Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

janeva-ruskovska

Јанева во вторник ќе дава исказ пред Русковска

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Данаилова-Фрчкоска, во интервју за „360 Степени“ откри дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева повторно ќе се појави пред обвинителката Вилма Русковска која го води предметот „Рекет“.Повторно е повикана. Во вторник ќе дава исказ, рече Данаилова-Фрчкоска.Целото интервју подгледнете го тука.

Македонија | пред 6 години

Irena-Frckoska1

Фрчкоска: Снимките не може да бидат докази во „Рекет“, прибавени се на незаконит начин

Ирена Данаилова-Фрчкоска, aдвокатка на Катица Јанева, во интервју за „360 Степени“, зборуваше за доказите кои и биле презентирани против Јанева од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, велејќи дека и биле презентирани селектирани докази.По она што го видов, од материјалните докази не произлегува било каква инволвираност или индиции на постоење на основано сомнение дека Јанева го сторила делото кое и се става на товар, вели Данаилова-Фрчкоска .Запрашана за снимките во кои се слуша како Јанева директно комуницира со осомничено лице во предмет за којшто СЈО води истрага, таа рече дека тие разговори ги толкуваат во насока на изјавата на Јанева, односно дека се работело за евентуална соработка како сведок во друга постапка.Данаилова-Фрчкоска вели дека ќе треба да се види дали снимките воопшто ќе може да бидат искористени како докази во кривичната постапка.Целиот текст на 360 СТЕПЕНИ

Македонија | пред 6 години

PSP_29

Игри со бројки со платите во СЈО

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева и другите обвинители во Специјалното јавно обвинителство никогаш јавно не излегоа и не соопштија колкави се нивните плати и примања во институцијата што беше формирана да ја врати правдата во Македонија. Сега кога институцијата е обезглавена и кога веќе не постои, сѐ погласни се шпекулациите колку потрошило ова Обвинителство за пет години и колку пари зеле обвинителите што работеа таму. Најгласна е опозициската партија, чии функционери сѐ уште се под обвинение во случаите коишто ги отвори СЈО, а сега веќе продолжија во редовното Јавно обвинителство.ВМРО-ДПМНЕ тврди дека за четири години Специјалното јавно обвинителство извлекло 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошиле за плати и хонорари за обвинителите. Претходно претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврдеше дека СЈО потрошило 15 милиони евра пари од даночниците, а истото го тврди и пратеникот Антонио Милошоски, кој вели дека биле потрошени и плус пари од донации од Холандската, Американската и Шведската амбасада. Иако во јавноста официјално не беа соопштени платите на обвинителите, сепак од извештаите на Специјалното јавно обвинителство може да се пресмета колку пари биле потрошени во изминативе години.Според извештаите на СЈО, кои се објавени на веб-страницaта на институцијата, во 2015 година Обвинителството потрошило 220 илјади евра за плати и надоместоци. Во 2016 година биле потрошени два милиони евра, во следната 2017 година биле потрошени 2,6 милиони евра. Во следните две години институцијата потрошила повеќе пари, односно во 2018 година се потрошени 3,1 милион евра, а во оваа година, која уште не е завршена, се потрошени 3,7 милиони евра. Според овие податоци, СЈО досега потрошило вкупно 12 милиони евра.Повеќе на Независен Весник

Македонија | пред 6 години

aerodrom-1-219117

ТАВ ќе ги прошири аеродромите во Скопје и Охрид

Се очекува бројот на патници од 640.000 колку што изнесуваше во 2009 година  до крајот на годинава да достигне 2,7 милиони.  Изминатите 10 години инвестирале 120 милиони евра во аеродромоска инфраструктура и развој и платиле 47,4 милиони евра за концесиски такси и даноци. Дестинациите што ги опслужуваат на двата аеродрома се зголемени од 15 на 44 и планираат нивно проширување за што се во тек преговори со авиокомпании.– ТАВ  е одлучен дека и натаму ќе продолжи двоцифрениот пораст на бројот на патници и оти ќе продолжи да го развива Скопскиот аеродром како главен центар за авиосообраќајот на Балаканот, рече раководството на компанијата денеска на прес-конференција во Бодрум за македонските новинари.Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на холдингот ТАВ аеродроми најави дека на крајот на сезоната почнуваат активности за проширување на Скопскиот и на Охридскиот аеродром, во што ќе вложат 10 милиони евра. Тие пари се дел од планираните 45 милиони евра што  требаше да ги вложат во карго аеродром во Штип но се пренаменети откако испитувањата покажаа дека нема можности за реализација на таков проект.Со останатите 35 милиони евра ќе се спроведат инфаструктурни проекти, за што треба  да добијат листа од Владата. Кога ќе го добијат списокот, како што велат, ќе почнат да ги инвстираат парите. За таа цел Владата треба да го промени Законот за концесија, на што се работи, подготвени се сите договори и треба да се заокружи  ратификацијата.Во долгорочните планови на ТАВ  по истекот на следните 10 години во кои ќе менаџираат со аеродормите, согалсно со тековниот 20-годишен Договор за концесија е да продолжат да оперираат со аеродромите во Скопје и во Охрид. Законот дозволува концесија до 35 години. За продолжување на концесијата и по нејзиниот истек во 2030 година планираат да почнат преговори за натамошни инвестиции и да добијат дополнителни 15 години.– Секако дека ова нема да биде бесплатно, треба да имаме и други инвестиции на аеродромите и да ја подготвиме Македонија за некој иден развој затоа што забележува добар пораст. Оваа година очекуваме пораст од три проценти, вашиот БДП е зголемен, тоа е особено добро. Ќе бидете земја членка на ЕУ и  многу  работи ќе се сменат, што значи дека ќе мора да ги подготвиме аердромите за идниот пораст што треба да се случи во Македонија, рече Шенер.Главниот извршен директор на ТАВ Македонија Алпер Ерсој најави дека со 10 милиони евра ќе ги прошират терминалните на аеродромите во Скопје и во Охрид каде планираат и други новини.Доколку добијат дозвола ќе ја срушат старата пристанишна зграда во Скопје и ќе изградат нов терминал или ќе го прошират постојниот. Планираат да отворат 10  дополнителни шалтери во затворената област од Скопскиот аеродорм, неколку  места каде авиокомпаниите ќе продаваат билети, како и просторија за пушење.Со бројката од 300.000 патници веќе се исполнети капацитетите на аеродормот во Охрид.– Ќе треба да го зголемиме бројот на порти, да имаме повеќе чек ин шалтери и подобро движење на патниците низ аеродромот.  Аеродоромите се првото и последното место каде патниците  добиваат одреден впечаток за државата. Кога ќе го прошириме терминалот во Охрид ќе имаат многу подобар впечаток за државата, потенцира Ерсој.Од ТАВ го повторија ставот дека за уште поголем развој на авиосообраќајот е потребен национален авиопревозник. – Авиосекторот во Македонија напредува многу добро, а нам ни треба национален авиопревизник. Се надевам ќе имаме бизнисмен или Владата ќе се  одлучи да воведе национален авиопревозник затоа што на овој начин ќе помогне многу на економијата, посочи Шенер.Во однос на можностите за воведување директни летови со Америка, од ТАВ велат дека тоа за авиокомпаниите е многу скапо поради различното место на потенцијалните патници и оти бараат финансиска поддршка.– Тие се многу конзервативни во поглед на трошоците, бараат на тој начин еден вид поддршка од Владата, некакви субвенции  или слично. Кога ќе дојдеме до најдоброто време и најдобрата формула ќе можеме да почнеме со такви летови. Авиокомпаните сакаат патници  во текот на целата година, а не само во лето. Северна Америка е малку  посложен случај но ќе работиме на тоа,  можеби локални компаниии ќе треба да воспостават некаква соработка, истаканаа од ТАВ.ТАВ аеродорми, на скопскиот и на охридскиот аеродром,  имаат 1 100 вработени, од кои 70 проценти работат во ТАВ Македонија, другите во нивните сестрински.На двата аеродрома  во државава во првите осум месеци од годинава се превезенеи 1,8 милиони патници (1.774.482) за 12,1  процент зголемување на годишно ниво. Реализирани се 14.744 летови или за 9,9 проценти повеќе на годишно ниво.Холдингот ТАВ аеродроми потпиша 20-годишен договор за концесија со Владата во септември 2008 година, а стартуваше со менаџирање на аеродромите во Скопје и Охрид во март 2010 година. Според раководството на ТАВ, успехот на пазарот во изминатите десет години е резултат на одличната соработка со Владата и сите институции од воздухопловната индустрија, нивните деловни партнери коишто работат на двата аеродрома и патниците за користење на аеродромите

Македонија | пред 6 години

trud-i-socijala

Жените со навршени 60 и мажите со 62 години ќе работат по 6 часа – платата им останува иста

Во министерството за труд и социјална политика во тек е изготвување на Законот за работни односи чие донесување е планирано за годинава.Според информациите предвидено е да се овозможи намалување на работното време за повозрасните работници без притоа да имаат намалување на платата.Се предвидува жените работнички со навршени 60 години старост да работат 6 часа, но ќе ја задржуваат целата плата до пензија, а истото ќе важи и за мажите работници со навршени 62 години.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still254

(ВИДЕО) Инцидент кај дивоградбата во Охрид

Предмалку во Охрид се случи инцидент во кој учествувала група граѓани која неофицијално јап редводел советникот Нефи Усеини и Полицијата која асистира при уривањето на дивоградбата на улицата Марко Нестороски во Охрид.Групата се собрала и се обидела да го прекине уривањето на објектот, но полицијата ги сопрела во обидот.Како што може да се види на лице место, улицата остана затворена за сообраќај околу половина час, а околу објектот се присутни полицајци опремени со панцири и оружје.Граѓаните на Охрид од сите националности и вери даваат силна поддршка на акцијата која ќе продолжи натаму, и која ја доживуваат како воскреснување на државата наспроти узурпаторите и лицата кои важат за недопирливи пред законите.Акцијата ќе продолжи на рестораните и плажите вдолж езерскиот брег и во урбаната зона на ОхридДел од видео снимките направени на лице место ги објавуваме заматени, заради заштита на идентитетот на полицајците кои асистираат.

Македонија | пред 6 години

1451145940731

Плажите во Охрид работат на диво без да платат концесија

Сите плажи на охридското крајбрежје работат на диво, без договори за концесија склучени со Општина Охрид, дознава „А1он“. Ниту едно физичко или правно лице во текот на 2019 година не плаќало за користење на плажите. Од почетокот на годинава, сосе летниот период кога Охрид е преплавен со туристи, па досега, сите што ги користеле плажите имале профит од езерото, но не и обврска да плаќаат за концесија бидејќи договорите им биле истечени.Според информации на „А1он“, последниот договор за концесија истекол во 2018 година. Оттогаш па наваму Општина Охрид нема објавено повик за стопанисување со плажите. Градоначалникот Константин Георгиевски најави дека повик за концесии ќе има во јуни, но по реакцијата на УНЕСКО и по барањето мораториум во Охрид, од Општината изјавија дека не може да распишат повик за стопанисување.ПОВЕЌЕ НА А1ОН 

Македонија | пред 6 години

nefi-ik-960x560-e1568979350812

Во СДСМ се прашуваат зошто Нефи Усеини не е во затвор ?

За да се сруши дивата бетонската база на Нефи Усеини се бараат пари од Министерството за финансии, односно, се бараат народни пари за да се плати за криминалот на некоја битанга, реагира поранешниот функционер на СДСМ, Ивор Мицковски, на веста дека во Охрид почна уривањето на првата дивоградба.– Значи кај правел личен профит, а со него веројатно и ИВЗ, него и за да му се сруши криминалот, треба пак пари, народни, државни. Па зошто не е овој човек во затвор?! Зошто некој да се мачи во оваа држава да тера легален бизнис, да плаќа плати, даноци, зошто човек да оди на работа и чесно да заработува, кога имаме илјадници и илјадници вакви политички заштитени будали кои додека дигаат нелегални бизниси, ни рушат се останато во државава. Зошто овој човек не одговара за своите криминали?!, прашува Мицковски.Аналитичарот одговара на своето прашање – Затоа што е под политичка заштита, знаеме.– Алоооо Бујар, оди да посетиш докај Нефи и Мерко да видиш што се дешава, нублер еден. Оооо Али, замисли да имаше криминал во ДУИ, што ли ќе ви правеа?! Абе срамота бе, кримоси гадни ни водат држава, не застапуваат пред светот, а светот уште ги тапша по рамо, додека ние им ги полниме џебовите, вели Мицковски.ВИДЕО ОД АКЦИЈАТА ЗА УРИВАЊЕ НА КУЌА ДИВОГРАДБА ГРАДЕНА ОД НЕФИ УСЕИНИ

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still253

(ФОТО) Падна таван во гимназијата во Охрид

Дел од таванот во една од училниците во средното училиште „ Свети Климент Охридски“ во Охрид паднал по поројниот дожд кој вчера го погоди градот.Нема повредени ученици , а денес во училиштето наставата се одвива нормално.Гимназијата во Охрид е градена во време на Османлиската империја, а последно е реновирана во 2007 година кога е препоркиена и доградено е поткровје.ДОЖДОТ КОЈ ГО ПОГОДИ ОХРИД ВЧЕРА

Македонија | пред 6 години

boki-2

Претседателката на Меѓународниот сојуз: Не знам кај се парите

Претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика два часа даваше исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.На излегување таа се обиде да ги избегне новинарите и излезе од задниот излез на Обвинителството за организиран криминал, а не од влезот каде што ја чекаа новинарите.На новинарско прашање дали знае дека Боки 13 работел незаконски Агапи одговори само кратко „не“, не коментираше ниту што била повикана во Обвинителството.На новинарско прашање дали знае каде завршиле парите кои биле уплатени на сметка на Меѓународниот сојуз Агапи исто така само кратко одговори „не“.

Македонија | пред 6 години

IMG_20190920_113849-696x522

Лиле, Фатиме и Бурим пристигнаа кај Русковска

Обвинителите Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми пристигнаа во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, додека шефицата Вилма Русковска испрашуваше сведоци за истрагата „Рекет”.На прашање на новинарите, да не дошле и тие за „Рекет“, обвинителката Фетаи кусо посочи дека се дојдени за предметите.Повеќе на Фокус.мкФОТО: ФОКУС

Македонија | пред 6 години

Screenshot_2

ВИДЕО: „Летаат“ ќерамиди од дивоградбата која се руши во Охрид

На улицата „Марко Несторовски“ во Охрид се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.

Македонија | пред 6 години

69893606_384791649124722_6549337089266155520_n

ФОТО: Се урива првата дивоградба во Охрид

На улицата „Марко Несторовски“ во Охрид се урива првата дивоградба за која општината претходно издаде решение. Станува збор за куќа која се гради и покрај тоа што нема решение за градба. Пред десетина дена на истата локација беа уапсени неколку градежни работници кои мешаа малтер, бидејќи граделе и покрај забраната.Куќата е обиколена со полиција, а нема трага од сопственикот. Неофицијално, според извори на „Скопје 1“, изведувач на градбата била фирмата „Нефи ИК“ чиј сопственик е Нефи Усеини.

Македонија | пред 6 години

protest-rosoman-lozari

(ВИДЕО) Кавги меѓу министерот Димовски и Трипуновски на протестот кај Росоман

Трајан Димковски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, вчера упадна на протест на лозари со блокада на патот Прилеп - Градско кај Росоман.  Таму беше и претседателот на Комисијата за земјоделство на ВМРО-ДПМНЕ Цветан Трипуновски, кој беше обвинет од Димковски дека го организира протестот без да се произнесат кои се проблемите и барањата. Трипуновски пред групата рече дека е дојден на блокадата за да даде поддршка, а не за да ја организира.Земјоделците побараа оставка од министерот кој се затекна на протестот, а од владеачкиот СДСД потоа излегоа со соопштение дека се работи за присутни членови на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци, пратеничката Весна Пемова, секретарот на ОК Кавадарци, членови и претседателот на УМС Кавадарци, вработени во администрацијата, а предводени од Трипуновски.Димковски потоа реагираше дека Трипуновски во иднина сака да биде министер за замјоделство, односно да дојде на неговата позиција.„Да поддржуваш протест, а да не знаеш зошти си таму, е мои земјоделци токму оваа лице сака да ви биде министер за земјоделство во Влада на ВМРО ДПМНЕ.Изборот е ваш“, напиша Димковски на социјалните мрежи.Трипуновски пред присутните го повика на ТВ-дуел за актуелните случувања во земјоделството, а Димковски го прифати предизвикот и му порача да одбере време и телевизија. 

Македонија | пред 6 години

zaev-1-1

Владата влегува во војна со дезинформациите, пропагандата и медиумското уништвање личности и семејства

Властите им објавија војна на  лажните вести, пропагандата и дезинформациите.Премиерот Зоран Заев, на првиот состанок на акционата група за координирање на проектот, рече дека трендот на ширење шокантни вести и лаги не само што ја поткопува демократијата, туку и шири нетолеранција дома и во регионот.Пропагандата, дезинформацијата и ефтините псевдо-новинарски приказни поттикнуваат омраза и насилство, создаваат параноја и заговор, ја поткопуваат демократијата и националната безбедност. Тие не е слободен говор. Напротив, тие имаат за цел да манипулираат со граѓаните, да уништуваат поединци, да создаваат конфликти. Затоа мора да научиме да правиме разлика меѓу лаги и конструктивни критики, што е сојузник во нашата работа, рече Заев.Заев посочи дека имало најмногу примери за лажни вести за време на Договорот од Преспа со цел да се минира истиот.Претседателот Стев Пендаровски рече дека ова е светски феномен и за да се надмине, потребно е да се вклучат сите фактори, вклучително и медиумите и граѓаните.За претседателот на парламентот Талат Џафери, транспарентноста на институциите е клучна во борбата против дезинформациите.

Македонија | пред 6 години

Lav

(ВИДЕО) Ловот татко се запознава со младенчето

Зоолошката градина во Денвер објави снимка на која лавот се запознава со своето младенче.На неа се гледа како тригодишниот татко лавот Тобиас се спушта на предните нозе за да се поздрави со сè уште неименуваниот наследник роден на 25 јули.ABC News✔@ABCMEET THE FAMILY: Adorable lion cub meets his father and big sister for the first time at Denver Zoo, Colorado. https://abcn.ws/34xxwUZ 7,2967:48 AM - Sep 11, 2019Twitter Ads info and privacy1,230 people are talking about thisВидеото го објави телевизиската станица „Денвер 7“. 

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Измени во режимот на сообраќај поради „Велосипедско дефиле“

Во Скопје денеска ќе има изменет сообраќаен режим поради велосипедското дефиле „Ден без автомобили“ што се организира во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.Дефилето го организира Град Скопје, а ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот ВМРО, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8 Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Скопје | пред 6 години

ucebnici

Кои учебници фалат во основното образование?

Дури 36 учебници во моментов недостигаат, односно не постојат во основното образование. 20 од нив се во постапка на одобрување, а 16 се одобрени и ќе се печатат во наредниот период. А дистрибуцијата на постојните учебници треба да заврши до крајот на месецов, најавуваат од МОН.Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК.

Македонија | пред 6 години

krevet-700x525

(ФОТО) Телевизор и кревет фрлени во Вардар

Актерката и активистката за чиста животна средина Ирена Ристиќ на нејзиниот Фејсбук профил објави фотографии од телевизор и кревет фрлени во реката Вардар„Ој, Вардаре македонски… ти ја красиш Македонија“, напиша Ирена во прилог на фотографиите.

Скопје | пред 6 години

DSC_7700

Давитков до раководството на КФМ: Господ гледа се и враќа

Откако денес Перо Антиќ соопшти дека репрезентацијата ќе има нов селектор, селектор на Македонија, Јорданчо Давитков се огласи на својот фејсбук профил.„Размислував дали воопшто вреди да се пишува нешто сега кога се огласија после четири месеци, но бидејќи секогаш сум бил максимално отворен за јавноста морав да напишам неколку збора!Се сеќавам пред околу три години кога ми се јавија од кошаркарската федерација за селектор, беше време на „СВИ ЈУНАЦИ НИКОМЕ ПОНИКОШЕ И У ЦРНУ ЗЕМЈУ ПОГЛЕДАШЕ“, и нормално јас како и секогаш без калкулации прифатив да помогнам и иако репрезентацијата скоро и да не постоеше, почнав да ги собирам играчите, да ја градиме повторно атмосферата и да се обидеме да се вратиме каде што бевме. Беше тешко, недостасуваа за првата акција 7-8 играчи од различни причини, но издржавме, полека се комплетиравме и успеавме.Во тоа време разговарав и со Антиќ бидејќи уште беше играч, да помогне колку може. Неговиот одговор беше „Јоцо што се замараш со „ОВИЕ“ (играчи) оди си во Дубаи на плажа и одмарај„. И не помогна ни една секунда. За разлика од него јас продолжив да се занимавам со „ОВИЕ“ и од никаде чекор по чекор, собир по собир ја градевме атмосферата и стигнавме на чекор до Европското првенство. Стигнавме до првото место во двете предквалификации и поради тоа бевме во третиот шешир“.Да не се занимавав со „ОВИЕ“ кога никој не СМЕЕШЕ и немаше м..а за тоа. И стигнував на собирите патувајќи и по 10.000км за неколку дена, стигнував иако поради тоа раскинуваа договори, стигнував и кога по три ноќи по ред спиев во авион, но стигнував да го направам она за што се нафатив и иако многу мои пријатели на почетокот ми велеа дека сум луд што го правам тоа. Успеав од никаде да ја вратам атмосферата во репрезентацијата, да се комплетираме и да бидеме на чекор до ЕП.Затоа те молам не покажувај дека репрезентацијата и „ОВИЕ“ се битни за тебе и федерацијата. Долго сум во кошарката, повеќе од 40 години за да може да се проголта.Јас секогаш на секоја работа приоѓам чессно и без калкулации и секого може да го погледнам во очи и да продолжам со дигната глава а тоа е НЕПРОЦЕНЛИВО особено кога се поздравуваат со тебе а им е срам да те погледнат во очи.Се распишав многу и овде го кажав само овој сегмент а има многу за пишување али мора да се оди и на плажа...На играчите им посакувам многу успех и да продолжат каде застанавме. А на раководството... господ гледа се и враќа“, напиша Јорданчо Давитков.

Коментари | пред 6 години

katarina-ivanovska-20-1200x545_c

Се породи манекенката Катарина Ивановска

Македонската манекенка Катарина Ивановска  по втор пат стана мајка.Таа доби ќерка, која ќе се вика Кира.Кира е второ дете на популарната манекенката и на нејзиниот сопруг Цобе. Тие го имаат синот Вања, кој неодамна наполни 2 години.

Магазин | пред 6 години

jadransko-more-crna-gora-1

На листата меѓу 40 најубави земји во светот се најдоа и Хрватска, Словенија и Црна Гора

Хрватска, Словенија и Црна Гора се наоѓаат меѓу 40 најубави земји во светот, според критериумите на списанието „Conde nast traveller“.Овие три држави од регионот се нашле на листата заедно со некои најпопуларни светски дестинации, како што се Нов Зеланд, Костарика, Австралија, Кенија, Тајланд и Јапонија.Списанието ја опишало Хрватска како земја „со преубави пештери, брдовити полиња и бели песочни плажи“.За Словенија пишува дека е земја која има различни понуди – од Алпите, преку езерото Блед до прекрасни зелени шуми.А Црна Гора е опишана со зборовите на писателот Бајрон – „најубавата средба на земјата и морето“.

Магазин | пред 6 години

pozar-3

Кочовски: Надлежните да ги фатат тие што палат и соодветно да ги казнат

Цела вечер пожарникарите ја поминаа на терен. Шумски пожари, од кои уште е активен пожарот во Коњаре. Депонии, стрништа…и поради недостаток на луѓе останаа на работа и денес, напиша на „Фејсбук“ Владимир Кочовски, командир на противпожарната единица во Скопје.„Може да се каже дека се бескорисни вака преморени, ама знам дека ако има следна интервенција ќе дадат се од себе. Како тоа ќе се одрази по нашето здравје не знам?!Десетина камиони се на поправка. Се троши игромна количина на гориво…Туку друго ми беше муабетот.Не можам да се обратам на тие што палат и да им кажам да не го прават тоа. Се обраќам до сите надлежни да излезат на терен. Да ги фатат сторителите, и да бидат соодветно казнети. Да има полициски патроли, патроли на шумска полиција кои превентивно би делувале. Дронови…Се изгоре…дрво нема да остане по планините. Она што не изгоре го испосекоа, се уништија… Доста е…“, порача Кочовски.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still251

(ВИДЕО) Улиците во Охрид поплавени по силниот дожд

По топлото лето и долгата суша Охрид попладнево е погоден од силно невреме со интензивни врнежи од дожд кои ги поплавија улицте низ градот.ВИДЕО

Македонија | пред 6 години

elektronska-karta-za-gradski-avtobus-D-Andonovski-1-696x484

Персонализирани картички „Скопска“ имаат 4-годишен рок, граѓаните ќе треба да дадат 200 денари за да ги заменат

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека треба да ја заменат персонализираната електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност.„Рокот на важност согласно одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје број 07-10504/1 од 22.12.2015 година изнесува 4 години од издавањето, дека истата треба да ја заменат како би го користеле превозот.Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот“, велат од ЈСП.Од таму додаваат дека замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката и изнесува 200 денари.„Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка. Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација“, соопштија од ЈСП.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања