Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tabanovce

Во Порше се обиделе да прошверцуваат 16 мигранти преку Табановце

На 13.09.2019 околу 05.00 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „порше“ и на патничко возило „ауди А8“, но возилата не застанале. Набргу возилото „порше“ застанало и при негова проверка биле пронајдени 16 мигранти (две малолетни лица), од кои пет од Пакистан, шест од Еритреја и пет од Непал, сите без документи за идентификација. Мигрантите и возилото биле предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Тетовци проведени откако полицијата им пронашла марихуана

На 13.09.2019 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Тетово, на ул.„Борис Кидрич“ во Тетово, ги привеле К.И.(31) и Л.Д.(31), двајцата од Тетово, затоа што при преглед кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

70513656_362673364687589_2656840943667249152_n

Димковски : Активно работиме на мерките за превенција од појава на африканска свинска чума

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше на работен состанок со градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски. На состанокот министерот Димковски и градоначалникот Бочварски, разговараа за превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.Општина Штип, активно е вклучена во спроведување на мерките за превенција и справување со африканската свинска чума, конкретно во делот на движењето на домашните свињи надвор од фармите и контролите што се спроведуваат на депонијата.Министерот Димковски, посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство воведе низа превентивни мерки за спречување на ширењето на оваа болест.„ Би сакал да нагласам дека сите превентивни мерки што ги преземаме се за намалување на ризикот од африканска свинска чума, со градоначалникот Бочварски и со ветеринарната стануца тука во Штип ги разгледавме сите мерки кои ги преземавме ние како министерство, затоа што секако, први кои би се соочиле со оваа болест се ветеринарните амбуланти и локалната самоуправа. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веќе ја подготви програмата со која од 1 семптември до 15 октомври сточарите кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки ќе добијат парична сума од 3 илјади денари по глава. “, изјави министерот Димковски.Градоначалникот на општина Штип, Бочварски посочи дека се спроведуваат интензивни контроли за движење на домашните свињи надвор од фармите, на дивите одгледувалишта како и на депонијата.„Општина Штип е во комуникација со Владата, постапуваме соодветно преку нашите служби и работиме на се што установивме како проблем на нашата депонија и на диви одгледувалишта на свињи. Општина Штип аплицираше, како и другите општини, за оваа депонија да биде современа со што ќе се сведат на минимум можности за појава на болеста африканска свинска чума “, изјави БочварскиВо рамки на посетата на општина Штип, Димковски и Бочварски ја посетија и ветеринарната станица, каде што се разговараше за вклученоста на ветеринарните доктори во спроведување на превентивните мерки.Во месец јули, оваа година, беше донесено решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита односно дива свиња. Со ова решение ловната сезона започна 60 дена пред законскиот рок. Целта  на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија.Се воведе забрана за држење на свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж одземање на производи од животнско потекло.Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња.    

Македонија | пред 6 години

mitreski

СДСМ: Воспоставивме правна држава и независни институции

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски од собраниската говорница го потенцираше ставот на СДСМ како партија која се бори за правда, просперитет и европска иднина.Митревски истакна дека државата е пред вратите на НАТО и ЕУ и затоа донесувањето на  Законот за ЈО има огромно значење, а ВМРО-ДПМНЕ свесно го кочи процесот.Разликата помеѓу ставовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е огромна и различна од корен. Додека Мицкоски со сите сили се обидува да ги амнестира сите криминали на вистинскиот шеф во ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, СДСМ од друга страна стои на браникот на правдата. Граѓаните многу добро се сеќаваат на 11 годишниот режим на Груевски и ниту една политичка манипулација на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да успее. Граѓаните јасно гледаат дека Мицкоски свесно и намерно ги кочи правдата и евроинтеграциите, рече координаторот на пратеничката група предводена од СДСМ, Јован МитревскиМитревски потенцира дека никој од пратениците и членовите на ВМРО-ДПМНЕ во ниту еден момент не се огради ниту го осуди 11 годишниот пустош на режимот на Груевски со кој државата беше изолирана и заробена.Колку тоа да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, во државата се изгради правен систем и институции кои се професионални и неселективни. Разбирливо е дека за нив тоа се непознати поими, но денес секој што се огрешил пред законот одговора за стореното. Јасна е намерата на ВМРО-ДПМНЕ да го попречи законот за ЈО за да не се продолжи истрагата во предметите во кои има истраги и предмети против членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да им успее. Амнестија нема да има за никој кој ги прекршил законите –заклучи Митревски.

Македонија | пред 6 години

micevski

Мицевски: Јанева и СЈО единствено служеа како алатка за политички прогон и селективна правда

Интегрален текст од говорот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола МицевскиПочитувани колеги, почитувани медиуми и почитувана македонска јавност,Очигледно колегата од СДСМ ја згреши темата, затоа што денеска на тема е разрешувањето на специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, а не разрешувањето на специјалниот јавен обвинител Христијан Мицкоски. Меѓутоа најчесто стравот преминува во опсесија и тоа е видливо во сите изјави и говори на пратениците и функционерите од СДСМ.На почетокот, сакам да известам дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата бараа оваа седница да се свика многу порано, повикувавме неколку пати, по што во четвртокот поднесовме и официјално барање за свикување на седница со истава оваа точка на дневен ред.СДСМ и Парламентарното мнозинство не ја прифатија иницијативата за итна седница за разрешување на Катица Јанева, на барање на пратениците од  ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да ја спасат Катица Јанева.Изговорот на парламентарното мнозинство за несвикување на итна седница за разрешување на осомничената Катица Јанева е паушален и спротивен на Деловникот на Собранието.Согласно член 67, став 2 од Деловникот на Собранието, седница може да се свика по барање на најмалку 20 пратеници, а согласно член 68, став 2 во итни случаи седницата се закажува во пократок рок од  десет дена, а дневен ред со материјали може да се предложи на самата седница.Образложението за несвикување на седницата бидејќи нема материјал не е точно. Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ заедно со барањето за свикување на итната седница достави и материјал за истата.  А денес гледаме дека се разгледува токму тој материјал што ние го доставивме во прилог на барањето за свикување на оваа седница.Меѓутоа веќе на целата јавност и е јасно, СДСМ и Зоран Заев мора да ја заштитат Катица Јанева од разрешување, бидејќи со штитење на Катица Јанева се штитат самите себе.Најпрвин, согласноста што ја давате ви е спротивна на Законот, односно на член 18 став 1 од Законот за СЈО за каде што јасно е наведено дека „став (1) Јавниот обвинител се разрешува од функција пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител, Советот на јавните обвинители во разумен рок ќе достави извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување до Собранието на Република Македонија.“...Ставот (2) од истиот член вика дека„Врз основа на доставен извештај од страна на Советот на јавни обвинители, на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата во Собранието на Република Македонија, по претходна согласност на четирите политички партии со најголем број на пратеници во Собранието на Република Македонија, Советот по предлог на Собранието на Република Македонија, го разрешува јавниот обвинител. Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до Советот на јавни обвинители.Дополнително и самата согласност ви е контрадикторна, очигледно имате проблем со толкување и познавањето на законите или повторно по не знам кој пат сакате да застанете во одбрана на криминалот и криминалците.Дописот што го имате доставено ви е насловен како „Известување“ а подолу во истиот велите дека „давате согласност до Собранието да упати предлог до Советот на ЈО да расправа за основаноста на наводите за нестручно и несовесно работење“ на Катица Јанева.Имено законот во член 18 став 2 бара согласност од партиите, а не „Известување“.Понатаму во делот од дописот каде што велите дека давате согласност Собранието да упати предлог до Советот на Јавните обвинители да расправа за основата на наводите за нестручно и несовесно работење, е една целосна бесмислица бидејќи веќе советот еднаш расправаше за основаноста и достави Извештај за утврдена фактичка состојба со број 03-133/6 од 29.08.2019 година кој извештај го разгледа Комисијата за прашања на изборите и именувањата и врз основа на тој извештај одлучи ЕДНОГЛАСНО да му предложи на Собранието да ја разреши Катица Јанева од специјален јавен обвинител поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Така гласи и предлогот што го добивме и што ќе го гласаме на оваа седница.Согласно член 18 став 2 после доставување на Извештајот од Советот на ЈО, Собранието го утврдува предлогот за разрешување на јавниот обвинител до Советот на јавни обвинители, а Советот по таквиот предлог само го разрешува специјалниот јавен обвинител и не се впушта во повторна расправа за основаноста во наводите кои сам ги навел во Извештајот.Ова сакам да го објаснам за да сме начисто пред јавноста, да знаат само кој во оваа држава работи спротивно на законот и кој се труди цело време да заштити криминалци.Како останатите 3 најголеми партии по број на пратеници успеаја да достават согласности во согласност со членот 18 од Законот, а само СДСМ и Зоран Заев НЕ.Уште еднаш потврдувате дека целата оваа постапка околу Катица Јанева е фарса.Вашата цел со самото тоа што доставената согласност за разрешување на Катица Јанева е различна од барањето на Советот на јавни обвинители и различна од едногласно изгласаната одлука на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, па дури и различна од барањето на согласност испратено од господинот Талат Џафери, укажува дека акцијата за спасување на осомничената Катица Јанева е почната многу одамна.Хронолошки – ретроспективно во целиот овој случај има многу матни и сомнителни моменти.Од моментот и датумот на пријавување на случајот до тоа кој навистина го пријавил случајот во јавното обвинителство.Паузата и моментот кога е почната постапката во јавното обвинителство.Начинот на водење на постапката, губењето на телефоните па нивно пронаоѓање.Давањето усна наредба за форматирање на компјутерите и бришење на податоци во СЈО.Незакажување на итна седница за разрешување на Специјалниот јавен обвинител  на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.Како и согласноста на СДСМ за разрешување на Катица Јанева каде што намерно е изоставен делот за незаконска работа во разрешувањето.И тука ќе го поставам прашањето до колегите од СДСМ, зарем навистина мислите дека Катица Јанева е во притвор за нестручно и несовесно работење, зарем навистина мислите дека незаконското работење не ја однесе Катица Јанева во притвор? Колеги од СДСМ флоскулите правда, правдина, владеење на правото транспарентноста, право мора да има ги закопавте длабоко во земја. Постапките и штитењето на истрагите од Рекет ве прават соучесници во криминалот и целата оваа криминално обвинителска рекетарска афера. Самото тоа што во секој говор го спомнувате Христијан Мицкоски го покажува стравот од него и ВМРО-ДПМНЕ и од она што следува во наредниот период.Но тука драги колеги од СДСМ едно нешто заборавивте. Џабе ви е што отпосле го изоставате делот за незаконско работење бидејќи со гласањето на одлуката во Комисијата за прашањата за изборите и именувањата вие признавте дека се работи за незаконито, нестручно и несовесно работење на осомничената специјална обвинителка Катица Јанева.Јанева мора да биде разрешена денес, а со тоа се потврдуваат и неколку годишните констатации на ВМРО-ДПМНЕ дека Катица Јанева и СЈО единствено служеа како алатка за политички прогон, селективна правда и бранење на криминалите на Зоран Заев и СДСМ.Дополнително, апелираме до Советот на јавни обвинители да свика итна седница за разрешување на Катица Јанева и да постапи по предлогот на Собранието и истата да ја разреши пред нејзиниот законски истек на мандатот.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Едногласно разрешена Катица Јанева

Со 102 гласови „за“ и без ни еден против или воздржан предмалку Собранието ја разреши Катица Јанева од функцијата Специјален јавен обвинител.Катица Јанева е опфатена со истрагата за мега сканалот „Рекет“ во кој се сомничи дека учествувала во изнудување на милиони евра од бизнисменот Јордан Кмчев.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија до Мицкоски: Престани со двојните игри, го признаваш преспанскиот договор, а велиш дека имало уценети пратеници

Единствена Македонија ги осудува лагите и двојните игри на претседателот на ДПМНЕ, Христијан  Мицкоски, кој во најновото интервју вели дека пратеници му рекле дека биле уценети и обработувани да гласаат за уставните промени, а од друга страна Мицкоски е против поништувањето на Договорот со Грција за промена на името.Повторно го повикуваме Мицкоски да каже пред целата македонска јавност, дали доколку ДПМНЕ победи на следните избори ќе го поништи Договорот со Грција со кој се брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Времето на лажните патриоти е минато. Лагите и двојните игри кај македонскиот народ и државјаните на Република Македонија повеќе не минуваат. Христијан внатре во Македонија глуми патирот, а Мицкоски по ходниците во Брисел кај своите странски газди вели дека врвен стратешки приоритет е НАТО, а токму со членството во НАТО се бришат Македонците.Народот е во дилема, на кој да му верува и кој се премислува, Христијан или Мицкоски.За Единствена Македонија нема дилема. Прва задача на новата легална власт на Единствена Македонија е поништување на Договорот со Грција со кој се брише се што е македоснко и враќање на Македонија на изворните асномски и илинденски принципи, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still245

ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани разочарани - Се приведуваат тројца градежни работници за работа на дивоградба, а од друга страна истата продолжува да се гради

Власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески ги разочараа охриѓани. Градоначалникот Георгиески не мисли сериозно да го спроведува законот затоа што од една страна се приведуваат тројца градежни работници за работа на објектот, а од друга страна продолжува да се гради истиот објект без никаква дозвола за градба, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Охрид.Ова е целата вистина за проблемот со дивоградбите во Охрид и негрижата за зачувување на статусот на УНЕСКО. Реалноста е кристално јасно во која додека Георгиески брои секунди се градат дивоградби во Охрид.Како е возможно да се дозволи пред очите на надлежните институции да се градат дивоградбите?Вистинското лице на Георгиески излезе на виделина со тоа што повторно дозволува да се гради без дозвола исто така како што дозволи да се изградат бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и останатите дивоградби низ градот.Откако СДСМ е на власт изградени се стотици дивоградби во Охрид, но тоа градоначалникот Георгиески не го гледа и ја манипулира јавноста насочувајќи ѝ го вниманието на терасите на крајрбрежјето додека низ целиот град никнуваат нови и нови објекти.За жал сè уште се испорачува фактурата за изборниот инжинеринг и коалициските договори на сметка на Охрид, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

14092019_Pres-konferencija_MTSP_i_MIOA_1

Објавен повик за ИТ обуки. Со 35,1 милион денари ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и директорката на Агенција за вработување, Билјана Јовановска денеска ги презентираа трите јавни огласи за обуки за ИТ вештини кои се дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година.„Наша цел е да ги надградиме вештините на невработените млади лица до 34 години и тоа во област за која има реална потреба на пазарот на труд. Оваа година за првпат мерките за вработување ги правевме заедно со сите засегнати страни за тие да бидат ефикасни и да дадат видливи резултати. За обуки за ИТ вештини имаме предвидено 35.1 милиони денари, ова е неколкукратно зголемување во однос на лани, кога беа издвоени 8.5 милиони денари. Ги охрабрувам сите заинтересирани млади да се пријават и да ги усовршат своите знаења и вештини. Посебно ги охрабрувам младите жени да ја искористат оваа можност и да се стекнат со нови знаења со кои ќе обезбедат сигурни вработувања со високи примања во софтерските компании кадешто досега поголемиот дел од вработените се мажи“, истакна Царовска.Планираниот опфат на лица за 2019 година е 1.253 невработени млади лица до 34 години. Јавниот повик за учество во Програмата Обуки за развој на дигиталните вештини се објавува денеска и трае до исполнување на опфатот.Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, истакна дека Северна Македонија станува атрактивна ИКТ дестинација."Број на трговски друштва од ИКТ сектор изнесува околу 2021, од кои 145 се основани во текот на првата половина на 2019 година.Бројот на вработени изнесува околу 18.000 лица.  Растот на пазарот во ИКТ индустријата во изминатите 5 години е 47%, а вредноста на пазарот на ИКТ е 862 милиони евра. Владата дополнително ги стимулира ИТ компаниите со други мерки, а како една од идните мерки ќе биде намалување на 3% на данокот на добивка", информираше министерот Манчевски.Станува збор за неколку различни видови на обуки.Обуки за напредни ИТ вештини: Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини, обуки за напредни ИТ вештини (со кофинансирање). Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од напредни ИТ вештини и воведни Обуки за ИТ вештини (online).Целта на мерката е преку обука да се задоволат потребите од основни ИТ вештини.Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска рече дека годинава очекува успешна реализација на обуките и очекува што повеќе апликации во агенцијата.„Обуките за напредни ИТ вештини ќе се спроведуваат од страна на тренинг провајдери низ целата територија на државата, зависно од пројавениот интерес кај невработените лица. На лицата кои ќе бидат вклучени во обуките ќе им бидат издадени ваучери за посетување на обука и за полагање на испит. Притоа, кандидатите треба да се пријават за полагање на испитот во рок од 3 месеци од завршувањето на обуката.На лицата кои редовно ќе посетуваат обука ќе им биде издадено Уверение за посетувана обука, а на лицата кои успешно и ќе го положат испитот ќе им биде издаден официјален акредитиран сертификат“, истакна Јовановска.Со обуките се нудат нови мрежни технологии и администрање на компјутерски системи, основите за дизајнирање и имплементација на ИТ инфраструктура на најкористената AWS Cloud платформа, практиките на објектно-ориентираното програмирање кое подоцна ќе биде основа за пишување на скриптите во процесот на автоматско тестирање, креирање стратегија на производ базирана на корисничко искуство, да дефинираат функционалности и интеракција во кориснички интерфејс, да изработат прототип на веб проект и да ја тестираат идејата.Изминатите неколку години оваа мерка од оперативниот план дала одлични резултати и 50 % од обучените невработени лица во моментот се вработени.Од вкупно 202 лица коишто биле обучени во 2016 година во моментот работат 112, а од поминатата обука на 100 лица лани, сега во работен однос се 50. 

Македонија | пред 6 години

transfuziologija

Институтот за трансфузиологија воведе нов метод за прибирање на крв

На Институтот се воведува и нов начин за прибирање на крв т.е. ладен ланец, реновирани се просториите и се обезбедени нови комбиња.Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со вицепремиерот Бујар Османи и заменик-министер за здравство Асим Муса, беше во посета на Институтот, најави дека и во следниот период продолжува подобрувањето на условите во здравствените установи.– Институтот за трансфузиона медицина е позитивен пример за работа на јавна здравствена установа. Реновирани се просториите, обезбедени се нови комбиња, фрижидери и апарат за харвестрација на матични клетки, изјави Филипче.

Македонија | пред 6 години

fadiol-bajrami

Фадил Бајрами повторно именуван за вицегувернер на Народната банка

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка на предлог на гувренерката Анита Ангеловска-Бежоска. Тој вчера дал свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.– Народната банка изразува задоволство што Собранието на Република Македонија повторно со големо мнозинство го поддржа предлогот на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, се наведува во денешното соопштение од Народната банка.Бајрами беше избран за вицегувернер во рамки на 110. пленарна седница одржана на 31 август годинава.

Македонија | пред 6 години

kosturi

Ги нарекоа „љубовници од Модена“: Погребани се пред 1500 години држејќи се за раце - сега откриени се нови детали

Костурите кои се држат за рака, познати како “Љубовници од Модена“, биле мажи, утврдиле италијанските научници. Костурите се откриени во 2009-та година во северниот град Модена, а датираат помеѓу 4-от и 6-от век на нашата ера,Скелети кои се најдени како се држат за рака, познати како „љубовниците од Модена“, биле мажи, утврдиле италијанските научници.Имавме можност да извлчеме протеини од забната глеќ, па научниците докажаа дека и двајцата се мажи, велат научниците и додаваат дека е невозможно да се открие секуалната ориентација на овие двајца мажи. Би можело да се браќа, пријатели, воени другари…Иако не можеме да исклучиме дека двете страдања биле вубени во едни со други, малку е веројатно дека луѓето што ги погребале решиле да покажат таква врска меѓу нив со тоа што ќе ги постават телата така што ќе држат рака, пишуваат научниците во извештајот.Под владеењето на Јустинијан, императорот на Источното Римско Царство меѓу 527 и 565 година од н.е., истополовите односи меѓу мажите се сметале за кривично дело.

Магазин | пред 6 години

uchenici-vrsnichko-nasilstvo-tepachka

(ВИДЕО) Шокантно: Две девојчиња тепаат врсничка, а останатите тоа го снимаат

Врсничко насилство во Брајево, Србија, каде две 15- годишни девојчиња малтретираат и удираат нивна врсничка. Учесниците во ова видео со врсничко насилство се прва година средно одделение во училиште во Барајево, Србија. Во него се гледаат две ученички кои напаѓаат трета, а на сето тоа се смеат сите соученици.Видеото може да го погледнете на овој линк.  тука.Надлежните веќе работат на расчистување на случајот, соопштија српските медиуми. Во истрагата на Министерството за образование е вклучена и Единицата за борба против врсничко насилство, како и Секторот на средни школи.Директорот на училиштето за „Телеграф“ вели дека против двете ученички е покрената дисциплинкса постапка, а во случајот е вмешана и полицијата, имајќи предвид дека едната ученичка има 15, а другата 14 години.

Свет | пред 6 години

Edvard_Snouden

Сноуден проговори за неговиот живот во Русија: Тајно се оженив и не стравувам повеќе

Поранешниот американски разузнавач и свиркач Едвард Сноуден, кој избега во Русија, вели дека благодарение на неговите откритија, тој сега живее во подобар, послободен и побезбеден свет. Во ексклузивното двочасовно интервју во Москва по повод годишнината од објавувањето на неговите мемоари коишто го шокираа светот, Сноуден зборуваше со „Гардијан“ за неговиот нов живот и плановите за иднината.Тој за прв пат детално објаснува што е тоа што го натерало да открие детали за тајните програми што ги водат американската агенција за национална безбедност (НСА) и британскиот центар за тајни комуникации. Тој вели дека е загрижен поради настојувањето на американската влада, со помош на големите интернет компании, да собираат податоци за сите на земјата, бележејќи податоци за нивните секојдневни животи. Тој, наводно, се помирил со фактот дека ќе го помине остатокот од животот во Русија. Сноуден открива дека тајно се оженил со својата партнерка. Иако повеќе би сакал да биде во САД или Германија, тој вели дека во Русија е опуштен и способен да води повеќе или помалку нормален секојдневен живот,објави Нова Македонија.Сноуден живее во Русија од 2013 година, откако откри информации за НСА за илјадници тајни документи поврзани со масовно набљудување. Тој не може да ја напушти земјата од страв за екстрадиција во САД, кои издадоа налог за негово апсење.Шест години подоцна, Сноуден е еден од најпознатите бегалци во светот: беше направен документарен филм за него кој освои Оскар, холивудски филм, а за него се напишани повеќе од десет книги. Како резултат на неговите откритија, воведени се нови закони за надзор во САД и Велика Британија, а интернет-компаниите воведоа заштитни мерки како одговор на реакциите во јавноста.Текстот во целост на: Нова Македонија

Свет | пред 6 години

cad-dron

(ВИДЕО) Инспекторите на град Скопје, со дрон открија потпалувач на оган

При вонреден инспекциски надзор со дрон, инспекторите на град Скопје извршија снимање на територијата на општината Сарај и забележаа лице кое врши спалување на органски материјал.  Од видео снимката идентификувано е лицето и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.Ова е сторен прекршок по член 24а и казнив по член 139 став 1.4 од Законот за управување со отпад. Казната за овој прекршок изнесува 1.000 евра. Во овој случај дронот го употребивме првпат, но тој ќе биде секојдневно ангажиран за снимање на теренот и за откривање на загадувачите на воздухот. Тој поседува и камера за ноќно снимање, па со него ќе се вршат прелети и во текот на ноќта за лоцирање на критичните точки кои предизвикуваат загадување – информираат од Инспекторатот на Град Скопје. Тие додаваат дека инспекторите на Град Скопје се континуирано на терен, организирани во дежурства, и ја следат состојбата со загадувачите на животната средина.https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/671163763366487/?v=671163763366487

Скопје | пред 6 години

pozar

Пожарите кои вчера беснееја низ Прилепско, ставени под контрола

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е нормализиран синоќа околу 23 часот, информира АМСМ. Тој беше во прекин поради шумски пожар над каменоломот на превојот Плетвар во атар на селото Тројаци кон селото Топлица.„Најголемиот пожар се случи вчера во попладневните часови на Плетвар, поточно на потегот кај каменоломот, Топлица и Тројаци. Заради интензитетот на пожарот, вчера имаше прекин на сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, во траење од околу 7 часови. Сакам да истакнам дека со огромен ангажман на припадниците на противпожарната единица, чија работа беше на високо ниво, беше спречено огнот да се префрли на другата страна од магистралниот пат, по што околу 23 часот патот беше пуштен за сообраќај во двата правци“, изјави градоначалникот Јованоски.Инаку пет големи пожари беа активни вчера во Прилепско.На помош на прилепските пожарникари пристигнаа екипи од соседните градови, кои заедно со нив се обидуваа да го изгаснат огнот.фото: Сител

Македонија | пред 6 години

ucenici

Град Скопје со стипендии и за средношколци со попреченост

25 ученици со попреченост од средните училишта на Град Скопје ќе добиваат стипендии во текот на 9 месеци, а висината на стипендијата е 3.000 денари нето износ.Градот Скопје за да го подигне квалитетот на образованието на учениците со попреченост, за прв пат оваа година ќе додели стипендии за овие ученици од прва до четврта година.Градот ги препознава потребите на средношколците и последниве две години ангажираше и образовни асистенти, коишто евидентно им помогнаа на учениците со попреченост во совладувањето на наставната програма.Огласот со критериумите ќе се објави во понеделник, 16.09.2019 година, а апликациите коишто ќе пристигнат во архивата на Град Скопје ќе ги разгледува комисија.По воведувањето на праксата за доделување на стипендиите за средношколците спортисти, Градот Скопје за првпат доделува и стипендии за учениците со попреченост.

Скопје | пред 6 години

DSC_6428

Општина Кисела Вода целосно реконструира улица во населба Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ направија увид во градежните работи за целосна реконструкција на ул. „Бранко Заревски“, во населбата Драчево.Со инвестицијата на Општина Кисела Вода, на улицата ќе се изврши гребење на постоечкиот асфалт и ќе се постави нов во должина од 600 метри и ширина од 7 метри.Со цел за непречено одвивање на работните активности на улицата, локалната самоуправа апелира до граѓаните во наредните 10 дена да не ги паркираат возилата на тротоарите. Воедно, се замолуваат учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Двегодишно дете каснато од куче скитник пред семејната куќа

На 13.09.2019 во 17.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ц.(26) од Скопје пријавил дека во 14.00 часот, пред семејната куќа, куче скитник го каснало неговиот двегодишен син во пределот на десната рака. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Скопјанец со „сузуки витара“ удрил во 4 годишно дете пешак во Куманово

На 13.09.2019 во 13.04 часот на ул.„Белградска“ во Скопје, Ј.И.(38) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки витара“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во четиригодишно дете пешак. Детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

iveqgpr0mxohbhtipzy0

Кумановец преку фејсбук упатил закани и навреди кон полициски службеник

СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Н.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 13.08.2019 на социјалната мрежа „Facebook“, од неговиот профил упатил закани и навреди кон полициски службеник. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Охриѓанец тешко повреден – управувајќи мопед изгубил контрола и излетал од патот

На 13.09.2019 околу 19.55 часот во с.Лескоец, охридско, Д.Г.(31) од с.Лескоец, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата,  Д.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична за Скопјанец кој ограбил обложувалница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против У.Ш.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 10.09.2019  во обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје пријавениот со закана одзел пари од вработениот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени четири лица од Куба кои сакале илегално да преминат на „Меџитлија”

На 13.09.2019 во 11.15 часот во с.Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј.,  Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија во Р.Грција. По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Р.С. Македонија на Граничниот премин „Табановце“. Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

Capture-6

Арсовски: Доколку Заев беше чист немаше да контактира со адвокатите на Јанева

Зоран Заев е исплашен човек, кој се обидува на секој можен начин да влијае врз истрагата во случајот со рекетарскиот октопод за да спречи да се дознае вистината дека главата на криминалот не е ниту Боки 13, ниту Катица Јанева туку единствено врвот на неговата власт.Затоа Заев по секоја цена сака да влијае врз обвинителството и судските органи со цел оваа истрага да се забошоти и да се заборави. Доколку власта Заев беше чиста немаше да контактира со адвокати на обвинетата Катица Јанева и немаше пророчки да предвидува дека притворот на Катица Јанева ќе биде укинат, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Веќе сите во јавноста видоа дека истрагата е крајно искомпромитирана и се води  непрофесионално од страна на Русковска и обвинителството. Најпрвин од петни жили се обидуваа таа да остане ограничена само на Боки 13 и Зоки Кичеец, па откако излегоа материјали во странски медиум за вмешаноста на Катица Јанева со тешко срце мораа истрагата да ја прошират и кон нејзе.Во меѓувреме Јанева имаше време и можност да брише докази, да влијае врз сведоци, да форматира телефони и форензички да брише компјутери во СЈО со секакви докази кои што можеби постоеле. Сега гледаме дека случајот повторно тапка во место, а Јанева од притвор во крајно сомнителни услови испраќа писма и наредби кои Јавниот Обвинител Јовески беспоговорно ги прифаќа. Замислете тој што треба да го гони осомничениот криминалец, прима наредби и постапува по барањето на криминалецот. Тоа го има само во правната држава на Зоран Заев.Да биде уште посомнително, првообвинетиот Боки 13 се уште нема дадено исказ, ама затоа десет пати отиде во болница. Дали во болниците се влијаело  или се вршело притисок врз него да не ја открива целата мрежа на рекетарскиот октопод, за на тој начин да не се дознае за инволвираноста на рекетарските ликови Фрики, Кики, Шеки, Баки и останатите треба да каже Вилма Русковска.Очигледно дека обвинителството на Русковска нешто крие и се обидува со правна гимнастика да спаси повисоки владини функционери без кои милионските рекети немало да се случат.Тоа е причината поради која Заев моли бога работите во обвинителството да останат статус кво, за да може и во иднина распупеното судство да миже пред очигледните криминали. Ама тоа нема да помине. Целата јавност виде и целата јавност слушна, но и допрва ќе открива за криминалите на оваа власт.Арамиите кои денес се преставуваат како власт ќе одговараат и пред народот, но и пред законите. Тоа време многу брзо ќе дојде, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања