Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Screenshot_7

ВИДЕО: Моментот кога Албанија ја погоди силниот земјотрес снимен на камера – граѓаните вознемирени трчаа надвор од објектите

Интернетот е преполн од снимки во моментите кога Албанија беше зафатена од силните земјотреси, од кои најсилниот удри околу 16 часот и 5 минути, а беше со јачина од 5,6 степени според Рихтер, на неколкуметри од приградскиот град Драч.[embed][/embed]Според првите информаци од терен лекарска помош поради повреди побарале 37 лица.Покрај големите штети во Драч, оштетувања на објекти имало дури до Тирана.Земјотресите беа почуствувани и во Македонија, а предизвикаа вознемиреност кај населението. Многу од жителите во погодените подрачја во Албанија вознемирени истрчаа надвор од домовите и со часови седеа под отворено небо, во страв да не има посилен потрес.Ваков земјотрес според првичните информации не бил регистриран на ова подрачје 20-30 години.

Свет | пред 6 години

izjava-zaev.Still258

(ВИДЕО) Рели со „олд-тајмери“ пристигна во Охрид

Олд-тајмери во хотел UNIQUE Охрид.Најлусузниот и најголем охридски хотел UNIQUE повторно угости возачи на автомобили „олд-тајмери“ од Холандија и Белгија.За разлика од претходното рели, овој пат возилата беа нешто понови и го опфаќаа периодот од педесеттите до крајот на седумдесеттите години од минатиот век.Релијата со „олд-тајмери“ поминуваат низ повеќе држави и во нив учествуваат луѓе љубители на стари автомобили , со префинет стил, а познато е и дека секогаш во местата каде престојуваат ги избираат најдобрите хотели.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-20-1

(ВИДЕО) Шапуриќ му го пропаднал бизнисот со полжави на Кирацоски ? !

Душко Млекарот од Битола на Фејсбук објави дека Александар Кирацоски во минатото безуспешно се обидувал да развие бизнис со одгледување полжави.Бизнисот не успеал заради одлука на тогашниот министер Зоран Шапуриќ кој дал негативно мислење за одгледување на полжави и пропаднале 50 фарми во Македонија меѓу кои и фармата за полжави на Кирацоски.Погледнете што кажуваше тогаш во далечната 2005 година Кирил Јорданоски, претседател на одгледувачите на полжави.

Македонија | пред 6 години

sashe-dimovski

Димовски: Есад Рахиќ да биде уапсен, а Рената Дескоска да поднесе оставка од морални причини

Директорот на Истражниот затвор „Скопје“ Есад Рахиќ да биде уапсен, а министерката Рената Дескоска да поднесе оставка од морални причини, побара новинарот Саше Димовски.Во разговор за „Алфа“, Димковски зборуваше и за последните случувања за случајот „Рекет“, згаснувањето на СЈО, како и за моменталната состојба во провосудниот систем.Погледнете го целиот разговор:

Македонија | пред 6 години

ilija-dimovski

Димовски: Јас и најмалку 15 пратеници сме уценувани со СЈО

Цело време бевме осудувани за тоа што го зборувавме за СЈО, до пред два месеци, кога се излезе на виделина. Ајде да почекаме, да видиме, може уште нешто ќе излезе, да не се доведеме во ситуација во која со Мухамед Зекири ќе зборуравме за цела влада како што зборуваме сега за СЈО, ајде полека, изјави во вечерашната дебата на 24 вести пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.Кога ќе се најде заедничко решение, тогаш ќе имаме договор за новото Јавно обвинителство. Преговорите се уште не се завршени, целта е постигнување на договор во интерес на правдата. ВМРО-ДПМНЕ бара обвинител кој ќе ги амнестира криминалците и криминалите на поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, што е целосно неприфатливо, посочи потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири и пратеник во Собранието на РСМ во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.Кои истраги, оние кои ги користевте за уцени на политичари – праша Димовски.– Кого сме уценувале?– Мене… мене лично. 15 пратеници од ВМРО се предмет на уцена.– Не се предмет на уцена, се предмет на истрага, изјави Зекири.– Со директна уцена, одговори Димовски.– Излезете кажете кој и за што ве уценуват, посочи Зекири.– Полека…има време, одговори Димовски.Дали сте ги уценувале пратениците од опозицијата преку предмети во СЈО?– Апсолутно не, вели Зекири.– Најмалку 15, посочи Димовски.Во моментов во притвор и под истрага се наоѓа еден обвинител од СЈО. Не може вината да ја префрламе на целата институција. Ако некој се огрешил, вината е индивидуална. И на тоа треба да се задржиме. Може да ти е роден брат, ако се огреши, треба да одговара, но другиот брат не е виновен за тоа. На ВМРО најмногу му сметаше СЈО, заради криминалите на претходната власт. Не знам зошто имаат против да се формира јавно обвинителство кое ќе се бави со евентуални криминали на сегашната власт. Тоа нема да се навраќа назад, да ги гледа тие случаи, а може и да се навраќа, немаме ништо против, посочи Мухамед Зекири.Зошто само Империја го гледате како дел од Рекет, најмалку уште два големи предмети, каде има и други обвинители (не само Катица Јанева) се или ќе бидат доведени во прашање во следниот период. Најмалку за уште два предмети на СЈО има јавни тврдења дека се злоупотребени. Никој од тие два случаи не е повикан на разговор, а тоа е работа на јавното обвнителство, посочи Илија Димовски.– Ако има докази, нека отворат истраги, за првиот случај пријави премиерот, изјави Зекири.– Пак ли снимки да се достават, зошто не викнат некого по допрен глас – праша Димовски.– Ние им даваме апсолутна поддршка да ги расчистат сите сомневања, посочи Зекири.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still257

(ФОТО) Полициско возило оштетено во судар кај Кичево

Во близина на Кичево попладнево се случи помала сообраќајна несреќа во која учествувало  полициско возило.Според првите неофицијални информации во несреќата нема настрадани, а причинета е само материјална штета.

Македонија | пред 6 години

1f3aae33-4f15-447e-9f4e-a77128493c83

Змјотрес со епицентар во Јадранско море почувствуван во Македонија

Во 16 часот и 4 минути земјотрес со интензитет од 5.8 степени кој бил со епицентар во Јадранско Море предмалку ја затресе западна Македонија, а се тресеа и Албанија и Црна Гора, како и делови од Хрватска.Земјотресот е со епицентар на 24 километри западно од Тирана во морето, блиску до градот Драч и хипоцентар на длабочина од 10 километри. Најсилно е почувствуван во градот Драч и во Тирана.Во Македонија почувствван е во Охрид, Струга и Дебар, а со помал интензитет и во другите гртадови од западниот дел на државата.Засега нема информации за повредени во Драч и Тирана.

Македонија | пред 6 години

71117681_1353307654846854_8368765839502999552_n

ФОТО: Бочварски и Спасовски се држеа за рака и ја исекоа...

Министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски и градоначалникот на Штип Благој Бочварски вчера заеднички го ознаќчија стартот на 13-то издание на манифестацијата штипска „Пастрамајлијада“. На стартот на свеченоста заедно ја исекоа гигантската пастрамајлија. На оваа тема, со шега се јави Јорданка Ивановска-Јоци:- Ме држиш за рака ?- Не те држам.- Ме држиш.Значи тргни ја раката од мојата, камери снимаат.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10219825948499076&set=a.10206993089605624&type=3&theater

Коментари | пред 6 години

lilePopovska

ВИДЕО: Следните избори со една изборна единица, СДСМ да си стои на зборот, вели Лиле Поповска

Пратеничката од партијата ДОМ, Лилјана Поповска, во интервју за „Макфакс“ изјави дека очекува да помине иницијативата за една изборна единица бидејќи, како што вели, има политичка волја од најголем дел од политичките партии, а истото мислење го делат и добар дел од граѓаните, кои се изјасниле во анкетите во нивните истражувања. Поповска вели дека СДСМ треба да си стои на зборот и да ѝ даде поддршка на парламентарната група од 12 пратеници, кои поднесоа иницијатива за промена на Изборниот законик.„Сметаме дека е дојдено време државата да стане една изборна единица и сметам дека за разлика од пред 4 години, овој пат ќе успееме да добиеме поддршка од сите политички партии бидејќи одлуката за промена на Изборниот законик треба да се донесе со консензус. Го иницираме оваа прашање за да не се доведеме во ситуација пред изборите в година големите партии повторно да се договорат и донесат козметички промени. На 30 септември имаме закажано средба со премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на оваа тема. Сметаме дека СДСМ ќе си стои на ветувањето што го даде пред изборите и ќе ја поддржи иницијативата. Нашиот предлог е испратен до сите политички партии, а средби очекуваме и со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, вели Поповска.Повеќе на Макфакс

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still209

Фрчкоска ќе бара Јанева повторно да биде јавен обвинител, оти никој не докажал дека земала „Рекет“ со Боки 13

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во вечерашното гостување на 360 Степени рече дека за неа е спорно што во образложението за разрешување на Јанева се користи терминот „незаконито дејствие“, а како што вели Фрчкоска, незаконите дејствие може да биде докажано само со судска пресуда.-Јас очекував да ја разрешат од функцијата специјален јавен обвинител. Спорна е одлуката со која таа е разрешена од функцијата јавен обвинител во Гевгелија и како тоа беше поистоветено со разрешување од специјален обвинител. За мене е спорна употребата на терминот незаконито дејствие, бидејќи тоа се одредува само со судска пресуда. Ниту Советот на јавни обвинители, ниту Парламентот не можат да утврдат незаконитост, вели Фрчкоска.

Македонија | пред 6 години

mickoski-novo-selo

Мицкоски за „Рекет“, Јанева и СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за МИА посочува дека на власта не и одговара да се донесе законот за јавно обвинителство и дека СДСМ сака да го закочи целиот процес затоа што сакаат да имплементираат правно насилие во пресметката со политичките неистомисленици.По последната лидерска средба немало официјална комуникација на ниво на претседатели на партии помеѓу него и претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, а лидерска е можна ако претходно се постигне приближување во ставовите на двете страни.Очекува добивањето на датум за отпочнување преговори, но вели нема да биде вообичаено како што било за другите земји, туку дека ќе биде некој условен помеѓукомпромис.Во интервјуто за Мицкоски говори и за неговите очекувања за случајот „Рекет“, посочувајќи дека не бил повикан во обвинителството откако кажа дека поседува документи од укажувач за случајот, за преземањето на случаите од СЈО и состојбите во правосудниот систем воопшто, одговара зошто опозицијата бара предвремени избори на пролет, за актуелните состојби во партијата, за нивните следни теренски активности и средби со граѓани, но и за тоа како ќе ги натераат граѓаните да излезат воопшто на гласање по бројните избори во изминатите години и гласањето за референдум и разочарувањето од политичките елити што финишираше со случајот „Рекет“ и притворот за Катица Јанева.Пред неколку дена во јавноста излегоа неколку информации дека веќе имате одредени предлози за јавен обвинител. Разговарате ли со одредени потенцијални кандидати?Тоа е уште една концепциска разлика помеѓу нас и СДСМ што ние се грижиме за процесите, а тие се грижат за персоналните решенија. И токму тука имаме повторно определени разидувања, затоа што ние сакаме процесите да бидат законити и уставни. За нив тоа не е важно. Гледате имавме нарачи настапи, стендап настани од страна на некои познати експерти, аналитичари кои велат дека некогаш треба и да се прекршат законите и Уставот за да се реализира некоја политичка цел. Јас не се согласувам. Како човек сум легалиста и за нас се важни процесите кои се темелат на безусловно почитување на законот и Уставот. За нив е важно колку вработените, роднините, соседите на вработените во СЈО да останат на работните места, да може да се продолжи со политичкиот терор, да може да биде овој или оној бивш обвинител што ќе го заштити Заев и семејството Заеви и останатите од врхушката на СДСМ од потенцијалниот криминал. За нас тоа е од второстепено значење, бидејќи како што кажав, борбата за правото и правдината се безусловни, а истовремено безусловна е и почитувањето на законот и Уставот. И тука имаме сосема различен концептуален пристап на работите. Доколку ме прашувате дали сме разгледувале некои имиња, воопшто немаме разгледувано имиња. Не, немаме, категорички ги отфрлам сите оние шпекулации во јавноста. Практично оној што треба да се бори против лажните вести гледаме дека е главен генератор на лажни вести, тоа сето го расеменуваа по медиумите и има за цел да создаде лажна слика, бидејќи имаат медиумска доминација. Имаме сведочења од многу луѓе како се однесува овој криминален октопод на власта кон медиумите, така што би заклучил конечен одговор на вашето прашање – да за процеси, законити и уставни, не за персонални решенија. Тоа е токму намерата на спротивниот табор, условно кажано во преговорите – претставниците на СДСМ да гледаме како да ги заштитиме сите оние полуактивисти или активисти на СДСМ вработени во администрацијата на СЈО, но и оние обвинители коишто му слугуваа целокупниот овој период во процесот на политички напади, политичката пресметка со политичките неистомисленици. Гледате впрочем главната обвинителка каде се наоѓа денеска, притвореничката и можеме да дојдеме до еден заклучок којшто е се поприсутен денеска во јавноста дека СЈО е формирано за да се нападне ВМРО-ДПМНЕ, а истовремено дел од вработените гледаме првата таму го користела практично СЈО, односно постојат сомнежи дека го користела СЈО за рекетирање на бизнисмени и уцена на политичари.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Ландов, Јордановска и Петровиќ до Џафери: Пратениците ќе ги истражуваме и во иднина, а Вие не мешајте се во уредувачката политика

Пред и по објавувањето на истражувачката сторија на „А1он“ за кириите на пратениците кои доаѓаат од внатрешноста, новинарите беа изложени на постојан притисок од страна на политички кругови. Пратениците реагираа дека со нашата посета во становите што ги изнајмуваат им била нарушена безбедноста и приватноста, а со слична реакција денеска излезе и претседателот на Собранието, Талат Џафери.Објавената истражувачка сторија е од јавен интерес, со оглед на тоа што станува збор за станови изнајмени со државни пари, а никаде не се објавени адресите каде што живеат пратениците.Народните избраници по се изгледа забораваат кои се и кого претставуваат. Тие вршат јавна функција и треба да се подготвени да бидат под лупа на јавноста кога станува збор за трошење буџетски пари, особено кога постојат сомнежи дека не живеат во становите кои ги плаќаат, па дури и се сместени во сопствени, кои не се пријавени на нивно име.Ниту од пратениците, ниту од претседателот на Собранието нема да бидеме поколебани во намерата да ги објавиме и останатите делови од истражувачката сторија. Џафери, наместо да ги охрабри институциите и медиумите да испитаат дали во овој дел се вршат злоупотреби, тој се меша во уредувачката политика и во слободата на изразувањето, а со тоа и ги загрозува нашите права како новинари, за што ќе бидат известени и сите меѓународни институции.Во оваа прилика, го потсетуваме Талат Џафери да ни ги достави и сметките кои тој и неговиот кабинет ги потрошиле по ресторани и кафеани, барање кое вторпат го доставуваме до Собранието, а немаме целосен одговор.Предраг Петровиќ, главен и одговорен уредник на „А1он“Мери Јордановска и Кристијан Ландов, автори на сторијата Повеќе прочитајте на А1он.мк

Македонија | пред 6 години

67399914_2284157735039242_2429865451220631552_n

Немав лични контакти со Боки 13, не ме интересираше како се финансира 1ТВ, рече Дескоска

Министерката Рената Дескоска негира дека имала лични контакти со Бојан Јовановски, познат како Боки 13 кој е осомничен во случајот „Рекет“. Според неа, таа била на настани организирани од 1ТВ, а контактите биле службени.„Моите лични контакти со Бојан Јовановски не постојат. Единствено сум била на два настани кои биле организирани од 1ТВ. Со вас имам многу повеќе контакти, а со него биле службени. По повод отворање на телевизијата и едногодишнина на телевизијата. Кога не поканивте вие на годишнина од емисијата, баш со министрите се нашаливме дали треба да ве прашаме како се финансира емисијата или дали смееме да одиме или не“, рече Дескоска во емисијата „360 степени“.

Македонија | пред 6 години

deskoska-boki-13-640x446

Дескоска: Разочарана сум од Јанева, се виде дека решението на Груевски е погрешно

Министерката за правда, Рената Дескоска, во емисијата „360 степени“ рече дека е разочарана од ексшефицата на СЈО, Катица Јанева.„Сум разочарана. Исто како што сум разочарана од многу работи кои што ги слушнавме во бомбите кои ги презентираше Заев во време на опозиција. Тоа се аномалии кај одредени луѓе, но и системски. Треба да се посветиме во барање на заштитни механизми. Видовме дека дури решението во пржинскиот процес го наметна Груевски, дека само специјалниот јавен обвинител смее да потпишува и да носи одлуки, е погрешно решение. Тоа концентрираше моќ кон едно одредено лице, а тоа е потрешно“, рече Дескоска.

Македонија | пред 6 години

tramp-melanija

Заев, Османи, Филипче и Димитров ќе се видат со Трамп и Меланија

Премиерот Зоран Заев, вицепремиер Бујар Османи и министерите за надворешни работи, здравство и животна средина Никола Димитров и Венко Филипче и Насер Нуредини, од 23 до 28 септември ќе учествуваат во работата на Генералното собрание (ГС) на Обединетите нации во Њујорк, кое оваа година се одржува по 74-ти пат.Заев и министрите во делегацијата ќе учествуваат во работата на форумите во рамките на четирите самити кои оваа година се организирани, во Самит за климатските промени, Самит за универзален пристап до квалитетни здравствени услуги, Самит за целите за одржлив развој и Самит за финансирање на развојот.Програмата на премиерот Заев предвидува официјална средба со Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и присуство на приемот на покана од претседателот на САД Доналд Трамп и сопругата Меланија, по повод одржувањето на 74-тото Генералното собрание на ОН.Интензивната програма на премиерот Заев и на делегацијата на Владатана  Македонија на овој настан од глобални димензии, е исполнета и со голем број билатерални средби и учества на настани и дискусии во организација на шефови на држави или влади, како и во организација на тинк-тенк и други меѓународни организации и академски и медиумски институции.Официјалното обраќање на претседателот на Заев на Генералното Собрание на Обединетите Нации е предвидено за 28 септември, во претпладневната сесија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Трамп испраќа војска во Саудиска Арабија, можен е воен судир

САД планираат да испратат војска во Саудиска Арабија по неодамнешните воздушни напади на нејзините нафтени погони, кои придонесоа да се намали светското снабдување со нафта. Министерот за одбрана Марк Еспер изјави дека ова распоредување има дефанзивен карактер, не откривајќи ја бројката на војници.Хутските бунтовници од Јемен, кои се поддржани од Техеран, ја презедоа одговорноста за нападите со дронови и проектили минатиот викенд, но САД и Саудиска Арабија го посочија Иран како виновник.Истовремено, Доналд Трамп изјави дека ќе има нови санкции кон Иран, но и дека би сакал да избегне воен судир. Тој кажа дека санкциите ќе бидат од највисоко ниво и ќе се фокусираат на иранската централна банка и на независните фондови на земјата.„Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати побараа наша помош. Американските сили ќе ја засилат одбраната од воздушни и ракетни напади и ќе ја забрзаат доставата на воена опрема за двете држави“, изјави Еспер.Тој потврди дека воени удари на Иран сега не се опција.

Свет | пред 6 години

grehrjtdzdk-196814

Лицето кое го хакираше системот на Централен регистар обвинето за кривично дело

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика поднесе кривична пријава против Љ.Ј.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.Во периодот од јануари до септември 2019 пријавениот, како управител на деловен субјект од Скопје, кое со Централниот регистар на Р.С.Македонија имало склучено договор за користење на дистрибутивниот систем, недозволено автоматизирано извршувал системски команди кои му овозможувале за исти производи и исти податоци од претходно направените нарачки да прави нови нарачки во позадински систем и од него да добива нови податоци.Притоа, тој целосно ги заобиколувал контролите за наплата, односно податоците од нарачките ги добивал без надомест, со што го оштетил Централниот регистар на Р.С.Македонија за 33.402.238 денари.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Југо удрило во мотор во Прилеп, едно лице со тешки повреди од сообраќајката

На 20.09.2019 околу 19.00 часот на крстосница од улиците „Марксова“ и „Тризла“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ж.Н.(29) од Прилеп и мотоцикл „трува“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од Прилеп.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во болницата во Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

motor

Тешка сообраќајка: Тешко повреден моторциклист

На 20.09.2019 во 11.15 часот на крстосница од магистралниот пат Штип-Делчево и ул.„Гоце Делчев“, на влез во с.Тркање, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел тигра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(37) од Кочани и мотоцикл „хонда“ со кочански регистарски ознаки, управуван од 17-годишен малолетник од с.Соколарци, кочанско.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

carsija-cinar-turisti-ohrid-lugje

Пријави за три лица кои краделе низ куќи во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.С.(27) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторени две кривични дела „кражба“, три дела „тешка кражба“ и две кривични дела „тешка кражба во обид“, против С.С.(49) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „помагање“ и против Ѓ.Б.(47) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени шест кривични дела „поттикнување“.Во периодот од 11 август до 9 септември 2019, пријавениот одземал пари ,мобилни телефони и други вредни предмети од куќи и апартмани во Охрид. За време на извршувањето на кражбите, второпријавената С.С. вршела обезбедување и набљудување на просторот околу куќите, додека третопријавениот Ѓ.Б. со возило ги превезувал и ги чекал на договорени места.

Македонија | пред 6 години

Gasen-pistol-i-preparati-za-potencija-mobilna

Претреси во Чаир: Одземени куршуми и пиштол

На 20.09.2019 во Полициската станица Бит Пазар бил приведен Н.З.(70) од Скопје. При претрес во неговиот дом на ул.„196“ во Чаир, извршена со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол непозната марка и една рамка со осум куршуми непозната марка и калибар.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Скопје | пред 6 години

marihuana-vo-torba

Млад скопјанец уапсен бидејќи сосебе носел марихуана

На 20.09.2019 во 13.50 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Јане Сандански“ во Скопје од слобода го лишиле С.Д.(24) од Скопје поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Прегазена 40-годишна жена во скопско Маџари

На 20.09.2019 во 10.30 часот на ул.„Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.В.(47) од Скопје, удрило во пешакот Б.Ѓ.(41) од Скопје.Во незгодата, Б.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

boki-13

Боки 13 повикан на распит кај Русковска, ќе треба да каже каде се милионите

Бојан Јовановски познат како Боки 13 е повикан да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковска за случајот „Рекет“ каде е првоосомничен, дознава „Скопје 1.мк“ од извори во одбраната. Тој ќе треба да биде спроведен од затворот „Шутка“ до Обвинителството за организиран криминал, за Русковска да проба да извлече повеќе информации од него, а пред се, да се открие каде се милионите земени од оштетениот Орце Камчев.Според истрагата, наводно бизнисменот Орца Камчев на Јовановски и на Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“, во кој Камчев ја има улогата на осомничен, а според обвинителството, и Јанева била дел од пазарот.

Македонија | пред 6 години

Screenshot_5

(ВИДЕО) Пратениците со нов начин за заработка: Собранието плаќа станови за пратениците, а тие не седат таму

Ги намалија патните трошоци, па сега преку кириите во Скопје им ги полнат џебовите на своите роднини и пријатели. Со новите одлуки на Собранието, тринаесет пратеници од внатрешноста ја искористија можноста наместо пари за патни трошоци, да добијат стан под кирија до 400 евра, плус платени сметки до 100 евра.Истражувањето на „А1он“ покажа дека дел од нив становите ги изнајмуваат од роднини и пријатели, а за дел постојат сомнежи дали воопшто живеат во становите што ги плаќа државата.Ане Лашкоска од Прилеп е пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ осум години. Од ноември минатата година, со новите одлуки на Собранието, таа е една од оние што ја искористи можноста да добие стан под кирија.Ова е зградата во скопската населба Аеродром, кој го изнајмува Лашкоска – станот од 65 квадратни метри се води на Марија Келтаноска, сестра на снаата на Лашкоска.Кога „А1он“ го посети станот, вратата ни ја отвори сопственичката Келтаноска, која рече дека во својот стан е дојдена на гости, а дека тука всушност живее пратеничката.„Тука живее Ане Лашкоска. Моментално е на работа, јас сум ѝ братучетка. Приватна работа е дали јас ѝ го изнајмувам станот, не можам да ви го кажам тоа. Не го плаќа државата, тоа се приватни работи. Јас сум моментално на гости тука и не можам ништо да ви кажам, ја знаете Ане, слободно обратете ѝ се“, рече Келтаноска и ни ја затвори вратата.ЦЕЛАТА СТОРИЈА НА А1ОН.МК ВИДЕТЕ ЈА ТУКА

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања