Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

lozje-niva-zeljodelie

СДСМ: Лозарите не потпаѓаат под манипулациите на фантомски здруженија блиски до ВМРО-ДПМНЕ

Денеска нема протест на лозароовоштарите туку уште еден очаен и неуспешен обид на ВМРО-ДПМНЕ со нивни членови и симпатизери да ја искриви сликата за мерките што го унапредуваат земјоделството и обезбедуваат повисок животен стандард за земјоделците, се вели во соопштението од СДСМ.Сите наследени проблеми на лозарите, оставени од ВМРО ДПМНЕ се решени.Како една од низата мерки за поддршка на земјоделците е исплатата на околу 66,2 милиони денари или над 1 милион евра на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој кон 6.240 лозари за дополнителната субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.Претходно, исплатен беше долгогодишниот долг кон лозарите од Повардарието. Се исплатија 77 милиони денари на 2.048 лозари по основ на долгот што винарските визби го имаа кон лозарите за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година.Ова се дел од мерките преку кои покажуваме вистинска грижа кон лозарите и воопшто кон земјоделците. Од 1 јуни 2017 па до денес исплатени се вкупно 306,7 милиони евра кон земјоделците што ја покажува вистинската грижа за земјоделците. Поддршката за земјоделците продолжува со несмален интензитет.Затоа, земјоделците не потпаѓаат под маниплулации на фантомски здруженија блиски до ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

nike-logo

Фалсификувани патики “NIKE“ сакал во Визбегово да ги продава како оригинални

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Б.Р.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. На 25.06.2019, врз основа на судска наредба, а по барање на Министерството за финансии – Управа за финансиска полиција, бил извршен претрес во дворно место на кое Б.Р. имал еден неизложен објект и други помошни простории во Визбегово, при што биле пронајдени и одземени 1023 пара патики од марката “NIKE“, која е заштитена трговска марка. Според изјавата на пријавениот, патиките се набавени во текот на 2019 година од лица од Република Турција, со готовинско плаќање, без документација, а потоа со камион на фирма од Струмица доставен во Скопје. Без да склучи договор со компанијата сопственик на брендот или со овластени правни лица застапници на заштитената марка на територијата на РС Македонија, односно со која било компанија која што легално се занимава со производство на спортски обувки марката “NIKE“, според пријавеното, имал намера да ги продава како да се оригинални спортски обувки од овој бренд и на тој начин да се стекне со противправна имотна корист во износ од најмалку 11.949.867 денари. Од фирмата застапник на авторските права на производителите од трговската марка “NIKE“ на територијата на РС Македонија, по извршената анализа, потврдиле дека одземените патики се фалсификувани производи. 

Скопје | пред 6 години

12092019_Ministerot_Ademi_rabotni-sredbi-vo_Ohrid-i-Struga_1

Работни средби со општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО

Денес, мешовита владина група предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, одржа работни средби со општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион.На средбите со градоначалниците Константин Георгиевски и Рамиз Мерко и општинските служби се разгледуваа работните верзии на Планот за управување со природно и културно наследство и Стратешка оценка на животната средина, два клучни процеси за долгорочна заштита на светското наследство.За време на средбите се дебатираше околу критичните зони, режимите на заштита, како и временската рамка за усогласување на Планот и негово финално усвојување.Од страна на надворешните експерти кои ја изработуваат Стратешката оценка на животната средина беше порачано целите на Планот да бидат фокусирани кон контролирана урбанизација, зајакнување на управувачките капацитети на надлежните институции, заштита на природното и културното наследство, подигање на свеста и едукација, како и зголемена еколошка функционалност на крајбрежјето.На работните средби, покрај општините присуствуваа претставници од министерствата за култура и животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на културното наследство, Завод и музеј Охрид, и Национален Парк Галичица. Во наредниот период, експертите од животна средина и култура продолжуваат со изработка на нацрт План за управување, за кој претстои и процес на јавни консултации.  

Македонија | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Редовна снабденост со лекови за сите осигуреници – укинување на квоти за приватни здравствени установи аптеки

Од 1 октомври се укинуваат квотите за сите ПЗУ аптеки со кои Фондот има склучено договор, а се во мрежата на здравствени установи на Министерството за здравство. Со укинување на квотите се надминува долгогодишниот проблемот со недостиг на лекови во текот на цел месец.Осигурените лица од 01.10.2019 година лековите во аптека ќе можат да ги подигнуваат само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Лековите за хроничните пациенти како и лековите за деца и осигурените лица кои не можат сами да подигнат лек поради здравствена состојба, друго лице ќе може да ги подигне во неговоиме со сопствен документ за лична идентификација.По октомври ќе следуваат други фази за имплементација на електронско здравство со укинување на хартиениот рецепт и воведување на електронски рецепт и за тоа Фондот навремено ќе ја информира јавноста.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Најавува ли ВМРО ДПМНЕ „Рекет 2“, „Рекет 3“ и „Рекет 4“ ?

Видео материјал составен од снимки и фотографии од премиерот Зоран Заеев и инсерти, цитати и ликови инволвирани во аферата „Рекет“ објави предмалку ВМРО ДПМНЕ на социјалните мрежи.Видео материјалот завршува со натпис: „Рекет 2“ , „Рекет 3“ , „Рекет 4 “.На социјалните мрежи веќе се коментира дека веројатно ВМРО ДПМНЕ најавува обелоденување на нови афери поврзани со аферата „Рекет“Скопје1.мк уште минатата година прв објави дека во „Белиот Дворец“ се прстигнати поголема количина дигитални докази во различен формат кои ќе имаат одек на своевидни бомби во јавноста.https://www.facebook.com/vmromakedonija/videos/1660143937453857/ 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Момче се бори за живот од како било избодено со нож во автобус на ЈСП

Три лица се хоспитализирани од кои едно сѐ уште е во животна опасност по насилната пресметка што вчера околу пладне се случи во автобус на ЈСП, број 56, помеѓу две групи малолетници.Тешко повредениот е малолетно момче, на возраст од 16 години, кое има повреди од остар предмет и се наоѓа на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица.МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

zbogar

Жбогар: Договорете се и вратете ја довербата, тоа е поважно од датумот

Амбасадорот на Европската комисија во земјава, Самуел Жбогар денеска изјави дека наоѓањето решение за функционално судство е поважно отколку да се добие датум за преговори со Европската Унија.Во изјавата дадена во Вевчани, евроамбасадорот кажа дека во овие моменти фокусот мора да биде ставен на тоа да се најде решение и да се врати довербата кај граѓаните. Тој додаде дека тоа е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговори.– Сега засега не е најдено решение. Не е постигната согласност. Но, ние и понатаму ќе работиме на тоа повторно да видиме што ќе се случи со предметите поврзани со поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ. Решението се уште не е постигнато, но треба да го постигнеме, да го најдеме тоа решение. Упатуваме апел до двете политички партии да продолжат со нивните напори да се обидат да најдат консензус во врска со ова прашање, истакнува Жбогар.Според Жбогар има логика да се спојат СЈО и ОЈО.– Мислам дека СЈО заврши една важна работа. Мислам дека во изминатите неколку години работеа на важни случаи, на давање отчет за сторени кривични дела. Веруваме дека оваа работа може да ја продолжи Јавното обвинителство така што мислиме дека има логика во тоа да се спојат СЈО со ОЈО. Колку што разбираме и двете страни се согласни со тоа, вели Жбогар.

Македонија | пред 6 години

ceski-parlament

Чешка го ратификуваше протоколот за прием на Македонија во НАТО

Чешкиот Парламент денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Информацијата преку својот „фејсбук“ профил ја сподели и генералниот секретар на владејачката СДСМ, Љупчо Николовски.https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.3/posts/2492829260938598

Македонија | пред 6 години

70308520_425347671432159_7286956263034847232_n

Димковски: Интензивно работиме на мерки за спарување со климатските промени и негативните последици врз земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска учествуваше на шестата сесија на Работната група  „Земјоделство и Рурален развој“, на Националната конвенција за Европска унија во земјава, на којашто темата беше  „Предизвиците во земјоделството соочено со климатските промени”.На денешната сесија од универзитетските професори од Факултетот за земјоделство  храна беа презентирани моменталните состојби со влијанието на климатските промени врз земјоделството, регионите и земјоделските култури кои се најмногу изложени на климатските промени, и беа посочени предлози за преземање на мерки за ублажување на последиците.Министерот Димковски посочи дека климатските промени предизвикуваат сериозни штети врз земјоделското производство, што крајно влијае и врз севкупната економија и за таа цел, Владата го формираше Националниот комитет за климатски промени и интензивно се работи на мерки за ублажување на последиците од климатските промени во земјоделството. „Даваме големо значење на темата климатски промени, бидејќи прво на удар е земјоделството.Наскоро  ќе се објави и меѓународниот тендер за  избор на компанија за услуги за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди, на што последнава година интензивно се работи. Воедно преку ИПАРД 2  програмата се финансира поставување на  заштитни мрежи и други технологии за прилагодување на земјоделството кон климатските промени“, изјави министерот Димковски.При тоа Димковски посочи дека со последната функционална анализа финансираа од ЕУ преку Светска банка, е заклучено дека министерството  има потреба за формирање на посбен сектор за климатски промени.Димковски посочи дека освен мерките преку Програмите за директни плаќања и за рурален развој, од исклучително значење е и соработката на министерството со ФАО за поддршка за управување со ефективен национален механизам за Зелениот климатски  фонд. Од друга страна УХМР, како што посочи министерот Димковски, изминатите две години спроведе реконструкција на клучните метеоролошки станици, со цел добивање на навремени и прецизни податоци за временски непогоди. Воедно, Димковски посочи дека МЗШВ изминатите две години започна неколку крупни капитални инвестиции во водостопанската инфраструктура, што ќе резултираат со зголемување на наводнуваните површини во државата.

Македонија | пред 6 години

tramp

Честитка од претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија

По повод 8 Септември, Денот на независноста, писмo со честиткa до претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски упати претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Во писмото се вели дека претседателот Трамп и американските граѓани заеднички упатуваат срдечни честитки до претседателот Пендаровски и граѓаните на Северна Македонија, по повод 28-та годишнина од нашата независност. „Ви честитам за континуираното спроведување на историскиот Договор од Преспа, кој носи поголема безбедност и просперитет за граѓаните на Северна Македонија. Посветеноста на вашата земја на демократските принципи, владеењето на правото и отчетноста на владата се за пофалба. Соединетите Американски Држави силно ја поддржуваат Северна Македонија на нејзиниот пат кон членството во НАТО, и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка во унапредувањето на мирот, просперитетот и стабилноста во регионот“, стои во писмото на претседателот Трамп до претседателот Пендаровски. Честитки до претседателот Пендаровски по повод 8 Септември, Денот на независноста, испратија и претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, шефови на држави-членки на Европската унија, како и од регионот и од соседството. 

Македонија | пред 6 години

Janusev-PRESS-1209-2

Јанушев: Заев е во паника и затоа не сака независно обвинителство

Зоран Заев ги минираше преговорите за да го заштити својот и криминалот во своите редови. Затоа не сака независно обвинителство водено од обвинител на предлог на опозицијата, туку сака уште една компромитирана институција како СЈО преку која ќе си го прикрива криминалот.Зоран Заев се плаши од независна истрага за случајот „Рекет“, затоа што знае дека исказите на жртвите и вмешаните водат до главата на криминално рекетарската банда. Никој веќе не верува дека Боки или Катица на своја рака, без насоки и заштита од политичкиот врв влегле во ова крими авантура,истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.На Заев му е потребно ЈО кое е продолжена рака на власта, на Заев му е потребно баш вакво јавно обвинителство за да го затвори случајот „Рекет“, без притоа јавноста да ги дознае вистинските нарачатели.Власта се плаши од независна истрага, зошто така ќе се дознае и каде завршиле парите од снимката која сите ја видовме, но и каде завршиле сите останати рекетирани пари за кои има сериозни индиции. Заев е исплашен да не се дознае и дали токму со тие пари е финансирана кампањата на Пендаровски!?Заев се плаши од независно обвинителство затоа што знае дека со разврска на случајот „Рекет“ јавноста ќе дознае дека рекетот е вршен со амин и за потребите на криминално рекетарската власт.Заев е во паника и затоа не сака независно обвинителство. Паниката и стравот се вистинскиот мотив поради која Заев ја спасува Катица Јанева во Собранието.Зоран Заев со своето однесување, а воден од себичните побуди да се спаси од одговорност за криминалите по не знам кој пат, ја загрозува европската иднина на Македонија.Доколку Заев навистина е за примена на европските вредности, а не за заштита на криминалот тој ќе ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ кои се во насока на заштита на Уставот, законите но и меѓународните конвенции и пракси.Почитувани,ВМРО-ДПМНЕ будно го следи случајот и целата негова разврска. Доколку власта продолжи да го одолговлекува случајот и се обиде на било каков начин да влијае на истрагата, ќе ги објавиме документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги има исто така и ЈО.Порачуваме никој да не се осмелува да си игра со правдата, зошто одговорност за ова незаконие ќе има, и секој индивидуално ќе се соочи со санкциите, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.https://mail.google.com/mail/u/0/#inbox/FMfcgxwDrHpMnFLCLNSCzNxknWXCQVrL?projector=1

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Мицкоски и Заев сакаат свој обвинител за да го заштитат криминалот на своите партиски раководства

По вчерашната средба меѓу Мицкоски и Заев, јавноста со неверување гледа како овие двајца пиони на Брисел на отворена сцена лицитираат кој да постави свој човек во обвинителството за организиран криминал и висока корупција.Единствена Македонија и македонскиот народ се свесни дека Мицкоски и Заев водат жестока битка кој да ја предложи новата Катица Јанева за да го заштитат своето лично богатење врз грбот на народот како и на луѓето од раководството на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Зоран Заев и Христијан Мицкоски  директно газат по законите во државата оти знаат или би требало да знаат дека обвинителите треба да се бираат на јавен оглас според знаење, способност и достигнување. Мицкоски и Заев ја поразија идејата за правна држава.Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија наивно верувале дека обвинителите се бираат независно и непристрасно да се борат со криминалот, па, како тогаш, македонските функционери во изминатите 30 години влегуваат во власта како обични граѓани а си заминуваат од власта како најголеми капиталисти, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

european-mobility-week-2013

Европска недела на мобилност - Пешачи со нас!

Пешачи  со насWalk  with usEUROPEAN  MOBILITY  WEEK16   – 22  Септември  2019 год.Програма на Општина ОхридПонеделник 16.09.2019   10:00 – 11:30 ч.Порака од најмладите „ Рака за рака “ – прошетка на деца од предшколска возраст, при што ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Македонски Просветители“  од пресек со ул. „ Партизанска“   до пресек со ул.„ Коста Абраш“; Вторник 17.09.2019     10:30 – 12:00 ч.Промоција на проектот кој е во соработка со ЗЕЛС и ГИЗ  „ Паркинзи за велосипеди“ – на девет локации во Охрид ќе бидат поставени паркинзи за велосипеди; Среда 18.09.2019   од  12:00 ч.Промоција на Планот за одржлива урбана мобилност ( ПОУМ на град Охрид ) – во просториите на Општина Охрид ; Четврток 19.09.2019    11:30 – 13:00Реализација на  проектот  „ Паркирај го автомобилот – прошетај со нас“ – пешачење низ централно градско подрачје; Петок 20.09.2019    11:00  – 12.00 ч.Реализација на проектот „ Исклучи го моторот  и вози велосипед“ – велосипедско дефиле  низ повеќе улици  во централното градско подрачје на Охрид; Сабота 21.09.2019 од 11:00 – 14:00 ч.„Промени се – паркирај правилно и прописно“  – централно градско подрачје, ќе бидат поделени флаери за подигање на свеста  кај возачите за опасностите   кои  може да бидат предизвикани од неправилно паркираните возила кои можат да ги доведат во опасност децата, лицата со хендикеп,  велосипедистите како и сите останати учесници во сообраќајот. Недела   22.09.2019 година Реализација на проектот „ Светски ден без автомобили“ – затворени улици за сообраќај низ централно градско подрачје на град Охрид.

Македонија | пред 6 години

zatvor

Службена посета на КПУ Затвор Скопје

Во рамките на своите надлежности, Работната група на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Северна Македонијa, во состав Фадил Зендели, Мирсада Емини-Асани, Трајчо Димков, Панчо Минов и Слаѓана Митовска, на 13 септември 2019 година (петок), ќе оствари службена посета на КПУ Затвор Скопје - Скопје.Во придружба на групата ќе биде директорот на Управата за извршување на санкциите, Јовица Стојановиќ, како и претставник од НДИ и од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.Оваа Работна група е основана поради забелешките во Извештајот на Европската комисија за состојбата во затворите во Република Северна Македонија, како и забелешките на пошироката јавност. Групата има за цел согледување на состојбите во кои се наоѓаат овие установи и предизвиците со кои се соочуваат, а во насока на подобрување на истите.

Скопје | пред 6 години

alijansa-za-albancite

АА: Земањето лекови со лични карти и физичко присуство на пациентот, е апсурдно

Известувањето кое денес беше објавено од страна на Фондот за здравство на Република Северна Македонија во врска со земањето лекови од аптеки каде покрај рецептот треба и документ за идентификација и физичко присуство на пациентот, како и враќање на старите здравствени книшки е еден од составните елементи на неспособноста и незнаењето што ја карактеризира оваа Влада, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.Фондот за здравство е втурнат во вициозен круг на потфрлувања, и наместо да размислува за поедноставување и олеснување на постапките, со оваа мерка го оптоваруваат пациентот со работи кои во праксата се апсурдни.Алијансата за Албанците смета дека ваквите уредби се во спротивност со развојните трендови на земјите од ЕУ чиј дел се стремиме да станеме.Оваа апсурдна мерка и задава удар на медицинската дејност, оставајќи го на втор план пациентот и неговата болест, бидејќи времето потребно за запишување на терапијата во книшката, здравствената картичка и регистарот е двојно поголемо од анамнезата и прегледот на пациентот.Според анализите на Одделението за здравство при Алијансата за Албанците, сметаме дека електронските картички кои на граѓаните им направија дополнителни трошоци, се решението и потребата на пациентот, докторот и фармацевтот, затоа што со заеднички софтвер се заштедува време, хартија, тонер, при што како лекарот така и пациентот добиваат комотност.Ваквата мерка за присуство на пациентот со лична идентификација и рецепт, се судира со правата на пациентот затоа што му задава удар на контингентот пациенти кои немаат физичка и психичка можност да го земат лекот.Имајќи ги предвид овие аргументи од една страна и апсурдноста што овие уредби можат да бидат практични и функционални за здравствениот систем, го покануваме министерот и Фондот да ги повлечат овие барања и да започнат да размислуваат за проширување на позитивната листа на лекови, зголемување на коефициентот и креирање политики за одржување на лекарите во земјава, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 6 години

znaminja-777x437

Премиерите на Вишеградската група ја повикаа ЕУ на октомвриската сесија на Советот за општи работи да донесат одлука за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија

Премиерите на државите на Вишеградската група, на денешната средба со претседателите на владите на земјите од Западен Балкан, на која учествува и премиерот Зоран Заев, денеска во Прага ја усвоија Декларација на Вишеградската група за Западниот Балкан.Во декларацијата лидерите од Вишеградската група ја потврдуваат нивната недвосмислена поддршка за пристапувањето на државите од Западниот Балкан во Европската Унија и увереноста дека обединувањето на Европа нема да биде целосно без пристапувањето на Западниот Балкан во Европската Унија.Во текстот на декларацијата се нагласува дека политиката на проширување на Европската Унија е значајна алатка со непроценлива вредност за постигнување на безбедност, стабилност и просперитет во Западниот Балкан; оттаму, постоењето на кредибилна политика за проширување претставува стратешка инвестиција за безбедноста, стабилноста и просперитетот и на Европската Унија.Во овој документ на Вишеградската група, се напоменува дека пристапувањето е и ќе остане процес заснован на заслуги и кој целосно зависи од објективно постигнатиот напредок, и се повикуваат сите засегнати страни во Европската Унија, а во однос на октомврискиот Совет за општи работи, да го задржат и зајакнат позитивниот импулс и енергијата која произлезе од напредокот во реформите и од стапувањето во сила на историскиот Преспански договор, преку отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и соАлбанија.Декларацијата на Вишеградската група нагласува дека започнувањето на пристапните преговори во октомври 2019 година не само што ќе овозможи двете држави да се посветат уште повеќе на потребните реформи, туку ќе служи како значаен поттик за целиот регион и гаранција дека Европската Унија ќе продолжи да има водечка улога во позитивната трансформација на регионот.Премиерите на земјите членки на Вишеградската група, во декларацијата изразуваат очекувања, во согласност со Стратегијата на Европската Комисија за Западниот Балкан од февруари 2018 година, дека пристапните преговори со Србија и Црна Гора ќе бидат забрзани во текот на следниот мандат на Комисијата во согласност со напредокот постигнат од двете држави, како и дека реформските процеси во Босна и Херцеговина и Косово во натамошниот период ќе ги зајакнат шансите за членство во Европската Унија на регионот.Во декларацијата од Прага се повторува поддршката за државите партнери од Западен Балкан во нивната подготвеност за одржување на стабилноста во регионот, зајакнување на владеењето на правото, борбата со организираниот криминал и корупцијата, зајакнувањето на отпорноста кон хибридните закани, спречување на радикализацијата и контрола на миграцијата.Земјите членки од Вишеград во декларацијата нагласуваат дека ја имаат предвид стратешката улога на Западниот Балкан во зајакнувањето на диверзификацијата на енергетските извори на Европската Унија преку Јужниот коридор и ја изразија својата подготвеност за подобрување на соработката помеѓу државите од Вишеградската група и Западниот Балкан.Во завршницата на Декларацијата на Вишеградската група се потенцира подготвеноста на државите од Вишеградската група за натамошна поддршка за широка регионална соработка, добрососедски односи и помирување на Западниот Балкан, меѓудругото и преку грантови на Меѓународниот вишеградски фонд, програми за стипендирање или помош за Фондот за Западниот Балкан.

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-12-09-19-13-12

Петкоска: За жал суровата вистина е дека граѓани кои плаќаат даноци во Охрид, сè уште немаат вода за пиење во 21 век

Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески нема за цел да го направи Охрид подобро место за живеење. Недомаќинското работење на Георгиески и директорот на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“, Владимир Алексијоски е недозволиво за една општина којашто е заглавена во долгови за кои течат камати на дневна основа, истакна Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на УЖ ОК Охрид.Дали е во ред да потрошат преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените додека охриѓани мака мачат со основните потреби за живот?Парите се потрошија, а проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени.Зошто им го ускративте тоа на жителите на улиците „Абас Емин“, „Бекир Али Риза“ и дел од „Македонски просветители“ коишто мака мачат цело време со водата?Жителите од Стар град, Кошишта и улицата „Кирил и Методиј“ очекуваа решавање на проблемот со водата, а не цела сезона заедно со туристите да се соочуваат со немање притисок и да остануваат без вода.Дали само за избори Ви се важни гласовите на жителите од Лескоец, Лакочереј, Подмоље и Ливоишта, а сега се правите дека не ги слушате нивните гласови и зборови иако не сте им го решиле проблемот со водоснабдувањето?Локалната власт зема лош пример и учи од централната која пак наместо одобрување на системот за третман на отпадни води за сите населби во сливот на Охридското Езеро со ребалансот крати 186.500.000 денари на име проект за водоснабдување и одведување на отпадни води.Но за СДСМ е сè во ред, затоа што нели има вишок средства и сè  е средено.За жал суровата вистина е дека граѓани кои плаќаат даноци на овој град сè уште немаат вода за пиење во 21 век.Со Локалната власт на СДСМ и Георгиески нема живот, нема напред, додаде Петкоска.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов:Сите пратеници да се ставиме во функција на правото и правната држава

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ... Прашањата и одговорите во продолжение: Доколку се постигне договор за ЈО, албанската опозиција најави дека нема да го гласа законот, имате ли коментар за тоа?Немам такви информации. Сметам дека, сите пратеници без исклучок и без разлика на нашата партиска, етничка или било каква друга определба, мора да дадеме шанса на правната држава. Само на тој начин, навистина ќе ги поставиме демократските принципи во Северна Македонија и конечно ќе го покажеме и пред граѓаните, она за што навистина тие навистина се гладни. Со сигурност можам да ви потврдам дека граѓаните во Република Северна Македонија се главни за правда. Сите мора да покажеме подготвеност, дека независно од нашите политички, партиски интереси, ќе се ставиме како одговорни политичари во функција на правото и правдата во Република Северна Македонија.Тие вчера побараа и вонредни избори. Се сомневаат дека Рекет воопшто има разрешница. Го споменаа и Бујар Османи и дека затоа се одолговлекува истрагата.Не коментирам правосудски одлуки или одлуки кои се однесуваат на правосудните органи или на обвинителството. Но, како партија, најодговорно повикуваме што е можно побрзо да заврши истрагата, да се покаже кој се е инволвиран, затоа што и премиерот во една прилика рече, дека тој лично смета, дека истрагата за Рекет можеби ќе води кон Мицкоски. Очекуваме истрагата да се забрза и очекуваме истрагата да ги даде сите потребни одговори, за да се расчистат дилемите.

Македонија | пред 6 години

ilievski

Инспекторот Илиевски тврди дека е жртва на мобинг, за неговиот случај се заинтересира германската амбасада

Германската амбасада во Македонија се заинтересира за случајот на инспекторот Ѓорѓи Илиевски за незаконското унапредување на тројца функционери при добивање звања на Државниот Универзитет во Тетово.Илиевски на едночасовниот состанок ги информирал во амбасадата за, како што вели, сите аномалии во високото образование, за активностите кои се превземаат против него како и за непочитување на правото и законитоста и инволвирањето на високи фунционери во скандалот, објави pressingtv.mk.Откако се вратив од одмор, едноставно повеќе не ми даваат работни задачи, ми ги одземаа предметите. Мобингот е невиден, а доаѓа од страна на премиерот Зоран Заев и од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој целосно го поддржува директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спировски, кои се во кумановска роднинска врска, изјави Илиевски.Текстот во целост на: pressingtv.mk.

Скопје | пред 6 години

tesla

(ВИДЕО) Теска автомобил вози со 100 /час додека возачот и совозач спијат

На интернет се распространи снимка од возач и совозач во електричен автомобил „тесла“ кои спијат додека возилото се движи по автопат со брзина од околу 100 километри на час. „Бев изненаден кога ги видов. Возев покрај нив, возачот спиеше со спуштена глава, а рацете му беа на воланот. Им свирев за да ги предупредам, но тие не реагираа. Изгледаа како да се преморeни“, раскажува Дакота Рандал, кој го снимил видеото и го објавил на „Твитер“, пренесува хрватски „Индекс“.На веб страницата на Тесла стои дека автопилотот е наменет за внимателни возачи кои што ги имаат рацете на воланот и се подготвени да ја превземат контролата над автомобилот во било кое време. Предупредуваат дека автопилотот бара активен надзор од возачот и не значи дека возилото треба само да вози.https://twitter.com/DakRandall/status/1170777292768985089?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1170777292768985089&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b0%25d1%2587-%25d0%25b8-%25d1%2581%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b0%25d1%2587-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d1%2582%25d0%25b5%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25bf%25d0%25b8%25d1%2598%2F

пред 6 години

Нема фотографија

Концерт на јапонско-хрватскиот уметник Томохиро Адачи во Охрид

Во организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.Томохиро Адачи дипломира на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб, Хрватска, во 2007 година. Иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР“, на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс“, на Интернационалниот натпревар за пијано „Камило Тоги“, на Меѓународниот натпревар за пијано „Антон Рубинштајн“, на Рома меѓународниот натпревар за пијано“ …Адачи е основач на јапонско-хрватското музичко друштво во Токио и негов претседател, притоа, организирајќи  бројни концерти со врвни музичари од цела Јапонија и странство, секогаш со една цел, воведување на  хрватските мелодии и хрватската култура во Јапонија.Како врвен музичар, и самиот тој изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други.Од НУ „Охридско лето“ велат  дека  и годинава продолжува практиката, концерти на класична музика да се одржуваат не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на целата година, со цел, да се збогати културната понуда во градот и државата, но и да се презентираат исклучително добри уметници од светот на класичната музика. 

Магазин | пред 6 години

eksplozii

(ВИДЕО) Серија експлозии и пожар во магацин со муниција на Северен Кипар

Пожарот по серија експлозии во складиште за муниција во турскиот дел од Кипар е локализиран и започната е истрага за инцидентот, соопшти во четвртокот утрото туското министерство за одбрана. Министерот за надворешни работи на кипарските Турци, Кудрет Озерсаи напиша дека неколку лица се здобиле со полесни повреди од искршено стакло.На својата фејсбук-страница тој напиша дека областа е „запечатена“ бидејќи експлозиите продолжуваат и додаде дека пожарот е локализиран и дека сѐ уште не е познато што ја иницирало првата експлозија, која се случила во 1:30 часот по полноќ.https://twitter.com/IbraheemAbbas9/status/1171931814094692352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171931814094692352&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Feksplozii-vo-magazin-za-municija-na-kipar-oblasta-e-blokirana-video 

Свет | пред 6 години

micevski-1

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, бара итна седница за разрешување на Катица Јанева

Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, согласно Деловникот побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.Согласно член 67 став (2) и член 68 став (2) од Деловникот на Собранието, по барање на 20 пратеници господинот Талат Џафери треба да свика итна седница на која на дневен ред ќе биде разрешувањето на Катица Јанева и тоа инсистираме да биде денес, а не како што најави Талат Џафери за два или три дена, туку денес веднаш да биде свикана итна седница, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Kатица Jанева.Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ вчера наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот.  Јавноста беше сведок како СДСМ и Талат Џафери ја спасија осомничената Катица Јанева. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се стави на дневен ред како прва точка, разрешувањето на осомничената Катица Јанева беше експресно одбиен.Очигледно СДСМ и Зоран Заев не смеат да ја разрешат Катица Јанева, бидејќи тие се поврзани во најголемата рекетарска афера во Република Македонија.СДСМ и Зоран Заев се должни пред јавноста да дадат одговори на следните прашња.Зошто СДСМ не сакаат да биде разрешена Катица Јанева иако тоа веќе е констатирано од страна на Советот на јавни обвинители и од Комисијата за прашња на изборите и именувањата ?Дали Владата на Зоран Заев е во координација и синхронизација со самата Катица Јанева, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и се дел од планот за спас на Катица Јанева?Дали со штитењето на Катица Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ?СДСМ и Зоран Заев не може да избегаат од овие прашња колку и да се обидуваат, ниту со тужби ниту со закани. Одговор на овие прашања мора да има.Ги повикуваме пратеници на СДСМ и владеачкото мнозинство да застанат на страна на законот и правдата и да гласаат за разрешување на осомничената Катица Јанева.Апелираме и до парламентарното мнозинство и господинот Џафери да престанат со тактизирање и  уште денес да се свика итна седница и осомничената Катица Јанева да биде разрешена од нејзината функција за да може да се остави простор до 15 септември да се избере нов специјален обвинител.Првиот чекор до правна држава е разрешувањето на специјалната обвинителка која вршела рекет Катица Јанева.Доколу не се случи тоа очигледна е намерата на Зоран Заев и владеачкото мнозинство да не дозволат разрешување на Катица Јанева за незаконско, нестручно и носовесно работење согласно предлогот на Советот на јавно обвинители и Комисијата за прашања на изборите и именувањата, туку со истекот на времето за кое што е избрана да и престане мандатот.СДСМ и Зоран Заев не може вечно да ја штитат Катица Јанева, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Општина Центар распишa Јавен повик за користење субвенции за поправка и санација на кровови и лифтови на станбени згради

Општина Центар распишa Јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови на станбени згради на подрачјето на општината.Субвенцијата опфаќа исплата на финансиски средства во висина од 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 150.000,00 денари за санација на кров и 30% од вкупниот износ, но не повеќе од 300.000,00 денари за санација на лифт.Jавниот повик за реконструкција на кровови се однесува на замена на постоечки азбестни салонитни покривачи со еколошки и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси. Додека, финансиската поддршка за поправка на лифтови се однесува на оние за кои е утврдено дека се технички неисправни. Субвенцијата опфаќа модернизација на лифтовите и нивно усогласување со безбедносните стандарди.Апликациите треба да бидат поднесени од сопственици на заеднички делови на колективни станбени згради управувани од Управител на станбени згради или Заедница на сопственици апликант.Барањата за користење на мерката се поднесуваат на пропишан образец кој сите заинтересирани можат да го подигнат на пријавницата во барака 3 и/или во архивата на Општина Центар – барака 6 , но истиот можат да го превземат и од веб странатана Општина Центар.Селекцијата на апликациите ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“, до исцрпување на средствата. Апликациите можат да се достават во период од 16 до 30 септември 2019 година.Дополнителна документација за аплицирање на http://www.centar.gov.mk/?p=8508Минатата година меркатаза субвенционирање реконструкција или санација на лифтови и кровови беше применета на 26 станбени единици на територија на Општина Центар.Конкретно, мерката за субвенционирање на реконструкција или санација на кровови била применета во 16 згради на следниве адреси: Бул.Кочо Рацин бр.40, ул.11 Октомври бр.31, ул.Козара бр.42/1, ул.Цицо Поповиќ бр.3, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.48/5, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.12, ул.Васил Ѓоргов бр.32, ул.50 Дивизија бр.39, ул.Народен Фронт бр.21-3, ул.Франклин Рузвелт бр.40, ул.Алберт Ајнштајн бр.1, ул.Цицо Поповиќ бр.1, ул.Вељко Влаховиќ бр.25, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30/3, ул.Димитрие Туцовиќ бр.22 и ул.Мирослав Крлежа бр.51.Мерката за субвенционирање реконструкција или санација на лифтови била применета во 10 згради на следниве адреси: ул.Васил Ѓоргов бр.32, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.30, бул.Кочо Рацин бр.18, ул.Кирил и Методиј бр.48/4, ул.Мито Хаџивасилев Јасминбр.48/5, ул.Народен Фронт бр.25, ул.Васил Ѓоргов бр.32, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.38, ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр.24 кула9, ул.Вељко Влаховиќ бр.19.

Скопје | пред 6 години

freon-232011

Во населба во Атина, откриени над 23 тони забранет фреон од Кина

Секторот за борба со финансиски криминал од грчкото министерство за финансии, во непријавен магацин, во населба во западниот дел на Атина, откри 1939 пакувања со над 23 тони фреон за една употреба. Фреонот бил произведен и пакуван во Кина, а е забранет во Европската унија.Како што соопштуваат од Министерството за финансии на Грција, според искусните фактори на пазарот, откриената количина претставува историски рекорд во Европа, jави дописничката на МИА од Атина.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања