Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Скопје1.мк

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори

СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта.  СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата.  Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Република Македонија треба да добие датум за почеток на преговори заради иднината на државата и граѓаните. Но СДСМ во секој случај треба да си замине. СДСМ не е способна да ги преземе реформите кои се нужни, ниту пак може да ја придвижи државата напред.  Зоран Заев наместо на државата своето владеење го посвети на семејството Заев. Наместо на реформи, се посвети на милионите кои ги вртат семејните фирми.Со СДСМ и Заев на чело Македонија само доживува неуспеси. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

16102019_PVRSM_Zaev_PES_Tusk_Brisel_3

Заев - Туск: Северна Македонија и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.На средбата, на која зедоа учество и заменикот на претседателот на Владата на Северна Македонија, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се разговараше за актуелните очекувања поврзани со утрешната средба на Европскиот совет.На средбата беа уште еднаш признаени и потврдени сите успеси што Република Северна Македонија ги постигна во изминатите две и пол години и едногласно беше заклучено дека нашата земја и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.Низ разговорот на средбата во Брисел преовлада заедничкото очекување дека лидерите на земјите членки на ЕУ на утрешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

faten

(ОБНОВЕНО) Утврден идентитетот на лицето кое изврши низа кривични дела во Охрид

Полицијата го утврди идентитетот на лицето кое попладнево изврши низа кривични дела во Охрид. Се работи за лице од Скопје, кое престојувало во Охрид. Детали за целиот настан ќе соопштат од СВР Охрид.Инаку како што објави Скопје 1, напаѓачот кој попладнево изврши низа кривични дела совладан од Охридската полиција, по брканица по Охридската чаршија. Имено напаѓачот кој покрај тоа што ограбил две златари, претходно нападнал таксист. Тој повикал такси да го земе од Вила во Горно Коњско каде бил сместен и побарал да биде пренесен до центар. При тоа го нападнал и таксистот со пиштол и нож, но за среќа таксистот успеал да го запре возилото во близина на Охридската Гимназија и да избега, по што напаѓачот продолжил кон Охридската чаршија каде ги извршил кражбите во Златарите.По грабежите тој се упатил во кафетерија во Охридската чаршија и со пиштолот почнал да замафнува по што сам си го вперил пиштолот во грлото. Гостите панично го напуштиле објектот, по што и напаѓачот излегол од објектот. 

Македонија | пред 6 години

faten

(ВИДЕО) Фатен напаѓачот кој ограби златари, тој претходно нападнал таксист и со пиштол влегол во кафетерија во центарот на Охрид

Напаѓачот кој попладнево изврши низа кривични дела совладан од Охридската полиција, по брканица по Охридската чаршија. Имано како што објави Скопје 1, напаѓачот кој покрај тоа што ограбил две златари, претходно нападнал таксист. Тој повикал такси да го земе од Вилата во Горно Коњско каде бил сместен и побарал да биде пренесен до центар. При тоа го нападнал и таксистот со пиштол и нож, но за среќа таксистот успеал да го запре возилото во близина на Охридската Гимназија и да избега, по што напаѓачот продолжил кон Охридската чаршија каде ги извршил кражбите во Златарите.По грабежите тој се упатил во „ИТ кафе“веднаш под чаршијата и  со пиштолот почнал да замафнува по што сам си го вперил пиштолот во грлото. Гостите панично го напуштиле објектот, по што и напаѓачот излегол од објектот.

Македонија | пред 6 години

16102019_PVRSM_Zaev_PEP_Sasoli_foto_1

Заев - Сасоли: Секоја друга одлука освен преговори за Северна Македонија ќе биде поттик за регресивни процеси во земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев вечерва се сретна со претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли.На средбата, на која присуствуваа и заменик на претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, премиерот Заев на претседателот на ЕП Сасоли му изрази благодарност за значајната поддршка на парламентот и на европратениците кои во огромно мнозинство ја прифатија препораката на Европската Комисија, Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ.Премиерот Заев нагласи дека сѐ уште е оптимист дека одлуката за старт на преговорите сепак ќе биде донесена на самитот на претседатели и шефови на влади на земјите членки на ЕУ во текот на утрешниот ден.Поинаков исход освен старт на преговори за Северна Македонија, како признание за остварените реформи и за сериозните политички одлуки на земјата како исполнување на препораките на ЕУ, ќе биде поттик за регресивните сили во земјата и обесхрабрувачки сигнал за другите земји во регионот во однос на нивните евроинтеграциски процеси, рече меѓу другото премиерот Заев на средбата со претседателот на Европскиот Парламент,Сасоли.На оваа средба, претседателот на Европскиот Парламент, Сасоли го потврди речиси консензуалното одобрување на европратениците за преговори со Северна Македонија и потврди дека земјата е успешна приказна за Европската Унија, особено заради начинот на кој се решени прашањата со Грција и Бугарија.Претседателот на Европскиот Парламент,Сасоли рече дека со овие пораки тој утре ќе се обрати и во Европскиот Совет и ќе побара да биде исполнето ветувањето за позитивна одлука за старт за преговори на Северна Македонија со Европската Унија.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

janusevel

Јанушев: Повеќе од 15.000 граѓани дошле и ги соопштиле своите проблеми кои што се случуваат во секојдневниот живот

Онака како што најавивме пред неколку дена втака и продолжуваме од денес среда 16 ти октомври почнуваме со отворање на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, со повик кон граѓаните да дојдат и да си ги искажат своите проблеми. Ние од ВМРО-ДПМНЕ зимаме обврска пред се да понудиме решенија за сите проблеми кои што ги тиштат граѓаните на оваа држава, истакна  Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.Имено како што веќе најавивме секоја среда со почеток од 17 часот ќе може сите заинтересирани граѓани да дојдат во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, да поразговараат со актуелните раководства во општинските комитети, да ги кажат проблемите и маките кои што пред се случуваат во секојдневниот живот, а знаеме сите дека ги има се повеќе и повеќе, бидејќи оваа криминално рекетарска власт на Заев единствено што прави е да ја уништува Република Македонија.            Новинарско прашање: Што покажаа последните посети по градовите во рамките на акцијата за Обнова на Македонија?Одговор: Знаете дека веќе месец дена сме присутни по градовите низ Република Македонија, планот ние до крајот на годинава да го посетиме секое населено место и токму поради огромниот интерес на граѓаните да си ги кажат своите проблеми да си ја кажат маката решивме и на овој начин да овозможиме во нашите штабови, во нашите Општински комитети да дојдат и да го направат тоа, бидејќи до сега имаме повеќе од 15.000 граѓани кои дошле и ги соопштиле своите проблеми кои што се случуваат во секојдневниот живот.            Новинарско прашање: Бројни најави и бројни случувања и нови моменти во делот на она што значи ЕУ интеграција на Македонија во Брисел во текот на денешниот ден голем проток на информации, како ги толкувате? Одговор: Не би сакал да шпекулирам во однос на тоа што точно ќе се случува, се пак она што веќе неколку пати го кажуваме е дека буквално се освен добивање на чист датум за преговори е тотален неуспех и фијаско за владата на Заев и СДСМ. Како македонци како граѓани на Република Македонија се надеваме дека ќе го добиеме посакуваниот датум, затоа што на крајот од денот нема човек во оваа држава кој што нема да биде среќен доколку конечно го отпочнеме процесот на преговори. Но притоа да не заборавиме дека доколку не успееме да го добиеме одговорноста е исклучиво на Заев и СДСМ, бидејќи тие се оние кои што не успееја да ги превземаат и да ги направат потребните реформи бидејќи на крајот од денот Европската унија се темели на вредности и принципи кои што оваа влада не е кадарна да ги исполни.Фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

zlatara

(ВИДЕО) Ограбени две златари во Охридска чаршија

Предмалку во Охридската чаршија се ограбени две златари. Во моментов се врши увид.Наскоро повеќе .... 

Македонија | пред 6 години

logo1tv

Пропадна продажбата на 1 ТВ - Богдан Дамјановски се повлече од купувањето на телевизијата

Пензионерот Богдан Дамјаноски кој склучи договор за купување на 1 ТВ ќе го раскине договорот, соопшти тој предмалку за ИРЛ. Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име не сакаше да го открие, бил негов пријател кој живеел во Холандија и сакал да почне бизнис во Македонија. Првата опција била да ја купи телевизијата на Боки 13.„Трошоците енормно се зголемија и мојот клиент кој јас го застапувам реши да се откаже од купување на телевизијата“, изјави Дамјаноски за ИРЛ. Договорот за купување на уделите во БМЈ Медиа груп, фирмата која е сопственик на 1ТВ, Дамјаноски го склучил минатата недела со сопствениците Миле Јовановски, татко на Бојан Јовановски, и Јасна Мандиќ пред тие да бидат приведени. Тоа бил интерен договор кој се уште не бил спроведен во институциите. Дамјаноски тогаш се појавил во телевизијата и имал разговори со дел од вработените и склучил договори за работа со ветување дека ќе им бидат исплатени и заостанатите плати.„Јас сум пензионер, поранешен градежен инжињер, но сега работам како консултант. Така дојде и до оваа соработка со 1 ТВ, за која имаше заинтересиран инвеститор. Јас од целата зделка ќе заработев некој денар“ – рече Дамјаноски за ИРЛ.Текстот во целост на: ИРЛ.мк

Македонија | пред 6 години

dsc4-1

Мицкоски: До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ

Поради големиот интерес кој што последните денови владее ширум нашата држава а е побрзан со акцијата и теренските активности кои што ги води ВМРО-ДПМНЕ тоа е разговорите за обнова на Македонија, од денеска започнуваме уште две нови активности. Практично денеска и тоа што ќе се случува почнувајќи од следниот викенд а тоа е секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушан, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ во тие општини каде што ќе дојдат, да можат да ги запишат односно да ги сослушаат граѓаните кои  се нивните проблеми кои што се дел од нивниот секојдневен реален живот, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е активноста која што започнува од денеска, а викендот практично започнуваме континуирано со состаноци во месните заедници, во руралните и урбаните средини заедно со граѓаните во Македонија и повторно разговори на отворено за она кое што претставува реален проблем кое што е дел од нивното секојдневие.До сега повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се разбира во периодот кој што следи очекуваме уште поголема бројка и како што кажавме нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи на проблеми кои што нашите сограѓани ги доставуваат до ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат содржани и во нашата  предизборна програма која што ќе биде дел од нашата предизборна кампања.Се надевам дека ќе се охрабрат од Владата која што „блеска“ предводена од Зоран Заев и СДСМ и ќе има наскоро предвремени парламентарни избори, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.фото и видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 6 години

16102019_PVRSM_Zaev_poseta-vo-Brisel_6

Заев од Брисел до европските лидери: Бидете наши херои! Не станувајте нашата пречка!

Втор пат оваа година, нашата земја и нашиот народ се во големо исчекување и очекување. На крајот на јуни и почетокот на јули од Брисел стигна пораката дека Северна Македонија ги исполнила очекуваните резултати, но дека само заради календарски усогласувања на земјите членки на ЕУ, добрата вест за одлука за преговорите за членство во Унијата ќе ни пристигне во октомври, истакна во дел од своето обраќање на заедничката прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан во Брисел.Во продолжение Заев додаде: Еве го октомври. Дојдовме во Брисел и ја очекуваме заслужената вест за одлука за да почнеме преговори за нашата стратешка цел, членството на Северна Македонија во Европската Унија.  Пристапивме искрено и чесно, разбираме и прифаќаме дека одделни членки на Европската Унија имаат потреба да ја отворат и заокружат дебатата за новата методологија за преговори. И ние сме за тоа.  Сепак, сигурни сме дека и двата процеси можат и мора да одат паралелно. Методологијата може да се развие и спроведе, и тоа никако не пречи Северна Македонија да добие позитивна одлука сега и веднаш, за да ги започнеме преговорите за пристапување со ЕУ. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш.  Одлука за пристапните преговори за нас значи нов процес на задачи, рокови и упорна работа на граѓаните, институциите и целото општество – тоа е процес на отворање поглавја кој ќе ни овозможи да ги постигнеме стандардите на ЕУ и да го подобриме животот во Северна Македонија во сите области.  После десет позитивни препораки на Европската комисија, оптимистичките заклучоци на Советот (во 2018 и 2019 година) и сите наши потврдени резултати и реформски зафати на европскиот пат - после сé што направивме,  Владата, Парламентот, сите институции, јас како премиер, опозицијата а особено мојот народ - сигурни сме и убедени, како никогаш досега, дека треба да започнеме со преговорите - тоа е така бидејќи сме подготвени и политички и институционално. И граѓаните ни се повеќе од подготвени. Сработивме многу и спремни сме за уште повеќе работа и за соочување со сите предизвици што ги носи процесот.Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти. Ќе има високо ниво на разочарување кај граѓаните и меѓу членовите на Парламентот кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа. Да не заборавиме дека спроведувањето на Преспанскиот договор е поврзано со отворањето на поглавјата за Европската унија, истакна Заев.Премиерот на крајот се заблагодари на комесарот Хан за  како што кажа неговиот огромен личен ангажман за добивањето на одлуката за преговори и за целиот негов напор во изминатите години, месеци и денови.Комесаре Хан, драг Јоханес, ве уверувам дека Република Северна Македонија високо го цени ова и ви ветувам дека никогаш нема да го заборави. Вие сте голем пријател на нашата земја, истакна Заев.фото и видео: Влада

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Малолетен моторциклист се судрил со малолетник на велосипед

На 15.10.2019 во 16.15 часот во с.Бучим, радовишко, се случила собраќајна незгода помеѓу мотоцикл „јамаха-125“, управуван од малолетник од с.Почивало, штипско и велосипед, управуван од друг малолетник од с.Бучим. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека возачот на мотоциклот се здобил со телесни повреди. Тие биле пренесени во Клинички центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Го нападнале на паркинг и му одзеле пари

На 15.10.2019 во 20.18 часот во Полициската станица Аеродром, Д.Т.(33) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот на паркинг простор на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, две лица со закана му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 6 години

suminkoski

А1ОН: Охрискиот инспектор Новица Шуменковски, незаконски дозволил отворање мртовечница

Инспекторот од Охрид, Новица Шуменковски, како вработен во Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал незаконско решение за мртовечница, дознава „А1он“. Станува збор за истиот инспектор за кој „А1он“ веќе објави дека неовластено уништувал храна и пијалаци во речиси истиот период кога издал и решение за мртовечница. Шуменковски во јули 2017 година потпишал дека приватната фирма ТДПТУ „Мирен сон“ – Охрид ги исполнила условите за вршење погребални услуги со мртовечница – мортална комора за одржување од 0 до 4 степени и мртовечница – мортална минусна комора за замрзнување од 0 до минус 20 степени иако од Министерството за транспорт и врски велат дека мртовечница, според важечките закони, може да има само управителот на гробиштата. Следејќи го патот на решението, „А1он“ се обрати во Министерството за транспорт и врски, кое ги издава дозволите на операторите што нудат погребални услуги, како и на управителите на гробиштата што имаат обврска за мртовечница. Издаденото решение го нема во архивата на Министерството за транспорт и врски, објави А1ОН.Текстот во целот на: А1ОНФото: А1ОН

Македонија | пред 6 години

gaganje

Полицаец повреден при боево гаѓање во штипско

На 15.10.2019 во 12.05 часот на полицискиот полигон во Пенуш, штипско, при боево гаѓање од припадници на Министерството за внатрешни работи, со повреди се здобил полициски службеник, на кого му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Вработен во општина Виница му нанел штета на буџетот за околу 60.000 евра

СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Г.(62) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „несовесно работење во службата“. Во периодот од 20.12.2018 до 15.03.2019 пријавениот, вработен во општина Виница, со работни задачи поврзани со постапка за отуѓување на градежно земјиште, не презел никакви мерки и активности за обезбедување на банкарска гаранција депонирана од најповолниот понудувач. Исто така, на 13.03.2019, пријавениот, и покрај тоа што од банка бил известен дека банкарската гаранција од правното лице била повлечена, не презел никакви дејствија за нејзино обезбедување до завршување на управната постапка. Со ова, пријавениот на општина Виница нанел штета од 3.945.760 денари.

Македонија | пред 6 години

tepa-zena

17 годишна девојка нападната на бул.,,Гоце Делчев’’

На 15.10.2019 во 11.10 часот во СВР Скопје, Д.К.(60) од с.Бојане, скопско, пријавила дека околу 07.40 часот на бул.,,Гоце Делчев’’ нејзината 17 - годишна ќерка била физички нападната од С.Е. од с.Ласкарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Скопје | пред 6 години

detska-pornografija-1

Кумановец објавувал порнографски фотографии од бивша, 15-годишна девојка

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(17) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. Пријавениот, по прекината љубовна врска со 15 - годишна малолетничка, креирал лажен профил на социјалната мрежа Facebook и објавувал фотографии со компромитирачка содржина од малолетничката.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај гостиварец пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.Ј.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни суптанци и прекурсори“. На 20.02.2019 во близина на с.Бањица полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

cinar-2

(ВИДЕО - ОХРИД ОД ПОНАПРЕД ДО ДЕНЕС): Чинарот симбол на животот, Охридскиот чинар стана природна реткост

Министерот за животна средина и просторно планирање донесе решение за прогласување на 5 нови природни реткости. Киселичката пештера, Чинарот во Охрид, Дабот благун во село Бели, Црната дудинка од Лесново и Карактеристичен геолошки профил – Звегор се петте нови природни реткоски прогласени со решение донесено од Министерот за животна средина и просторно планирање.Во продолжение документарен филм во продукција на „Мегастар“, во која се раскажува приказната за охридскиот Чинар. Чинарот. Стариот Чинар !Илјадалетнотo дрво и сите преданија и легенди за него, за животот кoј се одвивал околу него.Чинарот од чие старо стебло денес никнуваат млади фиданки како симбол за вечниот живот во вечниот Охрид.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

(СДСМ) Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ лаже дека се намалуваат пензиите, грижата за пениознерите е на прав пат, пензиите растат и ќе продолжат да растат

Во очај и безидејност ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести, лицемерие и лажна грижа за граѓаните. Не е точно дека пензиите се кратат како што лаже ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, официјалните податоци покажуваат дека за две години, просечната пензија пораснала за над 800 денари, а трендот на раст на пензиите ќе продолжи и во иднина, се вели во соопштението од СДСМ.11 години ВМРО-ДПМНЕ ги манипулираше пензионерите, пензиите ги усогласуваше надвор од законските рамки и најчесто популистички пред избори и без никаква логика. Со таквиот однос, создадоа огромна дупка во Фондот за пензиско осигурување.Денес, пензиите се усогласуваат согласно Закон, два пати во годината, а стабилизацијата на Фондот отвора простор за сериозно вонредно зголемување на пензиите на почетокот на следната година.ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат со безидејност и лицемерие.Денес, грижата за пензионерите е на прав пат, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерките што обезбедуваат економски раст, раст на платите и пензиите и повеќе пари кај граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

72353124_389624968656901_5684608633250250752_o

Одбележан Светскиот ден на храната

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,  заедно со постојаниот координатор на Обединетит енации во Република Северна Македонија,Росана Дуџаки со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, присуствуваше на одбележување на Светскиот ден на храната во , ООУ “Крсте Мисирков” во Гази Баба.Оваа година, Светскиот ден на храната, е под мотото „Нашите дејства се наша иднина, здрава исхрана за Свет без Глад”,  ќе се фокусира на потребата да обезбедиме здрава храна достапна за секого. Денеска во над 150 земји во светот, се одбележува Светскиот ден на храната и таа традиција датира уште од далечната 1945 година, кога е формирана Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО.Оваа манифестација се одржува по повод искоренување на гладот и другите форми на неухранетост и за обезбедување на здрава и одржлива исхрана достапна за секого, а оваа година акцентот беше ставен на подигнување на јавната свест за важноста на одржливото производство на храна и здрава исхрана за остварување на глобалната цел “Нула Глад”.“За постигнување на целта – нула глад, која е една една од целите за одржлив развој на кои нашата држава се обврза дека ќе работи посветено заедно со сите земји членки на Обединетите Нации, можеме да сториме многу, не само во обезбедување доволно храна за гладните и сиромашните, туку обезбедување на здрава, безбедна храна која ќе биде со достапни цени. Токму, децата и младите се генерацијата која  со менување на  секојдневните навики, здрав начин на живот кој е возможен преку здравата и правилна исхрана, и преку намалување на загубите од храна, ќе станат амбасадори на позитивни промени и надеж, помагајќи да се подигне свеста за тоа како секој може да го промени начинот на размислување и делување", изјави министерот Димковски.Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски истакна дека, масовното одбележување на овој настан има за цел дасе дојде чекор поблизу до искоренување на гладот до 2030.„Невладините организации, и сите коишто можат да помогнат ќе ги вклучиме во секојдневните активности, како во делот на промоцијата така и во делот на  значењето за правилно менаџирање со храната. Општина Гази Баба и Република Северна Македонија, генерално имаат одлични предиспозиции за здрава храна и мислам дека сите заеднички ќе успееме да обезбедиме здрава навика, здрави оброци и да го осигураме нашето заедничко развивање на свеста - да се храниме здраво“, изјави градоначалникот Георгиевски.Основното училиште „Крсте Мисирков“ во Скопје е одличен пример за воведување на практична едукација за животна средина и здрава исхрана во редовната училишна програма, преку сопствената училишна градина за одгледување овошје и зеленчук.Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Росана Дуџак, истакна дека постигнувањето на Свет без Глад не се однесува само на прехранување на гладните. Станува збор и за здравата исхрана на луѓето, која вклучува доволно разновидна, безбедна и храна со доволно хранливи материи - истовремено одржувајќи го здравјето на планетата од која сите зависиме, посочи Дуџак.Cо денешниот настан по повод Светскиот ден на храната, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) и партнерите повикаа на забрзана акција за искоренување на гладот и другите форми на неухранетост и за обезбедување на здрава и одржлива исхрана достапна за секого.фото: министерство за земјоделство

Скопје | пред 6 години

Parking4

Изградбата на новиот паркинг во Ново Лисиче во завршна фаза

 Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска изврши увид во градежните активности на новиот паркинг што се наоѓа во непосредна близина на детската градинка „Буба Мара“ во Ново Лисиче.Изградбата на овој паркинг-простор, со кој се обезбедуваат 50 нови паркинг-места е во завршна фаза.Паркингот е адаптиран на посочениот простор и притоа се зачувани дрвјата на постоечката локација.Со неговата изградба се решава долгогодишниот проблем на жителите од околината. Општина Аеродром во изминатиот период, исто така, ги прошири паркинзите на три локации во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“.Општината продлжува со реализација на инфраструктурни проекти за проширување на постојните и изградба на нови паркинзи на ниво на целата територија.фото: Општина Аеродром 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев му пиша на Макрон: Очекувам да останете на вашата храбра одлука - нема членство во ЕУ преку национално предавство

Почитуван г-не претседателе Макрон, Имам задоволство да Ве информирам дека во пресрет на Самитот на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел на 17 и 18 октомври, сите очи во Република Македонија се свртени кон Вас. Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија високо ги ценат вашите упорни усилби да нема датум за преговори со Република Македонија со што ќе се овозможи целосно почитување на волјата на референдумот лани на 30 септември на кој беше кажано „НЕ“ за ЕУ и НАТО и промена на вековното македонско име.Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија не стојат зад било каков договор меѓу Република Македонија и Република Грција за промена на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Токму затоа, силно ја поздравувам вашата храброст дека националното поништување на македонскиот народ од марионетската власт во Скопје за која цел свет знае дека е инсталирана од странски центар и не ја отсликува вољата на бирачите, не може да се вреднува во Европа која базира на национален и религиски идентитет на нациите.Евроатлански интеграции во замена за бришење на Македонците од светската мапа на нации е непознато во практиката на меѓународните односи. Недозволиво е членство во меѓународни организации преку национално предавство. Свежи се француските сеќавања какви тешкотии му нанесе на францускиот народ марионетската вишиевска влада на Маршал Петен инсталирана од странци, за што Франција го осуди велепредавството на Петен на смртна казна а покасно преиначена во доживотен затвор.Република Македонија и Република Франција ги врзува пријателство. Уверени сме дека целиот француски народ и сите политички сили го подржуваат неотуѓивото и со ништо неограничено меѓународно правно-признато право на мојата земја да го носи името - Република Македонија.Затоа Ви ја доставуваме на вашата екселенција волјата на македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија да се спротиставите на Самитот во Брисел во однос на датум за преговори за мојата земја и на тој начин да придонесете да се спречи бришењето на се што е македонско.Моето барање до Вас се темели врз едноставната правдина - да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот народ да се придружиме на било која меѓународна организација исклучиво согласно суверената волја на мојот народ.Евентуалното членство во НАТО и ЕУ на мојата земја со што се брише македонската нација, пак, некои може да го протолкуваат како покана за мешање во внатрешните работи кои се само македонски, создавајќи затегнатост и судири од кои Македонија веќе подолго време е на удар, а честопати ги искусила во својата историја. И јас, и Вие, многу добро знаеме што значат обидите за брутално мешање на надворешни сили во внатрешните работи на една суверена и независна држава.Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу народот на Република Франција и новата легална власт која доаѓа во Република Македонија.Знаете колку овие прашања се важни за нас и длабоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледате моите размислувања.Со почит,           д-р Јанко Бачев, претседател на партијата Единствена Македонија

Македонија | пред 6 години

Screenshot_20191016_151356

(ВИДЕО) Змија на плоштадот во Скопје

 На социјалната мрежа фејсбук поставено е видео на кое се гледа како змија се влечка на плоштадот во Скопјеhttps://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10218082615331039&id=1656946652

Скопје | пред 6 години

Naum-IZJAVA-1610-3

Стоилковски: „Еленица“ и „Дравас Инжинеринг“ се двете најголеми компании на Заеви, а должат на државата над 400.000 евра данок

„Еленица“ и „Дравас Инжинеринг“ се двете најголеми компании на Заеви, а должат на државата над 400.000 евра данок, додека компаниите на Заеви им вртат 56 милиони евра годишно. Замислете компанија која што не би била блиска до власта и зад себе нема политички функционер, како што е Зоран Заев, колку даночни инспектори досега, колку инспекции и колку блокирања на сметки и други зафати ќе доживее, зафати кон ништење на бизнисот, истакна Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират. Фирмите на Заев добија дозвола за одгледување на медицинска марихуана во Свети Николе, го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“ по цена на една гарсониера, за 40.000 евра добиваат проекти за градба на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе. И тоа не е се. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица не е можен, ако во тоа немаат интерес компаниите на Заеви.Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, пример за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. Тоа се најмалку неколку десетици причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои што се сопственици, акционери на компании, има можност за корупција.Македонија ја тресат скандали и афери поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото делување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички „Глобал“, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана, сите поврзани со фирмите на Заеви.Бараме сите политичари кои што вршат јавни функции, доколку се сопственици, косопственици или пак акционери во одредени компании, бараме суштински да ги отуѓат, бидејќи отвораат можност за корупција и насочување на економските текови во државата кон лични цели.Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување на политичари во компанија кои истовремено се и јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ, додаде Стоилковски. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања