Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

spanija-1

(ВИДЕО) Редок природен феномен што ја погоди Шпанија, загинаа три лица

Силното невреме кое ја погоди југоисточна Шпанија во петокот го однесе и третиот живот во подрачјето и градот Алмерија, а исто така и сообраќајот во тоа подрачје е отежнат поради затворање на аеродромот, железничката линија и повеќе од десеттина улици.Во последниве денови Шпанија е погодена од метеоролошки феномен кој Шпанците го нарекуваат “ладна капија“ поради кој топлината на Средоземното море се меша со ладниот воздух од надворешноста создавајќи облаци од кои дождот паѓа во енормни количини.Повеќе од 200 војници и 100 воени возила се распоредени во погодените области за да им помогнат на цивилните власти, соопшти војската на Твитер.Противпожарната служба на Валенсија информира дека спасувачките екипи спасиле три лица од река. За време на спасувачката операција, четворица полицајци биле повредени, а едно лице од реката било извлечено со хеликоптер.Силното невреме се очекува да продолжи и денеска во шпанските региони Валенсија, Аликанте и Мурсија.https://www.facebook.com/severeweatherEU/videos/3292633120754552/

Свет | пред 6 години

nance

(ВИДЕО) ГДУ: Без вистината за минатото немаме иднина!

Прес конференција на Граѓанско Демократска Унија - ГДУ, на која се обрати Михаил трендафилов Нанче.Кој ја крие вистината за Охридско-дебарското востание? Ако до 1991 година тоа беше Белград, зошто во 28 години независна Македонија продолжува молк? Зошто СДСМ и ДПМНЕ се сѐ уште продолжена рака на Белград? Без вистината за минатото немаме иднина!https://www.facebook.com/GragjanskoDemokratskaUnijaGDU.O.K.Ohrid/videos/3163581220335204/?epa=SEARCH_BOX

Македонија | пред 6 години

delovi-velosiped

Кумановец шверцувал велосипеди и резервни делови за нив

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.А.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. На 27.07.2019 во атар на с.Липково, кај брана „Глажна“, полициски службеници при преглед на товарно возило, управувано од пријавениот, пронашле и одзеле велосипеди и резервни делови за нив, кои биле внесени во Р.С.Македонија од Р.Косово, без да бидат платени царинските давачки за нив. 

Македонија | пред 6 години

policija-22

Кривична за „Булмак 2016“, се откочила шинска натоварна машина, при што му нанела тешки телесни повреди на вработен

СВР Штип поднесе кривична пријава против ДПТУ „Булмак 2016“ ДООЕЛ Пробиштип и А.В.(38) од с.Турско Рудари, пробиштипско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ и против Д.Д.(41) и А.Л.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. На 23.08.2017 во Пробиштип, во рудникот „Злетово“, сопственост на првопријавеното правно лице, се откочила шинска натоварна машина, при што му нанела тешки телесни повреди на вработениот С.Д. При контрола било утврдено дека во текот на јуни 2017 првопријавеното правно лице и второпријавениот, како раководител на машинско одржување, при ставањето во употреба на наведената машина, не постапиле согласно прописите од Правилникот за користење на рударско - техничка опрема. Исто така, трето и четвртопријавениот, како државни инспектори за геолошки и рударски надзор, во врска со наведениот настан не изготвиле решение за забрана за изведување на работни активности со наведената машина и не презеле соодветни дејствија за санкција на првопријавеното правно лице.

Македонија | пред 6 години

pistol_001

При вербална расправија на бензинска пумпа се заканувал со пиштол

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(38) од с.Теново, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 14.06.2019 на бензинска пумпа во с.Лешок, тетовско, пријавениот, при вербална расправија со Б.Б., се заканувал со пиштол. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Со закана ограбил маркет

На 12.09.2019 околу 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека едно лице со закана одзело пари во маркет на ул.„Костурски херои“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

policija-1

Изградил објект без одобрение за градба на државно земјиште

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Л.(39) од Гостивар и ДПТУ „Лирим Компанија-Зулбеар“ ДОО Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Во Гостивар, во населба „Питарница 1“, на парцела во сопственост на Р.С.Македонија, првопријавениот, како сопственик на второпријавеното правно лице, изградил објект без одобрение за градба.

Македонија | пред 6 години

tepacka

Се истепале на паркинг пред угостителски објект

На 12.09.2019 во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг пред угостителски објект на бул „Јане Сандански’’ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(35) од Скопје и Ј.С.(37) од с.Петровец, скопско. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

struga-debar

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Струга – Дебар, повредени повеќе лица

На 12.09.2019 во 11.30 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, кај с.Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Струга и патничко возило „форд“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.Д.(24) од с.Вевчани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „форд“, А.Д.(60) од с.Вевчани и А.В., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга. 

Македонија | пред 6 години

policija-1

64 годишен Беровчанец, изгубил контрола и излетал од патот – пренесен во болница

На 12.09.2019 во 13.50 часот било пријавено дека на патниот правец Берово - Беровско Езеро, на местото викано ,,Епрев дол“, Л.А.(64) од Берово, управувајќи патничко возило „БМВ“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата Л.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Вработен на Меѓународен аеродром Скопје, со тешки телесни повреди пренесен во „Мајка Тереза’’

На 12.09.2019 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза’’ со повреди бил донесен Б.Б.(29) од Скопје, вработен на Меѓународен аеродром Скопје. По преземенимерки било утврдено дека околу 23.00 часот, додека извршувал работни задачи,  се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Во Тетово откриени се и седум лица кои управувале возилата без положен возачки испит

На 12.09.2019 СВР Тетово спроведе акциска контрола на брзината на движење на моторните возила и непрописното паркирање. Притоа, во Тетово откриени се вкупно 107 прекршоци, од кои 70 пречекорувања на дозволената брзина. Во Гостивар бројот на возила кои пречекориле брзина изнесувал 24. Покрај ова, откриени се и седум лица (ТЕ-4 и ГВ-3), кои ги управувале возилата без положен возачки испит, па веднаш се исклучени од сообраќај и санкционирани со законски предвидените поднесоци. Во Тетово, вчера биле санкционирани и 16 возачи за погрешно паркирање на возилата. 

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still245

(ВИДЕО) Се бетонира плоча на дивоградбата каде беа апсени работници во Охрид

Градежна оператива непречено работи на објектот каде беа апсени работници во Охрид.Денес таму стојат камиони кои носат бетон , а заради конфигурацијата на теренот и висината на градежната механизација која се користи глетката беше видлива од повеќе делови на Охрид.Без никакво одобрени, целосно на диво и без никој да се грижи за безбедноста на сообраќајот, непречено и без проблеми се бетонира плочата на вториот кат се е изграден од како полицијата ги уапси работниците кои работеле на објектот.ЦЕЛОСЕН РАСПАД НА ИНСТИТУЦИИТЕОхрид последните две години доживува целосен распад на институциите во градот кои не функцинираат и целосно ја изгубија довербата и авторитетот кај граѓаните со чии пари институциите функционираат, а функционерите и одговорните кои се поставени на функции со парите од граѓаните примаат плата.Чаршијата пак шпекулира дека одговорните се длабоко подмитени па затоа на пример апсат работници , а не знаат кој ги ангажирал и не знаат кој ги гради објектите, појави кои предизвикуваат разочараност и гнев кај граѓаните.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен скопјанец во близина на Градскиот стадион

На 13.09.2019 во 01.45 часот полициски службеници од СВР Скопје, во близина на Градскиот стадион, го привеле Ф.П.(20) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Foto-11

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија ученици од ООУ „Киро Глигоров“, по повод почнувањето на активноста Отворени денови во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, како дел од проектот Лице во лице со Претседателот со кој во иднина ќе се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. За време на посетата на Кабинетот, учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да присуствуваат во просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Учениците се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа информирани за начинот на функционирање на оваа институција. За време на денешната посета учениците од ООУ „Киро Глигоров“ имаа можност да присуствуваат и на церемонијата за промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, извршена од припадниците на Батаљонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја. Со денешниот настан се најавува редовна практика на поголема отвореност на Кабинетот на Претседателот. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот, http://pretsedatel.mk/?page_id=3016 ќе имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи и предлози и да учествуваат во настани од јавен карактер коишто ќе бидат организирани во Кабинетот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Потпишани три билатерални договори за меѓународна соработка со Република Казахстан

Во функција на подобрување на односите и соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан, Министерството за правда на Република Северна Македонија и Генералното обвинителство на Република Казахстан денеска во Министерството за правда потпишаа три билатерални договори за меѓународна соработка и помош.Потписник на овие договори беше министерката за правда проф. д-р Рената Дескоска и Генералниот обвинител на Република Казахстан, г. ГизатНурдаулетов.На средбата, министерката Дескоска истакна дека и претставува голема чест и задоволство да ги потпише билатералните договори од областа на меѓународната правна помош. Станува збор за три договори за соработка:- Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за екстрадиција;-Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за меѓусебна правна помош во кривичната материја, и-Договор помеѓу Република Северна Македонија и Република Казахстан за трансфер на осудени лица.“Потпишувањето на овие договори е од големо значење за нашата држава и по нивното стапување во сила нема да биде оставен никаков простор за избегнување на правдата со искористување на правен вакуум помеѓу двете држави. Со потпишувањето на овие три договори затворивме уште една рута од патот кој Република Северна Македонија го оди во борбата против криминалот и отворивме врата за успешна соработка помеѓу двете држави“ – истакна министерката Дескоска.Од осамостојувањето, Република Северна Македонија со Република Казахстан немаше склучено билатерален договор, а со оглед дека Република Казахстан не е потписник на конвенциите од областа, помеѓу државите претходно не постоеше правен основ за постапување по предметите за Екстрадиција, трансфер и меѓусебна правна помош.Процесот на склучување на договорите беше долг, почнувајќи од првобитната иницијатива на колегите од Република Казахстан за склучување на Договор за екстрадиција и Договор за трансфер од декември 2012 година, и Договорот за меѓусебна правна помош од септември 2017 година, кои денес успешно ги завршивме со потпишување на договорите.Се’ поголемото слободно движење на луѓето и капиталот покрај очигледните придобивки носи и предизвици. Неспорен е фактот дека во современиот свет криминалот не познава граници.Со експанзијата на кривични дела со странски елемент во последните децении, степенот  на меѓународната правосудна соработка во казнената област добива нови размери, а Република Северна Македонија ги следи сите меѓународни трендови во кривичната област.Во овој период Министерството за правда работи на цел пакет на закони со кои се предвидуваат бројни реформи се со цел на зголемување  на ефикасноста на органите на кривичниот прогон и судството, како и унапредување на соработката на  меѓународно ниво. 

Македонија | пред 6 години

komisija

Започна имплементацијата на твининг проектот за градење на институционалните капацитети на истражните центри

Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Царинската управа на Република Северна Македонија во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ) и Министерството за правда на Република Хрватска денеска го означија почетокот на имплементацијата на твининг проектот финансиран од Европската унија: „Градење на институционалниот капацитет на истражниот центар“Општата цел на проектот е подобрување на ефикасноста и делотворноста на кривичната правда преку ефикасно функционирање на истражните центри, кои вклучуваат истражители од различни профили во спроведување брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки.„Во 2018 година беше донесена одлука во која е определен бројот на припадници на правосудна полиција во истражните центри, но тие до овој момент се уште не се заживеани. Овој проект доаѓа во вистинско време“, нагласи Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија.„Поентата е истражните центри да овозможат и суштинска независност и самостојност на јавните обвинители во истражувањето на случаи од висок профил на закана, како што се организиран криминал, корупција, перење пари и други национални и транснационални закани“, истакна Оливер Спасовски, Заменик-претседател на Владата и Министер за внатрешни работи.„Истражните центри се можеби најзначајната алатка во рацете на обвинителите. Тие го откриваат патот на парите, тие се на некој начин очите и ушите на обвинителите, тие ги собираат сите делчиња од сложувалката и ја градат целосната слика за еден кривично-правен настан“, додаде Рената Дескоска, Министерка за правда.Специфичната цел на проектот е унапредување на целосното спроведување на Законот за кривичната постапка во поглед на воспоставувањето на ефикасни истражни центри во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и во основните јавни обвинителства со проширена надлежност кои имаат најголем број случаи (Скопје, Куманово и Тетово), а со цел постигнување ефикасни и мултидисциплинарни истраги кои ќе обезбедат цврсти докази за обвиненијата и нивното претставување пред судовите.Твининг-проектот го спроведува Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) во партнерство со Министерството за правда на Република Хрватска.„Нашите земји не се многу различни во предизвиците со кои се соочуваме. Сите ние се стремиме кон ефикасна борба против криминалот и кон владеење на правото“, рече Штефан Вон Дер Бек, Државниот секретар на министерот за правда на Долна Саксонија, Германија.„Преку овој проект вие имате можност, од една страна да го добиете искуството од една голема и стара земја-членка на ЕУ како Германија, со огромно искуство во изградба на капацитетот на институциите и во борбата против организираниот криминал, а од друга страна – една мала, нова земја-членка како што е Хрватска, која точно знае и разбира со што се соочувате, бидејќи и ние поминавме низ истите предизвици“, нагласи Иван Црнчец, Помошник-министерот за правда на Република Хрватска.Проектот е финансиран од Европската унија со буџет од еден милион евра. Периодот на спроведување на проектот е 24 месеци (11 мај 2019 – 10 мај 2021).„Борбата против организираниот криминал во цел Западен Балкан, вклучувајќи и во Северна Македонија има огромна важност за нас во Европската унија“, рече Самуeл Жбогар, ЕУ амбасадор во Скопје.Овој проект е составен од три компоненти:Поддршка на воспоставувањето на истражните центри преку подобрена регулаторна рамка на организациската структура и работните методи на истражните центри.Подобрување на капацитетите на истражителите, јавните обвинители, правните соработници и останатиот персонал во релевантните институции за спроведување на правото.Подобрување на оперативната соработка на истражните центри на национално и меѓународно ниво.

Македонија | пред 6 години

IMG-ab97fb0e7dd53e0f7a6e4cec751da50f-V

Со зајакнување на истражните центри до спроведување на владеењето на правото

Подобрување на ефикасноста на системот на кривична правда и обезбедување на брзи, транспарентни и ефикасни предистражни и истражни постапки во борбата со криминалот е целта на твининг-проектот „Градење на институционалниот капацитет на Истражниот центар“ – ИПА 2016, со кој ќе се обезбеди поддршка за Јавното обвинителство, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри,  на чија промоција денеска свое обраќање имаше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.„Декларирајќи неспорна политичка волја и намера не само за рестартирање на целосно блокираната државна функционалност, туку и за преземање на нови, реални, опсежни реформски зафати во насока на обезбедување основа за напредок и развој на македонското општество во целост, ние во изминативе две години отпочнавме низа крупни нормативни, институционални и други промени. Притоа бевме мотивирани токму од целта што ја нагласив - владеењето на правото!“, истакна министерот Спасовски.Осврнувајќи на придобивките од проектот со кои дополнително се операционализираат можностите на Законот за кривична постапка, меѓу другото и во делот на јакнење на соработката помеѓу Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи,  министерот Спасовски рече: „Основната задача на Истражните центри треба да биде ефикасно и ефективно спроведување на кривичната постапка, за која се надлежни јавните обвинители. Притоа, поентата е Истражните центри да овозможат и суштинска независност и самостојност на јавните обвинители во истражувањето на случаи од висок профил на закана, како што се организиран криминал, корупција, перење пари и други национални и транснационални закани“.Покрај обезбедување услови за водење ефикасни и мултидисциплинарни истраги од кои што во иднина ќе се обезбедува цврста евиденција за обвиненијата презентирани пред судовите, министерот за внатрешни работи нагласи дека на овој начин истовремено ќе се овозможи и подобра заштита на човековите права за лицата во предистражните и истражните постапки, како и во судските процедури.„Само така ќе може да се остварат сите премиси за практично спроведување на владеењето на правото, а преку тоа и за целосно враќање на довербата на граѓаните кон институциите на системот“, подвлече Спасовски.Твининг-проектот, финансиран од Европската Унија, кој го спроведува Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) во партнерство со Министерството за правда на Хрватска, започна во мај 2019 година и ќе трае 24 месеци.

Македонија | пред 6 години

Dimsa-PRESS-1309-2

Арсовски: Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии

Во овој момент, додека се држи оваа прес конференција се случува еден од најголемите скандали во историјата на македонското правосудство. По рецептот на Владите на СДСМ од 90-тите години, кога се избираа по 500 судии во еден ден, актуелниот конкурс за избор на кандидати за судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители е под директна контрола на двоецот Заев - Рашковски. Заев и Рашковски имаат за цел да изберат 60 судии и јавни обвинители, кои претходно самите си ги одбрале во канцеларии, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Со доаѓањето на власт на Владата на СДСМ електронското полагање на испити е префрлено во просториите на Правниот факултет во Скопје, каде што во овој момент полагаат потенцијалните кандидати за судии и јавни обвинители. Истиот тој факултет е поранешното работно место на генералниот секретар на владата. Фирмата која го спроведува ова полагање е поврзана со двоецот од владата Заев - Рашковски. Според информациите на ВМРО-ДПМНЕ, двоецот Заев - Рашковски преку системитизирана методологија влијае врз електронските резултати на кандидатите, а во текот на вчерашниот ден неколку лица директно поврзани со Заев, Рашковски и СДСМ оствариле нетипично високи резултати. Толку високи резултати досега не се постигнати откако постои Академијата.Затоа го повикуваме Рашковски, го повикуваме и Заев да одговорат, а конкретно Рашковски дали бил и што правел на Правниот факултет, во текот на неговото работно време во Владата, токму во моментот кога полагале кандидатите блиски до него и СДСМ?Министерката за правда, Рената Дескоска треба веднаш да одговори дали е свесна што се случува во нејзиниот ресор? Дали е свесна дека една од ретките светли точки на македонското правосудство пред Европските институции има селективен процес воден од кадровската Комисија на СДСМ? Дали е свесна министерката Дескоска за се погласните информации за земено мито за обезбедување на високи резултати од страна на двоецот Заев - Рашковски?Бараме итна реакција од јавното обвинителство, кое по допрен глас треба уште веднаш да изврши електронска форензика и да испита како се постигнати историски високи резултати на тестовите од лицата кои се директно поврзани со двоецот Заев - Рашковски и со СДСМ.Русковска обвинителството и Кацарска судството добиваат свое продолжение, и тоа со директна вмешаност на познатиот двоец Заев - Рашковски, и затоа одговорност мора да има за ова, и мора да има час поскоро! А, обвинителството да си ја заврши својата работа во врска со овој скандал, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.  

Македонија | пред 6 години

DSC_6328

Општина Кисела Вода во соработка со УНДП реализира проект за избор на образовни лични асистенти

Општина Кисела Вода работејќи во насока на подобрување на условите и грижејќи се за децата со посебни потреби во општинските основни училишта, во соработка со УНДП, во рамки на програмата Општинско - корисна работа 2019, петта година по ред успешно реализира проект  за избор на образовни лични асистенти.Во рамки на проектот „Учиме, се воспитуваме, другаруваме“ во текот на оваа учебна година, 30 образовни асистенти ќе им помагаат на учениците со потешкотии при усвојувањето на наставната програма.Од вкупно ангажираните асистенти, Општина Кисела Вода обезбеди средства за 10, а за останатите 20 средствата се обезбедени од страна на УНДП.Градоначалникот Филип Темелковски денеска во просториите на Општината, на потпишувањето на договорите за работа оствари средба со дел од образовните асистенти и им посака успешна работа.

Скопје | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Утре во 13 часот седница за разрешување на Катица Јанева

Претседателот на Сoбранието Талат Џафери за утре ја закажа пленарната седница со единствена точка на дневен ред – разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Седницата ќе започне во 13. часот. Постапката за разрешување на Јанева налага Парламентот да обезбеди дветринско мнозинство и бадинтерово гласање.Инаку денеска започна преземањето на предметите од СЈО во ЈО.

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Од каде извира правото на пионите на НАТО, Мицкоски и Заев, да бираат обвинител по партиска линија

Единствена Македонија, македонскиот народ и државјаните на Република Македонија се силно вознемирени од жестоката битка меѓу странските пиони на НАТО, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, кој да го постави новиот шеф во обвинителството за организиран криминал и висока корупција и да има контрола врз предметите на специјалното обвинителство, со цел, да ги заштитат своите луѓе од раководството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и Христијан Мицкоски и должат одговор на јавноста од каде извира нивното право да го приватизираат и партизираат изборот на нов шеф во обвинителството за организиран криминал и висока корупција и изборот да го извршат по партиска линија.Зоран Заев и Христијан Мицкоски  директно газат по законите во државата оти знаат или би требало да знаат дека изборот на нов обвинител не може да се третира како партиска забава туку, треба да се бира на јавен оглас според знаење, способност и достигнување.Новата власт на Единствена Македонија која доаѓа ветува дека во корен ќе ја сосече погубната практика на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за партизираност на судско-обвинителскиот систем во изминатите 30 години кој им овозможува да влегуваат во власта како голтари а да си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Во кое својство премиерот во екот на најголемиот скандал на правосудството, контактира со адвокатот на осомничената рекетарка Јанева

По демантирањата од премиерот Зоран Заев за тврдењата на Антонио Милошоски, се огласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.Заев денес се обиде невешто да демантира, но добро е што призна дека бил во комуникација со адвокатот на рекетарката Катица Јанева. Сега е уште побитно да одговори на неколку прашања.Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?И трето, дали оваа блиска координација на адвокатката и премиерот е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот?“, пишува Милошоски на фејсбук.Инаку денеска Заев  ги демантираше обвинувања од пратеникот Милошоски дека на лидерската средба кажал дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за 10 дена ќе биде пуштена во домашен притвор. 

Македонија | пред 6 години

durlovski

Ана и Игор Дурловски отвораат Академија - Ќе го пренесеме тоа што сме го научиле

Оперските пејачи Ана и Игор Дурловски после 20 години активна кариера ја основаа Академија Дурловски за да го пренесат своето знаење и искуство кои и да им помогнат на учениците правилно да ја совладаат вокалната техника и да ги подобрат нивните вокални способности.Имате убав глас? Музикални сте? Талентирани? Дали е доволно тоа за да бидете добар оперски, концертен или естраден пејач и да изградите успешна кариера?Во Академијата за вокална уметност ДУРЛОВСКИ ќе можете да се запознаете со импостација на гласот, техники на дишење, вокална анатомија, поправање на погрешно поставен глас и аномалии во пеењето, подготовка за аудиции, испити, натпревари, концерти и претстави.Доколку сте заинтересирани за изучување на вокалната уметност и да бидете чекор поблиску до Вашата цел, Ве очекуваме да го споделиме знаењето и искуството стекнато на светските сцени, велат од Академијата Дурловски.Академијата ќе започне со работа на 1 октомври 2019.https://www.facebook.com/durlovski/posts/2778816222142222

Македонија | пред 6 години

PVRSM_Balkan_samit_04

Заев на првиот Балкански самит на претприемништво: Иднината е во развивањето и менаџирањето на талентот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на организаторот, денескасо свое обраќање го отвори првиот Балкански самит на претприемништво, на кој присуствуваа и заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, Евроамбасадорот Жбогар, како и членови бизнис заедницата и на дипломатскиот кор во државата.Во своето обраќање, Премиерот Заев истакна дека една од првите задачи на Владата беше ослободување на заробената држава, а следствено и креирање на клима во која конечно ќе разговараме за бизнис идеи.„Стравот долго време ја парализираше оваа држава. Решивме храбро да се соочиме со предизвикувачки одлуки, за да дојдеме токму до вакви моменти – настани во кои ќе зборуваме за бизнис идеи, за предизвици да се изгради нов бизнис и да се биде успешен и истраен во таа мисија. Знаејќи дека најголем предизвик на иднината ќе биде развивањето и менаџирањето на талентот – човечкиот капитал, ние посветено работиме на зголемување на продуктивноста преку инвестирање во образование, знаење и вештини, паметна специјализација и дуално образование...“, истакна Премиерот Заев.Премиерот Заев се осврна и на мерките кои во континуитет ги презема Владата за поддршка на креирањето на нови бизниси и инвестиции во човечкиот капитал.„Преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот охрабруваме започнување на сопствен бизнис. Само преку оваа мерка, во 2018 година наменети се околу 6 милиони евра, или 364 милиони денари, при што се отворени нови 962 субјекти и вработени се 1191 лице. Оваа година во Оперативниот план наменети се средства за поддршка за вработување на 1070 лица“, нагласи претседателот на Владата на РСМ Заев, и додаде дека  со измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, се овозможуваат олеснети услови и се зголемува опфатот на компании кои може да ги користат мерките.Тој потенцираше дека мерките важат за микро, мали и средни компании и поттикнуваат индустриски раст идека сега се олеснети условите за аплицирање, а опфатот се зголемува за компании од ИТ индустрија, компании од било која гранка кои реализираат инвестиции во производство, како и за компании од земјоделството во преработувачката индустрија.Премиерот Заев посебносе задржа на актуелниот предлог Закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, се овозможува пораст на платите во реалниот сектор.„На работодавачите им е овозможена поддршка, доколку исплаќаат плати повисоки за износ од 600-6000 денари, со што државата презема обврска за износот за кој се покачува платата да ги уплати средствата (во висина од 27,7%) кон фондовите за пензиско и здравствено осигурување, додека работодавачот ќе треба само да го покрие износот за персонален данок во висина од 10%. Оваа мерка ќе важи за сите компании, независно од големината или секторот во кој работат и се очекува да даде силен поттик за зголемување на платите“, потенцираше во своето обраќање на првиот Балкански самит на претприемништво.Во својот поздравен говор, Вицепремиерот Кочо Анѓушев, се надоврза на говорот на Премиерот и ја искажа силната поддршка која оваа Влада ја дава на приватниот сектор и развивањето на претприемачки менталитет кај младите.„Јас длабоко верувам дека одржлив раст на БДП во една држава може да се генерира само врз база на реалната економија, на приватната инвестиција, на приватната иницијатива  и врз  база на претприемачкиот дух на младата генерација. Анкетите покажуваат дека младите луѓе сакаат да работат во државна администрација, но тоа е погрешно. Младите луѓе, треба да сакаат да креираат свои фирми, односно за да може да ја предвидат својата иднина да се обидат да ја создаваат, да не оставаат друг да ја создава во нивно име, а најдобро ќе ја создаваат ако имаат претприемачки дух и најдобро ќе ја создаваат ако креираат свои компании  и имаат издржана и целосна идеја.  Верувајте ми, од лично искуство ви кажувам дека секој претприемач треба да живее свој сон и да не се срами да сонува затоа што сонот е тој што ќе ве води во остварување на Вашите цели . Тоа е тоа што треба да ви кажува вашиот инстинкт и вашето срце во кој правец треба да ја движите вашата иднина од економски аспект и само така ќе успеете, бидејќи тој што не сонува големи соништа никогаш не ги ни доживува“, посочи во своето обраќање Анѓушев.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања