Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Foto-5

Пендаровски се обрати на научно стручната расправа „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска говореше на научно стручната расправа „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната – Република Северна Македонија по членството во НАТО“, во организација на Факултетот за безбедност – Скопје, а во соработка со Кабинетот на Претседателот. Во своето обраќање претседателот Пендаровски рече дека е изненаден што еден Претседател на нашата држава за првпат доаѓа во една ваква значајна институција, не само сега, туку воопшто, децении наназад. „Јас се надевам дека до крајот на мојот мандат, а и моите наследници  ќе доаѓаат почесто во оваа институција, затоа што оттука со години и децении излегуваат кадри кои на друго место не се образуваат“, истакна претседателот Пендаровски. Говорејќи за безбедносните предизвици од 21 век, тој истакна дека најдобриот начин за соочување со нив е соработката со вакви квалификувани луѓе кои тоа го разбираат. Претседателот нагласи дека е недозволиво за 42 години првпат да влегува Претседател на држава во една ваква институција. „Влезот во НАТО значи дека ќе седнеме на иста маса и ќе добиеме еднаков глас со останатите земји членки. Но, тоа значи и дека 29 постојни земји - членки ќе имаат обврска колективно да се грижат и да ја штитат и нашата безбедност, а знаеме дека безбедноста е основниот темел за демократска консолидација и економски просперитет на секоја држава.   Една од нашите цели е да ги реализираме приоритетните реформи предвидени во Стратешкиот Одбранбен преглед кој треба да овозможи да имаме Армија која е подготвена и компатибилна со структурите на НАТО.  Подеднакво значајни се и реформите во безбедносниот сектор кои со години беа запрени и дури во последнава година и пол се динамизирани. Како идна полноправна членка, мораме да бидеме активни и во операциите на Алијансата. Нашата цел не е да бидеме само членка на хартија, туку активна членка подготвена да придонесува за глобалната безбедност. Бевме присутни во Ирак, сè уште придонесуваме во Авганистан, Либан и Босна и Херцеговина, истовремено обезбедуваме значајна логистичка поддршка на КФОР на Косово а, во оваа насока, не е исклучено наше активно присуство и во некои идни мисии за засилување на меѓународната безбедност., истакна меѓу другото Пендаровски.Претседателот додаде:  Прогресот на Балканот во последната деценија е неспорен. Од регион на конфликти, прераснуваме во регион од кои почнаа да доаѓаат и добри вести. Северна Македонија направи стратешки исчекор кон сите пет соседи како придонес кон стабилноста на регионот. Потпишаната Билатерална спогодба со Бугарија ги олесни односите меѓу двете држави. Во исто време, по долги години замрзнат конфликт, процесот на преговори со Грција за името беше обновен и резултираше со потпишување на Договорот од Преспа кој ја отвори вратата за членство во НАТО. Се разбира, подготвени сме и понатаму да ги унапредуваме нашите односи и соработката со сите соседи, и, паралелно, да продолжиме да бидеме активен чинител во регионалната безбедност, рече Пендаровски.  

Македонија | пред 6 години

72365642_533998020759462_4099345472836075520_n

МЗШВ: Земјава е најдобриот корисник на ИПАРД во регионот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска присуствуваше на 19-тиот Форум за земјоделска политика, чијшто домаќин оваа година е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија, заедно со Постојаната група за регионален рурален развој на Југоисточна Европа. Целта на годинешниот Форум, е да се потенцира значењето на руралниот развој за регионот на Западен Балкан, достигнувањата во искористеноста на ИПАРД програмата, хармонизација на регулативата за вино во Западен Балкан и да се дадат насоки за подобрување на политиките и постигнување на конкурентност и одржлив развој.Министерот Димковски во своето обраќање посочи дека МЗШВ, ги прилагодува своите политики во насока на стимулација на диверзификација на економските активности во руралните средини, преку мерки кои поддржуваат преработка на земјоделски производи, маркетинг, рурален туризам, развој на услужниот сектор во руралните средини.„Во тој контекст, од исклучително значење е поддршката што ја добиваме од страна на Европската Унија, особено преку ИПАРД 2 програмата. Мерките од ИПАРД 2 овозможуваат подобрување на конкурентноста на македонското земјоделство преку инвестиции во после-бербени и маркетингшки активности,  инвестиции во преработувачки капацитети и опрема, развој на нови рурални бизниси, како рурален туризам, креирање на нови работни места, подобрување на физичката инфраструктура и достапните услуги. Сето ова ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот во руралните области“, изјави министерот Димковски.На Форумот присуствуваше и шефот на одделението за претпристапна помош во земјоделството и руралниот развој на Европската комисија, ЛиамБреслин, којшто ја презентираше анализата за искористeност на ИПАРД 2 програмата во земјите од ЈИЕ. Бреслин потенцираше дека Република Северна Македонија, во споредба со земјите од регионот е најдобриот корисник на ИПАРД 2.„Република Северна Македонија е еден од корисниците на ИПАРД, можам да кажам дека имате добра искористеност на ИПАРД 2. Земјата има многу апликации само за првиот повик од ИПАРД 2, дури и повеќе од што очекувавме. Добро е да се види дека земјоделците и прехранбената  индустрија од секторот земјоделство се финансираат од ИПАРД. Многу од оние што поднесле барања, ги користат веќе овие пари за инвестиции, гледаме дека земјоделците и преработувачката индустрија инвестираат, тоа сакаме да го видиме, дека овие пари им помагаат на земјоделците, на прехранбената индустрија да се развиваат по европските стандарди. Можеме да заклучиме дека Северна Македонија е најдобриот корисник на ИПАРД во регионот и очекуваме да продолжи така“, изјави Бреслин.Според анализата, Република Северна Македонија досега има склучени 1.008 договори, во вредност од 19,1 милиони евра само европски пари, што е речиси колку вкупната сума што преку ИПАРД  ја имаат искористено Србија, Албанија и Црна Гора, која изнесува 20,6 милиони евра.Инаку на Форумот, присуствуваат претставници од ресорните министерства и експерти од земјите од ЈИЕ. Форумот за земјоделска политика уште еднаш ќе послужи како платформа за меѓународен дијалог во врска со политиките и перспективите од заеднички интерес за креаторите на земјоделската политика и засегнатите страни. Конечните препораки за политиките на земјоделската политика ќе бидат сумирани во документ “Охридска агенда” и ќе бидат претставени на Тринаесеттиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство од ЈИЕ на 12 ноември 2019 во Приштина.

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Јавно-приватно партнерство за улично осветлување во Карпош е изговор за неспобноста на власта

На последната седница на Советот на Општина Карпош на дневен ред беше ставена точка за иницирање физибилити студија со крајна цел воведување јавно-приватно партнерство за улично осветлување. Концептот јавно-приватно партнерство не претставува изолиран случај само за локалната власт од Карпош, со оглед на веќе одобрената и необјавена физибилити студија за системот на стерилизација.Дополнително, пред неколку месеци бирократизираното претпријатие „Македонија Пат” преку тендер ангажира приватна фирма за чистење на патиштата, под изговор за немање соодветна опрема и кадар и покрај големиот буџет со кој располага истото и енормниот број партиски војници преточени во администрација! Ваквите чекори кон целосна приватизација на основните јавни услуги- за чие обезбедување впрочем е избрана оваа влада – ја демонстрира целосната неспособност и лукративност на владејачкиот естаблишмент, испреплетен со олигархијата која единствено има интерес од процесите на приватизација.Вечниот пакт СДСМ–ДУИ-ДПМНЕ веќе подолго време работат на уништување на јавните услуги, се со цел конечен влез на приватен капитал близок до секоја гарнитура на власт. Со децении се креира превработеност во јавните претпријатија со партиски неподобен кадар што води до неефективност, загуби и нефункционалност на истите. Откако вештачки ќе биде предизвикана состојба на неодржливост, веднаш следува ЈПП или приватизација (либерализација) на јавните дејности, што резултира со поголеми трошоци за граѓаните и директна економска дискриминација, при што основните јавни услуги (како квалитетно здравство) стануваат исклучиво привилегија за богатите!Се поставува прашањето, каде завршуваат огромните суми народни пари со кои скапо се плаќаат огромниот број на јавни функционери, преполната администрација, бирократизираните институции и разните државни агенции кои се формирани токму за да им служат на граѓаните и да им обезбедат квалитетни јавни услуги? Сиромашните граѓани не се виновни за лукративното и корумпирано владеење на социјал-демократската влада и недозволиво е тие да се оптеретуваат со дополнителни трошоци поради очигледното неспособно владеење! Левица со сите механизми ќе се спротистави на повторната распродажба на јавните добра и услуги иницирана од транзициската СДСМ, преку кој процес народот ќе се доведе до комплетна зависност од домашниот и странскиот капитал, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Обвинителство:Под истрага пет физички лица и едно правно лице за „Рекет”

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „Измама“ предвидено и казниво по член 247 став 4 во врска со член 45 и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Останатите лица се сомничат дека помагале при извршување на кривичното дело „Измама“ по член 247 став 4 во врска со став 1 во врска со член 24, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при извршување на кривичното дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 во врска со член 24 од Кривичниот законик. Правното лице се сомничи дека сторило кривично дело „Измама“ по член 247 став 8 во врска со став 4, врска со став 1 од Кривичниот законик.Врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дојде до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација. Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување на мерки за обезбедување на присуство на осомничените, надлежниот јавен обвинител до судијата на предходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје во текот на денот ќе достави Предлог за определување на мерка притвор за едно лице и мерки на претпазливост за останатите осомничени лица. Првоосомничениот во рамките на друга постапка се наоѓа во притвор.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прва фотоволтаична централа на средно училиште на град Скопје

Градоначалникот Шилегов денеска присуствуваше на свеченото отворање на првата фотоволтаична централа на средното училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“, коешто го прославуваше и својот патронен празник.Денеска СУГС „Михајло Пупин“ го слави својот патронен празник, но на мое огромно задоволство една од причините за моето присуство е и инсталирањето на првата фотоволтаична централа во училиште во Република Северна Македонија. Овој проект е доказ дека соработката на институциите на секое ниво може да вроди со сериозен квалитет и иновативност,  идејата на учениците поддржана од Фондот за иновации и од директорот на средното училиште, како и од Градот Скопје, ни го даваат овој уникатен пример. Ова средно училиште, иако со мала моќност од 12 KW и 42 панели, сепак може да биде пионер и да воведе една мини револуција во пристапот и кон животната средина, меѓутоа и во пристапот кон енергетската ефикасност – рече Шилегов.Тој додаде дека со инсталирањето на оваа централа учениците во пракса ќе можат да видат како функционираат  фотоволтаичните  централи и дека се надева во текот на наредната година Градот заедно со училиштето ќе соберат финансии   целиот покрив да го направат еден фотоволтаичен панел.Горд сум на учениците на ова училиште коишто ја дадоа оваа иницијатива  и еве денеска и јавноста може да види како функционира нејзината реализација. Градот води со вакви иновативни работи и јас мислам дека ова училиште може да биде пример за тоа како треба да се однесуваат и преостанатите институции и од локално и од централно ниво – нагласи  Шилегов.Исто така, тој додаде дека електричната енергија од обновливите извори треба да биде стратешка определба на нашата држава и посочи дека ова училиште треба да биде пример и за другите училишта и јавни институции на сите нивоа во земјата.Ова е позитивен пример дека со малку пари може да се придонесе и во заштита на животната средина , меѓутоа и во подобрување на економските перформанси на самата институција, во конкретниот случај заштедите коишто ги правиме за електрична енергија во ова училиште. Тука не застануваме, ова е само прв ваков проект којшто го поддржува Градот во средните училишта, јас очекувам дека во периодот којшто претстои ваков тип на соработки со централната власт, Градот и училиштата ќе реализираме на повеќе места во нашиот град – изјави Шилегов.За реализација на овој проект учениците од „Михајло Пупин“ добија грант од Фондот за иновации во висина од 270.000 денари, а преостанатите средства до 600.000 денари,  колку што чини централата, се од буџетот на училиштето.

Скопје | пред 6 години

EMUC_VALJEVO_09102019-e1570603596150-900x675

ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се збратими со техничката школа од Ваљево

ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ од Охрид и Техничката школа од Ваљево, Србија ја продлабочија меѓусебната соработка преку потпишување на повелба за збратимување.Повелбата беше потишана од страна на директорите Сашо Недески и Бранко Голоскоковиќ во рамки на свеченостите по повод патрониот празник на училиштето во Ваљево.

Македонија | пред 6 години

mijalkov-2

Судењето за „Тортура“ против Сашо Мијалков почнува од почеток причина, поротник ненадејно дал отказ

Судскиот процес за тортура и нечовечко постапување при апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година по наредба на обвинетиот Сашо Мијалков се враќа на почеток. Причина е тоа што поротник во советот ненадејно дал отказ.Според законот сега случајот ќе мора да почне од воведни зборови.Во случајот „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, тогашниот командант на единицата „Алфи“ Ивица Антевски-Пуки и уште петмина „алфи“.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Горд сум што ВМРО ДПМНЕ  не учествуваше во операцијата на продавање и распродажба на идентитетот на македонската држава

Јас се чувствувам горд што ВМРО ДПМНЕ  не учествуваше во операцијата на продавање и распродажба на идентитетот на македонскиот народ и македонската држава, напиша предмалку на својот Твитер профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. .Тој во друг пост на Твитер се осврна и на препораките на Венециската комисија: „Предупредувавме дека после разгледувањето на предметот за Законот за јазици од страна на Венецијанската комисија, истиот ќе претрпи реперкусии, како и сите предмети кои се разгледуваат во судот во Стразбур“.https://twitter.com/MickoskiHM/status/1181847337754402816?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1181847337754402816&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fmickoski-na-tviter-dobile-ili-ne-dobile-datum-za-pregovori-posle-toa-odime-na

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кучиња искасаа маж и жена во Скопје

На 08.10.2019 во 19.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.А.(49) од Скопје пријавила дека на ул.„Крсте Асенов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница. На 08.10.2019 во 08.20 часот во Полициската станица Центар, И.А.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Васил Ѓоргов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница. 

Скопје | пред 6 години

nbrm-narodna-banka

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка

На 8 октомври 2019 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.Комитетот оцени дека монетарната поставеност е соодветна на постојните економски и финансиски услови и дека економските фундаменти и натаму се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата. Ниската и стабилна инфлација и поволната позиција на билансот на плаќања, од почетокот на годината, редовно придонесуваат за интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка на девизниот пазар. Динамиката и валутната структура на штедењето на домаќинствата упатува на стабилни очекувања. Во вакви услови, на седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на нивото од 2,25% и на аукцијата на благајнички записи на 9 октомври 2019 година да се понудат благајнички записи во износ од 25.000 милиони денари, односно ист износ како износот којшто достасува.Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, растот на БДП во првата половина од годината, според објавените проценети податоци, изнесува 3,6%. За третиот квартал од годината, обемот на расположливи податоци е ограничен. Засега, расположливите високофреквентни показатели за периодот јули ‒ август главно упатуваат на натамошен раст на економската активност, при засега поповолни поместувања  во  индустријата, трговијата и градежништвото, во однос на претходното тримесечје.Остварената просечна годишна стапка на инфлација за првите девет месеци од годинава изнесува 1,0%, при што растот на цените е помал од очекуваниот. Воедно, очекувањата за движењето на странските цени, коишто влијаат врз домашните цени, се главно надолно ревидирани. Следствено, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2019 година од 1,5% засега се оценуваат како претежно надолни.Што се однесува до показателите од надворешниот сектор, расположливите податоци за билансот на плаќања за првата половина од годината покажуваат подобри остварувања, и кај тековните, и кај финансиските трансакции, во однос на априлската проекција. Во однос на податоците за третото тримесечје, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со втората декада на септември упатуваат на можност за остварување малку повисоки нето-приливи од приватни трансфери во однос на проектираните за третиот квартал. Податоците за надворешнотрговската размена заклучно со јули и август посочуваат на можен поголем трговски дефицит од очекуваниот за третиот квартал, согласно со априлската проекција. Девизните резерви на крајот на септември се повисоки во однос на крајот на 2018 година, при што сите показатели за нивната адекватност и натаму се во сигурната зона.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за септември покажуваат нивен натамошен раст на годишна основа, согласно со очекуваната патека во рамки на априлските проекции.Во периодот меѓу двете седници на Комитетот, ликвидноста на банките се зголеми, главно како резултат на интервенциите за откуп на девизи на девизниот пазар од страна на Народната банка. Конкретно во септември, Народната банка откупи 124,7 милиони евра, во услови кога банките трет месец по ред остваруваат нето-откуп на девизи во трансакциите со нивните клиенти. Високиот месечен износ врз основа на интервенции во еден дел беше остварен во услови на зголемена нето-понуда на девизи од нерезиденти. Покрај овие движења, за високиот месечен износ на интервенции на Народната банка придонесе и активниот пристап на управување со девизната ликвидност од страна на банките, со оглед на негативните приноси на меѓународните финансиски пазари. Откупот на девизниот пазар продолжи и на почетокот на октомври, при што збирно од почеток на годината заклучно со 7 октомври, Народната банка има откупено 366,45 милиони евра.Во услови на висока денарска ликвидност во банкарскиот систем, банките имаа умерена потреба за задолжување на меѓубанкарскиот пазар на депозити. Следствено, тие и натаму го насочуваат вишокот слободни денарски парични средства кон расположливите депозити кај Народната банка, коишто овозможуваат висока флексибилност и достапност на средствата за непречено кредитирање на домашните субјекти.На меѓународните финансиски пазари, во септември беше забележана умерено повисока склоност кон преземање ризик од страна на инвеститорите, главно заради зголемениот оптимизам за решавање на трговскиот спор помеѓу САД и Кина по заемното привремено олабавување на царинските бариери. Најголемите централни банки презедоа мерки за олабавување на монетарните политики, коешто сепак од страна на пазарните учесници беше согледано како помалку експанзивно од очекувањата, што заедно со зголемениот интерес за повисокоризични хартии од вредност доведе до повисоки приноси на државните обврзници од двете страни на Атлантикот. ЕЦБ најави пакет експанзивни мерки насочени кон поддршка на економијата на еврозоната, меѓу кои е и намалувањето на депозитната каматна стапка за 10 базични поени на нивото од -0,5%, како и започнувањето на програмата за откуп на хартии од вредност на 1 ноември, во износ од 20 милијарди евра месечнo. Воедно, беше наведено дека каматните стапки ќе се задржат на тековното или на пониско ниво, сè додека  не се увиди силна конвергенција на стапката на инфлација до ниво од близу до, но под 2%. На состанокот на ФЕД, како што се очекуваше, целното ниво на движење на референтната каматна стапка беше намалено за 25 базични поени, во распон од 1,75% до 2%.  Притоа, беше соопштено дека ова намалување се смета за доволно за натамошното одржување на економската експанзија.Општо земено, на седницата на Комитетот беше утврдено дека последните макроекономски показатели и оцени упатуваат на одредени отстапувања во однос на проектираната динамика, но согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се главно непроменети во однос на претходната оцена. Притоа, повторно се укажа на неповолните ризици од надворешното окружување, коишто се понагласени во споредба со периодот на изготвување на априлските проекции. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, во контекст на поставеноста на монетарната политика. 

Македонија | пред 6 години

0000traktor

Тракторист загина во Тимјаник, Неготинско

На 08.10.2019 во 18.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во периодот од 17.00 до 17.30 часот, додека З.С.(45) од Неготино вршел земјоделски работи со трактор на нива во атарот на с.Тимјаник, неготинско, тракторот се превртел и З.С. починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Во текот на изминатиот ден во Скопје, издадени се 73 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со „пајак"

Во текот на 08.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека шест возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи,  од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила, од кои шест возила бидејќи биле технички неисправни и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

tabanovce

Србин се обидел да премине на „Табановце“ со фалсификувани серискиот број и типската налепница на возилото

На 08.10.2019 во 07.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, при контрола на патничко возило „мерцедес 180 Ц“, со српски национални ознаки, управувано од М.Ѓ.(60) од Република Србија, полициски службеници констатирале дека серискиот број на возилото и типската налепница биле фалсификувани. М.Ѓ. и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На Бит Пазар приведени две лица, полицијата им пронашла марихуана

На 08.10.2019 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

lisici

На Бит Пазар приведено едно лице, кај него била пронајдена марихуана

На 09.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во автомобилво кој биле три лица пронајден кокаин

На 09.10.2019 околу 04.30 часот во тетовското село Долно Палчиште, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Ш.(27), А.Р.(22) и А.С.(27) од скопските села Копаница и Бојане и М.Ј.(23) од тетовско Палчиште, кои биле во патничко возило „форд“, со скопски регистарски таблички. При нивен и преглед на возилото бил пронајден кокаин. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Порака од Претседателот Стево Пендаровски, по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо – Николиќ и до припадниците на Еврејската заедница во Република Северна Македонија.Почитувана г-ѓа Берта Романо – Николиќ, Јом Кипур е најсветиот еврејски празник. Вам лично и на сите припадници на Еврејската заедница во Република Северна Македонија од се срце ви посакувам празникот на покајанието, искупувањето и помирувањето да го поминете во добро здравје, среќа и љубов. Молитвите кон Бога и постот како столбови на овој празник нека ви донесат духовен мир и нека инспирираат добри дела. Дозволете во оваа прилика да го нагласам значењето на Еврејската заедница за нашата држава.  Иако малобројна вашата заедница има нераскинлив удел во градењето на македонскиот соживот и во негувањето на почитта и разбирањето помеѓу припадниците на различните етнички и религиозни групи. Вашите традиции и обичаи имаат оставено длабок печат врз останатите заедници, вткајувајќи се трајно во вредностите на нашето општество. На овој голем празник посакувам и понатаму сплотени да работиме на просперитетот на нашата заедничка татковина и да делуваме за нејзин просперитет и напредок.

Македонија | пред 6 години

jana

Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на Јана

Црвен крст Охрид најавува уште една хуманитарна акција за помош на Јана. Овојпат наш партнер е тимот на Oriflame со кого на 11 и 12 октомври, на градскиот плоштад  „Св.Климент Охридски“, Охрид, во периодот од 11 до 16 ч. Ве покануваме на дружење и забава, зачинета со хуманост.Додека волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ве забавуваат промовирајќи дел од своите програми, тимот на Oriflame за сите заинтересирани, по симболична цена од само 100 денари, ќе врши тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција.Искористете ја оваа можност за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и др., но и да ги вкусите производите од ресторанот Лихнидос и пијалоците на фирмата Рондо трејд кои се вклучија во оваа хуманитарна акција. Средствата собрани од овој настан ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.

Македонија | пред 6 години

znak-2

(ФОТО) Предупредувачки знаци за загадувањето во Битола

Денеска Битолчани се разбуди со знаци за предупредување од загадувањето. Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола.Негрижата на локалната власт продолжува, а отсуството на одговорност и игнорирање на ситуацијата само го проширува и продлабочува проблемот со загадувањето во Битола, велат битолските активисти кои ги поставија знаци на шахтите.Битола е град со најголем број на заболени од малигни неоплазми. Секоја нова зима како и претходните, не се преземаат никакви мерки, иако загадувањето е огромно.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Работодавците што ќе ги зголемат платите ќе добијат субвенции за придонесите од социјално осигурување - Предлог-законот помина на Влада

Владата го утврди текстот на Предлог - закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата со кој ќе се овозможи уплата на придонеси од Буџетот на РСМ во име и сметка на работниците кај работодавачите од приватниот сектор.Целта на Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата која е повисока до 100 евра, заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Северна Македонија. Притоа осигурениците непречено ги остваруваат правата од социјално осигурување, а работодавачите немаат обврска да плаќаат придонеси за социјално осигурување за износот на зголемена плата.

Македонија | пред 6 години

moj-ddv

Ќе се организира нова наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“

На предлог на Министерството за финансии, со цел понатамошно зајакнување на фискалната дисциплина и подигањето на свеста на граѓаните за задолжително барање и земање на фискални сметки, на вчерашната седница на владата е усвоена информацијата за  организирање наградна игра „Мој ДДВ, моја награда“. Мерката ќе генерира дополнителни приходи за граѓаните, а ќе ја спроведува Државната лотарија на Република Северна Македонија, како овластено трговско друштво во целосна сопственост на државата, во соработка со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи.

Македонија | пред 6 години

energetska-efikasnost

Новиот текст на Предлог - законот за енергетска ефикасност помина на Влада, на ред е Собранието  

Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог - законот за енергетска ефикасност, и донесе одлука да го достави на усвојување до Собранието на Република Северна Македонија.Целта на овој закон е да се обезбеди намалување на енергетските потреби и потрошувачка преку ефикасно користење на енергијата и да го намали негативното влијание врз околината. Со новите законски мерки ќе се зголеми енергетската ефикасност во областа на домувањето и градежништвото, ќе се зголеми енергетската ефикасност во јавниот сектор, кај големите трговци и во транспортниот сектор, и ќе се постигне поголем степен на искористување на обновливите извори на енергија.Во насока на остварување на стратешките цели на владата за заштита на животната средина, на оваа седница на владата е разгледана и усвоена информацијата за нацрт предлозите за можните видови субвенции при купување на нови возила, и ги задолжи Министерството за економија во соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања,  Министерството за финансии и Царинската управа на РСМ, како и со претставник на здружението на увозници на автомобили,  да формира работна група која ќе направи анализа за начинот и можностите за субвенционирање согласно предложената програмата.На предлог на Министерство за образование и наука на оваа седница на Владата на РСМ е усвоена информацијата за предлог проект/програма „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, и го задолжи Министерството за финансии, во соработка со Министерството за образование и наука да подготви и преку Министерството за надворешни работи да достави одговор до Владата на СР Германија и КфВ во насока на прифаќање на заем во износ до 20 милиони евра со барање поддршка за грант во износ од 5 милиони евра од REEP+ програмата.

Македонија | пред 6 години

skolo

Владата даде зелено светло - Платите во основното, средното и високото образование и науката ќе пораснат за уште 10%

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката во Република Северна Македонија за 10% почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година. Со оваа информација, откако ќе биде постигната Спогодбата со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вкупното покачување на платите од април идната година, во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува повеќе од 20% имајќи ги предвид претходните две покачувања за само една година, на два пати по 5 проценти.

Македонија | пред 6 години

klima-ured

10 илјади семејства во Тетово, Битола, Кичево и Скопје ќе  добијат по 1000 евра за набавка на клима инвертери

На 158 седница, Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје, кои користат енергетски неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво, со што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот.За остварување на оваа мерка владата му препорача на Управниот одбор на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), во рамките на акумулираната добивка, да донесе одлука за обезбедување средства во висина од 618.000.000 денари за субвенционирање на граѓаните за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди, како и да донесе одлука за обезбедување средства за јавна едукативна кампања за придонесот од имплементација на мерката за здравјето на граѓаните и за начинот на кој таа ќе биде спроведена.Во цел да се обезбеди транспарентност и инклузивност во реализацијата на мерката, Владата ќе го покани Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, да номинира две граѓански еколошки организации да бидат вклучени во имплементација на оваа мерка.

Македонија | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

ВМРО-ДПМНЕ: За еден месец Шилегов донесе одлуки за нови вработувања на 423 партиски војници

За еден месец Шилегов донесе одлуки за нови вработувања на 423 партиски војници, и притоа бесрамно говори за стручна и ефикасна администрација. Додека лее крокодилски солзи за Градската куќа и прави криминална зделка за нејзина продажба, не му е тешко да продолжи со узурпацијата и партиски да вработува, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Имаме превработување и силување на институциите кои се туркаат кон пропаст.Како тргнал трендот на груба партизација и две згради колку онаа на ЕСМ нема да бидат доволни да ја згрижат гломазната администрација на Шилегов.Додека краде не заборава и да узурпира.За само две седници на Советот на град Скопје Петре Шилегов предложи и од владејачкото мнозинство доби одобрение за нови 423 вработувања, од кои 186 директни вработувања во градот Скопје на определено и неопределено време, 73 во Водовод, и околу 170 во ЈСП. Ниту е зголемен обемот на работа на градот и јавните претпријатија, ниту пак Скопјани чувствуваат зголемен квалитет во добивањето на услуги од градот Скопје. Овие партиски вработувања се само згрижување на партиски војници кои ќе бидат на товарот на град Скопје и Скопјани. Информациите говорат дека над 1000 луѓе се вработени за две години владеење на Петре Шилегов. Наместо кон успеси Шилегов е свртен кон узурпирање и криминал.2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања