Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: Милионскиот криминал во Фондот за иновации - фирми блиски до власта добиваа по неколку стотици илјади евра

Криминал, корупција и рекет. Македонија со СДСМ оди кон провалија.  Десетици криминални случаи, а ниту една разврска. Епидемијата со непотизам која ги зафати сите државни институции, сите функционери, од министри до локални директори остана несанкционирана. Се помина со неколку претставки од ДКСК и еден два откази, поголемиот број останаа нечепнати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Милионскиот криминал во Фондот за иновации, каде фирми блиски до власта добиваа по неколку стотици илјади евра, како да ја имаат пронајдено парната машина во 21 век исто така е без епилог.Без разрешница е и криминалот на Рашковски, за кого постојат сериозни сомненија дека сторил криминал од над 1.8 милиони евра. Зоран Заев не би бил Зоран Заев доколку во криминалната влада која ја предводи не би бил најголемиот криминалец. Милионскиот рекет кој е вршен со години, не може да е вршен без знаење на Зоран Заев, кој е главата на криминалниот октопод.Во притвор завршија директните извршители како Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а никаде не се зборува за нарачателите и помагачите од врвот на власта. Зоран Заев иако е спомнуван во исказите на оштетените се уште не е повикан на  распит, како што се развлекуваше и притворањето на Јанева.И иако пет месеци по Рекет 1 и месец по Рекет 2 се уште разрешница не е на повидок. Нема разрешница затоа што ЈО на Русковска го штити Зоран Заев. Со Заев на чело на владата и Русковска на чело на обвинителството никаква правна разврска нема да има. Потребно е СДСМ да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.   

Македонија | пред 6 години

lana-1

Убиена правнуката на сојузниот премиер на поранешна СФРЈ - Џемал Биједиќ!

19 годишната студентка, Лана Биједиќ од Мостар е пронајдена мртва во реката Студенчица во местото Студенац крај Љубушки во Херцеговина. Нејзиното тело го пронашол рибар, по што повикал полиција. Лана деновиве се подготвувала да тргне на факултет во Сараево. Таа е ќерка на позната универзитетска професорка од Мостар и правнука на сојузниот премиер на поранешна СФРЈ, Џемал Биједиќ кој во 1977 година настрада во авионска несреќа.Нејзиното исчезнување вчера во 17 часот го пријавиле нејзините родители, откако не се вратила “од кафе со пријателка“, како што и кажала на мајка и, по што настанала паника.Неофицијално на телото на девојката немало траги од огнено оружје, но на лице место на трагичниот настан и на нејзиното тело се пронајдени траги кои укажуваат дека се борела со убиецот.Подетални информации по завршувањето на обдукција.

Свет | пред 6 години

vreme-08

Денеска променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска променливо облачно и свежо на север со сончеви периоди. Во утрински часови со локален дожд на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.  За утре метеоролозите најавуваат малку до умерено облачно и потопло со слаб до умерен јужен ветер. 

Македонија | пред 6 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Унгарија одби екстрадиција на Груевски, поранешниот премиер останува во Будимпешта

Унгарија повторно одбива да го екстрадира поранешниот премиер Никола Груевски, соопшти Министерството за правда. Во Министерството за правда добиле известување од Врховниот регионален суд дека е донесена конечна одлука дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Груевски бидејќи на негово барање одобрен му е азил во Унгарија. Унгарија  не го екстрадираше Груевски и по барањето за издржување на изречената казната за предметот „Тенк“.Последната екстрадиција Министерството за правда ја бараше во врска со случувањата и упадот во Собранието на 27 април.

Македонија | пред 6 години

24c88c64d302c787-2827d

Тимоние: Во ЕУ не требаат земји кои покрај реформите, нивниот систем останува блокиран, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата

Кристијан Тимоние, амвасадорот на Франција во Скопје, во последното свое интервју вели дека во Македонија ќе се следи спроведувањето на реформите до самиот последен ден кога ќе се одлучува дали ќе ги започне преговорите со ЕУ и дека ставот на неговата земја е дека во Унијата не треба повеќе да се примаат земји кои се во залог, на како што вели, десетина семејства, објави фактор.мк- Можеме да кажеме дека членството на некои земји би можело да биде поефикасно. Ниту преговорите ниту нивното членство во ЕУ не придонесе да се променат многу нешта во овие земји. Ова е затоа што, и покрај реформите, нивниот систем останува блокиран од политичките партии, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата. Не сакаме да прифатиме повеќе такви земји во ЕУ., смета амбасадорот, одговарајќи на прашањата во интервјуто на „Порталб“.Франција се уште не го соопштува својот став за тоа дали на Македонија ќе и биде додделен датумот за отпочнување на преговорите на 15, односно на 17 октомври, бидејќи земјата ќе биде „скенирана“ до последен момент.Текстот во целост на: Фактор.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Конкурс за доделување стипендии

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува: КОНКУРС за доделување  стипендии на ученици од општинските основни и средни училишта на подрачјето на Општина Охрид за учебната 2019/2020година КОНКУРС за доделување стипендии на редовни студенти  од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Република CМакедонија и на државни универзитети во други земји  за  академската 2019/2020 година 

Македонија | пред 6 години

ezen

Избрани најдобрите литературни и ликовни творби

Жири комисијата во Општина Охрид ги разгледа пристигнатите литературни и ликовни творби по објавениот конкурс „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“ и ги избра најдобрите трудови.Од пристигнатите литературни творби награди освоија:Прва награда во висина од 7.000,00 денари  Софија Милевска , VIII одделение од ОУ „Григор Прличев “ ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари, Симона Димитриеска VI оддение, од ОУ „Кочо Рацин“ , ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари, Филип Гиноски, VI одделение, од ОУ „Христо Узунов “, ОхридОд пристигнатите ликовни творби награди освоија :Прва награда во висина од 7.000,00 денари  Лука Пуцоски, II одделение, од ОУ „Григор Прличев“,  ОхридВтора награда во висина од 5.000,00 денари Петар Илоски, V  одделение, од ОУ „Кочо Рацин“, ОхридТрета награда во висина од 3.000,00 денари Иван Теслоски , II одделение , од ОУ „Григор Прличев“ ОхридСе молат наградените ученици во придружба на родител да достават трансакциски сметки во Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид , на ул. Димитар Влахов  бр.57, Охрид, секој работен ден од 7.30 до 15.30 часот.

Македонија | пред 6 години

mrsa

Нов случај на МРСА во градинката во Кисела Вода?

Бактеријата МРСА се шири помеѓу дечињата во клонот Кокиче од градинката Весели цветови. Загрижена мајка денеска алармираше дека, покрај претходните два случаи, за кои информираше „Слободен печат“, бројот се зголемил за уште едно дете.Мајката обвинува дека Управата на градинката наместо да повика служба за дезинфекција, тие одлучиле сами да дезинфицираат, и тоа додека децата се присутни во просториите, пишува Курир.мк– Сите деца се ставени во една просторија, а во другите се чисти. Тоа не е начин да се искорени бактеријата. Мора да се почитуваат стандарди и правила, вели загрижената мајка, пренесува порталот.Од градинката велат дека до нив не е пристигната информација нов случај на МРСА.– Доколку добиеме информација за нов заболен од МРСА повторно ќе исконтактираме со Центарот за јавно здравје. Денес имаше вонредна дезинфекција на цел објект. Екипата дојде порано, пред да дојдат децата и потоа ги пуштивме децата во занималните, рече Валентина Божиновска, директорка на градинката.За разлика од дезинфекцијата која е безопасна и може да се направи пред почетокот на работниот ден, дератизација се прави во петок попладне, за да може да има дејство и во текот на викендот. Редовна дератизација по протокол се прави два пати годишно, а ако има потреба се прави и вонредна дератизација, додаде Божиновска, и повика да не се прави паника од овој случај.Ивор: курир.мк

Скопје | пред 6 години

sindikat-kulltura

Утре протестен марш на синдикатот на културата

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) утре најавува дека ќе одржи протестен марш.Како што информираат од Синдикатот, протестниот марш е со цел изразување на незадоволството и разочарувањето од згазените социјални права на вработените во културата поради отсуството на општ колективен договор веќе 15 години.-Протестот има за цел да ги алармира Владата и Министерството за култура дека вработените во културата повеќе нема да толерираат газење на нивното достоинство и дека маршот е само вовед кон следните чекори во синдикалната борба за основни социјални права, се наведува во соопштението.Маршот ќе започне во 12.00 часот од паркот Ибни Пајко, позади Македонската филхармонија, ќе продолжи пред Владата и ќе заврши пред Министерството за култура каде претседателите на сите 46 синдикални организации на СКРМ ќе ја пренесат пораката на маршот – „Колективен сега“, односно дека културата бара колективен договор кој ќе стапи на сила од 01.01.2020 година.

Македонија | пред 6 години

kostadinov

Костадинов: Само за опашки, ВМРО-ДПМНЕ потрошија 1 милион евра народни пари

Оваа Владата предводена од СДСМ и гради, и го намалува долгот, порача пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов на денешната седница на Собранието на Република Северна Макеоднија.- Нема „ќе“ го вратиме долгот, граѓаните го враќаат долгот од недомаќинското и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните враќаат  2,3 милијарди евра заради вашето криминално владеење. И сега ќе кажувате дека во 21 век не се зборувало за водоводи и канализации, ама затоа поденсувате амандмани за опашка на споменици. Па вие само за опашки сте потрошиле еден милион евра народни пари, истакна Костадинов во својата реплика.Костадинов порача дека има голема разлика меѓу работењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и додаде  дека доказ за позитивно движење на економијата е раст од 3,5 насто, додека за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ била минус 4.ВМРО-ДПМНЕ најавува протест ако се зголеми минималната плата. Нека ви е на чест, рече Костадинов, додавајќи дека минималната плата е веќе зголемена.За разлика од „ќе“ владата на ВМРО-ДПМНЕ сега минималната плата е зголемена, наместо „ќе“ градиме, изградивме 500 километри патишта за 2 години, посочи Костадинов.

Македонија | пред 6 години

skolo

Владата и МОН нудат 10% поголеми плати за просветните работници

Владата и Министерството за образование и наука на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) му понудија зголемување на платите во образовната дејност за 10 проценти од април 2020 година.„Имаме конкретен предлог за покачување на платите, и јас би кажал дека ова е историско покачување на платите во дејноста образование. Така што, конкретниот предлог е од април, платите да бидат покачени за дополнителни 10% во дејноста образование, почнувајќи од основно, средно, високо и наука. Така што во 2018 сме имале 5% покачување на платите, во 2019 од септемвриската плата со дополнителни 5% и априлската плата ќе биде во 2020 година, со 10% покачување на платите“, изјави министерот за образование и наука Арбeр Адеми по средбата.Претседателот на СОНК, Јаким Неделков рече дека предлогот допрва ќе биде разгледуван во Синдикатот, но тој лично смета дека секогаш може многу повеќе да се издејствува во преговорите.„Лично како човек, а не како претседател на СОНК, секогаш се трудам и тежнеам кон нешто повеќе, во однос на она сегашното. Така да, сметам дека може и повеќе“, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.  

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Во Охрид во сообраќајна несреќа повредени три лица од кои едно дете

На 06.10.2019 во 19.30 часот на ул.„Илинденска“ во с.Велгошти, охридско, патничко моторно возило „лада нива“, со охридски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(57) од с. Велгошти, удрило во пешаците Ц.С.(26), Ј.С.(24) и дете. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ц.С., а со телесни повреди се здобила Ј.С. и биле пренесени во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. Додека, кај детето не биле констатирани повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Нападнати две малолетни лица

На 07.10.2019 во 02.00 часот во СВР Скопје, Д.А.(50) и Н.Г.(45), двајцата од с.Шишево, скопско, пријавиле дека на 05.10.2019 во 23.55 часот на булевар ,,Илинден’’, по претходна расправија, физички биле нападнати нивните малолетни деца на возраст од 14 и 16 години од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец со остар предмет нападнат пред ресторан

На 06.10.2019 околу 11.00 часот во СВР Скопје, В.М.(33) од Скопје пријавил дека пред ресторан на ул.„Е.П.Марко“,бил нападнат со остар предмет од С.К.. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Автомобил излетал од патот, повредени возачот и совозачот

На 06.10.2019 на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп, патничко возило „БМВ” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(26) од Прилеп, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил совозачот С.Д.(48), додека возачот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Прилеп. 

Македонија | пред 6 години

lisici

Лажно пријавиле кривично дело- лишени од слобода две лица од Пробиштип

Полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода А.Д.(19) и Д.А.(22), двајцата од Пробиштип поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело”.Имено, на 01.10.2019 во Полициската станица Пробиштип, А.Д., вработен во АД „Пошта на Северна Македонија“ – Пошта Пробиштип, лажно пријавил дека околу 08.40 часот во близина на „Аква парк“ во Пробиштип непознат сторител физички го нападнал и му одзел пари. По преземени мерки и судска наредба, на 03.10.2019 полициски службеници од СВР Штип извршиле претрес на три локации во Пробиштип, при што биле пронајдени парите, како и амфетамин.Во врска со овој настан, на службен разговор во Полициската станица Пробиштип бил повикан и  Б.З.(26) од Пробиштип. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.  

Македонија | пред 6 години

kurumi

Кај Скопјанец била пронајдена марихуана, пиштол, ловна пушка, огнено оружје и куршуми

На 04.10.2019 полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија при СВР Скопје го привеле Ф.П.(25) од Скопје затоа што при претрес во неговиот дом во централното градско подрачје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол „ЦЗ“, ловна пушка, две рамки од огнено оружје и куршуми. Извршен бил претрес и во домот на неговиот татко во населбата Црниче и била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

kostadinov

Костадинов: Мислењето на Венецијанската комисија се уште не е официјално

Мислењето на Венецијанската комисија сѐ уште не е официјално, комуникацијата на ниво на институции продолжува. Ова го изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, запрашан за коментар во врска со драфт верзијата од Венецијанската комисија за Законот за употреба на јазиците.„Непринципиелно е да коментираме драфт верзија, секако мора да оставиме Венецијанската комисија официјално да излезе со нејзиното мислење, потоа ќе може да коментираме. Зошто не го коментираме? Од причина што сеуште постои комуникација помеѓу институциите и Венецијалнската комисија во однос на насоките, мислењата, а со тоа се потврдува дека може да претрпи промени до официјалното објавување на нивното мислење, секако ќе оставиме простор да излезе официјалното мислење на Венецијанската комисија, потоа ќе можеме конкретно да ги коментираме нашите ставови“, истакна Костадинов.

Македонија | пред 6 години

DSC06584

Изградено ново одделение за акутни состојби во Психијатриска болница-Негорци

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со државниот секретар, д-р Владимир Милошев денеска ја посетија Психијатриската болница-Негорци, во Гевгелија по повод отворање ново одделение за акутни состојби во психијатријата, во рамки на оваа јавна здравствена установа. Новото одделение е изградено од темел, на место на постојното одделение, кое беше од дрвена конструкција и во значителна мера оштетено. Изградено е од цврста градба, со површина од 560 m2 и е енергетски ефикасно со - термоизолациска фасада, квалитетна столарија, соларен систем и панелен кров со највисок изолациски коефициент.Одделението е изградено согласно меѓународни стандарди и искуства за акутно одделение, со поделба на машки и женски пациенти, посебни простории за доктор, сестри и болничари и има посебна соба за фиксација, согласно препораките на Народниот правобранител.Вкупната сума за оваа инвестиција изнесува над 11 милиони денари и е изградено по принцип клуч на рака.Раководството на Психијатриската болница-Негорци, информираше дека во изминатиот период е извршена уште една комплетна внатрешна реконструкција на хронично одделение со површина од 450 m2, при што се поставени нови подови и плочки, целосно нови купатила и тоалети и извршено е реновирање на целата површина на ѕидови и тавани, при што е поставена целосно нова столарија и соларен систем за целото одделение. За оваа инвестиција беа издвоени 3.045.580 денари.Покрај реконструктивните зафати, во изминатиот период, Психијатриска болница-Негорци се зајакна и со здравствен кадар и тоа: еден специјалист-психијатар, двајца доктори на медицина, пет медицински сестри, еден дипломиран психолог, еден дипломиран социјален работник и еден дипломиран биохемичар.

Македонија | пред 6 години

policija

Близу 300 казни за возачи на подрачjето на град Скопjе

Одделението за безбедност на сообраќајот при СВР Скопје на 06.10.2019 во времето од 06.00 до 24.00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило. Притоа, санкционирани се 78 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриен е и 61 останат прекршок за кои се издадени 29 мандатни платни налози и 32 прекршочни платни налози.На 06.10.2019 во времето од 14.00 до 24.00 часот санкционирани се 22 возачи на мотори, а откриени се и 127 останати прекршоци за кои се издадени 86 мандатни платни налози и 41 прекршочен платен налог.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ОЈО отвори истрага за недозволено поседување оружје и марихуана

Против 25-годишен скопјанец е отворена истражна постапка поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело –  Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став, како и кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 4 октомври, во домот во кој престојувало лицето, бил пронајден еден пиштол Застава М88, една рамка со осум куршуми за тој пиштол, една кутија со 25 куршуми од непозната марка и калибар, 17 куршуми долго зрно од непозната марка и калибар, една празна рамка за пиштол, како и еден ловен карабин марка „Црвена застава“. Дополнително, при претресот било утврдено дека осомничениот во домот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана со нето маса од 24,54 грама, како и исушени искршени гранчиња од марихуана со нето маса од 24, 32 грама.Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Скопје | пред 6 години

Stefan-Andonovski

Андоновски: Скандалот со распределбата на финансиските средства на Европската унија се проширува и во други институции

СДСМ не ги пустоши само парите на македонските граѓани, туку подеднакво алчно се однесува и кон парите на европските даночни обврзници кои треба да бидат наменети за развој на образованието.Скандалот со распределбата на финансиските средства на Европската унија се проширува и во други институции, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.Конкретно, постојат индиции за спрега помеѓу директорот на Агенцијата за Странски инвестиции и Промоција на развојот (Invest in Macedonia) Г-дин Арбен Вила и Директорката на Националната агенција Г-ѓа Лидија Димова во доделувањето на средства за одредени проекти.Сомнежи за нас отвора фактот што г-дин Арбен Вила кон крајот на 2018 година, преку електронска пошта, контактирал училишта од Република Македонија и им нудел посредување при добивање  грантови од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за 10 проценти провизија.До нас пристигна email кореспонденција т.е. пораки кои Директорот на оваа државна институција ги праќа до поголем број на училишта во Р. Македонија. Во истите тие тој се претставува како експерт за акцијата КА2 во делот 229 кој има контакти со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Во пораката која Г-дин Вила ја испраќа до училиштата ја наведува јасно неговата тарифа од 10% од вкупната вредност на доделениот грант. Овој износ треба да биде уплатен на сметката на негова Невладина организација од Тетово.Цитирам: Следи договор помеѓу Balkans Mobility Network и вашето школо каде што во случај на секој добиен проект од нашата страна Balkans Mobility Network добива 10% од целокупниот буџет од вашиот тотален буџет. Тие средства ќе бидат префрлани на сметка на Balkans Mobility Network после потпишување на договорот со Национална Агенција и  добивање на вашите 80% од средствата после 7 дена (10% провизија).Во електронската кореспонденција, се советува и училиштето како да се надминат законските пречки од јавната набавка. Цитирам: „Што се однесува на делот на тендерот и целокупните средства, школото ќе биде орган што ќе избира најповолна  понуда за менаџирање на тие средства но секако треба да се имаат предвид и 10 % од целокупниот буџет што мене ми следуваат според договорот.Немаме информација колку училишта наседнале на овој тип притисоци и барања за исплаќање на суми, но имајќи предвид дека се работи за милионски средства, но и високата позиција на г-динот Арбен Вила денес, можеме само да претпоставуваме.Прашуваме:-Дали директорката на НА, г-ѓа Лидија Димова и г-дин Арбен Вила неколку пати имале средби во просториите на НА?-Дали овие средби служеле за договарање на листите на грантисти на кои треба да им бидат поделени средства, а каде посредник е г-дин Вила?Го прашуваме и Јавното обвинителство и ДКСК, дали во овие случаи не гледаат тргување со влијание заради противправно стекнување на корист во рамки на европските фондови, или пак коруптивност во однесувањето на владините функционери?

Македонија | пред 6 години

MAD_7482

(ВИДЕО) Ново детско катче во Ѓорче Петров

Град Скопје во текот на изминатите години континуирано, на повеќе локации во градските општини,  како што се Карпош, Центар и Чаир,  постави неколку детски едукативни просторни инсталации на тема „Во имагинарниот свет на децата“.Денеска во општина Ѓорче Петров отвораме едно мало ново катче за нашите најмили и најмлади. Идејата е освен да создадеме место каде што децата  ќе поминуваат дел од своето слободно време, кај нив од мали нозе почнеме да креираме свест и совест за тоа како треба да изгледа една јавна површина, да се грижат самите за неа и да ги чуваат јавните простори во кои инвестираме и како Град и како општина од една страна. Меѓутоа, и одржувајќи го ова чисто да го креваме нивото и на еколошката свест кај сите – порача Шилегов.Тој додаде дека се надева дека ваквите инсталации коишто ги поставува Градот  на различни места низ градот, како и на Водно, ќе им овозможат на дечињата да поминуваат  убави денови на отворено.Измината година на овој простор зазеленувавме, засадивме дрвја коишто гледам дека одлично напредуваат. Овој дел на општина Ѓорче Петров којшто беше запуштен сега полека, полека, го облагородуваме со цел да им овозможиме на граѓаните на општината и најмладите во општината да имаат место каде што ќе поминуваат пријатни моменти – изјави Шилегов.За реализација на оваа просторната едукативната инсталација од Буџетот на Град Скопје потрошени се вкупно 1,8 милиони денари со пресметан ДДВ.

Скопје | пред 6 години

zaev-vucic

Во четврток средба Вучиќ – Заев – Рама

Во четврток, на 10 октомври во Нови Сад, ќе се одржи трилатерален состанок меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, соопштија од Кабинетот на српскиот претседател.Состанокот ќе се одржи во Офицерскиот павиљон на Петроварадинската тврдина.Претседателот на Србија Вучиќ, претходно најави дека со премиерите на Северна Македонија и Албанија ќе разговара за отстранување на бариерите за слободен проток на стоки и услуги меѓу трите земји. Тој притоа оцени дека станува збор за „епохална идеја“ која добила „целосен консензус“ од премиерите на Северна Македонија и Албанија.

Македонија | пред 6 години

venecijanska-komisija

Од правда велат: Ќе го почитуваме мислењето на Венецијанската комисија за законот за јазици

Министерството за правда ќе почне измени на законот за јазици веднаш штом ќе го добие официјалното мислење на Венецијанската комисија за него, најавуваат од министерството на Рената Дескоска откако во јавноста беше објавена драфт верзија на ова меѓународнот тело дека законот за јазици треба да претрпи сериозни измени, дека е неприменливо во делот на судските постапки и дека иако ги надминува стандардите за употреба на јазиците може да чини многу пари во ситуација кога веќе има закон за употреба на јазиците од 2008 година., објави Сител.- Мислењето на експертите на венецијанската комисија е класифицирано се до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него. - велат од правда.Текстот во целост на: Сител.мк

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања