Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

velosiped

Во сообраќајна несреќа во населба Плитишта-Струга, тешко повреден велосипедист

На 16.09.2019 во 11.30 часот во населба Плитишта-Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(65) од с.Боровец, струшко, и велосипед управуван од М.К.(65) од Струга. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.К. и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

СВР Скопје од сообраќај исклучи 19 возачи, издаде 64 мандатни платни налози, а 75 возила подигна со „пајак"

Во текот на 16.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека седум возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 19 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 64 мандатни платни налози, а 75 возила се подигнати со специјално возило „пајак". 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Скопјанец кај кого полицијата пронашла прашкаста материја

На 17.09.2019 во 00.35 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ј.А.(48) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кај четири лица полицијата пронашла прашкаста материја и марихуана

На 16.09.2019 во 11.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Гоце Делчев“, ги лишиле од слобода Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

17092019_Rabotni_sredbi_na_Min_Ademi_vo-Tirana_1

Се формира комисија за заедничко управување помеѓу Македонија и Албанија со природното и културното наследство во Охридскиот Регион

Mинистерот Едмонд Адеми вчера во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, оствари работни средби со министерката за култура, ЕлваМаргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси во Тирана, Република Албанија. На состаноците беше договорено формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион. Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство.Министерот Адеми оствари средба и со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.Во тој контекст, Северна Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.  

Македонија | пред 6 години

tome-gruevski

Почина професорот по новинарство Томе Груевски и основоположник на студиите по односи со јавноста

По кусо и тешко боледување во 70 година од животот синоќа во Скопје почина познаттиот универзитески професор Томе Груевски кој остави зад себе бројни генерации новинари денес распрснати и ангажирани во и надвор од границите на земјава.Замина голем човек и искрен пријател на сите кои го познаваа. Пресретливоста, едноставноста, желбата да помогне секому,  се' што може беа одликите  на нашиот Тоци. Нека почива во мир.Томе Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), новинар и универзитетски професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста, прв доктор по комуникологија во Република Македонија и основоположник на студиите по односи со јавноста во Македонија. Дипломирал на Филолошкиот факултет (1972); магистрирал на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања (1989) и докторирал на Правниот факултет (1995) во Скопје. Уште од средношколските години се оддал на новинарство, во времето на студиите бил соработник, уредник и главен уредник на в. „Студентски збор“, а подоцна и директор на НИП „Студентски збор”. Покрај тоа, бил и главен уредник на списанието за општествена теорија и критика „Дијалог“. Бил соработник на емисиите „Бранови на младоста“ и „Студентски паралели“ на Радио Скопје а потоа бил и соработник на Третата програма на Македонското радио. Професор на Студиите по новинарство, медиуми и комуникации и односи со јавноста на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и професор на постдипломските студии на Групата за комуникации при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Повеќе години беше професор на Универзитетот „Свети Климент Охридски“, на Педагошкиот факултет во Битола и на Факултетот за јавна администрација, на сите степени на студии. Автор е на триесет и пет книги: учебници, научни трудови и студии од областа на историјата, теоријата на новинарството, комуникологијата и односите со јавноста, како и повеќе публицистички и новинарски трудови.Членство во професионални и невладини организации и асоцијации: Член на Претседателството на Универзитетската конференција на ССММ и Претседател на Комисијата за информирање, во два мандати, (1978-1982); Член на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје;-во два мандати; Секретар на Здружението на новинарите на Македонија, (1982, 1983 и 1984); Потпретседател на Здружението на издавачите на Македонија, (1985 -1987). Македонско научно друштво Битола од1997; Член на Советот за радиодифузија на Република Македонија (2006-2013); Претседател на „Студиорум“, Центар за регионални истражувања и соработка, Скопје.Добиени награди и признанија: Прва награда на Фестивалот на радиото на ЈРТ во Охрид, (1978) заедно со целата новинарска екипа за контактна емисија на програмата „Бранови на младоста“ на Радио Скопје; „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, од областа на публицистиката (1983); „Новинарско перо“ (1986), награда на Здружението на новинарите на Македонија; Награда на издавачите и книжарите на Република Македонија (1999); Награда „4 Ноември“ на град Битола (1999); Награда на в. „Битолски весник“ -„Најуспешни битолчани“ (2007). Во 2018 бешше прогласен и за почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид. Во соработка со оваа установа д-р Груевски ги промовираше двете книги посветени на охриѓанецот Константин С. Шахов а на 18 март годинава д-р Груевски на покана на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид говореше на настанот посветен на „185 години од раѓањето и 110 години од смртта на Кузман Шапкарев“. Д-р Груевски беседеше на тема: „Журналистичката и публицистичка дејност на Кузман Шапкарев“. Најверојатно, за жал тоа беше и неговото последно официјално појавување и обраќање во јавноста.Објавени трудови: Јавното информирање во Македонија, Скопје, 1991; Системот на јавното информирање во Македонија, Скопје, 1992; Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје 1993 (со коавтор Боро Мокров); Современиот печат во Македонија (1944-1994), Скопје, 1995 (две изданија); Историја на новинарството, кн. 1 и 2, Скопје, 1999; Теорија на новинарството, Скопје, 2000; Комуникациите и културата, Скопје, 2004; Историја на новинарството, Скопје, 2005; Култура на говорната комуникација, Скопје, 2006; Односи со јавноста, Скопје, 2007 и 2011; Комуникологија, 2011; Комуникологија на масовни медиуми (2012), коавт. со д-р Зоран Костов; Комуникологија на жанрот, 2013; Собрани дела „Комуникологија“ 2015, Коста С. Шахов Публицистика, кн 1. (2017), Константин С Шахов Книжевност кн. 2 (2018). Томе Груевски е автор и на два аудио учебници наменети за читатели со посебни потреби. Автор е на „Односи со јавноста“ и на учебникот „Историја на новинарството“.

Македонија | пред 6 години

vlada-zname-nato

Седница на Владата: Ќе се воведуваат антикорупциски теми во училиштата

На предлог на Министерството за образование и наука на денешната владина седница, владата ќе биде информирана за активностите за имплементација на клучните мерки под димензијата Антикорупција од „Стратегијата за Југоисточна Европа 2020“, за најсоодветен начин за воведување на антикорупциските теми во рамките на годишната програма на училиштата.

Македонија | пред 6 години

mickoski

Мицкоски: Бензините поскапеле, владата ги задолжува граѓаните за 61 милиони евра - Добро утро Македонијо!

Уште еден ден од "животот" на Заев кој станува пекол. Ова го напиша денеска лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа Фејсбук.- На почеток на денот, а бензините поскапеле, владата ги задолжува граѓаните за 61 милиони евра, и веројатно ќе посведочиме за уште некој криминално рекетарски скандал. Добро утро Македонијо!, напиша Мицкоски на ФБ.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1322526477922808

Македонија | пред 6 години

tusk

Туск денеска во Скопје на средби со Пендаровски и Заев

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во посета на Македонија. Во 11 часот Туск ќе биде примен од претседателот Пендаровски, а потоа ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.По средбата со Заев предвидена е заедничка прес-конференција во 12:15 часот во Владата.Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.

Македонија | пред 6 години

Sednica-na-Sovet-2

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува загриженост и револт поради хроничната неработата на Шилегов и урбаниот и сообраќаен хаос поради што се загрозува безбедноста на велосипедистите и пешаците. Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта,се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Додека секаде низ Европа велосипедистите уживаат привилегии, само во Град Скопје под управа на Шилегов тие се загрозена категорија учесници во сообраќајот. Две години Шилегов потроши на планирање и правење на стратегија, додека велосипедски патеки има се помалку, а урбан бетон се повеќе.Се што вети крадоначалникот Шилегов неисполни за велосипедистите.-Пред изборите вети и неизгради нов велосипедски и пешачки натпатник кај Алкалоид во Гази Баба.-Вети и неисполни велосипедска патека на улицата Орце Николов.-Шилегов вети и неисполни нова велосипедска патека кај реката Лепенец и реката Вардар во делот на Ѓорче Петров.-Шилегов вети и неисполни велосипедски и пешачки мост во Аеродром.-Шилегов вети и несполни нов железнички надвозник за велосипедисти и пешаци во Даме Груев.-Шилегов вети и неисполни изградба на велосипедски рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една страна, и од Бутел, низ Чаир, до Центар.Наместо да мавта со документи и планови Шилегов треба да ги засука ракавите и да започне да работи.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 6 години

lekovi-apteki

СДСМ: Обезбедивме 5 нови лекови за ретки болести, воведени нови инсулини, квотите за лекови се укинуваат

Владата предводена од СДСМ продолжува со креирање и спроведување мерки кои се во интерес на граѓаните и ја унапредуваат здравствената заштита. Привршуваат подготовките на мерката преку која веќе од први октомври, граѓаните ќе ги добиваат потребните лекови во кој било ден од месецот. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, конечно го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови, во интерес на нашите граѓани лековите се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеке паника метеж и чекање во редици пред аптеките, се вели во соопштението од СДСМ.Преку одговорни политики воведени се три нови инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите, сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз и тие ја имаат најквалитетната терапија. Се грижиме и за лицата заболени од ретки болести. Како никогаш досега, вложуваме во нови лекови за ретки болести.За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари, додека оваа година тој е 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 193 милиони денари. Денес никој не чека лек ниту пак некој е надвор од регистарот.Ова се само дел од мерките што ја докажуваат грижата за граѓаните и пациенитие. СДСМ како одговорна партија останува посветена на заложбата за унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и ефикасна здравствена заштита за сите граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

izbori-02

Формирана Иницијатива за 1 изборна единица во Собранието на Р.С. Македонија

Ја информираме јавноста дека во Собранието на Р.С. Македонија се формираше Иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10 партии и 1 независен пратеник. На средбата во собранискиот Клуб на пратеници, одржана на 11 септември 2019 година, формирана е група од пратеници кои се залагаат за пропорционален изборен модел со една изборна единица. Како пратеници од Иницијативата бараме да бидеме вклучени во процесот на измена на Изборниот законик, на кој сме обврзани како држава по забелешките на ОБСЕ/ОДИХИР од последните парламентарни избори. За таа цел, денес писмено преку архивата побаравме состанок со  Претседателот на Собранието, Талат Џафери и со претседателите на трите партии СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои го водат овој процес. Цениме дека на ваков начин ќе се обезбеди поголема транспарентност и инклузивност на целиот процес, како и почитување на вољата на оние граѓани кои очекуваат демократизација на земјата преку измени во изборниот модел.Речиси две децении, од 2002 година досега, во Македонија на сила е пропорционален изборен модел со шест изборни единици. Тоа е доволен период за да може да се видат и анализираат позитивните и негативните ефекти од него. Тој беше секако подобар од претходниот мнозински изборен модел, зашто обезбеди поправичен избор на пратеници според бројот на гласови на гласачите. Сепак, распределбата на остатокот од гласовите од листите кои не обезбедиле мандат, преку Донтовиот метод, оди во прилог на најголемите субјекти.Најголемиот недостаток на овој модел е ограничувањето за листи на партии или поединци да обезбедат мандат, доколку немаат концентрација на гласови во една изборна единица. Така се случуваше да отпаднат листи кои на ниво на цела држава имаа 30-40.000 гласови, а во Парламентот да може да влезат, со мали исклучоци, само неколку поголеми партии.Ова имаше директно негативно влијание врз македонската демократија, стимулирајќи само неколку големи партии, принудувајќи ги другите политички субјекти во предизборни коалиции, а на граѓаните оневозможувајќи им да влијаат директно врз изборот на пратеник од одреден идеолошки профил, надвор од понудата црно-бело.Во прилог Ви го доставуваме списокот на пратеници, кои стојат зад Иницијативата за една изборна единица: Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Рубин Земон, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Панчо Минов, Самка Ибраимоски, Јулиана Николова, Јусуф Хасани, Реџеп Мемеди, Алија Камбероски и Амди Бајрам, се вели во соопштението од  Иницијатива за 1 ЕИ.

Македонија | пред 6 години

katica-janeva

Катица Јанева бара укинување на мерката притвор

Законот ѝ дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин, рече адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска во интервју за „ТВ21“.„Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме. Ние сме во фаза на припремења на барањето за укинување на мерката притвор. Најдоцна до денеска ќе го пуштиме барањето, ќе бараме да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот. Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“, вели Фрчкоска. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Никој не верува дека три пати амнестираниот криминалец Заев не земал парче од милионскиот колач нелегално стекнат преку рекетирање

Зоран Заев се среќава со адвокатката на осомничената Катица Јанева. Адвокатката на Јанева вели дека таа има сериозни психички проблеми и се наоѓа под терапија во притвор, а Катица Јанева од притвор си потпишува наредби по кои постапува републичкиот Јавен обвинител. Одбраната на Боки 13 посочува на чудното однесување на власта која нападно ја брка мувата од капата негирајќи ја поддршката, соработката, забавите и средбите документирани и на фотографии. Го поддржуваа, соработуваа со него, се фотографираа, а сега велат го знаеле само од телевизија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Криминално рекетарската банда на чело со аболицираниот Заев ја лаже и манпулира македонската јавност очајно обидувајќи се да ја насочи истрагата за најголемата криминална афера во историјата на Македонија на еден човек, Бојан Јовановски. Никој жив во Македонија не верува дека три пати амнестиран криминалец како Зоран Заев не земал парче од милионскиот колач нелегално стекнат преку рекетирање на македонски политичари, бизнисмени, граѓани.Одбраната на Јовановски посочува дека сите оние вмешани во рекетот сега се обидуваат целата вина за кривично-правниот настан да ја префрлат на еден човек, Бојан Јовановски. Истрагата за Рекет е компромитирана, омилената обвинителка на Заев, Вилма Русковска прави се за по 4-ти пат да го амнестира него и неговата криминална банда. Апсењето на Боки 13 и Катица Јанева е само очајнички обид да се пресечат пипците на криминалниот октопод кои при брза и ефикасна истрага би довеле до главата на оваа криминална операција, Зоран Заев.Јавноста не може така лесно да се изманипулира. Цела Македонија виде како Заев бара поткуп од 200 илјади евра. Цела јавност знае дека во случајот Глобал, Заев беше аболициран за милионски криминал. Македонските граѓани знаат дека Зоран Заев е на чело на рекетарската банда. Правда мора да има и ќе има кога ќе се стави крај на оваа криминална власт. Тоа ќе се случи набрзо и граѓаните ќе бидат оние кои ќе стават крај на очајната политичка кариера на Заев, а тогаш ќе одговораат сите оние кои се огрешиле пред законот како и оние кои се ставиле во заштита на криминалот,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.     

Македонија | пред 6 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ поскапи цени на горивата

Цената на бензините се зголемува од половина до еден денар за литар, а дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 отсто.Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се зголемува половина денар, на 69,50 денари за литар.Бензинот „евросупер БС-95“, дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат еден денар.Новата цена на „евросупер БС-95“ е 67,5 денари за литар, на дизелот 62,5 денара за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство – 52,5 денара за литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,494 денари, на 31,641 денар за килограм.

Македонија | пред 6 години

16092019_PVRSM_sredba_Stanishev_2

Станишев: Силна поддршка за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со европратеникот Сергеј Станишев, претседател на Партијата на европски социјалисти и поранешен бугарски премиер.Претседателот на ПЕС, Станишев, е дојден да даде поддршка на евроинтерацискиот процес на нашата држава. На средбата е пренесена силна поддршка од ПЕС за донесување позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври, кога Република Северна Македонија очекува да го добие најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ.Европратеникот и претседател на ПЕС, Станишев ги поздрави договорите на нашата држава со Република Бугарија и Република Грција и демократска зрелост што ја покажува нашата држава, низ политиките на премиерот Заев и на Владата, за носење на реформите во соработка со опозицијата. Тој исто така охрабри да се изнајде решение и за Законот за јавно обвинителство.Премиерот Заев се заблагодари за континуираната поддршка од ПЕС за демократските процеси во државава, што денес резултираат со процес на интеграција во НАТО и напредок во евроинтеграциите.-Ги затворивме сите прашања со соседите низ искрени политики на изнаоѓање решенија, ги донесовме низ консензус со опозицијата законите за потребните реформи во државата и сега сме посветени на ефективна имплементација на тие реформи. Посебно сме фокусирани на владеењето на правото и правната држава и за обезбедување еднаквост пред законите за сите. Очекувам одговорно однесување во Парламентот и да го донесеме и Законот за јавно обвинителство со повеќе од двотретинско мнозинство. Сите поранешни предмети поврзани со криминал и корупција, или евентуално нови, како и во секоја европска држава, и кај нас, мора да добијат разврска низ независен и професионален правосуден систем, рече меѓу другото, премиерот Заев.На средбата е изразена поддршка и за одлучноста на Владата за независно функционирање на правосудниот систем. Исто така, заеднички е констатирано дека евро-атлантските перспективи на нашата држава веќе придонесоа кон развој на економската соработка со земјите во регионот и пошироко, нови инвестиции, со тоа и повисоки плати и подобар животен стандард на граѓаните, како и дека сето ова ќе дојде многу повеќе до израз со заокружувањето на интеграциите, како што е случај со сите држави коишто станале членки на ЕУ и на НАТО.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Програма на 44. МОТ за вторник 17 септември

Програмата на 44. МОТ за 17.09 (вторник) продолжува во МКЦ и на малата сцена на НОБ со „Младина без бог“ од Хрватска и домашната „Бакхи“ од Народен театар - Битола.Петтата фестивалска вечер почнува во 20 часот во МКЦ. Режисерот Борут Шепаровиќ ја поставува жестоката и предупредувачка „Младина без бог“ која удира во желудник и за која се размислува целиот нареден ден. Претставата покажува стравотно мрачна и застрашувачка слика за делата на младите генерации, антихероите на СТЕМ револуцијата, кои изгубиле вера во Европа и нејзините хуманистички вредности, а веруваат во профит, гејмерската индустрија, сајберуниверзумот и смртта.Претставата настанува според мотивите на истоимениот роман на австрискиот книжевник Еден фон Хорват и делото „Херои“ на левичарот, постмарксистички италијански професор по комуникологија Франк Берард, наречен Бифо, кој го отсликува духот на исчашена Европа во која под налет на популизмот и десницата се уништуваат основните начела.На малата сцена на НОБ, Игор Вук Торбица ќе ја постави претставата „Бакхи“ со почеток од 22 часот. Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, „Бакхи“ се издигнува поради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхи-те ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување приказни. Можеме да кажеме дека „Бакхи“ е прапочеток на „метатеатарскиот” текст.Овој текст е длабока загатка за релативноста и променливоста на нашиот идентитет. Студија за тоа во што го препознаваме божественото, истовремено и потсетник дека тоа, „божественото“, доаѓа во облици што не сме спремни да ги прифатиме и да ги препознаеме. Ова не се само „Бакхи“ на Еврипид, ова се и нашите бакхи што знаат дека театарот е најсубверзивното оружје измислено од човечкиот ум.Во склоп на придружната програма по претставите следува диџеј сет на дуото „Филџан“ (Филип Пајдаков и Џано Куч) во МКЦ. Во 18 часот во Железничката зграда ќе се одржи презентација на завршниот процес од работилницата за специфична локација - Orbis Pictus /„Оди и види“.

Скопје | пред 6 години

diva-svinja

Дива свиња во Куманово, животното е еутанизирано, земени мостри за испитување

Дива свиња денеска се прошетала низ Куманово. Животното прво било забележано на улицата Никола Тесла, па кај градскиот стадион и во други делови од центарот, пред да биде заловена и усмртена. Случајот во СВР Куманово бил пријавен во 3:30 часот, потврди МВР.Од Агенцијата за храна и ветеринарство го потврија случајот и велат дека се преземени сите мерки. Официјален ветеринар на Агенцијата за храна и ветеринарство издал  решение за нештетно отстранување (закопување во јама гробница), на труп од дива свиња, која утрово е еутаназирана во сточарскиот ветеринарен центар „Тодор Велков” во Куманово.-Станува збор за единка, за чие присуство во градот Куманово, во раните утрински часови било алармирано од страна на граѓани, а во чие заловување биле вклучени официјални ветеринари, припадници на Министерството за внатрешни работи и од ветеринарната станица „Тодор Велков”, се вели во соопштението на Агенцијата за храна и ветеринарство.При еутаназирањето на дивата свиња од страна на официјален ветеринар на Агенцијата,  исполнети се барањата од законите за здравствена заштита и благосостојбата на животните. Земени се мостри за лабораториско испитување и детектирање на евентуално присуство на вирусот на класична и африканска свинска чума.

Македонија | пред 6 години

vlada-zname-nato

Личните службени трошоци премиерот и членовите на Владата ги намалиле за 26 отстo

Тргнувајќи од основниот принцип на отворена и транспарентна влада, и од принципот за јавност и пристап до информации од јавен карактер како основно право граѓаните, Владата на Република Северна Македонија го објавува најновиот шест месечен извештај за трошоците на функционерите на актуелниот состав на владата.Целта на оваа алатка да е врши мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции и да ги наметне и промовира вредностите за кои оваа Влада силно се залага, а тоа се: штедење на парите на граѓаните и домаќинско работење, како и транспарентност и отчетност пред граѓаните.Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош алатката за отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26%, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.Овој извештај го опфаќа периодот 4  и се однесува за личните службени трошоци на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 - мај 2019, бележи вкупно трошоци во овој мониториран циклус во висина од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.Падотна вкпуните лични службени трошоци на носителите на јавни функции во  Република Северна Македонија, опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18,259,116 денари.Колку за споредба, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 г.), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот извешатен период (декември 2018 до мај 2019) се намалени на 3.211.886 денари.Вкупните угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари.Заклучно со четвртиот мониториран циклус од декември 2018 година до мај оваа година, Алатката веќе нема да ги прикажува трошоците на функционерите од претходната влада бидејќи споредбата ќе го зафати периодот на техничката владата.Со овој најнов извештај за мониторинг на личните службени трошоци на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, Алатката ги содржи финансиските и наративни извештаи за 24 месеци, поточно од јуни 2017 до мај 2019.До Алатката за отчетност може да се пристапи преку следниов линк:https://vlada.mk/otchetnost-troshociАлатката со податоците дотретиот циклус, која ги содржи споредбите со претходната Влада, ќе биде архивирана и достапна за преглед на сајтот на Владата на Република Северна Македонија.

Македонија | пред 6 години

toksikologija

Дошол во тешка состојба на Токсикологија, по кратко починал

На 15.09.2019 околу 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Kомплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за токсикологија имало починато машко лице. Според пријавеното, лицето во клиниката дошло во тешка состојба и по кратко време починало. Извршен бил увид. Се работи на расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

tepacka-4

Поднесена кривична пријава за 11 лица од Струшко - се истепале на бензинска пумпа, видео снимката ја сокриле

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16-годишeн малолетник, сите од струшкото с.Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“. Х.Б. се товари и за сторено кривично дело „спречување на докажување“. На 17.08.2019 пријавените учествувале во физичка пресметка на бензиска пумпа во с.Велешта. По настанот, пријавениот Б.Х. извршил отстранување и сокривање на компјутерскиот хард диск со видео записот од безбедносните камери, поставени на бензиската станица.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Битолчанец пронајден мртов

На 15.09.2019 околу 12.05 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на ул.„Стрчин“ во Битола бил пронајден починат Т.В.(49). Лекар констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Кривична за Скопјанец кој го нападна обезбедувањето во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“

СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.М.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 12.09.2019 околу 02.45 часот во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје, пријавениот со уште две лица го нарушил јавниот ред и мир, при што физички нападнале вработен како обезбедување во болницата и двајца полициски службеници кои интервенирале на местото.

Скопје | пред 6 години

marihuana

Полицијата приведе две лица, при преглед кај нив била пронајдена марихуана

На 15.09.2019 околу 19.30 часот полициски службеници на СВР Тетово, на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, ги лишиле од слобода А.А.(18) и Љ.Б.(21) од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

16092019_PVRSM_Zaev_Kjafasan_1

Граничниот премин „Ќафасан“ доби нов царински терминал

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше и се обрати на настан организиран од Царинската Управа на Република Северна Македонија по повод пуштањето во употреба на царинскиот терминал на граничниот премин Ќафасан.Во продолжение ви го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот Заев:„Ми претставува големо задоволство да присуствувам и да ви се обратам на  одбележувањето на крајот на градежните работи на царинскиот терминал на граничниот премин Ќафасан.Вложувањето во развој на инфраструктурата во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада, а во остварувањето на овој приоритет од огромна помош е поддршката на Европската унија, особено ИПА фондовите кои ни се ставени на располагање. Во оваа прилика ја изразувам мојата, како и благодарноста на Владата до Европската Унија, за поддршката во постигнувањето повисоки стандарди во сите јавни сфери во нашата држава и нејзината интеграција во Унијата.Транспортниот сектор има многу важна улога во практикувањето на четирите основни слободи кои се суштината на Европската унија – слободно движење на стоки, услуги, капитал и луѓе, а за нивно практикување и промоција потребна е развиена и модерна инфраструктура.Денешниот настан - ставање во употреба на надградениот и осовремен граничен премин Ќафасан, е повторно во насока на подобрување на поврзувањето. Се наоѓаме на еден од најфреквентните гранични премини во земјава на коридорот 8, преку кој годишно минуваат стотици илјади превозни средства и патници во и од Република Северна Македонија.Овој нов терминал ќе придонесе за зголемување на пропусната моќ на преминот за стокови пратки, за намалување на времето потребно за вршење на гранични формалности и значително ќе ја подобри инфраструктурата за примена на современи средства за инспекција. Убедени сме дека со неговото ставање во функција, ќе се забрза движењето на стоковиот сообраќај кој последните години бележи постојан раст од просечно 10 до 15 % годишно.Со него ќе се забрза и олесни стоковата размена преку најфреквентниот граничен премин кон Република Албанија, а истовремено се обезбедени дополнителни инвестиции со кои ќе се олесни и забрза транспортот долж паневропскиот Коридор 8. Работиме интензивно на имплементација на решението за заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување „OneStopShop“, за уште повеќе да се намали времето на чекање на превозниците, со што ќе се намалат трошоците на економските оператори.Царината е првата институција со која се сретнуваме во една земја и таа ја дава првата слика за тоа како функционира системот на државата. Со задоволство можам да кажам дека нашата Царинска управа е модерна институција, која придонесува во креирањето на поволна бизнис клима и штитењето на интересите на државата.Царинската управа има постигнатото високо ниво на подготвеност за членство во ЕУ, што е нотирано и во сите извештаи на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија.Ова е постигнатото со посветеност, ентузијазам и систематска работа на вработените во Царинската управа, за достигање на потребните стандарди, но и со постојаната поддршка на целиот овој пат одЕвропската унија.Остануваме посветени на тоа да работиме и понатаму на олеснување на трговијата и транспортот, но важно е дека чекориме на вистинскиот пат.Заклучувам со уште една голема благодарност до граѓаните на земјите-членки на Европската Унија за нивниот придонес како даночни плаќачи да придонесат во овие трајни добра кои остануваат на располагање на граѓаните на Република Северна Македонија но богами буквално на целиот овој регион од Западен Балкан.Благодарам и нека е честито употребата на овој нов терминал.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања