Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

BUJAR-OSMANI

Османи пред посетата на Туск: Ќе почнеме преговори во октомври

Одлуката за старт на преговорите во октомври се поклопува со стартот на претседавањето со ЕУ од страна на Хрватска во јануари следната година, кога очекуваме и да го отвориме првото поглавје со ЕУ во рамките на преговорите, истакна денеска вицепремиерот задолжен за европските прашања Бујар Османи во Брисел, кој работната посета таму ја почна со средба со претставничка на Република Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбиќ.Тој пренесе благодарност до Згомбиќ за континуираната поддршка која Хрватска ѝ ја обезбедува на Република Северна Македонија.-Како дел од регионот, но и како дел од заедничката историја, Северна Македонија и Хрватска негуваат континуирани пријателски односи, во интерес не само на двете земји, туку и на целиот Балкан, а во насока на промоција на европската идеја во регионот,  истакна Османи.Османи за време на престојот во Брисел, каде ќе оствари средба со Федерика Могерини, високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската Комисија, каде ќе биде реафирмирана подготвеноста на земјата за старт на преговорите.

Македонија | пред 6 години

firejpg-2-thumb-large

Пожарите во Грција неконтролирано уништуваат наоколу

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола, а пожарникарите цела ноќ се борат со огнот. Во гасењето на пожарот уште од утрина учествувааат и авиони.Куќите во селата засега не се во опасност затоа што голем број пожарникари го опколија селото за да го заштитат населението и куќите, пренесува грчки „Катимарини“.На пожарникарите од Закинтос им помагаат околу 120 колеги со 45 возила од цела Грција. Пожарот во Закинтос избувнал вчера околу 11 часот.

Свет | пред 6 години

berlin

Тоа ти е Германија: Платил казна од 25 000 евра поради оваа незначајна грешка

На сопственикот на пекарницата во Берлин инспекцијата му одредила казна од 25 000 евра.Казната од 25 000 евра му била изречена зашто на производите , наместо кг. , било напишано КГ. Инспекторите утврдиле дека единиците за мерка се пишуваат со мали, а не со големи букви.Од Националното биро за мерење во Берлин-Бранденбург  ја забележале таблата за време на рутинската проверка. Нивните инспектори го пријавиле случајот, на што сопственикот Карстен Грев мислел дека е шега.Проблемот е во тоа што таблата е напишана со големи букви, а тоа може да ги иритира клиентите. Во образложението се наведува дека тие се во заблуда затоа што може да ги заменат овие информации за мерните единици на Келвин и Гаус.Грев смета дека инспекторите се во право, но вели дека можеле само да го предупредат.Кој купувач би помислил да продава нешто друго освен леб и теста тука? Имам само мала продавница за леб“, вели Грев, кој веќе ја поправил грешката.

Коментари | пред 6 години

lazni-vesti

ССНМ во борба со лажни вести, отвори и конкурс за текст на оваа тема

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) отвора конкурс за авторски текст/анализа на тема „Новинарски акредитации или лиценци за борба против лажните вести?“ што ќе биде објавен во октомврискиот број на електронската публикација „Новинарството како јавно добро“.„Феноменот на лажни вести веќе подолго време го обременува јавниот дискурс и медиумите во Македонија, но и во светот. Досега речиси ниту една земја не најде вистински одговор на ширењето на лажните вести, кои особено брзо се шират преку онлајн медиумите и социјалните мрежи. Во македонската јавност изминативе месеци имаше низа дебати околу тоа како да се реагира на овој проблем“, се наведува во соопштението на ССНМ. Во следното издание на електронската публикација, ССНМ сака да ја отвори темата за лажните вести и да ги види искуствата кои се користат во другите земји и дали и како тие функционираат.Конкурсот е отворен за сите членови на ССНМ, кои можат да испратат апликација на адреса ssnm.info@gmail.com. Како што информира Синдикатот, таа треба да содржи лични податоци на кандидатот, име и презиме, мејл и телефон, новинарски жанр со кој ќе биде обработена темата и краток опис на аголот што не треба да биде повеќе од половина страница во ворд.Авторот ќе биде избран од тричлена комисија според квалитетот и оригиналноста на пристапот содржан во апликацијата. Текстот ќе биде хонориран со 100 евра (бруто).Електронската публикација „Новинарството како јавно добро“ е дел од проектот „Писменост за вести и дигитална писменост: справување со лажните вести“ во кој ССНМ е партнер на Македонскиот институт за медиуми, заедно со Медиа дајверсити институт од Лондон, Институт за комуникациски студии и Агенцијата за аудио и аудио-визуелни услуги.

Македонија | пред 6 години

lence-ristoska

Според Законот за СЈО постоиме до септември 2020, вели Ленче Ристовска

Обвинителката во СЈО Ленче Ристовска рече дека согласно Законот, СЈО се уште постои и функционира и се надева дека наскоро ќе биде донесен законот за ЈО.-Многу пати апелиравме за важноста на носење на овој закон (Закон за ЈО н.з.). Тоа го има и во последното наше соопштение зошто е важно да се донесе тој закон. СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристовска.

Македонија | пред 6 години

07092019_PVRSM_Zaev_uvid_ulica_Madjari_4

Дуск ќе се сретне со Заев: Ќе има ли преговори со ЕУ годинава?

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск утре ќе престојува во посета на Македонија, а ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.По средбата предвидена е заедничка прес-конференција на Заев и Туск во 12:15 часот во Владата.Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври.Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот совет истекува на 1 декември, а на негово место ќе дојде премиерот на Белгија, Шарл Мишел.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СВЕДОШТВО: „Не ти работам за плата од мизерни 200 евра!“

Ние Македонците сме генерално самопрокламирани експерти на секое можно поле – од религија и фудбал до политика и астероиди, а очигледно експертизата ја започнуваме од најмали нозе.Ќерката на мојата пријателка која годинава стана апсолвент, веќе на големо си ја крои иднината, а таа започнува вака: Не ти работам за мизерни 200 евра!Пријателката само си ги крена рамениците додека лицето ѝ се обои црвено, а јас ја замолив ќерката да ми објасни како без ниту еден ден работно искуство и без некој особено просперитетен факултет (значи не е програмер, впрочем ништо поврзано со IT или маркетинг индустријата), планира да си побара почетна плата која ќе надминува 200 евра.„Ете така, ќе си побарам! Вие ако не си се цените доволно, јас си се ценам“. И така ноншалантно ни се развика, ја тресна вратата и отиде да пие кафе со другарките со 200 денари што ги измоли претходно од мајка си.Многу сакам да знам – во кој свет живеете бре деца? Знаете ли во која држава се наоѓаме и каква е ситуацијата кај нас? Сте се запрашале колку плата земаат луѓето кои работат во рудник и се спуштаат во јама црна како ноќ на 250 m длабочина, ризикувајќи си го животот секојдневно во обид да стават парче леб на масата?Многу сакам да знам – во кој свет живеете бре деца? Знаете ли во која држава се наоѓаме и каква е ситуацијата кај нас? Сте се запрашале колку плата земаат луѓето кои работат во рудник и се спуштаат во јама црна како ноќ на 250 m длабочина, ризикувајќи си го животот секојдневно во обид да стават парче леб на масата?Знаете колку изнесува просечната плата на една шивачка во текстилната индустрија? На касиерки кои во паузите мора да бидат и чистачки и редачи на роба и да се молат на крајот од денот со пребројувањето да не им фалат 100 денари затоа што ќе мора да си ги платат од џебот?Или им ја знаете платата само на директорите, на kpaдците и kpиминалцитe? Ним отворено им се воодушевуваме, ама сопствените родители си ги плукаме. Простички се тие, работат таму некаде од утро до мрак за мизерни 200 евра плата. Кои глупаци, просто човек да се засрами од нив!Заборавивте кој ве создаде, кој ве израни, кој ве прати на училиште да се описмените и кој сè уште на 22 години ви дава 200 денари за кафе, затоа што не можете да го мрднете малку газот и да заработите свои пари.Затоа што ви е под нивото да работите што било со недовршен факултет, со нула искуство и со никакви посебни вештини и способности. За што очекувате да ве одберат, за убавото лице и долгите нозе? За тоа плата не се дава.Кога ќе ми текне што сè работев да стигнам онаму каде што сум сега… слушајќи ги овие коментари ми се гади, што од вас, што од родителите кои не ве научиле на работа и да го цените денарот што тешко се заработува.

Коментари | пред 6 години

1-10

Ако сте млади и невработени, државата ќе ви помогне да станете ИТ човек

Млади невработени лица до 34 години и годинава имаат можност да посетуваат обуки за доквалификација и преквалификација за напредни ИТ вештини.  Овој пат со програмата ќе бидат опфатени над 1.200 лица а за мерката ќе се потрошат околу 600 илјади  евра. Според надлежните целта е со  програмата  да им се овозможи на младите да се вработат  на подобро платени  работни места затоа што ИТ секторот е  дејност каде на вработените им се делат повисоки плати.Според Манчевски ИКТ индустријата е во постојан пораст и има потреба од кадар за работа. Очекуваат дека програмата ќе им помогне на фирмите од оваа област да ги најдат потребните работници.Огласот за обуките е веќе објавен. Сите кои ќе сакаат да се пријават треба да се регистрирани како невработени во агенцијата за вработување. По завршувањето на обуките лицата ќе се стекнат со сертификат.Според аналзиите во земјава се регистрирани околу 2000 ИТ компании во кои работата од 14 до 18 илјади лица.

Македонија | пред 6 години

70523524_10158872147649816_2024369570101329920_n

(ФОТО) УЖАС ВО СКОПЈЕ: Убиено и искасапено куче со секира, крв на сите страни

Вознемирени жители на општина Аеодром од утрината постираат фотографија со искасапено куче.Уличното куче, едн од најмрните како што велат жителите што го пронашле, е усмртено со секира!Вознемирувачката фотографија е објавена на социјалните мрежи.Љубителите на животни, невладини организации, вознемирени жители на населбата, бараат итно да се фати монструозниот убиец и прашуваат до кога надлежните, пред сѐ МВР, ќе толерира вакви масакри над животните?

Скопје | пред 6 години

Katica-Gruevski

ВАН ХОЈТЕ: Груевски бараше Катица Јанева да биде шеф на СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева очигледно беше избор на Никола Груевски, но се чинеше дека тоа не им пречи на СДСМ, вели во интервју за ИРЛ Питер Ван Хојте, кој беше посредник во таканаречените пржински преговори, кои резултираа и со формирање на СЈО.-Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор. Тоа е моето чувство. Потоа тој кандидат беше избран. Ми беше драго, повеќе не постоеше проблем. Тие разговараа и надвор од процесот. Верував во тоа време дека тоа е добар развој. Сега не сум сигурен. Можеби тоа било дел од поголем договор. Не знам, но можеби еден ден појасно ќе ми биде – вели Ван Хојте.Во интервјуто, тој посочува дека од денешна перспектива е разочаран поради тоа што СДСМ немал проблем со системот, туку, како што вели, партијата сакала да ја презеде власта.-И денес се гледаат примеси дека го користат системот што постоеше тогаш за да останат на власт. Воопшто не е добар тој клиентелистички систем. Си имаат шефови и клиенти за работни места со цел да се осигураат дека ќе имаат гласачи – истакна Ван Хојте, додавајќи дека амнестијата пред да биде окончан судски процес се судира со концептот на почитување на владеење на правото.Целото интервју можете да го погледнете на ирл.мк

Македонија | пред 6 години

–-Google-Chrome

ФОТО: Ременски се омрси во шума

Пратеничката Фросина Ременски, на Фејсбук, се пофали со малешевски специјалитет.– На Малеш фоф гората горе. – порачува Ременски на Фејбук објавувајќи фотографии од јадење подготвено со јајца, колбасици и сланина.

Македонија | пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

Експресно се одложи судењето за несреќата кај Ласкарци

Судењето за несреќата кај Ласкарци експресно се одложи поради отсуство на еден од обвиниетите во случајот.Основниот кривичен суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.Шефот на возниот парк во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, имал само основно образование, немал ниту еден ден стручна обука или курс или каква било компетенција, а раководел и управувал со работењето на превозникот.Ова во воведниот говор за судењето за сообраќајната несреќа кај Ласкарци го нагласи обвинителот Дарко Јакимовски.По налог на Ремзи, биле ставени уреди за манипулација во тахографот, а возачите ги активирале со прекинувач за да не се прикаже реалната брзина на движење.„За возачите да избегнат казна, во тахографот биле вградени, т.е. скриени посебни електрични инсталации, кои оневозможувале реално отчитување на тахографските ленти. Во секое време возачите со активирање на прекинувачот ја манипулирале брзината што се отчитува“, рече обвинителот во воведниот говор.Други возачи сведочеле дека тоа се случувало во континуитет.По несреќата, кај два автобуса биле извадени уредите за манипулација на брзината.„Никогаш, буквално никогаш, не се случило автобус да не го помине техничкиот преглед поради технички неисправности. Само во 2019 година се констатирани неисправности кај 80 автобуси што биле на контрола“, рече Јакимовски.Тројцата контролори во станицата за технички преглед требало да спречат воопшто автобусот да влезе во сообраќај, дополни обвинителот.Тој рече дека автобусот возел цели 16 дена по неколку тури на ден на истата релација.„Прашање на време било кога ќе дојде до несреќа“, рече Јакимовски.„Возачот не бил под дејство на алкохол, замор, лекови или други супстанци и не користел телефон или друга направа за да му го одземе вниманието. Положбата му била стабилна со две раце на воланот. Фокусирано следел што се случува, но ништо не презел“, рече обвинителот.Обвинителот рече дека во автобусот настапила агонија, пискотници и плач.„Будните патници биле свесни дека одат кон амбис и дека се соочуваат со смртта“, истакна Јакимовски.„Оваа постапка не смее да биде цел самата за себе. Општеството во целина преку овој настан мора да извлече поука“, рече обвинителот на крајот од воведниот говор.На обвинителна клупа за автобуската несреќа кај Ласкарци седнаа сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо турс“, Ремзи Мифтари, кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер, порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски. Во судницата беа присутни и нивните адвокати, како и адвокати на оштетените.Предметот го застапува скопскиот обвиниетел Дарко Јакимовски, а по него судат Дијана Груевска-Илиевска и Александра Ристеска и тројца судии поротници. 

Македонија | пред 6 години

grubi

Груби ќе оди во САД да учи како да се справи со корупцијата

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби од денеска до 26 септември е во работна посета на САД.Во рамките на посетата, која е во организација на Републикански институт (ИРИ), Стејт Департментот и Институтот за претставување на Владата (ИПГ) во САД, како што соопштија од собраниската Комисија за европски прашања, Груби ќе учествува на Форумот за подобрување на транспаретноста и борбата против корупцијата.Исто така, Груби ќе оствари и билатерални средби со конгресмени и претставници на Владата на САД, на кои ќе се разговара околу американската поддршка на нашите евроатлантски процеси, политичката состојба, како и за актуелните реформи во областа на правосудството и борбата против корупцијата.

Македонија | пред 6 години

pari-za-izjava

СДСМ и натаму тврди дека платите растат, дали е така?

Во изминатите 2 години, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки и политики покажа што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, што значи посветена работа за подобрување на условите во јавните здравствени установи.Од први октомври, се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови. Веќе од следниот месец, со укинувањето на квотите за аптеките, лековите стануваат достапни во кој било ден од месецот.Воведени се три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект.Воведовме 5 нови лекови за лицата со ретки болести и зголемен е буџетот за оваа намена.Со воведување задолжителен шест месечен платен стаж за младите лекари во висина од просечна плата на општ лекар, за првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.Посветено работиме на унапредување на условите за работа на здравствените работници.Постојано ја покачуваме платата на здравствените работници. Најпрвин во септември 2018 година, 19.123 вработени во Јавните здравствени установи добија покачување од 5 отсто.Во јануари годинава за 10 отсто се покачени платите на докторите специјалисти, за 5 отсто на медицинските сестри, и за 8 отсто на медицинските сестри кои работат во Клиничкиот центар.Од овој месец следува дополнително зголемување за 5 отсто.Од први октомври се зголемува и капитацијата на матичните лекари, која пред повеќе од 10 години беше намалена и никогаш не беше достигнато нивото коешто беше претходно.Покрај зголемувањата на платите, зголемени се коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници.Донесен е и нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место.Започната е постапката за изградба на нов Клинички центар. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните со нов, модерен Клинички центар, а денес тој станува реалност и најголема гринфилд инвестиција во здравството.Ова се само дел од реформите во здравството што обезбедуваат поголема грижа за пациентите, подобри услови за работа на лекарите и унапредување на здравствениот систем.Продолжуваме со реализација на мерките што се во интерес на граѓаните, на лекарите и на здравствениот систем, пишува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

ivica-konevski

Коневски: Државата тоне, законите се само декор на политичката сцена

Ексградоначалникот на Аеродром од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски вели дека наместо да се следат глобалните трендови и да се оди напред, Македонија се повеќе тоне.„Реториката полна со омраза и поделби стана наше секојдневие. Заканите и реваншизмот се веќе редовен декор на политичката сцена и навлегоа во секоја пора од нашето општество.Постојаното заплашување и потребата за одмазда водат кон целосен колапс на системот. Наместо да ги следиме глобалните трендови и да одиме напред, нашата држава тоне сѐ подлабоко во сите сфери. А, за жал, политичките субјекти не покажуваат волја да ја подобрат состојбата. Нивната крајна неконструктивност не само што не носи никаков успех, туку рапидно го уништува сето она што макотрпно и со голема посветеност беше создавано со години наназад“, пишува Коневски на социјалните мрежи.Според него, не може да се очекува иднина од генерција која е поделена поради политичките чинители.„Треба да сфатиме дека ние сме ментори и учители на новите генерации. Она што ќе им го покажеме денес, тие тоа ќе го демонстрираат и градат утре. А, каква иднина да очекуваме од нив кога денешницата ни е толку поделена и контаминирана заради постапките и реториката на главните политички чинители? Од срце посакувам да завладеат конструктивноста и позитивната енергија со која ќе ги задржиме младите генерации во Македонија. Но, за тоа ќе мора да ја напуштиме досегашната матрица и да зачекориме по еден нов пат. Секој поединец е важен. Најголемата одмазда е кога нема одмазда, туку кога се граби напред и кога се создаваат нови успеси“, додава Коневски во статусот.

Коментари | пред 6 години

PrtScr-capture

(ФОТО) ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Скелет од животно оставен на булевар во Скопје

По неколкудневните труења и убивања на животни во неколку населби низ Скопје, на социјалните мрежи осамна уште една возменирувачка фотографија.На булеварот св. Климент Охридски пред три дена бил оставен скелет од животно, а минувачите биле возменирени од глетката која ја затекле.Засега, во Македонија никој не одговарал за убиствата на кучињата и мачките кои немаат дом и се низ улиците.

Скопје | пред 6 години

sredba-janeva-jovevski

СЈО згасна со се предметите - Јовески може да ги „спаси“ и да ги гони обвинетите

Советот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. Во саботата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор за случајор „Рекет“, беше едногласно разрешена од членовите на Советот.По одлуката на Советот, на потег ќе биде јавниот обвинител Љубомир Јовевски кој, доколку одлучи, има можност на обвинителите кои до сега ги водеа предметите да им ги додели повторно.Од предметите за кои СЈО покрена над 20 обвиненија, само три се целосно затворени, неколку се вратени на повторно судење или се чека изјаснување на Апелациониот суд.

Македонија | пред 6 години

mickoski-2

Мицкоски за СЈО: Заев сака ново обвинителство кое ќе му служи само на него

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вчерашното интервју за МРТВ 2 изјави дека Заев сака ново СЈО кое што ќе му служи за офанзива врз политички неистомисленици, да има обвинителство кое што ќе го контролира Рускоска кое што би било дефанзивно и ќе ги заштитува делата кои што се резултат на нивните криминали и Јовевски кој што сето тоа ќе го диригира.Од нивна страна беше даден предлог за формирање на обвинителство кое што ќе биде обвинителство за гонење на висока корупција, и кое што ќе биде на исто ниво со обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција , нивен беше предлогот ние го прифативме, нивен беше предлогот да опозицијата предложи обвинител кој што ќе го води тоа ние тоа го прифативме, нивен беше предлогот ингеренциите од СЈО преку 10-те помошници на притвореничката да прејдат во рамките на тоа ново обвинителство и да продолжат предметите преку тоа ново обвинителство ние тоа го прифативме . Понатаму , нивен беше предлогот да тоа обвинителство гони корупција кај именувани избрани лица ние тоа го прифативме, вели Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

sovetnicka

(ФОТО) Која е секси советничката на новата министерка за финансии?

Фотографии од Ана Марија Макеска која е советничка на министерката за финансии, Нина Ангеловска ги преплавија социјалните мрежи откако излегоа нејзини фотографии од фотосесиите на кои се гледа блага еротика, пишува експрес.мкАна Марија Макеска е координатор на социјални медиуми и односи со јавност, и ќе се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за работата на министерката и нејзиниот тим. Ангеловска избрала помлад тим соработници меѓу кои со своето портфолио на социјалните мрежи доминира Макеска.Текстот во целост на:  експрес.мк

Македонија | пред 6 години

Filipce-Trombi-operacija-1

Филипче ќе го предводи протестот против насилството врз здравствените работници

Под мотото: Доста е! Стоп за насилството врз медицинарите, во среда заедно со здравствените работници ќе протестира и министерот за здравство, Венко Филипче. Протестот ќе се оддржи во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” во Скопје.Министерот Филипче за денеска најави нова кординација со министерествата за правда и внатрешни работи, како и почнување кампања против насилството врз лекарите и медиционскиот персонал.„Преземавме низа мерки. Имавме средба во Министерството за внатрешни работи, ќе ангажираме професионално обезбедување и патролна служба од полицијата околу старата градска болница“, изјаави Филипче.Од Асоцијацијата сметаат дека обезбедување нема да го реши проблемот, а на ист став е и Здружението на лекари Албанци, кои не биле поканети на средбата со ресорниот министер.

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Се зголемува капитацијата на матичните доктори, платите во здравството растат

Во изминатите 2 години, Владата предводена од СДСМ преку конкретни мерки и политики покажа што значи вистинска грижа за пациентите, за здравствените работници, што значи посветена работа за подобрување на условите во јавните здравствени установи. Од први октомври, се решава деценискиот проблем со недостиг на лекови. Веќе од следниот месец, со укинувањето на квотите за аптеките, лековите стануваат достапни во кој било ден од месецот. Воведени се три нови инсулини. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, а до пред 2 години, тие добиваа лекови без сертификат за квалитет и без никаков ефект, се вели во соопштението од СДСМ.Воведовме 5 нови лекови за лицата со ретки болести и зголемен е буџетот за оваа намена. Со воведување задолжителен шест месечен платен стаж за младите лекари во висина од просечна плата на општ лекар, за првпат, приватните специјализанти се платени за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар. Посветено работиме на унапредување на условите за работа на здравствените работници.Постојано ја покачуваме платата на здравствените работници. Најпрвин во септември 2018 година, 19.123 вработени во Јавните здравствени установи добија покачување од 5 отсто.Во јануари годинава за 10 отсто се покачени платите на докторите специјалисти, за 5 отсто на медицинските сестри, и за 8 отсто на медицинските сестри кои работат во Клиничкиот центар. Од овој месец следува дополнително зголемување за 5 отсто.Од први октомври се зголемува и капитацијата на матичните лекари, која пред повеќе од 10 години беше намалена и никогаш не беше достигнато нивото коешто беше претходно. Покрај зголемувањата на платите, зголемени се коефициентите за исплата на дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на здравствените работници. Донесен е и нов Закон за прекинување на бременоста, со кој волјата на жената ја ставаме на прво место.Започната е постапката за изградба на нов Клинички центар. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните со нов, модерен Клинички центар, а денес тој станува реалност и најголема гринфилд инвестиција во здравството. Ова се само дел од реформите во здравството што обезбедуваат поголема грижа за пациентите, подобри услови за работа на лекарите и унапредување на здравствениот систем. Продолжуваме со реализација на мерките што се во интерес на граѓаните, на лекарите и на здравствениот систем, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Економската година која ја најавуваше СДСМ се претвори во економска катастрофа за Република Македонија

Економската година која ја најавуваше СДСМ се претвори во економска катастрофа за Република Македонија. Македонската економија со оваа неспособна власт го допре дното во Европа и не може да се носи ниту со земјите од регионот. Во ситуација кога економијата тоне, власта наместо развојни проекти нуди популистички мерки без ефект кои сериозно ја загрозуваат економијата и од кои единствено корист имаат компаниите блиски до СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Капиталните инвестиции и индустријата кои можат да ја придвижат економијата и да донесат развој со оваа власт имаат поразителни бројки. За првите 6 месеци од 2019 година капиталните инвестиции изнесуваат ниски  24,5%, што покажува дека СДСМ не се способни да го реализираат тоа што и самите го испланирале. Додека пак бројот на работници во индустријата е опаднат за 2,5% , што значи дека индустријата опаѓа, а економијата е во колапс.Дополнително на тоа погрешните економски политики на СДСМ почнаа да ги одвраќаат инвеститорите. Затоа и странските директни инвестиции за првите 6 месеци имаат пад од 84,2% споредено со  минатата година и изнесуваат само 48,7%. За споредба соседна Србија за истиот период има  1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра. Тоа е доказ дека е повеќе инвеститори наместо во Македонија се одлучуваат да инвестираат во соседството.Власта веќе трета година ги троши најголемите буџети во историјата на државата,а ништо немаат сработено и граѓаните немаат никаков бенефит. Задолжувањето забрзано расте и за прв пат е над 5 милијарди евра, а заедно со тоа расте и сиромаштијата и заради СДСМ над 500.000 граѓани се под прагот на сиромаштијата.Криминално рекетарската влада предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев секојдневно ја разграбува државата и ги донесе до питачки стап граѓаните на Република Македонија.Со СДСМ и Зоран Заев Република Македонија секој ден се повеќе тоне.  Потребни се итни предвремени парламентарни избори за што побрзо да започне обновата на Македонија,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

nina-na-fb

Министерката Ангеловска го објави својот тим, еве кои се...

Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил го објави тимот со кого ќе работи во нејзиниот Кабинет.„Секогаш, секаде и се зависи од луѓето, од нивната волја, од нивниот потецијал, верба, напорна работа, интегритет, дух, енергија. Еден од предизвиците со кои се соочуваме во професионалната активност е да ги одбереме луѓето со кои ќе работиме, соработниците околу нас кои ќе ни бидат поддршка и ќе дадат совет, луѓето на кои можеме да се потпреме и со кои ќе сакаме да се бориме, да решаваме проблеми и да менуваме.Верувам дека формирав професионален и енергичен тим, тим кој нема да прифаќа “не, тоа не може” без пред тоа да ги проба сите начини и креативни солуции. Тим кој е подготвен да ги стави сите свои капацитети во служба на државата, да се заложи максимално за да предизвика промени и да придонесе кон градењето на силна економија, прогрес кој ќе стои на цврсти нозе, кон подобрување на ефикасноста на нашето општество, кон елиминирање на административните стеги, кон продуктивно трошење на секој денар на граѓаните, кон креирање поволна клима за бизнисите, кон квалитетни услуги и пристап за сите граѓани, кон поквалитетен живот за сите нас. Тим кој има широки интердисциплнарни познавања и меѓународно искуство и кој ќе биде посветен на постојано унапредување на фискалната транспарентност и фискалната дисциплина.Тимот е доминантно женски, но балансот во советниците е воспоставен со надворешните експерти со кои ќе се советувам во полето на даночната политика и макроекономијата.Шефица на кабинетот е Кристина Попова која доаѓа од една од најголемите светски ревизорски куќи, но со претходно работно искуство во Министерството за финансии.Ивана Станковиќ е посебен советник за јавен долг и финансиски систем. Нејзината долгогодишна работа во менаџмент консалтинг во приватен и јавен сектор со посебен фокус на корпоративни финансии, како и работа во финансискиот сектор во областа на алтернативни инвестиции ќе биде од големо значење.Олимпија Христова Заевска е посебен советник за меѓународни финансии, ИПА и односи со ЕУ. Сигурна сум дека Олимпија значајно ќе придонесе на патот кон економски развој и паметно финансирање на развојни проекти.Проф. д-р Маријан Петрески (со теоретско и практично искуство во макро и развојната економија, а особено во делот на критичката анализа и креирањето на политики) и Г-дин Павле Гацов (еден од најпознатите домашни експерти за даноци, предавач на голем број обуки за даночната регулатива) се надворешни консултанти со кои ќе соработувам во областа на макроекономијата и даночните политики.Анја Марија Макеска, е координатор на социјални медиуми и односи со јавност, и ќе се грижи за транспарентно и навремено споделување и информирање на јавноста за нашата работа.Министерството за финансии е екипирано со квалитетни кадри со кои верувам дека сите од кабинетот ќе имаме одлична соработка и заедно ќе воведеме нова динамика на работење која ќе покаже брзи резултати“, напиша министерката Ангеловска.

Македонија | пред 6 години

dui1

Ахмети: Ако имаше криминал во ДУИ, немаше никој да не поштеди

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешното изборно собрание на партискиот огранок во Чаир, им порача на сопартијците да не се грижат поради објавуваните материјали од страна на Ел Чека, а на политичките противници им порача да се натпреваруваат со партиските органи.-Постоеше загриженост кај некои мои соработници поради неколку прислушувани материјали. Оставете ги, тие се залудни. Ако имаше криминал за ДУИ, кој ќе не поштедеше – рече Ахмети.

Македонија | пред 6 години

mickoski_zekiri

Помислив дека ќе кажете оти за малку ќе сте се оженеле со Албанка, му вели Зекири на Мицкоски

Албанците многу добро знаат како се борите за нив, му порача потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, откако Мицкоски на МТВ 2 говореше дека актуелната влада не ги реализирала ветените проекти кон Албанците.„Не забораваат Албанците со каква хистерија ја наметнавте темата и говоревте за т.н. „Тиранска платформа“. Да не заборавиме како реагиравте на Законот за јазиците. И многу други случаи кога на дело докажавте колку се „грижите“ за Албанците во нашата земја, Република Северна Македонија. Вашиве зборови ме трогнаа длабоко кога кажувате колку се грижите за Албанците. Дури помислив во еден момент дека – во стилот на Гордана Силјановска – ќе кажете дека за малку ќе сте се оженеле со Албанка“, напиша Зекири на фејсбук.Инаку, лидерот на ДПМНЕ праша до каде се проектите што ги вети Зоран Заев кои, како што рече, требаше да им го направат животот на Албанците подобар?-До каде е канализацијата во Арачиново? Сте слушнале? Јас не сум слушнал дека шајка е задената. Треба да молчиме? Не нема да молчиме затоа што ние се бориме не за оние Албанци во Владата и во функционерските столчиња, туку се бориме за оние Албанци во Желино, за Албанците во Теарце, во Тетово, во Чаир кој што имаат реални проблеми и ние ним им се обраќаме. Ние сме тука да понудиме решенија за вашите реални проблеми – изјави Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања