Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

BeFunky-collage-22

Катица Јанева барала ВМРО ДПМНЕ да ја гласа за да го одмрзне имотот на партијата

Поранешната Специјална јавна обвинителка и сегашна притвореничка Катица Јанева осомничена за рекетирање бизнисмени се обидела да тргува со влијание уценувајќи ја партијата ВМРО ДПМНЕ да гласа за продолжување на нејзиниот мадндат.Таа се обидувала да изнуди поддршка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Кристијан Мицкоски за продолжување на нејзиниот мандат како Специјален јавен обвинител , во замена за одмрзнување на имотот на партијата кој е замрзнат на нејзино барање.Ова Мицкоски го повтори вечерва гостувајќи во емисијата „24 Отворено“. Мицкоски рече дека на средбата со него присуствувало и трето лице.Правно насилие, имотот е заробен на нелегитимен и незаконски начин.Можеме и да ја продадеме и парите да ги дадеме во хуманитарни цели. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Шахпаска: На прав пат сме, по 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово-Бељаковце-К.Паланка

Државниот долг е 30.4 отсто, а јавниот долг според последните официјални информации е 46 отсто, што е многу далеку од тоа што вие го проектиравте. –истакна пратеничката на СДСМ , Јагода Шахпаска во реплика на денешната собраниска седница.Таа посочи дека работењето на оваа Влада е транспарентно и отчетно, што не беше пракса за работењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беа на власт. Време кога не се знаеше ниту колку вработени има администрацијата , ниту колку се долговите на општините. Со доаѓањето на СДСМ на власт имаме бројка јавно достапна за број на вработени, а исто така оваа власт со посебна мерка обезбеди  исплата на 50 отсто на долговите на општините, со цел нивно деблокирање и нивно непречено функционирање. -посочи Шахпаска.Вие го направивте проектот Скопје 2014 година , но не го исплативте. Сето тоа се долгови кои актуелната власт ги наследила и ги менаџира.-рече Шахпаска.Конечно, за прв пат после 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово- Бељаковце, каде што за 15 години беа изградени само 23 отсто од неа. Оваа пролет можеме да очекуваме финиширање на првата фаза на железницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка.-истакна Шахпаска.Таа додаде дека обезбедени се и два гранта за изградба на втората фаза од 68 милиони евра и за третата фаза од 60.8 милиони евра, за оваа железничка линија.Истовремено изградена е и пругата од Битола до Кременица кон граничниот премин со Грција во должина од 16 км, за што беа издвоени 21 милион евра.Од тука произлегува дека тезата дека ништо не се гради, не е точна.-истакна Шахпаска.Во насока на зачувување на животната средина и борбата против аерозагадувањето е и обезбедувањето на 40 милиони евра за набавка на еко инвертори за домаќинствата во најзагадените градови Скопје ,Тетово,Битола и Кичево. Што воедно е прва мерка од ваков  тип со цел намалување на загадувањето. – заврши Шахпаска.

Македонија | пред 6 години

makoteks-hotel34

АД „Макотекс“ го продаде хотелот во „Лагадин“ за 609.000 евра

Акционерското друштво „Макотекс“ на официјалната страна на Македонска берза објави дека е извршена продажба на хотелот кој се наоѓа во населбата „Лагадин“, а новиот сопственик е „Монтенегрин-Инн“ од Охрид.Како што стои во соопштението на друштвото, ова е во согласност со глава VI од Правилата за котација, при што известуваат дека е извршена продажба/отуѓување на недвижен имот во сопственост на друштвото (објект и земјиште), кој се наоѓа во населба „Лагадин“, имотен лист бр.293 за КО Елшани, на купувачот Трговското друштво за поредување, трговија и услуги „Монтенегрин-Инн“ увоз-извоз ДООЕЛ Охрид, јави Слободен Печат.Според договорот, купопродажната цена изнесува 609.000 евра, во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на плаќањето, со вклучен данок на додадена вредност, при што данокот на промет со недвижности го плаќа купувачот.Сметководствената вредност на недвижниот имот на ден 31.12.2018 година (период на последни ревидирани финансиски извештаи), претставува 12,2261% од вкупните средства (книговодствената вредност на имотот) на друштвото.

Македонија | пред 6 години

Foto-4-1

Отворена МладиХаб – Канцеларија на Претседател на Република Северна Македонија

Од денеска, во центарот на Скопје за младите на различна возраст е достапна МладиХаб – Канцеларија на Претседател на Република Северна Македонија. Просторот ќе има повеќе намени, а ќе биде достапен за млади уметници, за организирање на настани од различен карактер, за граѓанските организации, како и за разни граѓански иницијативи Истовремено, МладиХаб – Канцеларија на Претседател ќе овозможи и курсеви и обуки за унапредување на дигиталните вештини на младите луѓе, во замена за извршена волонтерска и општокорисна работа во заедницата. Односно, во зависност од вештините, интересите и потребите на заедниците во коишто живеат, младите ќе треба да учествуваат во одредена иницијатива во заедницата, со што ќе се стекнат со ваучер којшто потоа ќе им овозможи пристап до обука за дигитални и меки вештини. Крајната цел е младите луѓе во Северна Македонија на возраст од 15 до 29 години да се стекнат со нови, но и да ги подобрат постојните дигитални вештини за да можат да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Во рамки на промоцијата на проектот денеска во МладиХаб – Канцеларија на Претседател на Република Северна Македонија, се одржа панел дискусија на тема „Дигитални вештини и трансформација на општеството“. Истакнувајќи дека за 90% од работните места, многу скоро ќе бидат потребни соодветни дигитални вештини, претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски посочи дека е потребна едукација особено на младите луѓе за да бидат покомпетативни на пазарот на трудот и додаде дека „клучот е кај сите што го реализираат образовниот процес училиштата, факултетите, граѓанските организации“. Во тој контекст претседателот Пендаровски истакна дека во овој простор треба да има колку што е можно помалку политичари, а да има повеќе млади луѓе коишто постојано ќе ја користат канцеларијата. „Наша задача е да отвориме простор, да дадеме шанса за креативните млади луѓе, за нивната енергија понатаму да се развива, и да го води ова општество, но ние да не бидеме тука. Погубно е политичарите да отвораат и затвораат процеси, и во меѓувреме да ги менаџираат. Вие треба тоа да го работите. Еве ви сега простор плус каде тоа ќе можете да го направите. Ако фали нешто плус, ќе дополниме. Имаме одлични спонзори, соработници и пријатели, луѓе кои го разбираат целиот овој проект. Јас се надевам дека ова ќе биде место на кое од денеска па натаму секојдневно ќе се дружиме и ќе слушаме само убави муабети“, истакна претседателот Пендаровски, нагласувајќи дека во оваа канцеларија наместо за политика ќе се зборува за новите технологии и за тоа како да се придонесе нашето општество и нашите луѓе да бидат посреќни и побогати. Од националниот младински совет, пак, истакнаа дека МладиХаб – Канцеларија на Претседател претставува можност за младите да креираат, да ги остварат своите идеи, како и да научат нешто ново. Дополнително посочија дека МладиХаб – Канцеларија на Претседател е одличен пример за соработка помеѓу граѓанските организации и државните институции. Проектот МладиХаб – Канцеларија на Претседател на Република Северна Македонија е финансиран од Британската амбасада во Скооје, Фондот за добро владеење УКАИД, а се имплементира во соработка со Национален младински совет и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии  – МАСИТ.

Македонија | пред 6 години

Naum-Stoilkovski

Стоилковски: Доколку на арачиновци им ветил 300 пилоти, зошто тогаш нема барем по 100 во околните Брњарци, Мојанци или Орланци ?

Прес конференција на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски истакна:Зошто Зоран Заев го фаворизира Арачиново, a ги запоставува другите села по општината?Доколку на арачиновци им ветил 300 пилоти, зошто тогаш нема барем по 100 во околните Брњарци, Мојанци или Орланци ?Колку пилоти би требало да добие Липково коешто е поголема општина?Дали нив планира да ги направи морнари или пак космонаути ?Зошто Арачиново би го правел Авиано, а не пак соседен Никуштак?Тоа што го ветил Заев пред избори е класична дискриминација. Кадешто СДСМ има сигурен кандидат за градоначалник како награда Зоран Заев ветувал по 300 вработувања за пилоти, а таму кадешто губи ги запоставува мештаните.Штом зине лаже.Сведочењето на жителите од Арачиново е болно да се гледа. Јасно е дека после лагите на Заев и пустошот којшто го направи СДСМ им останува само да одат по амбасадите и да бараат визи за да  купат карти во еден правец.Зоран Заев е македонскиот Барон Минхаузен. Затоа бараме обврзувачко полиграфско тестирање после секој настап на Зоран Заев.Тешко на тој полиграф на којшто ќе биде врзан Зоран Заев. Ниту гаранција ќе важи, ниту пак ќе може да се сервисира, ама набавката на нов полиграф ќе биде помала штета за државата од живеењето со лагите на Заев.   

Македонија | пред 6 години

arachinovo

Владата демантира дека на Арачиновци им било ветувано дека ќе се вработат 300 пилоти

СДСМ најостро ги демантира лагите изнесени во телевизиската емисија „Клик плус“ на ТВ21, дека наводно на жители на Арачиново им било ветувано дека ќе бидат вработени дури 300 пилоти. Тоа не е точно.Станува збор за класични лажни вести изнесени од страна на извесен Шаби Билали, лице со сомнителен кредибилитет.Лицето кое го изнесува ова лажно тврдење е син на поранешен кандидат за градоначалник на Арачиново кој во Грција бил уапсен за нелегален транспорт на мигранти, а бил фатен и со наркотици. Дополнително, за време на кампањата за претседателските избори Билали сакал да отвори изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Арачиново иако таа партија таму нема никаква база, што дава и оправдан сомнеж за политичка заднина на изнесените невистини.Зачудува потребата на ТВ 21 да остава медиумски простор на личности со сомнителна позадина и сомнителен кредибилитет,  кои шират лаги за наводни вработувања на 300 пилоти, иако се знае дека потребата од пилоти во државата е далеку помала, без притоа да побара став од СДСМ.Апелираме до медиумите да ги проверуваат изнесените информации и на тој начин да дадат придонес во бробата против лажните вести.

Македонија | пред 6 години

licna-karta

Поднесено обвинение за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице, државјанка на Република Србија, која се товари дека извршила кривично дело – Фалсификување на исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата, на 5 октомври, со умисла употребила лажна јавна исправа како вистинска. Имено, таа со фалсификувана македонска лична карта на друго име се легитимирала пред вработен во пријавницата на КПУ „Идризово“ – Скопје, со намера да влезе во затворот и да го посети нејзиниот вонбрачен сопруг.Бидејќи постои реална опасност од криење и бегство на обвинетата која е странски државјанин, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

Nevenka-Stamenkovska-Stojkoski

Стаменковска Стојкоски: Власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според МИОА има 132.068 лица

СДСМ, Зоран Заев и Дамјан Манчевски се на прав пат да ја опустошат Македонија и да ги разораат институциите. Гарант за тоа е нивната неспособност, корумпираност и неработење. Според извештајот на Државната ревизија, Министерството за информатичко општество и администрација троши милиони евра за софтвер кој воопшто не го користи. МИОА воопшто не го користи софтверот за управување со човечки ресурси, набавен уште во 2014 година, во кој треба да се внесат сите вработени во јавниот сектор во Република Македонија, истакна Невенка Стаменковска Стојкоски.Иако лани за него се потрошени 343 илјади евра, а годинава се планира да се потрошат уште 813 илјади евра, Заев и Манчевски одлучуваат дека не им треба и воопшто не го користат.Во предизборието во 2016 година ветија дека ќе даваат месечни извештаи за бројот на  вработени административци, но последната официјална информација којашто е објавена на страната на МИОА е од декември 2017 година.Поради неажурноста и неработата на власта во системот лани се преброени само 78.320 административци, а според информациите на МИОА во јавниот сектор лани склучиле работен однос дури 132.068 лица.Како по правило, на Заев и на неговите послушници секогаш некој друг им е виновен. Овој пат сакаат да ги наместат обичните административци. Во ревизорскиот извештај стои дека  причината за невнесувањето на податоците е поради неажурноста од страна на вработените во институциите.Затоа јавно го прашуваме министерот Манчевски дали невнесувањето на податоци во системот е со цел да  се сокрие вистинската бројка на административци која во изминатиов период значително се зголеми!?Дали СДСМ ги крие партиските вработувања, кои пред избори засилено се спроведуваат и со кои се полни јавната администрација со партиски војници!?Дали за овој пропуст и неажурност од страна на институциите со кои раководат кадрите на СДСМ, Манчевски ќе понесе одговорност?Повеќе од јасно е дека владата на  СДСМ и Манчевски се неспособни да управуваат еден софтвер, а не пак министерство или држава.Република Македонија со  СДСМ, Заев и Манчевски е на погрешен пат и затоа e време  да си заминат. Доаѓа време на работа и грижа како за граѓаните, така и за институциите и  државата.Доаѓа обнова на Македонија, истакна Невенка Стаменковска Стојкоски.

Македонија | пред 6 години

iseluvanje-700x540

„Светска банка“ соопшти дека од Македонија се иселиле 500.000 граѓани

Од Македонија се иселени половина милион граѓани или една четвртина од населението. Од нив две третини се работоспособни, а една третина се високостручни, најголем дел од ИТ секторот. Светските банкари предупредуваат - мора да се преземат чекори за да се спречи одливот на таленти од земјава, бидејќи ќе се доведе под ризик целата економија, пазарот на труд, како и одржливоста на пензискиот и здравствениот фонд.„Кога ќе го споредиме одливот на таленти од РСМ споредено со земјите од источна европа, 24 земји од Источна европа практично Макеоднија заедно со Ерменија, Молдавија Босна и Херцеговина се земји од каде имаме најмногу одлив на високобразован кадар“-Бојан Шимбов, економист во Светска Банка.

Македонија | пред 6 години

ivor

Дајте ми ги Арачиновци, ќе направиме вселенска програма

Откако жителите на Арачиново во вечерашното издание на дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21  рекоа дека им било ветено дека ќе бидат вработени 300 пилоти од Арачиново, не запираат шеги на цоцијалните мрежи. Статус на оваа тема објави и колумнитот Ивор Мицковски.Тој на фејсбук напиша: Дајте ми ги Арачиновци, ќе направиме вселенска програма.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157881449316042&set=a.46383806041&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

brza-pomosh-za-boki

Брза помош повикана во Обвинителството, на Боки 13 му се слоши

Десетина минути откако од притвор го донесоа Бојан Јовановски да даде исказ за случајот „Рекет”“пред обвинителката Вилма Рускоска, пред зрадата на Обвинителството пристигна екипа на Итна помош, објави Слободен печат.мк.Засега нема официјална потврда дека екипата на итната медицинска помош е дојдена поради влошена здравствена состојба на Јовановски.Боки 13, треба да даде исказ за случајот „Рекет“.Текстот во целост на: Слободен печат.мк.

Македонија | пред 6 години

hrt

Казна за вработените во ХРТ кои со српско знаме ги најавија косовските избори?

Прилогот на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) за изборите во Косово, во коj позади водителката беше прикажано српското знаме, ги налути албанските претставници во Хрватска, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на хрватски „Индекс“ од каде соопштија дека тие барале одговорност од вработените кои го направиле пропустот.Хрватскиот портал, повикувајќи се на фејсбукот на пратеничката од редовите на албанското малцинство, Ермина Лекај-Прљаскај, наведува дека ХРТ организирала средба со претставници на албанското малцинство и ветила казна за оние кои ја направиле визуелната најава.Според напишаното на Фејсбук, на состанокот покрај Прљаскај биле присутни и претставникот на Косово во Загреб, Гзим Касаполи, и генералниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ, пренесува „Индекс“.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1012658612428365&id=100010527065109

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Во Скопје отворен групен дом за лицата со потешка интелектуална и физичка попреченост

Градоначалникот Петре Шилегов, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателот на Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори, Горан Петрушев и директорката на Специјалниот завод Демир Капија, Александра Велковска, денеска присуствуваа на отворањето на групен дом во Скопје, во кој се сместени деинституционализирани лица од Специјалниот завод Демир Капија. Градот Скопје се вклучува во поддршката на лицата со најтежок облик на интелектуална попреченост или комбинирани пречки кои се дел од овој  групен дом и преку соработката со Сојузот на дефектолози обезбедува 24 часовна нега од негуватели. Упатувам благодарност до Министерството за труд и социјална политика зашто го внесовме нашето општество во еден сосема поинаков циклус - деинституционализација на лицата со потешка интелектуална и физичка попреченост. За Градот Скопје кој учествува во овој проект е предизвик повеќе, затоа што секој човек има право на топол дом и домашна атмосфера. Суштината е овие лица да ги донесеме во локалната заедница од каде што потекнуваат, со цел заедно со специјализираните едукатори да ја почувствуваат таа топлина зашто тоа се стандардите кон кои тежнееме. Нам секој човек ни е важен, секој човек има право на нормални услови за живот и за развој. Токму ваквите дневни центри се начинот на кој што институционализирањето на овие лица како еден целосно застарен систем конечно ќе го снема од нашата држава и заедно со граѓанските асоцијации, заедно со специјализираните лица за кои помагаме да се стекнат со потребните квалификации да овозможиме сосема поинаква грижа и социјална заштита. Чекор по чекор ги решаваме проблемите кои со години беа напластени – рече денеска градоначалникот Шилегов.Групниот дом за лицата со потешка интелектуална и физичка попреченост е сместен во центарот на градот, во близина на Католичката црква. 

Скопје | пред 6 години

Zaev-1

(ВИДЕО Телма) Заев дециден: Мора да се имлепентираат препораките и дека мислењата од Венецијанската комисија

Откако вчера во јавноста се појави драфт верзија од заклучоците на Венецијанската комисија, во кои се вели дека законот наметнува нереални и скапи обврски на јавните институции, денеска премиерот Заев е дециден дека мора да се имлепентираат препораките и дека мислењата на правните експерти мора да се почитуваат. Во истовреме, вицепремиер Бујар Османи вели дека законот е добар и мора како таков да се имплементира, а тоа нема да ги наруши односите во владината коалиција, објави Телма.

Македонија | пред 6 години

08102019_PVRSM_Zaev_vo_poseta_na_fabrikata_Markart_3

Заев во посета на „Маркарт“: Дополнителните инвестиции и проширување на капацитетите на постоечките странски компании

Компанијата „Маркарт“, која како странска директна инвестиција на германската „Маркарт Груп“ вредна 35 милиони евра, после пет години работење, донесе одлука да ги прошири своите капацитети и да отвори нови работни места во нашата земја.По тој повод, на покана на „Маркарт“, една од водечките производители во светот на електромеханички и електронски прекинувачи и преклопни системи за автомобилската индустрија и во индустриите за електрични алати и апарати за домаќинство,претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска ја посети компанијата и се сретна со нејзините менаџери.„Тоа е одличен повод да се сретнеме со менаџерите на компанијата и да ги охрабриме во остварувањето на нивната намера. Оваа средба беше одлична прилика уште еднаш, овој пат, непосредно, да го запознаеме раководството на компанијата со можностите и со придобивките што им стојат на располагање како придобивки за реализација на нивната намера да инвестираат во нови проширувања на нивните капацитети“, истакна премиерот Заев во изјава за медиумите после средбата во „Маркарт“.Тој додаде дека една од мерките за која било зборувано е последната во низата – субвенцијата за придонесите доколку одлучат да им ги зголемат платите на своите вработени, како особено важно за оваа компанија бидејќи станува високо квалификувани работници од електронската дејност во автомобилската индустрија што ги прави конкурентни на пазарот на трудот.Втората голема придобивка од оваа и ваквите слични средби со другите компании како директни странски инвестиции, рече премиерот Заев е што низ разговорот со нив може да се слушнат нивните потреби,  сугестии и решенија за одредени прашања од нивното работење.„Тоа е одличен начин директно од индустријата, на терен, да се информираме за потенцијалите за усовршување на условите за развој на компаниите, за нивните дилеми пред да започнат нов инвестициски циклус, и на тој начин да го усовршуваме системот за поддршка на странските инвестиции.Најважно од оваа комуникација е што овие средби и разговори се секогаш од огромна придобивка за граѓаните, зашто новите инвестиции отвораат нови работни места, повисоки плати, и повисок стандард на живеење“, додаде премиерот Заев.Во изјавата за медиумите, д-р Харалд Маркарт, сопственикот на компанијата „Маркарт Груп“, истакна дека „Маркарт“ во Северна Македонија е целосно подготвена да инвестира во нов развој на компанијата во земја со брза развојна економија, и дека се подготвени да учествуваат и во поддршката на образованиот систем за креирање на стручни кадри за работа во високо-технолошки индустрии.

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Осoмничениот Боки 13 стигна во Обвинителството

Осомниченот Бојан Јовановски, познат како Боки 13 со бело полициско комбе точно напладне го донесоа во Обвинителствтото за гонење организиран криминал и корупција.  Тој веќе неколку месеци е во истражниот затвор во Шутка, а пред неколку дена Апелација ја отфрли неговата жалба -притворот да му биде заменет со поблаги меркиЈованоски се сомничат за изнуда од 1,5 милиони евра од скопскиот бизнисмен Јордан Камчев во замена за ослободување од притвор.

Македонија | пред 6 години

Stefan-Andonovski-1

Андоновски : СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави  највисоко на листата по коруптивни практики во светот

После драстичниот пад на „Transparency International“ сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев  нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје.Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена.Од друга страна ги повикуваме  сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција  и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

IMG-6ffd3ff4abfea062acb4a1171ea21be5-V

Општина Кисела Вода ги чисти Црниот канал и коритото на Мала Рада

Општина Кисела Вода спроведува голема акција за расчистување на Црниот канал и коритото на реката Мала Рада.Во Црниот канал, во должина од 3 километри рачно и машински се чисти нараснатата вегетација и отпадот одложен од несовесни граѓани. Во исто време се одвиваат и активности за чистење на каналот на реката Мала Рада.Општина Кисела Вода акции за чистење на каналите на својата територија спорведува неколку пати годишно.Локалната самоуправа апелира до граѓаните да се придржуваат до Законот за јавна чистота, да не одложуваат отпад во каналите, како би придонеле за чиста Кисела Вода.

Скопје | пред 6 години

sef

Синот го ограбил таткото - од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расчисти тешката кражба пријавена на 6 октомври годинава од 51-годишниот Т.С. од тетовското село Јанчиште и ќе изготви соодветен поднесок против  неговиот 25-годишен син Р.С. согласно член 263, а во врска со член 236 од Кривичниот законик.Р.С. се сомничи дека во изминатите три недели од металната каса во домот одзел 5.199.000 денари. 

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кривична пријава за прилепчанец - овозможил да  им биде евидентиран престој надвор од границите на РСМ  на пет лица

СВР Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица Прилеп до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава за постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело  ,,Несовесно работење во службата“ од чл.353в од КЗ на РСМ против Р. А. (47) од  Прилеп, вработен во Министерството за внатрешни работи на РСМ.Пријавениот во 2016 година во својство на службено лице – одговорно лице во водење на управна постапка, распореден на работно место самостоен советник – Раководител на Одделението за управни работи Прилеп, со пропуштање на должен надзор, овозможил да  им биде евидентиран престој надвор од границите на РСМ  на пет лица  државјани на РСМ, спротивно на одредбите определени со ,,Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште“. Врз основа на вака незаконски евидентираниот престој, од страна на вработени службени лица во Отсекот за управни работи – Прилеп, во текот на 2016 година биле изготвени и издадени документи ( потврди – уверенија), со кои документи се потврдува дека лицата престојувале надвор од РСМ повеќе од една година, а кои понатаму овие документи ги употребиле пред надлежни органи како доказ, за да искористат законски поволности при увоз и регистрација на половни возила од странство кои не можат во РСМ да бидат регистрирани во редовна законска постапка.

Македонија | пред 6 години

esen7

Есенско чистење на улиците во Аеродром

Комуналните служби на Општина Аеродром континуирано и тековно работат на расчистување на улиците од отпад, на кастрење на гранките на дрвјата и миење на улиците на повеќе локации низ Општината.Деновите со есенско чистење беа опфатени улицата „Ѓорги Капчев“, сервисните улици во Стар Аеродром, Реонски центар и Мичурин. Оваа динамика ќе продолжи и понатаму, а на располагање е целата механизација за чистење.Наша одговорност е да се грижиме за хигиената на сите површини на територијата на Општина Аеродром и да придонесеме за почиста животна средина, велат од општината.

Скопје | пред 6 години

marihuana-novo

Притвор за двајца албански државјани кои пренесуваа дрога

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – државјани на Република Албанија поради постоење на основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Двајцата осомничени, татко и син,  по претходен договор и во заедница, на 6-ти октомври неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 44,742 кг. Дрогата, спакувана во 45 пакувања, осомничените ја пренесувале во патнички автомобил марка Опел мерива со   регистарски  ознаки од Република Албанија. При вршење контрола на возилото од страна на  царинските службеници на граничниот премин Богородица биле пронајдени 25 пакувања марихуана сместени во посебно изработен простор – бункер под задните седишта и по 10 пакувања дрога сместени во посебно изработени простори – бункери под возачкото и совозачкото седиште.Имајќи ги предвид висината на запретената казна и можноста осомничените да го повторат кривичното дело, како и тоа  дека осомничените се странски државјани и немаат живеалиште во Република Северна Македонија, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат законски основи за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка  го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

Pero-antic-ferari

Пајак на Паркинзи Општина Центар го крена „ферарито“ на Перо Антиќ

Пајак на Паркинзи Општина Центар (ПОЦ) го крена „ферарито“ на поранешниот кошаркар и претседател на КФМ, Перо Антиќ, кој непрописно го паркирал пред седиштето на федерацијата.За паркирањето во Фејсбук групата „Ѕид на сообраќајниот срам“ реагираа граѓани, а набргу со коментари се огласи и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, кој постираше и фотографии како пајак го собира возилото на Антиќ.

Скопје | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Уставниот суд да го укине т.н. „Закон за двојазичност” и да стави крај на спроведувањето на Тиранската платформа

Политичката партија Левица, по првично поднесената претставка во месец февруари оваа година до Уставниот суд на РМ против илегалниот т.н. Закон за двојазичност, објавен без потпис од Претседателот на РМ, деновиве поднесе Ургенција до претседателот на Судот – со која бара повратна информација зошто и по осум месеци од поднесувањето не е постапено по нашата иницијатива – иако Деловникот на Уставниот суд предвидува итност во постапувањето во случаите кога е побарана времена мерка.Објавениот нацрт-документ за мислењето на Венецијанската комисија, која отпосле го мониторираше нормативниот текст на „законот“, само се потврдува она што ние го тврдевме цело време во текот на носењето на овој контроверзен и противуставен „закон“: дека тој неразумно ги надминува европските стандарди за заштита на националните малцинства и наметнува нереални и материјално скапи обврски, особено за судскиот систем, кој патем речено треба да се регулира со 2/3, а не со апсолутно мнозинство гласови во парламентот.Таканаречениот Закон за двојазичност, кој е експанзионистички изблик на албанскиот национализам заради враќање во живот на криминалната партија ДУИ, и спроведува про-форма наместо суштинска заштита на албанското малцинство, дополнително ја дели нацијата по етничка основа и го подрива граѓанскиот карактер на државата – поради што е штетен за соживотот и негувањето на добрите меѓуетнички односи.Наместо да го издигнува просперитетот на општеството како целина, овој „закон“ само ја засилува илузијата дека Македонците не им даваат нешто на Албанците и дека Албанците им одземаат нешто на Македонците, замаглувајќи ја вистината дека бизниспартиите и корумпираните елити се тие што добиваат сѐ, на наша заедничка сметка! Зад сите овие партии од т.н. „македонски“ или „албански“ блок стојат бизнис-елитите и западните бирократи, а не народот, кој е крајно разочаран и со нетрпение го очекува нивниот пад од политичката сцена.Како прогресивна партија, Левица ќе продолжи да ги користи сите правни и политички механизми кои ни стојат на располагање за да не дозволиме шверцување на туѓи платформи под превезот на божемна заштита на малцинските права! Ова ќе го правиме сè додека не ја одземеме политичката моќ на буржујските партии и, практикувајќи го правото на самоопределување, ќе ја вратиме истата во рацете на народот, како неприкосновен носител на суверенитетот на Републиката!

Македонија | пред 6 години

gustaf

Шведскиот крал им го укина кралскиот статус на петмина свои внуци

Шведскиот крал Карл Густаф го намали бројот на членовите на семејството кои ќе примаат пари од средствата добиени од даночните обврзници со одлуката за укинување на статусот „кралско височество“ за пет свои внуци.Како што е најавено, внуците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза и војвода или војвотка, но нема да извршуваат кралски должности, пренесе Си-ен-ен.Би-би-си наведува дека одлуката на кралот значи дека внуците на возраст од една до пет години веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“ – апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплаќа од буџетот на земјата.Одлуката не се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, односно принцезата Естела и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања