Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

brnabic-1

(ВИДЕО) Српската премиерка со партнерката маршираше на „Прадата на гордоста“ во Белград

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ прошета со нејзината партнерка на Парадата на гордоста и најави дека Белград ќе се кандидира за Европската гордост (ЕуроПрајд) во 2022 година. Премиерката на Србија пристигна на парадата со нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ. Европскиот прајд е најголемата меѓународна манифестација во Европа, на која се собираат стотици илјади гости.„Сакам да му се заблагодарам на целиот тим за организацијата. Мислам дека повторно се испраќа порака за мир и толеранција кои во Србија мора да ги чуваме. Мислам дека тргнавме во вистинска насока, а Прајд служи за подигнување на свеста. Мене ми е важно денеска да зборуваме за европските прави и ЛГБТ заедницата, политички да не се делиме кога се во прашање човековите права. Секоја година станува се полесно, а тоа е кога добивате Влада која ќе обезбеди сите да имаат исти услови“, рече Брнабиќ.

Свет | пред 6 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Нема да ми биде лесно да се вратам во октомври ако не добиеме зелено светло за ЕУ и да речам дека ќе одлучуваат идната година

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Агенција Европа, предупредува за ризиците кои и се закануваат на Северна Македонија доколку ЕУ не додели датум за старт на преговори во октомври.Ако немаме перспектива, а тоа е влогот во октомври, ќе ослабнеме, а скептиците, националистички сили и популистите ќе се зајакнат, тоа ќе им помогне на оние кои се сомневаат во европскиот проект, таа стратешка ориентација, додека позитивна одлука ќе ни помогне да кажеме дека работите се во наши раце, изјави Димитров во интервју за Агенција Европа при неговата последна посета на Брисел минатата недела.Во разговорот, Димитров го споделува својот оптимизам за одлуката на Советот на 15 октомври и смета дека земјата има „многу убедливи аргументи“, пред сѐ „очигледен напредок кон вистинска европска демократија“, како и постигнувањето на договорите со Грција и Бугарија.Имаме слух за загриженоста на некои земји членки околу тоа како да процесот на пристапување да се направи построг и повеќе ориентиран кон промена, што е во срцето на интересите на населението во регионот, вели министерот за надворешни.Што се однесува до одлагањето на одлуката за датум во јуни годинава, Димитров смета дека министрите немаа доволно време да го разгледаат напредокот во четирите клучни области дефинирани во јуни 2018, поради кусиот рок помеѓу објавувањето на извештајот на Европската Комисија и одржувањето на Советот на ЕУ.Сите погледи се сега свртени кон средината на октомври, мислам дека влогот е таков што има сериозни размислувања во престолнините за начинот да се зграпчи оваа прилика во момент кога нема многу прилики за успех, објаснува Димитров.Во случај Македонија да не добие зелено светло овој пат, по четиринаесет години кандидатски статус, министерот предупредува:„Нема да биде лесно за мене, како министер, да се вратам дома после октомври и да речам дека ќе одлучуваат идната година, потребно ни е политичко гориво за да продолжиме да одиме напред“. 

Македонија | пред 6 години

deponija

Ништо од изградба на регионална депонија на југозападот

Централните власти се чини немаат план Б како да ја решат правната пат-позиција во која западна проектот за изградба на регионална депонија во југозападниот дел од земјава. Откако граѓаните и локалната власт во општина Дебарца жестоко се спротивставија на идејата на нивна територија да се гради ваква депонија, новиот министер за екологија, Насер Нуредини, бара трпеливост за да се најде решение, објави АлсатМ.„Има тековни дискусии и има општини во секој регион кои треба да бидат убедени каде да има станици за трансфер и главни депонии. Имаме национален план и работиме на дополнителни разработки на планот. Ја разбирам итноста од аспект дека ова треба да се направи што е можно поскоро, но ве молам разберете дека е потребно да се помине таа процедура“-изјави Насер Нуредини, министер за животна средина.Но, граѓаните од овој дел на Македонија, а особено од општините Охрид и Струга, немаат време за чекање. Локалните депонии Буково и онаа на влезот на Струга каде сега времено се складира отпадот, треба да се затворат следната година согласно барањата на УНЕСКО. А, во ниту еден од регионите во државава не е изградена современа регионална депонија. Дополнителен проблем, велат од Програмата за развој на Обединетите нации, се и комплицираните процедурите за нивна изградба.Текстот во целос на : АлсатМ 

Македонија | пред 6 години

kafasan

Отворање на нов царински терминал на Ќафасан

На граничниот премин Ќафасан денеска ќе биде пуштен во употреба новоизградениот царински терминал за стокови пратки. Проектот кој е финансиран од ЕУ преку ИПА во вредност од два милиони денари започна во 2017 година.На настанот обраќање да имаат премиерот Зоран Заев, амбасадор на ЕУ во Република Северна Македонија Семјуел Жбогар, министерката за финансии Нина Ангеловска и директор на Царинската управа Ѓоко Танасоски,Со изградбата на нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти, од Царинската управа истакнуваат дека нашата држава обезбедува подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката на најголемиот граничен премин со Република Албанија, како и олеснување на прекуграничните постапки.

Македонија | пред 6 години

mefaali7

(ФОТО) Ова е скопјанецот кој загина на планината Олимп

Искачувањето на планината Олимп во Грција трагично заврши за 57-годишниот Мефали Гури од Скопје, член на Планинарското друштво Шкупи. Мефали загинал во саботата околу 20 часот во близина на Планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“.Текстот во целост на: biznisvesti.mk

Македонија | пред 6 години

SJO

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, што со нив и дали преку ЈО ќе ги добијат повторно истите предмети?

Советот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. Во саботата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор беше едногласно разрешена од членовите на Советот. Дали обвинителите ќе продолжат да ги застапуваат своите предмети останува да видиме откако дополнително ќе се одлучува  во Јавното обвинитлество за тоа.Први ќе бидат распредлени предметите за кои се закажани рочишта и оние кои се во судска постапка, а целиот процес се очекува да заврши за две до три недели.Загриженост и неизвесност за својот статус пројавија и стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО. Тие преку допис побараа помош од меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на ова обвинителство и од политичките чинители во земјава.Министерката за правда Рената Дескоска во изјава за МИА рече дека за време на разговорите за законот за Јавното обвинителство предложиле вработените во СЈО да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинителство.

Македонија | пред 6 години

vreme-oblacno

До среда сончево и топло, од четврток заладување и дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. Во Скопје сончево со слаб претежно северен ветер.До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник. Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Отворена постапка против лице кое пукаше од полуавтоматско и автоматско оружје во скопско Бојане

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривични дела – Предизвикување општа опасност од член 288 став 3 во врска со став 1, како и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 14 август, во скопското село Бојане, во близина на селскиот бунар каде биле собрани повеќе луѓе, најпрво започнал вербална и физичка расправија со едно лице. По ова, со полуавтоматски пиштол „Застава М57“ со калибар од 7,62Х25мм, кој го поседувал без дозвола, испукал неколку проектили кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „Застава М70Б1“ со калибар 7,62Х39мм, кое оружје им е забрането на граѓаните. Во дворот тој испукал неколку проектили во воздух. Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.Ценејќи дека се исполенти законските основи, односно дека постои опасност лицето да се даде во бегство, да го повтори кривичното дело или да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати ваквиот предлог и на лицето му определи притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 6 години

Trnovo-3

Зеќири, Костадинов и Жерновски: Ги исполнивме главните столбови на програмата „За живот во Македонија“

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, членот на ИО на СДСМ, Костадин Костадинов и членот на ЦО на СДСМ, Андреј Жерновски денеска присуствуваа на традиционалниот социјалдемократски пикник во комплексот „Трновски ветар“ во општина Крива Паланка.Зеќири, Костадинов и Жерновски го искорстија присуството да зборуваат со граѓаните за повеќе актуелни теми, но и да ги слушнат нивните потреби, коментари и предлози.На повеќе од една година до истекот на мандатот, „Парите кај граѓаните“ еден од петте носечки столбови на програмата на СДСМ од 2016 година, "За живот во Македонија", е целосно исполнет.Радиодифузната такса е укината, воведена е дневна евтина тарифа на струјата, казните се намалени, воведени се фер даноци и зголемени се субвенциите, а со повратот на 15 отсто од ДДВ, секое семејство добива приход плус на крајот од годината.Со тоа се оствари заложбата на СДСМ што повеќе пари да завршуваат назад кај граѓаните и да се подобрува нивниот животен стандард.Веќе извесно е дека до крајот на мандатот ќе бидат исполнети целите и од останатите столбови на програмата, како што се минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, доволно лекови за сите во секое време, дигитални услуги, како и судство и правна држава ослободени од партиски притисоци.СДСМ останува со граѓаните, продолжуваат непосредните средби на кои се решаваат проблемите и се креираат мерки и политики од интерес на државата и граѓаните.

Македонија | пред 6 години

OHL_3765-1

Младиот јапонски пијанист Томохиро Адачи ја воодушеви публиката во „Света Софија“

Впечатлив настап имаше младиот јапонски пијанист Томохиро Адачи кој одржа концерт синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во организација на Националната установа„Охридско лето“.Адачи покажа маестрална изведба на внимателно избраниот репертоар, и со неверојатна леснотија и префинета техника ја воодушеви публиката која го награди со бурни овации ибисеви.-Се чувствувам феноменално и сум многу среќен по завршувањето на овој концерт. Црквата е прекрасна, а исто така и акустиката е одлична. Пијаното што го поседува фестивалот „Охридско лето“ на кое што свирев беше совршено, изјави пијанистот Адачи.На концертната програма се најдоа дела од различни композитори.-Отсвирив хрватски композиии на Дора Пејачевиќ. Сакав да го ставам овој исклучително добар композитор на синоќешниот репертоар. На публиката ѝ доловив и дела од јапонскикомпозитори, свирев композиии на Франц Лист, на Фредерик Шопен, на Рихард Вагнер, на Астор Пјацола, а ја пренесов и познатата „За Елиза“ од Лудвиг ван Бетовен, додаде Томохиро Адачи.Хрватската музика, како што вели пијанистот,има посебно место на неговиот репертоар бидејќи музичката академија ја завршил во Хрватска.-Кога завршив средно училиште во Јапонија, веднаш се запишав на Академијата за музичка уметност во Загреб.Тогаш првпат се сретнав со делата на хрватските композитори бидејќи во Јапонија не ги изучувавме. Тоа беше предизвик за мене, нешто ново и инспиративно. Хрватските композитори создаваат прекрасна музика, и тоа ме привлече уште повеќе да сезанимавам со нив и нивните композиии, вели Адачи.Овој млад пијанист го основа и јапонско-хрватското музичко друштво во Токио преку кое организира многу концерти на врвни музичари, секогаш со една цел, воведување нахрватските мелодии и култура во Јапонија. И самиот тој, на своите настапи изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други. Иако млад, позади овој исклучително добар уметник стои богата интернационална кариера во Источна Азија, Европа и Австралија и многу награди за неговата маестрална пијанистичка активност.За добрата атмосфера на вчерашниот концерт во црквата „Света Софија“, придонесе и јапонската пијанистка Јоко Намазаки која на крајот изведе три композии заедно со ТомохироАдачи.

Македонија | пред 6 години

pretepan

22 годишен Кичевчанец нападнат од неколку лица пред угостителски објект

На 15.09.2019 во 00.20 часот во Полициската станица Кичево, Е.З.(22) од Кичево пријавил дека на 14.09.2019 околу 23.40 часот пред угостителски објект на бул.„Ослободување“ во Кичево бил физички нападнат од Ј.Џ. и уште неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pozar-pintija

Пожар во близина на с.Цер, кичевско

На 14.09.2019 околу 01.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на с.Цер, кичевско, настанал пожар на локалниот пат с.Цер - с.Стаорец, каде била опожарена сува трева и борова шума. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот. 

Македонија | пред 6 години

kucinja

МВР за убиените кучиња со секира

На 15.09.2019 околу 09.00 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во парк на бул. „АВНОЈ“ имало едно мртво и едно повредено куче. Во тек е вештачење за начинот на смртта на кучето од ветеринарна институција. Се преземаат соодветни мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Поради недоразбирање во сообраќајот две лица нападнале Скопјанец

На 15.09.2019 во 04.44 часот во СВР Скопје, И.Ф.(22) од Скопје пријавил дека околу 04.30 на во близина на Градскиот стадион во Скопје бил физички нападнат од две лица кои биле со патничко возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки. И.Ф. бил пренесен во Комплекс клиники „,Мајка Тереза’’ каде му била укажана лекарска помош. Според пријавеното, причина за физичкиот напад било недоразбирање во сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Битолчанец пронашол артилериска граната од Првата светска војна

На 14.09.2019 во 11.55 часот во СВР Битола, А.Н. пријавил дека при изведување на градежни работи во с.Дихово пронашол артилериска граната од 105 мм од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од вработени во Дирекцијата за заштита и спасување. Извршен бил увид.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Прилепчанец агресивно се однесувал кон полициски службеници

На 15.09.2019 во 00.30 часот во Полициската станица Прилеп бил приведен А.Р.(39) од Прилеп, поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен 52 годишен маж кој пукал кон соселанец, за среќа не го погодил

На 14.09.2019 во Полициското одделение Сарај бил приведен и задржан Ш.С.(52) од с.Бојане, скопско, поради тоа што околу 11.45 часот со огнено оружје пукал кон Р.Н.(36) од с.Бојане, но не го повредил. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Македонија | пред 6 години

pop-4

(ВИДЕО) Руски поп од авион го попрскал градот со 70 литри СВЕТЕНА ВОДА за да спаси град од разврат

Свештеникот Александар Горјачев од руската област Твер решил да спаси еден град од блуд и разврат. Тој се качил во авион, па заедно со уште двајца свештеници од Руската православна црква го попрскале градот со 70 литри светена вода. Овој чин го направиле сметајќи  дека со осветената вода дека ќе им помогне на луѓето со зависност од алкохол и дрога.Локалните медиуми пренесуваат дека брачна двојка која што била со попот во авионот  тврди дека сопругот на чудесен начин се излекувал од алкохолизам.„Секоја болест доаѓа од вирус, а вирусот е демон. Затоа, секоја болест пред се е и духовна болест“, изјавил отецот Горјачев. 

Свет | пред 6 години

lutraki

(ВИДЕО) Над стотина пожарникари го гаснат големиот пожар кај Лутраки - Грција

Големиот пожар на Лутраки во Грција се уште не е изгаснат. Дури 169 пожарникари и шест хеликоптери и натаму се борат со огнената стихија. Вчера беа евакуирани два манастира и 50 луѓе.Очевидци за весникот „Катимерини“ изјавиле дека чадот стигнал до градот и дека пожарот се приближува до манастирот Агиос Патапиос, во ридовите над Лутраки. Неколку десетици луѓе беа евакуирани од загрозената област.

Свет | пред 6 години

terasi-1

(ВИДЕО) Се срушија терасите од трикатна куќа, во несреќата повредени 22 лица, меѓу кои три деца

Најмалку 15 лица се повредени денеска, меѓу кои и три деца, кога една на друга се срушија тераси на згради во Њу Џерси. За сега не е позната состојбата на повредените и со какви повреди се здобиени.Повредените  биле пренесени вио болница и за нивната здравствена состојба нема детални информации. Несреќата се случила вчеравечер по локално време.[caption id="attachment_65728" align="alignnone" width="512"]  [/caption]Регионалниот здравствен комплекс  Кејп Меј соопшти дека 21 лице биле однесени кај нив, а најмалку три биле деца. Единаесет пациенти биле пуштени на домашно лекување , вклучувајќи ги и сите деца кои биле примени, изјави портпаролката на болницата, Сузан Стагер.Регионалниот медицински центар во Атлантик Сити соопшти дека најмалку едно повредено лице е однесено кај нив.

Свет | пред 6 години

pozar-kamion

(ФОТО) Изгоре камион и дел од покривна конструкција во магацин во Струмица

Во магацин на улицата „Маршал Тито" во Струмица утрово се запалиле товарно возило и дел од покривната конструкција на магацинот, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.Во гаснењето на пожарот учествувале седум пожарникари и три противпожарни возила.Пожарот е изгаснат, а балгодарение на навремената интервенија спречено е негово ширење на  соседните простории.

Македонија | пред 6 години

pres-za-mladi

ВМРО ДПМНЕ: Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата

Младите се срамат од Зоран Заев и од оние малкумина од СДММ кои го бранат криминалот на владата. Единствената брана на европската иднина на Македонија е Зоран Заев и неговата криминална банда на власта. Европската иднина на Македонија и младите во неа е загрозена заради скандалозниот рекетарски октопод кој што со поддршка и амин на Заев се инсталираше во Македонија, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ.Европските вредности се погазени со Луј Витон правосудството кое е под директна контрола на власта и кое работи по диктат кога треба некој да се прогонува, кога треба некој да се амнестира.Се додека во Македонија се случуваат крвави тендери во здравството, наместени јавни набавки и сомнителни концесии на функционерите од власта, до тогаш Европската Унија ќе биде далечен сон за младите.Се дури семејните бизниси на премиерот со плантажи со марихуана се неговиот приоритет, до тогаш 140 илјади млади ќе живеат во сиромаштија, 47% од младите ќе бидат невработени, а 80% од младите ќе сакаат да се иселат.Младите во Македонија се срамат од малата група луѓе од СДММ кои се уште беспоговорно го слушаат и аминуваат на погрешните политики на Зоран Заев. Животот кој Заев им го ветуваше во Македонија им го претвори во пекол и затоа младите шансата се повеќе ја бараат надвор од својата земја.Додека во Македонија владее рекетот, неправдата и бизнисите на власта до тогаш се повеќе ќе се зголемува бесперспективноста и очајот во нашата земја. Тоа мора да сопре, а единствената шанса да се дојде до тоа е Зоран  Заев да падне од власт. Само така Македонија ќе добие јасна европска перспектива, а младите својата иднина ќе ја добијат во својата родна земја, истакна Валентин Манасиевски од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Со недели ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз обвинителството и судството

Во ВМРО-ДПМНЕ, буквално ништо не се менува, партијата се уште работи по инструкции од Будимпешта.  груевизмот зрачи. Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на почесниот претседател во бегство Никола Груевски.ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал, веќе и јавно кажува дека сака да биде контролор на обвинителството, се вели во соопштението од СДСМ.Со недели ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен притисок врз судството и обвинителството. Им кажува што и како да прават, најавува контрола врз нив и најавува документи од истраги и ја загрозува постапката за „Рекет“.За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, затоа свесно и намерно се обидуваат да попречат правдата за да ги заштитат огромниот број криминали направени за време на нивното владеење.За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стои на страната на правото, неселективноста пред законите и правичен судски систем.Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да заштити и заташка криминали, СДСМ се бори правдата да победи и секој што направил прекршување на законите да одговора.Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи нема да ја оствари неговата единствена мисија и ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта, Мицкоски нема да ги заштити неговите криминали.Заврши времето кога истрагите, пресудите се нарачуваа од белиот дворец. Денес, Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

naum-stoilkovski

Стоилковски: Правниот систем во Република Македонија е колабиран, не постои, постои само алатка за политички пресметки и за рекет

Новинар кои што го обзнани целиот случај Рекет, пред една недела отвори и тема дека „од УБК се украдени компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички“ и потоа „бил убедуван роднината на бизнисменот да плати рекет кај Боки“... со очекување деталите да бидат откриени, односно да се поведе институционална постапка за случајот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Ова прашање отвора повеќе дилеми, кој тоа изнесувал податоци од УБК, Кој тоа се бил дел од рекетот, кој и дали бизнисмен имал компромитирачки материјали со малолетнички, и низа други многу сериозни прашања. Прашања коишто отвораат и дилеми за злоупотреби на функции и на институции, и криминал и рекетирање, и најстрашно, злоупотреба на малолетници!До толку повеќе што имајќи предвид дека, ако е точно, институциите имале сознанија за последното, за злоупотреба на малолетници, наместо да реагираат, снимката била употребена за рекетирање на бизнисмени, а тогаш целиот систем на власта, и правен и морален, е колабиран!Почитувани,Цела недела мина откако од тука за ова прашање поткренав сомнеж и го повикав ЈО, но од таму молк!Македонија е соочена со Републички Јавен Обвинител, кој што признава и работи по наредби од притвореник, но нема намера да истражи можна злоупотреба на малолетници, ниту пак да одговори дали евентуално украдените компромитирачки снимки за бизнисмен биле резултат на легално или нелегално следење и снимање?Почитувани,Правниот систем во Република Македонија е колабиран, не постои, постои само алатка за политички пресметки и за рекет. Власта е фатена во најголемиот криминал, рекетирање и уценување на бизнисмени, власта подготвува уште една тура на криминогени дејствија, а правосудниот систем немо го следи тоа и исполнува желби на државната мафија!Ова е неподносливо, ова е далеку од демократија, ова е далеку од тоа што Република Македонија може да го издржи. Избори веднаш, а потоа - потоа ќе сноси одговорност секој еден што сторил или дозволил да биде извршен криминал, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

orce

Ѓорѓиевски: Спасовски во МВР создаде сопствен октопод

Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, создавајќи сопствен октопод.Октоподот на Спасовски во МВР е составен од луѓе кои може да ги контролира, бидејќи на истите им овозможува вработување на  роднини во МВР кои ги креираат пипците на октоподот односно на октопод системот чија глава е самиот Спасовски, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.За да го обезбеди овој систем, функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга, Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР под кои услови ја вработил и на кое работно место.Но, да почнеме од почеток, Спасовски успеа да ги згрижи партиските кадри, па на позиција инспектор во СВР Куманово, ја вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, Даниела Илиевска. Работно место во МВР добива и синот на Стојанче Величковиќ, којшто е поставен за командир на СВР Куманово.Спасовски ги вработува и роднините на неговите членови на кабинет. Па така братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, го вработува како инспектор во Куманово. Синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски, го вработува како полицаец. Истото го направил и за внукот на Мирче Станчевски.Откоподот на Спасовски се шири и кон луѓето од бизнис секторот коишто блиски до него, како  Игор Стефановиќ, сопственик на Оли травел, чиј брат е вработен исто така во СВР Куманово.Додека Спасовски создава октопод од негови блиски луѓе на позиции, млади луѓе се бодат по автобуси и ги губат своите животи, а истовремено полицијата за жал ништо не презема. Безбедноста е нарушена и повеќе никој не се чувствува сигурно во државава. Имаме еден куп убиства коишто се нерасчистени, криминалци има на секаде, а полиција буквално спие.Скоро една година помина од тројното убиство на Рузвелтова, а се уште МВР нема процесуирано ништо.Спасовски наместо да ги штити граѓаните и да го гарантира јавниот ред и мир создава октоподи за сопствените потреби.Господине Спасовски, МВР не е ваша сопственост. Се покажавте крајно некадарен за да ја извршувате работата за која што земате плата од граѓаните на Република Македонија. Време е заедно со Зоран Заев двајцата да заминете во историјата на македонската политичка сцена, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања