Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

stop-policija

СВР Струмица казни 20 возачи поради управување возила со брзина поголема од дозволената

На 15.09.2019 на подрачјето на СВР Струмица била спроведена акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. Во акцијата се констатирани 20 прекршоци, за што биле изречени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СВР Куманово казнуваше возачи кои „летале“ по сообраќајниците

Во текот на викендот, од 13 до 16.09.2019, на подрачјето на СВР Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 14 возачи, и тоа три возачи кои управувале возило под дејство на алохол и 11 возачи кои управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило. Од сообраќај се исклучени осум возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради неправилно престигнување и еден поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило. Во текот на викендот издадени се 91 мандантен платен налог,  75 прекршочни платни налози, а осум возила се подигнати со специјално возило „пајак“.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Сообраќајни контроли во Велес, Кавадарци и Неготино

На 14.09.2019 од 16.00 до 22.00 часот на територија на СВР Велес била спроведена контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли. Притоа, биле констатирани вкупно 44 прекршоци, од кои 21 во Велес, 18 во Кавадарци и пет во Неготино. За сите прекршоци биле изречени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Две лица приведени на Бит Пазар, откако кај нив пронашле марихуана

На 15.09.2019 во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 16.09.2019 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Косовски државјанин на „Богородица“сакал да помине со фалсификуван пасош - како Србин

На 15.09.2019 во 15.15 часот на Граничниот премин „Богородица“, при гранични проверки, И.Н.(50) од Косово на увид приложил српска патна исправа на име Х.Е.(43) од Р.Србија. По извршена контрола било утврдено дека првата страница била фалсификувана. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, И.Н. бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

За една недела отстранети 264 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (10.09 - 15.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 264 возила од јавните површини.  Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 215 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин,  на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно  357 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 6 години

najcevska

СЈО мора да престане да постои, Републичкиот ЈО мора да ги преземе случаите кои до сега се водат

Фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска:1. СЈО е политичка, а не правна творба. Направено е со политички договор, луѓето во него се избрани со политички договор, законот со кој се уредува работењето е политички компромис.2. Целта на СЈО не е воспоставување на правната држава и на владеењето на правото, туку прекинување на ланецот на неказнивост воспоставен во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.3. Преземањето на предметите од СЈО од страна на Републичкиот ЈО е соодветно, правно издржано и согласно законот со кој се регулира работењето на СЈО (но не заради тоа што Катето од притвор ги предала во надлежност на Јове). Дали е Републичкиот јавен обвинител спремен да постапува по овие предмети не би можела да кажам. Станува збор за човек кој му бил долги години заменик на Зврлевски и кој за сето тоа време си молчел и со своето молчење го овозможувал неправото. Впрочем СЈО беше создадено токму заради недовербата кон работењето на истите овие кадри.4. Обвинителката која е во притвор не е во функција. Тоа што не и е изречена суспензија не значи дека фактички не постои токму акт на суспензија. Некои политички апологети и шалабајзери со професорски титули очигледно немаат појма што значи од правен аспект притворот и кој вид на ограничувања ги повлекува. Значи, она Катето не може од притвор да ја врши функцијата која и е дадена. Ни правно, а да не зборуваме за моралниот аспект.5. Автентично толкување на законот требаше да даде Собранието. Меѓутоа со оглед на тоа дека Собранието претставува збирштина од неписмени и полуписмени партиски извршители (кои имаат неверојатно развиен сенс за шмукање на пари), ова ниту е направено ниту пак може да даде некој резултат.Заклучок:СЈО мора да престане да постои. Републичкиот ЈО мора да ги преземе случаите кои до сега се водат. Изгубени се три години без да бидат променети кадрите во правосудството. Партиите се уште имаат главен збор во правните работи. Неказнивоста на високите функционери во власта и поддржувачите на власта не е системски туку само партиски атакувана и продолжува да претставува базичен проблем на владеењето во Република Северна Македонија како што беше и во Република Македонија.https://www.facebook.com/MNajcevska/posts/10216445226098046

Македонија | пред 6 години

komisija

Поднесено обвинение за ќерката која ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетата 46-годишна жена, по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.Проценувајќи дека и натаму постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Македонија | пред 6 години

plakati

(ФОТО) Плакати со Боки 13 и Кирацовски го преплавија Скопје

Плакати со Боки 13 и Александар Кирацовски се најдоа на автобуски постојки во Скопје, објави Лидер.ком.мк 

Скопје | пред 6 години

stefco

(ФОТО) Укинат домашниот притвор за Стевчо Јакимовски, фотографиран како наточил гориво за 5000 ден

Фејсбук статус:Укинат домашниот притвор за Стевчо Јакимовски. Колку бил во домашен притвор е друго прашање. Ова е слика од петокот, на неа Стевчо со околу 5000 денари бензин. Далеку може да стигне со нив..https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220863688891323&set=a.2005548107662&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

rektorat-protest-1-od-5-miliona-univerzitet-blokada-rektorata-6-

ХАОС ВО БЕЛГРАД: Студентите од „1 од 5 милиони“ не дозволуваат влез во Ректоратот на БУ

Студентите од протестите „1 од 5 милиони, кои четврти ден ја блокираат зградата на Ректората на Белградскиот Универзитета (БУ), денес не им дозволија влез на вработените во зградата.Како што јави дописникот на МИА, студентите изјавија дека “било какви преговори за влез на вработените” нема да се случат се додека рекотратот на БУ не објави дека го “осудува упадот во ректоратот од страна на активистите на владеачката Српска напредна странка (СНС) кои ги нападнаа студентите”.Пред ректоратот се професори кои се дојдени да ги поддржат студентите, ректорката на БУ Иванка Поповиќ, као и лидерот на Демократска партија (ДС) Зоран Лутовац, потпредседателката на Партијата за слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ и вработени во ректоратот на БУ.Ректорот на БУ Иванка Поповиќ изјави денеска дека претставниците на ректоратот се подготвени отворено да разговараат со студентите од „Еден од пет милиони“ и дека очекуваат одредена толеранција од нивна страна и да мора да се постигне компромис.На нивно барање „да го осудат влезот на активистите на Српската напредна партија (СНС) во зградата на ректоратот и нападот врз нив“, Поповиќ кажа дека не гледа како е тоа можно затоа што „немало никаков партиски белег“.-Ситуацијата се менува од час во час, така да ќе чекаме трпеливо за да постигнеме договор и да ја решиме ситуацијата. Подготвени сме да разговараме отворено и очекуваме одредена толеранција. Мора да има компромис, рече Поповиќ, додавајќи дека спречувањето на вработените да ги извршуваат своите активности ќе „има ефект врз целиот универзитет“.Поповиќ кажа дека има одредени „неодговорни изјави“ дека може да дојде до исклучување на водата и струјата, што, како што рече, „сигурно нема да се случи“.Таа ги оцени барањата на студентите како „малку флуидни“ и дека младите „ја сфаќаат ситуацијата на еден начин“. „Ние како одговорни раковдители на универзитетот не можеме да се изразиме толку слободно како што тоа очекуваат тие од нас. Мора да бидеме одговорни во нашите изјави“, рече Поповиќ.Причините за блокадата, како што соопштија студентите, се бројни: неодговорното однесување на надлежните (предводено од министерот за образование Младен Шарчевиќ) кон образованието, падот на списокот на универзитетот на Шангајската листа…, а главна причина за блокадата е „плагираниот докторат на министерот за финансии Синиша Мали“ и барањето ректоратот да упати службено барање до премиерката Ана Брнабиќ да го разреши Мали.По повод упадот на студентите, претседателот Александар Вучиќ, вчера изјави дека нема да има интервенција што ја посакуваат.-Тоа во ректоратот е израз на немоќ, желба да се испровоцира полициска интервенција, загрозување на автономијата на универзитетот. Нема да има интервенција, рече Вучиќ, додавајќи дека оние што протестираат не го почитуваат својот универзитет затоа што, меѓу другото, „влезени се во кратки панталони и дека меѓу нив има луѓе кои очигледно не се студенти.“

Свет | пред 6 години

stevce

Стевчо Јакимовски ослободен од притвор и треба да се јавува во суд

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, излезе од куќен притвор. Судија на претходна постапка минатата недела му ја укина на Јакимовски мерката куќен притвор и му одреди мерки на претпазливост, по предлог на надлежен јавен обвинител кој побарал ублажување на мерката.„Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за укинување на мерката куќен притвор и определување мерки за претпазливост, судијата го прифати предлогот и го укина куќниот притвор“, велат од судот.

Македонија | пред 6 години

Google-Chrome

(Видео) Православни свештеници од авион осветувале град со света вода за да го прочистат од алкохол и блуд

Православни свештеници од руската федерална област Твер се качиле во авион и го осветиле градот со света вода за да го прочистат од гревови како алкохолизам и блуд.Отец Александар Горјачев и уште двајца членови на Руската православна црква извршиле бизарен благослов минатата среда, во спомен на денот на трезвеност на Русија.Се качиле во мал авион и со себе понеле 70 литри света вода и од путир (за кој велат дека лекува луѓе од зависност од алкохол и дрога) ја истуриле врз градот.Во авионот се наоѓала и брачна двојка која тврди дека сопругот во минатото чудесно се излекувал од зависност од алкохол, пренесува „Одити централ“.

Магазин | пред 6 години

Kristijan

(Видео) Роналдо најмногу жали што неговиот покоен татко не го видел кога станал најдобар во светот

Кристијано Роналдо (34) дошол во емисијата на Пјерс Морган очекувајќи забавно, безгрижно интервју, а завршил бришејќи ги солзите со марамчиња. Британскиот водител му покажал видео во кое неговиот починат татко гордо зборува за него. Португалецот не можел да ги запре солзите кога го видел Хозе Динис Авеиро на екран.Во краткото видео, Хозе зборува за неговиот син и неговите достигнувања додека тој стои на влезот во куќата. Роналдо го загубил својот татко кога имал само 20 години. Хозе Динис Авеиро бил војник, а откако се вратил од војните во Мозамбик и Ангола, се одал на алкохол. Починал од откажување на црниот дроб во 2005 година.„Мислев дека интервјуто ќе биде смешно, не очекував да плачам. Никогаш не сум го видел ова видео. Морам да го покажам ова на моето семејство. Јас навистина не го познавав татко ми многу. Тој беше алкохоличар. Не можев да разговарам со него. Немавме ниту еден нормален разговор. Беше тешко“, рече Роналдо. https://twitter.com/GMS__Football/status/1173487462682976256?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1173487462682976256&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b4%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2598%25d0%25bc%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b3%25d1%2583-%25d0%25b6%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b8-%25d1%2588%25d1%2582%25d0%25be-%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b3%25d0%25be%25d0%25b2%2F

Магазин | пред 6 години

–-Google-Chrome-1

Уапсен е најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин

Бразилската полиција во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап,бил лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на „Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Свет | пред 6 години

gruevski-so-novinar-696x356

Предметите на СЈО пред застарување, Никола Груевски може да се спаси од пресуда

Ако до 10 октомври нема правосилна пресуда за Никола Груевски, тој ќе се спаси од затворска казна за случајот „Траекторија“ поради застареност. Адвокатите на обвинетите за ИРЛ велат дека шансите за пресуда се никакви, бидејќи за три недели невозможно е да има простепена, а камоли правосилна пресуда од Апелациониот суд, што е неопходно за да се запази рокот и случајот да не застари.Обвинетиот Никола Груевски одбројува до 10 октомври, а обвинителката Лиле Стефанова која го застапува случајот пред суд денеска не се појави на рочиште. На барање на СЈО и Републичкото јавно обвинителство судењето се одложи, бидејќи неизвесно е дали и натаму Стефанова ќе биде обвинител во овој случај.„Траекторија“ е „најтешкиот“ предмет кој го отвори СЈО. Груевски, заедно со поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и бившиот директор на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски се обвинети дека го оштетиле буџетот за 155 милиони евра. Четворицата се гонат за финансиски проневери при изборот на фирма за изградба на автопатите Кичево – Охрид.Повеќе на ИРЛ.МК

Македонија | пред 6 години

Janusev-PRESS-1309-2

Јанушев: Деца се родиле, завршиле средно, факултет, а Заев и Шеќеринска уште водат политика

„Оваа криминално-рекетарска банда на власт е најлошото нешто што и се случило на Македонија.Но, ако се погледне добро двоецот кој управува со власта, тандемот Заев-Шеќеринска, не може да биде поинаку затоа што тие се дел од сите неуспеси на Македонија изминативе над дваесет години, современици на најцрните времиња во оваа држава.Шеќеринска е во политика уште од времето на ТАТ, пропаста на Славија, Центро, Железара … од времето на приватизацијата.А, Заев уште од времето на “бонбона бизнисот” на Шеќеринска, бркањето од работа на луѓето во ЕСМ, на територијалната поделба.Значи деца се родиле, завршиле средно, факултет, а Заев и Шеќеринска уште водат политика.Ова се луѓе кои се прегазени од времето.Не може 28 години надеж да се оние кои никогаш не направиле чекор напред.Тие се сидрото кои не влече надоле.Тие се симболот на се што е лошо во политиката.Мегданот на кој треба да се расчисти со овие мешатари и печалбари од туѓата несреќа се предвремените избори, а колку се сеќавам Заев никогаш, дури и кога беше опозиција не бараше предвремени избори, бегаше, се спасуваше, смислуваше Пржински договори … правеше се, само за да го одбегне народот.Но, овој пат нема да биде така.Овој пат народот доаѓа по своето и ќе ги испрати во пензија овие луѓе прегазени од времет“, напиша на Фејсбук, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев

Македонија | пред 6 години

Mile-Janakieski

Одложени судењата на СЈО за „Траекторија“ и „Транспортер“ каде обвинети се челници на ВМРО-ДПМНЕ

Судењата за предметите „Транспортер“ и „Траекторија“ на СЈО денеска беа одложени на барање на државното јавно обвинителство и на специјалното јавно обвинителство.Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, обвинетите во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа му нанеле штета на Буџетот од најмалку 155 милиони евра.Во предметот „Транспортер“ обвинети се поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.Во петокот беа одложени и судењата „Титаник“, „Титаник 3“ и „Тортура“, поради префрлање на предметите од СЈО во Републичкото јавно обвинителство. Тогаш обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека најверојатно ќе бидат одложени наредните неколку рочишта додека не се одлучи кои обвинители ќе ги водат предметите.

Македонија | пред 6 години

OSMANI-TABLI

(ВИДЕО) МИЗЕРНО: Османи проверува до каде е двојазичноста и прашува до каде е таблата на албански јазик

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи се впушти во проверка дали институциите низ земјава ја применуваат двојазичноста со поставување на табли и на албански јазик. Според видеото што вицепремиерот го објави на својот официјален фејсбук профил, тој заедно со директорот Илбер Села ги проверуваат сите табли на институциите кои немаат натписи и на албански јазик.https://www.facebook.com/bujar.osmani.7/videos/440713076542476/Османи наиде на Агенцијата за администрација каде се гледа дека таблата е само на македонски јазик. Османи му се јави на директорот за да провери до каде е таблата на албански јазик.-Ало, добар ден, Бујар Османи на телефон, како сте директоре. Во сабота се јавувам сакав да те прашам тука сум пред институцијата, гледам таблата е само еднојазична каков ви е планот за менување?.. Вчера требало да ја добиете, имало грешка во буквите… Подобро што сте ја вратиле, за да нема грешка, тоа е полошо. Комуницирате со Агенцијата за јазици?.. Е така. За да ви помогне во дефинирање. Добро. Готово – се слуша како Османи му вели на директорот.Ова може да се види тука по 5:30 минута.

Македонија | пред 6 години

boki-13

Боки 13 е во многу лоша здравствена состојба, сведочи неговиот адвокат

Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ е во многу лоша здравствена сосотојба, изјави за Телма, за емисијата Код, неговиот адвокат Сашко Дукоски.Адвокатот вели дека неговиот клиент има многу големи болки од претходно направени две неуспешни операции кој тој, како што рече Дукоски ги направил на своја желба. Моментно, вели тој Боки 13 повраќал речиси секој ден и имал болки, а затворската управа била коректна и секогаш му била обезбедена здравствена заштита.Бојан Јовановски неколкупати беше носен на Клиника за преглед. Дукоски вели дека не знае како ќе се одвива здравствената ситуација на неговиот клиент. Инаку според информациите Јовановски има направено операција подврзување на желудник за да намали од телесната тежина.

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 имал и втора организација - изнудил 260.000 евра од градежна фирма за друга партнерка

Деловна партнерка на Бојан Јовановски доби кривична пријава од скопска градежна фирма, објави емисијата Код на Телма.И оваа фирма била измамена според истата веќе позната шема од договорите со ГП „Пелистер“ од Битола и „Дрим билдинг“ од Струга.Оваа невладина организација, Интернационалната асоцијација за човекови права, била основана пред Меѓународниот сојуз. И тука Бојан Јовановски имал деловна партнерка, чие име не е познато, која заедно со него ги убедувала бизнисмените за нивниот проект, за нивните познанства со власта и можноста за добивање грантови од европски фондови.На ваквата игра, паднале менаџерите на една скопска градежна фирма која во периодот од јуни до декември 2017 година уплатиле речиси 260.000 евра на лична сметка на партнерката на Боки 13. На 10 јануари 2018 година тие успеале да ги вратат парите поради неисполнување на обврските од договорот.Како што било наведено во договорот, била предвидена изградба на станови, спортски објекти, едукација за здрав живот и медиумска програма за општествена одговорност.Парите биле уплатени во неколку транши од по 13.500.000, 1.977.600 денари и 618.000 денари.

Македонија | пред 6 години

Opstina_Ohrid-900x312

Охрид подготвен да руши дивоградби

При крај се подготовките за започнување на акцијата за уривање на дивоизградени објекти на подрачјето на општина Охрид,опфатени во регистарот  кој беше изготвен според препораките на УНЕСКО.Според динамичниот план паралелно ќе се рушат дивоградбите кој што се во тек и оние опфатени со регистарот на дивоизгредени објекти во охридското подрачје.На почетокот,ќе се отстрануваат објекти кај кои не постојат правни пречки. Акцентот, како што беше речено, ќе биде ставен на активните дивоградби и објектите во активната зона на НП „Галичица“ и крајбрежјетоНа средбата беше изразена согласност, активностите на Општина Охрид во справувањето со нелегално изградените објекти дека ќе бидат поддржани од надлежните државни институции , а се ќе се одвива со постојана меѓусебна координација.

Македонија | пред 6 години

kucinja-bezdomnici

СПИЕШ ЛИ МИРНО ШИЛЕГОВ: Скопје стана касапница на кучиња скитници

,,Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници. Од една страна градот има нехуман третман кон животните, од друга страна таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните. Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој кажа дека Вардариште е минато. Вети и дрско излажа”, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.Според нив, во својата програма за градот Скопје вети нов стационар со европски стандарди.,,Нема ниту с од нов стационар за Шилегов. Епилогот по 2 години власт на Шилегов е Скопје касапница на кучиња скитници, нехуман третман кон животните и преплашени граѓани. Грозоморниот чин со убиените кучиња во Аеродром е доказ за капитулацијата на Шилегов и неговиот неуспех во справувањето на овој акутен проблем. Наместо евтин ПР на возење тротинет низ Градот, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да дејствува. Наместо модерна метропола Шилегов Скопје го претвори во касапница од 16 век.Доколку Шилегов наместо крадоначалник беше вистински градоначалник ќе го решеше проблемот со кучињата скитници.2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа”, се додава во соопштението.

Скопје | пред 6 години

pajak-11

Скопските „пајаци“ кренаа над 250 возила за една недела

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 264 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 49 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 215 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија денеска од Град Скопје.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 357 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 49 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Запленета марихуана кај Бит Пазар

На 15.09.2019 во 03.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.М.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.  По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 16.09.2019 во 01.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања