Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

boki-2-3

Боки 13 е во животно загрозувачка состојба, не дава исказ пред Русковска додека не види докази

Еден час траеше распитот на првоосомничениот во предметот „Рекет“, Бојан Јовановски, кој денеска беше изведен пред обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Јовановски беше донесен со полициска придружба од притвор, а по еден саат вратен во затворот во Шуто Оризари.Како што рече подоцна неговиот адвокат, Сашо Дуковски, Јовановски одбил да даде исказ затоа што обвинителката Русковска на првото соочување со доказите го известила дека истрагата против него е завршена.-Ова до сега во македонското правосудство не се случило. Истиот ден кога го викаат прв пат на распит, го известуваат дека е завршена истрагата. Претходно ниту еднаш не бил известен за доказите против него. Ова е повреда на постапката, ставот на Европскиот суд за човекови права е дека осомничениот треба да биде запознаен со доказите против него и основите за сомневање – рече Дуковски.Дуковски појасни дека не е запознаен со фактот дали е завршена истрагата за „Рекет“ или само истрагата за неговиот клиент, бидејќи утре на распит треба да биде донесена екс шефицата на СЈО, Катица Јанева.„Има една ситуација за неговата здравствена состојба која никого не го интересира. Ќе видиме што ќе се случува. Незаконски е завршена постапката. Боки 13 нонстоп повраќа. Нека се смеат владетелите на правото дека е труден. Го носат во амбуланта му даваат раствор, обична терапија. Неговата состојба е животно загрозуваќка. Ако немате функција на желудникот, тогаш е”, смета Дуковски.

Македонија | пред 6 години

zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

ПРЕСВРТ: Верушевски тврди дека не изнесувал материјали од УБК

Кратко и дипломатски одговараше поранешниот разузнавач Зоран Верушевски на прашањата кои му ги поставуваше обвинителот Артан Ајро за време на денешното негово сведочење во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.Верушевски ниту еднаш не ги спомена „бомбите“ со тоа име, туку ги ословуваше како документација и ниту еднаш не рече дека тој ги поседувал, туку биле сопственост на партијата СДСМ каде тој бил одговорен за безбедносната политика. Првите информации за нелегално прислушување рече дека ги добил кон крајот на 2010 година, кога се вратил од Италија.– Во тој период бев одговорен за безбедносната политика на СДСМ и информациите од ваков карактер беа обврска за анализа на мојот оддел… Во рамките на политичките партии се прават политички анализи, нив ги користи лидерството на партијата за своите стратешки одлуки и политики – објаснуваше Верушевски.Тој рече дека не обезбедувал тој лично материјали, информациите не завршувале зад неговото име и презиме туку во партијата.– Не обезбедував јас никакви разговори ниту било какви други документи на било каква основа туку сето она што се слеваше како сознание во СДСМ беше обврска за моја анализа за да може лидерството да гради стратегија. Ниту било тоа мој личен интерес ниту ми паѓало на памет да го правам тоа за мене – одговараше Верушевски на директните прашања на обвинителот дали предал разговори во СДСМ.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still258-1

Камион треба да го сопре уривањена дивоградба во Охрид ?!

Може ли камион да ја запре државата ? ! Ситуацијата полека доаѓа до точка во која или државата ќе капитулира, или ќе оди до крај и ќе победи.Акцијата за уривање дивоградби во Охрид продолжи утрово со уривањето на дивоградбата на улицата Марко Нестороски.Во текот на викендот во дворот на куќата ( кој е единствен пристап за екупите кои уриваат ) со цел да се попречи акцијата беше паркиран камион, па утрово Полицијата одреден период за сообраќај ја затвори улицата Марко Нестороски.Во меѓувреме граѓаните даваат поддршка на власта која ја почна акцијата, но нагласуваат дека мора да се продолжи со останатите објекти кои се на списокот за уривање.НАЈАВЕНИ ПРОТЕСТИСпоред неофицијални извори, дел од засегнатите од уривањето на дивоградбите планираат во среда да протестираат пред зградата на општина Охрид.Околу зградата на Општина Охрид и уличките околу објектот денес беше видливо зголемено полициско присуство.

Македонија | пред 6 години

306363-0.Basic-Albania

Над 340 земјотреси регистрирани во Албанија по земјотресот од саботата

Албанскиот институт за геолошки науки, енергија, вода и животна средина соопшти дека повеќе од 340 последователни земјотреси се регистрирани по земјотресот со интензитет од 5,8 степени што го погоди Драч во саботата попладне.Околу 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој исто така накратко го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија во Тирана, Драч и некои западни и централни делови, соопштија властите. Повредени се 105 луѓе.Потресот се почувствува долж западниот брег далеку кон исток. Многу луѓе излегоа надвор од домовите кога земјотресот погоди во саботата во 16:04 часот. Најмалку 500 луѓе ја минаа ноќта во привремени засолништа.Инспекторите вчера проценуваа оштетени згради, а на некои жители на главниот град Тирана им било кажано да не се враќаат во своите станови, кои биле проценети за небезбедни.Во Драч, армијата постави шатори на фудбалскиот стадион каде им беа испратени храна и медицински тим за жители кои се плашеа да се вратат дома и кои планираа да поминат следната вечер пред своите домови.Премиерот Еди Рама рече дека добил повици од европски колеги кои понудиле помош.

Свет | пред 6 години

Screenshot_3-1

Јанева со ново писмо барала пари од СЈО за да плати адвокат кој ќе ја брани во „Рекет“

Ново писмо од Катица Јанева пристигнало на „Рузвелтова 34“. Според информации на Сител, поранешната специјална обвинителка во писмото навела неколку барања.Освен да ги добие личните предмети, Јанева пишувала и за таканаречениот „заеднички фонд“ на специјалното обвинителство, со кој таа лично управувала.Неофицијално сакала тој буџет да се користи за покривање на трошоци за нејзина одбрана во текот на кривичната постапка.Адвокатот на екс шефицата на СЈО, Ирена Фрчкоска, вели дека нема информации оти нејзиниот клиент испратил писмо со кое бара за нејзина одбрана да се користи „заедничкиот фонд“ на вработените во обвинителството.Новото писмо на Јанева никој во СЈО не сака да го коментира, но неколку обвинители потврдија дека вработените во обвинителството одделувале пари за фонд кој се користел за заеднички потреби..Поранешната специјална обвинителка, откако помина 30 дена во притвор во вторник повторно ќе се појави на распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Таа прв пат ќе се соочи со Вилма Русковска како осомничена во случајот Рекет.Утре на распит е повикан и првоосомничениот во овој случај, Бојан Јовановски. Неговиот адвокат вели дека распитот ќе се однесува за „Рекет“, само во однос на сомненијата поради кој е во притвор, но не и на други околности бидејќи истрагата не е проширена.Јовановски, Милевски и Јанева се осомничени за примање награда, злоупотреба на службена положба и перење пари.Според истрагата, заеднички влијаеле бизнисменот Орце Камчев да биде ослободен од притвор, за што тој платил 1,5 милион евра.Извор: Лидер.мк

Македонија | пред 6 години

Katica-Janeva-izjava-posle-raspit_1

Катица земала над 200 илјади месечно како специјална обвинителка

Платата на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, била во износ од околу 105.000 денари, покажува пресметката на „Код“. За споредба, според „Код“, платата на републичкиот јавен обвинител е околу 80.000 денари.Во оваа сума која Јанева ја земала како месечен приход е земен предвид и додатокот за ризик на работа, кој може да биде до 35 отсто од платата. Платите на останатите обвинители во СЈО, пак, се движеле помеѓу 80.000 и 85.000 денари.Но постои трет додаток кој е таен и за кој обвинителите се обврзале да молчат, а тоа се бонуси за оние обвинители кои ги преслушувале бомбите. Најголем бонус за ова зeмала Јанева бидејќи имала пристап до сите прислушувани разговори, истражува „Код“.Бонусите им следеле на обвинителите и стручните соработници согласно договор со кој се обврзувале да го почитуваат принципот на тајност на содржината во „бомбите“.Десетина обвинители имале склучено ваков договор и тие имале пристап до содржината на бомбите. Освен тоа, бонуси им следувале и на стручните соработници кои имале обврска да ги преслушуваат „бомбите“ и да откриваат индиции за криминал.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

Катица Јанева присуствувала кога Камчев му дал пола милион на Боки 13

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески на прашање дали е точно дека екс шефицата на СЈО, Катица Јанева, присуствувалa на предавањето на половина милион евра, првата транша од рекетот, во станот на првоосомничениот Бојан Јовановски, Јовески рече дека таков факт се уште не е потврден.Според него, досегашните докази укажуваат дека парите не водат кај одредени политичари.Јовески потврди дека има наоди за вмешаност на адвокат и судија, кои наскоро треба да бидат повикани на распит во Обвинителството на Вилма Русковска.

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Каде се милионите на Камчев, земени од Боки 13, кажува Јовевски

Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, вели дека во потрагата по парите од торбата „Луј Витон“, која јавноста ја виде на објавените снимки поврзани со предметот „Рекет“, истражуваат и дали инволвираните во предметот имаат сефови. Тој ги негира тврдењата на дел од јавноста дека истрагата се одолговлекува.-Го почнавме овој предмет од записник за поднесена кривична пријава, обезбедивме докази и ја почнавме финансиската истрага. До моментот на отворање на истрагата имавме сослушано петнаесетина лица. Се добива впечаток во јавноста дека работиме само кога повикуваме сведоци, но ние имавме определени моменти кога чекавме вештачења и анализи – рече Јовески во интервју за „Код“.

Македонија | пред 6 години

albanija-zemjotres

Нов силен земјотрес ја стресе Албанија

Нов силен потрес вечерва во 22:07 минути ја стресе Албанија, а интензитетот се проценува на 4.5 степени по Рихтер.Епизентарот на земјотресот е на 20km од Тирана, и 5km од Валона, а на длабочина од 10km.Во меѓувреме се уште се проценуваат штетите од вчерашните земјотреси, од кои најсилниот беше 5.8 степени по Рихтер. На терен се пријавени оштетувања на 569 објекти, како и на 53 куќи во Тирана и во Драч. Првичната бројка од 105 повредени се зголеми на 136.

Свет | пред 6 години

maxresdefault-2

ВИДЕО: Не ви тече Вардар во дневна, па да си истурате што сакате!

Вардар е денеска обоен во портокалово, а актерката Ирена Ристиќ, објави видео од каналот кој се влева во Вардар и од каде најверојатно доаѓа загадувањето што предизвика помор на риби.Според информации на Ристиќ изворот на загадувањето доаѓа од поранешна Железара, поточно челичарницата Макстил. Град Скопје се уште ги истражува причините.„Зошто е таков Вардар?!Еве, гледајте!Инспекцијата искочила на терен и наводно е од каналот (а каналот се наоѓа после мостот близнаци, на потегот према Долно Лисиче. Информациите се дека директно доаѓа од Макстил, поранешна Железара, вели мојот извор кој го направи видеово) Чекаме резултати од инспекциската работа!! Не ви тече Вардар у дневна па да си истурате шо сакате!!!“, пишува Ристиќ која бара казна за причинителот.https://www.facebook.com/irena.ristic.779/videos/10157713301629726/

Скопје | пред 6 години

6-2

Ангеловска продолжува да го правда новиот буџет пред пратениците, продолжува расправата

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска продолжува расправата по ребалансот на Буџетот за 2019 година.Собраниската расправа почна во четвртокот кога новата министерка за финансии Нина Ангеловска го образложи ребалансот на буџетот пред пратениците. Таа рече дека со него се обезбедува поддршка за повисоки плати за вработените во приватниот сектор и во јавната администрација и повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување.Ангеловска, на која ова и е прв значаен документ кој го елаборираше пред пратениците, истакна дека за нешто помалку од три месеци за првпат на граѓаните ќе им бидат вратени и пари преку проектот „МојДДВ“ кој почна да го реализира оваа власт.Според неа, трендовите во економијата се добри, а растот за годинава е ревидиран на 3,2 проценти, но веќе следната година се очекува да се интензивира и да изнесува 4,2 отсто, додека во 2021 година да достигне до пет проценти.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Едно лица загина во сообраќајка во Скопје

Едно лице загинало во една од вкупно 27 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Во сообраќајките две лица биле потешко, 16 полесно повредени, а во осум била причинета материјална штета.Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала 72 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила 50 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 58 возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и шест почетници, како и 52 нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.Санкционирани биле и осум возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин, пет возачи за неправилно престигнување, 16 возачи за не користење заштитен шлем од страна на возачите на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл, 11 возачи за не носење сигурносен појас, како и 19 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.Тројца пешаци поминале коловоз вон пешачки премин.Затекнати биле 194 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 152 возила.

Скопје | пред 6 години

tri-svetitelki-233291

Денеска е голем празник, видете кој

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 септември.Денеска е Св. маченички Минодора, Митродора и Нимфодора.Минодора, Митродора и Нимфодора беа сестри, родум од некое место во областа Витинија во Мала Азија. Беа воспитани во христијански дух. Кога пораснаа, сите се повлекоа од светот во пустина, живеејќи живот видлив за Бога, а невидлив за луѓето. Толку се очистија и се смирија себеси, што Бог ги украси со дар на чудотворство. За тоа набргу се дозна, па почнаа да им доаѓаат луѓе со најразлични маки. Но, за нив дозна и некој кнез Фронтон и ги изведе на суд. Гледајќи ја нивната голема убавина, тој прво се нудеше да им обезбеди светска слава, но кога виде дека тие на сето тоа остануваа цврсти во својата љубов кон Христа, ги предаде на маки. По измачувањата прво беше погубена Минодора, а потоа и нејзините две сестри. Ова сведоштво се случи меѓу 305 и 311 година.

Македонија | пред 6 години

120190520_075956

Есента носи дождови, грмежи, сонце - времето денска ќе биде хаос

Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта.На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и во вторник кога на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Македонија | пред 6 години

Mijalkov-Sasho

Ленче Ристовска денеска во судница, ќе докажува дека Мијалков прислушкувал

Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет Тврдина“ и „Транспортер на СЈО, кои што ги презема во надлежност и натамошно постапување Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска.Советот на јавни обвинители на 16 септември донесе одлука со која обвинителката Ристевска беше разрешена од СЈО и вратена во матичното ОЈО Скопје. Ристевска, минатата недела го застапуваше предметот „Талир 2“, при што до судот приложи решение од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.Минатото рочиште за „Таргет Тврдина“ беше одложено поради отсуство на сведокот Зоран Верушевски предложен од обвинителството.Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Македонија | пред 6 години

zaev-i-micotakis3

Заев ќе треба да се сретне првпат со Мицотакис

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска до сабота ќе престојува во Њујорк каде што ќе учествува на 74. Генерално собрание на Обединетите нации. Утре, според грчки извори, ќе биде реализирана и средба Заев-Мицотакис.Ова ќе биде прва средба на двајцата премиери откако Кирјакос Мицотакис победи на изборите што се одржаа на почетокот на јули во Грција.Во агендата на премиерот Заев е предвидена и официјална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.Официјалното обраќање на премиерот Заев на Генералното собрание на ОН е предвидено за сабота во претпладневната сесија.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Боки 13 денес ќе се сретне со Русковска, ќе треба да каже со кого соработувал и каде се парите

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје.Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет“. Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милевски.По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на Јавното обвинителството му беше одредена мерка притвор.Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава во вторник.Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се  Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

Македонија | пред 6 години

sjo

Власта и опозицијата денес ќе преговараат да го оживеат СЈО

Работните групи на власта и опозицијата денес во Собранието ќе одржат нова средба за законот за јавно обвинителство, потврдија за МИА од Министерството за правда.Според лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на СДСМ не му одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и го кочи целиот процес, затоа што СДСМ, како што изјави во интервју за МИА, „сака да имплементира правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици“.Премиерот Зоран Заев, пак, смета дека работните групи не се далеку од постигнување договор за законот за јавно обвинителство. Тој е оптимист и е подготвен да седне повторно со Мицкоски на маса, но откако преговарачките тимови ќе направат чекор напред.Утрешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.

Македонија | пред 6 години

71280376_714578958969976_6220743744338001920_n

(ВИДЕО) Повторно се пали крајбрежјето во Струга

Повторо гори природата кај Струга.Само што заврши сезоната и заминаа туристите, локалното население почна да ја пали природата и веројатно да подговтува терен за градби до следната туристичка сезона.ВИДЕО:

Македонија | пред 6 години

avtopat-tetovo-skopje

Уапсени тетовчани, полицијата им пронашла марихуана

На 21.09.2019 во 21.15 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(42) и Р.Л.(36), двајцата од Тетово, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

pocinat

Маж загина во Кичево, требало да вози на трки - му се слошило и излетал од патеката

На 21.09.2019 околу 14.55 часот во Полициската станица Кичево, од Медицински центар Кичево било пријавено дека при одржување на пробни автомобилски трки на патеката на поранешен воен полигон до касарната во Кичево, А.К.(58) од Скопје, управувајќи патничко возило „рено твинго“, му се слошило и излетал надвор од патеката.Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево. 

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Уапсено лице кое претходно натепало двајца мажи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.Г.(45) од с.Зрновци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.На 07.11.2018 на регионалниот пат с.Зрновци – с.Лески, пријавениот со уште едно лице физички ги нападнале Г.Ѓ.(35) и Љ.Л. (34), при што им нанеле повреди.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka-1

Загина возач кај Катланово, со возилото излегал од патот

На 21.09.2019 во 16.30 часот на автопат Скопје-Велес, кај с.Катланово, патничко возило „ауди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци,  излетало од патот.Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото. Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

aerodrom-skopje-4

Албанец фатен на аеродромот во Скопје со фалсификувана лична карта од Грција

На 21.09.2019 година во 07.55 часот на Граничен премин „Меѓународен Аеродром-Скопје“ полициски службеници го привеле Б.Л.(26) од Република Албанија, поради тоа што при проверки било утврдено дека приложил лична карта од Република Грција, која била фалсификувана.Тој бил предаден на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.

Скопје | пред 6 години

Samoubistvo-kaj-Momir-02

Скопјанец фатен со марихуана на Бит Пазар

На 21.09.2019 во 22.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле И.Р.(26) од Скопје, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодвтене поднесок.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања