Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

grcka-crkva

Грчката црква ја призна автокефалноста на Украинската православна црква

Грчката православна црква ја призна автокефалноста на Православната црква во Украина и стана втората црква во православниот свет, по Вселенската Патријаршија која ќе воспостави канонско единство со украинската автокефална црква.Денес на вонредната средба на телото кое го сочинуваат 80 владици, беше призната новата автокефална црква.Седум митрополити бараа одложување на таа одлука.Поглаварот на Грчката православна црква, архиепископот Јеронимос, од сега во молитвите ќе го спомнува и поглаварот на Украинската црква.Според информациите од денешното заседание на Синодот, владиките со акламација гласале за предлогот на Јеронимос за признавање на автокефалноста на Украинската православна црква. 

Свет | пред 6 години

biometriskakarticka

(ВИДЕО) Пристигнуваат биометриски кредитни картички - нема пин, ќе плаќаме со отпечаток од прст

„NatWest“ започна тримесечно тестирање на таканаречените биометриски кредитни картички за отпечаток од прст, во тестирањето ќе бидат вклучени 150 клиенти. Банката претходно пилотираше биометриски дебитни картички, но сега се издадени за прв пат.Биометриските кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање со помош на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти.Орџ Булкли, директор за иновации, од „NatWest“ вели:“Следејќи го успешниот пилот на нашата биометриска дебитна картичка, ние сакаме дополнително да ја тестираме нашата технологија за кредитни картички. Ова е најголем развој во технологијата на картички во последниве години, и не само што отсуството на код ја зголемува безбедноста, туку им го олеснува и на нашите клиенти да плаќаат за стоки или услуги”.

Свет | пред 6 години

pejacka

Кој е убиен во Сараево? Пејачката за која пишуваа медиумите се појавила жива и здрава

По веста која ја објавија Босанските медиуми, а ја превзедија сите од регионот дека утринава во Сараево  пред кафана е убиена дваесет и пет годишната босанска пејачка Елма, позната како Елма Милано пресврт.Имено Елма, се појавила во јавноста барајќи сите медиуми кои ја објавија веста да ја објават вистината, а таа е дека таа е жива и здрава.„Од утринава не престанува да ни ѕвони телефонот. Сите сме видно вознемирени. Лажната вест која се појави предизвика бројни проблеми.Сите се загрижени, не знаат што се случува. Јас доаѓам од угледно смеејство, и на таков начин се нарушува нашиот углед. Од сите кои објавија дека сум убиена, барам да се демантира таа вест, затоа што, како што гледате, никој не пукал во мене“, рекла таа.Инаку повеќе лица се приведени утрово откако како што објавија медиумите се случило убиство пред кафана во сараево. Како што пренесуваат босанските медиуми немилиот настан се случил рано утрово во една кафеана во Сараево каде била организирана музика во живо. 

Свет | пред 6 години

SDS_3596

Заев - носиме нов закон: „Наместо досега со избор до 67 години да се оди во пензија, го пуштивме законот со 64“

Претседателот на Владата и на СДСМ, Зоран Заев, денеска на партиска трибина во Куманово соопшти дека се носи нов закон за пензионурање според кој не ќе може да се продолжува пензионирањето до 67 години како што е сега. – Носиме нов закон, рече Заев.Носиме нов закон наместо досега со избор до 67 години да се оди во пензија, го пуштивме законот со 64 години да се оди во пензија. Да ослободиме работни места за младите луѓе, најави Заев. 

Македонија | пред 6 години

GASTRO_MAK

Светска готвачка елита на „Гастро мак “ во Охрид

Светски познати готвачи и шефови на кујни се дел од четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар – „Гастро Мак”, кој деновиве се одржува во Охрид.Во рамки на предвидената програма, вчеравечер, дел од кулинарските активности и презентации ги проследи Претседателот на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.-Ми претставува особена чест и задоволство во мое лично име и во името на охридската локална самоуправа да Ве поздравам и да ја искажам нашата благодарност што со организирањето на четвртото издание на Интернационалниот гастрономски натпревар „Гастро Мак”, овој празничен викенд, Охрид го претворивте во светски центар на кулинарството, каде што своите готвачки способности и потенцијали ги одмеруваат реномирани светски готвачи и шефови на кујни.  Нашиот туристички центар има широка понуда на угостителски објекти, кои од година во година започнуваат да ги следат новите трендови и започнуваат да се идентификуваат со уникатни специјалитети и сопствен печат во подготвувањето и сервирањето на храната. Сметам дека овој настан е од големо значење за современ развој на угостителството и за промоција на Охрид како туристички центар. Овој настан ќе придонесе за промоција на кулинарските потенцијали на овој регион, понудени на модерен начин во согласност со светските угостителски стандарди.Општина Охрид секогаш е  подготвена за поддршка на вакви настани, кои се во насока на промоција на Охрид како туристички центар и настани кои придонесуваат за збогатување на туристичката понуда надвор од шпицот на летната туристичка сезона, истакна Ангелоска во своето обраќање пред присутните.На овогодинешното издание на „Гастро Мак“ учествуваат над 300 учесници, над 90 лиценцирани судии од Светската асоцијација на здруженијата на шефови на кујни, гастрономски амбасадори и почесни гости од 30 светски земји. Овој континентален гастрономски настан е во организација на Националната асоцијација на готвачи и шефови на кујни од Рeпублика Северна Македонија поддржана од Министерството за култура и Општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

stan

(ВИДЕО) Стан натрупан со ѓубре во Скопје - станарите бараат помош

Жителите во скопската населба Чаир се жалат на неподносливата смрдеа која доаѓа од соседниот стан. Канал 5 беше на лице место, смрдеа на ѓубре, урина и измет во комбинација со насобрано ѓубре излегува од станот број 11 во зградата на улицата Џон Кенеди.Соседите на 70 годишната жена од пред неколку години почнала да се однесеува повлечено да не одржува хигиена и да носи ѓубре од улица. Бараат да и се помогне, бидејќи жената има голем проблем. Од како паднале темепратурите тие дежураат покрај отворениот стан за да не направи пожар.Текстот во целост на: канал5.мк

Скопје | пред 6 години

297752-0.Basic-Mickoski

ВМРО-ДПМНЕ преговара за мнозинство во Парламентот за предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ преговара за обезбедување мнозинство во Парламентот за предвремени парламентарни избори. Премиерот Заев е против. Тој вели дека и да нема датум за почеток на преговори , предврмени избори нема да има, објави Телма.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува подршка од група пратеници за да може иницијативата да добие зелено светло.Доколку  евентуално победат на избори нема да коалицираат со партијата на Албанците која добила најмногу пратенички места туку ќе се раководат од принципот програма со програма.Текстот во целот на: Телма.мк 

Македонија | пред 6 години

UZ06

Започна проектот во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ наменет за жените кои ќе ги јакнат нивните лични капацитети

Денес започна имплементацијата на проектот во рамки на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ наменет за жени кои во циклус од пет месеци, контунирано ќе се јакнат нивните лични капацитети преку стекнување на основни и напредни знаења и вештини во различни области, клучни за влез на политичката сцена.Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска го отвори настанот со поздравен збор, давајќи целосна поддршка на сите жени.Верувам во сите вас, стојам зад вас жените, инвестираме во вашиот капацитет и квалитет затоа што само така, со силни жени ќе возобновиме демократското општество кое во моментот е згазено од партијата на власт. Секоја една е непресушен извор на потенцијал и капацитет-рече Ласовска.Во дизајнираниот пакет обуки, првиот модул е наречен Политички систем и владеење на правото преку кој учесничките ги анализираа политичките системи кај нас и во рамки на Европската Унија. Професорката Гордана Силјановска Давкова ја оддржа првата обука на жените учеснички на Женската платформа.Зборот политика е женски род. Политиката се учи и таа не треба да биде чудовиште, ние жените можеме да ја направиме уметност исто како што од животот правиме уметност на можното уште кога раѓаме деца, изјави Силјановска.Жените се клучен актер за оддржлив развој на едно општеството, а родовата перпектива е веќе широко препознаена и во рамки на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.Жената нема многу слободно време, ама избира да се занимава со политиката. Оваа стимулативна програма ја јакне можноста за кариерен развој на секоја жена од една страна, а од друга страна ја поттикнува да се носи со идните предизвици од нејзино вклучување во политиката- изјави координаторката Ирена Тодороска која заедно со избраните предавачи ќе ги води учесничките во оваа платформа на Унијата на жени.ВМРО-ДПМНЕ ги сруши стереотипите и предрасудите за жените со самата поддршка за жена-кандидатка за претседателка на изминатите претседателски избори. 

Македонија | пред 6 години

SDS_3875

Спасовски: На прав пат сме - СДСМ го консолидира безбедносниот систем во земјата и обезбеди подобри услови за полицајците

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово се осврна на остварувањето на клучниот предизвик во државата за консолидирање на безбедносниот систем.Спасовски истакна дека на 1 јуни 2017 година, кој ја презем министерската функција го затекнал Министерството за внатрешни работи со долг од 40 милиони евра, 15 години ненабевени унифирми и опрема, исти плати, без услови и мотивација за работа.Сега долгот е намален на 10 милиони евра, реконструирани 36 полициски станици, а уште четири се реконструираат и тоа во  Валандово, Гевлегија Крива Паланка и Кемањање.Нови комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.Спасовски додаде дека со помош на средствата од ИПА е изграден објект за случај на елементарни непогоди во Прилеп, поставен е камен темелник за објектот на крим-техника на МВР, ќе се гради нов објект за центар за странци, кој од Гази баба се преместува во Стенковец.Новата Агенција за национална безбедност е голем чекор кон рефома на безбедносните служби, а ова се само дел од мерките што позитивно влијаат на унапредување на условите за работа на вработените во МВР, рече Спасовски.На прав пат сме во консолидирањето на безбедносниот систем во државата, порача Спасовски од трибината во Куманово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Почна демонтажата на времениот објект на кровот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Шилегов, денеска почна демонтажата на времениот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности ќе се изврши демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот.По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Во предвид беа земени општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата “Го Сакам ГТЦ”, Град Скопје донесе одлука за демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела ќе почне поставувањето на земјената подлога, а кон крајот на овој месец може да се очекува поставувањето на првото зеленило. 

Скопје | пред 6 години

pozarna

Изгоре „корвета“ во гаража

На 12.10.2019 во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Тумбара“ при што изгорело и возило „корвета“, сопственост на А.З(34) што било паркирано во гаражата. Увид се врши.

Македонија | пред 6 години

policija-123

23 годишен скопјанец нападнал полициски службеник

На 11.10.2019 околу 23,30 часот во СВР Скопје бил лишен од слобода С.О.(23) од Скопје бидејќи пред угостителски објект на ул.„Битпазарска“ физички нападнал полициски службеник.

Скопје | пред 6 години

tepacka

Седеле, јаделе, пиеле, се испијаниле и се истепале

На 11.10.2019 околу 20,30 часот во Полициска станица Гевгелија било пријавено дека во Богданци на ул.„Кочо Рацин“, В.К(62) од Богданци бил физички нападнат од Н.Т(60) од Богданци, додека бил на гости кај истиот и биле под дејство на алкохол..За случајот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување.

Македонија | пред 6 години

pozarna

Неисправна плинска боца предизвока пожар во Охрид, оштетен и соседниот стан

На 11.10.2019 околу 16,00 часот, во стан на булевар „Туристичка“ во Охрид, поради неисправна плинска боца, настанал пожар, во кој, К.С.(71) од Охрид се здобила со изгореници на десната рака.Пожарот, предизвикал оштетување и на соседниот стан, сопственост на С.П. од Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица која го изгасила пожарот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична пријава за Скопјанка која во стан во Охрид овозможувала користење наркотични дроги

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело,,овозможување на употреба на наркотични дроги“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Д.(33) од Скопје. При извршен претрес во стан на ул.„Богомилска“ во Охрид, што пријавената го користела,  пронајдени се амфетамини. Пријавената, на К.Ј. и Ј.П. двајцата од Скопје, во станот им овозможувала користење наркотични дроги. 

Македонија | пред 6 години

SDS_3681

Заев: Нема држава што има сработено колку ние што направивме за преговори за членство во ЕУ

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Куманово порача дека државата и граѓаните со право очекуваат почеток на преговорите со ЕУ и тоа да биде објавено веќе во наредната недела.-Сработивме се што беше потребно и со право за неколку денови очекуваме почеток на преговори со ЕУ. Знам дека нема друга земја која како кандидатка за членство, сработела онолку колку што ние како држава среаботевме за сите 15 години колку што сме земја кандидат, но особено во последните 2 години порача претседателот Заев, додавајќи дека веќе е извесно дека Република Северна Македонја е 30 земја членка на НАТО Алијансата.Рековме, ветивме дека ќе го забрзаме процесот на интеграција во ЕУ и еве го правиме, ветивме дека ќе станеме членка на НАТО и еве не, извесно е, ние сме следна членка на НАТО Алијансата.

Македонија | пред 6 години

dsc1

Николоски во Ватикан на средба со Кардиналот Паролини лобира за интересите на Македонија

Во рамки на својата работна посета на Рим и Ватикан денес Александар Николоски оствари посета и средби во Ватикан.Николоски беше дел од делегацијата на Центристичката Демократска Интернационала ( ЦДИ) која имаше прием во Ватикан. При тоа ја посети црквата Св. Петар, а имаше и аудиенција кај Кардиналот Пијетро Паролони Државен Секретар на Ватикан. Со Кардиланот Паролини кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Николоски разговараше за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, беа потврдени односите на највисоко ниво. Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет.Николоски исто така ги поздрави напорите на Кардиналот Паролини и Папата Франциско за соработка и блиски односи со православната црква. Николоски се заблагодари за посетата на Македонија и побара Ватикан во своите можности да се залози за признавање на Македонската православна црква.Во однос на Македонија и ВМРО ДПМНЕ Николоски ги нагласи одличните односи со Ватикан кои датираат усте од формирањето на ВМРО во 1893, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев.Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со Кардиналот Паролини Државен Секретар на Ватикан Николоски информираше и за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Николоски ја истакна потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим на ВМРО ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економско раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата.Граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев и Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ беше исто така заклучено. 

Македонија | пред 6 години

igral-1

Кој стопанисува со спортското игралиште во Ново Лисиче? Дали навистина под концесија го има пријател на градоначалникот на Аеродром?

Кој стопанисува со спортското игралиште лоцирано веднаш до градинката на ОУ „Александар Македонски” во Ново Лисиче? Алфа дознава дека тоа пред извесен период, било дадено под концесија на близок човек на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, откако Општината го раскина договорот за користење склучен со ФФМ. Според информации на Алфа игралиштето сега го користи извесен „Фудбалски клуб Аеродром 2018“.Дали клубот има решение да го стопанисува, и што стои во документот ако истиот постои, Алфа побара официјално одговор од Општината. Два дена од кабинетот на Марин молчат. Алфа побара одговори на терен. Но во моментот кога  екипа била таму можеа да се забележат само деца кои тренираат. Беа дојдени од Битола.Игралиштето овде во Ново Лисиче денеска беше отворено само за млади фудбалери од Битола. Останува не јасно зошто за граѓаните за кои е наменето не можат да спортуваат, случај каков што беше изминатиот период.Инаку, фудбалското игралиште е дел од проектот на претходната Влада и Агенцијата за млади и спорт за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава. Сега, останува отворено прашањето кој го има земено под концесија, и кој го користи.Текстот во целот на: Алфа.мк  

Скопје | пред 6 години

kamion-gubre-1

Инспекторатот на Град Скопје на лице место фатија лице кое истура отпад на земјоделско земјиште во село Бардовци

Инспекторатот на Град Скопје, објави фотографии на официјалната фејсбук страница под кои стои објаснување дела во атар на село Бардовци лоцирано и казнето е лице кое истура секаков вид на отпад на земјоделско земјиште-нива.Комуналните редари го затекнале лицето како истура отпад, направиле записник врз основа на кој инспекторите во Градот ќе изречат казна. Исто така, лицето било задолжено да го собере целиот отпад и соодветно да го одложи.

Скопје | пред 6 години

premier-2

(ВИДЕО) Премиер за пример: Премиерот на Индија собира ѓубре од плажа

Индискиот премиер, Нарендра Моди на својот „Твитер“ профил објави видео на кое се гледа како собира ѓубре на плажа пред одморалиште во Махабалипурм, каде е домаќин на кинескиот претседател Си Џипинг.Моди и Си ќе се сретнат во популарното индиско летувалиште кое се наоѓа на листата со светско културно наследство на Унеско.На видеото може да се види како Моди на плажата собира пластични шишиња и други отпадоци и ги става во голема пластична кеса.„Ајде да направиме нашите јавни места да бидат чисти и уредни. Ајде да направиме да бидеме здрави и во форма“, порача Моди на социјалната мрежа Твитер.https://twitter.com/narendramodi/status/1182863814217420806?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1182863814217420806&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fmagazin%2Fzanimlivosti%2Fpolitichar-za-primer-premierot-na-indija-so-golema-najlonska-kesa-go-sobira-gjubreto-od-plaza-video%2F

Свет | пред 6 години

sobotka

Претседателот на австрискиот Парламент: Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан

Претседателот на австрискиот Парламент Волфганг Соботка ја поддржува европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан и смета дека секој кој го блокира почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија го загрозува европскиот курс на Западен Балкан и штети на кредибилитетот на Унијата.-Јас сум уверен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија, Албанија и целиот Западен Балкан. Кандидатите за членство, Северна Македонија и Албанија во изминатите години направија важен напредок на патот на правно, политичко и економски приближување на ЕУ. Северна Македонија го заврши спорот околу името со Грција, поради тоа, даде важен придонес во помирувањето и преимер е за целиот регион. Понатамошно одложување на почетокот на преговорите би бил потполно погрешен сигнал, порачува во соопштение Соботка.ЕУ, според него, е нецелосна без државите од Западен Балкан.

Македонија | пред 6 години

SDS_3596

Заев: Ја зголемивме минималната плата за повеќе пари во семејните буџети

Изминатите две години, креиравме и спроведовме мерки што обезбедуваат еднаква шанса за сите и носат повеќе пари назад кај граѓаните, порача претседателот Зоран Заев на денешната граѓанска трибина во Куманово.-Со зголемување на минималната плата на 12.500 денари, ги изнедначивме сите индустрии и обезбедивме повеќе пари во семејните буџети. Но знаеме дека и тоа не е доволно. Финишираат преговорите за ново, осетно зголемување на минималната плата за уште повеќе пари во семејните буџети. Преговорите со синдикатите и стопанствениците привршуваат. Наскоро ќе има ново, значано покачување на минималната плата. Не за 500 или 1.000 денари туку за повеќе, рече Заев.Со субвенциите до 100 евра за задолжителното осигурување на сите кои ќе ги зголемат платите, ќе поттикнеме нов раст на сите плати во државата, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев на трибината „На прав пат“ во Куманово.

Македонија | пред 6 години

20141011193946_IMG_8790

Заев од Куманово: После две и пол години веќе никој нема дилеми, нашата таковина е на прав пат!

Последните две и пол години нема дилеми ниту дома ниту надвор, дека наштата татковина е на вистинскиот, на правиот пат, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на почеток на денешната граѓанска трибина во Куманово „На прав пат“.Тоа е патот на напредокот, на сигурноста, стабилноста, патот на повисоки плати, на членство во ЕУ и НАТО, додаде Заев.-Да кажуваш дека си на прав пат а да не дојдеш во Куманово, си го згрешил патот. Кумановци биле и ќе останат на вистинскиот пат. Тоа значи дека сме сопатници, на ист правец, на ист пат. А Куманово е вистинско олицетворение на Европската унија, Како што ЕУ е збир на земји со различни особености, така и Куманово е град - конгломерат во кој се испреплетуваат различни етникуми, вери, култури и јазици. Затоа Куманово, е град полн со дух и позитивна енергија, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Македонија | пред 6 години

Islamisti-dzihadisti-islamska-drzava-ISIS-2

Џихадисти на ИСИС побегнале од затвор, го искористиле турското бомбардирање

Пет џихадисти на ИСИС побегнале од затвор во северна Сирија по турското бомбардирање, изјави гласноговорникот на курдските сиријски демократски сили, Марван Камишло, пренесува Индепендент. Тие побегнале од затворот во градот Камишлија.Истовремено, жените поврзани со ИСИС ги нападнале полицајците со камења за време на немирите во кампот во регионот во кој Турција ги започна нападите.Жените, како што информира Камишло, физички ги нападнале безбедносните служби и ги запалиле шаторите. 

Свет | пред 6 години

pejacka

(ВИДЕО) Убиена пејачка пред кафеана во Сараево

Утринава во Сараево се случило убиство пред кафеаната „Кај амиџе“ дознава Аваз. Повеќе лица се приведени утрово откако беше убиена дваесет и пет годишната босанска пејачка Елма, позната како Елма Милано. Како што пренесуваат босанските медиуми немилиот настан се случил рано утрово во една кафеана во Сараево каде била организирана мука во живо, додека пејачката била убиена со огнено оружје пред кафеаната. 

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања