Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

londonska-berza

Хонг Конг понуди 36,6 милијарди долари за Лондонската берза

Oператорот на берзата во Хонг Конг, компанијата „Hong Kong Emerging End Clearing Limited“ (HKEX), денеска достави понуда до Лондонската берзанска група (ЛСЕ) за „спојување на двете компании“, а според договорот се проценува дека ЛСЕ ќе чини 29,6 милијарди фунти (36,6 милијарди американски долари).– Управниот одбор на HKEX смета дека двете компании се многу комплементарни поради што со нетрпение очекуваат да работат со релевантните власти за да се отвори патот кон реализација на трансакцијата, се наведува во соопштението на операторот на Хонконгшката берза.Со спојувањето на двете компании, подобро би се позиционирале на пазарите и други географски зони, а од друга страна на пазарните учесници и инвеститори би била понудена неверојатна поврзаност на глобалниот пазар.

Свет | пред 6 години

K4rLE-n1-talat-dzaferi-gjorcev-432

Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред да и истече мандатот

Талат Џафери најавува седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана."Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам" - потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура.Вчера беше направен обид за разрешување на Катица Јанева но мнозинството на СДСМ и ДУИ го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ точката за разрешување на Јанева да се стави на дневен ред. 

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

Боки 13 повторно пренесен на скопските клиники

Бојан Јовановски денеска повторно бил однесен на скопските клиники, откако се пожалил на болки во истражниот затвор „Скопје“, дознава „Фокус“ од извори од одбраната.Сѐ уште не е познато дали Јовановски ќе биде задржан на лекување, или ќе биде вратен во затворот во Шутка. Јовановски веќе неколку пати, откако е во притвор, е носен на прегледи на скопсите клиники, поради болки кои му се јавуваат како последица на оперативен зафат.Тој заедно со Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во случајот „Рекет“.

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Скопјанец под истрага за разбојништво во спортска обложувалница

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот 27-годишен жител на Скопје, на 10 септември, со службено возило на фирмата во која работел како дистрибутер, дошол до спортска обложувалница на ул. „Благоја Стефковски“. Го паркирал возилото во непосредна близина на обложувалницата, со нож во раката влегол внатре и се заканил на еден вработен и на уште едно лице кое во тој момент се наоѓало во објектот. Притоа одзел 21.760 денари од касите на уплатно-исплатното место, 138.020 денари кои се наоѓале во ВЛТ апаратите, како и 24 исплатени тикети со вкупна сума од 55.283 денари. Откако го извршил разбојништвото, со возилото го напуштил местото и се упатил во правец на населбата Хиподром.Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Скопје | пред 6 години

strnista

38 земјоделци се пријавија во град Скопје за бесплатно чистење на стрништа

Во акцијата на Градот Скопје за бесплатно собирање на растителниот отпад од нивите и стрништата за да се спречи нивното палење досега се пријавиле 38 лица. Во согласност со динамиката и планот на работа изминативе денови се расчистени 25 стрништа. Со пет камиони собрани се вкупно 100 кубни метри растителен отпад, кој е однесен на депонијата „Дрисла“. Денеска отпад се собира со помал камион од локации со помало количество отпадоци и се очекува сите пријавени стрништа да бидат расчистени до крајот на оваа недела.Сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395 395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собере нивниот растителен отпад и ќе го одложи во „Дрисла“.Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која почна кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, со цел намалување на загаденоста на воздухот и зачувување на плодноста на почвата. Палењето стрништа, плевели и други растителни отпадоци ја уништува микрофлората и фауната во обработливиот слој на почвата - она што ја прави земјата жива, плодна и самообновувачка. Палењето стрништа и земјоделски површини во текот на летото е фактор кој има голема улога за избувнување пожари, коишто покрај огромната штета што ја нанесуваат на земјоделските култури, претставуваат и сериозна опасност за човечкиот живот.Поради тоа, во периодот до 30 септември, Градот Скопје ќе им биде на располагање на сите земјоделци кои имаат каков било отпад од берба и со наша помош бесплатно ќе го отстраниме од полињата за да се спречи негово палење.Кампањата за едукација од штетните последици од палењето стрништа се спроведува во соработка со градските јавни претпријатија, УНДП и МДЦ-Ти.нет. 

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Министерот Филипче на Глобален самит за вакцинација во Брисел

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, сопругата на Претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска и д-р Александра Грозданова, претседател на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, учествуваат на Глобалниот самит за вакцинација што денеска се одржува во Брисел. Самитот го организира Европската комисија во соработка со Светската здравствена организација, а под заедничко покровителство на претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.Главната цел на самитот е да се даде видливост на повисоко ниво и политичко влијание на темата вакцинација, што претставува најуспешната мерка за јавното здравје и заштитува милиони животи секоја година. Истовремено го демонстрира ставот и лидерство на ЕУ кон глобална посветеност на вакцинацијата, ќе ја зајакне политичката посветеност кон елиминација на болести што се спречуваат со вакцините и ќе ги ангажира политичките лидери и лидери од научното, медицинското, индустријата, филантропското и граѓанското општество во глобална акција против ширењето на дезинформациите поврзани со вакцините.Вакцинацијата е најуспешната мерка за јавно здравје во модерното време. Темите на панел дискусијата околу која излагаат панелистите се однесуваат на глобалната стратегија зголемување на довербата во вакцините, засилување на истражувањата за вакцините, развој и иновации и создавање глобален одговор за осигурување на јавното здравје, безбедност и просперитет преку имунизација.На Самитот се присутни околу 400 учесници од целиот свет, вклучувајќи политички лидери, високи претставници од ООН и други меѓународни организации, министерства за здравство, водечки академици, научници и здравствени професионалци, приватниот сектор и невладини организации.  

Македонија | пред 6 години

resenie-kazna-sud

Адвокатот Алиспахиќ казнет со 2.000 евра поради статус на ФБ за судијката Лаличиќ

Адвокатот Асмир Алиспајиќ заработи казна од 2.000 евра поради објавен статус на неговиот профил на Фејсбук.  „Сваровски судијата Софија Лаличиќ дно од судија, под итно разрешување“ напиша Алиспајиќ по рочиште одржано на 4 септември на кое неколку пати бил опоменат од судијката за несоодветно однесување во судницата.По објавувањето на статусот Алиспајиќ бил казнет со 122.990 денари за навреда на судот.

Скопје | пред 6 години

strucna-pomos

Општина Аеродром ангажира 12 лица за општинско-корисна работа

Општина Аеродром од овој месец ангажира 12 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и тројца помагатели на 30-ина стари лица.Асистентите и помагателите се ангажирани преку програмата за општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации“ во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.Овие лица имаат ангажман од 20 часа неделно за период од 6 до 9 месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.Целта на проектот е асистентите преку помагање и грижа за ученици и стари лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд.

Скопје | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Правдата не може да биде испорачана преку договор на елитите

Имајќи ги во предвид последните неколку години, слободно може да се заклучи дека во политичкиот систем на Република Македонија лидерските средби израснаа во централна политичка институција каде се крои судбината на народот, далеку од неговите очи и спротивно на неговата волја.Низ целиот овој транзициски период на независна Република, во речиси секој покрупен криминал на некој начин биле вмешани високи функционери од двете партии кои неизменично се менуваат на власт. Па во преговорите за правдата на ваквите елитистички средби неретко учествуваат и осомничените во криминалите, а скоро секогаш нивни блиски сопартиски соработници. Поаѓајки од сето ова, психолошки сулудо, а политички во најмала рака е индикативно да се очекува дека вакви компромитирани личности и клептократски здруженија ќе се заложат за правдата да ја види дневната светлина – напротив! Тие, ваквите средби ги искористуваат како платформа за меѓусебен пазар каде сметката секогаш ја плаќа народот, се вели во соопштението од Левица.Таков беше случајот со СЈО, како специјална институција која требаше да ги разреши криминалите на претходната гарнитура, но истата се претвори во политички бордел на актуелната власт и меѓународната заедница преку која се уценуваа парламентарци да гласаат против волјата на народот. За подоцна, како што видовме и од аферата „Рекет“ високи функционери од власта СЈО да го искористат за лукративни цели, а пак партијата која го предводи мнозинството во власта, за да си обезбеди медиумска наклонетост како и послушност и безрезрвна – на моменти дури и перверзна – похвала од разните „новинарски бардови“.Впрочем, после вчерашното гласање во Собранието, кристално јасни станаа намерите на владејачкото мнозинство, кое со 58 гласа го одби предлогот за разрешување на приведената специјална обвинителка во оставка Катица Јанева.За правда не се потребни само институции, процедури и нормативни одредби, туку потребни се личности со кредибилитет и личен интегритет и без транзициски багаж. Правдата ќе стигне кога народот ќе ви пресуди!Промена, а не замена, велат од Левица. 

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Патник паднал од автобус, пренесен во болница со тешки повреди

На 11.09.2019 во 15.30 часот било пријавено дека на 10.09.2019 околу 13.30 часот на ул. „101“ во Волково, во приватен автобус со бр.22, Г.Б.(77) од Скопје, кој бил патник во автобусот, паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување помош. Се работи на расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

policija-1

Бе-ем-ве полно со мигранти удрило во полициско возило, па избегало

На 12.09.2019 околу 02.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на патот с.Сопот, кумановско, патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, удрило во службено полициско возило и побегнало. Околу 02.18 часот на патот Табановце-Куманово патничкото возило било пронајдено надвор од коловозот, а во него биле затекнати повредени двајца мигранти од Авганистан. Тие биле пренесени во Комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’, каде им биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

migranti_kola

Во „рено еспејс“ полицијата пронашла 15 лица мигранти од Бангладеш, возачот приведен

На 11.09.2019 во 08.05 часот на местото викано „Костурник“, атар на с.Речица, кумановско, полициски службеници го привеле И.А.(21) од с.Арачиново. При контрола на патничко моторно возило „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал И.А., полициски службеници пронашле 15 лица мигранти од Бангладеш. Возачот и мигрантите биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

СВР Велес „лови“ технички неисправни возила

На 11.09.2019 во периодот од 12.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на техничката исправност на возилата учесници во сообраќајот. Притоа, било констатирано дека девет возила биле технички неисправни, од кои во Велес четири, а во Кавадарци пет. За сите овие прекршоци на возачите им се изречени соодветни казни.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Скопје од сообраќај исклучи 32 возачи

На 11.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 32 возачи од кои: пет возачи затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 25 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и двајца возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 21 возило, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се тројца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, шест возачи поради неправилно престигнување, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и пет возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се 13 пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 68 мандатни платни налози, а 67 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен Кумановец, полицијата кај него пронашла марихуана

На 11.09.2019 во 14.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„ВМРО“, го привеле Д.С.(27) од Куманово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Кај три лица пронајдена прашкаста материја

На 12.09.2019 во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Радишанска“, ги привеле М.К.(19), А.С.(24) и С.Б.(22), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

ivan

Живковски: Господине Темелковски, доста е од празна демагогија, конечно излезете од кабинетот, слушнете ги потребите на граѓаните

Иако градоначалникот Темелковски е наш сограѓанин, истиот се однесува како да не живее во нашата општина и нема никаков слух за барањата и потребите на жителите.Покрај многуте неисполнети ветувања,  Темелковски периодов останува глув и на барањата на родителите на учениците од четврто и петто одделение од неколку основни училишта од Кисела Вода кои упорно бараат воведување на продолжен престој за нивните деца, истакна Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода.Иако радува податокот дека Општина Кисела Вода има зголемен природен прираст на населението, дека се зголемува бројот на првоодделенчињата, но за жал локалната самоуправа и градоначалникот Темелковски не прават ништо за нашите најмлади сограѓани.  Напротив, и тоа што  како можност и право е предвидено со Законот за основно образование, општината не се труди да го исполни.Имено, Законот за основно образование вели: „Ако се обезбедени услови и средства од основачот, основното училиште може да организира продолжен престој за учениците во групи и тоа од прво до петто одделение со ученици од исто одделение или од прво до трето одделение и од четврто и петто одделение со ученици од различни одделенија“. Понатаму во законот се вели: „Во продолжен престој учениците се вклучуваат во согласност со родителот односно старателот“.Бидејќи е голем бројот на родители кои имаат барање за организирање на продолжен престој во училиштата во Кисела Вода го повикуваме градоначалникот Темелковски конечно да се одважи и да предложи одлука до Советот на општината со која ќе обезбеди средства за финансирање на наставници за продолжен престој.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ваквата одлука целосно ќе ја поддржи, а се во интерес на родителите и учениците.Господине Темелковски, доста е од празна демагогија, конечно излезете од кабинетот, слушнете ги потребите на граѓаните и конечно почнете да носите одлуки во нивен интерес и не заборавајте дека и локалните избори се ближат, а со тоа се ближи и крајот на вашето расипничко однесување и владеење, истакна Иван Живковски претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кисела Вода. 

Македонија | пред 6 години

lence-ristoska

Ристовска: СЈО е живо, ние работиме до септември 2020

Обвинителката Ленче Ристоска пред денешното рочиште за „Талир" изјави пред новинарите дека Специјалното јавно Обвинителство уште е живо.- СЈО уште е живо, рече Ристоска.  Многу пати апелиравме за важноста на носење на овој закон (Закон за ЈО н.з.). Тоа го има и во последното наше соопштение зошто е важно да се донесе тој закон. СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристовска.

Македонија | пред 6 години

bolnica-11

Инцидент синоќа во Градска болница: Голема група го нападнала персоналот и полицијата, болницата затворена

Поголема група луѓе ноќеска нападнала вработени во старата Градска болница во Скопје, а се пресметале и со полицијата која била повикана за помош, дознава А1он. Во болницата бил донесен пациент со исекотина на раката, а веднаш по него во болницата упаднала групата која напаѓала се пред себе.-Се случила голема тепачка, нападнат бил персоналот, обезбедувањето, а потоа и полицијата која била повикана за помош. Групата напаѓачи била голема, немаме точна бројка, пациентот за кој се бореле имал повреда на раката. Инцидентот се случил по полноќ околу 2-3 часот по полноќ. Болницата била затворена за пациенти за да не се случи уште некој инцидент. Јас утрово кога дојдов на работа побарав да биде повторно отворена болницата и веќе вообичаено се примаат пациенти, изјави за А1он, Иван Спировски, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.Директорот нагласува дека вакви инциденти се случуваат секој втор ден во болницата, оти еден човек какообезбедување е немоќен кога пред него ќе се појави голема група.Текстот во целост на:А1он  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Дете однело граната во шведска градинка, градинканата затворена

Припадници на шведскиот специјален тим затворија претшколска установа во Кристинајштад, Шведска, откако едно дете донело граната. Полицијата е повикана откако вработените во градинката, по заминувањето на децата дома, виделе сомнителен предмет.Полицијата е повикана откако вработените во градинката, по заминувањето на децата дома, виделе сомнителен предмет. Утврдено е дека станува збор за граната, поради што е повикан специјален тим за деминирање, пренесува Си-Ен-Ен.Портпаролот на полицијата изјави дека предметот наликува на пушка, но дека е во округла форма, и дека тимот го демонтирал во градинката, бидејќи било проценето дека е „многу опасно да се преместува“.Детето ја пронашло експлозивната направа на пологон, каде што војската ја користела за вежби.

Свет | пред 6 години

donev

Донев до Георгиески: Трошите 100.000 евра за К-15 на вработените, а луѓето немаат вода за пиење и живеат со септички јами

Во до гуша задолжена општина со милиони евра за кои течат камати на дневна основа, градоначалникот и директорот на “Водовод” потрошија преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените, бидејќи нели средства има одвишок и се е средено. Но суровата вистина е дека граѓани кои плаќаат даноци на овој град се уште немаат вода за пиење, живеат со септички јами, газат во дупки и неасфалтирани улици во 21век. Живот за ,,сите” !, напиша на својот Фејсбук профил Сашо Донев претседател на ВМРО-ДПМНЕ OK Охрид.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217998772858590&set=a.1233635078696&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

ujp

Над 4.500 граѓани и фирми должат на државата, во листата на УЈП познати бизнисмени, компании

Голем број јавни претпријатија и општини, но и познати македонски компании и бизнисмени, се најдоа на новата листа должници на Управата за јавни приходи (УЈП) за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.На новата Листа на должници бјавени се 1.979 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2.586 физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).Вкупно објавениот нето долг во листата бр.9/2019 изнесува 10.199.141.546 денари (околу 163 милиони евра) повеќе за 343.653.670 денари од претходната листа.Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.058.805.415 денари (повеќе за 354.004.608 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е140.336.131 денари (помалку за 10.350.938 денари од претходната листа).Македонска радиотелевизија на УЈП и должи 32 милиони денари, Македонска радиодифузија должи околу 26,3 милиони денари, Комуналното јавно претпријатие Струга должи 16,7 милиони денари, општина Карпош должи 54 милиони денари…Целата листа должници ТУКА.

Македонија | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов да ги слушне барањата на скопјани за анализа на влијанието врз животната средина со изградбата на подземна сообраќајница на Кале

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје апелира градоначалникот Петре Шилегов да не прави гол популизам од проектот за изградба на вијадукт на Вардар и подземен тунел под Скопското Кале и да ги слушне барањата на скопјани.Проектот кој е далеку од почетна градежна реализација треба да биде со одобрение на граѓаните и точна анализа дали истиот ќе ја наруши животната средина и ќе задира во историскиот заштитен локалитет Скопско Кале.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје не е против изградба на овој капитален проект кој како идеја постои повеќе децении, но единствено истиот да се реализира преку консултација на стручната и експертска јавност и јавна расправа на која ќе учествуваат жителите чии живеалишта се наоѓаат во непосредна близина на овој проект.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на граѓанските здруженија за одржување на јавна расправа на која ќе се чуе експертско мислење и ќе се изработат анализи за повеќе аспекти:Дали ваквиот проект ќе создаде загрозување на животната средина?Дали со тоа ќе се зголеми фрекфенцијата на возила и ќе го наруши квалитетот на живот на граѓаните чии живеалишта во самата близина?Како овој проект од бетон ќе влијае на загадувањето?Дали ова ќе биде бетонска џунгла или квалитетно сообраќајно решение?Дали поборникот Шилегов за зелено Скопје се претвора во создател на бетонска џунгла, и колку зелени површини со вијадуктот ќе бидат уништени?Дали ќе има загрозување на историскиот локалитет Скопското Кале?Дали зад ваквиот проект се крие можеби нечиј бизнис интерес?Во отсуство на проекти Шилегов има потреба од гол популизам но тој не смее да се одвива на грбот на скопјани.Потребно е низ еден транспарентен процес да се носат крупните одлуки за граѓаните на Скопје.Шилегов наместо политизирање и популизам треба да се посвети на работа.2 години Шилегов, 2 години неработа, криминал и лаги, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Скопје | пред 6 години

paspalj

(ВИДЕО) Жарко Паспаљ: Од овде треба сите да си заминат

Прославениот југословенски и српски кошаркар, Жарко Паспаљ, повторно стана ѕвезда на социјални мрежи откако тој преуреди запуштен заеднички двор меѓу згради на Врачар во Белград, претворајќи го во кошаркарски терен, објави магазинот „Време”.Говорејќи за недостаток на солидарност во општеството, Паспаљ вели дека „можеме да разговараме – да ги обвиниме Милошевиќ, Вучиќ, Тадиќ или Коштуница, секој што е на власт последните 30 години, но ајде да почнеме од себе“, вели тој.„Беше тешко и за мене, кога го работев игралиштето во напуштениот двор, станувајќи секое утро во 6 часот и доаѓав со нови идеи за тоа како да го направам овој обичен двор да изгледа што е можно поубаво, секогаш во исчекување дека – сега ќе дојде некој. Но, не дојде“, вели Паспаљ. „Ти доаѓа лутина, велиш, чекај, што е ова кај луѓето, знаете дека ве гледаат, гледаат некој кретен кој имал четири срцеви удари и шлог како самиот работи во заеднички двор, и најверојатно се прашуваа што тој прави. И вие велите за себе, тој го прави тоа затоа што има некаква корист. Ете тоа е тоа“, огорчено раскажува Паспаљ.Тој даде и свој коментат за масовното заминување на младите луѓе од Србија. Вели дека „сите треба да си заминат“. „Последица ќе биде конечното распаѓање на оваа земја. Никој нема да остане и тоа е тоа“, вели Паспаљ.

Магазин | пред 6 години

voda

Очигледно не сме сами - Научниците пронајдоа вода на планета слична на Земјата!

Астрономите пронајдоа вода во атмосферата на планетата што e двојно поголема од планетата Земја, која орбитира во рамки на населива зона на далечна ѕвезда, пренесе Би-би-си.Со осум пати поголема маса од Земјата и двојно поголема, планетата К2-18б кружи околу својата ѕвезда, а водата на оваа планета може да постои во течен облик, пренесува "Nature Astronomy".„Во потрагата по знаци на живот, оваа планета е најдобриот кандидат кој го имаме надвор од Сончевиот систем. Засега не можеме да претпоставиме дали има океани на површината, но тоа е реална можност“, изјави Џована Тринети, астрономка од Универзитетот во Лондон .После повеќе од 4 илјади откриени егзопланети до денес, ова е првата планета за која се знае дека има комбинација на карпеста површина и атмосфера со вода. Повеќето егзопланети со атмосфера се џиновски „топки гас“, а се чини дека бројните карпести планети кои досега се откриени, или немаат воопшто атмосфера, или пак доколку имаат, повеќето од нив кои се слични на Земјата се предалеку од своите ѕвезди за да имат течна вода, или се преблиску, па водата испарува.д-р Инго Валдман од УЦЛ пак вели дека К2-18б се наоѓа на 111 светлосни години од Земјата, премногу далеку за да испрати сонда. Значи, единствената опција е да почекаме следната генерација на вселенски телескопи да бидат лансирани во 2020-тите и да бараат гасови во атмосферата на планетата што може да ги произведуваат само живи организми,

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања