Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

Ременски не чувствува вина, ги искара новинарите дека известувале неетички

Пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски и Потпретседателката на Собранието  која е осомничена во истрагата за финансиски криминал на Меѓународниот сојуз не чувствува никаква вина.  Таа изјави дека пред да бидат објавени факти во врска со случајот , новинарите веќе објавувале детали за нејзина вина во случајот и многумина известувале неетички.Инаку Ременски остана без пасош и не смее да го напушти Скопје, по барање на обвинителката Вилма Русковска која што ја осомничи во проширената истрага за случајот „Рекет“.Пратеничката од СДСМ, денеска беше два часа на распит пред судија на претходна постапка.

Македонија | пред 6 години

2-1

Средба Џафери - Шарец

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска оствари средба со претседателот на Владата на Република Словенија, г. Марјан Шарец.Посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи задоволство од повторната средба, претседателот Џафери ја искажа благодарноста за континуираната помош и поддршка на Република Словенија во остварувањето на нашите стратешки цели за членство во НАТО и ЕУ. Како држави со заедничко минато кои решија самостојно да го остварат својот пат како држави, бевме исправени пред многу задачи. Вие успеавте прилично брзо да ги завршите и да станете земја членка на НАТО и ЕУ и продолживте да ни ја давате вашата безрезервна поддршка на тој пат, оцени Џафери. Претседателот Џафери го информираше претседателот Шарец дека Република Северна Македонија за релативно краток временски период успешно ги надмина отворените прашања со Република Грција и Република Бугарија и го отвори патот за членство во НАТО, како и за процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство во НАТО, кој бележи поголема динамика од претходните членства, особено поради фактот што за 9 месеци имаме заокружени ратификации во 23 земји членки со очекување следната 2020 година тој процес да заврши и земјата да стане полноправна членка во НАТО. Притоа, тој ја искористи приликата да и се заблагодари на Република Словенија за првата ратификација на Протоколот по Република Грција оваа година. Во однос на ЕУ, претседателот Џафери изрази очекување дека земјата ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ на претстојниот Самит на Советот на ЕУ.Претседателот Шарец констатираше дека Република Северна Македонија направи оргомни напори и инвестираше многу во процесот за зачеток на евроатлантските процеси. Како земја пример во регионот за заеднички соживот, земјата заслужува да отпочне преговори и да биде самостојно оценувања за нејзините досегашни достигнувања, со што ќе може реално да направи придвижување во својот  евроинтегративниот пат. Тој го увери претседателот Џафери дека Република Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ да ги убеди европските партнери дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори за членство во ЕУ.Двајцата соговорници беа согласни дека соработката меѓу двете земји треба да продолжи со несмален интензитет на поле на економијата, културата и во други области од заеднички интерес, а дијаспората да служи како мост на поврзување и унапредување на соработката на овие полиња.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Николоски на работни средби во Рим и Ватикан

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски од денес 10 Октомври до сабота 12 Октомври престојува во работна посета на Рим и Ватикан. Николоски ќе учествува на состанокот на Извршниот комитет на Центристичката Демократска Интернационала (ЦДИ)- светска организација на центар десни партии во која ВМРО-ДПМНЕ беше примено минатата година и беше прв меѓународен успех на новото раководство на партијата. Николоски исто така ќе има билатерални средби со Италијански политичари, а ќе има и аудиенција во Ватикан.Посетата Николоски ќе ја започне вечерва со работна вечера со Андрес Пастрана- Претседател на ЦДИ, а утре ќе учествува во работата на Извршниот комитет, како и на основањето на Младинска организација на светски десничарски партии. Во рамки на работата на ЦДИ Николоски ќе информира за активностите на ВМРО-ДПМНЕ, реформите во партијата, акцијата Обнова на Македонија како и очекувањата за брзи предвремени избори после кои ВМРО-ДПМНЕ би ја формирало Владата. Ќе информира и за растечката корупција, уништената економија и немањето владеење на правото со Владата на Заев.Во рамки на својата посета Николоски утре исто така ќе се сретне со Масимо Кандура- сенатор од партијата Лега на Масимо Салвини, партијата со која ВМРО-ДПМНЕ почнува да гради блиски реалции. На истата ќе се зборува за соработката меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Лега како и меѓу Македонија и Италија.Николоски утре ќе учествува и на работна вечера организирана од Винчензо Амендола- министер за европски прашања на Италија. На средбата Николоски ќе побара ЕУ да не ги казнува македонските граѓани заради неспособноста и криминалот на Заев и да определи датум за почеток на преговори со ЕУ.Во сабота Николоски ќе има приватна аудиенција во Ватикан на највисоко ниво. Во разговорите се очекува да зборува за продлабочување на односите на Македонија и Светата Столица на сите полиња имајќи го предвид силното влијание на Ватикан во Западниот свет. 

Македонија | пред 6 години

DSC_8764

Детската недела во Кисела Вода се одбележа со културно уметничка програма

По повод одбележувањето на Детската недела 2019, денеска во паркот „Шопен“ во Кисела Вода се одржа настан со богата културно уметничка програма.Првачињата од општинските основни училишта „Невена Геогриева - Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“, во паркот пред присутните изведоа повеќе музичко-ритмички точки, а читаа и детски песни преку кои испратија пораки до возрасните.На настанот, во прекрасната изведба на децата уживаше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.Детската недела со разни активности се одбележа во сите основни училишта во Кисела Вода. Секоја година, во првата полна седмица на октомври Детската недела ја одбележуваат сите земји членки на Обединетите нации.

Скопје | пред 6 години

72482271_2337205236608131_2944407575573037056_n

Сензорски соби во три основни училишта на Општина Чаир

Денес на состанокот на колегиумот на Општина Чаир се одлучи во две основни училишта: Лирија и Хасан Приштина да се инсталираат сензорски соби за да се обезбедат подобри услови за учениците со пречки во развојот.Двете сензорски соби заедно со она во основното училиште “Имри Елези“ која е при крај, ќе овозможат лесен и современ тек на образовниот процес за децата со пречки во развојот, како и за олеснување на работата на наставниците на овие училишта.

Скопје | пред 6 години

10102019_VRSM_Debata_Profesionalna_posvetenost_na_novinarskata_profesija_2

Поповски на дебатата на тема „Професионална поставеност на новинарската професија - предизвици и компаративни искуства“

Министеротзакомуникации, отчетност и транспарентност,РобертПоповски, учествуваше на дебата на тема „Професионалнапоставеност на новинарскатапрофесија - предизвици и компаративниискуства“штосе одржа денескавоорганизација на Самостојниотсиндикат на новинари и медиумскиработници (ССНМ).„Владата има обврска да ја почитува слободата на говорот и изразување. Еден од фундаментите, столбовите на оваа Влада е токму тоа, целосна недвосмислена поддршка на слободата на говорот и на слободата на изразување. Тоа значи целосна поддршка на слободата на новинарската професија и почит на професионалните стандарди. Токму затоа постојано велиме дека саморегулацијата ја има нашата целосна поддршка и секогаш ќе стоиме зад она што еснафот, професијата, смета дека е најдобро како решение за било кое од овие прашања. Меѓутоа, исто така Владата има обврска да ги штити правата и интересите на граѓаните“, истакна Поповски.Понатаму во своето обраќање министерот Поповски се осврна на важноста на изнаоѓање заедничко решение за борбата со лажните вести, нарекувајќи ги новото оружје за масовно уништување. Зборувајќи за концептот Отворена Влада, транспарентноста на институциите, медиумската писменост и  Предлог планот за одлучна акција против ширење дезинформации и напади врз демократијата, Поповски најави серија на средби и јавни дебати за креирање на проактивни мерки за борба со ова современо зло.„Граѓаните, сите ние во оваа земја се наоѓаме под една изразена агресија на неточни, лажни вести, дезинформации, полуинформации, шпекулации коишто се креираат, се создаваат од овде од дома, но доаѓаат и од надвор. Јас отворено кажувам и дури некогаш оваа состојба ја дефинирам како специјална војна која што и се случува на државата. Не сме единствени, многу земји и во Европа и  секаде го доживуваат ова, но ние имаме обврска да си ги гледаме нашите состојби и да се обидеме да најдеме одговор, решение на појавата што ја загрозува секоја индивидуа во општеството“, рече Поповски.Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност во своето обраќање ја потенцираше поддршката на Владата на РСМ за изработка на регистарот на медиуми од страна на Советот за етика на медиумите (СЕММ) во соработка со Здружението на новинари (ЗНМ) и останатите медиумски организации.„Владата кажува дека ќе ги почитува стандардите на новинарската професија. Стандардите на новинарската професија гидефинирате вие, а не Владата. Како што ќе ги дефинирате, така ќе ги почитуваме“, нагласи.На оваа јавна дискусија свои обраќања имаа и Ѕвездан Георгиевски, в.д.претседател на ССНМ, Младен Чадиковски,претседател на ЗНМ ипретседателката на СЕММКатерина Синадиновска. 

Македонија | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

Свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“

Свеченостите по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ на 11 октомври ќе се одржат во Куманово, Скопје и Прилеп.КумановоСвеченоста за одбележување на празникот во Куманово ќе започне во 10:00 часот со положување на свежо цвеќе на Спомен – Костурницата. Потоа ќе следи интонирање на химната на Република Северна Македонија, од страна на воениот оркестар а ќе се обрати и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.Ве молиме, поради пристапноста на теренот на Спомен – Костурницата и ограничениот простор за проток на возила, да пристигнете на локација најдоцна до 09:00 часот.Ве молиме, со себе да ги носите прес картичките од Вашиот медиум, за да имате проток низ сообраќајните правила за тој ден.СкопјеПразникот  „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Скопје ќе се обележи со свечено положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел со почеток во 09:00 часот.ПрилепВо Прилеп, свеченостите за одбележување на празникот ќе се одржат пред споменикот на Методија Андонов-Ченто и пред  споменикот на Кузман Јосифоски-Питу со почеток во 08:30 часот. По што ќе следи марш во чест на паднатите борци, кој ќе започне во 08:50 часот од Участакот до Паркот на револуцијата. Во 09:30 часот делегациите ќе положат свежо цвеќе на Могилата на непобедените, по што свое обраќање ќе има министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.Го покануваме Вашиот медиум да ги проследи настаните.Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание.

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Честитка од претседателот Џафери по повод 11 Октомври, Денот на народното востание

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија,Дозволете од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври, Денот на народното востание.Ова е ден со кој се обележува почетокот на одлучната борба против фашизмот - најголемото зло во историјата, и почетокот на решителната борба за слобода и достоинство, со што била дадена поддршка и помош за победата на доброто врз злото во Втората светска војна. Денешниот празник е значаен ден во историјата на државата и јас посакувам сите да го одбележиме достоинствено и во големо празнично расположение.Борбите на народите се менуваат низ годините, начините на борба исто така се менуваат согласно со современите предизвици што ги носи брзиот технолошки развој. Меѓутоа, едно остануваа исто засекогаш а тоа е, никогаш да не заборавиме да бидеме на вистинската, исправна страна, односно да се бориме за достоинствен и еднакво добар и квалитетен живот за сите. Заедно да го изодиме патот на евроатланската интеграција и да градиме стабилна и сигурна иднина за идните генерации во држава која ќе биде пример за успех во историјата.Дозволете уште еднаш да Ви го честитам државниот празник 11 Октомври и да Ви посакам убав празничен ден во кругот на вашите најблиски, се вели во честитката на Арбен Џафери.

Македонија | пред 6 години

71754072_2389386417994018_7064036585515253760_n

Прва средба на ко претседателите на македонско-руската Меѓувладината Комисија за трговско- економска и научно – техничка соработка

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во Москва, Русија, одржа работен состанок со претседателот на рускиот дел од Меѓувладината комисија за трговско - економска и научно техничка соработка, Алексеј Груздев.На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои и за неискористениот потенцијал во економската соработка. Димковски и Груздев, се договорија да бидат проучени можностите за реализирање на конкретни иницијативи и заеднички проекти.Воедно, Димковски и Груздев разговараа и за претстојната 9-та седница на Комисијата која ќе се одржи на ноември во Охрид. Во фокусот на седницата ќе бидат неколку теми, енергетика со посебен акцент на инвестиции во хидроенергетика, гасификација, примена на нови иновативни технологии, туризам и земјоделство. Во рамки на претстојната седница на Комисијата ќе биде одржан и бизнис форум и Б2Б средби меѓу заинтересираните фирми од двете земји, за воспоставување долгорочна соработка. Од руската страна веќе постои интерес од автомобилската индустрија, фирми кои нудат земјоделска механизација, од ИТ секторот, третман на отпад и решавање на проблемите со загадување. Земјоделството како еден од клучните сектори во билатералната соработка ќе биде еден од носечките во идната соработа, имајќи ги предвид можностите за извоз на земјоделско - прехранбени производи кои се во подем и за нив постои голем интерес на рускиот пазар.Инаку на работниот состанок освен делегацијата од МЗШВ, присуствуваше и претседателот на македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, во Мoсква, Русија,Руската Федерација е значаен трговски партнер на Република Македонија и во 2016 година го завзема 14-то, во 2017 година е на 18-то место на листата на земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена.Најизвезувани производи од РСМ во Русија се лекови, а од земјоделски производи се извезуваат кајсии, цреши, вишни, праски, сливи, јаболки, домати, зелка.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Собранието на Македонија да усвои документ за почитување на татарско-монголското потеко на бугарскиот народ

Единствена Македонија со неверување гледа како македонските државни органи се неми набљудувачи на крајно агресивната бугарска политика за укинување и обезличување на македонскиот народ. Поминаа два дена од усвојувањето на т.н. рамковен документ од бугарската влада, а целосен молк од македонска страна иако најновиот бугарски документ  е уценувачки и го руши македонското национално ткиво, се вели во соопштението на Единствена Македонија.  Единствена Македонија ги повикува македонските пратениците да одржат итна седница на која Собранието на Република Македонија ќе донесе рамковен документ за почитување на татарско-монголското потекло на бугарскиот народ. Истовремено, со овој документ македонските пратеници до крај да ја разјаснат историската вистина дека еден дел од бугарското население е со македонско етничко потекло, дека во историјата повеќе бугарски влади како и значајни државни институции во минатото и денес ги раководат Македонци кои за жал не издржале во историјата, а бугарскиот народ влече корени од татарско-монголската етничка група.Единствена Македонија ги повикува и охрабрува македонските пратеници да не се плашат да ја кажуваат вистината која базира на историски извори за татарско-монголско потекло на Бугарите, се вели во соопштението на Единствена Македонија.     

Македонија | пред 6 години

naum

Стоилковски: Членки на ЕУ велат Македонија мора да се бори со висока корупција, а Октоподот на власт бара забошотување на Рекет1 и Рекет2

Членки на Европската Унија посочуваат дека Македонија мора да испорача борба со висока корупција, а Октоподот на власт во Македонија бара можност да бидат забошотени скандалите Рекет1 и Рекет2. Рекет2 е класичен случај на висока корупција, во кој што, според кривичната пријава и сведоштва на оштетената страна, владини функционери спречувале странска компанија да инвестира, да купи домашна компанија, постои сомневање за рекетирање, сомневање дека државни функционери наметнувале кому да биде продадена компанијата, постои сомневање за злоупотреба на позиции и на институции како Обвинителството и на Управата за Финансиско разунавање, поведени чисто од лукративни причини. И истрагата на обвинителството за тоа тапка во место, или молчи иако според законите и според нормите заради јавниот интерес може да информира како тече истрагата и дали во неа се опфатени високи државни функционери, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Згора на тоа, Зоран Заев се уште не ги дава Ден Дончев и Венко Филипче, не бара нивни оставки, не се дозволува колку- толку кредибилна истрага. Додека се на функции влијаат на докази, на сведоци, може да го повторат делото, може да вршат слични злоупотреби врз други компании, на штета на здравјето на граѓаните.  Ниту власта се откажува од нив, ниту пак обвинителството тоа го бара.Напротив, Заев лично посведочи дека Обвинителството наместо борба со висока корупција, корупција на функционери, ја известува власта за своите сознанија и намери.Зоран Заев, Ден Дончев и Венко Филипче практично ги признаа наводите во кривичната пријава за Рекет2. Признаа дека спротивно на нормите пред странски инвеститор навеле наводен криминал и истрага за него пред воопшто истрага да почне- што се толкува како намерно лажење, се демантираат па се признаваат контакти со Зоран Милески Кичеец лицето обвинето во Рекет1, се признава дека финансиите добиени од продажба на приватна компанија се замрзнати речиси цела година, а нема резултат од наводната истрага за криминогено работење.Во недостаток на информации, јавноста со право се сомнева и прашува за месечни транши исплатени за Рекет пред да биде извршена продажбата, се сомнева за рекетирање на бизнисмен по продажбата со барање на дел од исплатените пари од продажбата, се сомнева за вистина постоење на Благајник со Брада во Струмица каде завршувале месечните рекетирани исплати, се сомнева во декларираните намери на Октоподот да предупредат и дека зад тоа стои криминал и корупција.Ова не е случај кој што може да остане забошотен и без влијание за перцепцијата за државата и за системот, се работи за компанија, Шведски гигант во здравствените услуги, за тоа се запознаени и дипломатскиот кор во земјата, запознаени се меѓународните институции, запознаени се и пишуваат странски медиуми.Македонија мора да расчисти со октоподот на власт, мора да се преземат вистински зафати во обвинителството, мора да се урне спрегата на октоподот, бидејќи се друго води кон натамошна девастација и уништување на државата и осиромашување на граѓаните. Потребна е обнова на Македонија. Избори се неопходни за Македонија, фер и демократски избори мора веднаш да бидат распишани, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Arsovski-02-09-2019-mediumi

Арсовски: Раководството на партијата, почнувајќи од претседателот Зоран Заев е длабоко инволвирано во криминал

СДСМ не е политичка, туку рекетарска организација. Раководството на партијата, почнувајќи од претседателот Зоран Заев е длабоко инволвирано во криминал.Сега гледаме дека длабоко во криминал се заглавени и неговите поранешни потпретседатели и останатите функционери за кои претходно говоревме дека за криминалот за кои се заглавени беа разрешени од своите позиции од страна на Заев, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Под притисок на јавноста, Русковска обвинителството дури после шест месеци собра храброст да преземе мерки против Фросина Ременски. Отворено се сомневаме дека целиот овој период истрагата се развлекуваше само за да се избришат трагите кои водат до нејзиниот претпоставен, главата на октоподот тоа е Зоран Заев.Цели шест месеци од јавното обелоденување на обвинителско-медиумско-политичко рекетарските шеми на Заев, Ременски беше оставена да ги извршува и партиските функции, но и функцијата потпретседател на Собранието. Цели шест месеци на Ременски и беше оставена можност да влијае и на сведоците и на истрагата и на сите други процеси во државата, практично да уценува со својата позиција.Фросина Ременски мора да се повлече од функцијата пратеник за да овозможи истрагата да се одвива без никакви влијанија.Фросина Ременски има моќна позиција и може да влијае и преку нејзиниот сопруг кој располага со класифицирани информации и државни тајни. Сите видовме дека сопругот на Фросина Ременски дури и преку фејсбук се закануваше со апсења. Може да претпоставиме што ќе прави наредниот период само да ја заштити својата понежна и поубава половина.Случајот рекет е срам за Република Македонија и најдобар доказ дека целата држава е заложник на криминалците од власта. Случајот Рекет не смее да заврши како за пресметка меѓу параполициските структури внатре во СДСМ или нивен меѓусебен договор за заташкување на случајотПравда мора да има. Улогата на Зоран Заев во рекетот мора да биде утврдена и санкционирана, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

10102019_PVRSM_Zaev_trilateralen_sostanok_so_Vucic_i_Rama_1

Заев, Вучиќ, Рама: Да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање и четирите слободи на ЕУ за проток на производи, мобилност на луѓе, услуги и капитал

Отворени сме за оваа и за сите други иницијативи кои одат во насока да ги зајакнат постоечките форми што ја промовираат регионалната соработка и што го забрзуваат процесот на интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија,  Зоран Заев, на заедничката прес-конференција по повод трилатералниот состанок со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, што денеска се одржа во Нови Сад во Република Србија.„Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на трговијата, протокот на производи, мобилноста на луѓе, услуги и капитал. Тоа се четирите слободи на ЕУ. Во нашиот регион мораме да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање. Мораме да ја донесеме Европа на Балканот во секоја од нашите земји. Тоа е составен дел од нашата домашна задача за интеграција во ЕУ.  Мора да се зајакнат процесите за реализација на Регионалната економска област и да ги исполниме задачите кои сме ги поставиле за взаемно признавање на дипломи, сертификати, намалување на трговските бариери, подобрување на инфраструктурата, воведување на полесни и поефикасни царински процедури“, рече претседателот на Владата на Северна Македонија, Заев.Премиерот Заев во својата изјава за медиумите потенцираше дека сите граѓани на регионот гледаат на Балканот на 21 век како на регион на мир, стабилност и економски развој,  комплетно ориентиран и посветен на забрзување на интеграцијата во ЕУ.„Иницијативата за зајакнување на регионалната соработка што ја поттикна Претседателот Вучиќ ја гледаме во контекст на другите регионални иницијативи под капа на Советот за регионална соработка меѓу земјите од Западен Балкан во рамките на  Берлинскиот процес. Силната и суштинска регионална соработка е важен чекорза нашата интеграција во ЕУ. Секогаш е добро и секогаш треба да покажуваме дека заедно можеме и сакаме повеќе. Има многу неискористен потенцијал во зголемувањето на регионалната соработка. Ќе добиеме повеќе почит и поддршка од ЕУ, ако самостојно покажеме политичко лидерство и грижа за унапредување на соработката“, нагласи премиерот Заев.Тој потсети дека меѓу Северна Македонија и Србија е воведено интегрирано гранично управување, и дека многу скоро истото тоа ќе се спроведе и на најфреквентниот граничен премин со Албанија.„Оваа иницијатива е отворена за приклучување на другите земји од Западен Балкан, како и останатите чинители кои ја помагаат регионалната соработка. Сега даваме силна политичка поддршка, а во иднина ќе имаме и други работни средби и состаноци за реализација на нашите заложби“, истакна премиерот Заев.Во 2020 Република Северна Македонија за прв пат како земја кандидат за членство во ЕУ, заедно со Република Бугарија ќе ко-претседава со Берлинскиот процес, рече премиерот Заев и додаде дека тоа е добра прилика да му дадеме нов, силен импулс на зајакнувањето на регионалната соработка.„Истовремено, тоа е добра шанса да обезбедиме комплементарност и реализација на сите иницијативи, вклучително и оваа, бидејќи сите тие ја трасираат брзата патека што води кон Брисел“, нагласи во завршницата на заедничката прес конференција по трилатералниот состанок со Претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, што денеска се одржа во Нови Сад во Република Србија.Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија Еди Рама во своите изјави на прес конференцијата ги издвоија поентите од декларацијата што денеска ја објавија тројцата лидери во Нови Сад во која е истакната заложбата за реализација на четири слободи на ЕУ - движење на луѓе, стоки, капитал и услуги - во Западен Балкан. 

пред 6 години

1

Општина Чаир се солидализира со семејствата на изгорените куќи во населба Серава, советниците изгласаа финансиска помош

На 29-тата седница на Советот на Општина Чаир, едногласно се усвои предлогот за финансиска помош за семејствата на двете изгорени куќи во населба Серава. Истотака, Општина Чаир посредува за изнаоѓање и на други донатори и апелира до сите кои имаат можност да придонесат за повторната изградба на куќите пред да започне зимскиот период.

Скопје | пред 6 години

zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

Верушевски, наместо да да одговара на конкретни прашања, тој вината за прислушувањето ја префрли врз Никола Груевски

Наспроти очекувањата поранешниот разузнавач Зоран Верушевски да се дообјасни за својата улога во вадењето на нелегално снимените разговори од УБК, тој денеска внесе дополнителна конфузија, со тоа што, наместо да одговара на конкретни прашања, тој вината за прислушувањето ја префрли врз Никола Груевски.Денеска на неговото второ сведочење во судот тој изложи теорија дека СЈО згрешило и оти поранешниот премиер требало да биде првоосомничен во случајот „Таргет-Тврдина“. Елаборираше на оваа тема, иако го прашуваа сосема други работи што немаа врска со тоа кој е највиновен, објави Призма.мк„Специјалното јавно обвинителство направило круцијално поместување од лицето што требало да биде првоосомничено“, академски дефинираше Верушевски.На конкретното прашање да каже каде физички ги вршел анализите на снимените разговори, Верушевски помалку надмено и со патронизирачки тон образложи:„Анализите се мисловен процес, а не физички. Тие се предодредени на интелектуалниот капацитет на поединецот. Илузорно е да се фокусираме на локацијата, мисловниот процес може да почне на едно, а да заврши на друго место.“Се доби впечаток дека Верушевски дошол да каже своја и сосема нова верзија за „бомбите“, а не да одговара на прашањата на обвинителката Ленче Ристоска.Текстот во целост на: Призма.мк

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Почна да се гради првиот Дино парк

Во скопската Зоолошка градина денеска почна да се гради првиот Дино парк - тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Дино паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.Ова ќе биде првиот Дино парк на Балканот во кој ќе има толкав број фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни. Токму поради тоа, очекуваме овој парк да прерасне во туристичка атракција која ќе ја збогати туристичката понуда во Скопје. За изградбата на овој парк предвидени се околу 20 милиони денари распоредени во 2 буџетски години. Веќе во првата половина од следната година планираме паркот да биде завршен и отворен за посетителите. Како што ветивме, Скопје чекор по чекор го менува својот лик во секоја смисла на зборот. Ќе продолжиме и понатаму да го збогатуваме градот со секаков вид содржини кои во минатото му недостигаа, пред се со содржини за најмладите, но и со содржини кои ќе го подигнат квалитетот на туристичката понуда што секако ќе даде позитивни ефекти и во економијата – рече денеска градоначалникот Шилегов, на презентацијата на проектот за новиот Дино парк.Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза, еден влез од внатрешноста на Зоолошката градина и уште еден од страната на Градскиот парк. Во паркот ќе бидат распоредени сите придружни елементи - патеки, зеленило, билетарница, тераса и дел за одмор. Патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се надополни со ново.

Скопје | пред 6 години

5-1

Започнува реконструкцијата на офицерскиот дом во Битола

Со воведот во работа, кој денес започна во кабинетот на градоначалничката Наташа Петровска, на кој присуствуваа претставници на ЛРЦП, претставници на изведувачите, надзорот, задолжените лица од општината за проектот, како и претставници на Заводот и музеј, започнува постапката за реконструкција на Офицерскиот дом во Битола.По потпишувањето на договорот во кабинетот на градоначалничката, претставниците на терен од страна на изведувачот беа запознати со почетните активности, со кои ќе започне обновата на овој значаен културно историски објект, не само за градот Битола, туку и за целата држава.Офицерскиот дом, неговата реконструкција и враќањето на стариот сјај на битолскиот бисер, беше еден од клучните проекти за овој мандат на градоначалничката Наташа Петровска.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Катица Јанева примена на Клиниката „Жан Митрев“ во прединфарктна состојба

Второосомничената во случајот „Рекет“ Катица Јанева која утринава била примена на Клиниката „Жан Митрев“ е задржана на Клиниката, рече за НОВА, адвокатката на Јанева Ирена Фрчкоска.Таа имала висок крвен притисок и болка во градите, објави НоваТВ.„Таа е задржана на Клиниката поради сомнение дека е во прединфарктна состојба“, рече Фрчкоска.Текстот во целост на: Новатв.мк

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 433 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатите 10 дена (30.09 - 09.10.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 433 возила од јавните површини.  Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 64 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 369  возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  685 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 64 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.  

Скопје | пред 6 години

obedineti-za-makedonija-OM

ОМ: Обединувањето на десницата не почнува од белата палата

Почитувани членови и симпатизери на ОМ, почитувани граѓани на Македонија,  Би излегле на прес-конференција, но за неважни работи и луѓе кои  работат за нечии интереси, како про-западна и модерна десна партија  заклучивме дека нема потреба да трошиме енергија и време.Истите членови кои „преминуваат“ се тргнати и исклучени од партијата  уште пред неколку месеци поради нивните неусогласени ставови со Претседателството на партијата.Обединети за Македонија како и секоја сериозна партија има општински организации и раководство кои одлучуваат за натамошниот тек на партијата, затоа сите изјави од таканаречени членови е невалидна.Дали некои имаат цел да ја спинуваат ослободителната пресуда на нашиот Претседател, Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“, со што се докажа како поранешната Влада се пресметувала со политичките противници?Како овој, но и другите случаеви се само производ на едно тоталитарно размислување на остатоци од комунистичкиот про-југословенски режим, чиишто луѓе ја опседнаа партијата ВМРО-ДПМНЕ.Затоа прашуваме: ОД ШТО СЕ ПЛАШИТЕ?Обединувањето на десницата не почнува од белата палата. Обединети за Македонија останува верна на идеалите на ВМРО и нејзините членови се тука за поддршка, тоа може да се забележи од таканаречените членови кои беа дури двајца на вчерашната прес-конференција.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Не запираат дефектите во РЕК Битола

Неспособноста на Заев и носи милионски штети на Република Македонија секој ден. Не запираат дефектите во РЕК Битола. Вчера вечерта од употреба е исфрлен блокот 3 во РЕК Битола, само ден откако во функција е вратен блокот 1.Само исклучувањето и вклучувањето на блокот 3 ја чини државата 200.000 евра, дополнително секој ден неработа ја чини државата 240.000 евра. Само за денеска штетата која е причинета во однос на буџетот изнесува околу половина милион евра, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Половина милион евра наместо за нови инвестиции и проекти во енергетскиот систем во државата завршуваат за покривање на штетите предизвикани од неспособните партиски вработени во РЕК Битола.Неспособноста на СДСМ премногу ја чинеше државата. Само заради лошото управување на власта со РЕК Битола државата оваа година на покривање  на штетите потроши над 20 милиони евра.20 милиони евра наместо на модернизирање на производството одат  на покривање на неспособноста на власта.СДСМ и Зоран Заев и нанесуваат штета на државата, граѓаните и буџетот. СДСМ  и Зоран Заев мора да си заминат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Mentalno-zdravje

10 Октомври-Ден за ментално здравје

Притисокот што го налага новиот начин на живот,  посебно по појавата на социјалните медиуми создава основа за развој на депресија особено кај младите на возраст од 15-24 години.Ова е пораката на докторите од ЈЗУ Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје при Светскиот ден посветен на менталното здравје.„Од исклучителна важност е раното детектирање на проблемите кај младите кои се повеќе се под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медиуми, големото количество на информации кои не се слика на реалноста и создаваат услови за повлекување на младите , социјална изолираност и чувство на неприфатеност. Се почести се случаите на училишен мобинг не толку присутен во минатото. “, вели д-р Стојан Бајрактаров,  директор на ЈЗУ  Универзитетска Клиника за психијатрија - СкопјеСпоред него депресијата кај младите треба да се препознае и навреме да се третира, таа е излечива.„Веројатноста да се појави анксиозно-депресивна симптоматологија кај адолесцентите поради претераната употребата на социјалните медиуми и интеренетот и отуѓеноста која тие ја создаваат, расте пропорционално на интензитетот на зависноста од овие медиуми. Според стручната практика, се повеќе млади во периодот од 15 до 24 години покажуваат склоност кон прекумерна употреба на интернет или покажуваат знаци на зависност кои често водат до депресија. Ваквиот начин на живеење, претераната употреба на друштвените мрежи, намалено родителско внимание, може да се појави таканаречен страв од исклученост или fear of missing out. Анксиозноста е поврзана и со стравот од исклучување од активностите на другите, а резултира со постојаната потреба за виртуелни контакти со другите и следењето што прават другите на социјалните мрежи. Автоагресивното однесување и социјалната дисфункционалност се поврзани токму со се поголемата присутност и влијание на виртуелната реалност, за што секако има удел и злоупотребата или претераното користење на електронските уредии друштвените мрежи“, додаде директорот Бајрактаров.Според некои истражувања, секој 10 ти корисник на социјалните мрежи, покажува знаци на анксиозно депресивна симптоиматологија.„Важно е да се напомене дека оттуѓувањето, изолацијата, намалената комуникација меѓу луѓето и чувството на осаменост се силно асоцирани со суицидално однесување и токму тука институционално треба да реагираме во превенција и зголемување на свесноста за сериозноста на овој проблем.  Постоењето на стигма поврзана со менталните растројства и самоубиството, подразбира дека многу луѓе кои планираат да извршат или веќе извршиле обид на самоубиство не бараат соодветна помош и не ја добиваат помошта која им е потребна. Потешкотиите во превенцијата на самоубиство главно потекнуваат од ниската свест за самоубиство како битен здравствен проблем како и постоењето на табу во општеството  отворено да се зборува за тоа, вели директорот на Клиниката за психијатрија.Земајќи предвид дека во светски рамки самоубиството е водечка причина за смрт во старосната популација меѓу 15 и 29 години, веднаш по сообраќајните несреќи, се согледува потребата од превенција. Во глобални рамки, околу 800 000 луѓе во светот умираат секоја година како резултат на самоубиство, што би значело едно лице на секои 40 секунди. Во Македонија во 2018 година се регистрирани 121 самоубиства од кои 35 на млада возраст од 15 до 35 години.Д-р Бајрактаров додаде дека иако постои силна врска помеѓу самоубиство и ментални растројства (најмногу депресија, злоупотреба на алкохол, психотични нарушувања), факт е дека дел од самоубиствата се случуваат импулсивно, во моменти на криза со пад на можностите на човекот да се справи со стресови, осаменост, изолираност, како и финансиски проблеми, хронични болести, загуби, насилство, интерперсонална злоупотреба. 

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Обвинителен акт за три лица во предметот „Рекет“

По сеопфатна истражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција,  денеска до Основниот кривичен суд поднесе Обвинителен акт против три лица, македонски државјани. Две од обвинетите лица се теретат дека сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ предвидено и казниво по член 359 став 7 во врска со став 3 во врска со став 2 во врска со член 22, a на првообвинетиот му се става на товар и кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело “ по член 273 став 1 од Кривичниот законик. Второобвинетото лице се терети дека сторило кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ – казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Имено, првообвинетиот во периодот од месец ноември минатата година  до месец април годинава, искористувајќи го своето претпоставено влијание врз второобвинетото лице – јавен обвинител, влијаел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.  Тој, искористувајќи ги претходно воспоставените пријателски односи влијаел врз второобвинетата, при спроведувањето на истражна постапка во предметот со работен наслов „Империја“, да ја олесни положбата на сведокот кој во предметот е еден од осомничените и на кого по предлог на јавниот обвинител му било определена мерка притвор. Третообвинетиот битно придонел за извршувањето на кривичното дело со договарање на континуирани средби на првообвинетиот со сопругата на сведокот, а подоцна и со сведокот, притоа уверувајќи ги во неговото влијание врз јавниот обвинител.Второобвинетата го прифатила влијанието на првообвинетиот и како службено лице – јавен обвинител, ја искористила својата службена положба и овластување и ги пречекорила границите на своето овластување. Откако првообвинетиот заедно со  третообвинетиот ги добил договорените 500.000 евра од сопругата на сведокот и покрај тоа што постоеле неизменети околности врз кои била определена и продолжена мерката притвор, второобвинетата до Апелациониот суд – Скопје доставила предлог за определување на поблага мерка – куќен притвор, кој предлог бил прифатен од страна на судот. Воедно, согласно договорот, по исплатата на првите 1.000.000 евра, второобвинетата доставила писмена согласност до судот одземената патна исправа привремено да му биде вратена на сведокот.Со преземените службени дејствија второобвинетата ја искористила и ја пречекорила својата службена положба и овластување и за себе прибавила имотна корист во значителен износ и тоа во предмети – мебел во износ од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра. Првообвинетиот иако невработен, со блокирани трансакциски сметки и без приход, на почетокот на оваа година купувал за себе луксузен мебел, облека и обувки и престојувал во луксузни летувалишта – ресорти надвор од нашата земја што упатува дека ги пуштил во оптек паричните средства што ги прибавил со кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“.Ценејќи дека се исполнети условите предвидени во Законот за кривична постапка, со Обвинителниот акт, до Основниот кривичен суд – Скопје е доставен и Предлог за продолжување на изречените мерки за обвинетите.

Македонија | пред 6 години

oruzje-17

Едно лице под истрага за поседување оружје, муниција и дрога

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 9 октомври, во близина на трговскиот центар „Мавровка“, при извршен преглед кај осомничениот 30-годишен скопјанец биле пронајдени 19,47 грама марихуана. Истиот ден, при претрес во неговиот дом на улица „Волгоградска“, било утврдено дека тој кај себе држел поголемо количество оружје и муниција – еден пиштол марка „P.Beretta 950 B” со калибар 6,35 со една празна рамка, еден револвер „Z.Brno“ модел Grand, шест куршуми – муниција кратко зрно со калибар 6,35 наменета за испалување од огнени оружје – полуавтоматски пиштоли, 15 куршуми муниција со калибар 38 Special наменета за испалување од огнено оружје – револвер, како и 322 куршуми – муниција долго зрно со калибар 7,62Х39 мм.Ценејќи дека се исполнети основите предвидени во Законот за кривична постапка, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Македонија | пред 6 години

Civil

ЦИВИЛ: Неприфатлив однос на Бугарија кон Северна Македонија

Новите услови кои Бугарија и ги постави на Северна Македонија пет дена пред Самитот на ЕУ се крајно тенденциозни и претставуваат закана за земјата пред добивањето датум за преговори. Иако Бугарија се повикува на Договорот за добрососедство, чие исполнување е еден од условите за влез на Македонија во Европската Унија, со ваквите постапки ја доведува во прашање подготвеноста за соработка меѓу двете земји.Неприфатливо е земја како Бугарија, која во Договорот се обврзува да работи на европската и евроатлантската интеграција насочена кон успешна подготовка на Република Северна Македонија за нејзино пристапување кон Европската Унија и НАТО, но и да работи на зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот, да поставува заканувачки ултиматуми, од позиција на земја членка на Унијата.ЦИВИЛ потсетува дека во член 11 од Договорот за добрососедство и соработка, двете земји се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејствија насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер. Исто така, потсетува ЦИВИЛ, според истиот член, секоја од договорените страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, што значи дека Бугарија е свесна за постоењето на македонското малцинство на нејзината територија. Оттука, инсистирањето за бришење на македонското малцинство во Бугарија, како и непризнавањето на македонскиот јазик, значи непридржување и непочитување на Договорот од страна на Бугарија. Истиот договор, чие исполнување е еден од условите кои Бугарија ѝ ги постави на Македонија.Факт е дека отворените прашања мора да се расчистат во име на добрососедските односи и стабилноста во регионот. Но со задирањето на Бугарија во македонскиот јазик, историја и идентитет, како услов за влез во Европската Унија, не оставаат простор за компромис.Решавањето на овие прашања е можно единствено преку дијалог и соочување, како со минатото, така и со сегашноста, а не со поставување на заканувачки ултиматуми, кои не одат во прилог на ниту една од двете земји.ЦИВИЛ го осудува ваквото однесување на Бугарија, кое не е одлика на земја членка на ЕУ, и на земја која претендира да поддржува позитивен развој на добрососедските односи, а истовремено да ги минира.ЦИВИЛ ја повикува Владата на Република Северна Македонија, како и сите останати политички и општествени чинители, на оваа нова пречка во интеграциите, да ѝ пристапат рационално, аргументирано, и во најбрз можен рок да ја известат јавноста за следните чекори по ова прашање.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања