Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

Бачев: Нека ни е честит 11 Октомври, денот на народното востание против бугарскиот фашистички окупатор

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев го честиташе Денот на народното востание, 11 - октомври-„Денес Македонија го празнува 11 Октомври, денот на националната и антифашистичката борба за национално ослободување на македонскиот народ и создавање на сопствена држава како продолжение на светлите илинденски идеали и традиции. За жал, марионетската власт во Скопје во спрега со своите странски газди привремено не одалечува од нашиот национален идеал да бидеме свои на своето со бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Република Македонја преживува најтешки моменти од кога било до сега. Ветувам дека Единствена Македонија која ги полага своите корени во историското ВМРО и светлите партизански традиции, никогаш нема да ја предаде крвта на илјадници македонски партизани кои ја пролеаа во борбата против бугарскиот фашистички окупатор кој во рамките на глобалниот германски фашизам ја окупира територијата на Македонија.Единствена Македонија ќе биде секогаш на страната на македонскиот народ, никогаш нема да ја заборави жртвата на македонските партизани во Втората светска војна и со прецизна стратегија и со силен мотив нема да дозволиме никој да ја доведе во прашање македонската држава и македонскиот народ.Тоа нема да биде чекорење по едноставен пат, но, мора да издржиме оти 11-ти Октомври е ден кој не задолжува да ги победиме непријателите на македонското дело. Нашата борба е исправна оти ова е битка за Македонците, битка за Македонија, борба за опстанок на цел еден народ, нашата борба е света должност и затоа Македонија мора да победи.Нека е честит и вековит 11-ти Октомври! Нека е вечна славата на борците против бугарскиот фашистички окупатор за слободна и независна државност. Да ни е вечна Република Македонија!“, се наведува во честитката од претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев по повод државниот празник 11-ти Октомври, се вели во честитката од Јанко Бачев. 

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски во четитката на ФБ: Да се надеваме дека овој период на опседнатост со нас Македонците и со нашата историја ќе заврши што побрзо

Екс премиерот Никола Груевски преку социјлната мрежа фејсбук го честиташе 11 ти октомври. Еве што напиша Груевски на својот ФБ профил:Нека е честит и вечен празникот 11 Октомври, денот од далечната 1941 година, кој симболично го означува почетокот на отпорот против фашизмот и Народноослободителната борба во Македонија, која резултираше со триумф на 2 ти август 1944 година со втемелувањето на државноста во форма на Република, во рамките на Југословенската федерација.Периодот на партизанската епопеја по кој Македонија и Македонците го реализираа својот вековен стремеж и сон на многу претходни генерации борци и жртви за слободата на Македонија.Во ова време на брутално и бескомпромисно негирање и прогласување за фалсификат на постоењето на македонскиот јазик, нација и особено посебноста како народ различен од бугарскиот пред 1944 година, денешниот наш празник од нашиот источен сосед за жал не само што се интерпретира поинаку, туку во духот на договорот за пријателство, се бара 11 Октомври да го означува почетокот на граѓанската војна помеѓу двете идеолошко спротиставени страни на бугарското население во Македонија, а кои по војната со сила и терор биле помакедончени.Да се надеваме дека овој период на опседнатост со нас Македонците и со нашата историја ќе заврши што побрзо и двете држави заеднички, а не само Македонија, ќе се свртиме кон иднината и соработката, без меѓусебни негирања и навреди. Во контекст на таа посебност на Македонците токму од нашиот источен сосед и пред 1944 година, во продолжение прочитајте една кратка статија.Статијата е издадена во еден од четирите најголеми весници во Франција во тоа време ,,Л Матан” на 11 јуни 1923 година, два дена по воениот удар во Бугарија на кој се приклучила и ВМРО на Тодор Александров.Тоа е три дена пред свирепата ликвидација на дотогашниот бугарски премиер Стамболиски од страна на скопскиот војвода Величко Вељанов Чичето и неговата чета. На местото на Стамболиски кого го сметале како нивни осведочен непријател и премиер чија влада отворено работела на уништување на ВМРО и нормализирање на односите на Бугарија со Југославија, доаѓа новиот премиер Цанков.Погледнете само колку пати во само една страна македонците се наречени “Македонци”, Тодор Александров е наречен водачот на Македонците, а ВМРО на Тодор Александров е наречена ,,македонска партија” и погледнете против кого и за што и како ги нарекуваат кога бунтувале во Софија (,,...Македонците кои што навлегле во Софија пукале на полициската станица...”) и.т.н.Контраст на придавките во статијата ,,Македонци и македонско” употребени за едните во овој краток текст каде доволно јасно е нагласена македонската посебност, се зборовите на пример на новиот премиер Цанков за бугарскиот народ, кој негира “бугарска мобилизација....”, или фразите во текстот “бугарски традиции”, ,,асоцијаца на бугарски интелектуалци” итн.Се вели и дека ,,во струмичката котлина оваа организација оформила еден вид мала независна држава” а во друг дел и дека ,,...кон средината на март македонците ги завзеле Ќустендил и едно српско село....”.Статијата објавена во овој угледен француски дневен весник е дел од вториот том на проектот на владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а спроведен преку Државниот Архив на Македонија, чии втор од четири планирани томови по долго одлагање излезе од печат неодамна, редактиран од Др. Теон Џинго.Нелогично е во 1923 година, 18 години пред 11 Октомври 1941 година, во Франција македонците во Бугарија да ги разграничуваат од Бугарите како посебни, а Македонците во Вардарска Македонија под српска власт, сите или најголем дел да биле Бугари на 11 Октомври 1941 година, како што тврди денешната политика на нашиот источен сосед.Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157756783952716?__tn__=K-R

Македонија | пред 6 години

Rubens-Muratovski

Рубенс Муратовски: Се чувствувате како идиоти? Е треба!

Актерот Рубенс Муратовски на социјлната мрежа Твитер даде свој коментар за сигнали од Париз во врска со почетокот на преговори на Македонија со Европска унија, наспроти оптимизмот на Владата во Скопје.https://twitter.com/Rub_Mur/status/1182550982921740288?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1182550982921740288&ref_url=https%3A%2F%2Finfomax.mk%2Fwp%2F%25d0%25bc%25d1%2583%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d1%2582%25d1%2583%25d0%25bc%25d0%25be%25d1%2582-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d1%2587%25d1%2583%25d0%25b2%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b2%25d1%2583%25d0%25b2%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25b5%2F

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Георгиевски: Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска на својот Фејсбук профил ги коментираше најновите услови кои ги постави Бугарија за поддршка на Македонија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски. 

Македонија | пред 6 години

policija-1

Албански државјани, нелегално работеле во Македонија

На 10.10.2019 во 17,00 часот во Полициска станица Лабуништа биле лишени од слобода Ш.Х.(68) и Ч.Ш.(52) и двајцата од Р.Албанија бидејќи не поседувале работна дозвола за работа во Р.С.Македонија. Истите биле предадени на полициски службеници од СВР Охрид за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Гостиварец се повредил на работно место, итно пренесен во болница

На 10.10.2019 во 22,55 часот во СВР Тетово било пријавено дека во фирма за градежни материјали во Гостивар, Т.Т.(22) од Гостивар додека извршувал работа на машина, се здобил со тешка телесна повреда во пределот на десната рака и истиот бил пренесен во комплексот клиники,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар. 

Македонија | пред 6 години

falsifikt-evra

Во домот на 35 годишен маж, пронајдени фалсисфикувани банкноти од 100 евра и од 50 евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ш.К.(35) од с.Черкези, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“. На 11.07.2019 во с.Черкези полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле две фалсисфикувани банкноти од 100 евра и од 50 евра. 

Македонија | пред 6 години

11102019_VRSM_Zapochnaa_aktivnostite_za_odbelezuvanje_na_11_oktomvri-1

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“

Со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел започнаа празничните свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Денна народното востание“во Скопје, Прилеп и Куманово.Во знак на сеќавање и почит за учесниците во народното востание и народно-ослободителната војна делегација на Владата на Република Северна Македонија, предводена од заменик претседателот во Владата на Република Македонија, задолжен за економскипрашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев, заедно со Нина Ангеловска, министерка за финансии и Дамјан Манчевски, министер за администрација и информатичко општество, положи свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Скопје.Во Прилеп свеченостите за одбележување на празникот ќе се одржат пред споменикот на на Методија Андонов-Ченто и пред  споменикот на Кузман Јосифовски-Питу, како и на Могилата на непобедените.Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика и Елвин Хасан, министер без ресор задолжен за странски инвестиции.Содржините за одбележување на 78 годишнината од денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и за македонска државност во Куманово ќе започнат со положување свежо цвеќе на Спомен – Костурницата.Владината делегација во Куманово ќе ја предводи Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заменик претседателот во Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Зорица Апостолска, министерка без ресор, задолжена за странски инвестиции.Во рамките на свечената програма за одбележување на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“ во Куманово е предвидено и обраќање на премиерот Заев.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членови на Владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Собранието на Република Северна Македонија по повод доделувањето на високата државна награда „11 Октомври“.На сите свечености по повод одбележувањето на државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, ќе земат учество членови на Сојузот на борците, дипломатскиот кор во нашата земја, и претставници на општествените и граѓанските организации во земјата.

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

Владата повторно ќе се задолжи, овојпат за нови 53,6 милиони евра

На официјалната страна на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција од државни хартии од вредност од 3.300.000.000 денари односно 53, 6 милиони евра.Ова е едно од низата на задолжувања кои ги прави владата и Министерството за финансии додека економијата тоне. Имено ,експертската јавност континуирано предупредува за зголемувањето на јавниот долг кој достигна над 50 % од БДП што е алармантно.

Македонија | пред 6 години

demoliran-spomenik

Вандализам - демолиран споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција

Демолирањето на споменикот на децата бегалци, жртви на егзодусот врз македонците во Граѓанската војна во Грција во паркот „Жена  борец“ во очи 11 октомври, денот на почетокот на антифашистичкото востание во Македонија е акт на најголем вандализам.ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на споменикот, кој претставува симбол за сеќавање на една голгота на македонскиот народ во минатото.Овој споменик е спомен и почит за егзодусот на над 20.000 деца од Егејска Македонија извршен во период од 1946 - 1949 година.ВМРО-ДПМНЕ апелира до властите да почнат  да си ја вршат работата за која што се платени и да го чуваат државниот имот. Недозволиво е власта да дозволува секојдневно уништување на спомениците и друг вид на државен имот, а никој за тоа да не сноси одговорност, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 години

DSC2

Средба Мицкоски-Бјорнштад: Македонија има проблеми со владеење на правото, корупцијата и секојдневните афери и скандали

Вчера на ден 10.10.2019 година, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р. Христијан Мицкоски, заедно со советникот за надворешна политика на претседателот Стефан  Андоновски оствари средба со г-дин Арне Санес Бјорнштад на кого му го честита изборот за Специјален претставник за Западен Балкан на Министерството за надворешни работи на Норвешка.На средбата дискутираа за тешката состојба во Република  Македонија, а особено во врска со проблемите со владеење на правото, корупцијата и секојдневните афери и скандали.Претседателот Мицкоски ја повторил поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја дава секојдневно за добивање датум за преговори со Европската унија и желбата час поскоро да се отпочнат процесите на преговори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски:  Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го честиташе Денот на народното востание, 11-ти октомври. Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание.            Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври.На овој голем ден Македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и нивните на цела една плејада нивни претходници. Целта на востаниците кој се кренаа против фашистичкиот окупатор беше остварување на вековниот стремеж за создавање на независна и суверена, Република Македонија. Ова беше голема победа за нашиот народ, но и придонес за слободата во Европа.Жртвата на оние кои се кренаа против неправдите нека ни биде пример дека борбата за Македонија никогаш не завршува и дека секоја генерација има својата битка.Денес Македонија е притисната од нови предизвици, тешко секојдневие и несигурност. Сиромаштијата и корупцијата ја загрозуваат иднината, а лошото здравство, уништеното земјоделие, недостиг на реформите, иселувањето го разјадуваат нашето општество. Ова се работите кои сите заедно мораме да ги смениме, да ја донесеме обновата и да градиме иднина, да ги споделуваме европските вредности и да се избориме за европската перспектива на Република Македонија.И да не заборавиме 11 Октомври е пример за македонскиот непокор. Аманетот кои овие херои ни го оставија мора да го почитуваме и чуваме, продолжувајќи ја нивната мисла и дело.Честит 11 Октомври Со почит,Христијан Мицкоски,Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

krazbi

Кривични пријави за крадец од Гостивар, најголем дел од предметите вратени на сопствениците

Секторот за внатрешниработиТетово-Надворешнаканцеларија за криминалистичкиработиГостиваррасчисти  20кражбиизвршени во Гостивар и до ОсновнотојавнообвинителствоГостиварподнесе три кривичнипријави против    35-годишниот гостиварец Џ.К. порадиоснови на сомнение дека сторил 16 тешки кражби и 4 кражби.Џ.К. се сомничи дека во периодот од февруари до октомвриоваа година со употреба на сила влегувал во куќи и моторни возила во Гостивар, од кои одземалразнипредмети:  телевизори, работни машини,разновиденалат...Најголемиотброј од одземенитепредмети се пронајдени и вратени им се на нивнитесопственици.  

Македонија | пред 6 години

meso

Во Македонија спречен влез на над 21 тон свинско месо заразено со вирусот африканска свинска чума

21 тон свинско месо од Шпанија увезено во Македонија преку Бугарија, било заразено со Африканска свинска чува, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Местото не е пуштено во промет и денеска ќе биде уништено на депонијата Дрисла.  Пратката којашто влегла од граничниот премин Деве Баир тежи 21 тон и 312 килограми. Инспекторите за храна веднаш постапиле по наредбата којашто им налага силни проверки на свинското месо коешто се увезува од надвор.Присуство на вирусот кај свињите потврдија инспекторите за храна во Србија и во Бугарија. Оваа болест не се лекува, односно нема никаква вакцина која може да делува.

Македонија | пред 6 години

Foto-6

(ВИДЕО) Обраќање на Претседателот Стево Пендаровски, по повод 11 Октомври - Денот на народното востание

Секоja генерација носи одлуки кои ја одредуваат судбината на народот и иднината на државата. Споредувајќи ги и вреднувајќи ги историските епохи, нашата антифашистичка генерација сигурно се издвојува според маркантноста на своето дело. Во 1941 година, кога поголемиот дел од Европа и ние овде бевме окупирани од фашизмот, храбрите борци на партизанските одреди во Прилеп и Куманово ги нападнаа симболите на непријателите на слободата. Водени од вербата во правда, еднаквост и човечност, партизаните успеаја да го обединат и поведат народот во антифашистичка, народноослободителна борба. Во движењето на отпорот се вклучија граѓани од секоја етничка, верска и социјална категорија. Неколкуте партизански одреди прераснаа во баталјони, бригади, дивизии и корпуси на стоилјадната македонска војска. Останувајќи дел од големата антихитлеровска коалиција до крајот, македонските граѓани ја избраа страната на прогресивниот дел од  човештвото. Благодарение на внатрешното единство на народот и цврстата надворешна врска со клучните земји во антифашистичкиот сојуз, таа славна генерација успеа да се избори за македонската слобода и државност. Драги сограѓани, Ние сме вечни должници на таа генерација учесници во големото народно востание. Затоа е нужно да бидеме свесни за нашата одговорност во чувањето на државата и слободата извојувана пред многу години. Тоа е возможно само ако го следиме нивниот пример и ја преземеме нашата генерациска одговорност. Преку граѓанско помирување и солидарност да постигнеме внатрешно единство ако сакаме да ја реализираме нашата заедничка цел – трансформација на Северна Македонија во напредна и просперитетна држава – членка на НАТО и на Европската Унија. Со единство за најважните работи, да градиме држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина. Со такво единство да создаваме праведно, слободно и здраво општество во кое мора да има место за секого. Здруженоста на различните и солидарноста меѓу нас се клучот на секој успех, услов за постигнување на секоја благородна и праведна цел, а таква имаме пред нас!  Нека ни е честит Денот на народното востание! Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија 

Македонија | пред 6 години

veles-uciliste

Прваче од Велес со полиција избркано од училиште - не било вакцинирано

Полиција и просветни инспектори биле повикани во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес откако родители на невакцинирано првче одбиле да си го земат детето дома, дознава „А1он“. Мајката на детето за „А1он“ вели дека од вчера има забранет пристап во училиштето, бидејќи одбивала да престане да го носи детето на училиште, а вчера обезбедувањето ја пријавило во полиција и ѝ забраниле да влегува во објектот.Од МВР демантираат дека биле преземени некакви активности од страна на полицијата, ниту дека имале некаков контакт со ученици во тоа училиште.- Во врска со дезинформациите за настан во училиштето во Велес, ја информираме јавноста дека по пријава на директорот на училиштето кој забележал невообичаена фреквенција на возрасни граѓани во околината на училиштето, полициски службеници излегле на лице место бидејќи тоа е нивна должност. Не се преземени никакви акттивности од страна на полицијата, ниту имало каков било контакт со ученици.На социјалните мрежи жестоко се дебатира за случајот со исфрлено дете од училиште во Велес поради непримена вакцина.Овој текст беше објавен на групата „Од нас за нас“ЧАШАТА Е ПРЕЛЕАНА!Секојдневно добиваме известувања за проблемите на родителите кои се дискримирани на еден или друг начин, поради непочитувањето на нивното со Устав загаранитирано право.Чашата е прелеана!Да се исфрли дете од училиште со полиција, заради непримена вакцина?!!!Дали детето е криминалец?Дали директорот пред сѐ е педагог?Кој е тој да му го ускратува правото на школување на детето?Дали Вие немате деца?Има ли ова крај?https://www.facebook.com/odnaszanas/posts/135802084462885

Македонија | пред 6 години

lizgaliste

Ќе се постават лизгалишта во Скопје,Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Гостивар и Куманово

Агенцијата за млади и спорт бара фирма која ќе и изнајми и ќе монтира седум лизгалишта во толку општини во земјата.На оглас се бара оператор да монтира и да демонтира лизгалишпта во општина Центар, во Струмица, Охрид, Битола, Тетово, Гостивар и КУманово.Нема детали колку пари ќе ја чини Агенцијата оваа идеја, ниту пак се објавува испланираната сума на овој договор. Неколку претходни години, државата поставуваше лизгалиште на скопскиот плоштад.извор: Фактор.мк 

Македонија | пред 6 години

tennishalle-corvara

Дипломатски тениски турнир по повод 11 Октомври

Дипломатски тениски турнир по повод националниот празник 11 Октомври традиционално по 23-ти пат ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.Турнирот се одржува под покровителство на министерот за надворешни работи Никола Димитров.На турнирот, како што најавуваат организаторите, учество ќе земат претставници на дипломатско-конзуларните претставништва и меѓународни организации во земјава, како и вработени во Министерството за надворешни работи.Турнирот ќе се одржи на терените на ТК „Евросет“ во Скопје

Скопје | пред 6 години

zname

Нека ни е честит 11 ти октомври - Денот на народното востание

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.Единаесетти октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна.Македонскиот народ самостојно се избори за својата слобода. Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во доброорганизирана 110-илјадна армија со воени формации од највиок ранг како корпуси и дивизии.За време на окупацијата од Македонија беа интернирани 58.000 лица, а покрај злосторствата што окупаторите ги вршеа врз недолжното цивилно население, земјата претрпе и огромни економски штети.Круна на борбата се одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, со кои се оживотворени повеќевековните идеали за основање македонска држава.

Македонија | пред 6 години

zname

Денеска се одбележува 11 Октомври, еве како ќе се одбележи во Куманово, Прилеп и Скопје

Денеска се одбележува 11 Октомври, Денот на народното востание. На Партизанските гробишта во Бутел во Скопјеќе бидат положени цвежиња, а ќе биде доделена идржавната награда „11 Октоври“ за 2019 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес.Наградата за животно дело во областа на науката ќе му се врачи на академик Љупчо Коцарев, додека во областа на културата и уметноста на актерот Петар Мирчевски и писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.Во Куманово активностите стартуваат со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот оркестар ќе ја интонира државната химна. Владината делегација во Куманово ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, кој ќе има пригодно обраќање. Дел од делегацијата се и вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерите за образование и наука ,Арбер Адеми ми за странски инвестиции Зорица Апостолска, како и пратенициПразнувањето во Прилеп ќе се одржат пред спомениците на Методија Андонов-Ченто и на Кузман Јосифоски-Питу, како и на Могилата на непобедените. Владината делегација во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, заедно со министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан.Празничните активности и во Скопје ќе почнат со положување цвеќе, на Партизанските гробишта во Бутел, од владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, а ќе присуствуват и министрите за финансии Нина Ангеловска, за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и за економија Крешник Бектеши.

Македонија | пред 6 години

medicinski-otpad-frlanje

Фатени на дело - „Ремедика“ и „Диамед“ фатени како фрлаат медицински отпад во контејнери за ѓубре

Вработени во болницата „Ремедика“ и приватната здравствена установа (ПЗУ) „Диамед“ фрлале медицински отпад во контејнерите за ѓубре за домаќинставата, но во тој момент ги фатиле комуналните редари и инспектори на Град Скопје, пишува СДК.„За наведениот прекршок на лице место излезе и овластен инспектор за животна средина на Град Скопје, кој состави Записник со констатација за сторен прекршок, зема изјави и направи фотодокументација и го предаде предметот на понатамошна надлежност на Државниот инспекторат за животна средина заради изрекување казна на сторителите на прекршокот“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.Според Законот за управување со отпад и Правилникот за начинот на постапување со медицински отпад, тој треба да фрла во посебни садови во рамките на болниците или здравствените установи. Секоја здравствена установа треба да има склучено договор со депонијата „Дрисла“ за подигнување и транспортирање на отпадот. Потоа тој се гори во печката за медицински отпад на депонијата, пишува СДК.

Македонија | пред 6 години

zaev-makron-merkel-696x464

Франција е против датум за преговори, велат ќе мора да ја преиспитаме состојбата некаде во 2020

Франција ја информирала ЕУ дека е против отпочнувањето на преговори со Северна Македонија и Албанија, според дипломатски извори на Ројтерс. „Тие се уште не се таму. Бараме од нив да направат дополнителни напори.Француските власти сметаат дека Северна Македонија и Албанија не се подготвени за преговори за членство во Европската Унија, но и дека ЕУ мора даспроведе внатрешни реформи и дека затоа одлуката ќе треба да се одложи за 2020 година, јави новинската агенција Ројтерс.Париз вели дека ЕУ се соочува со премногу предизвици за да им дозволи влез на уште две држави од Балканот, регион кој се уште влече траги од војните во 1990ите години и се мачи со криминал и корупција. Франција вели дека е потребно првин ЕУ да се реформира од внатре, за да може да покаже повеќе единство и да се соочи со прашањата како што се климатските промени и миграцијата, а двете кандидатки би требало да спроведат дополнителни реформи пред да се одобри датум за преговори. „Се уште не се спремни. Бараме од нив да вложат дополнителни напори. Преговорите не може да почнат во октомври 2019 година, ќе мора да ја преиспитаме состојбата некаде во 2020“, изјавил за Ројтерс француски дипломатски извор.

Македонија | пред 6 години

pari-za-izjava

ССМ се залага за минимална плата од 15.110 денари, преговорите сеуште траат

Минимална плата не пониска од 15 илјади денари., бара Синдикатот. Според нив на тој начин работниците ќе можат да ги задоволат барем основните животни потребим сметаат од ССМ.- ССМ се залага за зголемување на минималаната плата која не треба да биде помала од  60% од просечната плата во земјава, или како што во моментов стојат работите, значи минимална плата од 15.110 денари. Исто така предлагаме да се донесе Закон за плати, каде трудот ќе се вреднува со коефициент, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМОд организацијата на работодавачи и Бизнис конфедерацијата пак велат дека максимумот кој што можат да го дадат е 13,500, односно 14 илјади денари.Инаку преговорите меѓу Владата, Синдикатот и работадавачите за зголемување на минималната плата, која сега изнесува 12.500 денари, сеуште траат.

Македонија | пред 6 години

aktivisti

(ВИДЕО) Климатски активисти го блокираа лондонскиот аеродром

Активистите на движењето за животна средина Бунт против истребување утрово протестираа на аеродромот Лондон Сити, и имаа намера да го парализираат и мирно да го окупираат три дена, a успеаја да предизвикаат само одложување на еден лет.По реакцијата на полицијата, уапсени биле неколку активисти пред аеродромот, но и на аеродромската писта. Поради нивниот протест, предизвикале доцнење на еден лет.„Да се напаѓа аеродром и вака да се попречуваат патниците е целосно неприфатливо и неодговорно. Лицата кои ги прекршуваат законите се уапсени и ќе бидат процесуирани“, стои во соопштението на лондонската полиција.

Свет | пред 6 години

11_Oktomvri-900x601

Честитка на градоначалникот Георгиески по повод 11 октомври

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 11 Октомври, денот на востанието на македонскиот народ.– 11 Октомври е темелник на вековните определби на македонскиот народ за слободна и самостојна држава. Прославувајќи го овој ден ние оддаваме почит на сите борци кои со својот живот  се вградиле во темелите на нашата татковина.  Благодарение на нивното големо дело,  храброст и пожртвуваност денеска живееме во демократска , независна и просперитетна држава. Наша должност е да ја сакаме, чуваме и унапредуваме  за да им ја предадеме на  поколенијата.  Со меѓусебна доверба и почитување на различностите  ја надградуваме нашава  земја  како  заеднички дом  за сите нас и успешно чекориме кон  вклучување во европското семејство. Слободата човечноста и правдата се вредностите кои не  движат и како поединци и како општество, само со  нив продолжуваме да градиме  демократска, просперитетна и европска држава – стои во честитката на градоначалникот Константин Георгиески по повод 11 Октомври,  денот на народноослободителното востание.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања