Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

gradski-duvacki

Настап на Градскиот дувачки оркестар по повод 11 ти октомври

Денеска, 10.10.2019 година, (четврток) по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги  изведат  следниве  дела:- Младинска чекорница- Вардаре македонски- Патриотска чекорница- Народе македонски- Работнички марш- Ваташа- Огномет на слободатаГрадскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје,  составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.  

Скопје | пред 6 години

katitsa-janeva

Катица Јанева побарала да се спогоди и да сведочи во случајот „Рекет“

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка побарала да се спогоди и да сведочи во случајот „Рекет“.Вилма Рускоска од Обвинителството за организиран криминал синоќа соопшти дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата се понудил да се спогоди, но не прецизираше кој е тоа и дали тоа ќе биде прифатено. Не било поднесено официјално барање, но спогодбата била понудена, објави фактор.мкТелма објави дека Обвинителството ја одбива понудата.Денеска ќе биде поднесено обвиниението за тој дел од Рекет.извор: Фактор.мк

Македонија | пред 6 години

jasna

Фокус: Куќен притвор за Јасна Мандиќ

За потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ вечерва е одреден куќен притвор.-Притворот се бараше по сите три основи. Судот објективно заклучи дека се исполнети условите за ефективен притвор и предложи куќен притвор. Ние нема да се жалиме на оваа одлука. Таа се сомничи за измама и перење пари, главно за помагање, изјави нејзиниот адвокат, објави Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

ruskovska-skopje1

Русковска: Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека еден од осомничените во случајот „Рекет“ побарал спогодба со Обвинителството.-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од  „Рекет“, Рускосвска рече дека се барани само мерки за претпазливост. Тоа значи одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот.Обвинителката најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

Македонија | пред 6 години

Nato_0910200902-900x598

Георгиески се сретна со учесниците на работилницата за лица на високи позиции, посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа

Градоначалникот Константин Георгиески, денес, оствари средба со учесниците  и организатори на работилницата за лица на високи позиции, меѓу кои беа Емил Шипочки и Иван Хостинк од канцеларијата за врски на НАТО со Република Северна Македониа, проф. д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и сигурносни студии во Сараево, Босна и Херцеговина и проф. д-р Михајло Дојчиноски од воената академија „Генерал Михајло Апостолски“. Работилницата е посветена на хибридните закани во Југоисточна Европа.На средбата беа дискутирани темите кои се опфатени со работилницата кои се однесуваат на заканите што влијаат врз политичките, територијалните и економските аспекти на една земја, преку разни информации, дезинформации, неинформирањето и медиумите традиционалните и социјалните.Работилницата се одржува во Охрид, од 06-12 октомври како месец посветен на  борбата против сајбер – криминалот, а учество имаат земено 70 претставници од 20 држави.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Седница на Советот за безбедност по турската воена операција во Сирија

Турција почна со воена операција во Сирија со цел да формира безбедносна зона во регионот под контрола на курдската милиција , сојузници на САД. Милицијата, се помести на позиции да ја одбијат турската офанзива, која засега се состои од воздушни напади и артилериски гранатирања.Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган претходно денеска на социјалната мрежа Твитер објави дека почнале офанзива заедно со Сириската национална армија, а целта се курдските милитанти и Исламска држава.https://twitter.com/RTErdogan/status/1181921311846735872?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1181921311846735872&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodnaevropa.mk%2Fa%2F30208264.htmlФункционерите што го потврдиле прекинот на операциите на СДФ против Исламска држава не биле овластени да даваат детали за ситуацијата што се развива и зборувале под услов на анонимност, пренесе Асошиејтед прес.Американскиот функционер од одбраната рекол дека сè уште не почнал упадот на турските копнени сили, но дека се очекува наскоро.Според неименувани дипломати Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница зад затворени врати. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Рим рече дека воената операција мора да воздржана и дека многу е важно да не се предизвика понатамошна дестабилизација на регионот. 

Свет | пред 6 години

ungarski-gradonacalnik

(ВИДЕО) Скандал: Унгарски градоначалник снимен во оргии со проституки на јахта

Унгарскиот политичар Боркај Жолт ја вознемири јавноста откако се најде во центар на секс скандал во кој се објавени фотографии на кои е во друштво со неколку провокативно облечени жени, а објавена е и секс снимка со една жена.Имено, се почнало кога на еден блог почнале да се појавуваат текстови за градоначалникот на унгарскиот град Ѓер и поранешен претседател на Унгарскиот олимписки одбор. Засега непознатиот автор, го обвинува Боркаи за злоупотреба на моќ, корупција, користење на дрога и услуги од проститутки.По текстовите, уследиле и снимки и фотографии.

Свет | пред 6 години

05092019_PVRSM_Zaev_venecijanska_komisija-1

Владата бара одложување на објавувањето на извештајот на Венецијанската комисија до декември

По објавувањето на првичните неофицијални забелешки на Венециската комисија за Законот за употреба на јазиците, македонската Влада побара одложување на објавувањето на извештајот до декември.Премиерот изјави дека власта има потреба да подготви контрааргументи за критиките за потенцијалните пречки за спроведување на овој закон во судството.Инаку, според документ што го поседува „Плусинфо“, драфтираните заклучоци на Венецијанската комисија се силна критика за Законот за јазиците и тие, на некој начин, препорачуваат детално да се простудираат причините поради кои е сменет законот од 2008 година и причините за недостатоците во спроведувањето на тој закон. На 17 декември ќе биде познато дали оваа верзија на заклучоците на Венецијанската комисија ќе се официјализира и што тоа ќе значи за иднината на овој закон, пишува „Плусинфо.мк“– Многу одредби од Законот за јазици (од 2018 година) ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици. Ова во принцип е за пофалба. Венецијанската комисија ја поздравува подготвеноста на властите на Северна Македонија за подобрување на јазичната состојба на немнозинските заедници. Како и да е, според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена Ова се дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венеицијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври, а што ги објавува „Плусинфо“.Нацртот е подготвен на 27 септември годинава и Плусинфо поседува копија од тој документ.

Македонија | пред 6 години

tatko-boki

Се апси татко му на Боки 13, тој е уште еден од осомничен во „Рекет“

Во моментов во тек е полициска акција по наредба на судот за обезбедување на Миле Јовановски, татко на Боки 13, осомничен во случајот Рекет за злоупотреби преку Меѓународниот сојуз.  Апсењето се одвива во Тафталиџе кај стара Змија, пренесува Вечер.Во Кривичниот суд пред малку беше донесена и Јасна Мандиќ- заменик претседателот на Меѓународниот Сојуз, невладината организација на Боки 13.

Македонија | пред 6 години

rocista

Осомничената Јасна Мандиќ, пристигна во судот

Потпретседателката на невладината „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ вечерва со полициска придружба беше донесена во Кривичниот суд.Мандиќ  е донесена на распит кај судија на претходна постапка како осомничена во новата истрага за „Рекет“ која беше отворена денеска.Дали Мандиќ ќе заврши во притвор, ќе се знае по распитот.   

Македонија | пред 6 години

Igor-Janusev

Јанушев: Повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципираа во власта, преминуваат во Коалицијата „За подобра Македонија“

Денеска имавме средба со дел од раководството од повеќе политички партии кои што до пред извесно време партиципираа во власта, дел од тие преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ, дел преминуваат во онаа конзервативна и останатите десничарски партии од Коалицијата „За подобра Македонија“, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Тие ги ставаат своите капацитети на располагање се со цел што побрзо да ја турнеме оваа криминално рекетарска власт и да помогнеме што побрзо во обновата на Македонија.Ние како ВМРО-ДПМНЕ остануваме отворени и ги повикуваме сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија да ни се придружат во борбата против власта, во борбата за обнова на Македонија.Она што исто така е вредно да се напомене е дека овие луѓе ги напуштаат политичките партии во период кога буквално сите механизми на присилба и уцена се во рацете на Заев и СДСМ и одлучиле да се придружат на нашата борба за што побрзо СДСМ и Заев да ги тргнеме од власта и да почнеме со обновата на Македонија, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zaki

Лазаревска: Ние инвестираме во реални потреби на образованието и ги решаваме наталожените проблеми

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за инвестиции во образованието е смешно и дегутантно, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната седница на собранието, посветена на ребалансот на буџетот за оваа година.Таа запраша дали е инвестиција тоа што од системот што го ВМРО-ДПМНЕ го креираше  11 години излегуваат 15-годишници, кои се полуписмени, кои заостануваат за 1,5 година со образование во однос на своите врсници од соседните земји и од ЕУ.Дали за вас е инвестиција воведувањето на Кембриџ програмата, за која стручњаците велеа дека не е соодветна, но министерството склучи договор и сега ние не можеме да го раскинеме бидејќи би плаќање милински суми, додаде Лазаревска, обраќајќи им се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.Дали за вас е инвестиција, 60 милиони евра за програмата Компјутер за секое дете, кои завршија во депоата на училиштата, дали за вас е инвестиција проектот за екстерно тестирање, толку скап, а толку деградирачки за наставниот кадар,  запраша Лазаревска.ВМРО-ДПМНЕ остави ученичките и студенстки домови со долгови од 5 милиони евра, студенти паѓаа по лифтови, печурки растеа, а сега се реновира. За разлика од вас ние инвестираме во реалните потреби и со секој буџет и ребаланс на буџетот ги решаваме наталожените проблеми, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на собраниската седница,посветена на ребалансот на буџетот за оваа година. 

Македонија | пред 6 години

vmro_np

ВМРО НП се оградува од таканаречени членови кои се изјаснуваат дека ја напуштаат ВМРО-НП и преминуваат во ДПМНЕ

ВМРО-Народна партија се оградува од постапките на таканаречени членови кои на прес-конференции се изјаснуваат дека ја напуштаат ВМРО-Народна партија и преминуваат во ДПМНЕ.Ниту е прв, а ниту последен пат некогаш владеачката, а сега опозициската ДПМНЕ да прави таканаречени диверзии со некакви членови кои ниту се појавиле во ВМРО-Народна партија ниту фигурираат во архивските списи како членови.ВМРО-Народна партија смета дека со ваквите неартикулирани постапки ДПМНЕ само го покажува стравот од силна ВМРО-Народна партија, особено сега кога членството и сите општински комитети се активирани во своите општини работејќи на подобрување на условите за живеење преку разни програми.ВМРО-Народна партија упатува апел до сите членови, симпатизери и гласачи да не наседнуваат на ваквите провокации и ситни испади на опозициската ДПМНЕ бидејќи станува збор за веќе видено сценарио особено во моменти кога ДПМНЕ јавно го манифестира стравот од зајакнувањето на ВМРО-Народна партија, се вели во соопштението од ВМРО  НП.

Македонија | пред 6 години

09102019_PVRSM_Zaev_sredba_egipetski_ambasador-2

Средба Заев Фатхаллах ел – Далие: По Договорот од Преспа отворени се можности за унапредување на економската соработка со Египет

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со МоајадФатхаллахел – Далие, амбасадор на Арапска Република Египет за Република Северна Македонија, кој го завршува својот мандат.На средбата е констатирано дека нашата држава напредува по Договорот од Преспа и отворените интеграциски перспективи и со тоа отворени се можности за унапредување на билатералната соработката, посебно на економски план, помеѓу Арапска Република Египет и Република Северна Македонија.Разговарано е за иницијатива за трговски можности во областа на земјоделството, со оглед дека нашата држава има потенцијали во земјоделството, како и за можностите за охрабрување на египетски бизнисмени да инвестираат во нашата земја.„Градиме пријателства со сите држави, а НАТО и ЕУ перспективите создадоа можности за поинтензивен развој на економските односи со државите во светот. Во очекување сме на историската одлука за шансата да почнеме преговори со ЕУ. Ги заокружуваме НАТО интеграциите коишто значат стабилност. Поради сето ова, зголемен е интересот на странските инвеститори, коишто со поволните бизнис услови што ги овозможува државава кон инвеститорите, гледаат перспективи за инвестирање овде. Се надеваме дека тие можности ќе ги препознаат и египетските компании“, рече премиерот Заев.На средбата се споделени искуства од Египет за развојот на туризмот и изградбата современа инфраструктура, а разговарано е и за промовирањето на културните вредности. 

Македонија | пред 6 години

IMG_0554

Спасовски и Аврамопулос го потпишаа Аранжманот за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот во Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и Еврокомесарот задолжен за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос денеска го потпишаа Аранжманот за спроведување на Заедничкиот акциски план за борба проти тероризмот во Западен Балкан, помеѓу Европската комисија и органите на Република Северна Македонија.На прес конференцијата по повод потпишувањето министерот Спасовски го изрази своето задоволство од потпишувањето на овој аранжман во име на Владата на Република Северна Македонија, нагласувајќи дека Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот е израз на заложбите за заедничко дејствување, истовремено отварајќи ја вратата за поинтезивна соработка заснована на доверба и партнерски однос.„Во фокусот на нашето заедничко дејствување како приоритети ги поставивме: ефективната размена на информации и зајакнување на оперативната соработка, подобрување на капацитетите за справување со терористичките содржини на интернет, како и понатамошно  јакнење на капацитетите за спречување на перење пари и финансирање на тероризмот. Како особено значајна за нашата држава би ја истакнал и поддршката на Европската Комисија во градењето на концептот на заштита за критичната инфраструктра, како една од приоритетните цели содржани во Заедничкиот акционен план“, истакна Спасовски.Според Спасовски, изложеноста на државата кон заканите и ризиците кои произлегуваат од насилниот екстремизам и тероризам, се врвни приоритети нза Република Северна Македонија, што резултираше со низа конкретни активности кои на терен се спроведуваат со широк фронт на чинители, со што дополнително ќе се придонесе кон ефикасно спречување и борба со насилниот екстремизам.„Заедничкиот акциски план што денеска го потпишавме претставува продолжение на активностите кои произлегуваат од Заедничкиот план за борба против тероризмот на земјите од Западен Балкан, кој ние, министрите за внатрешни работи, го официјализиравме минатата година во Тирана. Наведените клучни документи имаат за цел да придонесат за системско, континуирано јакнење на регионалната соработка и поуспешно интегрирање на Западниот Балкан во Европската Унија, преку споделување на исти вредности и приоритети“, нагласи министерот за внатрешни работи, упатувајќи благодарност кон Европската Комисија за нивната подготвеност да ја поддржат Северна Македонија во зајакнување на националните капацитети за справување со насилниот екстремизам и тероризам, а со тоа и кон обезбедување на мир и просперитет на нашите граѓани.   

Македонија | пред 6 години

DSC_8191

Во Кисела Вода започна акција за разубавување на дворовите на училиштата и градинките

Општина Кисела Вода во соработка со Волонтерски центар - Скопје и СУГС „Браќа Миладиновци“ спроведува активности за хортикултурно уредување на дел од дворовите на училиштата и градинките.Учениците од ветеринарната струка од средното училиште, дел од вработените од Општината и волонтерите од Волонтерскиот центар, акцијата за разубавување на дворовите денеска ја стартуваа од општинското основно училиште „Невена Георгиева-Дуња“. Тие во насока на зачувување на животната средина од стари автомобилски гуми создаваат саксии за нови садници и фигури за игра, кои ќе им помогнат на децата во психомоторниот развој.Во периодот што следува гумите офарбани во различни бои ќе направат попријатен амбиент во ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ и во објектите на ЈДГ „Весели Цветови“, „Синоличка“ и „Мимоза“.Покрај ова, со активностите ќе биде опфатено и расчистување на сувите лисја од дворовите.На предлог на локалната самоуправа во акцијата вклучени се и дечињата со аутизам.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична за 28 годишен маж, полицијата во автомобилот му пронашле огревни дрва без документација и моторна пила

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Д.Н.(28) од с.Чегране поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шума“ и ,,кражба“ на дрва. На 16.08.2019 во атар на с.Корито, при преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, полициски службеници пронашле и одзеле огревни дрва, без соодветна документација и моторна пила. По преземени мерки било утврдено дека во август 2019 на наведената локација пријавениот извршил бесправна сеча на 11,64 кубни метри огревни дрва, со што се стекнал со противправна имотна корист од 157.140 денари, на штета на Буџетот на Јавното претријатие „Национални шуми“.  

Македонија | пред 6 години

siluvanje

Скопјанец пријавил силување на неговата малолетна внука

На 09.10.2019 во 00.42 часот во Полициската станица Чаир, жител на Скопје пријавил дека врз неговата малолетна внука била извршена обљуба од страна на нејзиното момче, исто така малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

tepa-zena

Жена нападната поради недоразбирање во сообраќајот

На 08.10.2019 во СВР Скопје, Ф.Е.(36) од Скопје пријавила дека во 15.20 часот на ул.,,Кеј Димитар Влахов“, поради недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Работник паднал во каналот додека го чистел

На 08.10.2019 во СВР Тетово било пријавено дека А.С.(54) од с.Долна Бањица, гостиварско, додека работел на чистење на каналот од реката во гостиварското село Вруток, паднал и се здобил со повреди. Тој бил пренесен во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Soobrakajci-policija

СВР Тетово при контрола на јавен превоз, затекна возила со неисправни сопирачки

На 08.10.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле акциска контрола за техничка исправност на возила кои вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси и такси-комбиња. Во акцијата биле контролирани 95 возила (ТЕ-65 и ГВ-30 ) и биле откриени 37 прекршоци (ТЕ-16 и ГВ-21). Од контролираните возила, 16 имале неисправни сопирачки (ТЕ-11 и ГВ-5), три неисправни други уреди (ТЕ-1 и ГВ-2), четири истечена регистрација (ГВ), 12 неизвршен технички преглед (ТЕ-4 и ГВ-8), а на 2 возила им недостигала опрема. За откриените прекршоци изречени се 37 прекршочни платни налози и четири барања за поведување на прекршочна постапка, додека 22 возила веднаш се исклучени од сообраќај. При вчерашната контрола, исто така, констатирани се и четири останати прекршоци.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Струмица вршеше контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, еве што затекна?

На 08.10.2019 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Во акцијата биле контролирани 82 возила, а кај четири од нив биле утврдени неправилности и за нив биле изречени соодветни санкции (две биле исклучени од сообраќај, а на две се издадени мандатни платни налози).

Македонија | пред 6 години

policija-1

Кривична за екс в.д директор за „злоупотреба на службена положба“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.Ф. (44)  поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, поранешен В.Д. директор на АД „Водостопанство на РСМ“ во државна сопственост Скопје, подружница „Кумановско - Липковско поле“ - Куманово, за себе и за уште една вработена, во периодот од 2013 година до ноември 2017 година, во неколку наврати ги покачил месечните примања со што оштетил претпријатието за сума од 861.400 денари. Пријавениот, исто така, ги злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што вработената со спогодба била преземена од работно место инженер за одржување во сектор експлоатација и одржување и унапредена на работно место раководител на сектор за одржување, спротивно на правната регулатива и без распишување на оглас од страна на АД „Водостопанство“. 

Македонија | пред 6 години

zelen-pazar-204775

Kривична против екс-градоначалникот на Кавадарци, како ја избрал фирма за „Зелен пазар“?

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против А.П.(50) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во периодот од 2010 до 2013 пријавениот, како градоначалник на општина Кавадарци, без донесена одлука за донесување на детален урбанистички план за изградба на „Зелен пазар“, избрал фирма од Прилеп за изработка на идеен и основен проект за изградба на наведениот објект. Притоа, тој во три наврати на таа фирма ѝ исплатил вкупно 2.689.800 денари за наведените услуги. По изготвувањето на проектот и донесувањето на генерален урбанистички план за наведениот објект, пријавениот, не ја спровел одлуката на Советот на општина Кавадарци за расчистување на имотно - правните односи при изградба на објектот, по што објектот не бил изграден. Со ова, пријавениот ѝ овозможил на фирмата од Прилеп да се стекне со противправна имотна корист од 2.689.800 денари на штета на Буџетот на општина Кавадарци.

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето

СДСМ потроши три години без да преземе мерка за спречување на загадувањето. Зоран Заев најавуваше експресно почист воздух откако ќе ја преземе власта, и три години откако ја презема, ниту една мерка за спречување на загадувањето се нема спроведено, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Мерката за субвенционирање на инвертер уреди за греење е дискриминирачка. Како прво мерката е достапна само за жителите на неколку градови, а како второ истата е наменета само за определен  број на граѓани од тие градови.Мерката за инвертери нема реална примена. Практично не можно е со еден инвертер да се загрее цел стан од поголема квадратура од некои 70тина квадрати.Дополнително мерката е крајно популистичка и е очигледен обид за добра бизнис зделка на поединци од власта. 10 милиони кои власта ги дава за субвенционирање ќе бидат профит за некој бизнисмен близок до власта, а граѓаните ќе ги имаат истите проблеми кои ги имаат и сега. Воздухот ќе биде загаден.Почитувани,Половични решенија не се решение за загадениот воздух, туку се само популистичка мерка за замајување на граѓаните.Ако по три години на власт, Заев и Анѓушев како мерка против загадувањето  на воздухот предлагаат половично решение, кое нема за цел ефикасно решавање на загаденоста, туку само популистички да ќарат поен плус кај граѓаните, тогаш ни е јасно дека не им се пиоритет граѓаните, туку ситните политички поени.Граѓаните не се ниско интелегентни за да им поверувааат на манипулациите на Заев и Анѓушев.Доколку Заев и Анѓушев навистина сакаат да преземат мерки против загадувањето, ВМРО-ДПМНЕ со своите стручни тимови уште лани се понуди за помош, при што предложи и мерки кои што неопходно и треба да бидат применети, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања