Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

IMG_4355

Иницијaтива на ФИТР и Македонската банкарска асоцијација за креирање на можности за дополнителна финансиска поддршка на домашните компании

Фонд за иновации и технолошки развој ги презентираше инструментите за финансиска поддршка на домашните компании пред членките на Македонската банкарска асоцијација во која членуват сите деловни банки и штедилници. Целта на ФИТР е поттикнување на банкарскиот сектор за поактивно вклучување во ко-финансирање на програмите за иновации и технолошки развој.Пред директорите  и членови на управни одбори на сите банки во земјава, им беа презентирани и резултатите од досегашното работење на Фондот преку анализата на спроведувањето на проектите и ефектите за домашната економија. На средбата беше дискутирано и како можностите за кредитирање од страна на банките да станат подостапни не само за корисниците на ФИТР туку и за компаниите чии предлог проекти поради ограничените финансиски ресурси на Фондот не се одобрени за финансирање, а имаат потенцијал.“Сакаме да ги видиме банките како наши партнери во поддршка на растот на македонската економија,“ изјави директорот на ФИТР, Јован Деспотовски по средбата.Претставниците на банките позитивно ја оценуваат работата на ФИТР и изразија подготвеност дека ќе ги разгледаат сите можности за финансирање, како и да се воспостави пракса за размена на информации помеѓу ФИТР и МБА за успешна реализација на овие иницијативи.Портфолиото на ФИТР во последниве две години бележи  седмоструко  зголемување во однос на бројот на  корисници од периодот 2014 – 2017 и сега брои 250 микро, мали, средни и големи домашни компании. Овие компании реализираат инвестиции во износ од околу 40 милиони евра, од кои 23 милиони се обезбедени како ко-финансирање од Владата и Светската банка. Покрај своите инструменти, поради сѐ поголемиот интерес и бројот на квалитетни проекти, ФИТР постојано работи на изнаоѓање на дополнителен извор за финансиска поддршка на домашните компании.

Македонија | пред 6 години

tamara

Тамара Тодевска за Фокус: Донацијата од Боки 13 никогаш не беше реализирана.

Од евровизиска ѕвезда која и донесе историски успех на нашата земја на престижниот музички натпревар, до, за многу кратко време личност буквално распната на крст од поголемиот дел од јавноста, по интонирањето на националната химна во американската амбасада по повод прославата за 4-ти јули, при кое како што тврди, ненамерно го изоставила стихот со Делчев, Питу и Сандански, Објави Фокус.мк.Жената со моќен вокал, која растеше на сцената под лупа на јавноста, откако за прв пат се појави на естрадата како шест- годишно девојче заедно со Маријана и Росана на фестивалот ,,Макфест”, ќе пее во Скопје, на Камениот мост во склоп на манифестацијата ,,Звуците на чаршијата”.За ,,Фокус” раскажува за бурниот период низ кој што минувала периодов, за љубовта и поддршката од семејството, за искуството од Евровизија, но и за тоа што се случило со донацијата од менаџментот на 1ТВ која ја доби веднаш по враќањето од Израел.Фокус: Кога по враќањето од Евровизија гостуваше во 1ТВ, од менаџментот на чело со Бојан Јовановски доби донација од 10.000 евра, како помош во твоето градење на интернационална кариера. Боки е твој долгогодишен пријател, очекуваше ли нешто такво од него и што се случи со донацијата, ги подигна ли средствата, ги искористи ли, или пак ќе ги донираш во некоја хумана цел?Тамара: Не би сакала да коментирам ништо околу случувањата со Бојан Јовановски. Сепак, се познавам со него подолго време и кон мене бил секогаш коректен. Донацијата никогаш не беше реализирана.

Македонија | пред 6 години

zamir

Мехмети: Османи најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме

Замир Мехмети, поранешен активист на Шарената револуција, а сега советник на генералниот секретар на СДСМ, ја критикува акцијата која ја спроведе вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, во која  ги обиколи институциите  за да види дали го спроведуваат законот за двојазичност и дали се поставени табли и на албански јазик. Мехмети му порачува на вицепремиерот пред се да се заангажира во седиштето на ДУИ во Мала Речица конечно да биде поставено и државното знаме согласно Законот за употреба на знамињата. Еве што напиша Мехмети на социјлната мрежа Фејсбук:„Убаво е тоа што вице премиерот за европски прашања оди во инспекција по институции за да види дали се спроведува законот за двојазичност.Ќе беше уште поубаво ако текстот со видеото беа преведени и на македонски, пошто нели се залагаме за спроведување на закон..А најубаво ќе беше и да отидеше до мала Речица за да побара конечно да биде поставено државното знаме, а не вака селективно да брка ситни политички поенчиња.Или се бориш за вистинско спроведување на закон, или вака си се брукаш себеси и партијата трето нема!“, напиша Мехмети на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Антикорупциска: Поранешниот претседател Ѓорге Иванов ќе мора да се сели од „Џевахир“

Антикорупциската комисија ќе побара од Службата за општи и заеднички работи на Владата да го раскине договорот за закуп на просториите на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов и да му додели канцеларии во државна сопственост.Претседателката на Комисијата Биљана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице.Претседателката на Комисијата Биљана Ивановска на денешната седница на ДКСК рече дека сегашните простории на поранешниот претседател се избрани во една нетранспарентна постапка и се најмени од блиско лице. Месечно според Ивановска за сите трошоци се плаќаат околу 4,500 евра, без платите на вработените.Ивановска рече дека во мала и сиромашна држава како нашата се трошат многу средства за поранешните претседатели, а нема ниту ограничувања колку години треба да им се покриваат трошоците по завршувањето на нивниот мандат, како што е во најголем број држави во регионот и пошироко. Тие, како што кажа таа, дури не поднесуваат ни извештај какви активности имале или имаат.Според пресметките на Антикорупциска, за десет години за трошоците на поранешните претседатели се потрошени еден милион деведесет илјади и 580 евра.Од тие причини ДКСК исто така предлага да се поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста за Законот и да се поднесе иницијатива до Собранието за преиспитување на законското решени во смисла на ограничување на времетраењето на привилегиите на поранешните претседатели.

Македонија | пред 6 години

karakmiseva-ruskovska-ruskoska

Мицковски бара Каракамишева да ја замени Русковска?, прашуваат на „Твитер“

Специјалното јавно обвинителство престана на функционира, обвинителите се враќаат во матичните обвинителства, а засега тешко одат и преговорите за формирање на новото Обвинителство кое треба да го замени СЈО. Опозицијата бара Русковска да биде заменета со професор по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, а на „Твитер“ се вели дека тој професор е Тања Каракамишева. Еве дел од останатите интересни коментари поврзани со СЈО.https://twitter.com/Jovanowsky/status/1173875981393760257https://twitter.com/ninjastic7/status/1173866387506380800https://twitter.com/GoceOdPrilep/status/1173843408101740544https://twitter.com/Daedalusssssss/status/1173675593956843521https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1173635398154805249 

Коментари | пред 6 години

5_edited

Парични награди за првенците на генерација во Општина Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска им додели пофалници и еднократна парична награда во висина од 10 илјади денари на осумте најдобри ученици од основните училишта од Општината за учебната 2018/2019 година.Овие ученици во изминатата учебна година беа прогласени за првенци на генерација, со што успешно го завршија образовниот процес во училиштата на територијата на Општина Аеродром и веќе го почнаа средношколското образование.Наградени се учениците: Филип Гавриловски од ООУ „Љубен Лапе“, Јован Парлапанов од ООУ „Браќа Миладиновци“, Нора Таскова од ООУ „Блаже Конески“, Мила Николовска од ООУ „Гоце Делчев“, Мартина Ивановска од ООУ „Димитар Македонски“, Андреа Ѓореска ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Мила Спасевска од ООУ „Лазо Ангеловска“ и Давид Ставров од ООУ „Александар Македонски“.Општина Аеродром за прв пат од своето постоење ја воведе оваа парична награда со цел да се стимулира талентот на учениците и да се мотивираат за постигнување уште поголеми успеси.

Скопје | пред 6 години

DSC_0500

Јавноста бара Бујар Османи да ги провери болниците, а не таблите

Лавина од коментари на социјалните мрежи, откако вицепремиерот Бујар Османи викендов со автомобил ги обиколувал иституциите за да види дали на нив има натпис на албански јазик, како што предвидува Законот за јазиците. Тој бил во придружба на директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за јазиците, Илбер Села.https://twitter.com/lepcesosalamce/status/1173615235024019456https://twitter.com/thefitzzz/status/1173608858461384704https://twitter.com/ivanovavz/status/1173538870266343424https://twitter.com/tetkicai/status/1173555301485895680https://twitter.com/vlatko100janosk/status/1173599361416224771 

Коментари | пред 6 години

osmani-1

Тортевски до Османи: Многу е битно од сепса да се умре во двојазична болница

Адвокатот Александар Тортевски на социјалните мрежи го искоментира односот на Бујар Османи кој во саботата со автомобил бил во обиколка на Скопје, за да провери дали институциите имаат двојазични табли.„Многу е битно од сепса да се умре во двојазична болница“, напиша Тротевски.https://twitter.com/atortevski/status/1173628587515289600

Коментари | пред 6 години

dui

ФОТО: „Ајдееее Бујар отишол пред штабот на ДУИ да види дали партијата ги почитува законот и има истакнато државно знаме“

„Ајдееее Бујар отишол пред штабот на ДУИ да види дали партијата ги почитува законот и има истакнато државно знаме“, пишуваат на „Твитер“ откако вицепремиерот Османи со автомобил одеше да провери дали институциите имаат двојазични табли.

Коментари | пред 6 години

vozac-spie-vo-tesla

(ВИДЕО) Ова го немате видено: Возач и совозач спијат додека автомобилот вози со 100 на час

На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час.„Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.Иако електричните возила на „Тесла“ имаат функција за автономно возење, позната како автоплот, компанијата ги предупредува возачите да бидат будни додека возат и да ги држат рацете на воланот.Фактот дека автомобилот има автономно управување не значи дека треба да вози без надзор и контрола на возачот

Магазин | пред 6 години

tome-gruevski-960x640-960x640-696x464

Почина водечкиот професор по новинарство, Томе Груевски

Професорот Томе Груевски, кој зад себе остави бројни генерации новинари, синоќа почина по кусо и тешко боледување во Скопје во 70 година од животот.Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија. Дипломирал на Филолошкиот факултет (1972); магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (1989) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје. Уште од средношколските години се оддал на новинарство, во времето на студиите бил соработник, уредник и главен уредник на в. „Студентски збор“, а подоцна и директор на НИП „Студентски збор”. Покрај тоа, бил и главен уредник на списанието за општествена теорија и критика „Дијалог“. Бил соработник на емисиите „Бранови на младоста“ и „Студентски паралели“ на Радио Скопје а потоа бил и соработник на Третата програма на Македонското радио. Професор на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации и односи со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и професор на постдипломските студии на Групата за комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Повеќе години беше професор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, на Педагошкиот факултет во Битола и на Факултетот за јавна администрација, на сите степени на студии. Автор е на триесет и пет книги: учебници, научни трудови и студии од областа на историјата, теоријата на новинарството, комуникологијата и односите со јавноста, како и повеќе публицистички и новинарски трудови.

пред 6 години

https___blogs-images.forbes.com_gordonkelly_files_2019_09_Screenshot-2019-09-13-at-02.52.58

Новиот „ајфон“ непријатен за луѓе кои имаат фобија од дупки

Луѓето кои имаат фобија од мали дупки тврдат дека дизајнот на новиот „ајфон 11 про“ го активира ваквиот страв.На претставувањето на новиот телефон во вторникот, вниманието на јавноста го привлече ултра широката задна камера, со три леќи поставени блиску една до друга.Стотици корисници на паметни телефони сега тврдат дека новиот дизајн ја активирал нивната „трипофобија“, што претставува аверзија од гледање во мноштво од мали дупки, пишува Би-би-си.Терминот „трипофобија“ првпат беше споменат во 2005 година на онлајн платформата „Редит“ и оттогаш за него многу се дебатира на социјалните мрежи.Актерката во „Американ хорор стори“ Сара Полсон и манекенката Кендал Џенер се меѓу познатите личности кои тврдат дека страдаат од ваква состојба.Пред извесно време научници од Универзитетот во Есекс ја спроведоа првата комплетна научна студија за трипофобија.Тие констатирале дека гледањето во мали дупки кај некои луѓе може да предизвика екстремни последици. Така некои од испитаниците повраќале, а други рекле дека неколку денови не биле во состојба да одат на работа.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Ким Кардашијан за неколку секунди заработи два милиони долари, еве како

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан дизајнираше мидер што се распродаде за само неколку секунди по лансирањето. Се проценува дека заработила два милиони долари.Производот „Скимс“ предизвика многу лоши коментари по првичното лансирање, па многумина беа изненадени од брзата продажба. Мидерот што Ким го продава може да се купи во различни бои и форми и го истенчува телото.Ким Кардашијан носи мидер под речиси сите фустани.

Магазин | пред 6 години

gugl-maps-1

Тело на маж исчезнат пред 20 години пронајдено со помош на „Гугл мапс“

Посмртни останки на човек кој исчезнал пред дваесет години беа пронајдени во потопен автомобил на Флорида, кој жителите го забележале на „Гугл мапс“, пренесува Би-би-си.Вилијам Молд, од Лантана на Флорида, бил пријавен како исчезнат на 7 ноември 1997 година. Тогаш бил на возраст од 40 години, а во полиција било пријавено дека не се вратил дома по вечерно излегување. Почнала истрага, но неговото тело не било пронајдено, па случајот бил затворен.На 28. август годинава, 22 години по неговото исчезнување, полицијата го пронајде неговото тело во автомобил потонат во езерце во населбата Мун Беј, во областа Велингтон.Потопениот автомобил на мапите на „Гугл“ прв го забележал поранешен жител на тоа место. Потоа, тој контактирал со познаник кој сè уште живее во Велингтон, кој ја пребарал областа со дрон. Кога видел дека навистина има автомобил во езерцето, тој стапил во контакт со полицијата.Шерифот на округот Палм Бич за Би-би-си изјавил дека полицијата претпоставува дека Молд загубил контрола над возилото додека возел по патот над езерцето.

Магазин | пред 6 години

evar-zadolzuvanje

Владата денес ќе се задолжи за нови 61,7 милиони евра

Владата денес ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.Според експертите, Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење, а воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат едвај 24,5 отсто.Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата, но наспроти тоа континуирано ги зголемува, што според економистите е лошо. Поради тоа експертската јавност предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 отсто од БДП.

Македонија | пред 6 години

Mur

ФОТО: Деми Мур позира гола за насловната на „Харпер базар“

Актерката Деми Мур (56) позира гола на базен за октомврискиот број на „Харпер базар“, а на себе имаше дијамантска белезица и розова капа. Мур исто така се пофали на „Инстаграм“ со својот ангажман, а фотографијата набргу доби над 30.000 лајка.https://www.instagram.com/p/B2T60NinRhV/?utm_source=ig_embed„Божица“, „Изгледаш убаво“, „Апсолутна икона“, „Моја вечна симпатија“, напишаа многу обожаватели на социјалната мрежа, како и нејзините колеги Пенелопе Круз (45), Џулијан Мур (58), Кејт Хадсон (40)...Инаку, ова не е првпат Мур да позира гола. Актерката се појави на насловната страница на „Ванити фер“ во 1991 година во седмиот месец од бременоста.

Магазин | пред 6 години

japonci

Во Јапонија живеат повеќе од 70.000 стогодишници

За прв пат откако се води ваква статистика, бројот на луѓе во Јапонија со над 100 години ја надмина бројката од 70.000, се наведува во владин извештај објавен денеска, во кој уште се додава дека бројот на стогодишници се зголемува веќе 49 години по ред.Во Јапонија живеат вкупно 71.238 стогодишници, што е зголемување за два процента во споредба од минатата година. Од вкупниот број, 88 проценти се жени, се наведува во извештајот на Министерството за здравство, труд и благосостојба, објавен во пресрет на Денот на почитта кон старите лица во понеделник, кој се одбележува како национален празник.Јапонија во 1963, кога почнала да се води статистиката, имала 153 стогодишници, а до днес тој број постојано се зголемува.Уште во 1998 година, во Јапонија имало над 10.000 стогодишници, а над 50.000 во 2012 година.Според Гинисовата книга на рекорди во моментов најстарата личност во светот е Кане Танака (116), жителка на Фукуока во југозападна Јапонија.

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјани ќе се трујат и оваа зима, Шилегов и Заев немаат реализирано ништо од програмата

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиони евра, нема ништо реализирано, а објавена e само една јавна набавка за која сè уште нема склучен договор, во висина од 439 илјади евра за замена на греење во јавни објекти, велат од О2 Иницијативата.При тоа, додаваат од таму, пренаменети се средства од оваа програма за гасификација на болницата во Струмица, што требаше да се направи независно.„Макрадули и самиот потврдува дека има пренамена на средствата, затоа што не направиле веб платформа за следење на имплементација на Планот за чист воздух и не направиле кампања во врска со различните облици на аерозагадување. Она што заборавил да додаде, е дека не е направен ниту план за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинства и јавни објекти во најзагадените градови. Планираните средства за изготвување на потребните законски измени и правилници исто така се тргнати“, велат од О2 Иницијативата.Тие истакнуваат дека на прес-конференцијата минатата недела, заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули, објавил дека ќе бидат набавени инвертери, топлински пумпи и сл. за домаќинства и јавни објекти во вредност од 64 милиони денари во сите општини кои се пријавиле, не само во најзагадените, како што стои во Програмата. А во неа, додаваат таму, првично стои дека за таа цел треба да се наменат 69 милиони, за да со изменета пред две недели станат 74.5 милиони.„Поради пренамената, пак, пред недела дена на 5 милиони за гасификација на струмичката болницата, треба да има 69.5 милиони за таа цел, а не 64. На крај, јавна набавка до денес е објавена само за 26.76 милиони за измена на начинот на греење во јавни објекти, а таму ги нема Битола, Тетово, Куманово, Кичево, Струмица, Велес, Гостивар, Аеродром, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Кисела Вода, најзагадените општини. Хаос. Нема никаква дилема и јасно се гледа дека на брзина менувале и одлучувале, без потпирање на вистински анализи и планови. Инаку, во годишниот план на Владата јавните набавки биле планирани да се спроведат во текот на март и април, сега ќе слушавме за нивната реализација“, велат од О2 Инцијативата и истакнуваат дека од програмата за намалување на аерозагадување за оваа година, сè останува на ќе, на прагот од грејната сезона и само три и пол месеци до крајот на 2019.Покрај долгата низа на ќе активности од Програмата за 2019, додаваат од таму, поразително е што Макрадули изјавува дека ова е прва зима каде што борбата со аерозагадувањето започнала летово. Од таму велат дека борбата против аерозагадувањето требало да започне со првиот ден од формирањето на оваа Влада и да не престане. Ваква изјава, додаваат од О2 Иницијативата, при крај на мандатот, само ја дава вистинската слика за тоа како оваа Влада (не) се справува со аерозагадувањето.„Важно упорно се лиферува бројката од 20-ина милиони евра кои другите институции ги намениле за намалување на аерозагадувањето, иако таа сума ја наведуваа првично за заштита на животната средина. Кога ќе ги прашаш на што се планирани, потрошени тие 20-ина милиони евра, одговор нема. Ни МЖСПП, ни министерството за финансии, ни Макрадули, ни Заев, никој. Ама важно бројката се врти, кружи. Ефектот од звучноста на бројката во јавност е важен, не вистинската борба против аерозагадувањето и вистинско одвојување на потребните средства таму каде се неопходни. Каква е таа отчетност, транспарентност кон граѓаните? Декларативна само, не суштинска. Зошто суштината е шуплива, не е за јавност“, велат од О2 Иницијативата.Од таму потсетуваат дека Макрадули во ноември минатата година, кога го презентирал Планот за чист воздух, кажал дека ќе се набават комплетно нови инструменти за сите постоечки 18 мерни станици во 2019 година.„Еве сме на крај од септември 2019 и нема податоци од 19 инструменти од 13 станици, за поставување на нови и не станува збор. Тој задоволен изјавува дека овој план за 2019 го исполниле. За него исполнување е „ќе“, измените на Програмата за 2019 три месеци пред крај, неисполнетите редица активности од Планот за чист воздух, нереализираните донации од донаторската конференција, немањето забрана за користење на јаглен, немањето закон за индустриски емисии, немањето потребни контроли на загадувачите, неисправните мерни инструменти, немањето јавен превоз кој нема да загадува, дивите населби и горењето кабли секојдневно, палењето отпад насекаде, на ниви, диви и градски депонии, итн. Да беше ова во приватна компанија, наместо државно министерство, до сега многу сликовито ќе му објаснеа дали е ова исполнување на планираното или дебакл од неисполнување“, велат од О2 Иницијативата.

Скопје | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ дури и барањето за предвремени избори е класичен блеф

Се е лажно во ВМРО-ДПМНЕ дури и барањето за предвремени избори е класичен блеф, фарса. Кога и да има избори победник е СДСМ и напредната, прoгресивна опција што ја предводи. Тоа го потврдуваат и анкетите, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.„Освен одбрана на криминалците и обнова на криминалниот режим ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ништо друго не ги интересира.Тие и нивното деструктино однесување се најголемата штета за државата и нејзината иднина.Единствен криминален октопод е октоподот во белиот дворец контролиран од Будимпешта и криминалецот во бегство Никола Груевски.ВМРО – ДПМНЕ партијата на штанцање лажни вести, невистини и креирани сценарија продолжува во нивни добро познат стил.Иако, Христијан Мицкоски претходно го условуваше одржувањето на лидерската средба токму со темата за предвремни избори, на лидерската тој воопшто не го спомна прашањето за предвремени избори не беа ни спомнати.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ работи домаќински и одговорно исклучиво во интерес на граѓаните. Еден од клучните столбови на програмата За живот во Македонија, Парите кај граѓаните е целосно исполнет на повеќе од две години од крајот на мандатот.СДСМ и Владата која ја предводи, посветено работи на зајакнување на капацитетите на правната држава, со новиот Закон за ЈО градиме независен и неселективен судски систем и обезбедуваме правда за сите.Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Македонија | пред 6 години

edward-snowden

Сноуден ги објави своите мемоари

Во 20 земји денеска започува продажбата на мемоарите на Едвард Сноуден, поранешен вработен во Агенцијата за национална безбедност (НСА) на САД и еден од најпознатите информатори и свиркачи.Во интервјуто за францускиот медиум „Франс Интер“, Сноуден изјави дека заштитата на свиркачите не е „непријателски акт“. Затоа, смета тој, постои можност да се пресели во Франција, каде може да биде под заштита на законот.Сноуден од 2013 година е во Русија, единствена земја која му даде законски азил откако тој протече критични информации за програмата за тајно следење креирана од американските тајни служби. Тој побара азил и од поранешниот француски претседател Франсоа Оланд, и од неколку други земји, но единствена реална можност да се скрие од прогонот на Вашингтон е прибежиштето во Русија.Министерот за правда на Франција, Никол Белубе, изјави дека го поддржува барањето на Сноуден за азил во Франција. Сепак, таа истакна дека изразува своја лична позиција, и дека нејзиното мислење не е официјален одговор на молбата на Сноуден.За многумина, Сноуден е херој, но во својата родна земја, САД, власта се уште бара негово враќање дома, доброволно или со лисици, за да биде суден за шпионажа.Засега, останува да биде свиркач со прибежиште во Русија, оженет за Американка, кој тежнее за живот во Франција.

Свет | пред 6 години

Sakurajima-volcano-eruption-june-2018-1

ВИДЕО: Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина, пренесува „Еј-би-си њуз“.Според Советодавниот центар за вулканска пепел во Токио, пак, облакот од пепел над вулканот достигнал висина од 4.000 метри, односно 2.880 метри над кратерот.Насоката и обемот на пепелта цело време се следат преку сателитски снимки.

Свет | пред 6 години

putin-vonzemjanin

Путин и понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените постројки. Тој ги понуди руските противвоздушни системи за Саудиска Арабија да ја одбрани својата територија по неодамнешноте напади.„Подготвени сме да обезбедиме значајна помош на Саудиска Арабија и таа земја ќе донесе мудра државничка одлука, како што своевремено тоа го направи Иран, кога купи С-300 и како што тоа го направи турскиот претседател Ердоган, кога го купи последниот С-400 противвоздушен одбранбен систем од Русија“ рекол Путин.Тој по разговорите со турскиот и иранскиот колега, Ердоган и Рохани за Сирија, истакнал дека тоа оружје ќе го заштити секој инфраструктурен објект во Саудиска Арабија.

Свет | пред 6 години

213743_CEV_EurovolleySI_2019_BLR-MKD-24

Историска прва победа на Македонија на ЕП, „соборена“ Белорусија!

Македонија ја забележи првата победа во својот прв настап на Европското првенство во одбојка, откако во Љубљана по тесниот старт успеа да триумфира над Белорусија со 3:1 (23:25, 25:19, 29:27, 25:20).По поразите од Финска, Турција и фаворитот за злато Русија, Белорусија пристигна како „мелем“, но до триумфот не се дојде лесно. Во тесниот прв сет, Белорусите во финишот беа поконцентрирани и поведоа со 1:0, но потоа на сцена стапи Никола Ѓорѓиев, кој со фантастична игра ги предводеше момците до израмнување со убедливиот втор сет (25:19), а потоа и до клучниот втор сет, кој го добивме со 29:27.Во последниот сет, беше тешко да се сочуваат нервите, но сепак момците направија предност од почетокот и ја комплетираа победата. Ѓорѓиев блесна со 37 поени, Љафтов додаде 15, додека кај ривалите, Мишкевич заврши со 12. 

Македонија | пред 6 години

nevesta

Идна невеста го проголтала свадбениот прстен поради бизарна причина

Идната невеста случајно го проголтала својот свршенички прстен за да го заштити додека сонувала ужасен кошмар.Џена Еванс од Сан Диего сонувала дека некој ја брка и сакал да ѝ го земе венчалниот прстен, па за да го спаси, таа го проголтала. Но, не само во сон.Кога се разбудила, сфатила што направила, па набрзина била примена во болницата, каде што лекарите морале да извршат ендоскопија за да го вратат прстенот, кој ѝ бил во стомакот.„Го проголтав венчалниот прстен во сон. Најлошо од сè е што се сеќавам дека го направив тоа, но мислев дека сонувам, па продолжив да спијам. Во средата наутро само што видов дека прстенот не е на мојата рака и се разбудив до свршеникот и му кажав што се случило. Мислам дека не ми веруваше веднаш. Се смеевме еден и пол час, а потоа ‘гуглавме’ што се случува кога некој ќе проголта прстен и отидовме во болница“, раскажала идната невеста во објава на „Фејсбук“.Иако зафатот бил рутински, сепак, постоел ризик, така што Џена морала да потпише согласност во случај на смрт.За среќа, сè поминало во најдобар ред и прстенот ѝ е повторно на раката, а и свадбата е набргу.

Магазин | пред 6 години

jana

Апел за помош на 33-годишната Јана од Охрид која веќе петта година се бори со редок вид на рак

Ајде да ги здружиме силите и заедно да ѝ помогнеме на Јана Арсовска. 33-годишната девојка од Охрид веќе петта година се бори со редок вид на рак.Во 2015 година, на Јана ѝ била дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.Отворете го срцето и помогнете ѝ на храбрата и позитивна охриѓанка:Броеви за донирање од Македонија:T-Mobile: 143 143А1: 143 467За донации од Македонија:Жиро-сметка: 5305-0001-0490-410Банка: Охридска БанкаЗа донации надвор од Македонија:IBAN: MK07530280003077681SWIFT: OHRDMK22Адресата на Јана, за банкарските трансакции е:Јана Арсовска,ул. Ѓорче Петров 14 г6000 Охрид, МакедонијаЈана веќе петта година храбро се бори со еден премногу редок вид на канцер. Се работи за „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е толку редок што тешко се прави и статистичка споредба, но во САД отприлика пресметале дека се јавува кај секој 1 на 12 МИЛИОНИ луѓе.После дијагнозата во Македонија во 2015 и операцијата во Скопје при која ѝ беше отстранет левиот бубрег и надбубрежната лезија, Јана двапати се лекуваше во Флензбург, Германија (2016 и 2018), со поддршка од Фондот за здравствено осигурување. После две трансплатации на коскена срж, состојбата е следна: во нејзиното тело по втората трансплатација се уште имаше (под 1% во јануари 2019) малигни клетки на реткиот тумор.Лекарите од клиниката во Флензбург препорачаа ИТНА имунотерапија за Јана која по децениски истражувања низ целиот свет покажала резултати и станал дел од протоколите за лекување на оваа болест во огромен број земји во светот, чиј број се зголемува постојано.Но, поради реткоста на болеста, во Македонија ниту најстручните лица не знаат премногу за истата и за протоколите за лекување, па и покрај итните назнаки од Германската клиника, објаснувањето со луѓето од ФЗО околу оправданоста на барањето за поддршка поради докажаните резултати од имунотерапијата оди со… побавно темпо. За разлика од темпото со кое ваквите болести обично дејствуваат во организмот на еден човек.ПРИКЛУЧЕТЕ СЕ СО ДОБРО ДЕЛО, ДОНИРАЈТЕ НАДЕЖ ЗА ЈАНА!Затоа, ве молиме и ве повикуваме да се приклучите кон оваа акција. Споделувајте постови од оваа страна, зборувајте со луѓе кои ги познавате, компании кои би сакале да помогнат, фондации, медиуми. Секој кој било како може да помогне, е повеќе од добредојден. Секаква идеја, секаква акција… Да бидеме како едно, за нашата храбра Јана.Заедно ќе успееме, ама сигурно ќе успееме, и Јана ќе ни биде жива, здрава и насмеана! ВИ БЛАГОДАРИМЕ ОД СРЦЕ!Семејството и пријатели на Јана Арсовска.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања