Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

rostuse

ВМРО ДПМНЕ: Во општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект, ниту изведен, ниту во намера да се изведе

Добар ден се наоѓаме во село Ростуше, општина Маврово Ростуше. Една од најубавите општини во западна Македонија, но за жал полни две години е заборавена од локалната власт а веќе трета година како што ја нема на мапата на економијата и крупните инфрапроекти на владата на Република Македонија, истакна Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ.Во општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект, ниту изведен, ниту во намера да се изведе. Со ребалансот на буџетот за 2019 година ниту еден капитален проект, ниту едно планирано реновирано училиште или нова градинка, или спортски објект, или рестарвација на некој од патиштата кои што се горливи проблеми за жителите на овој крај.За ребалансот на буџетот јас и колегата Горан Манојлоски поднесовме мноштво на амандмани меѓу кои имаше и такви кои што се однесуваа на овој крај. Но, ниту еден не беше прифатен. Годината 2019 оваа влада ја нарече како година на економијата, но за жал ова е година во која што владее рекет., царуваат криминалот и корупцијата, а во здравството и образованието веќе трета година владее насилство и не се знае кој врз кого врши насилство а на улиците се повеќе излегуваат народ од земјоделци, од учители, од културни работници, полиција и армија. Тоа е она што оваа влада навистина не го вети а го реализираше. Додека се што таа стави на хартија барем досега а им останува само уште една година на владеење ништо нема реализирано.Затоа е време оваа влада што побрзо да си замине и да се испрати на местото која што самата и го заслужи.Денес со жителите на Маврово и Ростуше ќе ги споделиме нивните проблеми, истите ќе ги нотираме и во наредниот период за нив ќе најдеме решенија, кои што ќе бидат дел од идната предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што на Македонија и треба обнова на општина Маврово и Ростуше. Таа обнова дефинитивно ќе  ја добијат само со ВМРО-ДПМНЕ и со луѓе кои што се грижат и кои што се заинтересирани со сите краишта подеднакво во Република Македонија, истакна Дафина Стојановска од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

001

Редовната 159-та седница на Владата на РСМ ќе се одржи утре во Битола

Владата на Република Северна Македонија својата редовна 159-та седница ќе ја одржи утре, во понеделник, на 14 октомври во Битола, во зградата на Општина Битола.Со оваа прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во Владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини.За таа цел, во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, по што ќе следуваат изјави за медиумите. Настанот е предвидено да се одржи во 11:00 часот на влезот во Битола (клучка кај Могила).Во 12:00 часот увид во напредокот на изградба на пречистителна станица за отпадни води во подпелистерските села Трново и Магарево ќе извршат заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули придружуван од градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.Министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Здравствениот дом во Битола, кадешто пред 1 месец се пушти во употреба реновираната Служба за итна медицинска помош. Во 13:15 часот, следат изјави за медиумите на министерот Венко Филипче и директорката на јавно-здравствената установа Весна Спирковска и градоначалничката Наташа Петровска за досега сработеното во овој здравствен дом.Во рамките на агендата на министрите по повод одржувањето на седницата на Владата на Северна Македонија во Битола, во посета на РЕК Битола, ќе биде заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, кои ќе ја промовираат и мерката за инвертер клими, во присуство градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, како општина опфатена во првата фаза со оваа мерка. Посетата во РЕК Битола, и изјавите на владините претставници и градоначалничката е предвидено да се оствари во 15:00 часот.Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со градоначалничката на Битола Наташа Петровска ќе посети неколку мали групни домови во општината. Оваа обиколка на малите групни домови е предвидено да започне во 17:00 часот, вклучително со изјавите на медиумите. Локацијата на малите групни домови е на адреса: ул. Леринска бр. 47.Непосредно пред почетокот на 159-тата редовна седница на Владата на Република Северна Македонија која ќе се одржи во Битола, е предвидена и изјава на премиерот Зоран Заев, пред зградата на Општина Битола во 17:50 часот.Оваа седница, како прва во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, со учество на градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, ќе започне во 18:00 часот, во салата за седници на Советот на Општина Битола. Отворениот дел на седницата ќе биде од 18:00 - 18:15 часот.

Македонија | пред 6 години

20141011194210_IMG_8831

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот Зоран Заев одговорајќи на прашање од граѓани на денешната трибина во Куманово.- Советник бил на Груевски, работел про боно, па не работел про боно, работел за пари, па и паралелено правел конструкции за да дава дозволи за хидроцентрали и за други енергетски ресурси и од тука доааѓаат парите, 7-8 % од толку хидроцентрали се огромни пари, истакна Заев.Заев рече дека за сите сомневања треба да следуваат истраги а оние кои незаконски работеле да понесат одговорност.- Правда за сите мора да има. И за хидроцентралите и за финансирањето на изборите и за незаконско работење сето тоа низ истрага транспарентно треба да се открие, ако има вклучени и од сегашната власт и тоа ќе се открие, порача претседателот Заев.

Македонија | пред 6 години

kosta-intervju

Георгиески: Кај Горица не се работи за никакво сериозно уништување на зеленилото, туку се работи за стари дрвја кои претставуваат опасност

Врз основа на актуелните објави на социјалните мрежи и социјалните медиуми од страна на загржени граѓани, екологисти и активисти на невладината организација „Охрид СОС“ во врска со сечењето на дрвја во потегот на месноста „Горица“ сакам да ја информирам јавноста дека не се работи за никакво сериозно уништување на зеленилото и животната средина на посочениот потег, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески. Во продолжение градоначалникот објасна:Одделението за заштита и влијание врз животната средина при Општина Охрид на 1-ви јули 2019 година има донесено Решение со кое го задолжува АД. за угостителство, трговија и турзам „Инекс- Горица“ во дворното место на хотелот „Инекс Горица“ на КП бр.5984/1 КО Охрид 4 да пресече четири кедари и три бора, обележани со буквата „С“ со црвена боја, врз основа на нивно барање доставено на 7-ми мај 2019 година.Се работи за стари дрвја за кои Комисијата за преземање на мерки и активности за отстранување на дрвја на подрачјето на Општина Охрид, утврдила дека се исушени и не постои можност за успешно санирање и ревитализирање на нивната состојба. Исто така утврдено е дека при неповолни временски услови истите дрвја претставуваат опасност по луѓето и метаријалните добра.Во согласност со „Законот за урбано зеленило“ како компензациски мерки на местото на пресечените стебла барателот треба да засади соодветни листопадни или зимзелени дрвја, кои треба да бидат постари од 6 години и нивниот збирен пречник да одговара со пречникот на пресечените дрвја.Сакам да потенцирам дека надлежните служби на општината постапуваат и во иднина ќе постапуваат во согласност со закони и правилници и дека ќе работат во интерес на сите граѓани!Упатувам апел до активистите на невладините организации, кои се загрижени за животната средина во иднина добро да ги проверат информациите пред да започнат да шират лаги и шепкулации поради лични интереси и публицитет. Наместо со лажни информации и непотребни критики, ги охрабруваме да започнат да спроведуваат конкретни еколошки активности или акции за пошумување, со кои навистина ќе покажат дека се грижат за животната средина!Ви благодарам! 

Македонија | пред 6 години

znaminja-777x437

Според Блумберг: Франција смета дека не треба да им се дава никаков датум за преговори на Северна Македонија и Албанија

Макрон се обидува да го забави проширувањето на ЕУ - удар за балканските аспирации. Франција инсистира дека блокот сè уште не е подготвен да разговара за можноста за прифаќање нови членки, покажуваат документи разменети меѓу дипломатските мисии во Брисел, до кои дошол Блумберг.Иако повеќето земји-членки го поддржуваат барањето на Македонија и Албанија за почнување преговори за ЕУ, Франција и Холандија сакаат целосен ремонт на процесот на проширување пред да почнат преговорите со двете земји, објави мкд.мкНикаков датум за формални преговори не треба да им се дава на Албанија и Северна Македонија пред ЕУ да го заврши овој ремонт на својата „методологија“, се вели во извештајот.Текстот во целост на: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

JANEVA1

По четири дена болничко лекување Јанева се враќа во Шутка

Катица Јанева се враќа во Шутка. Нејзините адвокати откриваат дека веројатно утре таа ќе го заврши лекувањето во приватаната болница Жан Митрев. Екс шефицата на СЈО, четири дена е на болничко лекување за кое сама ги плаќа трошоците.Дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворската келија во Шутка зависи од Апелација и Кривичен. Неделава Апелација треба да одлучи  по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. А Кривичен треба да се изјасни по тоа на Русковска, која  со обвинителниот акт побара и продолжување на притворот за Јанева. Од Кривичен велат дека повеќе информации ќе имаат неделава.

Македонија | пред 6 години

merkel-makron

Вечерва Меркел ќе го разубедува Макрон за Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва ќе и биде домаќин на германската канцеларка Ангела Меркел на работна вечера во Париз, на која треба да се одлучи и иднината на Македонија во Европската Унија.Исходот ќе се знае по средбата закажана за доцна попладнево, но иако целото внимание е насочено кон Париз и неизвесноста може да трае до последен момент бидејќи одлуката е во рацете на самиот Макрон, главниот македонски преговарач Бојан Маричиќ очекува добри вести поради испорачаните предуслови од Европската Унија.

Македонија | пред 6 години

japan

(ВИДЕО) Мега тајфун ја погоди Јапонија, бројот на загинати и исчезнати расте

Најмалку 25 луѓе загинале, а најмалку 15-тина се водат како исчезнати, при налетот на тајфунот именуван како Хагибис во Јапонија. Во невремето предизвикано од супертајфунот се повредени повеќе од 140 луѓе. Хагибис е еден од најсилните тајфуни кои го погодиле регионот на Токио во последните шест децении. До копното стигна на островот Изу, а главниот јапонски град го погоди синоќа.Јапонските власти соопштија дека илјадници војниции чамци беа распределени во цела Јапонија со цел спасување на заробените луѓе во поплавените домови. Државната телевизија во Јапонија соопшти дека вкупно 14 реки се поплавени, на некои се излеваат на повеќе од едно место.Тајфунот предизвика 48 одрони во 12 префектури. Околу 376.000 домаќинства останаа без струја, а 14.000 без вода.Во текот на ноќта повеќе од 4,4 милиони луѓе добија наредба за евакуација во источна и североисточна Јапонија, вклучувајќи 910.000 во градот Кавасаки.Во Токио околу 80.000 луѓе ноќта ја минаа во засолништа од страв од големи поплави. Премиерот Шинзо Абе свика вонредна средба на министрите, а министерот задолжен за управување со катастрофи го испрати во погодените области. На семејствата на настраданите им изрази сочувство и кажа дека владата работи на тоа да ги спаси животите на луѓето и нивните имоти.

Свет | пред 6 години

Soobrakajci-policija

Тешка сообраќајка на излезот од Охрид

На излеёот од Охрид денес се случи тешка сообраќајка.Се судриле парничко моторно возило и велосипедист.Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и е префелен во болницата "Свети Еразмо",Увидот е во тек.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“,  откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност, објави plusinfo.mk.Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.Извор: Plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

zagina

(ФОТО) 19 годишна девојка загина, а маж тешко повреден во сообраќајна несреќа во Струмичко

Рано утрово околу 5 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина 19-годишната С.Т. од Струмица, а Ф.Т. (31) бил тешко повреден. Во судирот учествуваа едно патничко возило „фолксваген шаран“ и товарно возило „даф“, јави Струмицаденес.мк.Во сообраќајката учествувале „Шаран“ и „Даф“. Против пожарно возило и 6 пожарникари употребиле хидраулични алатки за вадење на двете лица од возилото. 

Македонија | пред 6 години

6762-rada

Шеќеринска на ФБ: Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив - тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, објави статус на својот официјален фејсбук профил во кој го коментира новообјавениот прислушуван разговор, каде се слуша нејзиниот глас.Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти. “Бомбава” само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив: тие се закануваат, ние бараме принципиелно да се гласа; тие крадат, ние бараме да не се крадат победите. Да се признае победата чесно и принципиелно. За жал, ништо не им беше свето и на државата и го приредија срамот со трите прегласувања на локалните избори 2013.Можете уште еднаш да се уверите: не сме исти, напиша Шеќеринска на ФБ.

Македонија | пред 6 години

sekerinska

НОВА БОМБА на Ел Чека на ФБ: Шеќеринска преку Бесими влијаела врз членот на ДИК Јакупи!?

На социјалните медиуми е објавен нов нелегално прислушуван разговор на кој, како што тврди објавувачот Шеќерим Ахмети познат како Ел Чека, се слуша гласот на вицепремиерката Радмила Шеќеринска и нејзиниот поранешен колега вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими. Станува збор за разговор снимен во 2013 година за време на локалните избори. Во разговорот се слуша како женскиот глас бара од соговорникот нивниот човек во ДИК Субхи Јакупи, како што вели „ принципиелно да гласа по однос на изборната победа на опозицијата во Центар и Куманово, за изборниот процес да не добие црвен картон“.На снимката се слуша како женскиот глас вели дека одлучувачки е гласот на Јакупи, и доколку има прегласување секаде каде што во прв круг победува опозицијата, тоа ќе го загрози извештајот за Македонија и ќе донесе нова политичка криза, затоа што потоа како што вели прашање на време ќе биде кога ќе го напуштат Парламентот.Во тој период сепак имаше прегласување во Центар и во вториот круг победата ја доби Андреј Жерновски.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Се превртело товарно моторно возило во Штип, повреден кавадарчанец

На 12.10.2019 околу 15,30 часот во СВР Штип било пријавено дека во асфалтна база во Штип, додека С.Т.(47) од Кавадарци управувал товарно моторно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, при истовар возилото се превртело, при што С.Т. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош.За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 12.10.2019 во 22,05 часот било пријавено дека во Берово на крстосницата од улицата „Задарска“ и улицата „Партизанска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “голф-4“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Б.(35) од с.Русиново и мотоцикл „јамаха“ без регистерски ознаки, управуван од У.А.(19) од с.Црник. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Берово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Берово.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Девојка од казино заработи кривична пријава, еве зошто...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и против Ш.Н.(33) од с.Сарај,скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ во врска со „поттикнување“ и ,,соизвршителство“. На 31.07.2019 во во времето од  07,00 до 15,00 часот во казино во Скопје првопријавената како вработена во казиното, во повеќе наврати извршила уплати на пари на повеќе апарати без покритие, додека второпријавениот со планирање на начинот и во договор со првопријавената, истата ја поттикнал во негова корист да уплати парични средства без покритие во вредност од 474.888 денари.

Македонија | пред 6 години

lisici

На Блаце, приведен Косовски државјанин поради “фалсификување исправа“

На 12.10.2019 во 03,00 часот на Граничниот премин Долно Блаце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “фалсификување исправа“ лишен од слобода бил С.С.(36) од Косово. С.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Приведен 31 год Бугарски државјанин, во себе имал фалсификувани пасош, возачка и лична карта

На 12.10.2019 во 11,10 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, на излез од РСМ, бил приведен A.Д.A.(31) од Р.Бугарија поради постоење основи на сомнение дека патната исправа, како и возачката дозвола и личната карта биле фалсификувани. А.Д.А. бил предаден на полициски службеници од РЦ Север за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во камион превезувал 45 мигранти од Пакистан – приведен возачот

На 13.10.2019 околу 00.15 часот во СВР Велес бил лишен од слобода И.М.(28) од с.Марвинци, Богданци кој при редовна контрола од мобилна единица на Царинската управа кај наплатна станица „Отовица“ на автопатот Велес-Скопје бил запрен додека управувал товарно моторно возило,,ивеко’’ со скопски регистарски ознаки, при што во возилото биле пронајдени 45 лица-мигранти од Пакистан. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

SDS_3596

Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев,  на граѓанската трибина „На прав пат“ во Куманово.Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се она што претставува трошок во зелениот картон.- Сакаме да го намалиме зелениот картон, сакаме да ги поедноставиме патарините, што се плаќаат за патишта, сакаме да ја рационализираме и поедноставиме регистрацијата на возилата и со тоа да им заштедиме на граѓаните од трошоците, да им вратиме пари назад на граѓаните, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев од граѓанската трибина „На прав пат“, што се одржа во Куманово.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Близу 200 казни за возачи во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 12.10.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се издадени 16 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 12/13.10.2019 во времето од 23,00 до 05,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управувале со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 25 возачи кај кои било утврдено присуство на алкохол. Откриени се и 33 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 12 прекршочни платни налози.На 12.10.2019 во времето од 14,00 до 24,00 часот санкционирани се 14 возачи на мотори, а откриени се и 28 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и седум прекршочни платни налози. 

Скопје | пред 6 години

Potpretsedateli-2019_7

Kои се новите потпретседатели на ЛДП?

Моника Зајкова, Зоран Шапуриќ, Игор Вељаноски и Јулиана Николова се новите потпретседатели изгласани на четвртата седница на централниот одбор на Либерално демократската партија (ЛДП). Партијата ја утврди агендата за дејствување во наредниот период и го промовираше слоганот под кој ќе настапува, „Размислувај различно, либерално кон Европа“.Потпретседателите, кои беа едногласно избрани, пред членовите ги презентираа нивните планови и целокупни залагања за партијата и државата. На седницата беа присутни петстотини делегати во партијата кои гласаа и дискутираа за понатамошните активности на ЛДП.- Сите размислуваме различно, сакаме со граѓаните да сме искрени, да ги потенцираме либералните вредности и исто така активно да ги чуеме нивните мислења преку директните средби и трибините кои ќе ги организираме во 30 градови низ републиката со цел заеднички да го трасираме патот на државата кон Европа, вели Зајкова.Новата потпретседателка Моника Зајкова е млада, одговорна и комуникативна. Таа е магистер на правни науки од областа на граѓанско право со просек 10. Во моментот е посебен советник за прашања од областа на регионалниот развој во кабинетот на Министерот за локална самоуправа, а во својата биографија не треба да се изостави и искуството како соработник во Собранието на Македонија , потоа надворешен советник во Собранието во рамки на Комисија за европски прашања, Законодавно-правна Комисија, Комисија за надворешна политика, Комисија за економски прашања и Национален Совет за европски интеграции. Таа претходно има искуство и како демонстратор по предметите соцологија на право, уставно право и облигационо право на Правниот факултет при ФОН Универзитетот. Зајкова е учесник и во бројни проекти и здруженија како што е Европската женска академија за политичко лидерство и кампања (ЕЊА) во организација на Европскиот либерален форум, учесник на првата и втората генерација на АЛУМНИ  членови во рамки на Либералната политичка академија за млади.- Секое семејство треба да размислува поинаку, да создава и негува европски вредности. Институциите и компаниите да ја продлабочат соработката од која корист ќе имаат сите граѓани, додаде Зоран Шапуриќ, старо-новиот потпретседател на партијата.Тој дипломирал на Правниот факултет, магистрирал и докторирал на УКИМ, стекнувајќи звање доктор по политичко–правни науки. Има положено правосуден и нотарски испит, доцент е, вонреден и редовен професор на Универзитет Американ колеџ во Скопје.Објавил 40 научно истражувачки меѓународни трудови, индексирани во респектабилни меѓународни научни бази, од областа на животна средина и одржлив развој, Европската унија и локалната самоуправа, од кои седум во ”Web of science”, 12 во “Thomson Reuters” и во други меѓународни научни бази.Во досегашната кариера Шапуриќ бил министер за животна средина и просторно планирање, пратеник во Собранието на Република Македонија, претседател на собраниска комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и член на други собраниски комисии, член на собраниска делегација во Собранието на Западно европска унија и НАТО.Работел и во Уставниот суд на Македонија како виш стручен соработник, бил помошник генерален директор во МЗТ комерц и заменик на генералниот директор во ЈП „Паркови и зеленило Скопје“.Добитник на награда за постигања во областа на екологијата и одржлив развој во  регионот од една од најголемите еколошки научни организации во Европа, „БЕНА“, професор на годината на Универзитетот Американ колеџ, Скопје и на многу други награди.Активен член на ЛДП од нејзинот оосновање без било каков активен или пасивен прекин на членствот од 1997 година; член на Централниот одбор и на Извршниот одбор  потпретседател на ЛДП. Од 2008 до 2011 претседател на одбор за национална безбедност на ЛДП и член на други партиски одбори, комисии и совети. Едукатор во областа на либералната демократија на преку 30 семинари и работилници организирани од ЛДП.- На земјата ѝ се потребни млади кои ќе бидат активни и бизнис ориентирани, млади кои ќе размислуваат поинаку, своето знаење и претприемачки дух ќе го претопат во бизнис. Со такви млади ќе се отворат европските пазари и ќе покажеме дека ние сме подготвени да бидеме дел од Европа. За сето ова потребна и поддршка од државата, вели Игор Вељаноски, потпреседател на ЛДП.Тој работи како помошник директор за оперативни работи во ЈП “Паркови и зеленило”, магистрант по деловно право, а претходно своето искуство го стекнал во приватниот бизнис сектор. Вељановски е дипломиран социјален работник, бил член на Совет на општина Кисела Вода, а сега е член на Советот на град Скопје.- Нам ни е потребна сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креаираме транспарентни политики, во духот на либералната демократија, се изјасни потпреседателката Јулиана Николова.Таа е пратеник, дипломиран професор по информатика, член на Комисија за европски прашања, Комисија за образование, наука и спорт, заменик - член во Комисија за надворешна политика, Комисија за прашања на изборите и именувањата, претседател на Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламентите на балтичките земји Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член на Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија,  Пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, како и заемник - претседавач со Интерпартиска парламентарна група за правата на лицата со посебни способности (ИППГ). 

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

„Ла верита“: Венециската комисија ќе го сопре Заев да го замени македонскиот јазик

По написите во „Ла верита“ летово за неспорните докази за корупција во Владата, во Македонија почнува да се урива ѕидот на прикривањата на делата и стравот што ја гушеше нацијата. Многу бизнисмени сe oхрабија да го пријават уценувачкиот систем формиран за време на владеењето на Зоран Заев, кој од ден на ден има сѐ поголеми потешкотии во однос на контролирање на настаните што се акумулираат на какафоничен начин, пишува италијанскиот весник по повод објавувањето на не сѐ уште неофицијалниот извештај на Венециската комисија за Законот за употребата на јазиците во Македонија, објави мкд.мкПренесуваме делови од овој напис на Ларис Гајзер:„Последниот удар на сега веќе речиси минималниот меѓународен углед на Зоран Заев доаѓа од извонредно демократската институција на стариот континент, од Венециската комисија. Официјално номинирана како европска Комисија за демократија преку правото, таа е орган на Советот на Европа формиран од независни експерти од повеќе држави.Среде корупцискиот скандал, Заев од Венециската комисија побара да го провери функционирањето на владеењето на правото во Македонија и да го оцени Законот за двојазичност донесен во 2018. Со овој закон албанскиот стана еднаков со македонскиот јазик, иако албанскиот етникум е малцинство во државата. Овој закон ја зацврсти коалицијата со албанската партија ДУИ со која Заев успеа да дојде на власт во 2017. Но, токму тоа беше првиот чекор за социо-политичката деконструкција на Македонија и на принудната промена на името. Македонија да се направи и албанска држава... како начин за олеснување во спроведувањето на потенцијалното регионално сценарио базирано на Голема Албанија. Ова сценарио, овие денови, со победата во Косово на Албин Курти, поддржувач на обединувањето со Албанија, станува сѐ пореална стратешка опција во многу кабинети.Текстот во целост на: мкд.мк

Македонија | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери ќе предводи собраниска делегација на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија во Белград

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од спикерот Талат Џафери од денеска до 17 октомври ќе учествува на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија, што ќе се одржи во Белград.Во делегацијата се пратениците Диме Велковски, Јован Митрески, Димитар Стевананџија, Агим Шаќири и Јулиана Николова и генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова. Се очекува на Собранието на Интерпарламентарната унија да учествуваат околу 1.700 претставници од повеќе од 140 земји – членки на Унијата, како и повеќе од 70 претседатели на парламенти.Главна тема за дискусија на 141. Собранието на Интерпарламентарната унија е „Зајакнување на меѓународното право: парламентарни улоги и механизми и придонесот за регионална соработка“. Комисиите на Интерпарламентарната унија ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: парламентарни стратегии за зајакнување на мирот и безбедноста во пресрет на предизвиците и конфликтите што произлегуваат од климатските катастрофи и нивните последици; актуелизирање на дигитализацијата и циркуларната економија за постигнување на целите за одржлив развој, одговорна потрошувачка и производство; постигнување на универзално здравствено покривање до 2030 година – улогата на парламентите за гарантирање на правото на здравје; криминализација на перењето на пари; унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на моќта на младите…Во рамките на 141. Собрание ќе биде одбележана 130-годишнината од формирањето на Интерпарламентарната унија и 70-годишнината од Женевските конвенции. Седници ќе одржат „Форумот на жени парламентарки“, „Форумот на млади парламентарци“ и „Здружението на генерални секретари на парламенти“, а предвидени се и бројни билатерални средби на членовите на делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните се соочуваат со илјадници провлеми, кои нема кој да ги реши, а Заев вели дека Македонија чекорела на добар пат

Доколку во минатото решавање на проблемот кој Грција го имаше со нашето име беше единствена причина за недобивање датум за преговори, сега проблем станува криминалот на Заев и неговата влада.Сиромаштијата, корупцијата и неправдата не се и не може да бидат правиот пат за Македонија. Уништено здравство, земјоделие и образование не се и не може да бидат прав пат за Македонија. Граѓаните се соочуваат со илјадници провлеми, кои нема кој да ги реши, а Заев вели дека Македонија чекорела на добар пат. Патот до Европа не оди заедно со коруптивните скандали на власта, негрижата и неспроведените реформи,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Големиот арамилук на  владата на СДСМ се гледа од Брисел. Заев во Македонија го инсталираше владеењето на  криминалот, безредието, рекетирањето, наместените тендери и безперспективноста.Единствениот прав пат за Заев е да поднесе одговорност за иселувањето на младите, но и за  поигрувањето со пензионерите. Да понесе пдговорност за посрамотивањето и ја опустошувањето на Македонија.На ЕУ не и треба влада која само декларативно  ветува  и лаже дека гарантира владеење на правото, а во своите редови има корумпирани политичари кои освен сопствениот џеб ништо друго не ги интересира.Три години го чувствуваме „блескањето“, но решенија на проблемите нема. Македонскиот граѓанин не може да живее само со „ќе“ живот.  Сиромаштијата и катастрофалните економски политики на Заев се правиот пат само за уништување на државата.Само чесни политичари се одговорни пред граѓаните. На Зоран Заев народот ќе му ја испорача сметката на избори. Одговорност за неправдите и за огрешување пред законите ќе има.Прогресот ќе настапи кога неспособната влада ќе си замине во историјата. Тогаш на Македонија ќе и се случи обнова која ќе го врати достоинството на земјоделецот, на младиот човек, на пензионерот, на работникот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања