Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

0-1

КБ АЛБЕС го доведе и 5-то засилување оваа сезона

Кошаркарскиот клуб АЛБЕС донесе уште едно засилување, а станува збор за Дарко Ѓорѓиевски кој доаѓа во кошаркарскиот клуб Албес по добрите настапи на ФМП Академијата ФМП и Водно Suns.Ѓорѓиевски беше цел и желба и на клубовите од Првата лига, но професионалноста и аспирациите на кошаркарскиот клуб АЛБЕС го натера Дарко да одлучи да се приклучи на клубот на едногодишен договор.Ѓорѓиевски е кошаркар кој игра на позицијата 2/3, но негова специјалност, и се познава и за неговиот максимален ангажман, и посветеност во играта во одбрана.Добредојдовте - ДАРКО

Спорт | пред 6 години

brza-pomos

Со мотоцикл „кавасаки“ удрил во полициски службеник

На 14.09.2019 во 22.30 часот на Железнички премин на ул.„Благоја Стефковски“ во населба Хиподром, Скопје, З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во полициски службеник кој извршувал службении дејствија. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. . 

Скопје | пред 6 години

velosiped

Велосипедист тешко повреден

На 14.09.2019 во 15.40 часот на ул.„Генерал Васко Карангелески“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.К.(67) од Прилеп и велосипед управуван од П.Д.(76) од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Д. и бил пренесен во Градската болница Прилеп за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден , изгубил контрола и паднал на коловозот

На 14.09.2019 околу 11.40 часот на бул.„Македонија“ во Делчево, П.С.(18) од Делчево, управувајќи мопед „томос“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, П.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип за укажување лекарка помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Делчево.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Охриѓанец крадел чанти и кеси во кои имало пари, златен накит, мобилни телефони, како и од куќи пари, златен накит и часовници

СВР Охрид поднесе кривична пријава за 30 годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и три кривични дела ,,тешка кражба”. На 03.09.2019 и 04.09.2019 на подрачјето на Охрид пријавениот, со употреба на физичка сила, од четири лица одзел чанти и кеси во кои имало пари, златен накит, мобилни телефони и други предмети. Во истиот период, на подрачјето на Охрид, во три куќи, пријавениот насилно влегол и одзел пари, златен накит и часовници. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 331.000 денари.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во патничко возило полицијата пронашла кокаи, кривични и за купецот и за дилерот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.А.(39) од с.Чегране, гостиварско и А.Ч.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прозводство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 21.04.2018 на ул.„Седе Костоски“ во Гостивар, полициски службеници при преглед на патничко возило, управувано од второпријавениот, пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од првопријавениот. Исто така, при претрес во домот на првопријавениот во с.Чегране, полициски службеници пронашле и одзеле кокаин, таблети и рамка од пиштол ,,Застава М57“, калибар 7,62х25 мм.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 19 годишно момче пронајдена марихуана

На 14.09.2019 во 21.50 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар го привеле Е.Џ.(19) од с.Нистрово, со живеалиште во с.Здуње, гостиварско, поради тоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.  По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Приведени две лица од Боговиње, полицијата кај нив пронашла марихуана

На 14.09.2019 во 21.05 часот полициски службеници од СВР Тетово,  на ул.„29 Ноември“ во Тетово ги лишиле од слобода С.С.(31) и Е.Б.(28), двајцата од с.Боговиње, тетовско, поради тоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

zaev-dimitrov-cipras-kozijas

Ципрас за Договорот од Преспа: Мицотакис се надмина себе си во демагогијата

Онаму каде што навистина господинот Мицотакис и Владата се надминаа себе си во хипокризија и демагогијата е Договорот од Преспа, порача лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во неговиот говор во рамки на 84. Меѓународен саем во Солун, jави дописничката на МИА од Атина.Поранешниот грчки премиер изнуди силни аплаузи и овации од присутните кога во обраќањето се осврна на Договорот од Преспа, особено во делот во кој ја обвини актуелната влада за хипокризија и демагогија, но и за „импресивно салто“ во конкретното прашање. Рече дека за конкретното прашање, претходната влада била навредувана и притисната да дава објаснувања, затоа што го одбранила „националниот интерес и мирниот соживот со соседите“.Се осврна и на ланските протести пред конференциската сала „Велидио“, каде што секоја година се одржува саемот, прашувајќи се каде се сега, „борците за Македонија“ (македономахи).И денес оние кои ги толерираа собирите на наводните „македономахи“ и наводни патриоти- навистина каде се сега? Оваа година никој не ги виде пред „Велидио“. Оние кои лани нè навредуваа, оние кои ги толерираа нападите со молотов врз домовите на пратениците кои гласаа во Парламентот, оние кои договорот го нарекуваа предавнички, штетен договор. Сега истите тие доаѓаат и велат дека не само што ќе го спроведат, не само што ќе се придржуваат до верно спроведување, туку и ќе го почитуваат. Да, ќе го почитуваат. И им велиме, многу добро ќе направите што ќе го почитувате. Тоа е договор што вреди да се почитува од секоја влада, но на овој начин правите, вашето салто да изгледа поимпресивно од тоа што навистина е, порача поранешниот грчки премиер во неговото обраќање.извор: МИА

Свет | пред 6 години

Osmani-Mogerini

Османи утре во Брисел на средба со Могерини

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи утре ќе престојува во Брисел каде ќе се сретне со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини.Средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе биде искористена за да се реафирмира подготвеноста на земјава за напредок во европските интеграции во пресрет на Самитот на ЕУ во октомври.Во рамки на посетата, Османи ќе оствари средба и со државната секретарка за европски прашања и претставничка на Хрватска во ЕУ, Андреја Метелко-Згомбич, како и со директорката за Западен Балкан во рамки на Генералниот директорат за соседство и проширување во Европска Унија – ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера.Работната посета на Брисел е дел од турнејата на вицепремиерот Османи за посета на метрополите на земјите членки на ЕУ. По Брисел, следат посетите на Берлин и Варшава кон крајот на неделата. /МИАИзвор: МИА

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Од утре почнува Европската недела на мобилност 2019 во Скопје

Градот Скопје и годинава ќе ја одбележи Европската недела на мобилност 2019 и за граѓаните ќе понуди низа активности посветени на алтернативното и одржливо движење. Во деновите од 16 до 22 септември Градот Скопје ќе организира разновидна програма која ќе биде интересна за сите граѓани, од најмладите до највозрасните, како и за јавниот и приватниот сектор.Во текот на наредните денови ќе се организираат работилници и трибини посветени на активностите на Град Скопје кои придонесуваат за подобра мобилност во градот, за зголемување на безбедноста во сообраќајот, за придобивките од пешачењето и возењето велосипед, за електричните тротинети и за влијанието на транспортот врз климатските промени. Со одржлива туристичка тура до Матка ќе се промовира комбинираниот превоз до рекреативните центри. Во четврток (19.09.) попладне, пак, улицата Димитрија Чуповски ќе биде затворена за сообраќај, а на коловозот ќе се организира Вело фиеста - дружење и забава за граѓаните. Традиционалното велосипедско дефиле по градските улици е закажано за во петок (20.09).Европската недела на мобилност има за цел да ја поттикне мобилноста на жителите на европските градови и да ги мобилизира градските власти и институциите да размислуваат, планираат и работат што повеќе да се користи алтернативниот превоз, а во истовреме да ја подигнат јавната свест за придобивките од пешачењето и движењето.Активностите на Европската недела на мобилност 2019 се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.Целокупната програма на активностите од Европската недела на мобилност 2019 може да ја погледнете на линкот: https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/evropskata-nedela-na-mobilnost-2019-peshachi-so-nas/ 

Скопје | пред 6 години

elence

По 10 години се роди кафено еленче во Зоолошката градина во Скопје!

Скопската зоолошка градина е збогатена со уште еден нов член – еленчето Брауни, соопштија денеска оттаму.После повеќе од 10 години, во ЗОО Скопје се роди кафено еленче лопатар. Утрово, нашиот Горан Анастасовски имаше можност да ги направи овие преубави фотографии веднаш по раѓањето. Добредојде Брауни, стои на фејсбук профилот на зоолошката градина.https://www.facebook.com/ZooSkopje/posts/1362473760569883

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still248

(ВИДЕО) Пред стартот на акцијата за рушење - Оливер Спасоски, Едмонд Адеми на состанок кај Константин Георгиески

Неофицијално се договараат детали за полициската асистенција на големата акција за уривање на дивоизградените објекти и објектите кои узурпираат државна земја.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со Едмонд Адеми министер без ресор задолжен за УНЕСКО денес дојдоа во посета на општина Охрид каде ги пречека градоначалникот Константин Георгиески.На средбата според информации на „Скопје 1“ ќе се финализираат плановите за акцијата за уривање на дивоизградените објекти во Охрид, почнувајќи од бетонската база на советникот Нефи Усеини, неговата дивоизградена пицерија, па се до рестораните и кафетериите од Ј'но до Сараиште и плажите во Охрид.Објектите на советникот Усеини, потоа сите платформи во езерото, но и терасите , а во некои случаи и објектите на езерскиот брег се дивоградби и треба да се отстранат бидејќи правно гледано се узурпатори на државен ( народен ) имот.УРИВАЊЕ И ЗАПЛЕНУВАЊЕ НА ОБЈЕКТИТЕ КОИ СЕ УЗУРПАТОРИ НА ДРЖАВНА ЗЕМЈАСпоред информациите до кои дојде „Скопеј 1“ како опција се разгледува и можноста државата да ги заплени објектите кои се бесправно поставени на нејзин имот и да оневозможи нивно работење како крајна опција.

Македонија | пред 6 години

policija-motori

Санкционирани 145 возачи на мотори и автомобили во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 19.30 на 14.09.2019 до 01.00 часот на 15.09.2019 спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, санкционирани се 21 возач на мотоцикли кои сториле прекршоци.Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 24 прекршочни платни налози и 19 мандатни платни налози.На 14.09.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, евидентирани се вкупно 37 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.Откриени се и 44 останати прекршоци, за кои се издадени 27 прекршочни платни налози и 17 мандатни платни налози. 

Скопје | пред 6 години

5-Vonredna-sednica-na-Sovetot-na-Grad-Skopje-3

ВМРО ДПМНЕ: 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа

Петре Шилегов е две години на чело на градот Скопје и наместо градоначалник ја презема улогата на крадоначалник кој не реши ниту еден клучен проблем на скопјани.Главен фактор зошто скопјани дишат и понатаму најзагаден воздух во Светот е неспособноста на Шилегов и Владата на Заев да преземат клучни мерки против загадувањето. Наспроти ова Владата средствата кои ги одвојува за намалување на загадувањето со ребаланс на буџетот ги скрати, а Шилегов за сето ова молчи и го одобрува, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.Јавните градски претпријатија бележат загуби, а наспроти тоа за две години крадоначалникот Шилегов вработи над 1000 партиски војници на терет на скопјани.Не отпочна ниту заврши изградба на барем еден булевар. Ветувањата на Шилегов останаа само на хартија. Шилегов вети и не оствари продолжување на булеварот Илинденска, вети и не оствари спуштена раскрсница кај Мавровка, продолжување на булеварот св „Климент Охридски“, вети и неоствари проширување на булеварот „Никола Карев“, вети и не оствари продолжување на булеварското решение на Словенечка, вети и неоствари решавање на проблемот со кучињата скитници, вети и неоствари гасификација на Скопје, вети и неоствари ревитализација и заживување на Езерото Треска, вети и неоствари нова зграда на Универзалната сала, вети и неоствари ново средно училиште „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, вети и неоствари ботаничка градина во Карпош...Крадоначалникот Шилегов наместо работа се занимава со крпење на улици, зад кои стои сомнеж за дебела заработка и провозии за компании блиски на власта.Крадоначалникот Шилегов е срам за Скопје и скопјани. 2 години Крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

olimp

Македонски планинар загина на Олимп

Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Македонија

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев и СДСМ е елементарна непогода за македонската економија.Зоран Заев и СДСМ наместо животот кој го ветуваа за три години донесоа беда и крпен живот за граѓаните на Република Македонија.Погрешните економски политики но и зголемените даноци на СДСМ донесоа огромна штета на граѓаните и бизнисите во земјава.Економското цунами како и рекетот кој го спроведува власта секојдневно ги осиромашува граѓаните, ги уништува бизнисите и ги одвраќа инвеститорите.Во ситуација кога регионот бележи економски подем и рекорден раст на странски директни инвестиции, Македонија со СДСМ има рекорден пад од 84,2% за периодот јануари – јуни споредени со минатата година. Македонија со СДСМ во првата половина на 2019 година има ниски 48,7% милиони евра странски инвеститори, додека пак  Србија има 1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра.  Тоа значи дека по глава на жител Бугарија е 2 пати подобра од Македонија, Словенија 11 пати, а Србија дури 22 пати подобра од Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Погрешните мерки на власта се одразија и во индустријата каде за само една година имаме пад на бројот на работници  од 2,5%, односно на 100.000 работници Македонија има  2.500 помалку.Капиталните инвестиции повторно се на најниско ниво и изнесуваат само 24,5%, но затоа пак долгот е на највисоко ниво и тој надмина 5 милијарди со што ја надмина психолошката граница од 50% од БДП.СДСМ ги троши највисоките буџети во историјата на Република Македонија, а немаат направено  никаков развоен проект кој ќе ја подигне економијата и граѓаните немаат видено никаков бенефит.Граѓаните наместо да стануваат побогати  власта постојано ги прави посиромашни со тоа што им ги зголемува давачките, даноците и секојдневно ги ограбува преку непотизам и наместени тендери, грантови кои завршуваат кај криминалците блиски до Зоран Заев и врхушката од власта.СДСМ и Зоран Заев единствено покажаа дека знаат да крадат, лажат и уништуваат.  Бедата која тие ја донесоа не смее да продолжи. Токму затоа неопходни се предвремени парламентарни избори за конечно да си замине оваа криминално рекетарска влада на СДСМ и да започне обновата на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не сака да се зголемува минималната плата

ВМРО-ДПМНЕ е против секоја мерка што е во интерес на граѓаните и носи повеќе пари во семејните буџети.  Преку членот на Извршниот комитет, Трајко Славевски, ВМРО-ДПМНЕ порача дека се против зголемувањето на минималната плата.  Научени само да грабаат од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против тоа платите да растат, се вели во соопштението од СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против да расте минималната и сите плати, затоа што се навикнати парите да завршуваат само во белиот дворец, за да се богатат малкумина.Од друга страна, СДСМ преку конкретни мерки и политики обезбедува услови за раст на платите во сите сектори. Платите растат и ќе продолжат да растат, наскоро следува ново зголемување на минималната плата,се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

sonce

Времето денеска, претежно сончево, преку ноќта северен ветер

Во Македонија ќе биде претежно сончево, во источните делови со мала локална облачност и со умерен до зсилен ветер од северен правец. Во текот на ноќта ќе биде претежно ведро и ќе дува слаб до умерен северен ветер.Дневните температури ќе бидат во Скопје 30 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид 26, Битола 30, Кавадарци 32, Берово 26, Крива Паланка 27, Дојран 33.Прогнозата и за утре е сончево и топло со слаб северен ветерр и дневни температури од 24 до 33 степени.

Македонија | пред 6 години

Foto-1-5

Пендаровски се обрати на отворањето на 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски се обрати на отворањето на 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”. Честитајќи го 40-годишниот јубилеј на фестивалот, претседателот Пендаровски истакна дека тој е резултат на истрајноста и неуморниот ангажман во изминатите четири децении на сите коишто се вклучени во организацијата и во селекцијата на програмата. Со тоа, како што рече претседателот Пендаровски, доследно и посветено е чувано наследството коешто го оставија Јанаки и Милтон Манаки. Претходно, претседателот Пендаровски му ја врачи наградата „Златна камера 300“ за животно дело на реномираниот американски кинематографер, Едвард Лакман. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”. „Почитувани љубители на филмската уметност, Дозволете ми да ви честитам за истрајноста и за неуморниот ангажман во изминатите 4 децении затоа што доследно и посветено го чувате и го почитувате наследството што го оставија Јанаки и Милтон Манаки. Ви честитам бидејќи сте вистинските репрезенти и афирматори на филмската уметност и, воопшто, на културата во Република Северна Македонија, во Европа и во светот. Штом ќе доживее четириесет години, за еден фестивал не велиме дека е стар, туку дека пронашол трајно своето место во културата на една држава и на еден народ.  Фестивалот „Браќа Манаки“ започнал како скромен собир во чест на првите балкански кинематографери. Претпоставувам дека тогаш тоа било и еден вид пилот-епизода за којашто ретко кој верувал дека ќе прерасне во реномиран европски и светски познат фестивал. А тоа, секако, дека се должи на најмалку две причини. Нескршливата волја при чекорењето по единствената можна насока на креативноста, што не е лесно во едно непредвидливо и брзо време во кое се менуваа идеологиите, вредностите, границите на државите и на светот. Наспроти таквата динамика, фестивалот тука, во Битола, донесе некои од најмаркантните имиња на филмската уметност, воопшто, меѓу кои и многу кандидати и добитници на „Оскар“. 40-годишниот јубилеј, секако, е резултат и на прецизно конципираниот репертоар низ годините. Филмската уметност е ангажирана уметност која, меѓу другото, зборува и за совеста на општеството. За мене и за многумина, филмските уметници се контракултурните херои кои на филмското платно адресираат дел од најгорливите прашања на нашето време ‒ социјалната неправда, човечкото достоинство, бегалците, дискриминацијата, екологијата... Доволно е да ја прелистаме програмата за да видиме дека огромен број од филмовите се посветени на доминантните теми во светот и кај нас. Тие не само што нè замислуваат, туку и нè охрабруваат да се бориме против рамнодушноста и исклученоста од светот и од животот, нè инспирираат да ја почитуваме различноста и со тоа да создаваме општество на еднакви граѓани, кое ќе нуди иста шанса за сите. На сите оние што на каков било начин порано или денес се дел од фестивалот, најмалку што ви посакувам е во следните 40 години „Браќа Манаки“ да биде водечки фестивал во филмската уметност не само во нашата земја туку и надвор од неа. Почитувани присутни, дозволете ми да го прогласам за отворен 40-от јубилеен Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

Македонија | пред 6 години

pilesko-meso

Албанија забрани влез на над 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе од Бразил

Албанската национална агенција за храна (АКУ) во пристанишниот град Драч забрани влез на повеќе 27 тони пилешко месо и 19,2 тони кафе увезени од Бразил. На почетокот на месецов албанската национална агенција за храна (АКУ) забрани влез на 27 тони пилешко месо увезено од Бразил, поради невалиден ветеринарен сертификат, како главен документ за безбедност на производот.Само неколку дена претходно Агенцијата забрани влез на вкупно 387,1 тони свинско и пилешко месо увезени од Бразил, Канада и Кипар и беа вратени назад во земјата на потекло. Од вкупното количество 53 тони беа со крајна дестинација Косово.Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници. Од подамна албанската агенција за храна врши ригорозна контрола на месото бидејќи честопати трговците увезуваат месо кое е проблематично за исхрана. Оваа институција, исто така врши и голема контрола во кланиците во Албанија.

Свет | пред 6 години

hamza

Трамп официјално потврди: Омилениот син на Осама бин Ладен бил ликвидиран!

Белата куќа денеска соопшти дека Хамза бин Ладен, син на убиениот лидер на терористичката Ал-Каеда, Осама бин Ладен, кој и самиот беше значајна милитантна фигура на групата по смртта на татко му, е убиен во американска анти-терористичка операција.Хамза се смета за најдраг син на Осама , негов наследник, а неговото име се наоѓа на црниот список на лицата обвинети за тероризам.Вашингтон во февруари понуди награда од милион долари за информација за Хамза . Во март на Хамза бин Ладен му е одземено саудиското државјанство.Осама бин Ладен е оснивач на терористичката мрежа , која ги изведе нападите во САД на 9.септември 2001 година.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Конфедерацијата на слободни синдикати бара минималната плата да изнесува 16.000 денари

Минималната плата да изнесува 16 илјади денари, бара Конфедерацијата на слободни синдикати. Со секое покачување на минималецот, да растат и платите на сите вработени, како и на оние во јавниот сектор. Оправданост за ова гледаат во растот на просечната плата и потрошувачката кошничка која изнесува 500 евра. Од Конфедерацијата се децидни – Европската директива за минимална плата, велат наложува таа да биде барем 60 отсто од просечната.За минималната плата вчера зборуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој призна дека едно македонско семејство не може да живее со 200 евра, па дури и ако двајца членови се вработени. Вицепремиерот вели оти преговорите околу дефинирање на сумата на минималецот продолжуваат и со стопанските комори, но и со бизнис секторот. Колку таа ќе изнесува се уште е неизвесно.Инаку, во моментот, минималната плата изнесува 12.508 денари, а СДСМ во предизборната програма вети дека таа ќе достигне до 16 илјади денари до крајот на мандатот на владата.

Македонија | пред 6 години

Klinicki-bolnici-vo-Tetovo

Во среда медицинарите на протест - „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!

Под мотото „Доста е! Стоп за насилство врз здравствените работници!“. Во среда во кругот на скопскиот Kлинички центар ќе се одржи протест на медицинарите против насилството врз нив, но и со барања за законски измени.– Ова ќе биде последна опомена и изразување на нашиот револт, не смееме да работиме под страв во и онака лоши услови! Време е државата да преземе итни мерки и да не заштити, во спротивно, организирано ќе престанеме со работа се до решавање на овој проблем! – велат од Асоцијацијата на млади лекари и специјализанти кои се организатори на протестот. 

Македонија | пред 6 години

SJO

По разрешувањето на Јанева, во понеделник ќе прекине мандатот и на обвинителите од СЈО

Советот на јавни обвинители на вонредната седница вечерва едногласно ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева за незаконско, нестручно и несовесно работење. Одлуката ќе биде објавена во Службен весник, но стапува на сила од денеска.Во понеделник на продолжението на седницата, ќе се констатира и престанок на мандатот на другите обвинители во СЈО, бидејќи како што рече претседателот на Советот Ацо Колев на прес конференцијата вечерва, како што е предвидено во Законот на СЈО, нивниот мандат не може да го надмине мандатот на специјалниот јавен обвинител. Тие најверојатно ќе се вратат во матичните обвинителства. 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања