деца и една жена

Пет лица, од кои  четири деца, денеска загинаа во пожар што избувна во станбена зграда во московската област Волоколамск. Во пожарот, кој избувнал на првиот кат, повредени се три лица, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.Во несреќата загинала една 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да избегаат, но се задушиле од чад.Телата на уште три деца биле пронајдени во еден од становите кои биле зафатени со пожарот.Пожарникарите успеале да евакуираат 12 лица.Пожарот избувна околу 2:30 часот по локално време. По пристигнувањето на противпожарната служба, два стана веќе биле изгорени.Во зградата имало 17 жители, а причината за пожарот сè уште не е позната.

Свет | пред 6 години

ajfon

Русин вели дека "ајфон" го претворил во геј

Русин покренал тужба против „Епл“, тврдејќи дека апликација од „ајфон“ го претворила во хомосексуалец. Тој вели дека ова е поврзано со виртуелната валута ГејКоин. врдејќи дека претрпил морална штета, тој сега бара отштета од еден милион рубли (12.000 фунти), се вели во тужбата што ја има видено агенцијата АФП.Тој тврди дека сѐ почнало кога место нарачаните биткоини, преку апликација му пристигнала криптовалута наречена ГејКоин, што било проследено со пораката „Не осудувај додека не пробаш“.„Помислив, тоа е навистина така. Затоа решив да пробам истополов секс. Сега имам дечко и не знам како тоа да им го објаснам на моите родители“, се вели во тужбата поднесена на 20 септември.„Животот оттогаш ми се смени на полошо и никогаш повторно нема да бидам нормален. ‘Епл‘ ме натера на хомосексуалност преку манипулација“, додава тој.Првото сослушување на суд е закажано за 17 октомври.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Неспоредливи се тимвите на Заев и Мицкоски, Заев е опкружен со криминалци, рекетари, а Мицкоски со професори, експерти, стручни луѓе

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија со СДСМ е тргната по погрешен пат. СДСМ нема капацитет да ја води државата. Неспобноста на СДСМ се гледа и во првите соработници на Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Додека во тимот на Зоран Заев се луѓе со криминално минато како Силвио и Сокол, во тимот на Христијан Мицкоски е Борко Ристовски кој на Македонија и има донесено многу гордост, радост и пријатни мигови. Спортист кој го раширил името Македонија низ цела Европа.Додека во владата со Заев се рекетарите Филипче и Дончев, со Христијам Мицкоски е професорот д-р Сашко Кедев, врвен кардиохирург, кој е и дописен член на МАНУ и визитинг професор на Универзитет во Северна Каролина.Неспоредливо е да се компарираат Љубе Бошкоски или било кој друг член на тимот на Заев, како Алекс Ружин, Зорица Апостолоска и слични со професорот д-р. Гоце Андреевски, кој своето образование го стекнал во САД и Канада, а моменталтно е визитинг професор на Универзитетот Квинс во Канада.Неспоредлив е тимот на Заев со тимот на Мицкоски. Заев е опкружен со криминалци, рекетари и подмитувачи, каков што и самиот е. Мицкоски е опкружен со професори, експерти, стручни луѓе, како што и самиот е. Јасна е разликата. Заев и СДСМ заминуваат во историјата. Време е за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

ping-pong

Силен меѓународен пингпонг -турнир во Скопје

Спортскиот центар ,,Борис Трајковски“ во Скопје од  утре 8 ми до 12 ти октомври ќе биде домаќин на Светската јуниорска и кадетска серија на челенџ-турнири во пинг-понг, соопшти Агенцијата за млади и за спорт (АМС). Се очекуваат над 100 учесници и 50 официјални лица од повеќе од 20 држави од светот, кои ќе играат за титулите, паричниот награден фонд (4.000 долари) и за други награди.АМС информира дека за време на турнирот во Скопје ќе престојуваат и високи официјални лица од Светската и од Европската пингпонг-федерација, претседателот на Меѓународната пингпонг-федерација (ИТТФ), Томас Вајкарт и првиот човек на Европската пингпонг-унија (ЕТТУ), Роналд Крамер, што треба да биде дополнителен мотив за развојот на пинг-понгот во Македонија.

Скопје | пред 6 години

kola

(ВИДЕО) Во Нови Сад автомобил пропадна во дупка

Пукната водоводна цевка на улица во Нови Сад, создала огромна дупка во асфалтот, во која пропаднал еден паркиран автомобил, пренесоа српските медиуми. Градските служби соопштија дека нема повредени лица во пропаднатото возило.https://www.facebook.com/Radio021/videos/493733787875579/?v=493733787875579https://twitter.com/NS_Vodovod/status/1180784425585582080?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1180784611359678465&ref_url=https%3A%2F%2F24auto.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2Fporadi-puknata-vodovodna-tsevka-avtomobil-propadnal-vo-dlaboka-dupka-video%2F

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Се појави и втор свиркач против Трамп

Се појави втор свиркач за обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да го натера украинскиот претседател да отвори истрага за неговиот политички ривал поради корупција, изјавија вчера адвокатите.Адвокатот Марк Заид рече дека и тој изнел информации за обиди на Трамп да изврши притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски да го истражи неговиот политички ривал, поранешниот потпретседател и можен претседателски кандидат Џо Бајден.Тој нагласи дека и вториот свиркач е од разузнавачките служби и запознат со случајот и дека за тоа разговарал со генералниот инспектор, јави Би-Би-Си.Белата куќа не ја коментираше информацијата, а Трамп ги отфрли и првичните наводи.Детали за вториот свиркач на Трамп засега нема.

Свет | пред 6 години

6-2

Ребалансот на Буџетот пред пратениците

Дополнетиот предлог ребаланс на Буџетот за 2019 година, што минатата недела помина во Владата, е доставен во Собранието и е на дневен ред на денешната седница како последна точка според објавениот дневен ред.Дополнетиот предлог ги содржи деветте амандманите што беа прифатени расправата по Предлог ребалансот во собраниската матична Комисијата за финансирање и буџет, а кои главно опфаќаат реалокација помеѓу веќе утврдените ставки во рамки на почетните проекции. Според предлогот на Владата, со ребалансот има намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто. Се задржува буџетскиот дефицит на 2,7 отсто, а се ревидира проекцијата за економскиот раст на 2,8 отсто.Како што соопштија од Владата, со прифатените измени се обезбедуваат средства за непречено функционирање на Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување дополнителни средства во износ од 560 милиони денари како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста африканска чума кај свињите, средства за колекторски систем за заштита на Охридското Езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО. Обезбедени се дополнителни 244 милиони денари за правосудниот систем, за поврат на дел од ДДВ  300 милиони денари. За мерката субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во износ од 400 милиони денари, а 815 милиони денари за пензиските друштва од вториот пензиски столб. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска претежно облачно и свежо

Времето денеска променливо облачно и свежо, во раните утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и свежо, во раните утрински часови со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања