Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

2-3

Средби на претседателот Џафери со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ

Во рамките на 141. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија, делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ИПУ, предводена од претседателот Талат Џафери, денес оствари средби со делегациите на Мексико и на Босна и Херцеговина во ИПУ.На средбата со делегацијата од Мексико, предводена од Лаура Анхелика Рохас Ернандез, претседателка на Претставничкиот дом, беше истакнато дека и покрај големата географска оддалеченост, постојат бројни можности за зацврстување на меѓупарламентарната соработка на Северна Македонија и Мексико, особено во рамките на Интерпарламентарната унија, како и на билатерално ниво. Меѓу двете земји постојат иницијативи за конкретна соработка, особено во три полиња: економијата, туризмот и културата, како и заеднички интерес за унапредување на договорната правна рамка. Отворањето на Почесниот конзулат на Соединетите Мексикански Држави во Скопје беше оценето како значаен чекор во унапредувањето на севкупната соработка меѓу двете земји. На средбата беше разговарано и за потребата за укинување на визите за влез во Мексико за граѓаните на Република Северна Македонија, со цел за продлабочување на билателните односи во сите полиња од заеднички интерес. Од страна на претседателката Рохаз Ернандез беа упатени честитки за потпишувањето на Спогодбата од Преспа, со што се отвори патот на евроатлантските интеграции на Северна Македонија.На средбата со Небојша Радмановиќ, заменик на претседавачот на Претставничкиот дом и Никола Шпириќ, заменик на претседавачот на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, беше изразено обострано задоволство што одличните билатерални односи меѓу двете земји се потврдени со засилената динамика на размена на посети на високо и највисоко ниво. Беше истакнато дека заложбите за  збогатување на соработката во сите области од заемен интерес се заемни, а особено во делот на европските и евроатланските интеграции и размената на искуства на овој план. Исто така, беше нагласена потребата од засилување на економската димензија на билатералната соработка и креирање поволни услови за нејзин непречен развој. Стана збор и за неопходноста за подобрување на инфраструктурното поврзување во регионот, како и значањето на збратимувањето на повеќе градови од Северна Македонија и Босна и Херцеговина. На крајот од средбата беше констатирано дека постои простор за унапредување на парламентарната соработка меѓу двете пријателски земји, со взаемни посети на претседателите на парламентите и пратеничките групи за пријателство и соработка.  

Македонија | пред 6 години

minister

Заменик министерот Асим Муса поднесе оставка

Заменик министерот поднесува оставка по скандалот кој го објавија медиумите.  Имено на видео снимка се гледа како министерот фатен во корупциски скандал. Според снимката Муса прима 50 евра за мито за да изврши операција врз Албанец во клиниката во Струга.ж„Ова е стапица со која сакаат да ми ја нарушат професионалната и приватна фигура“, истакна меѓудругото Муса на денешната прес конференција.Снимката е направена од екипа на албанската телевизија Топ Чанел ИН7, а објавена во популарната емисија „Фикс Фате“. Имено, новинар од телевизија се претставува како пациент и се договара со Муса, кој наводно бара мито од 1000 евра.

Македонија | пред 6 години

zemjodelci

Обезбедени нови 915 милиони денари за исплата на субвенции за земјоделците

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница ja усвои Предлог - програмата за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, со која со ребалансот на Буџетот на Република Северна Македонија се предвидени нови 915 милиони денари за исплата на финансиски средства на земјоделците. Со оваа сума ќе се изврши исплата на субвенции за повеќе земјоделски прозводи.Конкретно, за исплата на субвенциите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот од јануари до април 2018 година,со ребалансот се обезбедени 179 милиони денари. 50 милиони денари се обезбедени за производителите на оризова арпа кои своето производство го имаат предадено кај регистрирани откупувачи.Со ребалансот се обезбедени 288 милиони денари за исплата на финансиска поддршка за сите земјоделци кои не се исплатени од претходните години за обработлива земјоделска површина (поледелци, градинари, лозари, овоштари), производители на семе и саден материјал, субвенции по грло добиток односно за земјоделците кои имаат говеда, овци, кози, свињи, пчелни семејства и живина.За исплата на субвенциите за земјоделците кои градинарските производи ги имаат предадено во преработувачки капацитети за периодот од 26 декември 2017 година до 25 декември 2018 година, се обезбедени 151 милиони денари, а 7 милиони денари за исплата на субвенциите за предадени домати во преработувачки капацитети.Со ребалансот на буџетот ќе се исплатат 40 милиони денари за субвенции за откупената пченица од родот 2018 година од домашно производство која е откупена од регистрирани откупувачи. 160 милиони денари се обезбедени за исплата на субвенцијата за производителите на јаболка од реколта 2018 година.За исплата на субвенцијата за под-мерката за депопулација на свињите, со ребалансот се обезбедени 40 милиони денари, со што ќе бидат обештетени сите земјоделци кои своите свињи ги чуваат во услови кои не ги исполнуваат биосигурностите стандарди за чување и произодство на свинско месо.Со овие последни измени буџетот за земјоделство за 2019 година ќе изнесува 7 милијарди денари.

Македонија | пред 6 години

IMG_3121

Општина Кисела Вода објави јавен повик за енергетска обнова на ЈДГ „Весели Цветови“ - објект „Мимоза“

Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите во градинките преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), кој го спроведува Министерството за финансии, ќе изврши енергетска обнова на ЈДГ „Весели Цветови“ - објект „Мимоза“.За таа цел, Општина Кисела Вода неодамна објави јавен повик преку кој ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат енергетска обнова на градинката.Процесот на понудување се спроведува преку процедури за национално јавно наддавање, како што е специфицирано во упатството на Светска банка. Повикот е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.Сите заинтерсирани подобни понудувачи во временскиот период од 08:30 до 16:30 часот информации за јавниот повик може да добијат во просториите на Општина Кисела Вода, лоцирана на ул. „Петар Делјан“ бр.17, на веб страна на Општината, на телефонскиот број 0389/022785-417 и на електорнската адреса: javninabavki@kiselavoda.gov.mk.

Скопје | пред 6 години

kalinka

Обнова на валандовската градинка „Калинка“ – подобри услови за над 140 дечиња и заштеда на енергија од 70%

Промена на кровната конструкција, изведба на термо фасада, енергетско ефикасна столарија, поставување на сончеви колектори за производство на електрична и топлинска енергија, замена на системот за парно греење, реконструкција на санитарните јазли, како и поставување на нови подни површини. Ова се градежните активности кои се вршат во детската градинка „Калинка“ во Валандово која се очекува да се реотвори до крајот на годината.„Ние како општина вложуваме за нашите сограѓани. Конкретно за градинката, конечно децата и воспитувачите заслужуваат пријатна атмосфера и подобри услови. Оваа градинка датира од 1980-та година и има капацитет за 180 деца, веруваме дека ова ќе биде пример и за остантите општини да инвестираат во нивната иднина“ рече Перо Костадинов, градоначалник на општина Валандово.Вкупната инвестиција во градинката „Калинка“ изнесува 388 илјади евра, а Министерството за локална самоуправа кофинансира 15% од вкупната сума.„Министерството за локална самоуправа го кофинансира проектот преку ИПА прекуграничната програма на Европска Унија помеѓу нашата земја и соседна Грција, а носител на проектот е општина Валандово. Навистина ни е драго што ќе може оваа градинка да ја реотвориме до крајот на годината“ додаде Горан Милевски, министер за локална самоуправа.По завршувањето на реконструкцијата градинката ќе торши 70% помалку енергија и ќе нуди целосно подобрени услови за дечињата. Обновата е дел од проектот „Евалуација на мерки за енергетска ефикасност“.  

Скопје | пред 6 години

51982135_761934034192496_3837100924430450688_n-696x462-1

Оштетените во несреќата кај Ласкарци најавија имотно- правно побарување

Со искази на адвокатите на оштетените семејства денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци. Пред судот, бранителите рекоа дека се приклучуваат кон обвинението и најавија дека ќе побараат отштета, процес кој ќе се води во граѓанска постапка, пренесува „Сител“.Судијата Дијана Груевска најави дека на следното рочиште пред судот ќе сведочат роднини на загинатите. За следното судење пак, во судница свои искази ќе имаат преживеаните патници кои се превезувале со автобусот на Дурмо Турс.За случајот Ласкарци, обвинети се шестмина. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, одговараат сопственикот на превозната компанија Дурмиш Бељули, возачот на автобусот и вработени во станицата за технички преглед на возила чиј сопственик е Бељули.Автобуската несреќа се случи во февруари годинава, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Македонија | пред 6 години

minister

(ЖИВО) Заменик министерот Асим Муса на прес по снимката за примање мито

Прес конференција на заменик министерот за здравство, Асим Муса. Пресот  следи откако во медиумите беше објавена видео снимка која го документира заменик министерот фатен во нов корупциски скандал. Според снимката Муса прима 50 евра за мито за да изврши операција врз Албанец во клиниката во Струга.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Трамп се заканува со санкции за Турција

Претседателот Доналд Трамп воведе санкции врз Турција и побара од сојузникот во НАТО да го запре воениот упад во североисточна Сирија, кој брзо го реструктуира бојното поле во сегашната најсмртоносната војна во светот.„Соединетите Американски Држави едноставно нема повеќе да ја толерираат инвазијата на Турција во Сирија. Ја повикуваме Турција да застане, да стави крај на насилството и да дојде на преговарачката маса“, изјави за новинарите потпретседателот Мајк Пенс, додавајќи дека ќе патува во регионот „што е можно побргу".Трамп исто така ги најави плановите за повторно наметнување тарифи за челик на Турција и веднаш ги прекина преговорите за трговскиот договор вреден 100 милијарди долари.

Свет | пред 6 години

IMG_6106

Обновени кошевите на спортските игралишта во Аеродром

Општина Аеродром спроведува акција за обновување и поставување нови табли на кошевите на спортските игралишта низ целата нејзина територија.  Деновиве повеќе спортски игралишта добија обновени стаклени табли на кошевите, и тоа во близина на детските градинки „Лале“ и „Чекорче“, во дворот на ООУ „Ѓоргија Пулевски“, како и игралиштето во близина на кулите Џевахир.Општина Аеродром и во наредниот период ќе ги продолжи ваквите активности на обнова и санација на реквизитите на спортските игралишта, со цел обезбедување подобри услови за спортување и јакнење на спортскиот дух.

Скопје | пред 6 години

znaminja-777x437

Нема многу оптимизам пред денешниот министерски состанок - Франција не попушта

Франција не го сменила ставот за проширувањето на Европската унија на вчерашната средба на амбасадорите на ЕУ во Брисел. Според извори на „Фокус“ расправата меѓу амбасадорите завршила без конкретна одлука, што се потврди и со одбивањето на предлогот кој го понуди финското претседателство, а кој предвидуваше старт на преговори за Македонија, и промена на методологијата за преговарање со ЕУ, објави Фокус.мк.Бидејќи амбасадорите на ЕУ биле далеку од консензус, нема оптимизам дека членките ќе ги доближат своите ставови на денешниот Министерски состанок за општи работи во Луксембург. Дипломатски извори велат дека позицијата на Франција се уште не е сменета. Париз и понатаму смета дека се потребни внатрешни реформи во ЕУ пред да се даде зелено светло за пристапни преговори со Македонија и Албанија.Текстот во целост на: фокус.мк 

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведени две лица од од с.Доброште, полицијата им пронашла марихуана

На 15.10.2019 во 00.50 часот во с.Требош, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода  А.Џ.(36) и Е.Х.(27), двајцата од с.Доброште, затоа што при нивен и преглед на возило „фолксваген поло“, во кое биле двајцата, била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени три лица – во автомобилот полицијата им пронашла марихуана и таблети екстази

На 14.10.2019 околу 21.30 часот  полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(32), Х.Ц.(25) и В.Д.(25), сите од Гостивар, затоа што при нивен личен и преглед на возило „опел астра“, во кое биле тројцата, била пронајдена марихуана и таблети екстази. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај 15-годишен малолетник пронајдена марихуана

На 14.10.2019 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Куманово, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Приведен скопјанец, кај него била пронајдена прашкаста материја

На 14.10.2019 во 13.35 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Д.Ѓ.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

pajak-11

Во Скопје за 24 часа подигнати 60 возила со „пајак"

Во текот на 14.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека три возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи, од кои: три возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и четири возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се девет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, три возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 12 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 17 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се три пешаци поради поминување коловоз на црвено светло и еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 88 мандатни платни налози и 60 возила се подигнати со специјално возило „пајак". 

Скопје | пред 6 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски за австрискиот весник Die Presse: Апел до ЕУ - Дајте ù шанса на Северна Македонија

Интервју на претседателот Пендаровски за австрискиот весник Die Presse Апел до ЕУ: Дајте ù шанса на Северна Македонија  Ди Пресе: Франција неодамна имаше негативно се произнесе за проширувањето, дали сè уште се надевате дека ќе добиете сигнал од ЕУ за отворање на претпристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија? Стево Пендаровски: Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекувамени повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени. Ди Пресе: Еден аргумент – на пример од Париз- за блокадата на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија беше дека двете земји треба да направат повеќе во борбата против корупцијата и криминалот. Стево Пендаровски: Ние го основавме Специјалното јавно обвинителство, кое покрена обвиненија против поранешниот премиер Никола Груевски, кој во меѓувреме побегна во Унгарија, како и против други важни личности. Ние ја ставивме борбата против корупцијата како наш приоритет. Еден од клучните аргументи на Франција беше дека тие сакаат продлабочување на Унијата пред проширување. Но, двата процеси може да течат паралелно. Ние нема веднаш да станеме полноправна членка на ЕУ. Ди Пресе: Дали сте разочарани? Стево Пендаровски: Особено бевме разочарани оваа година во јуни. Минатата година, земјите-членки на ЕУ рекоа: Не сега, уште треба да работиме на внатрешните реформи, но идниот јуни ќе донесеме одлука и ќе започнеме преговори со Северна Македонија и со Албанија. А овој јуни тие рекоа: „Извинете, сè уште не сме подготвени.“ Ди Пресе: Како народот гледа на ова? Стево Пендаровски: Моите главни теми во кампањата за претседателските избори беа зачленување во ЕУ и во НАТО како главни стратешки цели. Ние очекуваме да станеме членка на НАТО во идните месеци. Но, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет. Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување? Ди Пресе: Министерот за надворешни работи на Австрија Шаленберг неодамна повтори дека претпристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија треба да започнат во пакет. Кој е Вашиот став? Стево Пендаровски: Во принцип ние сме согласни. Еден од принциипите на ЕУ зависи од напредокот – ако државата испорача тоа што треба тогаш вие сте внатре. Во исто време, голем дел од нашиот регион е поврзан – почнувајќи од безбедносни па сè до политички и економски прашања. Северна Македонија граничи со Србија и со Косово – двеземји чиј конфликт продолжува да има влијание на целиот регион. Се разбира, што се однесува на регионалниот аспект, јас би сакал Албанија исто така да ги започне преговорите за членство во ЕУ. Регионот не може да просперира доколку сите земји немаат цел пред себе. Сите треба да се дел од процесот на евроинтеграции. Босна и Херцеговина исто така, која, за жал, долго време беше запоставена од Брисел. Ди Пресе: Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за 3,6 милиони бегалци доколку ЕУ ги критикува неговите воени дејствија во северна Сирија. Дали Северна Македонија е подговтена за тавко сценарио? Стево Пендаровски: Не би сакал да коментирам индивидуални изјави на политичари во врска со настаните во Сирија. Во секој случај, мојот впечаток е дека договорот за бегалци меѓу ЕУ и Турција сè уште функционира. Мотивите на двете страни да се склучи овој договор сèуште се исти. Ди Пресе: Неодамна уште бегалци пристигнаа во Грција. Дали ова веќе се забележува во Македонија? Дали пристигнуваат повеќе луѓе? Стево Пендаровски: Се разбира дека секогаш има можност бегалци да сакаат од Грција да тргнат по рутата преку Македонија со цел да стигнат во северните земји-членки на ЕУ. Досега, не сме забележале значително зголемување на бројот на луѓе. Во секој случај, ситуацијата не може ни да се спореди со онаа во 2015 и 2016 година кога еден милион луѓе поминаа низ нашата територија.

Македонија | пред 6 години

lovecka-puska

Едно лице под истрага за поседување оружје

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, 68-годишен жител на село Церово, општина Желино, на  11-ти октомври во семејната куќа држел оружје и муниција од поголемо количество кои на граѓаните им се забранети. При извршен претрес во домот на осомничениот пронајдени се 15 куршуми калибар 7,62 мм долго зрно , 11 патрони ловна муниција калибар 12 мм, 2 патрона ловна муниција  16 мм и ловна пушка „Бокерица“ калибар 12 мм без фабрички број.Надлежниот јавен обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи,  до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице . Судот на осомничениот му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

zamenik-gradonacalnik

Заменик градоначалникот на Белград бркан по „Кнез Михајлова” од активисти на опозицијата

Активистите на опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) синоќа во центарот на Белград го бркаа заменик градоначалникот Горан Весиќ, откако ја промовираше книгата за главниот град на Србија.Инцидентот се случи по промоцијата на „Книгата за Белград” на Горан Весиќ, кога прво имаше взаемно туркање меѓу членовите на обезбедувањето на Весиќ и активистите на СзС, а потоа и бркање на заменик-градоначалникот додека тој одеше кон службениот автомобил, извикувајќи „Уа” и „Весиќу крадецу„.https://www.facebook.com/Goran.Vesic.zvanicna.stranica/videos/3037150766314139/

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Убиецот на Мартин Јанушев по две години бегство заврши во Шутка

Филип Секуловски Кобра, кој беше во бегство речиси две години, осомничен за убиството за Мартин Јанушев е однесен во затворот Шутка. Секуловски беше речиси две години во бегство и по него беше распишана меѓународна потерница откако  избега веднаш  по убиството на Јанушев на 4 ноември 2017 година во скопски Аеродром.Неофицијално Кобра бил бегалец од затворот Идризово кој ден пред убиството бил пуштен на слободен викенд, по што му се губи трагата.28- годишниот Јанушев беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари Солидарност и 11 Октомври. Беше застрелан пред неговиот дом  вечерта меѓу 3 и 4 нември 2017 година.Мотивите за убиството не се познати.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СДСМ: 146 милиони евра се инвестираат во патишта,водовод и гасовод во Пелагонискиот регион

Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во капиталните инвестиции. Само во ресорот транспорт во пелагонискиот регион моментално се реализираат педесетина проекти или инвестиции во вредност од 146 милион евра. Заврши обновата на петнаесетина регионални патишта, шест проекти за водоводи и канализации, како  и  изградбата на  пругата од Битола до Кременица, се вели во соопштението од СДСМ.Како дел од  од поголемите проекти кои се во тек се рехабилитацијата  на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, во должина од 15 километри ,инвестиција од речиси еден милион евра, изградбата  на магистралниот гасовод од Неготино преку Прилеп до Битола, првата фаза од експресниот пат Градско-Дреново.Обновата на патот Битола-Тополчани-Прилеп е од огромно значење за 6 општини и 22 илјади жители на општина Могила, со кој значително се подобрува руралното живеење.Проекти кои треба да стартуваат во периодот кој следува се реконструкцијата  на постоечката делница од Фариш до Дреново,  проекцијата за изградба на експресен пат Битола-Меџитлија, а истовремено ќе се работи и на обнова на патишта во Крушево, Ресен и Прилеп.Изградбата на експресниот пат Битола – Меџитлија, обиколницата која е во план како  и  изградбата на автопат од Битола до Прилеп е од големо значење на овој регион.Еден од главните приоритети на Владата предводена од СДСМ е подобрување на животот на граѓаните и подобрување на економијата во целина преку изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата, гасификација на земјата, изградба на комуналната и железничката инфраструктура.За само две години Владата предводена од СДСМ изгради 500 километри патишта низ целата држава. Не застануваме тука, резултатите само потврдуваат дека на прав пат сме, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

DSC_8857

СУГС „Браќа Миладиновци“ во Кисела Вода доби модерен пластеник за производство на градинарски и цвеќарски култури

Учениците од земјоделската струка во СУГС „Браќа Миладиновци“, во Кисела Вода, во рамки на проектот за „Промоција на органското производство во средните стручни училишта“ добија современ пластеник, донација од Чешката Република.Вчера директорката на училиштето, Елизабета Ангелеска и чешкиот амбасадор, Мирослав Томан свечено го пуштија во употреба пластеникот.На отворањето присуствуваа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и дел од наставниот кадар. Во пластеникот поставени се системи кои на растенијата ќе им ги обезбедат потребните услови.Пластеникот е покриен со плексиглас, во него топлината ќе се одржува со парно греење, инсталирани се вентилатори кои ќе ја регулираат температурата и релативната влажност на воздухот. Во истиот инсталиран е современ систем за наводнување „капка по капка“. За целосно искористување на просторот дополнително направени се држачи за цвеќиња.Учениците во пластеникот практично ќе ги применуваат стекнатите знаења, ќе вршат производство на сезонски цвеќиња и повеќегодишни декоративни растенија.

Скопје | пред 6 години

joci-111

Јоци поднесе нова, прекршочна пријава за Томислав Кежаровски !

За јавностаТомислав Кежаровски, денеска, официјално со материјален доказ за тегнење за рамо во мое возило ( видео снимка од видео надзор ), е пријавен за малтретирање со записник во полиција. Прекршочно. Мислев досега ќе се извини јавно, не се извини.Пред две недели беше пријавен, тој и жена му, за сајбер закани во Секторот за интернет криминал и дигитална форензика – шест принт скринови од фб комуникација на нивни профили, со јавни закани, пред малтретирањето на јавна површина и по настанот. Кривично дело.Морам да се заштитам, а ова е институционалниот начин.Како МВР ќе постапи по ова, не знам.Мое е да пријавам. Со материјални докази.Јас не се служам со чаршиски муабети од типот ,,овој кажа она, тој кажа ова”. Тоа не важи во правна држава, ако се стремиме кон ЕУ и навиваме за тоа. Секој може да каже сешто, но тоа се муабети сретсело.Јас им однесов материјален доказ.А, само тоа на суд важи плус сведоци.Се` друго е ,,чаршија” и не се зема во обзир. Напиша на Фејсбук, Јорданка Ивановска – Јоци.https://www.facebook.com/joci.jocik/posts/10220039733163559

Македонија | пред 6 години

stevo-770x437

Пендаровски: „И името на државата го сменивме за да добиеме датум за преговори“

Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник „Пресе“ изјави дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за добивање на датум за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија.,,И името на државата го сменивме заради тоа. Тоа не го направила досега ниту една држава“-изјавил Пендаровски за ,,Пресе“.Пендаровски ѝ укажува на Унијата дека доколу се одложуваат пристапните преговори, ќе изгуби на кредибилитет и веродостојност.

Македонија | пред 6 години

pceli

Пчеларите од регионот на Демир Хисар ќе добијат надомест за штетите настанати кај пчелните заедници

Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои информацијата за барањето на одгледувачите на пчели од регионот на Демир Хисар и ги задолжи Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, да достават соодветно решение за исплата на 36 баратели на финансиска поддршка за под-мерките за пчеларство од регионот на Демир Хисар, заради штетите настаните кај пчелните заедници во овој регион.

Македонија | пред 6 години

zemjodelci

Обезбедени 915 милиони денари за исплата на финансиски средства на земјоделците

На предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на оваа седница е усвоена Предлог - програма за изменување и дополнување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, според која со ребалансот на буџетот на Република Северна Македонија се предвидени нови 915 милиони денари за исплата на финансиски средства на земјоделците.Со овие средства ќе се изврши исплата на земјоделските стопанства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година и тоа за единствените барања по површина за производителите на полјоделски, градинарски, лозарски, овоштарски култури, како и исплата по грла на сточарите и тоа за говеда, овци, кози, свињи, живина и пчелни семејства.Обезбедени се пари и за исплата на производители на градинарски производи кои своите производи ги имаат предадено во преработувачки капацитети, како и за откупена пченица од род 2018 година од домашно производство. Во измената предвидени се и финансиски средства за исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко кое е предадено во периодот јануари заклучно со април 2018 година. До крајот на годината ќе бидат исплатени производителите на јаболка за произведено и предадено јаболко кај откупувачи, како и производителите на свињи кои ќе аплицираат за под-мерката за депопулација на свињите.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања