Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

brza-pomos

Со моторцикл удрил во малолетен пешак, пренесен во Градската општа болница

На 13.10.2019 во 16.05 часот било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“, во близина на крстосницата со ул.„Дижонска“, Е.Г.(20) од Скопје, управувајќи мотоцикл „пијаџо“ со скопски регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од с.Палиград. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Продолжен викенд - СВР Скопје со полни раце работа

Во текот на 10,11,12 и 13.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 135 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 105 возачи, од кои: 51 возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 54 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 56 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, 17 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 23 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатите денови издадени се 164 мандатни платни налози.  

Скопје | пред 6 години

velosiped

Велосипедист тешко повреден во Охрид, откако во него удрило „ауди“

На 13.10.2019 во 14.20 часот било пријавено дека во Охрид на бул.„Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Струга удрило во велосипедистот Ј.А.(59) од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 13.10.2019 во 14.15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица - с.Баница се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.А.(28) од Струмица и патничко моторно возило „цитроен Ц4“, со струмички регистарски ознаки управувано од А.К.(75) од Струмица. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот С.Ф.(35) од с.Вељуса. Екипа од СВР Струмица извршила увид на местото на незгодата.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 24 и 27 годишни скопјани пронајдена марихуана

На 14.10.2019 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Ангел Димовски“ во населбата Аеродром го привеле И.Т.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По комплетно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 13.10.2019 во 17.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Кочо Рацин“ го лишиле од слобода С.М.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

IMG_20191013_163450_1

Прва македонска апликација Challenger и награди за „зелени“ километри за чист воздух

Доаѓа зимата и повторно ќе дишеме позагаден воздух во Скопје, затоа треба да размислиме што можеме ние да направивме за тоа да се намали. Колку и да изгледа безнадежно, сепак група млади граѓани креираат прва македонска мобилна апликација наречена Challenger која ќе ви постави предизвик да пешачите и возите велосипед по локалните улици и да бидете наградени, а со тоа да не користите автомобил и да придонесете за намалување на загадувањето.„Ние сме Challenger, првата македонска мобилна апликација која сака да направи регионално влијание преку наградување на луѓето кои што пешачат или се движат со нивниот велосипед по локалните улици. Факт е дека живееме во најзагадениот град во Европа. Сите се повикуваат дека треба да се пронајде решение за аерозагадувањето, ние одлучивме да бидеме дел од тоа решение - а не дел од проблемот. Со нас, секој поминат километар пешки или на велосипед - се брои, на принципот колку повеќе километри, толку повеќе Challenger поени кои ти носат попусти и награди. Challenger поставува и дневни, неделни и месечни предизвици. Дополнително сите се натпреваруваме и меѓусебно се мотивираме, а најважно од се создаваме и градиме од граѓаните за граѓаните подобро општество и животна средина„ велат од Challenger.Преку апликацијата Challenger можеш да станеш вистински СУПЕР ХЕРОЈ благодарение на твоите зелени километри, кои намалуваат стотици отпадни гасови во воздухот што сите го дишеме.„Сакаме нашите корисници и бизнис партнери да се вклучат кон заедничко градење на подобра заедница. Челинџер не е само апликација, туку е платформа за градење на заедница во која граѓаните и корпоративниот сектор меѓусебно се поддржуваат и инспирираат, со една заедничка цел - да придонесат за чист воздух а со тоа и здраво општество.“ додаваат од Challenger.Challenger апликацијата ќе биде лансирана до крајот на годината, до тогаш креаторите на апликацијата упатуваат апел до сите компании директно да се вклучат за да заедно сите да ги создаваме промените.Младите ентузијасти Теодора, Олга, Стефан и Митко, Challenger, со својата бизнис идеја се едни од победниците на регионалниот натпревар Philanthropy for Green Ideas на кој, во конкуренција со националните победници од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Србија и Црна Гора се натпреваруваа и македонските национални победници на АРНО натпреварот за зелени бизнис идеи. 

Македонија | пред 6 години

majkl-dzekson-elton-dzon

Елтон Џон: Мајкл Џексон беше сериозно ментално болен

Популарниот музичар Елтон Џон изнесе уште една шокантна вистина. Во неговите мемоари „Јас“ кои излегуваат оваа недела, напиша дека Мајкл Џексон бил „сериозно ментално болен“.Дел од медиумите успејаа да дојдат до исечок од мемоарите на Елтон во кои тој меѓу другото го коментира својот однос со кралот на поп музиката, како и неговиот карактер.-Мајкл го познавам од неговите 13-14 години. Беше најслаткото дете кое можете да го замислите. Но, со тек на годините почна да се одвојува од светот, како што правеше и Елвис Присли,  пишува тој и додава: само Господ знае што се случувало во таа негова глава, само Господ знае со какви лекови беше полно неговото тело, но секој пат кога ќе се сретневме мислев колку е за греота и целосно го има изгубено компасот!-Воопшто не го мислам тоа на симпатичен начин. Тој беше навистина ментално болен и беше една од оние личности во чие друштво никогаш не ви е пријатно.Во книгата британскиот пејач опишува еден случај кога го повикал Џексон на забава. Во еден миг Мајкл исчезнал, па го нашле како си игра со синот на слугинката од Елтон.Не знам од која причина, но Мајкл не можеше да го поднесе друштвото на возрасните – пишува тој.Мајкл почина во 2009година, а во вниманието на медиумите се најде откако HBO го објави документарецот „Напуштајќи го Неверленд“ во кој против него обвиненија за сексуална злоупотреба изнесоа Вејд Робсон и Џејмс Шејфчук.

Магазин | пред 6 години

znaminja-777x437

Ќе остане ли Македонија повторно без датум за старт на преговорите со ЕУ?

Франција засега јавно не го открива ставот, но според документите до кои имал пристап Блумберг, Париз е против било каков датум за формални преговори со Албанија и Македонија, пред ЕУ да го заврши ремонтот на својата „методологија“.„Блумберг“ наведува дека иако најголем дел од земјите членки го поддржуваат барањето за старт на преговорите, Франција и Холандија посакуваат претходно да има целосен ремонт на процесот на проширување на Унијата. Макрон бара преговорите да бидат “постепени, поконкретни во придобивките за заинтересираните држави“, но и реверзибилни врз основа на постигнатите реформи. Овој документ на 10 октомври, француските дипломати веќе го доставиле до останатите ЕУ членки.Најновиот нацрт на одлуката, пак, со датум на 11 октомври, кој Блумберг го видел, дава зелено светло официјалните преговори за пристапување да почнат во првата половина на следната година, но според дипломат цитиран од Блумберг, „никој не е среќен“ со текстот.Амбасадорите на ЕУ денеска ќе се потрудат да посредуваат за компромис пред утрешниот состанок на министрите.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Поведена постапка за обид за убиство за 60 годишен маж од Богданци

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на 60-годишна возраст од Богданци поради постоење на основано сомневање дека сторилo кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.Осомничениот на 11-ти октомври околу 20.30 часот,  откако претходно се довел во состојба на пијанство во која бил под дејство на алкохол од 2,97 промили во крвта, со умисла се обидел да лиши од живот на свиреп начин едно лице.Жртвата дошла во куќата на осомничениот околу 16.00 часот и двајцата заедно консумирале алкохол. Околу 20.30 часот осомничениот го нападнал оштетениот со тупаница, удирајќи го во пределот на главата. Откако оштетениот паднал на земја, осомничениот зел дрвен стол и со истиот неколкупати го удрил оштетениот во пределот на главата, причинувајќи му интензивни болки и страдања, со што му нанесол тешки телесни повреди и го довел во  животно загрозувачка состојба.Ценејќи дека се исполнети законските претпоставки, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе Предлог за определување мерка притвор против осомничениот.

Македонија | пред 6 години

japan-2

Расте бројот на жртви на тајфунот во Јапонија, 20 реки се излеале за само 2 дена

Најмалку 40 загинати, 16 исчезнати и 190 повредени е билансот по разорниот тајфун Хагибис, што викендов ја погоди Јапонија. Над 92.000 домаќинства се уште се без струја, а спасувачите трагаат по исчезнатите.„Голема штета е направена на пошироко подрачје, а повеќе од 30 илјади луѓе мора да бидат подготвени за евакуација. Наша задача е внимателно да им помогнеме на погодените“, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе на вондредната владина седница.Операциите за спасување се отежнати затоа што дури 21 река се излеала од своето корито во последните 48 часа, а над 140 го поплавиле копното. Поради одроните исто така се блокирани бројни патишта ширум државата.Како што соопштија јапонските власти, деновиве во погодените подрачја се очекуваат дополнителни врнежи на дожд, водостоите на реките се високи, а тлото е нестабилно. Денес наутро повеќе од 92 илјади домаќинства останале без електрична енергија.

Свет | пред 6 години

deratizacija

Есенска дератизација во Општина Аеродром

Општина Аеродром во соработка со Центарот за јавно здравје го почна спроведувањето на есенската дератизација за уништување на глодачите на целата територија на Општината. Акцијата почна минатата недела и ќе трае во наредните три недели.При дератизацијата ќе бидат опфатени 3.000 шахти, со 9.000 мамци, а ќе бидат вклучени сите основни училишта и градинки во Општината.Есенската и пролетната дератизација претставуваат мерка за заштита на населението од појава и ширење на болести што ги пренесуваат глодачите.

Скопје | пред 6 години

ljupco-nikolovski

(ФОТО) Се ожени генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски се ожени викендов со неговата девојка Андријана Јакимовска. Неодамна, неговата девојка објави на Фејсбук заедничка фотографија од Порторож со која ја најави свадбата.Судбоносното „да“ го кажаа во манастирот Јоаким Осоговски во Крива Паланка.Николовски ја запроси својата сопруга во словенечкото гратче Порторож покрај брегот на Јадранско Море, пред неколку месеци, кратко откако се повлече од министерското место во Министерството за земјоделие.

Магазин | пред 6 години

Gergely-Karacsony

Унгарската опозиција ја освои Будимпешта, нов градоначалник е Карачоњи

Либералот Гергељ Карачоњ, е новиот градоначалник на Будимпешта. Тој со здружени опозициски сили успеа да го тргне од власт досегашниот градоначалник, Иштван Тарлош од партијата на Виктор Орбан , Фидес, кој се бореше за трет мандат.Карачоњи освоил 50,1 отсто од гласовите, додека Иштван Тарлош, кандидатот на владеачката партија Фудес на премиерот Виктор Орбан доби 44,8 отсто од гласовите.Локалните унгарски медиуми јавуваат дека Тарлош веќе му честитал на својот ривал на победата.Излезноста на вчерашните избори изнесуваше околу 50 отсто, што е еден од најголемите одзиви на избирачите на локални избори од обновата на демократија ана Унгарија во 1990 година.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Денеска топло, со температури и до 30 степени

Времето денеска и во следните денови ќе биде претежно сончево, со слаб јужен ветер и многу топло со значително повисоки температури за овој период од годината.Денеска максималната температура ќе биде до 30 степени, а слични максимални температури – од 28 до 30 степени, според УХМР, се очекуваат и во следни четири дена.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева се враќа во Шутка

Катица Јанева се враќа во Шутка. Eкс шефицаta на СЈО, Катица Јанева, е во постабилна состојба и денеска најверојатно ќе биде вратена во Шутка. Јанева беше имаше пет дневно болничко лекување за кое сама ги платила трошоците.Дали Јанева ќе го продолжи престојот во затворската келија во Шутка зависи од Апелација и Кривичен. Неделава Апелација треба да одлучи  по барањето на Јанева да се брани од слобода со гаранција од три стана. А Кривичен треба да се изјасни по тоа на Русковска, која  со обвинителниот акт побара и продолжување на притворот за Јанева. Од Кривичен велат дека повеќе информации ќе имаат неделава.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Исполнето е ветувањето за укинување на квотите за лекови, здравството е на прав пат

Укинати се квотите за лекови на рецепт. Исполнето е уште едно ветување од изборната програма на СДСМ, реализирана е уште една клучна мерка од програмата за работа на Владата предводена од СДСМ. Од 1ви октомври, осигурениците можат да го подигнат соодветниот лек кој било ден од месецот во која било аптека. Нема повеќе паника и турканици на почеток на месец кај матичните лекари и во аптеките, се вели во соопштението од СДСМ.Исто така оваа мерка овозможува поволност, доколку осигуреникот не може сам да го подигне лекот, тогаш друго лице да го подигне во негово име и тоа лице се легитимира со сопствената лична карта или пасош.На овој начин точно може да се провери во секое време дали лековите ги добиваат лицата на кои се препишани.СДСМ досега ги подобри условите во 10тина Јавно-здравствени установи, а следува подобрување на условите во други 34 Јавно-здравствени установи.Се унапредува целиот здравствен систем, се подобруваат условите во Јавните здравствени установи, растат платите на медицинските работници, се унапредува грижата за пациентите.Здравството е на прав пат, СДСМ преку реални и конкретни мерки продолжува со грижа за пациентите и унапредување на целиот здравствен систем, велат од СДСМ во своето соопштение.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и Русковска имаат интерес „Рекет“ да се затвори така што ќе се избришат трагите кои водат кон главата на октоподот

Зоран Заев и Русковска обвинителството немаат интерес да се расчисти аферата „Рекет“. Напротив, Заев и Русковска имаат интерес случајот да се затвори на начин што ќе се избришат трагите кои водат кон главата на октоподот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Затоа шест месеци не се постапуваше против Фросина Ременски. Затоа таа и сега е оставена на слобода. Нема поголем доказ за соработката меѓу Заев, Русковска и Ременски од фактот дека Фросина Ременски ќе одлучува за законот за јавно обвинителство, закон од кој зависи работата на Вилма Русковска која ја гоко Ременски.Дополнително, ако Јовче Ременски како висок функционер во УБК се дрзна да се заканува на социјалните мрежи, што ли може направи сега кога неговата сопруга е во домашен притвор и обвинета за криминален скандал?Тој може директно да влијае на работата на оперативците за да излезе во интерес на својата сопруга.Не може да не се доведе во прашање користењето на информации и потенцијалната злоупотреба на истите за влијание во истрагите на органите. Затоа тој мора да биде суспендиран од своите работни надлежности.Власта и институциите да не си играат држава, туку да го почитуваат Законот за класифицирани информации. Тој предвидува дека освен лицата кои поседуваат безбедносен сертификат од највисок степен, во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство.Не само што Јовче Ременски е потенцијален ризик за истрагата на случајот „Рекет“, туку Дирекцијата за класифицирани информации и Агенцијата за национална безбедност не смеат да дозволат брачен другар на обвинет во коруптивен скандал да поседува безбедносен сертификат.Компромитирачки е фактот дека во собранието обвинетата пратеничка на СДСМ Ременски е вклучена во работата на телата кои одлучуваат за закони од областа на безбедноста, како и за Законот за јавно обвинителство.Институциите да не спијат туку веднаш да истражат дали Фросина Ременски преку својот сопруг злоупотребувала информации од полициските служби и дали истите биле користени во случајот „Рекет“. Да се направи проверка дали нејзиниот сопруг бил вклучен во дејствијата кои што таа ги превземала, а се поврзани со Меѓународниот сојуз и кривичното дело за кое што обвинителството ја товари.Секој што ќе постапува надвор од законот, без разлика дали му наредил Заев или друг функционер близок до Заев, ќе сноси одговорност за незаконското работење, штом ќе се врати правната држава.На Македонија и претстои обнова,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

nikoloski

Николоски за Алфа: Не доаѓаат позитивни сигнали од ЕУ за Македонија - Не е само до Франција, туку тука се и неколку држави од ЕУ

Не доаѓаат позитивни сигнали од ЕУ за Македонија. Ако треба да направам оценка денес, мислам дека најдоброто што може Македонија да го очекува е многу услови, откако ќе се исполнат тие услови дури тогаш да се отпочнат преговори некаде за година и пол до две од сега. Самата одлука за датум пак ќе се префрли за средината на следната година, како што лани се префрли за годинава па гледаме дека се одлага, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето на дневкот на телевизија Алфа.-Не е само до Франција, туку тука се и неколку држави од ЕУ. Второ, владата на Заев не даде аргумент овие држави да се залагаат за поддршка на Македонија, напротив даде аргументи за да ја напаѓаат затоа што со афери како Рекет и корупција која стига до највисоко ниво не може да очекувате да добиете датум за преговори. Тука е и моментот што Македонија е ставена во иста група со Албанија која е држава со најлош имиџ во Европа. Ставањето на македониа во група со Албанија е нешто на што ние преупредувме април минатата година е најлоша работа што може да и се случи на Македонија, истакна Николоски. 

Македонија | пред 6 години

micko

(ВИДЕО) Две години градоначалници на СДСМ, две години измами

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил сподели видео со кое алудира на двегодишното неработење и измами од страна на градоначалниците од СДСМ.„Две години градоначалници на СДСМ, две години измами!“, стои во неговиот пост на Фејсбук.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/2426279657584762/?v=2426279657584762

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Рама не е оптимист за преговорите со ЕУ: „Дали сум оптимист? Не“, одговорил Рама

Aлбанскиот премиер Еди Рама не е оптимист за она што ќе се случи следната недела во Советот на Европа, каде ќе се дискутира за отпочнување на преговорите на Албанија и Северна Македонија со Европската унија.„Дали сум оптимист? Не“, одговорил Рама за ирскиот весник „Ајриш Тајмс“, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.Рама вели дека не може да се биде оптимист кога се гледа она што се случува во Европа.Оптимист сум за иднината на Албанија, додава Рама, но не и за она што ќе се случува идната недела. 

Свет | пред 6 години

dolg

УЈП ја објави новата листа на должници

Вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец, се најдоа на најновата 10-та по ред за оваа година листа на неплаќачи на давачките кон државата.Управата за јавни приходи објави дека вкупниот долг за разни даноци, царини и придонеси изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.И на ова листа има голем број јавни претпријатија, како на пример Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железница, потоа комунални претпријатија на неколку општини. Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а и на оваа листа не изостана името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

Македонија | пред 6 години

hotel-SAD

(ВИДЕО) Се урна хотел во Њу Орлеанс, две лица загинаа повеќе повредени

Најмалку две лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато кога се урна дел од хотел во изградба во Њу Орлеанс, Луизијана. Повеќе од 20 лица се повредени. Агенцијата „АП“ пренесе дека голем дел од хотелот „Хард Рок“ кој бил во изградба, ненадејно се срушил.Како што се наведува, повисоките катови почнале да се рушат врз ниските од едната страна на зградата.Засега не е познато што го предизвикало рушењето на хотелот кој требало да биде отворен на пролет, идната година.

Свет | пред 6 години

kosovo-2

26 службеници од Косово кои ги броеле српските гласови - хоспитализирани

Најмалку 25 косовски службеници од Централната изборна комисија се однесени во болница поради здравствени проблеми откако отвориле 5 гласачки кутии од Србија, соопштија косовските власти.Тие соопштија дека процесот на верификација на гласовите кои пристигнале преку пошта од Србија како дел од предвремените парламентарни избори во Косово, е прекинат поради овој настан.Службениците се жалеле на непријатен мирис од ковертите, а по контактот со ковертите се појавила и иритација на кожа.Полицијата ја блокира зградата и околните улици. Се уште не се познати резултатите од вонредните контроли.

Свет | пред 6 години

pretepan

Семејна драма: Син го нападнал својот татко во дворот од семејната куќа

Велешанец со тврд предмет го нападнал татка си во дворот од семејната куќа на улицата „Благоја Страчковски“, соопшти МВР. Соред информациите од полицијата, синот бил на возраст од 31-година, а на нападот претходела расправија.„Вчера во 10:30 часот во СВР Велес било пријавено дека во двор од семејна куќа на ул. „Благоја Страчковски“, по претходна расправија 64-годишниот С.Р. бил физички нападнат со тврд предмет од неговиот син, 31-годишниот  Д.Р. и двајцата од Велес. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот“, соопштува полицијата.

Македонија | пред 6 години

Bujar-Osmani0

Османи пред одлуката на Брисел за старт на преговорите: Оптимист но имам голема резерва поради Франција

Неизвесно ќе биде до крај, вели Вицепремиерот Бујар Османи во пресрет на претстојниот Самиот на шефовите на држави на 17-18 октомври во Брисел, каде Македонија очекува датум за старт на преговорите со Европската Унија.„ Повеќето од земјите го искажале ставот дека ќе поддржат, особено за Република Северна Македонија, вклучувајќи ја и Холандија. Меѓутоа, очекуваме Франција да донесе одлука. Се уште немаме став од Франција, имаме различни позиции на Франција и дилеми во однос на воведување на новата методологија за преговори и кога таа би се вовела, дали пред или после започнување на преговори, така да, оптимист сум но сепак со голема резерва поради неизвесноста што ја наметнува оваа недефинираност на позицијата на Франција до последен момент. “ – вели Османи за Детектор.Коментирајќи ги очекувањата на граѓаните Османи вели дека ја разбира нивната резервираност поради лошото искуство кога станува збор за очекувањата за старт на преговорите.„Ние долго време го одиме овој пат и многу пати сме биле фрустрирани. Ние имаме 10 препораки по ред од Европската Комисија за започнување на преговори кои што Советот ги одбива, до сега поради грчкото вето, од јуни поради други причини. Ова е една од одлуките на Европската Унија која што бара консензуално одлучување, односно една земја да покаже резервираност, процесот не може да оди понатаму“ – вели Османи.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања