Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

banki-2

170 компании ќе добијат финансиска поддршка преку програмите на Планот за економски раст

На седница на Владата разгледана и усвоена беше Информацијата за склучување Договори за доделување финансиска поддршка на 170 компании, вклучувајќи и компании од трговско-индустриските зони и една од дијаспората, преку програмите на Планот за економски раст. За оваа финансиска поддршка евалуирани се реализираните инвестиции за 2018 година, а се однесува за инвестициски вложувања за набавка на нови машини и опрема и за инвестиции во објекти и земјиште.Финансиската поддршка од оваа програма преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, се доделува за реализирани почетни или дополнителни инвестиции неопходни за дејноста, до 10% од реализираната инвестиција, и не повеќе од 1.000.000 евра. Средствата за оваа намена се предвидени во Буџетот за 2019 година.Вкупната вредност на инвестициите во овие 170 компании изнесува 230 милиони евра, со што се отвораат 4577 нови работни места, од кои во 2018 година се веќе вработени 2117 лица.На седницата во Битола, е разгледана и усвоена информацијата за спроведувањето на активностите за поддршка на приватниот сектор од страна на Центрите за развој на планските региони – Регионални бизнис центри.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Македонија тоне во криминал и корупција

Македонија тоне во криминал и корупција. Тоа не е правиот пат кон ЕУ, туку прав пат кон изолација. Доколку првиот човек во владата и партијата е заглавен во криминал, тогаш и останатите кои во хиерархијата се под него, го следат истото однесување, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.Доколку првиот човек во владата и партијата лаже и манипулира, таквото однесување го следат сите негови соработници.Затоа гледаме како медиуми од Албанија објавуваат снимки за корупција на владините функционери, а италијански медиуми ги разобличија првите соработници на Заев. Практично ја гледаме снимката „Евро за Вице” во продолженија.Тоа е причината зошто Русковска обвинителството не ја откри целата мрежа која што постои за да се изнудуваат пари од бизнисмените.Се губеа телефони, се форматираа компјутери, се одолговлекуваше истрагата. Таа не може да биде кредибилна кога лицата кои што може да влијаат на докази и на сведоци се уште се на функциите во владата.Зошто Заев не е повикан во обвинителството иако беше спомнат во исказот на еден од жртвите во „Рекет“?Пазар има и јавноста е свесна дека за помали казни Катица и Боки ќе молчат, а Русковска и Јовески ќе продолжат со контрадикторните изјави, ќе забошотуваат и ќе се спогодуваат, се со цел да не се дојде до главата на криминалниот октопод и да се спаси Заев.На Македонија не и е потребно обвинителство и судство на копче кое се стиска од владата. На Македонија и се потребни суштински реформи, решавање на корупцијата која е во огромни размери откако е СДСМ на власт. Потребна е одговорност за корумпираните политичари и правда за невидениот историски криминал што се случува во државата.Правдата доаѓа заедно со обновата на Македонија, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

minister

(ВИДЕО) Заменик министерот за здравство снимен како прима мито

Екипата на познатата емисија Фикс фаре на албанската ТВ станица Toп ченел Ин7 го сними македонскиот заменик министер за здравство Асим Муса како прима мито од пациент од Албанија за да му заврши работа за операција во болница во Струга.Од она што може да се види на снимката Муса се пазари со новинарот, кој се преставува како пациент, барајќи му 1.000 евра, а потоа како аванс прима 50 евра.По состанокот во Институтот за нефрологија во Струга, Муса и „пациентот“ го одредуваат денот на операцијата.?t=107  

Македонија | пред 6 години

PATEKA_SAATKULA

Се уредува патеката од „Саат Кула“ до „Горна Порта“

Деновиве интензивно се одвиваат градежни активности од првата фаза на проектот за уредување на патеката што води од „Саат кула“ до „Горна Порта“ во стариот дел на градот.Проектот предвидува тампонирање, бетонирање и поплочување на постојната земјена патека, како и соодветно осветлување и хортикултурно уредување.Вкупната вредност на проектот е 3 милиони денари и истиот е финансиран од Центарот за развој на Југозападен плански регион. Градежните работи ги изведува ДООЕЛ „Тане 2007“ од Охрид.

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 повторно во болница

Бојан Јовановски познат како Боки13 кој е првоосомничен во случајот Рекет, повторно е однесен во болница.Прво осумничениот во „Рекет“ бил итно однесен во градската болница „8 – ми Септември“, откако му се слошило, пренесе Алсат.Неговиот адвокат апелираше дека Боки 13 мора да излезе од притвор и затворскиот крвет да го замени со болнички. На Боки13 му се слоши и кога требаше да даде исказ пред Вилма Русковска за случајот, а го изнесоа од Брза помош со носилки.

Македонија | пред 6 години

26-juli-0

Наместо ,,Македонска фаланга” и ,,Тодор Александров”, катните гаражи од сега ,,26-ти јули” и ,,Беко”

Катните гаражи кои беа познати како ,,Македонска фаланга” и ,,Тодор Александров”, со одлука на Совет на Град Скопје а во меѓувреме беа преименувани во ,,26-ти јули” и ,,Беко” добија табли со новите називи.Советот на Град Скопје лани во ноември донесе одлука за преименување на овие две катни гаражи во 26-ти Јули и Беко како пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот. Одлуката веднаш беше објавена во службениот гласник на градот со што стапи на сила, а спроведена дури сега со поставување на таблите со новите имиња.

Скопје | пред 6 години

IMG_0766

МВР и општина Битола со нови сообраќајни решенија, драстичен пад на бројот на тешки сообраќајки

Претставници на Министерството за внатрешни работи и општина Битола заеднички ќе изработат нови сообраќајни решенија за подобрување на сообраќајот на неколку локации во градот, со цел да се олесни движењето и да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и градоначалничката на Битола Наташа Петровска, што се одржа во Битола.На средбата беше потенцирана добрата соработка меѓу полицијата и локалната самоуправа Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Битола е стабилна и евидентно е намалувањето на криминалитетот, што е тренд во последните неколку години. Од друга страна, расте откривачката дејност односно расчистувањето на кривичните дела. Намалување има и во делот на сообраќајни незгоди со потешки последици и тоа за 11 отсто кога ќе се споредат првите девет месеци од 2019 и 2018 година, а дури 55 отсто во бројката на загинати лица во сообраќајни несреќи. Новите сообраќајни решенија, особено на влезот на Битола и во близина на касарната, треба да донесат дополнително намалување на сообраќајните незгоди со тешки последици.Министерот Спасовски и градоначалничката Петровска ја потенцираа важноста од соработката меѓу полицијата и локалната самоуправа со цел да се подобри квалитетот на живеење. Особено ако се има предвид целта полицијата да се етаблира како реален сервис на граѓаните и постојано зголемување на довербата на граѓаните во полицијата.Министерот Спасовски денеска го посети и граничниот премин Меџитлија, каде со раководството на полициската станица разговараше за тековното работење во делот на граничната контрола и надзор, но и во делот на справувањето со обидите за илегално преминување на јужната граница. МВР во соработка со полициските службеници од пријателските држави континуирано презема мерки за санкционирање на криумчарењето на мигранти и спречување на обиди за илегално преминување на јужната граница и состојбата на оваа граница е стабилна.

Македонија | пред 6 години

72685287_578858015988157_4480348435366543360_n

Состанок Димковски со амбасадорот на Шпанија Лорензо Сера: Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо е безбедно

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Емилијо Лорензо Сера.На состанокот, амбасадорот Лорензо Сера, даде цврсти гаранции дека врз основа на анализите од шпанските надлежни институции, не е утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума во ниту една фарма во Шпанија.Овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската организација за здравствена заштита на животните, во коешто се посочува дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.Затоа, врз основа на сите овие информации, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, не воведе и нема да воведе забрана за увоз на свинско месо од Шпанија.Во заедничка комуникација и соработка со владите на Шпанија, Бугарија и Европската комисија, ќе се продолжи со истрагата што се случувало со пратката од свинско месо, во којашто од страна на АХВ беше утврдено присусутво на вирусот африканска свинска чума.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Најдено безживотно тело на 67 годишник во тетовско Рогачево

Безживотно тело на 67 годишен маж е најдено покрај пат во тетовското село Рогачево вчера околу 16 часот, соопшти денеска СВР Тетово. На телото немало траги на насилство, но јавен обвинител дал наредба да се направи обдукција.-На патот во селото Рогачево бил пронајден починат Г.К.(67) од Скопје. Од лекар од итна медицинска помош во Тетово била констатирана смрт, без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, информираа денеска од службата за односи со јавноста при СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

seizmograf-zemljotres-620x350

Земјотрес во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, денес во 09 часот и 48 минути регистрирале земјотрес. Епицентарот на земјотресот се наоѓа 127 km југоисточно од Скопје во епицентралното подрачје Струмица. 

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Намалување на цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,085 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 07.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,694 ден/кг.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?

Три дена Христијан Мицкоски не одговора на што се должи неговата најава за повлекување од бизнисот со хидроцентралите?Јавноста, граѓаните многу добро знаат дека Државната комисија за спречување на корупција веќе има отворено предмет за неговите бизниси со хидроцентрали. Особено имајќи предвид дека Мицкоски беше советник на Никола Груевски за енергетика.  Во 2015 година, конзорциумот во кој удел има Мицкоски, од владата на осудениот криминалец во бегство Никола Груевски добива 33 илјади метри квадратни за иградба на хидроцентрала, истакна Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ.Во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена во сопственичката структура, со пренос на уделите, со што  „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот имал удел од 99 отсто.Втората фирма од овој конзорциум, како посебен правен субјект (Минка ДА) пак се уште се води како должник на државата, со неплатен данок по основ на ДДВ во висина од околу 200 илјади евра.Што е тоа што Мицкоски го плаши за да одговори на јавно поставените прашања?Јавноста и граѓаните очекуваат одговор, истакна Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Кривичниот совет повторно ќе одлучува за гаранцијата на Јанева

Кривичниот суд повторно треба да одлучува по понудената гаранција од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, со која бараше да се брани од слобода, а по одлука на Апелациониот суд.Претходно, судија на претходна постапка во Кривичниот суд, како недозволен го отфрли предлогот екс шефицата на СЈО да излезе од притвор за што понуди три станови.Од Апелациониот суд велат дека предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција не смеело да се отфрли туку требало да се оцени основаноста.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Избега затвореник при транспорт, искористил шанса кога чуварите застанале да си купат сендвичи

Затвореникот кој денеска успеа да и избегал на македонската полиција додека беше пренес уван од Клиничкиот Центар во Скопје до затворот Идризово, бил осуден на 7 години и 7 месеци затвор за повеќе тешки кривични дела.  Стражарите застанале на враќање да си купат сендвичи на бензиска по што осуденикот Фидан Асани избегал од комбето. За Асани не било тешко да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи не бил ниту соодветно врзан. Бегството го сторил токму кај средното училиште Михајло Пупин, каде затворските стражарите застанале за доручек. Тој со мал напор успеал да ги отурне и се дал во бегство.Директорот на затворот Идризово за Сител истакна дека се работи за чиста немарност на вработените бидејќи истите излегле од рутата. Настанот се случил додека се враќале од Комплекс Клиники Мајка Тереза каде го носеле затвореникот на редовен лекарски преглед. Оттаму наместо по стандардната рута, тие скршнале од патот, застанале на бензиската Макпетрол за да си купат сендвичи. Сите ќе бидат суспендирани, истакна за Сител директорот на затворот.Се работи за лице осуденик на 7 години и 7 месеци казна затвор за сторени кривични дела предизвикување општа опасност, насилство и за криумчарење мигранти.По него сега повторно трага полицијата. Асани одлежал само 1 година и 5 месеци во затворот Идризово.

Македонија | пред 6 години

2-2

Џафери се сретна со претседателот на Иранскиот парламент, Али Ардешир Лариџани

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 април 2019 година во Белград, Република Србија, беше остварена средба помеѓу Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија и Али Ардешир Лариџани, претседател на Парламентот на Исламската Република Иран, на негово барање.Претседателите Џафери и Лариџани изразија задоволство од реализирањето на првата билатерална средба меѓу претседателите на Парламентите на Република Северна Македонија и Исламската Република Иран во рамките на овој значаен мултилатерален форум.Претседателот Талат Џафери посочи дека економските односи меѓу Северна Македонија и Иран се далеку под можностите за реална економска соработка, иако се создадени предуслови за нејзина диверзификација. Тој нагласи дека договорната состојба е солидна, со склучени осум договори и спогодби, но потребно е да се направат дополнителни напори за да се надминат пречките во економската соработка. Истовремено, Џафери укажа дека постои простор за унапредување на соработката меѓу Собранието на Република Северна Македонија и Исламскиот парламент на Иран, како и културната соработка меѓу двете земји, во согласност со Договорот за културна соработка.Претседателот на Собранието, Џафери, информираше за актуелните состојби во врска со евроатлантските интерграции на Северна Македонија, односно очекувањата за добивање на датум за започнување на пристапните преговори со Европската Унија и за интегрирањето во НАТО, како триесетта земја членка на Алијансата.Претседателот на Иранскиот парламент, Али Лариџани, ја истакна важноста за започнување на поинтензивен дијалог меѓу Исламската Република Иран и Република Северна Македонија, особено во доменот на економската соработка. Со цел унапредување на економските односи и проширување на соработката меѓу двете земји во полето на индустријата, земјоделството и рударството, според Лариџани, неопходно е најпрво да се разрешат банкарските прашања. Следниот чекор би бил проширување на соработката меѓу стопанските комори. Тој оцени дека либерализацијата на визниот режим меѓу Иран и Северна Македонија не треба да биде ограничен само на носителите на дипломатски и службени пасоши, туку треба да се прошири за сите граѓани. Претседателот на Иранскиот парламент посочи дека ќе му даде инструкции на министерот за култура на Иран да ја следи состојбата со спроведувањето на Договорот за културна соработка. Исто така, Лариџани изрази интерес за напредокот што го постигна Република Северна Македонија во разрешувањето на отворените прашања со соседите.На крајот од средбата беше истакнато значењето на парламентарната дипломатија во унапредувањето на билатералните и мултилатералните односи, политичкиот дијалог и динамизирањето на севкупната соработка меѓу земјите.       

Македонија | пред 6 години

Dimsa-IZJAVA-1410-2

Арсовски: За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра

Поразите за македонскиот народ и за државата немаат крај.  Зоран Заев и Нина Ангеловска утре ќе ја задолжат Република Македонија и граѓаните за нови 53.6 милиони евра. Ова е трето задолжување на Нина Ангеловска откако е министер во последните 45 дена, а воедно како што знаете и вие не е реализиран ниту пак отпочнат ниту еден посериозен проект, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.За само 45 дена откако е министер Нина Ангеловска, Република Македонија е задолжена за над 150 милиони евра.До август до моментот додека дојде Нина Ангеловска за министер, во министерството за финансии реализацијата на капиталните инвестиции беше ниски 28.16%. До моментов веруваме дека не е нешто драстично променета состојбата на реализацијата на капиталните инвестиции.Почитувани,Ова е најнеспособната Влада која единствено се задолжува и не реализира ниту еден единствен проект. И оние проекти кои што ги отвораат се останати до претходната влада. Нина Ангеловска е само извршител на лакомите и недомаќински политики на Зоран Заев и Кочо Анѓушев.Проекциите за реализацијата на капиталните инвестиции и БДП за оваа година ниту ќе се исполнат, ниту пак ќе бидат на задоволително ниво, како и се останато во моментот што е во државава.Економијата оди во погрешен правец. Граѓаните најдобро го чувствуваат тоа. Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија. Оние кои што можат се снаоѓаат и се иселуваат.          Доволен показател дека економијата оди во погрешна насока е и долгот на ДДВ на фирмите на фамилијата Заеви. Потребна е коренита обнова на Македонија и истата ќе се случи веднаш откако ќе падне оваа неспособна Влада на СДСМ, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

14102019_MTV_Sugareski_investicii_vo_Pelagoniski_region-1

Сугарески: Инвестираме преку 140 милиони евра во Пелагонискиот регион во изградба на патишта, гасоводот и водоводи

Капиталните инвестиции во Пелагонискиот регион се приоритет број еден.  Само во ресорот транспорт реализираме педесетина проекти или инвестиции од 146 милион евра. Завршивме со рехабилитација на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, а ја изградивме и пругата од Битола до Кременица, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета во општина Битола.Тој заедно со градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, извршија увид во реконструкција на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп.Министерот Сугареси потенцираше дека примарен фокус на Владата наРепублика Северна Македонија е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.„Денеска вршиме увид во изградба на капитални проекти што се реализираат во Пелагонискиот регион. Еден од нив е и рехабилитација на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, инвестиција од речиси еден милион евра. Само во Пелагонија работиме на педесетина проекти и тоа: изградба на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново. Оваа недела отпочнуваме со реконструкција на постоечката делница од Фариш до Дреново и тука најавувам ќе се работи со многу силно темпо, започнавме со проектирање за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, ќе се рехабилитираат патишта и во Крушево, Ресен и Прилеп, во тек е проектирање за истите и уште многу други со кои ќе го подобриме животот на граѓаните”, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.Реконструкцијата на регионалниот пат Битола-Тополчани-Прилеп е во должина од 15 километри, инвестиција од 960 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Според директорот Китанов во наредниот период следи силен инвестициски циклус во патната инфраструктура.„Овој пат е прв од третиот пакет патишта кои се вкупно 13 и кои на секои два дена ќе се воведуваат во работа во цела држава а се со вкупна должина од 100 километри. Она што е важно за Битола и регионот е изградбата на експресниот пат до Маџитлија и обиколница кој во моментов се проектира а исто така на Градежен факултет се наоѓа и проектот за изградба на автопат од Битола до Прилеп. Во тек е и тендер за заштитената ограда на обиколница, така да ЈП за државни патишта ги соборува сите рекорди во изградба и реконструкција на преку 500 километри патишта”, изјави директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.Капиталните проекти се од огромно значење за Пелагонија бидејќи ќе го засилат економскиот развој на регионот, истакнаа градоначалниците на општините Битола и Могила.„Подобрена е конекцијата од Битола кон Демир Хисар и кон Новаци. Денеска започнува санација на патот кон Могила. Сакам да спомнам дека санирани се патиштата кон Братин дол и Драгош. Ова потврдува колку се работи со зголемен интензитет за разлика од претходно. За нас е многу важна изградбата на експресниот пат до Меџитлија која е најавена за следната година“, изјави Наташа Петреска, градоначалничката на општина Битола.„Рехабилитацијата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила. Со него значително ќе се подобри руралното живеење”, изјави Јасмина Гулевска, градоначалничката на општина Могила.

Македонија | пред 6 години

14102019_PVRSM-Zaev_MTSP-Carovska_Efektivna-socijalna-zastita_1

Над 22 илјади деца земаат детски додаток, со социјалната реформа ја намалуваме детската сиромаштија

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Институтот за социјална работа и социјална политика Скопје и канцелариите на УНИЦЕФ и Светска Банка организира регионална конференција на тема „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата”. „Голема е честа, но и одговорноста, да бидеме домаќини на една ваква конференција по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата и заедно со сите вас ценети гости да се заложиме за ефективна социјална заштита. Навистина ми е драго што со посветена работа Министерството за труд и социјална политика успешно ја имплементираше социјалната реформа. Ова беше едно од нашите главни ветувања и среќен сум што веќе го исполнивме. Граѓаните веќе земаат социјална помош повисока во просек за 300%. Ваков пораст на социјалната помош не се памети во државата“, истакна претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев. Со социјалната реформа се воспоставува праведна распределба на средствата, кои се насочени кон оние на кои навистина им се потребни. За првпат системот е отворен за лицата со ниски примања. Така, наместо 3.200 деца, детски додаток сега им следува 73.500 деца. Бројот на деца кои ќе примаат образовен додаток пак е предвидено да порасне од 3.800 на 64.316 деца. Вкупно, додатоците за семејства со деца кои живеат во сиромаштија се зголемуваат за повеќе од 100%. „Пред 4 години ветивме дека кога ќе имаме можност да ги водиме институциите нема да се срамиме да им погледнеме на најранливите во очи. Денес сме горди на чекорите. 30.000 домаќинства земаат повисока социјална помош и над 22 илјади деца користат детски. Меѓутоа, она што сакам да го истакнам е дека целосно го менуваме начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Точно е дека значително ја зголемуваме финансиската помош која ја добиваат, но истовремено овозможуваме поддршка за вработување, ги зајакнуваме услугите во заедницата и инвестираме во ран детски развој. Бидејќи сиромаштијата не треба да се пренесува од генерација на генерација“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Детската сиромаштија денеска е сѐ почест проблем во светот. Таа  опфаќа индивидуални случаи, деца и семејства, го кочи нивниот развој и ја загрозува нивната благосостојба, но истовремено влијае врз целокупниот економски и општествен развој. „Многу држави го препознаваат значењето на инвестициите во децата и во мерки за превенција, и справување со сиромаштијата, која ја загрозува нивната благосостојба. Ова не е лесно. Свесни сме. УНИЦЕФ работи со сите држави во регионот, со цел да ги заштити децата од штетните ефекти од сиромаштијата“, истакна Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Северна Македонија Марко Мантованели, директор на Канцеларијата на Светска банка во Косово и Северна Македонија рече дека модерните системи за социјална заштита треба да им обезбедат на најранливите можност да излезат од сиромаштијата и да станат продуктивни членови на општеството. „Во многу земји значителен број деца, едно од три,  во Северна Македонија живеат во сиромаштија, многу од нив се ранливи, што значи дека тие живеат во фамилии кои се на прагот на сиромаштијата, и се во социјален ризик. Модерните системи на социјална заштита треба да бидат во можност да им помогнат на сите лица во социјален ризик, особено на сиромашните и ранливите не само во обезбедување на социјална помош, туку и во справување во време на кризи и шокови,наоѓање работни места, подобрување на продуктивноста, инвестирање во здравство и образование на нивните деца и во заштита на населението кое старее.Ако нивните фамилии се соочат со здравствени проблеми, губење на работните места или природни катастрофи. Земјите во регионот треба да се справат со овие предизвици, ако сакаат да го затворат јазот треба да ги достигнат европските стандарди во економиите“, рече Матоновели. Филозофскиот  факултет преку своите професори даде особен придонес во градењето и нудењето на модел за социјална реформа. „Почетните показатели и резултати од социјалната реформа се охрабрувачки, што несомнено го потврдува фактот дека спојот меѓу науката, праксата и политиката придонесува за позитивни исходи и развојни подобрувања во општеството. Во тој контекст, намалувањето на сиромаштијата, пресретнувањето на социјалните ризици и проблеми, како и поддршката на социјално-ранливите категории е возможна само преку континуирано користење на научните сознанија во функција на нивно применување во практиката и политиката“, посочи проф. д-р. Ратко Дуев, декан на Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Конференцијата „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата” ќе трае два дена. На неа земаат учество голем број експерти, академици, граѓански организации од земјата и регионот.

Македонија | пред 6 години

seca

ВМРО ДПМНЕ Охрид: Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило се случи вчера со сечењето дрва кај месноста „Горица“

СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ветија зголемување на зелените површини, а веќе извесен период се вршат масовни сечи на здрави дрва низ градот,се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Катастрофален нееколошки потег на уништување зеленило се случи вчера со сечењето дрва кај месноста „Горица“.Дали за Георгиески ваквото сериозно уништување на зеленилото е грижа за животната средина?Наместо современи еколошки стандарди какви што му доликуваат на еден туристички центар оваа Локална власт ја уништува животната средина.Фотографиите од терен го демантираат градоначалникот Георгиески дека исечените дрва биле стари бидејќи се гледа дека тие се во добра состојба.Дали се сечени стебла и на друга парцела под патеката, која е во сопственост на Република Македонија?Згрозени сме од ароганцијата на градоначалникот Георгиески со која сака да ја потцени интелигенцијата на граѓаните.Наместо да порачувате кој и што треба да прави, како Локална самоуправа сте одговорни за обезбедување чист воздух и заштита на животната средина кое се прави со садење нови дрва, а не сечење на малкуте останати.Охриѓани не ги забораваат од претходно исечениот дрворед кај Горица околу Вилата на Претседателот на РМ, целиот дрворед здрави дрва кај Општината како и на неколку атрактивни локации низ центарот на градот.Кажете Вие колку нови дрва засадивте во вашето владеење, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

seca

Левица: Наместо да се прогласи за национален парк,Шар Планина масовно се сече

Шар Планина со години е заглавена во лавиринтите за прогласување национален парк., додека јавноста секојдневно обзнанува нови докази за масовна и неконтролирана сеча. Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека до крајот на 2019 година ќе биде прогласена за национален парк, иако тенденцијата покажува дека и оваа влада, по примерот на претходната, нема волја и интерес да го реши статусот на Шар Планина.За планината Јабланица која веќе е со над 50 проценти уништен шумски фонд од локалните заштитени орди, Владата оваа година најави дека ќе отпочне постапка за прогласување за национален парк. По примерот со Шар Планина, голема е веројатноста да се работи за обичен популизам на владејачката коалиција која секојдневно губи рејтинг и доверба од народот поради нејзините криминални и анти-народни политики.Додека „Македонски шуми“ се третира како биро за вработување на партиски кадар, најмалку 500 илјади кубни метри дрва годишно се набавуваат незаконски, од дивата сеча се заработува над 25 милиони евра годишно, или во изминатите 20 години, овој нелегален бизнис вредел речиси две милијарди евра. Во последните 16 години е направена штета по шумите низ Македонија која нема да може да се надомести во наредните 60 години.Нашите природни богатства се касапат секојневно од организиран криминал што годишно остварува над еден милион евра, додека Министерство за внатрешни работи не презема ништо за откривање на сторителите. Единствено што функционира во Македонија е спрегата мафија-власт додека Владата единствено што нуди се скапи конференции и усвоени стратегии, без никаков реален ефект на терен.За каков прогрес и препораки зборува Владата предводена од СДСМ додека мафијата, директно заштитена од власта, немилосрдно масакрира и уништува природни богатства само заради остварување личен профит, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 6 години

Naum-IZJAVA-1410-2

Стоилковски: Фирмите на Заев испумпуваат државни пари

Во Македонија да царува основаната перцепција за злоупотреба на моќта од политичка функција. Вршењето на јавна функција на политичари додека истовремено се сопственици, или влијателни акционери на компании, остава можност за корупција и влијание на економските текови во државата. Примери за тоа има многу, од тендерите во здравството, преку примери со вицепремиерот и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации, но најекспониран се примерите на премиерот Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство,истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ќе ги прочитам, „Фарма Медика“, „Тргопродукт“, „Мамас Фуд“, „Омни Градба“, „Центроштепед“, „Тотал електроник“, „Еленица“, „Пеон“, „Сара Јавор“, „Тотал Инженеринг“, „Сара Инженеринг“, „Дравас Инженеринг“, „Електро Инженеринг“. Сите овие компании се на семејството Заеви, ова се компаниите за кои има огромен број афери. Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полиња со марихуана. И во нив се споменувани имињата на семејството на власт.Зоран Заев на свое име нема ниту куќа ниту автомобил, го нема ниту БМВ моторот од 30.000 евра со кој што се шета низ Македонија. Тој е на фирмата „Тотал Инженеринг“. Заев е предводник на кланот Заеви и е пример за злоупотреба на моќ и позиција од јавни функционери за сопствените бизниси- од транспорт за РЕК Битола и правење ајвар, до ископ на глина преку плантажи за марихуана. Фирмите на Заеви испумпуваат државни пари, преку РЕК Битола, експресниот пат Штип-Струмица, и други градилишта финансирани од државата. Ова е само еден пример. Фирма на кланот Заеви, доби дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе. Фирми на Заеви, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, над 20.000 м2, по цена на една гарсониера. Фирми на Заеви, стекнуваат сопственички удели во проекти за градби на згради, за суми од 40.000 евра, а се вредни 10-тици пати повеќе.ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и за влијание на одредени економски текови во државата.Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичарите кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, како Анѓушев, отвораат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Христијан Мицкоски го отуѓи уделот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Зоран Заев и неговите од октоподот да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните компании, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

marihuana

Отворена истрага против лице кај кое беше пронајден околу еден килограм марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 9 октомври, полициски службеници го забележале осомничениот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Осомничениот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Осомничениот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство или осомничениот да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

14102019_VRSM_konferencija_pocesni_konzuli-3

Денеска и утре се одржува конференција на почесни конзули на Република Северна Македонија, акредитирани во странство

Конференцијата со почесните конзули, со свое воведно излагање, ја отворија министерот за економија, Крешник Бектеши и заменик-министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски.„Економската политика на Северна Македонија е константно насочена кон подобрување на деловното опкружување, поддршка на иновациите и претприемништвото и привлекување странски инвеститори, како главни промотори на економскиот раст. Минатата година го изготвивме новиот План за економски раст кој се темели на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Планот за економски раст содржи мерки за зајакнување на инвестициите и конкурентноста на економијата на Северна Македонија, поделени на три столба, за давање можност на приватниот сектор да ја искористи владината поддршка. Исто така како Влада сме силно фокусирани на спроведување на низа економски реформи со цел за раст на економијата и подобрување на стандардот на граѓаните. Успехот на ваквите заложби го потврдува и фактот што Бруто домашниот производ во првиот квартал забележа раст од 4,1% и 3,1% во вториот квартал, додека во исто време невработеноста се намали на 17,4%. Тоа значи дека економијата е во добра насока“, истакна министерот за економија Крешник Бектеши.Тој ги информираше почесните конзули за реформите спроведени во енергетиката кои што отвораат врати за нови големи инвестиции во енергетскиот сектор во државата. Ги повика конзулите да ги промовираат можностите кои што ги нуди земјата посебно во делот на инвестиции во обновливи извори на енергија.„Ние како Министерство за економија интензивно работевме и на спроведување на реформи во енергетиката, со што во мај минатата година беше донесен новиот Закон за енергетика во согласност со барањата од Третиот пакет енергетски директиви на Европската Унија. Заради целосно комплетирање на ЕУ законодавството во врска со промовирање на биогоривата и енергетската ефикасност минатата недела беше донесен и Законот за енергетска ефикасност. Исто така со цел поттикнување на производството на струја од обновливи извори на енергија, Владата ќе субвенционира 200 мегавати фотоволтаични централи, а веќе се објавени и првите огласи за изградба на фотоволтаици на државно и на приватно земјиште“ информираше министерот Бектеши.Министерот Бектеши ги повика почесните конзули да бидат партнери на Владата и да работат заедно на подобрување на деловната клима што ќе значи раст на целокупната економија.„Високо ја цениме вашата посветеност кон извршувањето на одговорните функции на почесни конзули, како и вашиот значаен придонес за заштитата на интересите на Република Северна Македонија преку пружање помош на нејзините граѓани”, беа зборовите кои заменик-министерот за надворешни работи, Жерновски ги упати до почесните конзули на конференцијата.„Во овие времиња, тежината на една земја на глобалната арена повеќе не се мери според нејзината географска големина, туку според нејзиниот капацитет и волја ефективно да придонесува во потрагата по решенија за растечкиот број на предизвици од транснационална природа, кои денес го оптоваруваат човештвото, беше истакнато во обраќањето.Економијата прераснува во главниот двигател на политичките влијанија и затоа јас ја гледам економската дипломатија како еден пристап на промена во управувањето, со цел негување на поблиски односи со приватниот сектор, бизнис заедницата и разните невладини организации – како во нашата земја, така и во нашите земји партнери“, нагласи заменикот министер. Во овој контекст, Жерновски посочи дека во остварувањето на оваа цела, потребни ни се мислењата и тимската работа со почесните конзули, со што би ги впрегнале пошироките аспекти на нашата дипломатска дејност за промоција на трговската размена, охрабрување на економскиот раст, привлекување на инвестиции и поддршка за бизнисите.„Република Северна Македонија е отворена за бизнис“, истакна Жерновски, надополнувајќи дека од страна на почесните конзули очекува дипломатската економија да биде нивниот водечки принцип на работа и дека притоа да го промовираат нашето национално реноме на слободна пазарна економија ориентирана кон извозот.

Македонија | пред 6 години

helikopter-2

Искачувајќи се кон врвот ,,Илинден’’, битолчанец се лизнал и паднал од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

На 13.10.2019 околу 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека К.М.(26), П.А.(23), М.И.(31) сите од Битола, Т.Х.(23) од с.Новаци, Л.К.(37) од Кавадарци и М.Р.(28) од Неготино, додека се искачувале по патека кон врвот ,,Илинден’’, К.М. се лизнал и паднал од карпа. Тој со хеликоптер на МВР бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.     

Македонија | пред 6 години

UaYct-

Полицијата на Ќафасан во торба пронашла марихуана

На 12.10.2019 околу 21,00 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека на магистралниот пат во близина на Граничен премин Ќафасан, полициски службеници пронашле торба со марихуана. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања