Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

gordanaa

Сопругот на Јанкуловска ќе ја гони Русковска пред судот во Стразбур

Сопругот на осудената во „Тенк“ ексминистерка Гордана Јанкулоска, адвокатот Влатко Илиевски, барајќи денеска во Судскиот совет да биде разрешена судијката Добрила Кацарска, се закани дека и судот во Стразбур ќе ја гонат за пристрасност, јавува порталот СДК.мк.Кацарска ја осуди Јанкулоска на 6 години затвор, Апелација ја намали казната на 4, а Врховен одлучи таа да не оди во затвор додека највисокиот суд не се произнесе за жалбите. Сопругот на ексминистерката поднесе претставка жалејќи се дека се закажувале чести рочишта кога Јанкулоска била во ризична пременост, но и во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Македонија | пред 6 години

JANEVA1

ФОТО: Јанева без насмевка помина покрај таолетните школки, па стигна до канцеларијата на Русковска

По еден месец во притвор, Катица Јанева без шминка, со лисици и кесичка во рацете дојде на распит кај обвинителката Вилма Русковска. Таа беше спроведена од затворската полиција покрај кутиите од школки за во тоалет, преку градежен материјал до канцеларијата каде се одвивал распитот. Облечена во розев фустан, нејзиниот изглед предизвика бура од реакции во јавноста. Некои ја жалат ексобвинителката, некои пак, сметаат дека тоа го заслужила.Јанева кај Русковска се задржа релативно кратко време. Околу еден час. Таа не сакала да даде изјава, додека сама не ги види доказите прибавени против неа во случајот „Рекет“, иако претходно селектирани докази и биле презентирани на нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.Јанева повеќе од еден месец во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Таа е сместена во посебен оддел, заедно со уште една притвореничка. За разлика од претходно, кога се појавуваше пред камерите, ексшефицата на СЈО сега без насмевка и подочњаци дојде во Обвинителството.

Македонија | пред 6 години

janeva-frckovska

Здравјето на Јанева е стабилно, а на Русковска не и кажала ништо

Адвокатите на Катица Јанева најавија дека ќе бараат од судот таа да се брани од слобода. Според нив, со завршување на истрагата, отпаѓа можноста таа да влијае на сведоци за случајот „Рекет“.„Катица Јанева ќе го искористи правото лично да изврши увид во доказите, па ќе даде исказ. В четврток ќе биде увидот. Денес ќе биде врачено решението за завршена истражна постапка. Обвинителството е должно да ја сослуша осомничената пред да се заврши истрагата. Со завршување на истрагата отпаѓа можноста за влијание врз сведоци. Кога ќе добиеме известување, ќе побараме од судот Јанева да се брани од слобода“, рече адвокатката Ирена Фрчковска.Во врска со т.н. „црн фонд” на СЈО, од каде Јанева барала пари за да ги прати бранителите, Фрчковска рече дека не разговарала со Јанева.„Немавме шанса да разговараме со неа за таа тема“, додаде таа.Здравствената состојба на Јанева е добра, рече нејзината бранителка.„Сега состојбата на Катица Јанева е добра. Страда од хронични болести“, потенцираше Фрчковска.Адвокатката Фрчковска додаде дека Јанева не е вклучена во истрагата за Меѓународен сојуз.„Катица не е вклучена во истрагата за Меѓународен сојуз. Има телефонски разговори како дел од доказите, но не видовме докази од ПИ-мерки“, кажа таа по распитот на Јанева.Адвокатката која ја застапува Јанева минатата недела изјави дека направиле увид во доказите што ги поседува обвинителката Вилма Русковска, но не во сите бидејќи ѝ биле презентирани селективно.Фрчковска во неколку наврати тврди дека нејзиниот клиент Јанева не е инволвирана во „Рекет“, а ниту Обвинителството ѝ презентирало докази за делото што ѝ се става на товар.Според истрагата што ја води Русковска, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврати зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата на СЈО ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец.

Македонија | пред 6 години

71050668_10218211187465422_2878752566592667648_o

Во кафетеријата Аквариус сами си ја урнаа дивата платформа

Утрово работници ја отстранија платформата на кафетеријата „Аквариус“ во месноста Ј'но во стариот дел на Охрид.Сопствениците на кафетеријата први објавија дека сами ќе постапат по решенијата за отстранување и сами ја отстранат платформата која е нелегално изградена.Неофицијално „Охрид1“ дознава дека за утре акцијата е планирано да продолжи токму во Стар Град, каде ќе се уриваат терасите на кафетериите и рестораните кои се дивоградби.Вакви најави даде и советникот Нефи Усеини кој изјави дека доколку се урива на брегот на езерото без да се прави селекција тој сам ќе ја отстрани пицеријата „Луна“.?t=322

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture-1

(ВИДЕО) Сончева револуција во Волино: Нема роден што може да ги извади знамињава, уште 100 ќе ставиме сега

Сонцето од Кутлеш стана заштитен знак за селото Волино во Општина Дебарца. По потпишувањето на Договорот од Преспа, бројот на знамињата со овој симбол постојано расте, а жителите чекаат и нова тура од Америка.„Овие знамиња нема роден што може да ги извади. Го видовте какво е селото завиено во знамиња? Уште 100 ќе ставиме сега“, вели еден од жителите.Целата репортажа на 360 степени, погледнете ја во продолжение... 

Македонија | пред 6 години

janeva-2

Јанева ја засили одбраната: Двајца адвокати ќе ја спасуваат од Русковска

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева доби засилување во одбраната, дознава МКД.мк. Освен адвокатката Ирена Фрчкоска, Јанева во постапката за „Рекет“ ќе ја застапува и адвокатот Дељо Кадиев.Јанева денес е повикана во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, за прв пат како осомничена, а извесно е дека освен со затворска полиција од Истражниот затвор во Шутка, во пред обвинителката Вилма Рускоска ќе биде во придружба и на двајца бранители.Повеќе тука.

Македонија | пред 6 години

bitola-1

23 лица казнети во Битола: Возеле без возачка, со нерегистрирани возила, со преголема брзина, зборејќи на телефон

Полициски службеници од СВР Битола на 23.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство на минување. Притоа, констатирано е дека шест возачи управувале возило без возачка дозвола, четири возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 10 возачи, тројца возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило.За сите неправилности се издадени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

kuce

Скопјанец искасан на двете нозе од куче скитник

На 23.09.2019 во 14.30 часот во Полициската станица Центар, В.С.(53) од Скопје пријавил дека на ул. „Михаил Цоков“ бил каснат од куче скитник на двете нозе.

Скопје | пред 6 години

kamioni

Турчин фалсификувал зелена карта, полицијата го уапси

На 24.09.2019 во 04.00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на исправа - зелена карта, од слобода бил лишен С.Ј.(56) од Република Турција, кој управувал товарно моторно возило „рено“ и полуприколка со турски национални ознаки.С.Ј. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Кумановчанец е приведен на Табановце поради фалсификување на сериски број на автомобил

На 23.09.2019 во 22.45 часот на Граничниот премин „Табановце“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување на сериски број на патничко моторно возило „фолксваген голф“ со српски национални ознаки, бил приведен А.С.(20) од Република Србија. А.С. и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

droga-kokain

За продавање на дрога поднесени пријави против две лица од Крива Паланка и едно од Кратково

Надворешната канцеларија за криминалистички Кратово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(25) од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 20.09.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Кратово, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од марихуана.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Пaланка поднесе кривична пријава против К.М.(22) и А.Б.(23), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.05.2019 полициски службеници извршиле преглед на А.Б., при што пронашле и одзеле марихуана.  Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на К.М., при што пронашле и одзеле марихуана.

Македонија | пред 6 години

Add-New-Post-‹-1.-—-WordPress-Google-Chrome

ФОТО: Некој го украл казанчето од тоалет на Клинички центар „Мајка Тереза“

Интересни, но и траги-комични натписи се фотографирани на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а потоа објавени и на социјалните мрежи.Вработените ги советуваат колегите да ги исклучуваат вклучените сијалици, бидејќи имало спој.„Не го гаси светлото, прегорува сијалицата. Има спој“, пишува на првиот натпис.На друг ѕид на една од клиниките на Клинички центар, пишува дека тоалетот не работи, бидејќи некој го украл казанчето.„Тоалетот не работи, нема казанче. Го украл некој“, пишува на натписот.Фотографиите на социјалните мрежи ги објави Катерина Тодороска.https://www.facebook.com/jorkkbb/posts/2411280579199221

Скопје | пред 6 години

malta-1

Македонец почина во Малта се собираат пари за транспорт на телото

Македонската заедница во Малта и на социјалните мрежи во Македонија се организираат групи за помош на македонско семејство чиј близок почина во Малта.64 годишен човек заминал на печалба откако овде заглавил со извршители. Оставил семејство за да собере некој денар. Но завчера вечер од срцев удар починал.Семејството нема доволно средства кои надминуваат над 4 000 евра за да го донесат телото на починатиот во Македонија за да го погребаат во родното Тетово.

Македонија | пред 6 години

Google-Chrome-2

(ВИДЕО) Колку дивоградби има на струшкото крајбрежје? Мерко тврди: ниту една!

Среде летната сезона, на 18 јули, две вести од Струга стигнаа до целата земја. Дека лице од Велешта му се заканило на градоначалникот Рамиз Мерко, а потоа и дека Мерко и ги нуди на Владата сите ингеренции во урбанизмот и градежништвото.Минатата недела во посета на Струга дојде комисија од неколку институции и експерти кои се задолжени за спроведување на препораките на УНЕСКО. Како домаќин и надлежен за градбите и урбанизмот ги придружуваше градоначалникот Рамиз Мерко.Групата го разгледуваше крајбрежјето. За секоја забелешка, како овој монтажен објект за кој се сомневаа дека е диво поставен, го прашуваа градоначалникот и му сугерираа што треба да се направи. Мерко добиваше и забелешки, затоа што до патот покрај езерото е истурен камен, што ги штити блиските имоти.Да ама тоа не значи дека цела обала треба да е бетонирана со ѕид. Не, ама ѕидот не му смета. И тоа е природен ѕид. Не е толку природен. Каменот е природен, од тука е. Да ама природно е и вака да заплиска убаво во песок. Ова е наша негрижа, го фрлаа кога се правел патот… Дел од комисијата му сугерираше на градоначалникот и дека не е решен проблемот со подземните води.При надоаѓање на самите води од реките погледнете кој дел би бил поплавен… Нема такви работи повеќе, Дримот е уреден… Ова е за подземните води…-Во ред е и тоа…-И ова е за самото крајбрежје од самото езеро…-Од подигање на нивото поплавува на плажиРековме дека е потребно самата нивелација да се ревидира…Имаме проблем со чистење на коритото на Дрим. Таму има испусни канали. Тие сите се запушени 40 години муљот се таложи. Ќе видиме дали можеме оваа година да го исчистиме за да го санираме градот да не лежи во вода.Попатно нотираа и дива платформа.Што ќе добие со овој метар и пол во вода?Е затоа езерото му го одзело.За дел од платформите во езерото, кои ги регистрира и комисијата, Мерко вели дека ќе бара решение. Го прашавме – дали ќе се уриваат сите?Мислам не сите. Особено каде што е употребено повеќежелезо и покриви од железо итн. Да биде нешто од дрво или од природен производ. Да биде на некој начин еколошки заштитено езерото, изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.ПОВЕЌЕ НА 360 СТЕПЕНИ

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-2

Откажани летови од и до Скопје

Словенечката авиокомпанијата „Адриа ервејс“ привремено ги прекинува сите летови од своите бази во Љубљана, Приштина и Тирана, а соодветно на тоа и сите летови до и од аеродромот во Скопје. Адриа Ервејс ги советува патниците доколу патуваат на 24 и 25 септември задолжително да ги контактираат канцелариите од каде ги купиле авионските билети.– Причина за привремениот прекин на летовите е последица на моменталната неликвидност на компанијата неопходна за непречено летање. Компанијата работи на изнаоѓање решенија во соработка со потенциален инвеститор.Целта на сите вклучени е Адриа Ервејс повторно да лета и дека прекинот на летовите е навистина привремен. Компанијата длабоко се извинува за ситуацијата на сите патници и партнери, се вели во соопштението од Адриа Ервејс. Од Адриа Ервејс им препорачуваат на своите патници и партнери да ги следат онлајн соопштенијата на нивната официјална веб страница www.adria.si.„Адриа ервејс“ привремено ги откажа сите летови од и до Скопје | opserver.mk

Македонија | пред 6 години

droga-srbija

Нарачале фустани на интернет, а добиле екстази чијашто вредност е 500.000 евра

Австриска двојка доби 24.000 таблети екстази, иако на интернет нарачале два фустана, соопшти полицијата во градот Линц. Вистинската вредност на „пратката“ е 500.000 евра.На парот од Линц им стигнале два пакета од Холандија. Во едниот имало облека којашто ја чекале, но другиот бил невообичаено потежок.Кога сопругата ја отворила пратката, внатре имало проѕирни вреќички со обоен материјал за кој првин мислела дека се украсни каменчиња. Но, сѐ тоа било сомнително, па го вратиле тој пакет во поштата, од каде што пак, повикале полиција.Истражителите потоа откриле дека се работи за дрога, што наместо во Шкотска, по грешка била испратена во Австрија.Шкотската полиција го откриле нарачателот и го уапсиле, а по испраќачот од Холандија, сѐ уште се трага.

Свет | пред 6 години

skopje-ulica-soobrakaj-koli

Во Скопје 10 сообраќајки, исклучени од сообраќај 32 возачи за брзо возење

Девет лица се здобиле со полесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири сообраќајки била причинета материјална штета.Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 16 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца почетници, како и четири нерегистрирани возила.Санкционирани биле и седум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, седум возачи за не користење заштитен шлем, 22 возачи за не носење сигурносен појас и 23 возачи користеле мобилен телефон за време на управување моторно возило.Седум пешаци биле санкционирани за минување коловоз вон пешачки премин и еден кој поминал коловоз на црвено светло.Затекнати биле 61 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 50 возила.

Скопје | пред 6 години

avtobuska-lugje-partizanska-vreme-leto

Облачно со грмежи и засилен ветер, дожд - до кога?

Претежно облачно време со повремени врнежи од дожд ќе преовладува денеска во државата. На места се најавуваат пообилни врнежи проследени со грмежи и засилен ветер.Утринава, температурите се движат од од 9 до 16 степени, а дневните се очекува да се искачат од 16 до 25 степени.Во Скопје слично време со минимална температура до 13 степени и дневна до 21 степени.Променливо облачно време со локален дожд ќе се задржи и во среда и четврток. Веќе од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба.

Македонија | пред 6 години

Lile-stefanova-1

Лиле во судница со Јанкуловска, Димовски, Јанакиевски и други членови на ВМРО-ДПМНЕ

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Титаник“ и „Маѓар телеком“ на СЈО, кои ги презеде Јавното обвинителство.Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката Лиле Стефанова и понатаму да ги води предметите за кои беше надлежна во СЈО – „Титаник“, „Траекторија“ и „Маџар телеком“.Случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка.Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.Случајот „Маѓар телеком” се води против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми.Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле Македонски телеком и државниот буџет.

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-izjava-posle-raspit_1

Катица Јанева во четири очи со Русковска

Вчера Бојан Јовановски – Боки 13 беше повикан на распит кај обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“, а денеска е повикана Катица Јанева.Како што соопштија од Јавното обвинителство, на осомничените ќе им биде соопштено дека истрагата е завршена.Вчера Боки 13 не даваше исказ, односно преку неговиот адвокат истакна дека најпрво ќе изврши увид во доказите во следниот период. Адвокатот Дуковски после завршувањето на распитот рече дека вакво нешто никогаш не се случило во македонското правосудство, односно да бидат информирани дека истрагата е завршена, и дури потоа да се врши увид во доказите.

Македонија | пред 6 години

joci-111

Јоци за Груевски: Му монтирале милионски тендери, купување плавеци на Водно, поткуп на избори, нарачки, а он избега ради уметнички дојам

„Му монтирале, невин бил.Му исекле 5 мин.муабет за Нешковски (за што типов имено нема ни обвинение) и дрви во статуси дека е невин за се'.Му монтирале купување на плацеви на Водно, незаконско рушење на ,,Космос", притисоци врз пратеници за гласаат за амнестија околу Хашки случаи, местење милионски тендери за патишта за лична имотна корист, местење на тендер за ,,мерцедес", местење на избори, купување луѓе од Пустец, насилство, нарачки по медиуми, уништување на медиуми....Се` му е наместено, не е негов глас, ич. Затоа и ништо од тоа не споменува.Он избега ради уметнички дојам и ги остави сите да се дават у негов шит, не затоа што му виси одење во затвор и минимум уште 5 обвиненија.Не верувам дека вмровците, кои, му пуштаат срценца ги слушаа муабетите своевремено, но јас ги слушав сите.И само оние кои не го слушале внимателно, може сотонава да ги манипулира вака. И да го слават што ги покрал.Ти, Груевски, си падна, те пуштија и нема да се вратиш пошто ,,поголемите" така рекоа. Напиши статус за тоа, раскажи кој и зошто те пушти и сега си живееш во разузнавачки стан. Сигурно не си отиде стварно во гепек, преку 6 граници, па дај - само малоумни може во тоа да веруваат.Раскажи и дека ,,бомбите" ги имаше уште БЦ, ама немаше муда за нив.Затоа и он е лоша историја. И ти си.И ради тебе имено Македонија е опустошена до гола кожа од кредити, а сегашниве продолжуваат, а прашање е и кога партијата ќе се врати на власт“, пишува Јорданка Ивановска-Јоци на „Фејсбук“ по статусот на експремиерот и бегалец Никола Груевски.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219845341903899&set=a.10206993089605624&type=3&theater

Коментари | пред 6 години

albanija-zemjotres

Целосно урнати 50 куќи во Албанија како последица на земјотресот

Директорот на Агенцијата за справување со кризи,Хаки Чако, гостувајќи во емисијата “Опињон” на Њуз 24 изнесе податоци од последниот извештај за последиците од земјотресот што ја погоди Албанија.– Според последниот оперативен извештај оштетени се 1.528 објекти, целосно се урнати 50 куќи, главно во рурални средини, распукани се 160 станбени згради, 34 училишта, 13 универзитети, два моста, две електрични кабини, две возила и еден магацин, истакна Чако, дополнувајќи дека најпогодени се подрачјата на Драч и Тирана.Во градските стадиони во Драч и Каваја поставени се војнички шатори за оние чии домови се оштетени. На располагање ќе бидат и дел од ученичките домови.Министерството за образование и наука соопшти дека по денешниот прекин, утре почнува наставата. 

Свет | пред 6 години

gruevski

Груевски за сведочењето на Верушевски: Ова е најголемата бомба, снимките биле монтирани

Поранешиот премиер, а сега азилант во Унгарија, Никоа Груевски денеска се јави со едно долго четиво на Фејсбук како реакција на денешното сведочење на Зоран Верушевски.Груевски вели дека со ова вистината испливала на површина, а таа била дека „бомбите“ се сечени и монтирани.-Полека, но сигурно вистината испловува…Кога се појавија “бомбите” во 2015 година објавивме дека не се автентични и целовити односно дека отпосле во нив се вршеле интервенции. Медиумите, новинарите, аналитичарите и хејтерите кои го подржуваа СДСМ се мајтапеа со фразата “сечени, лепени, прелепувани и монтирани”. Можеби од маркетиншки аспект тие изрази не беа најдобро избрани, но беа вистината.Мислам, дека и голем дел од неутралните, а дел и од нашите подржувачи, или кратко кажано дел од јавноста, со сомнеж гледаа на тие наши соопштенија и изјави.Денес тие кои ги подготвуваа и лансираа истите, јавно, во медиуми, дел од нив и во суд го потврдуваат тоа.Знам дека на дел од таа јавност не и беше доволно кога ние го тврдевме истото.“Не и се вклучи сијалицата” ни кога судиите, како никаде во светот го одбија нашето барање, самиот суд да ангажира вештаци и да се изврши вештачење на автентичноста, веродостојноста и особено целовитоста на нелегално прибавените аудио снимки. Нели е малку чудно, да имаш нелегално прибавени докази, кои си ги добил како копии, а не како оргинал и да не сакаш, ниту да побараш да се споредат со оргиналот за да се увериш дека нема манипулација, ниту на тој начин да се вештачи нивната целовитост, автентичност и веродостојност.Самиот сведок на СЈО, Ѕвонко Костовски во судот кажа дека ги “копирал” на ЦДа и ги испорачувал понатаму.Кој нормален судија во светот особено за вакви случаи би си дозволил таков пропуст, освен уценет, заплашен или притиснат судија од режимот на власта?Кога ние самите како неправедно обвинети ангажиравме лиценциран вештак за ваков вид проблематика и го доставивме до судијаката Кацарска, таа одби да го прифати како доказ, како што одби таа самата по нејзин избор да ангажира таков вештак, кого сака.Нели тоа беше чудно?Потоа, веројатно по некоја грешка или момент на слаба концетрација од секојдневно преслушување аудио матерјали, на оној Ел Чека кој не крие дека неизмерно ме мрази, му излета една снимка од разговор кој траеше околу 12 минути, а поврзана со случајот Мартин Нешковски и од кој за разлика од кратениот и монтиран разговор кој го пушташе Заев, јасно се разбира дека воопшто не сме сакале да прикриваме убиство. Напротив, обратно е. Но и тоа, за многу луѓе не беше доволно.Следуваше изјавата на Заев, кој правдајќи го претходното од Ел Чека, јавно си призна дека разговорите кои ги добил биле долги, па тој морал да ги крати. И така, при кратењето, на пример во онаа за Мартин Нешковски, наместо народот да разбере дека сме правеле се што било во наша моќ и не сме се согласувале со прикривање, тој народ слушајќи ја “вешто скратената”верзија на Заев се собра пред владата со желба да не линчува, па притоа 40 полицајци завршија во болница, а ниту еден од оние кои ги нападнаа.И сега конечно, помалку неочекувано, за многумина “неверници и оние кои свесно одбиваат да веруваат” дојде сведочењето на Зоран Верушевски, во кое тој самиот кажува дека аудио снимките биле сериозно сменети, или како што кажа “модифицирани и компромитирани” од оние кои тој му ги предал на Заев.Е ова е “бомба”. Поголема од сите досега.Ова е најсилната “бомба”!!!Извршителите на целата операција јавно и во суд потврдуваат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ беше компромитирана, а потоа и покрај победата од страната на власта, а стотици поединци судени, осудени, притворани, претресувани, жигосани, оцрнети, компромитирани со не само нелегално прибавени аудио снимки односно копии од такви снимки, туку и сериозно едитирани, модифицирани и компромитирани, или… пак ќе се вратиме на поранешната фраза која исплива на површина како и секоја вистина: сечени, лепени, прелепувани и монтирани.Секако, дел од таа јавност повторно нема да се согласи со ова и ќе продолжи да не напаѓа и обвинува, особено мене. И тоа е во ред. Нека тераат како што сакаат. Демократија е нели, па секој може што сака да коментира, пишува Груевски.Тој вели дека сега вистинското прашање е, како после ова ќе се однесуваат судиите, како оние во Кривичниот суд, така и во Апелациониот и во Врховниот суд.-Независно “кој чив е” и за кого е. Кој кого сака или мрзи, политички или било како (алудирам на судии блиски до СДСМ). Независно кој ги притиска, им се заканува, ги уценува или ги поткупува со ветени унапредувања, вработувања на луѓе од нивното семејство или верувања дека ќе ја поделат со нив паричната штета која би ја добиле, а која нетреба да ја добијат.На Заев воопшто нема да му е гајле за нив кога ќе биде сменет од премиер. Тој ќе гледа како себе да се спаси од злоделата кои и ги направи на Македонија и на многу луѓе кои ги гледаше како пречка на патот во реализација на неговите валкани цели.Нему во моментот единствено важно му е да остане на власт на изборите по една година. Затоа и го направи ова со незаконското префрлање предмети од СЈО во ОЈО. Веќе предметите го води неовластен тужител. СЈО правно формално сеуште постои и се е незаконски направено. Мислите дека тој не знае дека ова е незаконски и дека еден ден ќе падне? Знае! Но сега му е важно во следните 10 месеци, СЈО односно ОЈО, како и судиите и оние нивни совети, да ги искористи за да остане на власт преку нови прогони, затворски казни, нови обвиненија, притвори, претреси, спектакли, диктирање теми во медиумите и јавноста кои ќе оцрнуваат поширок круг од неговите политички противници, а се во правец на задржување на својата политичка моќ по следните парламентарни избори.Тој е свесен дека откако ќе падне и со тоа откако ќе исчезне неговиот притисок, уцена, закана а некаде и поткуп кон обвинителствата и судството, има десетици законски и уставни причини се ова да падне. Тој го знае тоа и воопшто не го интересира денот откога ќе падне. Ниту судбината на судиите и обвинителите кои под негова принуда носат незаконски, нестручни и несовесни одлуки кои никој непристрасен во светот не може да ги разбере.Мислите напразно институциите и судовите на засега три земји членки на ЕУ, Грција, Унгарија и Шведска потврдија дека преку нашето судство се врши класичен немилосрден политички прогон? Мислите глупави се тие или би ризикувале ако не е така?И не само овие три земји. Секоја независна институција и непристрасен суд на земја во ЕУ би го сторила истото. Затоа што има очигледни и несоборливи докази и признанија за политички прогон, не фер судење, лажни обвиненија и нивни квалификации со цел некој да дојде на власт, да смени име, идентитет и историја на една земја и народ, а потоа и со цел да остане на власт подолго.И уште нешто… денешното сведочење на Верушевски целосно ги компромитира и анулира претходните два сведока во тој случај на СЈО, сега ОЈО. Тој на судот му кажа дека тие го лажеле судот во своето сведочење повикувајќи се на координирана соработка со него. Непостои суд на светот кој исказите на тие два сведока после ова ќе ги земе за релевантни. Како што одат работите, ќе излезе дека Заев бил искрен кога ми кажуваше, што јавноста имаше можност да го види, дека снимките му ги дале некои странски служби со чии преставници лично се среќавал.На потег е сега судството да се дистанцира од сите манипулации на разузнавачки служби и политичките манипуланти и да ги врати предметите таму каде им е местото- на буништето на историјата каде веќе се најде Катица Јанева и нејзината екипа која тајно се честела секој месец со илјадници евра народни пари додека се изживуваше со нас и додека аздисани, вознесени и забегани се препукуваа и натпреваруваа кој од нив ќе се кандидирал за претседател на Република Македонија во иднина.Сите ние некогаш, можеби наивно верувавме дека СЈО нема да може да ги победи фактите, доказите и законот, а дека судот нема да си дозволи до таква мерка да работи незаконски и по партиска нарачка.Знам дека и дел од судиите никогаш, ниту помислиле дека некој ден ќе мора да носат така очигледни незаконски одлуки какви што не можеле ми да сонуваат, од страв да не им се случи нешто лошо од власта.Оваа денешна изјава во судот на Верушевски околу “квалитетот” на доказите и сведоците е отрезнувачка за сите кои заборавиле дека вистината не може да се скрие, пишува Груевски.

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Нефи Усеини повика да се бранат покривите на неговите браќа

Советникот Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Во статусот тој алудира на тоа декане се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи и џамии кои припаѓале на охриѓани.Усеини на Фејсбук напиша:Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат.Од 1400 дивоградби,вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши.Според тоа на 25.09.2019 (Среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани.Усеини е сосптвеник на дивоизградена пицерија до чинарот  во Охрид и на бетонска база ( исто така дивоградба ) на самиот езерски брег.Акцијата за уривање во Охрид треба да продолжи од утре. 

Македонија | пред 6 години

bc

Верушевски тврди дека Црвенкоски имал „бомби“ но не ги употребил

Поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски кој денеска сведочеше на рочиштето за случајот „Таргет и Тврдина“ изјави дека не само Зоран Заев, туку и Бранко Црвенковски имал увид во документацијата, термин кој во текот на сведочењето го користеше за „бомбите“.„Црвенковски и Заев во цело време на нивното лидерство имаа увид во документацијата. Стратешка одлука беше на Црвенковски како ќе ја користи, а потоа и на Заев“,рече денеска Верушевски.Тој во текот на сведочењето се огради од неговата директна улога во откривањето на аферата, со тврдење дека тој само ја анализирал документацијата која стигнувала во СДСМ.„Кон крајот на 2010 година ги добив првите информации за овој случај. Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа. Се правеа тактички анализи. Ги користеше лидерството за своите стратешки одлуки и политики“,рече сведокот Верушевски.На прашањето на обвинителот дали преку него бомбите завршувале во СДСМ, тој посочува дека најчесто документацијата доаѓала од други структури а тој не одговори ниту директно дали Ѓорѓи Лазаревски нему му ги предавал бомбите, а потоа тој во партијата.„Не обезбедив јас било какви разговори на лична основа. Сето тоа што се случуваше во СДСМ беше обврска да го анализирам. Не бил мој интерес, ниту приватен, ниту на памет ми паѓаше такво нешто. Информациите не завршуваа кај мене, туку во партијата“,рече сведокот.На наредното рочиште закажано за 10 октомври одбраната треба вкрстено да го испрашува Верушевски.Во предметот со кодно име „Таргет-Тврдина“, отворен од СЈО, обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица.Според обвинението биле следени над 20.000 граѓани во перидот од 2008 до 2015 година и над 4.000 телфонски броеви без судски налог.Извор: 360 степени

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања