Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

apsenje

(ВИДЕО) Стотина косовски специјалци во Северно Косово уапсија двајца Срби

Рано утрината околу 5 часот, стотина припадници на специјалните косовски полициски сили РОСУ, влегоа на северот на Косово во српскиот дел и уапсија двајца Срби. Ова предизвика големо вознемирување кај српското население.Како што пренесува Косовапрес, двајцата Срби се уапсени по наредба на косовскиот суд, поради наводна вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ.Еден од уапсените е полицискиот истражител, Раде Басара, за кого има сомнеж дека ги прикривал доказите при истрагата.https://www.facebook.com/KlanKosovaOfficial1/videos/524515681696817/?v=524515681696817

Свет | пред 6 години

srusi

Срушена куќата на „Трета македонска бригада“-сопственикот најавува случај за во Стразбур, а Шилегов вели дека нема да трпи импровизации

Град Скопје ја сруши куќата на  „Трета Македонска Бригада“, или домот на Љупчо Божинов. Сопственикот веќе четири години мака мачи низ административните лавиринти со Градот. Оваа куќа беше пречка за проширување на булеварот, но на крајот надлежните се одлучија да ја заобиколат. Божинов тврди дека иако се уште траат судските процедури за докажување на сопственоста надлежните се одлучиле да го срушат објектот.Божинов вели, правдата ќе ја бара во Стразбург бидејќи не му верува на македонскиот судски систем. Тврди дека за да му го срушат објектот Градот понудил сума која е многу пониска од вредноста на објектот и земјиштето.Градоначникот пак на Скопје својот став за овој проблем го напиша на социјлната мрежа Фејсбук. Шигелог напиша:После долги години нерешен проблем, заради брзоплетост во изградбата, конечно, денес се сруши пералната на 3-та Македонска бригада накај Лисиче. Набргу започнуваме со доизградба на улицата. Скопје повеќе нема да трпи импровизации како во минатото.https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3023062441251667

Скопје | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Османи се налути: „Законот за јазиците нема да се чепка“, без разлика на забелешките од Венецијанската комисија

Законот за јазици нема да се чепка, без разлика на конечните забелешки од Венецијанската комисија – порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, пред да отпатува за Луксембург и за Брисел.Во гостување на телевизијата Алфа, Османи рече дека „Законот за јазиците нема да се чепка“, без разлика какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската комисија. Според вицепремиерот, измени во законот за јазици се можни само ако за нив се обезбеди консензус. Од друга страна, Заев најави дека ќе ги почитува забелешките на Венецијанската комисија при Советот на Европа, која во дел од првичниот извештај за Законот за јазици што беше објавен во медиумите, имаше крупни забелешки во однос на новиот закон за употреба на јазиците. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Mинималната плата расте на историски највисоки 14.500 денари

СДСМ  продолжува да ги реализира политиките за зголемување на животниот стаднард на граѓаните и намалување на сиромаштијата, што се кчучни програмски определби. Од декември, повторно расте минималната плата на досега највисоко ниво од 14.500 денари. За зголемувањето на минималната плата за 2.000 денари, постигнат е договор со бизнис секторот и со синдикатите, а растот на платата е предизвикан од реалната економија во земјата, се вели во соопштението од СДСМ.Ова ново зголемување доажа откако веќе еднаш ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, од 9.000 на 12.500 денари. Со новото зголемување, за само три години минималната плата расте за 5.500 денари.Концептот парите кај граѓаните е на прав пат. Зголемувањето на минималната плата ќе ја намали сиромаштијата кај вработените и заедно со мерките за враќање пари кај граѓаните ќе обезбеди повисок животен стандард за работниците. Истовремено, ова зголемување позитивно ќе влијае врз спиралата на раст на сите плати, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев

Оставка е потребна од целата влада, не само од поединци од третиот ешалон на власта.  Заменик министерот за здравство само го следи примерот на неговиот шеф Зоран Заев, кој моделот ,,едно евро за Вицето'' го префрли од Струмица на ниво на цела Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Наместо оставки од функционери од третиот ешалон на власта потребна е оставка од Зоран Заев, кој е единствениот аболициран премиер во Европа. Заев е главата на криминалниот октопод, кој е посочен во еден од исказите на жртвата во случајот Рекет, а уште не е повикан ниту на разговор.  Оставка е потребна и од Драги Рашковски, кој е аудио документиран како мести тендер од 1.8 милиони евра.Оставка мора да има и од Јован Деспотовски, кој како директор на Фондот за иновации додели милионски грантови на фирми блиски до СДСМ.   Оставка е потребна и од Венко Филипче, кој заедно со Ден Дончев е осомничен дека барале рекет од неколку милиони евра. Оставки се потребни од десетици други функционери како на централно, така и на локално ниво.Зоран Заев и неговата криминогена влада мора да си заминат. Со Заев Македонија само тапка во место. Со Заев Македонија нема иднина, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Laboratorija

Македонски научник во Бостон работи на откривање на метаболизмот на бактериите и последиците врз здравјето на човекот

Педесетгодишниот Македонец Илија Дуковски е дел од тимот научници на Бостонскиот универзитет каде што периодов се работи на создавање компјутерски модели на метаболизмот и сличните процеси на бактериите што се во организмот на луѓето. Изминатите две години се работи на три процеси и проекти поврзани со откривање резултати од метаболизмот на бактериите, објави Телма.мк.– Првиот се однесува на цревниот микробиом, т. е. бактериите што живеат во цревата на луѓето. Бактериите во нашите црева имаат важна улога за нашето здравје. Промени во составот на микробиомот често се појавуваат истовремено со стомачни заболувања. Причините за ваквите промени сè уште не се разјаснети. Се претпоставува дека промените во метаболизмот на бактериите и нивната интеракција преку размена на метаболити играат суштинска улога за здравјето на домаќинот. Мојата работа се состои во создавање компјутерски модели на метаболизмот на овие бактерии. Целта е да се разјасни размената на метаболити помеѓу бактериите и цревата на домаќинот, објаснува Дуковски.Тој додава дека вториот проект е симулирање раст на тумори. Во основа на овие симулации, вели, е моделирањето на метаболизмот на клетките на рак. За разлика од нормалните клетки кои респирираат кислород, т. е. дишат, клетките на ракот не дишат на истиот начин, иако кислородот им е достапен. Оваа појава, т.н. Варбургов ефект, комбинирана со модел на раст на ткивото на тумор е во фокусот на овој проект.Текстот во целост на: Телма.мк

Македонија | пред 6 години

geroski-klinicki

Героски прашува: Дали е познат добитникот на тендерот за „Клинички центар“ ?

Новинарот Бранко Героски кој ја отвори најголемата афера во правниот систем на земјава аферата „Рекет“ , преку пост на Фејсбук отвора нови дилеми околу прашањето со тендерот за изградба на нов „Клинички центар“ во Скопје.Постот на Героски го пренесуваме во целост:ДАЛИ ВЕЌЕ Е ПОЗНАТ ДОБИТНИКОТ НА ТЕНДЕРОТ ЗА НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР?Неофицијално дознавам дека денеска, на пат за Брисел, каде што се решава прашањето за датумот за преговорите со ЕУ, премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, некое време ќе се задржи во Виена (а Филипче и ќе останел таму, ако ми е точно инфото).Прашувам, дали ова задржување на Заев има врска со потенцијалниот добитник на тендерот за новиот Клинички центар, тежок 500 милиони евра?Дали е точно дека било јавна тајна дека тендерот речиси сигурно ќе го добие австриската компанија "Вамед", на Балканот интензивно присутна со проекти во српскиот дел на БиХ и во Србија?Инаку, читам дека нема ништо спорно во портфолиото на оваа компанија - стара 33 години, реализирала 700 проекти во 72 земји, вработува 16.000 работници и има годишен промет од 1,5 милијарди евра.Сепак, тендер е во прашање. Како е можно однапред да се знае кој ќе го добие? Ако е тоа точно...Само прашувам.И да потсетам. Станува збор за проект вреден неверојатни 500 милиони евра, што треба да се гради во Ѓорче Петров.Владата го поништи претходниот тендер од времето на Груевски, вреден три пати помалку. Тогаш тендерот го добија домашните компании "Гранит" и "Бетон" и италијанската компанија "ИНСО системи".Македонските градежници сега се побунија дека условите во новиот тендер за нив биле дисквалификаторни. Наречете ме ваков или онаков, но јас не разбирам зошто македонските градежници нема да добијат шанса барем партнерски да учествуваат во овој грандиозен проект. Да работат и да заработат. Малку и тие да се офајдат.Толку ли не ги бидува? Толку ли се неконкурентни? Или нешто друго е во прашање...Само прашувам. Се надевам дека некој ќе понуди добри одговори.

Македонија | пред 6 години

natprevar

Меѓународен натпревар на угостителско - туристички училишта

Од 10 до 13 октомври учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“, заедно со своите ментори и директорот на училиштето беа дел од меѓународниот натпревар на угостителско- туристички училишта ГАТУС 2019.Натпреварот се одржа во Пореч, Хрватска каде учествуваа 170 учесници од 15 училишта.Учесниците, покрај натпреварувачкиот дел, разменуваа искуства, запознаваа примери на добра пракса и ја прошируваа меѓусебната соработка.ОУТУ „ Ванчо Питошески“ како единствен учесник од Република Северна Македонија се натпреваруваше во следните три дисциплини:Готварство со слаткарство (се натпреваруваа учениците: Кристијан Тошески, Марко Илиески и Стефан Аврамоски под менторство на Војо Ангелоски и освоија бронзен медал)Поставување свечена маса и подготвување коктел (се натпреваруваа учениците: Ана Марија Крстеска, Александар Камчевски и Џабир Далипоски под менторство на професор Зоран Наневски и освоија сребрен медал)Претставување на дестинација и изработка на туристички аранжман (се натпреваруваа учениците: Силвија Кацеминовска, Сара Џелили и Сабина Џелили под менторство на професор Елена Митреска и освоија сребрен медал)Домаќин на следниот меѓународен натпревар ГАТУС 2020 ќе биде ОУТУ „Ванчо Питошески“ .

Македонија | пред 6 години

AKCIJA_FOTO_15102019-1-900x506

Општина Охрид спроведе акција за отстранување на нелегално поставена урбана опрема

Општинските инспекциски служби заедно со екипи од ЈП „Охридски комуналец” и СВР Охрид, денес реализираа координирана акција за отстранување на нелегално поставената урбана опрема пред угостителските објекти во охридската чаршија.Акцијата беше спроведена врз основа на претходни инспекциски контроли, со кои биле утврдени локациите и угпостителките објекти каде биле поствени маси, столови и друга урбана опрема, без одобрение за поставување и надвор од Програмата за поставување на урбана опрема.Ваквите акции и контроли ќе продолжат и во текот на наредниот период.

Македонија | пред 6 години

DSC810

Муцунски од Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го забрза евроинтрграцискиот процес

На 14 и 15 Октомври Меѓународниот Секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, присуствуваше на Политичкото Собрание на Европската народна партија (EPP). Во текот на Собранието се разгледуваа повеќе значајни прашања поврзани со внатрешната организација на EPP, како и предизивиците на ЕУ и позициите на EPP во врска со истите. Во врска со процесот на проширување, се афирмираше ставот за кој ВМРО-ДПМНЕ долго лобираше, а тоа е дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат датум за отпочнување на пристапни приговори, но истовремено треба да се вложат и дополнителни напори за реформи, и тоа најпрво во правосудниот систем.Муцунски во рамките на својата посета успеа да се сретне со повеќе чинители во Брисел.Во Европскиот парламент тој имаше издвоени средби до Дејвид Мекалистер од ЦДУ (Претседател на Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент и Потпретседател на EPP), Пауло Рангел од Португалската ПСД (Европратеник и Потпретседател на EPP), Карло Реслер ОД ХДЗ (Европратеник) како и Патрик Волер од Австриската ОВП(Меѓународен Секретар на EPP).На сите средбите се афирмираше дека е добро Република Македонија час поскоро да добие датум за отпочнување на пристапни преговори, но и потребата од забрзани реформи во нашето општество кои ќе станат видливи преку строга примена на усвоени реформски закони.Муцунски ги информираше соговорноците за широката распространетост на корупција која ќе мора од страна на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да биде системски искоренета.Соговорниците напоменаа дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе формира Влада после следните парламентарни избори ќе ја има целосната поддршка од сите институции во Брисел да ја стави Република Македонија на брза трака за членство во ЕУ.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија до Заев: Вразуми се и стави мораториум за НАТО и ЕУ и договорите со Бугарија и Грција до следните избори

На Зоран Заев устата му е полна со фалби дека со договорите со Бугарија и Грција ги решил проблемите, дека нема повеќе отворени прашања со овие две соседни земји и дека е отворен патот за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Заев продолжува да лаже штом зине.Излезе на виделина дека договорите со Бугарија и Грција се димна завеса за бришење на сешто е македонско преку работата на заедничките мешовити комисии за ревизија на македонската историја. За триото Заев, Шеќеринска и Димитров можеби проблемите со Грција и Бугарија се решени земајќи предвид дека имаат агенда за бришење на се што е македонско.За среќа на македонскиот народ и државјаните на Република Македонија излегува на виделина дека за Македонија нема место ниту во геноцидните евроатлански интеграции како што се НАТО и ЕУ иако се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ.Единствена Македонија го повикува Зоран Заев да се вразуми и на очигледниот шовинистички поход на Грција, Бугарија, НАТО и ЕУ спрема македонскиот народ да одговори со мораториум за НАТО и ЕУ и договорите со Бугарија и Грција до следните парламентарни избори.Новата легална власт на Единствена Макеоднија која доаѓа никогаш нема да ја предаде Македонија, нашата земја, нашата татковина. Ќе ги поништиме антимакедонските договори. Македонија е нашата татковина. Македонија е нашиот дом. Онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и за Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

13 лица под истрага за Криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 13 лица, македонски државјани за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење мигранти“ предвидено и казниво по член 418 -в став 1 и 2 и кривично дело – „Криумчарење на мигранти“ по член 418 – б став 3 во врска со став 4 и став 2 од Кривичниот законик.По четиримесечна предистражна постапка под раководство на надлежен јавен обвинител, денеска во соработка Министерството за внатрешни работи е спроведена координирана акција за спречување на организирана група за вршење на кривични дела поврзани со криумчарење мигранти. Извршени се претреси во 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово и лишени се од слобода девет лица.Криминалната група која брои 14 члена од кои еден е НН лице, има дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, а воедно е поврзана и со грчки криминални структури. Оваа група во периодот од мај до крајот на септември од нашата јужна граница долж Повардарието до Кумановско-Липковскиот регион, а потоа кон север спровела 395 мигранти од Aвганистан, Пакистан, Ирак, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот исток. Меѓу мигрантите имало 18 деца. Откако ќе биле прифатени мигрантите од страна на членовите на групата биле сместувани во автомобили или багажните простори на автомобилите и со брзина од над 200 км/час биле превезувани до договореното место, притоа загрозувајќи го сопствениот живот, животот на мигрантите и на другите учесници во сообраќајот. За пренесување, прифаќање, засолнување и превоз на мигрантите биле наплаќани од 180-250 евра, при што членовите на оваа група за споменатиот период се стекнале со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра.Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за деветмината лишени од слобода во денешната акција. Еден од осомничените е на издржување на казна затвор за друго кривично дело, едно осомничено лице е под истрага и во притвор за истото кривично дело во Р.С.Македонија, а едно во притвор во Р.Србија. Еден осомничен не е достапен на органите на прогонот.

Македонија | пред 6 години

krazba-market

Двајца косовски државјани обвинети за кражба на облека од трговски центар во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца државјани на Република Косово кои се товарат дека како соизвршители извршиле продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.Обвинетите, по претходен договор,  на 11 октомври, во две продавници лоцирани во еден трговски центар во Скопје украле јакна вредна 11.290 денари и елек во вредност од 6.290 денари. Кражбите ги извршиле користејќи исти прилики и исти околности. Првообвинетиот, на возраст од 19 години, влегувал во гардеробата на бутиците со намера да ја проба облеката. За тоа време второобвинетиот, на возраст од 22 години, стоел пред гардеробата и чувал стража. Првообвинетиот со употреба на физичка сила ги отстранил бип алармите закачени на облеката и ја облекол на себе под неговата облека. Потоа и двајцата излегувале од продавницата.Ценејќи дека и натаму постои опасност обвинетите да се дадат во бегство и на тој начин да ја избегнат кривичната одговорност, особено затоа што се работи за странски државјани, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двете лица.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Сузбиена организирана 14-члена криминална група инволвирана во криумчарење мигранти

На 15.10.2019 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, Регионалниот центар за гранични работи  „Југ“ и СВР Струмица, под раководствона Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координиранаполициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти кои преку јужната граница, остваруваат нелегален влез на територија нa Р.СМакедонија, по што од членовите на криминалната група се прифаќаат и превезуваат до кумановско-липковскиот регион за натамошен транспорт кон север, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски..„Криминалистичката истрага над организираната 14-члена криминална група, со дефинирана структура и строга хиерархиска поставеност, се спроведуваше во изминатите осум месеци, односно од март до октомври 2019 година. Оваа криминална група во период од март 2019 година до сега,  организирале криумчарење на 400 мигранти, по потекло од Aвганистан,Пакистан, Ирак, Бангладеш и другиземјиодБлискиот и Средниотисток, коипретходно престојувале на територијата на Р.Грција, а меѓу кои имало и деца, стекнувајќи се притоа со значителна противправна имотна корист од околу 150.000 до 200.000 евра“, рече Ангеловски.Откако мигрантите на територијата на Р.С.Македонија биле пренесувани илегално од територија на Р.Грција, преку т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија и Дојран, со помош на  водичи биле носени на претходно утврдени и договорени локации. Од овие локации членовите на групата, ги прифаќале мигрантите со патнички и товарни возила и ги превезувале до локации во близина на с.Марвинци, с.Фурка, Богданци, Удово и Демир Капија. Оттаму се вршело прифаќање и превезување на мигрантите дооднапред договорени локации на автопатот Куманово – ГП „Табановце“, од каде биле прифаќани од други лица-нивни криминални соработници и носени во кумановските села Ваксинце и Лојане, каде биле времено сместувани и засолнувани во објекти на соработници и помагачи на криминалната група, а потоа  криумчарени преку северната граница, кон државите на ЕУ.Соработници во организираната криминална група биле и Б.Г., кандидат за полициски службеник и Ф.А., полициски службеник,  со цел добивање на известувања за евентуална поставеност на полициски патроли, контроли или заседи„При реализацијата на оваа криминалистичка истрага претреси беа извршени во вкупно 12 објекти во Скопје, Гевгелија и Валандово, а лишени од слобода беа вкупно девет лица. Едно лице веќе е во затворот „Скопје“, едно лице во КПУ „Идризово“, а едно лице е во затвор во Србија“, соопшти Ангеловски.ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против 14  лица и тоа едно лице кое е со привремен престој на територија на Р.Грција, М.С.(45) од с.Богородица, Гевгелија, И.Ѓ.(20) од с.Ново Конско, Ќ.А.(28) од Арачиново, Н.М.(35) од Арачиново, Б.Г.(24) од с.Марвинци, И.Ѓ.(49) од с.Ново Конско, Б.Р.(28) од Арачиново, Љ.А.(26) од Арачиново, Х.А. (27) од с.Арачиново, .П.(27) од с.Богородица, С.К.(23) од с.Селемли, Ф.А.(32) од с.Јосифово и Д. М.(22) од Богданци, заради постоење на основано сомнение сториле кривични дела: „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418-в став 1 и 2, „Криумчарење на мигранти“ предвидени и казниви по член 418-б став 2 и став 4 од КЗ на РСМакедонија и „помагање“ во врска со истото кривично дело. 

Македонија | пред 6 години

pregovori

Членките на ЕУ не постигнаа договор за почеток на преговорите со Македонија, Албанија и ЕУ

Министрите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург не успеаја да се усогласат околу прашањето за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.Париз тврди дека Албанија и Северна Македонија треба да спроведат повеќе реформи пред да започнат разговорите. Исто така, се вели дека поширокиот процес на пристапување во ЕУ треба да се направи потежок и реверзибилен.– Прашањето за отпочнување на преговорите ќе биде дискутирано од страна на лидерите на ЕУ на Самитот кон крајот на неделава, изјави министерката за надворешни работи на Финска Тити Тупураинен, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, по состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.Еврокомесарот за проширување во заминување Јоханес Хан. Пак изјави дека „ова не беше најславниот момент на Европа“, додавајќи при тоа дека „значително мнозинство“ на членките на ЕУ ја поддржале препорака за отпочнување на преговорите со двете земји.– Нема сомневање дека секое понатамошно одложување ќе наштети на нашата кредибилност на Западен Балкан и на нашите амбиции да станеме посилен глобален играч, додаде Хан.„Французите си играат со оган“, рече еден дипломат на ЕУ од мнозинската група, кој поддржува започнување разговори за пристап со двете земји.„Се надеваме дека на крајот Франција ќе ги почитува своите европски аспирации за лидерство и ќе се приклучи на консензусот на ЕУ за Северна Македонија“, рече еден официјален претставник од друга земја членка.Северна Македонија, која ги реши „невозможните“ разговори за своето име минатата година и „направи демократска пресврт дома“, чека 14 години да ги започне разговорите за ЕУ, рече министерот за надворешни работи на земјата, Никола Димитров, за „Фајненшел тајмс“. Одлуките за преговорите беа одложени минатата година и повторно ова лето заради неединството на ЕУ. „Она што е во прашање е политиката на проширување на ЕУ и европската перспектива за самиот Балкан“, рече тој.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Филипче: Ги осудувам сите случки во кои се зема пари за интервенција

Ги осудувам сите случки во кои се зема пари за интервенција. Тоа не е начин да се функционира во било кој систем, па и во нашиот здравствен систем. Секаде има санкции за таквите постапки. Се обидуваме со сите наши мерки да ги стимулираме лекарите, со зголемување на платите, на дежурствата и со таа тенденција и со тие политики ќе продолжиме и во иднина, истакна министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за оставката на заменик-министерот за здравство Асим Муса.– Треба да имаме неселективен пристап без оглед на функциите кои ги имаме. Институциите треба да си преземат санкции доколку сметаат дека за тоа има простор за кого било, додаде Филипче.

Македонија | пред 6 години

gruevski-mala

Груевски му откажа полномошно на адвокат - ќе добие бранител по службена должност за „Талир 2“

Судскиот процес за незаконската градба на палатата на ВМРО-ДПМНЕ, во кој се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски, пак не почна, зашто Груевски непосредно пред почетокот му откажал полномошно на својот адвокат, Донче Наков.На претходното рочиште Наков рече дека во фаза на истрага добил полномоштво од Груевски да го застапува за овој предмет, но поради преносот на обвинението од СЈО во скопското обвинителство, случајот има друг број и е застапуван од скопски обвинител, а за тоа тој морал да се консултира со неговиот клиент.Судењето за овој предмет една година не може да почне со главна расправа зашто повеќе од 7 месеци траеше само оценката на обвинението. 

Македонија | пред 6 години

logo1tv

Сител: Физичко лице сака да ги плати долговите на БМЈ и 1ТВ

Физичко лице од земјава, чиј идентитет не се открива, прикажал договор за преземање на БМЈ и 1ТВ, дознава Сител.  При завршните разговори со УЈП изјавил дека сака да ги преземе долговите на фирмите.

Македонија | пред 6 години

ujp

УЈП: Кривични пријави за Меѓународниот сојуз на Боки 13, за Томато продукција и за БМЈ груп

Против Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски - Боки13, „Томато продукција“, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“,  и против сопственичката на фирмата „БМЈ груп“, ќе бидат поднесени кривични пријави, информираше денеска УЈП.Управата за јавни приходи (УЈП) ги товари за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денариНеправилности има и во работењето на „1ТВ“ но тука нема основ за кривична пријава, информираат  од УЈП. 

Македонија | пред 6 години

minister

ОЈО Струга отворило предмет за случајот во кој е вмешам заменик министерот за здравство Асим Муса

Струшкото основното јавно обвинителство отворило предмет за случајот во кој е вмешам заменик министерот за здравство Асим Муса. Во рамки на предистрагата со меѓунардона помош ќе се бараат оригиналните снимки на кои се гледа како министерот зема 50 евра.Инаку предмалку заменик министерот кажа дека ќе поднесе оставка по скандалот кој го објавија медиумите.  Имено на видео снимка се гледа како министерот фатен во корупциски скандал. Според снимката Муса прима 50 евра за мито за да изврши операција врз Албанец во клиниката во Струга.„Ова е стапица со која сакаат да ми ја нарушат професионалната и приватна фигура“, истакна меѓудругото Муса на денешната прес конференција.Снимката е направена од екипа на албанската телевизија Топ Чанел ИН7, а објавена во популарната емисија „Фикс Фате“. Имено, новинар од телевизија се претставува како пациент и се договара со Муса, кој наводно бара мито од 1000 евра. 

Македонија | пред 6 години

IT-Business-Factoring

ИКТ компаниите прават голем исчекор напред со приклучување кон професионалните пензиски шеми

Моќта и ефектите од работата на ИКТ секторот и компаниите во него сé повеќе расте и се зголемува. Како што се одвива дигитализацијата на македонските компании, така се зголемува и потребата од ИКТ компании, а тоа го следи и бројноста на истите. За растот на овој сектор зборуваат и бројките - од 1700 компании со ИКТ примарна дејност во 2017 година, веќе во следната 2018 бројот на ИКТ компании регистрирани во државата се зголемил на 2308. Истите лани вработувале 13.514 лица, а целиот сектор остварил приходи од 779,437,621 eвра.Но, исто така, ИКТ компаниите според структурата и начинот на оперативност, повторно се предводник во појава што е препорачана за сите компании, а ефектот е предност и за компанијата и за вработените. ИКТ секторот може да направи голем исчекор напред во зацврстување на својата позиција на пазарот со приклучување кон професионалната доброволна пензиска шема.„Како сектор нашата моќ во креирањето на економската слика на земјата станува се позначајна од аспект што со профилот кој го претставуваме и технолошкиот напредок што го носиме, односно дигитализацијата, стануваме неопходни за сите компании. ИКТ сектор располага со динамична работна сила и тука пазарот на трудот работи онака како што треба, но сепак проблем за оваа индустрија е честиот одлив на квалитетниот кадар. Затоа, менаџерите почнаа да применуваат дополнителни алатки за стимулирање на вработените и нивно задржување на подолг рок. Со плаќање во доброволниот трет пензиски столб за своите вработени, тие ги наградуваат своите вработени, но исто така, што е многу поценето од вработените – ги уверуваат за иднината и за заедничкиот развој и напредок“, вели Анита Никова, извршен директор на МАСИТ, за влегувањето на компаниите од овој сектор во третиот доброволен пензиски столб.Професионалната доброволна пензиска шема, според познавачите, нуди предности и за компаниите и за вработените. Тоа е патот до посреќни и позадоволни вработени, така што тие се наградени преку уплата во доброволниот, трет пензиски фонд, што носи поволности и за компаниите. А сите поволности од уплати во третиот пензиски фонд како и бенефициите и за вработените и за компаниите, произлегуваат од законската регулатива.   „Кога фирмата вложува и се залага за вработените на подолг рок, дека се грижи на нивната иднина откако веќе нема да бидат продуктивни и конкурентни на пазарот на трудот, тогаш ќе ги добие најсреќните и најлојални вработени, а притоа, компанијата не е никако условена или оданочена. Врз основа на сето ова, доброволниот, трет пензиски столб станува се поатрактивен токму за компаниите од ИКТ индустријата“, дополнува Никова. Третиот пензиски столб покрај професионалната пензиска шема, каде компанијата уплаќа за вработените, нуди можност и за индивидуална уплата, односно индивидуална сметка каде граѓанинот уплаќа за самиот себе и тоа кога сака и колку сака.Средствата од доброволниот, трет пензиски фонд се вложуваат во обврзници, депозити, акции во странство или Етф-и и фондови кои во својата структура имаат акции, обврзници или други финансиски инструменти и се тргуваат на берза, во парични средства и во акции во компании од домашната берза.

Македонија | пред 6 години

Arsovski-15-10-2019-mediumi

Арсовски:  За само 45 дена министерката Нина Ангеловска по наредба на Заев во просек дневно ја задолжуваат државава над 3 милиони евра

Во моментов се одржува аукцијата за трето по ред задолжување на новата министерка Нина Ангеловска откако е министер за финансии во последните 45 дена. Денеска Заев и Нина Ангеловска ќе ја задолжат државата за нови 53.6 милиони евра.  Денеска Заев и Нина Ангеловска уште повеќе со ова задолжување ќе ја осиромашат државата и граѓаните на Република Македонија, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.За само 45 дена министерката Нина Ангеловска по наредба на Заев ја задолжија Македонија и граѓаните за над 150 милиони евра. Тоа е во просек над 3 милиони евра дневно задолжување во изминативе 45 дена.Психолошката граница на долгот одамна е помината.До сега, никаков проект немаме видено дека се реализирал или дека воопшто отпочнала реализација, кој е од корист на граѓаните. Реализацијата на капиталните инвестиции заклучно со месец август е ниски 28.16%, што е најниска во историјата до сега.Додека државата енормно се задолжува, економијата доживува крах и распад, а криминалот и корупцијата цветаат.Додека граѓаните преку сиромаштијата ги трпат последиците на задолжувањето од страна на неискусната министерка и нејзиниот наредбодавач Заев, гледаме јавно на снимки како премиер и министри земаат мито, гледаме како се местат тендери секо ден, гледаме како се рекетира на секој чекор од страна на функционерите на власта.Почитувани,Погрешните политики во економско - финансискиот дел на Владата, неискуството на новата министерка и криминогениот начин на работење на премиерот и функционерите на СДСМ доведуваат до пропаст на економијата и иселувањето на граѓаните. Над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, а толку се и иселија.Затоа, потребна е коренита обнова на Македонија и домаќинско работење со државната каса од луѓе со искуство и визија.Тоа ќе се случи веднаш откако СДСМ ќе падне од власт, истакна Димче Арсовски–Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ФОТО) Емотивна приказна за познатите актери од филмот “Исправи се Делфина“ кои по 20 години се сретнаа во Битола

Битола со огромни аплуази ја поздрави Неда Арнериќ и Феѓа Стојановиќ, двајца маестрални актери кои гостуваа во Битола, со претставата "Се извинуваме, многу се извинуваме". Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот. За оваа претстава актерскиот двоец добива бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.– Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: “Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, изјави Неда.Публиката која дојде да ја гледа Неда Арнериќ присуствуваше не само на една театарска претстава, туку и на еден емотивен чин кој предизвика солзи во очите и долги аплаузи. По иницијатива на директорката Маја Андоновска-Илијевски, иницијатива која таа ја чуваше во тајност до крај на претставата, во публиката го донесе актерот Диме Илиев кој со Неда Арнериќ пред точно 43 години играше во филмот “Исправи се Делфина”, а последна средба помеѓу двата актери се случила пред добри 20 години.Тој излезе на сцената на крај на претставата да и подари цвеќе, емотивна средба која публиката ќе памети секогаш. Во салата имаше и прекрасна публика, полна сала што е невообичаено за во недела навечер и за еден продолжен викенд, што само зборува дека Битола знае да почитува убави настани.Во доцните вечерни часови, двајцата актери во придружба на своите домаќини посакаа да го прошетаат и Широк сокак, а потоа во Белата куќа, вкусија македонски специјалитети посебно подготвени за гостите.Фотограф: Диоген Хаџи-Коста Милевски

Магазин | пред 6 години

Naum-IZJAVA-1510-2

Стоилковски: Семејните компании на Зоран Заев вртат над 56 милиони евра годишно, тоа се 56 милиони причини и сомнежи за корупција

Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција и влијание на економските текови на државата. Во овој случај, најмалку 12 компании на кланот Заеви, може да бидат причина за корупција и за насочување на државните економски текови. Ваквата состојба, отвора можност економските политики на државата да се креираат соодветно на бизнис интересите на компаниите на функционерите. Се остава можност за штелување на условите на државните тендери, да се приспособуваат во однос на капацитетот на овие фирми,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Примери за ова има многу, од тендерите во здравството директорка - ќерка дели тендер на татко - бизнисмен, преку примерот со вицепремиерот Анѓушев и случајот „Тополки“, примерот со Фондот за иновации за тоа колку семејни компании имаат јавни функционери, но најекспониран е примерот на Зоран Заев и 12-те компании поврзани со неговото семејство.Да потсетиме, Советот за јавни набавки е укинат, односно нема контролен механизам за проверка на сите тендери, лиценци и договори што ги добиваат, на пример, фирмите на Заеви, за да се види дали има префрлање на буџетски пари, дали конкурирале и добивале државни бизниси? Во исто време Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорти, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана.ВМРО-ДПМНЕ бара сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да се отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови на државата кон лични цели.Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компаниите на политичари кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, оставаат реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отуѓи делот и повеќе не е сопственик на компанија. Очекуваме Заев и оние од неговиот октопод да го сторат истото. Доколку не го сторат тоа само ќе ја засилат перцепцијата дека државните функционери, како премиерската функција се користат за влијание и зголемување на профитите на семејните фирми, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

puska

Пронајдено оружје во Лажани, приведен 32-годишен маж

Во рамките на зајакнатите активности кои ги презема Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со огнено оружје, во координирана акција помеѓу Одделот за крим полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп при СВР Битола, на 15.10.2019 по Наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории кои ги користи лицето Е.З.(32) од с.Лажани.Притоа, биле пронајдени и одземени една автоматска пушка калибар 7,62 mm, една пушка непозната марка калибар 6 mm, две рамки за автоматска пушка, пет куршуми за пиштол калибар 7,62 mm, два ловечки патрони калибар 16 mm и еден куршум за пушка калибар 7,9 mm.Лицето е лишено од слобода и по изготвување на соодветен поднесок од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп ќе биде предадено на јавен обвинител. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања