Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

UJP-3

(ФОТО) Судар на службен автомобил од УЈП и камион

Предмалку во населбата Ѓорче Петров се случи сообраќајна несреќа. Имено се судрија  службено возило на ујп и камион. Службениот автомобил е удрен директно во вратата на возачот.Причини за сообраќајната несреќа по увидот.

Македонија | пред 6 години

Zaev-1

Заев: Ако не добиеме датум, веројатно ќе се уништи Владата, но ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат

Очекувам реформите во Европската унија да се движат заедно со процесот на проширување со Република Северна Македонија и Албанија, порача од Австрија премиерот Заев. Во изјавата дадена за српската агенција Танјуг, Заев вели:“ Јас очекувам дека реформите можат да се движат во ЕУ а процесот на проширување да продолжи со Република Северна Македонија и Албанија. Тоа е многу важно бидејќи само така ќе продолжи мотивацијата, Западниот Балкан да се менува, подобрува и сто тоа да стигне поблиску до стандардите кои ги имаат земјите членки на ЕУ“.Алтернатива за нас нема. Ако не се донесе одлука ние не можеме да се откажеме од ЕУ. Секако дека ЕУ е нашата иднина. Веројатно ќе ја уништи Владата во Македонија. Но, ќе дојдат некои други и ќе го продолжат тој пат, рече Заев.

Македонија | пред 6 години

IMG_1449765989

Цеца ќе стане баба - Снаата ќе ја пазам повеќе од кога и да било за да новиот член ни пристигне во весела атмосфера

Вереницата на Вељко Ражнатовиќ, Богдана, е во вториот месец на бременоста. Балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ напролет ќе стане баба.Овие вести ги потврди и мајката на Богдана која истакна дека се пресреќни поради радосните вести. Од друга страна, Цеца на својот „Инстаграм“ се огласи и напиша дека се преубави вести за нејзиното семејство.„Честитам, ова е убава вест за моето семејство. Се радувам, бев во неверување кога Вељко ми соопшти, а потоа се помешаа емоциите. Не можам да го опишам чувството, се уште сум во еуфорија.Снаата ќе ја пазам повеќе од кога и да било за да новиот член ни пристигне во весела атмосфера“, напиша Цеца на „Инстаграм“.https://www.instagram.com/p/B3rNw5iJNy4/

Магазин | пред 6 години

cinar

Охридскиот Чинар – едно од петте нови природни реткости во Македонија

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на 5 нови природни реткости.Киселичката пештера, Чинарот во Охрид, Дабот благун во село Бели, Црната дудинка од Лесново и Карактеристичен геолошки профил – Звегор се петте нови природни реткоски прогласени со решение донесено од Министерот за животна средина и просторно планирање.Како што соопшти МЖСПП, решенијата за прогласување на природните реткости се објавени во Сл. весник Број 174 од 22 август 2019г. (https://bit.ly/2Mj12GB ) и во Сл.весник Број 205 од 7 октомври 2019г. (https://bit.ly/2oO0cc1). 

Македонија | пред 6 години

prekinat-govor

(ВИДЕО) Пратениците во Хонг Конг го попречија говорот на лидерката Лам

Лидерката на Хонг Конг морала денеска да го прекине своето одишно обраќање за состојбата на нацијата во парламентот и тоа два пати, затоа што некои пратеници гласно зборувале за време на седницата. Нејзиниот овор потоа ил емитуван преку видео снимка.Светските агенции коментираат дека откажување на таков говор досега е невидено во парламентот на градот. Лам, која ги одбива повиците да даде оставка, требаше да објави многу иницијативи за недвижности во рамките на настојувањата да ја обнови довербата во нејзината управа по повеќе од четири месеци антивладини протести. Продемократските пратеници извикувале „Пет барања, ниту едено помалку“ и го прекинувале говорот на Лам, која е соочена со голем притисок да ја обнови довербата и да ја реши најголемата политичка криза во Хонг Конг во последните децении.За време на говорот на Лам, пред зградата на Парламентот била распоредена интервентна полиција со подготвен воден топ. 

Свет | пред 6 години

LDP_Gjorche-Petrov_Goran-Milevski-4

ЛДП од Ѓорче Петров: Брзи и темелни реформи, расчистување со криминалот од поранешните и актуелните функционери независно од одлуката на ЕУ

Потребна ни е сигурна, правична и европска држава во која граѓаните ќе веруваат дека сите заедно функционираме и креираме транспарентни политики, во духот на либералната демократија.Потребно е Македонија засилено да продолжи со реформите во судството и заживување на економијата, истакна Горан Милевски, претседател на Либерално демократската партија на средбата со членовите во Ѓорче Петров.„ЛДП бара брзи и темелни реформи во правосудството, расчистување со криминалот од минатото и од актуелните функционери независно од одлуката на Европската унија да се одложи добивањето датум за преговори“, велат од партијата.Според нив слободата, еднаквоста и правдата се принципите на кои е изградена Европа, ова се принципите за кои се залага Либерално демократската партија.„Само преку почитување на основните европски вредности може да чекориме и кон Европа. Во нашата држава речиси три децении се размислува само лево или десно, кон едната или кон другата опција. Време е за различно размислување, либерално кон Европа. ЛДП не разочарува, ЛДП испорачува“ дополнуваат од партијата.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Центарци на Отворен ден со градоначалникот Саша Богдановиќ, се пожалија на гласна музика, диви депонии

Гласната музика од околните локали, дивите депонии, отпадот, имотно-правните односи и узурпацијата на јавните површини беа главните работи кои жителите на Центар ги споделија со на отворениот ден со градоначалникот, Саша Богдановиќ.Богдановиќ, заедно со општинските служби, внимателно ги ислушаа забелешките и предлозите на жителите, со единствена цел, да се пресретнат реалните проблеми и потреби со кои се соочуваат граѓаните на општината.Отворените денови ќе продолжат и граѓаните веќе од наредниот вторник и понатаму ќе имаат можност своите предлози, забелешки и проблеми да им ги предочат на градоначалникот Богдановиќ и на службите, за Центар да биде современа општина, која излегува во пресрет на своите жители.

Скопје | пред 6 години

2-1-1

Средба на претседателот Џафери со делегациjaта на Австралија во ИПУ

Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), предводена од претседателот Талат Џафери, денес оствари средба со делегациjaта на Австралија во ИПУ, предводена од Луси Викс, пратеник во Претставничкиот дом на Парламентот на Австралија. Средбата беше реализирана во рамките на 141. Собрание на ИПУ, што се одржува од 13 до 17 октомври 2019 година во Белград, Република Србија.Претседателот Џафери изрази благодарност што Австралија е традиционален поддржувач на стратешките определби на Северна Македонија  за евроатланска интеграција. Тој подвлече дека двете земји се сојузници во борбата против тероризмот во светски рамки и учествуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан. Претседателот на Собранието истакна дека Република Северна Македонија е заинтересирана за интензивирање на политичкиот дијалог со Австралија, со реализација на посети на високо и највисоко ниво, како и за унапредување на економската соработка.Тој нагласи дека Собранието на Република Северна Македонија е отворена, транспарентна, отчетна и функционална демократска институција, во која се води активен и интензивен политички дијалог меѓу пратениците од власта и од опозицијата. Истовремено, Џафери информираше за актуелните настани во врска со евроатланската интеграција, за спроведените реформи и за тешките но неопходни одлуки што ги донесе земјата, кои ги отстранија пречките на патот за членство во ЕУ и НАТО.Членовите на Австралискиот парламент упатија честитки за веќе извесното членство на Република Северна Македонија во НАТО и изразија очекување за позитивна одлука од лидерите на ЕУ во врска со определувањето на датум за почеток на пристапни преговори со Унијата. Истовремено, австралиските пратеници упатија охрабрување да се продолжи со реформите на патот кон ЕУ. Беше нагласена добрата соработка меѓу двете земји на полето на одбраната и полицијата, при што беше укажано дека Австралија високо го цени придонесот на земјата во НАТО и учеството во мисијата ИСАФ.Соговорниците се согласија дека билатералната соработка меѓу двете земји не соодветствува на големиот потенцијал, особено во контекст на големата дијаспора од Република Северна Македонија во Австралија. Тие истакнаа дека бројните иселеници, како и стотиците студенти од земјава што студираат во Австралија, треба да претставуваат мост за унапредување на билатералите односи и продлабочување на севкупната соработка.Беше оценето дека, одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави следната година, ќе претставува извонредна можност преку разни активности и манифестации да се придонесе кон збогатувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Австралија.На крајот од средбата, соговорниците изразија надеж за натамошно унапредување на билатералните односи меѓу двете држави, како на парламентарно ниво, така и во сите полиња од заеднички интерес.           

Македонија | пред 6 години

avtobus

Момче украло автобус и се возело низ Белград

Младо момче, според неофицијални информации малолетник, за време на такси-блокадата во Белград, украл автобус на линијата 59, кој го држи Конзорциумот на приватни превозници, и со него се возел низ градот.Неофицијално, возачите брзо забележале дека им недостасува автобус и повикале полиција и набрзо крадецот е уапсен. За овој пропуст на возачите на линијата 59 никој не сакал да зборува, освен да потврдат дека ситуацијата навистина се случила. Но, според некои пишувања, станува збор за момче кое е добро познато на возачите, односно за човек кој „обожува да се дружи и да разговара со возачите на јавните автобуси“.– Го забележав паркираниот автобус со бројот 59 и малку се изненадив што е паркиран, но тоа не беше многу чудно поради тоа што сите линии се пореметени поради протестите, истакна за српска „Политика“ возач на автобус во Белград кој сакал да остане анонимен.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Охриѓанец каснат од куче скитник

На 14.10.2019 во Полициската станица Охрид, Р.Ш.(73) пријавил дека претходниот ден на ул. „Сатеска“ во Охрид бил касната од куче скитник на десната потколеница.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-3

Пендаровски се сретна со Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Даријан Сотировски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. На средбата беа разменети мислења и информации за тековните активности на комисијата, како и за состојбите со културното наследство во државата. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на работата на комисијата, во функција на унапредувањето на верските слободи и права во Северна Македонија. Имајќи го в предвид фактот дека во Северна Македонија се регистрирани 36 верски заедници, претседателот Пендаровски посочи дека е подготвен да соработува со сите верски заедници, во интерес на меѓусебното разбирање и толеранција. Директорот Сотировски истакна подготвеноста да продолжи и да се унапреди добрата соработка на комисијата со Кабинетот на Претседателот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за поседување на околу еден килограм марихуана

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 9 октомври, полициски службеници го забележале обвинетиот во близина на село Грачани како управува моторцикл без регистарски таблици и го запреле за да извршат легитимирање. Обвинетиот се дал во бегство, но бил совладан од полициските службеници. При извршениот личен претрес, под тренерката му била пронајдена една кеса со наркотична дрога – марихуана со вкупна нето маса од 1010 грама. Обвинетиот 22-годишен скопјанец дрогата ја набавил и ја држел неовластено заради продажба.Со оглед на тоа што и натаму постојат околностите заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за продолжување на притворската мерка.

Македонија | пред 6 години

otisok

Финализиран проектот за унапредување на службите за криминалистичка техника, изработен прирачник и 12 стандардни оперативни процедури

„Проектот ‘Понатамошно јакнење на капацитетите за истраги на место на настан’, којшто изминативе две години се имплементираше во Министерството за внатрешни работи, со партнери од форензичките полициски служби на Република Литванија и Република Латвија, финансиран во рамки на ИПА програмата, имаше генерална цел да придонесе за унапредување на службите за криминалистичка техника на регионално и на локално ниво, односно за осовременување и стандардизирање на активностите кои се спроведуваат при увиди на место на настан, при обезбедување траги и доказен материјал од местото на настан, нивно соодветно подигање, пакување и достава за анализа и вештачење“, истакна заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу, по повод завршувањето на споменатиот твиниг проект што во рамки на ИПА Програмата се реализираше за потребите на Одделот за криминалистичко - техничко испитување и вештачење при МВР, а со техничка поддршка на полициските служби на Латвија и Литванија.Заменик министерот Нухиу потенцираше дека полицискиот увид, како истражно дејствије, има клучна улога во постапката за расветлување на било кој кривично-правен настан поради што, криминалистичко - техничкиот работник треба да поседува висок степен на стручност во однос на криминалистичко - техничката обработка на местото на настанот.„Во рамки на проектот, меѓу другото, изработени се Прирачник за постапување со материјални траги од местото на настан, единаесет стандардни оперативни процедури поврзани со обезбедување на конкретни типови траги и една стандардна оперативна процедура за постапување на полицискиот службеник кој прв пристигнува и го обезбедува местото на настанот, што беа презентирани на 175 криминалистичко - технички работници кои ја поминаа обуката во Центарот за обука во Идризово“, нагласи заменик министерот Нухиу.Инаку, твининг проектот, за чија што реализација беа обезбедени еден милион евра, се имплементираше во текот на 21 месец, а примарна цел беше натамошно јакнење на капацитетите за истраги на место на настан, преку воспоставување нова организациона структура, потоа воспоставување квалитетен систем за вршење истраги на место на настан, воведување нови методи и стандарди за прибавување и транспортирање на докази од местото на настанот, како и создавање предуслови за акредитација на Службите за криминалистичко - технички истраги на место на настан, на регионално и на локално ниво, во согласност со стандардот ISO 17020:2012.

Македонија | пред 6 години

16102019_PVRSM_Forum_Karl_Renner_Institut_Viena_1

Заев од Виена: Очекувам ЕУ да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска учествуваше во дебатата на тема “Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на  Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена. На дебатата, на која учествуваше и Андреас Шидер, член на Европскиот парламент и  претседавач со Делегацијата на заедничкиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија, во воведното излагање, премиерот Заев ги запозна присутните со најзначајните поенти од реформските процеси и истакна дека како целосно посветена на овие процеси, Владата ја обнови демократијата и испорача конкретни резултати во 4 области, како што се бараше во Заклучокот на Советот на ЕУ во јуни 2018 година, во владеење на правото, антикорупција, безбедносни реформи и реформи во јавната администрација, и паралелно беа остварени значајни позитивни промени и во социјалната сфера.„Ја покачивме минималната плата два пати за две години. Ја зголемивме поддршката за социјална помош за 300% во корист на 30 илјади семејства. Зголемена е поддршката на децата за 70 илјади деца. Платите во јавниот сектор, за лекарите, социјалните работници и наставниците, се повисоки. Воведовме социјална пензија, така што старите граѓани не остануваат без никакви приходи. Ние сме посветени да градиме општество што е социјално праведно и каде сите имаат еднакви шанси“, нагласи премиерот Заев на дебатата во Виена.Премиерот Заев потенцираше дека на меѓународен и на билатерален план, Владата на Северна Македонија успеа да ги реши билатералните спорови со Бугарија и Грција, и тоа ја направи земја без отворени прашања со соседите, како единствена на Западен Балкан од таа перспектива. „Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за обете страни. Таа се заснова на компромис што гради пријателство. Компромис што е добар и за двете страни. Заедно со премиеротЦипрас создадовме модел за решавање на комплексни прашања“, рече премиерот Заев и додаде дека тоа е препознаено и афирмирано од меѓународната заедница, вклучувајќи го и Претседателот на Франција Макрон кој даде поддршка на овие политики во пресрет на референдумот за промена на името како чекор кон членството во ЕУ и НАТО.„За Република Северна Македонија нема алтернатива за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Ние го искористивме нашето време во „чекалната“ и денес сме подготвени и политички и институционално за старт на преговорите за членство во ЕУ. Ја разбираме Франција, но сметаме дека проширувањето може да оди паралелно со дебатата за новата методологија за членство во ЕУ“, додаде Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев.Премиерот Заев на дебатата за европските перспективи на Северна Македонија во Виена рече дека е сѐуште оптимист и дека очекува шефовите и влади на земјите на ЕУ на нивниот самит во Брисел да донесат одлука да почнат преговорите за членство за нашата земја.„Очекувам е ЕУ да се врати на изворните принципи и да покаже поголема грижа и внимание за процесите за проширување за да биде потврдена силата на привлечност за членство во ЕУ, и за да се елиминира интересот на трети страни во регионот. Ние веруваме во идејата на ЕУ, и ќе останеме посветени на тој пат“, потенцираше премиерот Заев на дебатата на тема “Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на  Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена.

Македонија | пред 6 години

piperka-2

Инспекторатот за земјоделство од не регистрираните откупувачи на земјоделски производи одзеде 9 000 килограми пиперки

Деновиве Државниот инспекторат за земјоделство, спроведе инспекциски надзори во прилепскиот регион за контрола кај нерегистрираните откупувачи на земјоделски производи. Оваа активност беше спроведена во рамките на генералната определба на Владата на Република Северна Македонија за сузбивање на сивата економија. Контролата беше спроведена во кординирана соработка со Министерството за внатрешни работи, регионална управа – Битола и полициската станица Прилеп. Во рамките на оваа активност од не регистрираните откупувачи на земјоделски производи, инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство одзеде 9 000 килограми пиперки од сортата ’’ куртовска капија”, при што кај не ристрираните откупувачи покрај одземањето на земјоделските производи, им беа изречени и соодветни глоби согласно законските прописи.

Македонија | пред 6 години

IMG_6158

Вработените во Општина Аеродром го одбележаа Денот на гладот

Црвениот крст на Кисела Вода денеска спроведе бесплатен преглед на шеќер во крвта за вработените во Општина Аеродром.Прегледот беше организиран по повод Меѓународниот ден на гладот, 16 октомври, а за таа цел синдикатот на Општина Аеродром донираше финансиски средства на Црвениот крст на Кисела Вода.Меѓународниот ден на гладот во светот се одбележува за да се подигне свеста на луѓето за овој проблем, како и за достигнувањата на милиони луѓе кои веќе го надминале проблемот со гладот и ги задоволуваат основните потреби.

Скопје | пред 6 години

makedonija-NATO

Италија го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Италија е 23 земја членка на НАТО, која го ратификуваше протоколот за членство во Македонија во Алијансата. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот твитер профил се заблагодари за ратификацијата.Досега 21 држава целосно ја завршија процедурата на ратификација на протоколот и негово депонирање во Вашингтон.https://twitter.com/Sekerinska/status/1184387654114304001?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1184387654114304001&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.alsat-m.tv%2Fmk%2F%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b8-%25d0%25b4%25d0%25b0%25d0%25b4%25d0%25b5-%25d0%25b7%25d0%25b5%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b2%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25bb%25d0%25be-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2587%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bd%25d1%2581%2F

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На Бит Пазар приведен Скопјанец, кај него била пронајдена марихуана

На 15.10.2019 во 20.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле М.А.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Скопјанец при преглед кај него била пронајдена марихуана

На 15.10.2019 во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Горно Нерези го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кај малолетник пронајдена марихуана

На 15.10.2019 во 23.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ при извршен преглед кај 17-годишен малолетник од Куманово била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кривична пријава против странските државјани – од Скопски продавници краделе брендирана гардероба

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје поднесе кривична пријава против странските државјани А.Ц.(19) и С.Ш.(22), двајцата од Република Косово, поради постоење основи на сомнение дека сториле две кривични дела „тешка кражба“. На 11.10.2019 година околу 17 часот во трговски центар во Скопје, од два објекти со употреба на сила одзеле брендирани  производи, здобивајќи се со противправна имотна корист. Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети се вратени на сопствениците. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во домот на скопјанец пронајдена марихуана

На 15.10.2019 во 16.10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М(39) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом во населбата Чаир била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

logo1tv

Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1тв

Богдан Дамјановски е новиот сопственик на 1тв. Тој не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Новиот сопственик ја превзеде телевизијата во време кога течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, објави ИРЛ.МКИРЛ разговараше со извори вклучени во водењето на истрагата кои потврдија дека телевизијата сега има нов сопственик, односно дека дошло лице кое се претставило како новиот газда којшто со раководството направил договор за преземање на долговите на фирмата, а за возврат, тој бесплатно ги добива уделите.Долговите на телевизијата според УЈП се над 400,000 евра.Текстот во целост на: ИРЛ.мк

Македонија | пред 6 години

tanja

(АУДИО) „Светулка божја“ Тања Кочовска посвети песна на Тоше Проевски

„Светулка божја“ е најновото дело на композиторот Роберто Панчевски. Песната е изведена од Тања Кочовска и е посветена на еден од најдобрите македонски изведувачи - Тоше Проески.  Текстот е напишан од професор Миодраг Врчаковски, а аранжманот е на Кире Костов.

Магазин | пред 6 години

tose

(ВИДЕО и ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ) 12. години без Тоше Проески

На денешен ден пред 12 години во магливо утро на автопатот Белград – Загреб кај Нова Градишка во тешка сообраќајна несреќа згасна животот на големата балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески. Џипот во кој беше Тоше удри во приколка од камион, а потоа влета во заштитната ограда. Возачот на автомобилот беше потешко повреден, додека менаџерката Лилјана Петровиќ помина со помали повреди. Но, никој и ништо не можеше да ги запре солзите на целата нација, која тагуваше по својот миленик. Тоше загина на патот кон создавање светска кариера, само 11 денови по големиот концерт на преполниот Градски стадион во Скопје.Во текот на својата кариера тој соработуваше со многу македонски и балкански музичари, продуценти и композитори. Првиот албум го издаде во 1999 година, со наслов „Некаде во ноќта“, по што следеше незаборавниот концерт под дожд на скопското лизгалиште.Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал „Мелфест“ во 1997., каде што и победува изведувајќи ја песната „Yesterday“ од „Битлси“. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната „Твоите бакнежи на моите бели кошули“ на Скопскиот фестивал во 1999. година. Во меѓувреме Тоше беше дел од продуцентската куќа Авалон, каде што остана се до истекувањето на неговиот договор во април 2002., но куќата која му ги отвори вратите во регионот. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз „Ве сакам сите“.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања