Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tepacka-4

Тепачка во центарот на Скопје

На 19.09.2019 околу 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на угостителски објект пред Театар Комедија, по претходна расправија, едно лице физички го нападнало С.С.(24) од Скопје.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Полицијата фати 8 мигранти на автопатот Гевгелија - Скопје

На 18.09.2019 околу 21.00 часот на автопатот Гевгелија - Скопје, кај местото викано „Први тунели“, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало. Набргу, според пријавеното, во близина на бензинска пумпа кај Демир Капија од возилото се истовариле осум лица, за кои при проверка било утврдено дека се мигранти од Пакистан. Тие биле предадени во Транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

soobrakajka1-1

Камион удрил во 68-годишна скопјанка

Вчера во 15.20 часот во Градската општа болница „8-ми Септември“ – Скопје, E.С.(68) од Скопје пријавила дека околу 10.40 часот на ул. „Љубљанска“ била удрена од товарно возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, при што Е.С. се здобила со тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Технички неисправни возила вршеле јавен превоз на патници

Вчера во периодот од 08.00 до 12.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници. Притоа, кај две возила биле констатирани технички неисправности и тие биле соодветно казнети. Санкционирани се и 15 останати прекршоци.Исто така во периодот од 08.00 до 12.00 часот СВР Тетово спроведе акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници. Притоа, кај 12 била утврдена техничка неисправност (ТЕ-6 и ГВ-6) и сите биле исклучени од сообраќај. За сите нив се поднесени  соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

pino

Девојката која го уби Пино ќе се суди за свирепо и смислено убиство

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за кривично дело  – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 22 (соизвршителство) од Кривичниот законик.На 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Ваквиот предлог обвинителот го темели особено на опасноста обвинетата да се даде во бегство, соочена со кривична одговорност за тешко кривично дело, како што тоа го направил соизвршителот кој се уште е недостапен на органите на прогонот. Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело.

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Давидовиќ тврди: Обвинителството има цврсти докази против Филипче и Дончев

На денешната прес конференција, адвокатот Звонко Давидовиќ кој е правен застапник на Вера Стојчева, истакна дека вчера поднеле кривични пријави против министерот за здравство Венко Филипче и директорот на фондот за здравство Ден Дончев.Давидовиќ вели дека тие како правен тим вчера доставиле дел од доказите со кои тие располагаат до основното јавно обвинителство, а останатите докази ќе ги дадат кога ќе побара обвинителството. Во доказите е доставена комуникацијата на министерот Филипче со директорот на шведската фирма, Диаверум.Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и буџетот на Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Македонија | пред 6 години

crvenkovski-gruevski

Колев: Ниту една земја во регионот нема доживотни привилегии за поранешните претседатели

Претседателот на Граѓанско-демократската унија (ГДУ), Петар Колев, денеска реагираше за високите претседателски привилегии кои ги дава Македонија на поранешните шефови на држави.Како што посочи тој, во ниту една земја во регионот нема доживотни привилегии за поранешните шефови на држави и повика што поскоро да се донесат законски измени со кои ќе се намалат пензионерските претседателски привилегии.– Ова е проблем кој се провлекува со години, но очигледно дека ниту кај ВМРО-ДПМНЕ, ниту кај СДСМ постоеше желба да се реши. Во Собранието имаше една ваква иницијатива, но и двете партии не дадоа поддршка. Гледаме дека и овој пат молчат. Привилегиите мора да се скратат, а дел од парите кои се даваат за експретседателите предлагаме да се пренаменат за операции во странство – вели Колев.

Македонија | пред 6 години

sjo

Во сабота ќе се договараат да го вратат од кома мртвото СЈО

Во Сабота работните групи ќе направат нов обид за договор за Законот за јавно обвинителство.Во текот на изминатите денови одржани се неколку неформални средби но партиите и натаму остануваат на своите позиции и не отстапуваат од црвените линии.Опозицијата инсистира тие да предложат шеф на обвинителството но начинот на нивно селектирањето е  оспорен од СДСМ.Предлозите на ВМРО ДПМНЕ може да бидат основа за преговори но постојат разлики кои се однесуваат на градење независно обвинителство кое ќе гони висока корупција, особено што нема гаранции дека ќе се избере квалитететн независен обвинител велат од министерството за правда .ВМРО ДПМНЕ негира. СДСМ според нив биле тие кои не сакале да се донесе законот.СДСМ останува на ставот дека Вилма Рускоска не треба да се смени пред истекот на нејзиниот мандат.

Македонија | пред 6 години

uploads_thumbs_resize_800x420_375461

„Северна“ ќе се печати и на банкнотите од 10 и 500 денари

Народна банка склучи договори за набавка на нови 10 и 500 денари. Како што претходно и беше најавено, во текот на печатењето на новите банкноти ќе се менува името на државата.„Потребно е да се заменат буквите НБРМ со НБРСМ и текстот Народна Банка на Република Македонија со текст Народна Банка на Република Северна Македонија секаде каде што се појавуваат“, стои во Договорите.За набавка на 20 милиони парчиња во апоен од 10 денари Народната Банка ќе плати 971 илјади евра, а за 15 милиони парчиња од 500 денари ќе плати 587 илјади евра. Банкнотите ќе се печатат во Велика Британија и Франција.Парите ќе се заменуваат постепено, односно со повлекувањето на оштетените парчиња.

Македонија | пред 6 години

Google-Chrome-1

ВИДЕО: Децата во Албанија учат дека Косово е Србија

Во албанските учебници по географија за основно училиште во Косово, Република Косово е претставена како дел од државата Србија, пренесува „Клан Косова“.Оваа грешка предизвика вистинска бура во Косово, а поединци отидоа дотаму што заклучиле дека на овој начин е доведен во прашање и суверенитетот на државата Косово.Како што пишуваат албанските медиуми, ова е своевиден скандал, а со оглед на тоа дека ова не се единствените грешки во учебниците од овој вид, некои наставници се обратиле до Министерството за образование. 

Свет | пред 6 години

dubrovnik

Милион туристи го посетиле Дубровник за девет месеци

Дубровник денеска го пречека милионитиот посетител за оваа година – Британката Нејла Парсон, која во хрватскиот град престојува со својот сопруг. Локалните власти очекуваат дека до крајот на годината градот ќе го посетат приближно исто туристи како лани – 1,3 милиони.Нејла ја купила влезницата денеска наутро, што е четири дена подоцна од лани. Таа е на меден месец со сопругот, а во Дубровник ќе останат два дена. Локалните власти ѝ подариле сувенири, цвеќе и шише сортно вино.„Навистина сум изненадена. Во прв момент не знаевме што се случува, мислевме дека сме направиле нешто. Пријатно се изненадивме. Сите кои го посетиле Дубровник ни кажаа дека е прекрасен, па и нам ни беше на врвот на листата на дестинации за посета. Не сме разочарани, навистина ни се допаѓа“, рекла Нејла.Бројката од милион посетители првпат е надмината на 13 октомври 2016 година.

Свет | пред 6 години

49948075_282787959078136_8610624802379530240_n

Собранието почнува со ребаланс на буџетот

Во Собранието од денеска почнува расправата по ребалансот на буџетот за 2019 година. Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот е точка на дневен ред во матичанта собраниска Комисија за финансирање и буџет.Според предлогот вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари. Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот буџет, односно е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари или 2,5 проценти од БДП.Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ…

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

20 луѓе се убиени, а 95 се ранети во Авганистан

Најмалку 20 луѓе се убиени, а 95 се ранети во експлозија на камион бомба пред болница во јужен Авганистан, соопшти владин претставник. Одговорноста за нападот ја презеле талибанците. Меѓу повредените се неколку жени, деца, здравствени работници и пациенти во болницата.Цел на нападот била зградата на разузнавачката служба која била во близина, во покраината Забул, рекле талибанците кои речиси секојдневно вршат напади откако пропаднаа мировните преговори со САД.Милитантите сакале да ја нападнат базата за обука на авганистанската Национална управа за безбедност, но го паркирале камионот полн со експлозив пред влезот на болницата, рекол друг извор од министерството за одбрана.

Свет | пред 6 години

2019-09-18-merkel-brnabic

Меркел не го сака Вучиќ, си се среќава со премиерката на Србија

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ е во посета на Берлин по третпат за помалку од една година, но ова е прва официјална посета. Некои аналитичари проценуваат дека германската канцеларка Ангела Меркел затоа што Александар Вучиќ не го сработи својот дел од договорот, бара алтернатива во Ана Брнабиќ, пишува денес „Дојче веле“.Иако премиерката на Србија е чест посетител на Берлин, а со германската канцеларка се гледа доволно и на меѓународни конференции, вчерашната посета на Берлин е нејзина прва официјална посета на германската метропола повеќе од две години по нејзиното доаѓање на чело на српската влада. Некои аналитичари проценуваат дека тајната на оваа „доцна посета“ лежи во односот на канцеларката со претседателот на Србија.Долгогодишниот дописник за германската новинска агенција ДПА во Белград, авторот и публицист Томас Бреј, во пресрет на средбата во Берлин изрази мислење дека Меркел во премиерката Брнабиќ бара алтернатива за дијалог со Вучиќ.– Вучиќ не го изврши својот дел од премолчениот договор меѓу Белград и Западот и не ги доведе српско-косовските односи на посакуваното ниво, додека, пак, Западот повеќе или помалку молчи за катастрофалната состојба во судството и медиумите во Србија. Затоа што Вучиќ не го изврши својот дел од договорот, Меркел сега бара алтернатива во директен дијалог со премиерката Брнабиќ – рече Бреј.

Свет | пред 6 години

smilkovsko-ezero-zrtvi

Наместо да ја реши мистеријата за „Монструм“, во судницата се слушаше гатачка и мајка Нада

Јавноста конечено ги слушна долгонајавуваните „бомби“ за случајот „Монструм“ кои требаше да ја расветлат вистината за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, но не се слушна ништо суштинско во ниту една од нив. Вчера во судницата не се слушнаа ниту мотивите ниту кој стои зад грозоморното убиство, а единствено можеше да се слушнат озборувачките муабети меѓу поранешните функционери и како поранешните коалициски партнери, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, го користеле овој случај за добивање политички поени.Она што можеше да се дознае за убиството беше дека наводно било извршено професионално, од радикални структури кои се обучувале во странство, а нивни ментори наводно биле Шукри Алија и Алмир Дрпљанин. Целата операција за апсење ја водела Управата за безбедност и контраразузнавање и „телефонистот“, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков, бил особено горд на брзото откривање на убијците. Целата операција се водела во консултации со американската амбасада, а со нив се правеле консултации и за изјавите кои се давале во јавноста.На вчерашното рочиште дојдоа родители на убиените момчиња. Кај нив се уште постои сомнеж дека некои разговори се скриени и не можат да сфатат како Министерството за правда не може никако да ги екстрадира првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Ним не им беше лесно да слушаат како политичарите се пазареле со петкратното убиство, но и потврдата од тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска дека „досега во историјата на Македонија немало потежок случај, па ниту во за време на војната“ бидејќи во еден ден беа убиени петмина невини цивили. Полицијата набргу ја најде „опел омегата“, автомобилот со кој се превезувале убијците, но за сите соговорници за „Монструм“ е зачудувачки што автомобилот бил оставен и не бил запален за да се уништат сите биолошки траги. Поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во еден од разговорите објаснува дека убиените деца биле мирни и дека постариот рибар бил убиен бидејќи бил сведок на нивното убиство. За убиството информации од прва рака, односно од директорот на УБК, добива и бизнисменот Орце Камчев кој муабетите ѝ ги пренесува на новинарката Оливера Трајковска. Неговите информации се дека станува збор за професионалци кои повозрасниот рибар го убиле додека се пакувал, со калашников на оддалеченост од 30 метри. Двајцата соговорници анализираат дека станува збор за вахабисти и дека на овие структури мозокот им го перат некаде во странство.Извор: Независен.мк

Македонија | пред 6 години

bujar-osmani-696x396

Османи откако направи увид во двојазичноста се шета во Германија, еве со кого се среќава

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамки на неговата турнеја по европските метрополи, денеска е во работна посета на Сојузна Република Германија на средба со германскиот државен министер за Европа и претставник на СР Германија во ЕУ, Мајкл Рот.Централна тема на средбата, како што соопшти неговиот кабинет, ќе бидат европските интеграции на Република Северна Македонија, во насока на поддршката од страна на Владата на Сојузна Република Германија за одлуката за старт на преговорите во октомври, за која Бундестагот ќе расправа на седница на 26-ти септември.Од Берлин, вицепремиерот Османи ќе отпатува за Варшава, каде ќе остари средби со државниот секретар за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Полска, Конрад Шимански, а ќе се сретне и со министерот за надворешни работи на Република Полска, Јацек Чапутович.Централна тема и на средбите во Полска ќе бидат европските перспективи на Република Северна Македонија, и поддршката во пресрет на одлуката за почеток на преговорите на Самитот на ЕУ во октомври.Посетите на Берлин и Варшава преставува дел од европската турнеја на вицепремиерот Османи, за посета на европските метрополи, а во пресрет на октомвриските состаноци на Советот на Европската Унија.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Јанева ќе си остане во затвор, судот не ја ослободува

Наместо укинување на притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет”, како што побара нејзината одбрана, Кривичниот суд вчера на предлог на Обвинителството и го продолжи за уште 30 дена. Од друга страна, пак, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески почна со делегирањето на предметите и враќањето на  обвинителите на СЈО во судница.Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска завчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка велејќи дека се отпаднати основите за определување мерка притвор со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија.-Целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија, изјави Фрчковска за МИА.

Македонија | пред 6 години

15319053_1396453280374134_3127127661503074983_n

Еве што го мачи Милошоски

Рекет2: Поднесена кривична пријава против директорот на ФЗОМ Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Имало ли изнуда на пари, месечни транши и пат до Струмица “кај Благајникот со брада”? Дали и колку @Zoran_Zaev бил во тек со уценувањето на сопственикот од МК и инвеститорот од Шведска, дали го пријавил Рекет2 кај обвинителката и зошто не?!https://www.facebook.com/Antonio.Miloshoski/posts/2735168869835895

Македонија | пред 6 години

selfi-610x361

Димитров ќе се пресмета со подземјето во Македонија откако ќе почнат преговорите со ЕУ

Шефот на македонската дипломатија синоќа во соочувањето со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски порача дека власта ќе се пресмета со подземјето после одлуката за добивање на датум за преговори со ЕУ.Министерот за надворешни работи Никола Димитров уште еднаш нагласи дека на никаков начин не е вмешан во случајот „Рекет“.„Обидот со лаги да ме извалкате или да ме „пикате“ во „Рекет“ е безобразен. Јас немам милиметар со таа приказна“, рече Димитров и потоа најави дека после одлуката за датумот за преговор со Европската унија, Владата ќе започне пресметка со подземјето, но и со скандалите околу „бомбите“.„Планината што доаѓа по датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето. Тоа што излезе од бомбите го немаме сериозно чепнато и ќе го чепне оваа власт“, порача Никола Димитров.Меѓу другото, министерот Димитров истакна дека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ шири лаги и создава конфузија кај народот во Македонија, наместо суштински да се заложи за земјава да добие датум за преговори.Од друга страна, Николовски порача дека се надева на позитивни вести во врска со одлуката за добивање на датум, но исто така нагласи дека моментално има доза на резерва поради однесувањето на владата.

Македонија | пред 6 години

crvenkovski11-696x462

Сиромашните граѓани и натаму ќе ги плаќаат канцелариите на Иванов и Црвенковски

Владата ќе продолжи да им дава пари за закуп на канцеларии на поранешните претседатели на Македонија, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов.Владиниот портпарол Муамет Хоџа вчера изјави дека додека не се измени законската регулатива за правата и привилегиите, тие ќе постапуваат согласно постојните закони.„Владата на Република Северна Македонија делува во согласност со позитивните законски одредби. Ако има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. Додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон, така и ќе се применува“, изјави Хоџа.

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_3

„Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат?“

Истрагата во случајот Рекет е фарса, која има за цел да го одвлече вниманието на јавноста од Зоран Заев и врвот на власта, без кој милионскиот рекет и воопшто не би бил можен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.-Случајот е пријавен уште во април, по што требаше да се случи медиумски притисок за власта да се реши да жртвува две пипки од октопот, Боки 13 и Зоки Кичеец, само со цел заштита на Јанева и Заев. На Јанева смислено и беше оставен 1 месец откако беа уапсени Боки 13 и Зоки Кичеец, за истата да има доволно време да сокрива докази и да влијае врз сведоци и истрагата, како би се уништиле трагите кои водат кон неа к кон главата на октоподот – Зоран Заев. После месец дена откако Јанева е во притвор, истрагатa тапка во место. Нови приведени нема. Има само најави од владата за формирање тим и наводна акција на УЈП со задоцнување од три месеци, се наведува во партиското соопштение.Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Што е тоа што Русковска и Заев не сакаат граѓаните да го дознаат“?-Дали се работи за тоа каде завршувале парите и за што тие биле трошени!? Дали се крие дека можеби парите завршиле на Илинденска и со нив е финансирана кампањата на Стево Пендаровски!? ЈО со ваквиот начин на работа само дополнително се компромитира. Граѓаните очекуваат ефективна и ефикасна истрага. Импровизации на сметка на правната држава не смее да има. Никој, па ни Заев не смее да биде поштеден. За нормално функционирање на државата потребен е пад на оваа власт. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

lence-ristoska

Ленче Ристовска ќе ги гони Груевски и Божиновски за изградбата на белата палата

Со овластување на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО „Талир 2“ пред Кривичен суд.Судење кое е закажано за денеска претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите.Во случајот „Талир 2“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, иако правното лице во времето на обезбедување на услугата имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на законот за политички партии, законот за финансирање на политички партии и законот за облигациони односи.

Македонија | пред 6 години

han-zaev-2-36l3ledj0e1is34f73qfi8

Бугарија ќе има нови услови за поддршка на Македонија ако сакаме преговори со ЕУ

Бугарија треба да ја поддржува Северна Македонија во евроинтеграцијата, но не на сметка на бугарската историја и идентитет, кажал претседателот Румен Радев на средба со бугарските претставници во Мешовитата мултидисциплинарна експертска комисија за историски образовни прашања меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.Радев им изразил благодарност на членовите на комисијата за досегашните резултати на Комисијата, но искажал и загриженост од тоа што последниот состанок во Софија заврши без напредок за спорните прашања. – Напредокот во вашата работа е основен критериум за исполнувањето на Договорот за добрососедство. Последната средба на Комисијата создава неспокојство. Темпото на напредок во работата на Комисијата заостанува зад развојот на процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија. Следниот месец може да биде клучен во нашите односи, зашто Советот на ЕУ може да донесе решение за започнување на преговорите за членство со Северна Македонија. Ако вие можете да дадете гаранција дека за еден месец Комисијата ќе ги реши сите спорни прашања, тогаш бугарската Влада може да продолжи со политиката на безусловна поддршка на членството на Северна Македонија во ЕУ. Но, ако не може да се даде таква гаранција, Владата треба да преземе конкретни мерки и да заземе нова позиција со јасни критериуми за заштита на бугарскиот национален интерес кои ќе ја засегаат и преговарачката рамка за Република Северна Македонија.Нема да допуштиме нерешени меѓусоседски проблеми да бидат внесени во нашето европско семејство, кажал Радев. Во меѓувреме, пак, поддршка за отворање на преговорите на ЕУ со Северна Македонија изрази бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. На средбата со претседателката на Комисијата за надворешна политика на албанскиот Парламент, Мими Кодели, Захариева истакнала дека Софија е еден од најголемите поддржувачи на идејата Скопје и Тирана да ги почнат преговорите со ЕУ во октомври. Ќе биде историска грешка ако двете земји бидат раздвоени и не ги почнат преговорите за членство, нагласила Захареива. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Пресврт на времето денес

Времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец, информира УХМР. Утринската температура ќе се движи од 8 до 15, а дневната од 20 до 28 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен северн ветер. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 24 степени.Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на места ќе се спуштат и до нула степени.

Македонија | пред 6 години

BeFunky-collage-20

НОВА АФЕРА: Кривични пријави за Венко Филипче и Ден Дончев за стопирање инвестиција од Шведска

Против директорот на Фондот за здравство Ден Дончев и против актуелниот министер за здравство Венко Филипче е поднесена кривична пријава, во која оштетената скопјанка Вера Иванова тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување според член 353 од Кривичниот законик. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра - јави Плусинфо.мкСлучајот ѝ е делумно познат на македонската јавност, но од аголот на државните функционери, кои, според оштетената, презеле криминални дејствија за да го одвратат реномираниот светски провајдер на услуги на полето на дијализата, шведската компанија „Диаверум“, од намерата да инвестира во Македонија. Тоа, според пријавата, го сториле на начин што прво ја довеле странската компанија во заблуда дека нејзиниот локален партнер, приватната здравствена установа „Диамед“, фирма ќерка на правното лице „Метрополитен“ (во сопственост на Иванова), е под кривична истрага, а потоа и успеале да предизвикаат некакви истражни дејствија, со кои нанеле дополнителни штети.Подносителот на пријавата, чиј правен застапник е адвокатското друштво Давидовиќ и Јанковиќ, тврди дека Дончев, како организатор на кривичното дело, како и Филипче, како негов помагач, при своите постапки не се раководеле од државните интереси, туку од намерата да стекнат лична имотна корист. Дополнително, оштетената Иванова тврди дека со нивните дејствија е нарушен нејзиниот беспрекорен углед граден со долгогодишна макотрпна работа во здравствениот сектор, а оштетен е и угледот на државата која се бори за привлекување странски инвестиции. На Јавното обвинителство, каде што е поднесена пријавата, е да оцени дали овие сериозни обвинувања се точни.За што, всушност, станува збор? Што содржи оваа несекојдневна кривична пријава?Од Заев поддршка, од Дончев – студен туш?!Целиот текст прочитајте го на ПЛУС ИНФО

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања