Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Тешка сообраќајка во Аеродром, автомобил удри во мопед - возачот во лоша состојба

На 17.09.2019 во 15.35 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(48) од Скопје и мопед „сим“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(62) од Скопје.Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Т. и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

drva-1

Четири лица уапсени поради кражба на дрва од шума во Гостивар

На 17.09.2019 околу 15.00 часот во атарот на с.Горна Бањица, гостиварско, полициски службеници во координација со претставници од ЈП„Национални шуми“ и на Шумска полиција, ги затекнале А.И.(47), А.Ќ.(43), М.С.(47) и К.Б.(51) од селото, кои на трактор товарале огревни дрва за кои не поседувале документи.Сите четири лица биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, додека возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција.

Македонија | пред 6 години

ulica-koli

Приведен 25-годишен скопјанец сред Центар, полицијата му пронашла марихуана

На 17.09.2019 во 22.55 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Јордан Мијалков“, го привеле Д.Р.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

skopje-panoramska

По полноќ уапсени тројца млади скопјани, пронајдена дрога кај нив

На 17.09.2019 во 21.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Перо Наков“, го привеле Н.Т.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 18.09.2019 во 04.20 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Трета македонска бригада“ ги лишиле од слобода А.Н.(33) и М.А.(21), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 18.09.2019 во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ф.В.(19) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

voz

Воз усмртил пешак кај булевар „Србија“ во Скопје

На 17.09.2019 околу 22.00 часот на железничка пруга, пред надвозникот на бул.„Србија“, воз кој сообраќал на релација Битола - Скопје удрил во пешакот Н.М.(31) од Скопје, кој починал на местото.Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

70259260_2313676925397171_6287799144585101312_o

(ФОТО) Елементи за цело купатило извадени од Охридско Езеро

Нуркачот Никола Паскали продолжува со вадење елементи од куптаило од дното на Охридско Езеро. Денес тој на Фејсбук постира фотографии од умивалник кој е најден и извлечен од дното на езерото. Претходно јавноста гледаше како беше извадена када и други елементи од купатилото.Охрид градот на просветата во среден век, денес во 21 век останува зацементиран како престолнина на простаклукот, примитивизмот и безумието.Постот на Паскали:Diving Center Akvatek УМИВАЛНИКОТПродолжуваме со доопремување на апартманот...Умивалникот е лоциран на длабочина од 5 метри, над Мостот на Желбите, изваден и депониран на соодветно место.With mu friend James Muller from UKПоздрав...Никола Паскали 

Македонија | пред 6 години

Renata-Deskoska-nov-min-za-pravda-1-bg_resize

Дескоска вели дека Милошоски е комичар: Критикувате закон кој вие сте го гласале

Министерката за правда Рената Дескоска го искоментира потегот на пратеникот Антонио Милошоски да му напише писмо на амбасадорот Самуел Жбогар, во кое се жали дека власта се обидува да инсталира политички подобни судии и обвинители.-Јас вечерва во Театар Комедија, а Милошоски пишува комично писмо до амбасадорот Жбогар. Критикува решенија од Законот за Академија на судии и обвинители кои постојат и во сегашниот закон, донесен во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за кои самиот гласал. Ама сигурно не се сеќава! Тие беа гласачка машинерија во Собранието која веројатно не ги ни читаше законите кои ги гласаа. Како беше она “горди послушници”?! Вистинска #комендија, наспроти убавата #комедија вечерва во театарот!, напиша министерката Дескоска на фејсбук.

Македонија | пред 6 години

mkd-436341

Македонците бараат македонскиот јазик да биде службен во Албанија

Македонско друштво „Илинден" од Тирана, ја поддржува Резолуцијата за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија, усвоена на третиот конгрес на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграцја (МАЕИ), одржан на 7 септември во Тирана.„Делегатите на третиот Конгрес на МАЕИ, со изгласувањето на Резолуцијата за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија останаа доследни на барањата за почитување на правата на Македонците во Република Албанија,за што во континуитет се залага и друштвото 'Илинден'“, стои во соопштенето на друштвото.Во исто време, се бара МАЕИ целосно да се ангажира точките од Резолуцијата да се реализираат и ги повикува Македонците во Албанија „да ја поддржат Македонска алијанса за европска интеграција како единствен пат за остварување на правата на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во цела Република Албанија“.„Овој значаен документ, содржи 27 точки во кои се наведени барања за остварување на легитимните права на Македонците, а што секако ќе ги оствариме само со тесна соработка меѓу сите нас Македонците во Република Албанија и нашите здруженија“, се посочува во соопштението.

Свет | пред 6 години

IMG_8756

Во овие скопски училишта во едно одделение учат и по повеќе од 30 првачиња

Најавите дека нема да има паралелки со повеќе од 30 првачиња не се остварија во сите основни училишта во земјава. Носењето на новиот Закон за основно образование, кој предвидува бројот на деца во една паралелка да не е поголем од 30, не се совпадна со времето кога тие се формираат. Во некои училишта формирале одделенија според старото, а во други - според новото законско решение. Така, сè уште има основни училишта со паралелки со над 30 дечиња.Од Министерството за образование и наука се категорични дека одредбите во новиот Закон за основно образование според кои во една паралелка може да има од 20 до 30 ученици почнуваат да важат од оваа учебна 2019/2020 година и се однесуваат за новозапишаните ученици во прво одделение.Прочитајте повеќе на ДЕЦА.МК

Македонија | пред 6 години

klimatski-promeni

Природниот гас ги забрзува климатските промени

Независниот тинк тенк Енерџи Воч Груп во својот последен извештај предупредува дека употребата на природен гас не претставува одржлива алтернатива за животната средина и ги забрзува климатските промени.Енерџи Воч е меѓународна мрежа на научници и парламентарци чија цел е да понуди анализи и информации поврзани со енергетската политика.Извештајот објавен вчера се фокусира на природниот гас кој често се смета за прифатлива енергетска алтернатива на јагленот и нафтата, но експертите предупредуваат дека тој всушност не помага за заштитата од климатските промени, напротив.-Природниот гас не може да придонесе за заштитата на климата. Поради високиот отпечаток на метан, природниот гас не е климатска алтернатива за другите фосилни енергии и поради тоа не претставува технолошки мост како дел од транзицијата кон енергетски систем со нула емисии, стои во заклучоците на последната студија на Енерџи Воч.Меѓународната мрежа предупредува дека природниот гас ги забрзува климатските промени поради емисиите на метан, но и дека неговата употреба создава пречки за користењето на обновливи извори на енергија.Енерџи Воч жали што во политичките и јавните дебати се претставува природниот гас како добра можност за намалување на емисиите на ЦО2, што, според нив, не е вистина бидејќи ваквата анализа не ги зема предвид “неприфатливо високите емисии кои се должат на дополнителните емисии на ЦО2 и метан во ланецот на снабдување на природниот гас“. 

Магазин | пред 6 години

50442145_275959669736159_3959850110497587200_n

Измените на законот за Академијата за судии и јавни обвинители пред пратениците

Во Собранието на Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија.На дневниот ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање и за Годишниот извештај на Народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2018 година.Единствена точка на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија, пак, ќе биде расправата за Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители, во прво читање.

Македонија | пред 6 години

makedosnki-vojnik

Војници од Македонија и Хрватска ќе презентираат како се пука со пушка

Припадници од баталјонот за почести од Армијата на Македонија и припадници од почесната чета на Вооружените сили на Република Хрватска денеска ќе имаат заеднички настап пред трговскиот центар „Бисер“ во населбата Аеродром на кој ќе презентираат изведби на строева извежбаност во работа со пушка.Присутните ќе имаат прилика да ја проследат познатата точка на македонските гардисти „Егзерцир“, додека хрватските гардисти ќе се претстават со своја воено-акробаска вежба, а кратка изведба ќе има и воениот оркестар на Армијата.Активноста се спроведува врз основа на билатералната воена соработка за изведување на заедничка обука меѓу двете армии, а ова е прв пат припадници на овие две гардиски единици да имаат заеднички настап.

Македонија | пред 6 години

Oliver-Spasovski-Koco-Angjusev-Nikola-Dimitrov-1-bg_resize

Анѓушев, Царовска и Адеми заминаа во Швајцарија за да видат како се образуваат и обучуваат

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за образование и наука Арбер Адеми престојуваат во работна посета  на Швајцарија каде се запознаваат со швајцарските искуства за стручно образование и обука.Како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Анѓушев, за време на работната посета во Берн, што се реализира на покана на Владата на Швајцарија, тие ќе се сретнат со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражувања и иновации и со заменик државниот секретар за надворешни работи Кристина Марти Ланг.Владината делегација ќе има можности да се запознае со швајцарскиот модел на учење преку работа за време на презентации кои ќе бидат извршени од стручни лица во Државниот секретаријат за истражувања и иновации во образованието, Швајцарската конференција на кантонски министри за образование и Швајцарското здружение на машински и електротехнички индустрии.

Македонија | пред 6 години

120190520_080018

Сончево и топло со температури до 35 степени

Времето претпладне ќе биде сончево, а преку денот и понатаму многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири по должина на Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 6 до 14, а максималните од 27 до 35 степени. Поради високите температури утре на југоистокот ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.Во Скопје утре претпладне ќе биде сончево и топло, а од пладне ќе почне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Температурата ќе биде во интервал од 12 до 29 степени.В четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу 8 степени. В петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Македонија | пред 6 години

66585173_2902346009782403_878459122863833088_o

ФОТО: Ова е имотот што го нуди Катица Јанева за да излезе од затворската ќелија

За да излезе од притвор во кој заврши поради случајот „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, како гаранција нуди недвижен имот, пишува „Е-магазин.мк“Телевизијата Телма објави дека Јанева нуди три стана за да се брани од слобода, а информацијата за телевизијата ја потврдила нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, која вели дека се работи за недвижности кои се нејзина и сопственост на фамилијата на Јанева.Колкава е точната вредност на имотот кој го заложила Јанева за сега не е познато, а во нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување на корупција има одредени проценки на истиот.Во текот на изминативе четири години Јанева направила само една промена во анкетниот лист, односно купила половно возило.Задолжена со кредити: Каков имот пријавила Катица Јанева?еМагазин неодамна пишуваше со каков се имот располага Јанева.Според нејзиниот анкетен лист, таа на име на децата пријавила, два стана во Скопје од 72 и 68 метри квадратни, стекнати со договор за подарок.На свое име пријавила куќа во Гевгелија од 371 метри квадратни, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Конско.На свое име пријавила и возило Ровер 45, а на име на децата возила Голф 4 и Ауди А6.Пријавила и неколку денарски депозити и кредитни картички на свое име и на име на децата.Интересен детал од нејзиниот анкетен лист е дека пријавила четири кредити, еден на име на децата, а три на свое име, кои се уште се исплаќаат.На свое име пријавила кредити од 1,7 милиони денари, 1,9 милиони денари и 3,6 милиони денари, а два од нив треба да ги исплати до 2034 годиниа. Ги зела во периодот од 2014-2015 година.Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

Македонија | пред 6 години

17092019_PRSM-Tusk_bilateralna-sredba_1-1

Исполнети се сите услови, на ред е ЕУ - ќе има ли преговори или Туск е голем оптимист?

Во Брисел не постои сомнеж во однос на политичката обврска на Северна Македонија кон владеењето на правото и борбата против корупцијата, порача вчера во Скопје претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, и рече дека во последните две години сме направиле сè што се очекувало од нас за да може да се почнат преговорите за пристап во ЕУ.– Напорите на земјата беа извонредни во последните години. Заедно издржавме една од најтешките миграциски кризи. Северна Македонија го помина овој тест подобро од многу членки на ЕУ. Најдовте решение на драматичните политички кризи во вашата земја. Преку вашите договори со Бугарија и со Грција вие станавте шампиони на политичката зрелост во регионот. Тоа е импресивно и меѓународно признато постигнување, што не треба да биде занемарено од лидерите на ЕУ, рече Туск.Порача да продолжат реформите, дека ќе биде потребно многу трпение, но оти нема сомнеж дека земјата има квалитети да го направи тоа.Премиерот Зоран Заев, пак, увери дека обврските за спроведување на понатамошните резултати продолжуваат, особено во областа на владеењето на правото, како и дека случајот „Рекет“ е силен тест за судството и за успех на реформите.Заев е убеден дека земјата е подготвена да ги совлада предизвиците што доаѓаат со отворањето на преговорите. Тој очекува на состанокот на Советот на ЕУ на 15 октомври со кој ќе претседава Туск да биде донесена одлука за почеток на преговорите без одложување.

Македонија | пред 6 години

zagaduva-skopje

Владата ќе чека невладините организации да им дадат идеи како да се справат со загадувањето

Отворен ден за иницијативи од невладините организации за намалување на загадувањето на воздухот ќе организира денеска Владата од 13:30 часот.Целта на настанот е владини претставници да ги слушнат идеите на граѓанскиот сектор во насока на консултација за Програмата против аерозагадување 2020.Најавени се обраќања на  заменик-министерот за животна средина  Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и претставничката на „Еко свест“, Ана Чоловиќ.

Македонија | пред 6 години

fetai

Фатиме и Бубевски денес ќе продолжат со „Монструм“ на суд

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, „Монструм“ на СЈО.Судијата Огнен Ставрев минатото рочиште го одложи поради состојбата со Специјалното обвинителство, за која рече дека се надева оти за неколку дена ќе биде јасна и дека на следното ќе се слушаат разговорите од „бомбите“.Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера ги овласти довчерашните обвинители во СЈО Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски и натаму да го застапуваат предметот „Монструм“.Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да бидат изведени околу 3.900 разговори, кои беа предложени како дополнителни докази од СЈО.За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Македонија | пред 6 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Здравствените работници ќе бараат да престане насилството од страна на пациентите - протестот ќе се одржи денес

Под мотото „Стоп за насилство врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар ќе се одржи протест, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.Поддршка на протестот најавија и министерот за здравство Венко Филипче, Синдикатот на Клинички центар, како и членови на здруженија на здравствени работници.Филипче минатата недела најави дека професионално обезбедување ќе се грижи за безбедноста на медицинскиот персонал во дел од болниците. Како најкритички локации што се планира да добијат обезбедување се старата градска болница „Свети Наум Охридски“, Ургентниот центар, клиниките за кардиологија, за токсикологија и за психијатрија.

Македонија | пред 6 години

biznismen

Бизнисмени од државава ќе преговараат за бизниси со Косово и Албанија

Стопанственици од земјава, Косово и Албанија ќе имаат можност да ја продлабочат својата соработка на Регионалниот Б2Б настан во организација на Стопанската комора на северозападна Македонија што денеска ќе се одржи во Скопје.На настанот, на кој се предвидени два панели „Олеснување на трговијата преку институционална соработка меѓу Северна Македонија, Косово и Албанија“ и „Можностите за соработка, инвестиции и заеднички пристап на регионалните пазари и пошироко“, панелисти ќе бидат директорите на царинските управи и претседателите на стопанските комори од трите земји.Обраќање нa отворањето на настанот, како што е најавено, ќе имаат премиерот Зоран Заев и министерот за економија Крешник Бектеши.

Македонија | пред 6 години

lab1

Плажата Лабино исчистена од купиштата ѓубре

По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска спроведе акција за расчистување на дивата депонија на плажата Лабино лоцирана во делот под карпите. Поради непристапноста на теренот акцијата се спроведуваше со помош на чамец и беа ангажирани 7 комунални работници.Подигнатиот отпад со чамец е транспортиран до Грашница, а потоа со специјално комунално возило е соодветно депониран.

Македонија | пред 6 години

ivanovi

Иванов и одговори на Антикорупциската комисија: Закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Eкспретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни простории. Иванов тврди дека претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, манипулира со јавноста бидејќи, како што вели, просторот се изнајмува за 1.950 евра месечно, а не за 4.500 евра.– Договорот што го склучи Службата за општи и заеднички работи со наша согласност следи врз основа на законот. Според тоа што ни беше укажано од СОЗР тие процедурата ја спроведуваат на идентичен начин и правила кои според нивните кажувања важеле за сите поранешни претседатели. Очигледно е дека личниот анимозитет и политичките ставови се единствената причина за континуираниот обид за нанесување штета на угледот на поранешниот претседател Иванов – пишува тој на социјалните мрежи.Поранешниот претседател Иванов ја повика антикорупциската комисија да се произнесе за неговата имотна состојба и становите кои се споменуваа во јавност.

Македонија | пред 6 години

prostitucija

Мајка од Источна Македонија за 20 евра ја нудела својата ќерка на возрасни мажи

Мајка од Источна Македонија  ја принудувала малолетната ќерка на проституција за сума од 1000 до 1500 денари. Според неофицијални информации од истрагата 14 годишното девојче 3 години било жртва на сексуална злоупотреба. Истражните органи проверуваат дали детето било дел од меѓународен ланец на проституција и дали е продавано надвор од државата. Не можејќи да го издржи пеколот низ кој поминувало  девојчето неодамна само пријавило во полиција, објави Сител.мкМалолетничката во исказот се пожалила дека мајка и и нејзини познаници  на кои им должела пари ја  принудувале да има и по 3 до 4 клиненти дневно во хотели на Истокот од државата.Од МВР официјално потврдија дека работат на случајот. И Јавното обвинителство е запознаено со злоупотребата на девојчето, но засега го немаат добиено предметот со  кривичната пријава од полицијата.Текстот во целост на: Сител.мк 

Македонија | пред 6 години

mrezi

Kај с.Калишта, полицијата пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба - охридска белвица

Во периодот од 20.00 часот на 16.09 до 01.00 часот на 17.09.2019, при вршење на патролна дејност во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ во водите на езерото, на околу 300 метри од брегот, кај с.Калишта,пронашле рибарски мрежи од тип кој е строго забранет за користење, со улов на риба - охридска белвица. Мрежите биле однесени во Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“ за понатамошна постапка.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Камион со 81 мигрант излетал од пат на улицата „Железничка“ во Куманово

На 16.09.2019 во 23.00 часот на автопатот Куманово–Табановце полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало.Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот. При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите се привремено сместени во Транзитниот центарТабановце. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања