Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

Приведени кумановци, кај била пронајдена марихуана

На 11.10.2019 во 21,00 часот полициски службеници од СВР Скопје па подрачјето на Петровец ги лишиле од слобода Ш.И.(35) и Д.И.(26), двајцата од Куманово, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во Полициското одделение Петровец и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај скопјанец полицијата пронашла марихуана

На 11.10.2019 во 15,30 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Македонско- Косовска бригада“ го лишиле од слобода Г.Д.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

Скопје | пред 6 години

policija-1

Приведени татко и син, во домот и автомобилот полицијата им пронашла марихуана, пушка, патрони ,куршуми и дрва без печат

На 11.10.2019 во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т.(42) и Д.Т.(68) од с.Церово,тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06,45 до 09,30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило„голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

20191012_111013

2500 Семејства од Битола ќе се греат со инвентер клими

Новата мерка на Владата на Република Северна Македонија обезбедува целосно финансирање за инвертер клима уреди за 2500 семејства во Битола, како еден од четирите најзагадени градови во земјава. Мерката нуди повеќекратни поволности, кои покрај квалитетната и здрава животна околина ќе влијаат и на буџетот на граѓаните. Греењето со дрва и тврди средства влијае и на загадувањето во домовите и затоа е подобро да се замени со друг, еколошки начин.„Сите истражувања и меѓународни и домашни, покажаа дека најголемите концентрации на загадувачки супстанци се јавуваат во текот на зимскиот период, за време на грејната сезона. Факт е дека 90% од вкупните емисии на ПМ честичките доаѓаат од греењето“, рече Татјана Крнчева, претседател на Комисијата за животна средина при Советот на Општина Битола.Покрај еколошкиот момент, граѓаните со купување на инвертери заштедуваат во сопствениот буџет.„Компаративната анализа на вкупните трошоци за греење на површина од 60, покажува дека при греење со инвертер домаќинството би го чинело 11.734 денари, со дрва 58% повеќе, со пелети 122% повеќе, со панел радијатори 205%, а со нафта дури 267% повеќе во однос на греењето со клима уредот“, посочи Крнчева.Оваа мерка пред се е наменета за семејствата чии приходи изнесуваат до 30.000 денари месечно.„АД ЕСМ, како компанија со висока општенстване одговорност, обезбедува 618.000.000 денари, или 10.000.000 евра. Секое домаќинство опфатено во оваа фаза ќе располага со 1000 евра во денарска противвредност, што е сосем доволно за набавка на ефикасен инвертер клима уред. Од 10.000 домаќинства, кои ќе бидат субвенционирани во Скопје, Битола, Кичево и Тетово, во Битола ќе бидат субвенционирани 2500 семејства“, истакна Крнчева.За текот на постапката за замена на печките на тврди и фосилни горива, граѓаните ќе бидат детално запознати преку дополнителна кампања. Тенденцијата во наредните три години е целосно да се елимира користењето на печки на тврди и фосилни горива, бидејќи здравјето и здрвата животна средина се приоритет и основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните.

Македонија | пред 6 години

rodenden-centar-za-kultura

Оваа неделеа во Битола гостува легендарната Неда Арнериќ со претставата “Се извинуваме, многу се извинуваме“

Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ја знаеме и ние од многу македонски филмови, а најмногу од филмот “Исправи се, Делфина“ доаѓа во Битола. Таа по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот.Со новата театарска претстава “Се извинуваме, многу се извинуваме“ на 13-ти октомври, недела, во 20:00 часот ќе настапи во големата сала на Центарот за култура заедно со својот колега Феџа Стојановиќ, а повод е 39-тиот роденден на институцијата.Станува збор за култната ТВ драма која во 70-тите години беше одлична забава за цели генерации кои уживаа да ја гледаат, тогаш Милена Дравиќ и Слободан Ѓуриќ на црнобелитеТВ приемници. После цели 40 години, друг одличен актерски пар, Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ на сцената на театарот Карт бланш, овој пат како театарска претстава го играат овој текст на Милан Николиќ. За оваа претстава актерите добиваат бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.„Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: “Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво“ изјави Неда.Претставата е  дел од „Културно мени“ програмата за овогодинешниот 39-ти роденден на центарот за култура во Битола. На менито има 39 настани кои вклучуваат театарски претстави, изложби, концерти, промоции на книги и кино проекции, со тоа што очекуваат голем број на посетители од целата држава.„Драго ми е што има голем интерес за сите настани, горда сум на нашата институција и на целиот тим кој работиме заедно. Следниот месец имаме убав настан а тоа е Фестивалот на музика од светот кој од 15-ти до 17-ти Ноември ќе се одржи по 11-ти пат за кој наскоро ќе ја објавиме  програмата. За фестивалот во план се гостувања на две исклучителни музички ѕвезди, еден бенд составен од врвни музичари од нашата земја, како и Камерниот оркестар од Битола“ истакна Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.  

Македонија | пред 6 години

new-york

Среде Њујорк ќе се прават плажи

Со децении, водите во њујоршките реки се сметаа за превалкани за капење.Сепак, пливањето пред градската панорама на Менхетн наскоро би можело да стане реалност откако беше лансиран проект кој треба да го заживее капењето во Ист Ривер. Градските власти планираат да изградат самопрочистувачки базен меѓу Бруклин и мостовите на Менхетн, што би им овозможило на луѓето да пливаат среде град.Доколку овој план се реализира, тоа би бил прв урбан речен пливачки објект во цела Америка. Исто така, тоа би значело враќање на традицијата која почна на крајот на 19. век, кога во Ист Ривер имало голем број јавни пловечки бањи, пред загадувањето да им стави крај во 1930-ите.Градот распиша конкурс за „развој, инсталирање и управување на самопрочистувачки пливачки објект, што би се наоѓал во централен Менхетн“.Меѓу оние кои сакаат да се пријават е и непрофитната организација „+Пул“, која уште пред девет години креираше нешто што го нарече прв пловечки самопрочистувачки базен на светот. Со површина од 836 квадратни метри, тој има четири одделни секции, за спортување, релаксирање, пливање и за деца. Тие проценуваат дека нивниот базен би чинел 20 милиони долари.

Магазин | пред 6 години

National-Park-Galicica-and-Lake-Ohrid

Владата со 183 милиони денари ќе го санира колекторскиот систем

Владата обезбеди 183 милиони денари за санација на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води, кој се наоѓа во многу лоша состојба. Тој сега работи само со 20 отсто од неговиот оптимален капацитет.„Со санацијата ќе се започне наскоро. Средстава ќе се искористат за решавање на проблемот со шахтите кои се прелеваат, чистење на цевководот и за замена на редукторските системи во пумпните станици по целата должина на колекторскиот систем, кој сега работи со значително намален капацитет поради дотраеност“, изјави директорот на новоформираното претпријатие „Колекторски систем” Владимир Алексијоски. Новото претпријатие, чие седиште ќе биде во Скопје, а ќе има подружници во Охрид и Струга, ќе ги преземе сите шеесетина вработени од РЕ „Колектор”, која работеше во рамките на „Про-аква”.Поголеми проблеми во функционирањето на колекторскиот систем се појавија пред десетина години, кога отпадните води, наместо во пречистителната станица во Враништа, почнаа да се излеваат во езерото. Со најавеите интервенции, колекторот ќе може да функционира без проблеми во наредните деценија и пол.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Над 160 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 22 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 49 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 28 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 11/12.10.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 16 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 25 останати прекршоци за кои се издадени осум мандатни платни налози и 17 прекршочни платни налози.На 11.10.2019 во времето од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се четири возачи на мотори, а откриени се и 52 останати прекршоци за кои се издадени 33 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Светски ден на палијативната грижа, расте бројот на пациенти на кои име потребна заштита

Светскиот ден на палијативната грижа – 12 Октомври годинава се одбележува со пораката „Моја грижа, мои права“,Целите се зголемување на  достапноста на хоспис и палијативна грижа низ светот со креирање на можности за јавно говорење за предизвиците, подигнување на свеста и разбирањето на потребите – медицински, социјални, практични и духовни, на лицата кои живеат со лимитирачки болести и нивните семејства,  како и поттикнување фондови за поддршка и развивање на хосписите и палијативната грижа за лицата со лимитирачки болести и нивните семејства.ЈЗУ специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Скопје е единствена уставнова кај нас која обезбедува геријатриска и палијативна заштита.  Има капацитет од 75 кревети, а како што велат оттаму и во светот и кај нас расте бројот на пациенти на кои им е потребна палијативна заштита.Наведуваат дека од минатата година функционира и палијативна амбулатна, а следна цел е да се прошират службите за палијативно згрижување во домашни услови.Палијативната зашита има за цел да контролира болка, ублажување на страдањето, поддржување на достоинството и подобрување на квалитетот на живеење. Таа не е ограничена во однос на возраста, видот на заболување или патологијата.

Македонија | пред 6 години

pvdk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvWVdRN01EQV8vNmYyMTdjOWNjMjBmZGJmNzIzMTQwMThmMmI2MzA4MWUuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB

ВМРО ДПМНЕ: Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра. Откако е СДСМ на власт не поминува масец без две три задолжувања. Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра.И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации власта не гради ништо. Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните.Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

vreme

Времето денеска и следната недела сончево со температура до 28 степени

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец ќе биде времето во Македонија денеска, според прогнозата на УХМР. Максималната темература  денеска се очекува да достигне до 26 степени. Високи теператури за овој период од годината и суво време се очекуваат и во следните  неколку денови.  Максималните температури треба да достигнат до 29 степени.Во Скопје и околината сончево со мала облачност и слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната до 25 степени.

Македонија | пред 6 години

Mickoski-1

Мицкоски за МАКФАКС: Од пред некој ден не сум сопственик на удел на хидроцентралите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за МАКФАКС откри ексклузивна информација, дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти.Еве ексклузивно за вашата емисија сакам да кажам и да потврдам дека од пред некој ден практично јас ги отуѓив тие 7 проценти и веќе не сум сопственик во таа компанија. Ги отуѓив без никаков економска награда, односно новиот купец ги превзема уделот од 7 проценти во таа компанија, така што ми беше мене надоместен влогот со кој што сум учествувал се разбира, а тој ги превзема обврските кои што беа до тој момент и мои обврски, истакна Мицкоски за МАКФАКС.Тој ги повика сите политичари кои вршат јавни функции доколку се сопственици на одредени компании или пак се сопственици на малцински пакет акции во одредени компании да ги отуѓат бидејќи како што рече тој во спротивно постои сомнеж за корупција и за влијание на одредени економски рекови во државата.

Македонија | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

Мицкоски: Ќе подржиме развојни истражувачки центри на големи мултинационални компании во Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео интервју за новинската агенција МАКФАКС, истакна дека еден од суштински проекти кој што сакам да го спроведеме е субвенција, односно подржување на отварање на развојни истражувачки центри на големи мултинационални компании во Македонија и една сериозна синергија помеѓу инвеститорите, дали тоа се меѓународни компании, домашни инвеститори, бизнисот или образованието.Мицкоски посочи дека сето тоа подразбира коренити реформи во начинот на функционирање на образованието, бидејќи за жал денеска кадарот кој што ние го произведуваме, тоа што е супер квалитетно одлучува да ја напушти Макеодонија, бидејќи има подобри услови надвор и она останатото кое што ќе остане има мала практична наобразбра.Треба да овозможиме да немаме одлив на мозоци тие луѓе да останат тука, да работат тука, да работат високо квалитетна и платена работа, да може да трошат, да има повеќе пари во буџетот, кога ќе има повеќе пари во буџетот ќе има повеќе пари за политиките во други области како медицината, образованието, земјоделието, вели Мицкоски за МАКФАКС.

Македонија | пред 6 години

ekospar-jana

Екошпар се приклучува кон големата хуманитарна акција - Донирај за Јана и добиј камин на пелети!

Донирај за Јана и добиј камин на пелети!Пријатели, Екошпар се приклучува кон големата хуманитарна акција за собирање средства со кои ќе се помогне лекувањето на охриѓанката Јана Арсовска.Јана е храбра девојка која има итна потреба од имунотерапија, но наиде на пречки кај институциите кои законски се обврзани да го помогнат нејзиното лекување. Сепак, Јана не' има сите нас и со нашата поддршка ќе успее да се справи со реткиот и опасен канцер. Екошпар одлучи да донира камин на пелети во вредност од 700 евра, на еден од вас кој ќе донира минимум 30 евра со цел на дознака За Јана Арсовска, на посебната сметка на Екошпар за оваа намена.Сите кои ќе уплатат минимум 30 евра од 11.10 до 21.10, се потенцијални добитници на подарок камин на пелети Gemini од 8 киловати. Не само што ќе ја покажете вашата хуманост со што ќе и помогнете на Јана, туку и станувате потенцијален примател на каминот на пелети како благодарност од наша страна за вашето добро дело.Вие донирате минимум по 30 евра (1800 денари) за Јана, а ние еден од вас на јавно извлекување го одбираме како добитник на подарокот - и сите собрани пари на сметката ќе бидат веднаш префрлени на сметката на Јана.Преку пример, кристално да ви ја дообјасниме нашата идеја: доколку 500 луѓе од вас решат ем да се хумани, ем да имаат ретка прилика за само 30 евра да добијат одличен камин на пелети, епилогот ќе е следниот: сите ќе сте задоволни дека сте сториле добро дело, еден од вас, најсреќниот донатор, ќе добие камин на пелети, а Јана ќе добие 15.000 евра.Со вашето добро и хумано дело ќе имате голема можност ладната зима да ја пречекате во топол дом.Напомена: висината на донацијата е минимум 30 евра. Уплати под 30 евра нема да се земаат предвид при извлекувањето на добитникот на подарокот. Уплата над 30 евра е лична желба на секој донатор за Јана и нема да ги зголеми шансите за добивање подарок, туку само шансите на Јана за побрзо заминување на лекување.Локацијата на јавното извлекување на добитникот на подарокот за хуманоста ќе биде дополнително најавена, а секој кој еднаш уплатил минимум 30 евра ќе учествува во ова извлекување. Дозволено е да се уплатат повеќе пати по 30 евра доколку некој сака да ги зголеми шансите за добивање на овој вреден подарок.Сето ова го правиме заедно со вас само затоа што веруваме дека не постои поголем подарок за сите од животот на Јана и нејзината победа во оваа битка.Се грижиме и ги движиме работите! ЗАЕДНО, ЗА ЈАНА!https://www.facebook.com/ecosparenergy/photos/a.677143935762760/2280197172124087/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

nagrada-mir

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед е добитник на Нобеловата награда за мир

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед е стоиот добитник на Нобеловата награда за мир која денеска му беше доделена поради залагање за постигнување мир со Еритреја.Во образложение за Норвешкиот Нобелов комитет се наведува дека наградата на Ахмед му е доделна поради неговиот напор да се постигне мир и меѓународна соработка, поседбно поради одлучната иницијатива да се реши пограничниот конфликт со соседната Еритреја, пренесува Ројтерс.https://twitter.com/NobelPrize/status/1182581802751483905?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1182581802751483905&ref_url=https%3A%2F%2Fpress24.mk%2Fahmed-e-stoiot-dobitnik-na-nobelova-nagrada-za-mir-etiopija-e-gorda-na-svojot-premierНаградата вредна 900.000 долари на премиерот ќе му биде врачена на 10. декември во Осло.

Свет | пред 6 години

aleksandar-leonov-2

Почина Алексеј Леонов - Рускиот космонаут кој два пати леташе во вселената

Денеска на 85-годишна возраст во Москва почина човекот кој влезе во историјата како прв кој направил прошетка во вселената излегувајќи надвор од вселенското леталото.Леонов почина во болницата „Бурденко“ по долга болест и ќе биде погребан на Сојузните воени гробишта на 15 октомври, рече за тас неговата секретарка.Рускиот космонаут два пати леташе во вселената, а летовите траеја вкупно седум дена.За време на вториот лет во 1975 година, беше командант на посадата која учествуваше во меѓународната мисија која застана на советското вселенско летало „Сојуз 19“ и американското „Аполо 18“.Алексеј Леонов требаше да биде првиот човек кој стапнал на Месечината, но таа мисија е откажана.

Свет | пред 6 години

SLOVACKI-AMBASADOR

Средба на градоначалникот Георгиески со словачкиот амбасадор Маркуш

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со амбасадорот на Република Словачка во Република Северна Македонја, Хенрик Маркуш и Проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот „Константин Филозоф“ од Нитра, Проф. д-р Мартина Павликова.Словачката делегација ја сочинуваа и професори на Факултетот за социјална наука и здравство и Факултетот за Средноевропски студии во рамки на овој истакнат универзитет.На средбата беше оценето дека постојат отворени можности за продлабочување на соработката со општина Охрид во областа на образованието, културата и имплементацијата на европски проекти. Исто така беше разговарано и за можностите за студентска размена и стекнување на нови искуства во областа на високото образование.

Македонија | пред 6 години

CVEKE_11OKTOMVRI_PLOSTAD

Свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ

Во рамки на одбележувањето на 11- Октомври, денот на  народното востание, градоачалникот Константин Георгиески и делегации на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОБ во Градскиот парк, Основениот суд во Охрид , СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и градските гробишта.Свежо цвеќе положија и претставници од ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и претставници од политичкиот и јавниот живот во градов.

Македонија | пред 6 години

mancester

(ВИДЕО) Во Манчестер уапсен маж откако избоде пет случајни минувачи во трговски центар

Пет лица се прободени со нож пред трговскиот центар Арндејл во Манчестер, пренесе Би-би-си. Осомничениот во негови 40-ти години вооружен со нож, трчал наоколу и случајно прободувал луѓе, изјави сведок за Би-би-си.Брзата помош соопшти дека добила повик во 11:17 часот по локално време.На социјалните мрежи се појавиа фотографии и видеа од месотото на настанот на кои може да се забележи големо полициско присуство.Нападот се случил на приземјето од трговскиот центар.

Свет | пред 6 години

zemjodelci

Доцни есенската сеидба - земјоделците чекаат дожд

Земјоделците во најголемата житница Пелагонија чекаат дожд и поголема влага за да влезат во нивите и да ја отпочанат есенската сеидба.Иако земјоделците чекаат да заврне дожд,  од Агенцијата за поттик и развој на земјоделието велат дека не е толку важно колку литри дожд ќе заврне, туку врнежите да бидат рамномерно распределени и да нема поројни дождови.Од Агенцијата препорачуваат на површини каде нема наводнување да се одгледуваат култури кои се отпорни на суша.

Македонија | пред 6 години

mkd-227838

Ременски суспендирана од СДСМ

Податоците кои се добиени по завршувњето на вештачењето на мобилниот телефон на Бојан Јовановски ѝ даде статус на осомничена на пратеничката Фросина Ременски.По тоа од СДСМ ја суспендираа додека ја докажува како што велат тие својата невиност, објави тв21.мк„Се поставуваме демократски како што заслужуваат граѓаните за кои што постоиме како партија и политичари, а тоа е донесување на времена суспензија додека некој ја докажува својата невиност. Со тоа суспенцијата не и дава можност да ја користи партиската моќ ниту политичка моќ при докажувањето на својата невиност. Јас верувам во нејзината невиност“, рече Зоран Заев.За Ременски, која вчера истакна дека не се чувствува виновна и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар, судија на претходна постапка одреди мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот, има забрана да го напушти Скопје, како и обврска секоја недела да се јавува во Суд.Текстот во целост на: ТВ 21.тв

Македонија | пред 6 години

GTC-2

Ќе се отстранува времениот објект на ГТЦ, на негово место ќе се сади трева

Град Скопје ќе го отстранува времениот објект што го постави на покривот на ГТЦ. Тие признаваат дека одлуката е донесена по реакцијата на јавноста. Најавуваат дека на кровот ќе се  според првичниот план ќе се посади трева со ниско украсни цветни аранжмани во согласност со проектот за зелен кров на ГТЦ.

Скопје | пред 6 години

73388431_2606561446071819_1063649346639101952_n

Димковски - Левин: Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена

Денеска во Москва, Русија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски имаше работна средба со заменик-министерот за земјоделство на руската Федерација Левин.На средбата рускиот заменик-министер Сергеј Левин, истакна дека македонските производи се многу ценети на рускиот пазар и за нив постои голем интерес, истовремено посочи дека очекува во следниот период извозот на руски производи во Република Северна Македонија да се зголеми, којшто во моментов изнесува околу 1 милион долари годишно.Министерот Димковски, посочи дека МЗШВ ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва. На состанокот Димковски и Левин се согласија за продолжување на соработката помеѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство  и Фитсанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор, што е важно за непречена трговска размена помеѓу двете земји.Димковски го информираше заменик-министерот Левиндека на почетокот на месецов, од страна на македонската Агенција за храна и ветеринарство до руската Росселхознадзор, е упатено барање за отпочнување постапка за одобрување и ставање на листата на објекти и оператори за извоз на млечни производи во Руската Федерација и посочи дека е потребно да се забрза процедурата затоа штопостои интерес од бизнисмените  од двете држави. Димковски изрази благодарност за веќе одобрените извозни дозволи за три фирми кои произведуваат млеко и млечни производи и за една компанија од месната индустрија,коишто започнаа со извоз на рускиот пазар.Заменик-министерот Левин, ја потенцираше важноста за почитување на фитосанитарните и ветеринарните стандарди при извоз на рускиот пазар и усогласување на потребната документација со повисок степен на заштита на сертификатите за извоз.Димковски го информираше Левин, дека од македонската страна се започнати подготвителните активности со сите вклучени институции во државата, за одржување на 9 – та седница на Меѓувладината комисија за трговско-економска и научно – техничка соработка, која што ќе се одржи следниот месец во  Охрид.  На состанокот од руска страна присуствуваше и ИнаЖарова, претседател на Фондот Македонско - Руско пријателство и директор на Македонскиот дом во Москва, кој е финансиски поддржан од МЗШВ. Жарова истакна дека досегашното искуство е многу позитивно и претстои голема работа за унапредување на промоцијата и маркетингот на македонските земјоделски производи во Русија.Инаку, денеска во рамки на посетата на Москва, Димковски во организација на Македонско-руската стопанска комора, ја посети Трговско индустриската комора на Руската Федерација во Москва и имаше работен состанок со заменик-претседателот на комората, Владимир Падалко,со којшто се согласија дека е потребен поголем ангажман од двете страни за зголемување на трговската размена во земјоделството што и сега доминира во македонскиот извоз во Русија.Дури 60 отсто од вкупниот извоз од Република Северна Македонија во Руската Федерација отпаѓа на земјоделско-прехранбените производи. Вкупната трговска размена со Русија во периодот јануари – јули 2019 година изнесува 106 милиони долари, што е раст од 19,29 отсто во однос на истиот период лани. Притоа е остварен извоз од 26,4 милиони долари, или 21,72 отсто повеќе, додека увозното салдо е 79,6 милиони, што е зголемување за 18,5 %. Во вкупната трговска размена, Русија е 22-ри партнер на земјава. На рускиот пазар македонските компании најмногу извезуваат свежи јаболка, кајсии, цреши, вишни, праски и сливи, лекови, домати и тутун, додека увезуваме природен гас, полупроизводи од железо, нафтени масла, бакарни жици.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-3

Пендаровски се сретна со австриската сојузна канцеларка Бригит Биерлејн

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Република Австрија, оствари средба со сојузната канцеларка Бригит Биерлејн. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои се стабилни и пријателски и се карактеризираат со меѓусебна доверба и заемно почитување. Размената на посети на високо и на највисоко ниво, беше оценето на средбата, се најдобар показател за нивото на развој на односите меѓу двете држави, кои годинава одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка од Австрија за аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската унија и го реафирмираше очекувањето дека кон средината на октомври Европскиот совет ќе донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија. Канцеларката Биерлејн упати честики за постигнатото и за спроведените реформи во нашата земја. Претседателот Пендаровски ја истакна и важноста на поддршката што Австрија ја дава на Северна Македонија во справувањето со мигрантската криза, преку континуирано присуство на австриски полициски сили на јужната гранична линија од 2015 година. Претходно, претседателот Пендаровски со највисоки државни и воени почести беше примен од австрискиот претседател Александер Ван дер Белен. Во рамки на официјалната посета, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба и со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија, Волфганг Соботка.

Македонија | пред 6 години

11102019_PVRSM_11-Oktomvri_Kumanovo_4

Заев од свеченоста во Куманово: Нашата генерација е повторно пред историска пресвртница, на исчекор до членство во НАТО и ЕУ

Исправени, полни со гордост, ја одбележуваме 78 годишнината од државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“, застанати рамо до рамо, заедно повеќе генерации, заедно со нашите борци и борки, учесници и сведоци на големиот историски настан со кој беше означен почетокот на востанието на македонскиот народ, и на сите други граѓани во нашата земја, против злото наречено фашизам – со овие зборови премиерот Зоран Заев го започна своето обраќање на свечената програма за одбележување на празникот во Куманово, откако претходно беа положени венци свежо цвеќе на спомен костурницата на паднатите борци од НОБ.Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев нагласи дека на 11 октомври во 1941 година, во Куманово и во Прилеп беше означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонска држава на мапата на народите на светот.„Тоа утро, во Прилеп и Куманово пламна искрата на борбата, на отпорот, на стремежот нашата земја да биде дом на слободата, победник над окупацијата. На тој начин, малата земја, тогашна Македонија, стана едно со светскиот победнички сојуз на државите што се кренаа против фашизмот.Храбрите борци и борки не се штедеа да ги стават и сопствените животи на пиедесталот на новата држава, како подарок и како завет за сите идни генерации: Со својот херојски и епски гест тие порачаа дека идните генерации државноста и слободата никогаш не смеат да ја изгубат или да ја доведат во прашање. 78 години овој завет е жив и никогаш нема да биде заборавен“, истакна премиерот Заев во своето обраќање во Куманово.Заев додаде дека во тие големи, драматични и пресвртни настани во светската историја, во такви бурни, преломни времиња на светската историска сцена, како резултат на ослободителната борба и на антифашистичко востание, се роди и македонската држава, и дека наша обврска е секогаш да им оддаваме должна почит на тие храбри, државотворни луѓе да ја остварат вековната цел – македонска држава – тоа е денешната горда и прогресивна, Северна Македонија!„Кога заканата по слободата беше најголема, борците на НОБ ја извојуваа победата и ја донесоа државноста пред идните генерации за да ја чуваат, да ја негуваат и да ја развиваат. Да ги почитуваат и негуваат вредностите на сите народи во земјата, а на светот да му ги подарат без временските вредности на нашата културна историја и традиција, мозаикот македонски, преплетен со убавините што ги носат сите заедници кои живеат во нашата земја“, нагласи претседателот на Владата на Република Северна Македонија Заев.Премиерот Заев рече дека нашата држава беше создадена како дом на слободата за сите нејзини граѓани. Како едно општество на сите и за сите за кое секоја генерација е должна да ги проширува видиците и да го дава својот придонес. Секој граѓанин на нашата држава.„Должни сме да преземеме одговорност за татковината да биде дом на слободата на сите нејзини граѓани, како нова ѕвезда во европското соѕвездие. И затоа и денеска можеме да кажеме дека сме повторно пред историска пресвртница. Нашата генерација е пред исчекорот за остварување на нашата стратешка цел во оваа фаза од нашата историја: Пристоен живот за секого со европски животен стандард и вредности. Осигурени граници. Безбедност. Стабилност. Признаен идентитет. Сето ова преку членството во НАТО, а потоа и членството во Европската Унија“, потенцираше премиерот Заев, и додаде дека нашата мисија  денеска е постојано да наоѓаме причини плус и да ги мотивираме младите тука да се ангажираат - во своите маала, своите заедници, села и градови – тука да живеат и работат, во својата земја.„Пред 78 години борците од НОВ ја отпочнаа борбата за слобода и ја добија слободата. Нашата генерација, на свој начин ја повтори таа борба, и еве ја повторно слободата – ја живееме, ја уживаме. Слободата нека ни биде инспирација да си помагаме едни на други, да работиме на еднаквоста и солидарноста, да ја чуваме околината, да градиме системи што ќе останат, да им служиме на своите граѓани, да се почитуваме. Тоа современиот патриотизам. Тоа е европската иднина за Северна Македонија. Тоа е иднината која станува наша сегашност“, нагласи премиерот Заев во завршницата на своето обраќање на спомен костурницата во Куманово, каде што денеска се одржаа свеченостите по повод 11 Октомври, Денот на народното востание.На свеченостите во Куманово се обратија претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците, доктор Никола Стојановски. Тој потсети на херојскиот подвиг на неговите соборци и соборки во епопејата на Народно-ослободителната војна означена со почетокот на 11 октомври во 1941 година.„Нашата земја, нашиот народ, во содејство со другитенароди од поранешна Југославија, заедно со сојузниците од светскатаантифашистичкакоалиција, може да биде горда. Меѓу првите во Европа застанавме на вистинскатастранапротив најголемото зло - фашизмот.Така ја создававме државатапреку АСНОМ, нејзиниот темелник, до завршнитездружениоперации во 1945 година. Никогаш да не ги заборавиме спомените и спомениците на славната борба, на Епохата на оваа победничка земја и никогаш да не го забораваме делувањето на Сојузот на борците“, истакна во својот говор претседателот на Главниот одбор на Сојузот на борците, доктор Никола Стојановски.Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски ја нагласи должната почит за паднатите борци чии имиња се врежани на мермерните плочи на спомен-костурница, како вечен спомен на кумановскиот и македонскиот непокор и сведочат за едно славно време кое влева силна верба кај генерациите на нашиот првоборечки град и се показ како се брани својата татковина и својот народ.„Октомвриското востание беше круна на залагањата на македонскиот народ за свое ослободување од непријателот и остварување на вековните стремежи на македонскиот народ. Денеска од сите нас, различни по погледите и убедувањата, по желбите и замислите, се очекува да покажеме доволно патриотизам и достоинство во решавањето на сите предизвици кои ќе ни застанат на патот на демократијата, правното општество и економската перспектива на Република Северна Македонија, со цел побрзо спојување со развиениот демократски свет во Европа“, издвои во своето обраќање градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски.Одбележување на 78 годишнината од денот на народното востание на македонскиот народ против фашизмот и за македонска државност во Куманово започна со положување свежо цвеќе на Спомен – Костурницата од страна на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, на канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието на РСМ, на делегацијата на Сојузот на борците, на општината Куманово, на делегациите на дипломатскиот кор во земјата и на бројните општествено политичките и граѓанските организации во земјата.Свечената програма за одбележување на 11 октомври – Денот на народното востание, заврши со културно-уметничка програма.   

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања