Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tetovo-drzaven-iniverzitet

Левица во одбрана на инспекторот Илиевски, а покренува постапка против инспекторот што го сокри скандалот на тетовскиот универзитет

Раководителот на Секторот за инспекциски надзор во високото образование при Државниот просветен инспекторат – Африм Саљиу, произволно и ретроактивно толкувајќи ги одредбите од Законот за високото образование (2018), скандалозно заклучил дека при унапредувањето на тројцата функционери од ДУИ: Арбер Адеми- актуелен Министер за образование и наука, Агим Нухиу – заменик-министер за внатрешни и Сафет Емрули – директор на Државниот завод за индустриска сопственост не само што не постоела никаква незаконитост, туку истите биле „во јавен интерес“, се вели во соопштението од Левица.Да потсетиме, овие тројца недопирливи функционери на вечниот коалиционен партнер ДУИ се противзаконски унапредени во повисоки наставно-научни звања додека вршеле јавни функции – што е спротивно на тогаш важечкиот Закон за високо образование, кој изрично предвидува „мирување на работниот однос“ додека се извршува функцијата!Да биде иронијата поголема, главниот инспектор Саљиу кој го вршел нарачаниот вонреден инспекциски надзор има класичен судир на интереси во конкретниот случај кој ќе треба да ги испита Антикорупциската комисија – бидејќи неговата ќерка работи како асистент токму на Правниот факултет при ДУТ Тетово и истиот бил должен да се изземе од инспекцискиот надзор во конкретната институција! Со ова еклатантно е повреден Етичкиот кодекс на инспекторите, како и Законот за спречување на корупција и судир на интереси.Нашиот правен тим ја комплетира потребната документација и во блиска иднина, против конкретниот инспектор, ќе покрене соодветни правни постапки за утврдување на неговата инволвираност во заташкување на целиот случај. Бараме и премиерот Заев и министерот Оливер Спасовски веднаш да одговорат пред целокупната јавност за диригираниот мобинг врз инспекторот Ѓорѓи Илиевски, со цел да ги заштитат криминалите на коалицијата на власт, велат од Левица.

Македонија | пред 6 години

prvacinja

В понеделник истекува рокот за парична помош за прваче

Општина Аеродром ја информира јавноста дека понеделник, 16 септември, е крајниот рок за поднесување барање за еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари.Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2019/2020 година на подрачјето на општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет-страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи, кои треба да се оригинал, на увид, а не копија:• Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2019/2020 година заверена од основно училиште од територијата на општина Аеродром• Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид• Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во општина Аеродром на увид• Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увидЦелта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 12.09.2019 во 18.50 часот на ул.„Московска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Б.(49) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.С.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

СВР Битола „лови“ возачи кои не почитуваат сообраќајни правила

Полициски службеници од СВР Битола на 12.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување на возило без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство на минување. Притоа, констатирано е дека пет возачи управувале возило без возачка дозвола, три возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 30 возачи, на мобилен телефон разговарале четворица возачи, додека двајца не користеле сигурносен појас.

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Со „БМВ“ излетал од патот, возачот пренесен во Клиничкиот центар Тетово

На 12.09.2019 во 19.40 часот на автопатот Скопје-Тетово, кај с.Добарце, патничко возило „БМВ“, управувано од А.М.(42) од Скопје, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај 20 годишно момче од с.Падалиште, Гостиварско пронајдена марихуана

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.А.(20) од с.Падалиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено прозводство и пуштање на промет на наркотични дроги, психотропни суптанци и прекурсори“. На ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Жена пешак тешко повредена во Штип

На 12.09.2019 во 10.45 часот на крстосница од улиците „Партизанска“ и „Ванчо Китанов“ во Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Е.П.(19) од с.Таринци, општина Карбинци, удрило во пешакот М.М.(59) од Штип. М.М. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Во Скопје за 24 часа, 46 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената

На 12.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 46 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач - почетник кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и девет возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкциониран е еден возач поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради неправилно престројување и седум возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се пет пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 85 мандатни платни налози, а 57 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

oruzje

Во домот на 43 годишен маж полицијата пронашла: куршуми, ловни патрони, пиштол, дигитална вага со остатоци од непозната материја

На 11.09.2019 СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, врз основа на судска наредба, изврши претрес во домот на Ѓ.А.(43) во с.Ржаничино, скопско. При претресот биле пронајдени 70 куршуми, шест ловни патрони, еден пиштол, една рамка со два куршуми и една дигитална вага со остатоци од непозната материја, кои биле привремено одземени. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

marihuana

Приведен скопјанец, во неговиот дом во Волково, пронајдена марихуана

На 11.09.2019 полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, го привеле А.Г.(38) од с.Волково, скопско, затоа што при претрес во неговиот дом во с.Волково, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. А.Г. бил приведен во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

44MOT_Three-sisters

Викенд програма 44. МОТ

икенд програма за 44. МОТ - 14 и 15.09.2019 (сабота и недела). Сабота 14.09.2019 „Сѐ уште без наслов“ – најновиот предизвик од генијалниот Томи Јанежиќ кој ќе трае повеќе десет часа во МКЦ.Дон Жуан е едно од оние книжевни дела што поминале низ најмногу адаптации. Низ текот на целата претходна сезона, Томи Јанежиќ и неговиот тим го земаат ова дело како референтна точка за истражување и лабараториски пристап. Паралелно на тоа, Симона Семениќ го пишува текстот, наречен како „Сè уште без наслов“. Семениќ пристапи кон Дон Жуан, овојпат носејќи го најтипичното словенечко име Јанеж. Приказната е од аголот на неговото заведување и низ последиците на неговите дела – кои се среќаваат во еден момент, во едно срцебиење. Момент потребен едно тело да падне од кревет и ја погоди земјата. Текстот извонредно се совпаѓа со материјалот создаден на проби, а Јанежиќ прави микс на богата, слоевита целина, која дава нов поглед на безбројните верзии на Дон Жуан и донжуанизмот, зборувајќи за нашите радости, надежи, стравови и болки. Овде и сега.Недела 15.09.2019Првата претстава за третиот ден на МОТ е реприза на „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски со почеток од 12 часот во МКЦ. Перформансот е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација. Со овој уметнички проект беше претставен павилјонот на Република Северна Македонија на Прашкото квадриенале за перформанс, дизајн и простор и ја доби главната награда „Златна Трига“ на оваа престижна манифестација.Втората претстава за недела - „Три сестри“ на Васил Христов ќе се одигра во Театар комедија со почеток во 20 часот. Претставата зборува за мечтата за ослободување, која запаѓа во состојба на безизлезност, дури и пред да почне борбата. Безизлезноста се удвојува преку повторувањето на потребата за промена, ослободување, исчекор. Сеприсутна потреба за промена, која останува декларативна и која ретко преминува во делување.Состојбата на непоместување доведува до агонија и на секој од ликовите поединечно, и на целата толпата во која тие припаѓаат. Тивко умирање, кое отвора некои многу важни прашања: кој е виновникот за настанатата состојба на безнадежност? Дали неделувањето е одложено самоубиство? Дали самоубиството е всушност делување? Вознемирувачки прашања. Ликовите на Чехов се прпелкаат во потребата по изнаоѓање одговори. Но, дури и кога одговорот е на дофат на дланка, тие остануваат закопани на едно место. Неподвижни. „Уживаат“ во својата (не)можност за ослободување.Програмата продолжува во 22 часот со „Дримстејт“ и „Мунлајт“ во Кино Култура. Валентино Апостоловски со „Дримстејт“ - перформанс за прифаќање на ранливоста. Состојба на намалена свесност, во која околината е перципирана како во сон. Непознатото и неизвесноста, односно незнаењето за „тоа што следува“ нѐ прави ранливи и уплашени. Потоа следува кореографскиот проект „Мунлајт“ фокусиран на поетски структури на Александар Георгиев и на Дарио Барето Дамас од Шпанија.Двата проекти се во продукција на LOKOMOTIVA-Centre for New Initiatives in Arts and Culture во склоп на проектот „Што е кореографија?“.

Скопје | пред 6 години

boki-13

Притворот на Боки 13 му е продолжен уште за 30 дена

Бојан Јовановски и понатаму останува во притвор, откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена, неофицијално дознава „Фокус“.Јовановски веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“, а последните 30 дена му истекуваат денес.Тој заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“. 

Македонија | пред 6 години

palco

( Обновено) Потерницата по Палевски не била активна во 14,00 часот кога Палевски влегол од Македонија во Србија

Љупчо Палевски е приведен од страна на српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор.Приведувањето, според Стојков, се случило вчера околу 19,00 часот по потерница распишана од Република Хрватска.„Сомнително е како потерницата не била активна во 14,00 часот кога Палевски влегол во Србија од Македонија, а по само неколку часа тој е приведен од српската полиција“,вели  адвокатот Стојков за „360 степени“.Инаку како што објави Скопје 1, Палевски требало да отпатува за Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.Инаку, Палевски беше еден од предводниците на протестите против промената на името и е политички активен во партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева.

Македонија | пред 6 години

temelko

Професор Ристески: Очекував консензус околу Законот за ЈО, но каузата е јасна и недвосмислена: да се спасат арамиите, да се издејствуваат предвремени избори,

Универзитетскиот проф.д-р Темелко Ристески на социјалната мрежа фејсбук објави коментар под наслов:   АРАМИИТЕ НЕ САКААТ ПРАВНА ДРЖАВА. Еве што напиша Ристески:Како граѓанин очекував дека ќе се постигне консензус околу Законот за јавно обвинителство. По природа сум оптимист. Верував дека кај опозицијата конечно ќе превладее желбата да се најде решение за сите спорни прашања во врска со овој закон. Мојата верба беше базирана на секојдневните изјави на Мицка и другите ДПМНЕ-овски челници за зацврстување на владеењето на правото, за правна држава, за зачленување на Републикава во НАТО и ЕУ. По информацитие за неуспехот на лидерската средба се искритикував самиот себеси велејќи си: „Е мој другар, многу си оптимист, ја изгуби од вид ДПМНЕ-овската практика на лаги и манипулации заснован на она гебелсовото: сто пати повторена лага делува како вистина.“ „Немој да бидеш оптимист кога е во прашање спасот на ДПМНЕ-овските арамии“, се прекорив.„Лажат, слугите на Груја. Лажат, лажат, упорно лажaт. Никогаш да не наседнуваме на нивните лаги“ си реков во себе. Линијатa Будимпешта – Скопје и обратно постојано функционира. Вождот од Будима града, будно ја следи состојбата во замјава, ја цени ситуацијата, донесува одлуки, командува и дава инструкции. Слугите во Скопје, на чело со Мицка, извршуваат. Каузата е јасна и недвосмислена: да се спасат арамиите, да се издејствуваат предвремени избори, да се изманипулираат граѓаните, да се освои власта и да се продолжи со грабежот на веќе видениот, груб ДПМНЕ-овски начин, без исав и усул. Криминологијата повеќе пати докажала дека мега криминалот не знае за татковина, не знае за патриотизам, не ги ферма човековите права. Правната држава и владеењето на правото, редот и поредокот во општеството, не се посакувано окружување на мега криминалците од врхушката на ДПМНЕ -то. Колку поголем неред во општеството, колку помалку владеење на правото, толку подобра клима за мега криминалот. Од мега криминалци кои низ бројни криминални зделки ја олеснија државава за пет и кусур милијарди евра, не може да се очекува искрено да се борат за правна држава и за владеење на правото. Од нив не може да се очекува искрено да го посакуваат зачленувањето на Републикава во ЕУ и НАТО. Таму тие ќе бидат контролирани и не ќе можат да прават што сакаат со државава и со нас граѓаните. Македонија, нејзината сегашност, нејзинагта иднина, за нив очигледно се последна дупка на свирката. Арамиите се би дале за да се спасат од раката на правдата. Но нема да им успее.https://www.facebook.com/100000660721029/posts/2733723786659619?sfns=mo

Македонија | пред 6 години

palco

ЕКСКЛУЗИВНО: Во Белград притворен Љупчо Палевски - Палчо

Љупчо Палевски - Палчо вчера е притворен во Белград, во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва.  Палчо е притворен по потерница од Хрватска и во моментов е во екстрадиционен притвор.Наскоро повеќе.... 

Македонија | пред 6 години

strumica_dzamija

(ВИДЕО) Се мерела гласноста на пеењето на оџата, а верници муслимани се заканале дека ќе ја запалат црквата

Во 20:23 часот СВР Струмица заедно со инспекторатот за животна средина имаа заедничко дејствување во турското маало во Струмица откако претходно до Општина Струмица од стотици граѓани била покренета петиција против гласното пеење на оџата од џамијата. Заедничкото дејствување било со цел да се измери јачината на звукот, но околу 300 верници од исламската вероисповед излегоа на улицата кога полицијата пристигнала во турското мааало, мислејќи дека тие ќе го забранат пеењето на оџата, објави република.мкОд СВР Струмица за порталот Струмица денес изјавија дека дејстувањето било најдобронамерно со цел да се измери јачината која вечерва покажала дека е поголема од дозволената. Како што велат очевидци за порталот Струмица денес дошло до инцидент бидејќи дел од насобраните верници извикувале дека ќе ја запалат црквата „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“.Православното население кое живее во истото маало вели дека тие нема проблем со џамијата како објект, ниту пак против луѓето од исламската вероисповед, но треба да се внимава на пресилната бучавост од звучниците на џамијата.Од СВР Струмица велат дека ќе биде побарана средба со верските заедници и проблемот во најбрзо време да биде решен на мирен начин без никакви дополнителни инциденти.извор: Република.мк

Македонија | пред 6 години

izvori

Вевчанските извори, прогласени за споменик на природата

Вевчанските извори се прогласени за споменик на природата. Благодарение на поддршката на 🇪🇺 за оваа прекрасна област, Општина Вевчани e конкретен пример, како една мала заедница може да живее во хармонија со природата и да претставува пример за иднината, стои напишано во објавата на ФБ профилот на делегацијата на Еврпската унија. Инаку, Вевчански Извори — едни од поретките псевдопериодски сифонски врела во Македонија. Сместени се на источните падини на планината Јабланица, кај селото Вевчани, на надморска височина од 900 метри. Главниот извор е сместен во отворот на пештера. На десетина метри подолу, се наоѓаат неколку постојани извори кои подземно комуницираат со главниот извор. Капацитетот на Вевчанските Извори во влажниот период од годината изнесува околу 1.500 литри во секунда.  

Македонија | пред 6 години

sjo

СЈО од денеска ќе ги предава сите случаи, истраги и предистраги на ЈО

Спцијалното јавно обвинителство ги пакува предметите, кои од денеска ќе почнат да се пренесуваат во Републичкото јавно обвинителтво, кај обвинителот Љубомир Јовески. Од Специјалното јавно обвинителство вчера соопштија дека се подготвени да го извршат трасферот на сите отворени случаи, истраги и предистраги на Јавното обвинителство.Денеска во Кривичниот суд се закажани две рочишта за предметите „Титаник“ и „Тортура“, но останува неизвесно дали рочиштата воопшто ќе се оддржат.

Македонија | пред 6 години

lukas-i-sonja

(ВИДЕО) Аца Лукас и Соња Вуксановиќ се разведоа

Фолк-пејачот Aца Лукас, денес и официјално се разведе од сопругата Соња Вуксановиќ. Двојката уште во 2017 година најави дека се разведува, а денес конечно ги потпишаа документите за развод во судот во Белград, пишуваат српските медиуми.Набрзо откако била заврршена постапката третата бивша сопруга на пејачот преку социјалните мрежи му порача:Официјално разведена. Би ти посакала сè најдобро, ама тоа веќе го имаше.https://www.instagram.com/p/B2T4X_fi3_n/?utm_source=ig_embedВидео од моментот на излегувањето на бившите сопружници од судот на овој линк.

Магазин | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

ВМРО ДПМНЕ: Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта

Јавното обвинителство и Љубомир Јовевски не можат да постапуваат по наредби на осомничената Јанева. Јовевски не смее да прима наредби од лице во притвор. Дали доколку Јанева нареди приведување на Русковска од затвор Јовевски ќе постапува по однос на истото и ќе го процесуира до суд!? Заев ја штити Јанева затоа што така го штити својот и криминалот на власта, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Пратеничката група на СДСМ треба да покаже доблест, доколку ја има и да постапи по предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, за разрешување на Катица Јанева.Со Јанева како официјален носител на функција од притвор и се остава простор за маневар и свесно давање наредба за дејствија со кои се прикриваат докази или се носи истрагата во друг правец.Јанева е лицето преку кое е вршен милионскиот рекет за потребите на власта и таа не смее да има овластувања од политичко правна природа.Дали СДСМ чека Јанева да преземе уште некое дејствие, по што ќе биде однесена истрагата во друг правец далеку од Зоран Заев и врвот на власта.Собранието треба да постапи единствено по насока на веќе донесените одлуки на ЈО и Комисијата за избори и именувања на Собранието.Секое одлагање на разрешувањето на Јанева е давање ветар во грб на криминалот.Потребно е разрешување на Јанева веднаш, формирање на независно ЈО и распишување на предвремени парламентарни избори час поскоро, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.   

Македонија | пред 6 години

Mickoski-PRESS-1608-1

Мицкоски: Од кај знаеме дека потписот е од Јанева, може некој го фалсификувал?

Во интервју за најновиот број на неделникот „Фокус“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го отвора и прашањето за веродостојноста на дописот кој Катица Јанева го испрати од притвор за предавање на сите предмети на СЈО на ОЈО, објави Фокус.мк-Ова што го направи Катица Јанева од притвор е незаконски, зашто тој допис прво треба да биде прегледан од судија, заверен од нотар. Од кај знаеме дека тоа е нејзиниот потпис. Може некој го фалсификувал. Од кај знаеме дека Катица Јанева го пишувала тој допис? Сето тоа го контаминира процесот на доставување на случаите до јавниот обвинител. Ние предлагавме со одредби од закон тоа да биде дефинирано. Јас сега ќе ви го цитирам членот 60 од Законот за јавно обвинителство. Став 1 – јавниот обвинител се одалечува од вршење на функција за времето додека се наоѓа во притвор. Завршена работа, вели Мицкоски.Целото интервју прочитајте го во печатениот Фокус или купете го во електронски формат на овој линк.

Македонија | пред 6 години

turcija-zname

Eксплозија на пат во Југоисточна Турција, седуммина убиени, 13 ранети

Четири лица загинаа, а 13 се тешко повредени кога импровизирана експлозивна направа на патот експлодира во југоисточна Турција додека минувало возило со локалното население, соопшти канцеларијата на гувернерот на провинцијата Дијарбекир.„Се верува дека експлозивот го поставиле припадниците на Курдската работничката партија“, се наведува во соопштението, пренесе „Ројтерс“.

Свет | пред 6 години

himna-makedonija

ОМД: Прво погрешната интонација, а второ иземањето на химната од школските учебници, се прабат ли напори кон менување на државните симболи?

Обединета македонска дијаспора (ОМД) ја осудува владината одлука за вадење на македонската химна од школските учебници по основно образование. Химната е значаен столб на државноста, и изучувањето на државната химна во основните училишта суштински ги обединува младите генерации, без разлика на нивната етничка припадност, се вели во соопштението на ОМД.Интонација и изучување на државната химна е обележје на повеќето демократски држави во Европа и светот, каде особен акцент е ставен на обединување на сите граѓани зад заедничкиот идентитет и лојалност кон државата во која живеат. Особено загрижувачки е фактот што одлуката за иземање на химната беше донесена после надворешените притисоци кои ја доведуваат во прашање сувереноста на Македонија. Јавен притисок врз македонските власти вршеа поддржувачите на Тиранската платформа, кои директно побараа промена на химната во 2017, како и Грција и Бугарија, кои повикаа на изземање на македонскиот идентитет од државните обележја, вклучувајќи ја и химната.Неодамна, за време на изведбата на „Денес над Македонија“ во Амбасадата на САД по повод 4 Јули, Тамара Тодевска намерно или ненамерно изостави значителни делови од химната. Овие постапки ги поттикнуваат сомневањата дека прво погрешната интонација, а второ иземањето на химната од школските учебници, се насочени напори кон менување на државните симболи и комплетно поткопување на македонскиот идентитет“, соопшти ОМД и додаде дека очекува враќање на химната во школските учебници во најкратко можно време.

Македонија | пред 6 години

vetar

Времето денес, сончево со засилен ветер со брзина и над 70 км/час

Времето во Република Македонија ќе биде претежно сончево и ветровито со засилен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Утринската температура ќе се спушти помеѓу осум и 18, а дневната ќе достигне од 20 до 33 степени.

Македонија | пред 6 години

himna-makedonija

Во новите учебници ја нема химната, но има песнички со Северна Македонија

По уставните измени, од Министерството за образование објаснуваат дека е донесена нова програма, па на пример химната на Македонија по музичко образование нема да се учи, туку децата ќе учат песни од етничките заедници во земјава. Во Преспанскиот договор нема ваква одредба, па останува нејасно зошто е ова сторено, објави мкд.мкАнкица Витанова, од Бирото за развој на образованието за некои медиуми даде изјава дека химната нема да ја има во учебникот по музичко образование бидејќи програмата е изработена во периодот по уставните измени. Текстот во целост на: мкд.мк 

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања