Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Дали Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет?

Одамна е јасно дека сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се ставени во одбрана на криминалите на режимот.Но, Христијан Мицкоски вчера отиде чекор подалеку.Со својата изјава во која рече дека “можеби имаат материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции", случајно или не, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали за нелегално следење на комуникациите.Сега станува јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

pratenici

Се степаа двајца кандидати за пратеници во Косово по дебата во ТВ-емисија

Кандидати за пратеници во Собранието на Косово, Дардан Молилај од Социјалдемократската партија и Хаки Абази од Самоопределување, физички се пресметаат по завршувањето на емисијата Пресинг на кабелската телевизија Т7 во Приштина.Главниот и одговорен уредник на таа телевизија, Леонард Керчуку, објави дека за време на емисијата двајцата кандидати размениле навреди што ескалирале во физички пресметка.Моличај беше генерален секретар на партијата до заминувањето од Самоопределување и е еден од 12 пратеници кои ја напуштија партијата и ја формира Социјалдемократската партија на Косово.Абази се приклучи на Самоопределување пред неколку недели и претходно беше директор на фондацијата Рокфелер во Косово.https://twitter.com/gazetaexpress/status/1171862025225613312?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171862025225613312&ref_url=https%3A%2F%2Fnezavisen.mk%2Fvideo-se-stepaa-dvajca-kandidati-za-pratenici-vo-kosovo-po-debata-vo-tv-emisija%2F

Свет | пред 6 години

Vangelovski-Jovo

Вангеловски има 8 дена за жалба

Доскорашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, има рок од осум дена, во кои може да поднесе жалба за разрешувањето од позицијата. Според процедурата, Вангеловски има право да поднесе жалба во рок од осум дена од приемот на решението до Советот од судии во кој членуваат девет судии. Тројца судии ќе бидат избрани од Врховниот суд, а по еден судија со ждрепка ќе биде избран од четирите апелациски подрачја во земјава, (Скопје, Битола, Штип и Гостивар) во кои припаѓаат по неколку основни суда од градовите. Бројката на врховни судии се зголемува со тоа што, уште двајца судии се избираат од судот каде што работел разрешениот судија, односно од Врховниот суд. Со тоа, за жалбата на Вангеловски ќе одлучуваат петмина врховни судии и четворица судии кои ќе бидат избрани по пат на ждрепка.Инаку завчера Советот на јавни обвинители со седум гласа „за“ го разреши Вангеловски за нестручно и несовесно работење. Барањето беше поднесено поради одлуката на Кривичниот совет составен од пет судии да го пушти од притвор бизнисменот Сеад Кочан кој тогаш беше во бегство. По одлуката на Врховниот суд, Кочан се врати во Македонија, а сега веќе е на отслужување на затворската казна за предметот „Труст“.

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ застана во одбрана на криминалот на Катица Јанева

Пратениците под контрола на Зоран Заев одбија да дискутираат за нејзино разрешување иако таа скоро цел месец е во притвор. Тоа е јасен доказ дека Јанева е под команда на Зоран Заев. Станува се поочигледна нивната поврзаност во изнудата на пари и политичките притисоци преку злоупотреба на законот и овластувањата на СЈО,се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Јасно е како бел ден дека Катица Јанева беше и остана неговата црвена линија. Заев и СДСМ се во коалиција со криминалот. Заев и СДСМ го штитат и промовираат криминалот. Заев и СДСМ сакаат да обезбедат амнестија на криминалот. Заев се плаши затоа што знае дека тој е лицето кое се крие зад целиот криминален систем.Самиот факт што на Катица Јанева и беше оставено простор да делува на слобода додека Боки 13 и Зоки Кичеец беа во притвор говори многу за намерите на власта. Катица Јанева е бела мечка за Зоран Заев и таа не можела да прави рекет во период од цела година без знаење на врвот на власта. Премногу е очигледно од каде стигнувале командите кон Јанева.Зошто се молчело и институциите не реагирале може да покаже само независна и професионална истрага.Со Зоран Заев на власт ефективна правна разрешница не е можна, затоа што тој е заштитник на криминалот и промотор на рекетот.Потребна е истрага, а не пародија во која што притворената ќе му издава наредби на тој што ја притворил. Потребно е независно обвинителство растоварено од притисоци и влијанија. Дополнително потребни се предвремени парламентарни избори за пад на оваа ненародна власт, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

70590948_662517484259415_1459251362570174464_n

(ВИДЕО) Се реконструира излезот од Кичево кон Охрид

Деновиве се врши реконструкција на излезот од Кичево кон Охрид.Градежна оператива го вади стариот асфалт кој беше оштетен и се подготвува теренот за ставање на нов асфалт.Ова е прва реконструкција на пат кој води до Кичево по скоро една деценија.

Македонија | пред 6 години

dorian-1

(ВИДЕО) На Бахамите над 2 500 исчезнати , не се знае кој се спасил од ураганот ,,Доријан”

Околу 2 500 лица се на пописот на исчезнати , откако ураганот ,,Доријан” ги опустоши Бахамите. Според властите , можно е дел од исчезнатите да нашле прибежиште на некои други острови на архипелагот.„Овој список сѐ уште не го споредивме со владините податоци за тоа кој заминал во засолништата, а кои луѓе се евакуирани. Процесуирањето на базите со податоци е во тек“, изјавил Карл Смит, шеф на националната агенција за вонредни состојби. Илјадници луѓе сѐ уште се наоѓаат во засолништата на разните острови од бахамскиот архипелаг, а во мометот според официјалните податоци во невремето од 1-ви септември има 50 загинати.Доријан ги погоди овој архипелаг пред десет дена како еден од најсилните уригани кои некогаш се забелажани, следен со ветрови со брзина од 298 нгиломтри на час.

Свет | пред 6 години

sjo

СЈО го доби писмото од Јовевски за преземање на предметите, треба да се прецизираат техничките прашања на предавањето

Специјалните обвинители го разгледуваат дописот од првиот јавен обвинител Љубомир Јовески, по кој треба да му ги предадат сите материјали и докази со кои располагаат. Имено денеска во специјалното јавно обвинителство пристигнал дописот од државниот обвинител Љубомир Јовески во кој наведува дека е подготвен да ги преземе предметите од СЈО. Најголем дел од обвинителите се на став дека треба да му ги предадат, но останува да се договорат околу техничките прашања на предавањето.Во СЈО, кое според законот има уште една година мандат,  се загрижени и поради неизвесноста околу политичките преговори за законот со кој треба да се реши нивниот статус но и поради тоа што не се избра заменик на нивната шефица Катица Јанева чиј мандат истекува во недела на 15 септември.

Македонија | пред 6 години

sela-2

Села: Во „Рекет„ има бомба и за Бујар Османи?

Претседателот на Алијанса за Албанците вели дека има сознанија дека меѓу прислушуваните материјали од случајот „Рекет„ има бомба и за вицепремиерот Бујар Османи, објави „Телма“.Токму затоа Села и не очекува овој случај да има разрешница. Правен епилог, според него, може да има само доколку се донесе јавен обвинител врз кој не може да се врши притисок или пак, не се смени власта.Лидерот на Алијансата за Албанците предлага јавен обвинител странец, за никој да не се чувствува заштитен.

Македонија | пред 6 години

FTU-1

Охрид домаќин на летна школа - „Балкански летен универзитет“, во организација на ФТУ и институтот ЦИФЕ

Охрид домаќин на летна школа – Балкански летен универзитет. Имено деновиве ФТУ Oхрид, во соработка со престижниот француски високообразовен институт ЦИФЕ (CIFE) – ја организира втората летна школа – Балкански летен универзитет на тема: „Развој на Балканскиот регион – економија, соработка, животна средина“ (Development of the Balkan region – economy, cooperation, environment). Летниот универзитет е уникатен и единствен во нашата земја затоа што студентите кои го посетуваат истиот не само што ќе бидат сертифицирани од ЦИФЕ и УКЛО туку ќе може да добијат и 4,5 ЕКТС кредити кои се меѓународно признати во сите европски универзитети.ЦИФЕ е високообразовен и истраживачки институт формираран во 1954 година со седиште во Ница, Франција и има свои филијали во Берлин, Брисел и Истанбул, а е дел и од Жан Моне програмата на ЕУ. Претседател на овој институт е Херман ван Ромпуј – Претседател на Европскиот совет, а почесен претседател е Жан Клод Јункер – Претседател на Европската комисија.Покрај многуте академски програми од сите циклуси на студии што ги нуди овој институт, ЦИФЕ организира и нуди програма на Летни универзитети. Дел од Летните универзитети е и градот Охрид кој преку ФТУ Охрид, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, а во соработка со овој престижен иститут го организира организира Балканскиот летен универзитет.Летната школа започна на 09 ти а ќе трае до 15 септември. Се одржува во просториите на ФТУ во Охрид. Предавачи на оваа школа се реномирани професори од Македонија, Австрија, Хрватска и Србија. Учесници на Балканскиот летен универзитет се студенти од повеќе земји: Македонија, Германија, Романија, Британија, Турција, Италија, Конго и др. кои студираат на познати светски универзитети од Болоња, Хамбург, Минхен, Грац, Истанбул, Хаг, Клуж, Кинсаша, Бејрут и други места.На овој настан посебна привилегија имаат студентите од ФТУ и останатите студенти од УКЛО за кои Факултет одлучи да не плаќаат котизација за слушање на предавањата и полагањата (за тие што ќе сакаат да добијат 4.5 ЕКТС кредити) на летната школа.

Македонија | пред 6 години

Foto-3-2

Претседателот Пендаровски со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и експерт за владеење на правото

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со Рајнхард Прибе, поранешен директор во Европската Комисија и предводник на групата експерти за системски прашања од областа на владеењето на правото. На средбата, Прибе го запозна претседателот Пендаровски со тековните ангажмани и планови. Поранешниот директор во ЕК ја нагласи важноста на владеењето на правото во процесот на евроинтеграциите.

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Ограбена бензиска пумпа

На 11.09.2019 во 02.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, две лица со закана од вработените одзеле пари. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Во „фолксваген шаран“пронајдени необележани дабови дрва и марихуана

Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Н.Е.(28), И.К.(28) и Д.Ј.(42), сите од с.Бучим, радовишко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „прикривање“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 15.01.2019 на бул.„Александар Македонски“ во Радовиш, полициски службеници при преглед на патничко моторно возило „фолксваген шаран“, управувано од првопријавениот, а во кое второ и третопријавениот биле сопатници,  пронашле и одзеле необележани дабови дрва и марихуана.

Македонија | пред 6 години

Grabez-pistol

Со закана ограбил обложувалница

На 10.09.2019 во 21.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во гаража на ул.„Миле Поп Јорданов“, сопственост на К.Р.М.(29) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Скопје. 

Скопје | пред 6 години

car-fire

Скопјанец пријавил дека настанал пожар во неговото патничко возило „форд мондео’’

На 10.09.2019 во 03.44 часот во СВР Скопје, А.И.(68) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Мијалковиќ’’ настанал пожар во неговото патничко возило „форд мондео’’ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

policija-1

По семејна расправија 19 годишна девојка избегала од дома

На 10.09.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, В.Т.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Г.Т.(19). Според пријавеното, причина за оддалечувањето најверојатно е семејна расправија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Скопје | пред 6 години

tepacka-1

Во училишен двор нападнато дете

На 10.09.2019 во 09.10 часот во СВР Скопје, Б.М.(45) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека околу 07.25 часот во училишен двор на ул.„Костурска’’ физички бил нападнат неговиот малолетен син од Б.Н. и В.Н. Причина за нападот било меѓусебно недоразбирање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

missing

15 годишно момче избегало од дома

На 10.09.2019 во 13.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Н.(37) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот 15 - годишен син. Тој и претходно во повеќе наврати го напуштал домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Скопје | пред 6 години

lisici

Приведен 23 годишен скопјанец, се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници

На 10.09.2019 во 02.00 часот на ул.„Македонија“ во Скопје полициски службеници го привеле  К.Л.(23) од Скопје поради тоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај две лица пронајдена марухуана

На 10.09.2019 во 16.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Сава Михајлов“, го привеле А.Д.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 10.09.2019 во 18.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Борис Трајковски“, ги лишиле од слобода Ф.Л.(35) од Куманово и Г.К.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен 23 годишен скопјанец, полицијата кај него пронашла марихуана

На 10.09.2019 во 23.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул. „Видое Смилевски Бато“, го привеле М.С.(23) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Приведена 50 годишна жана, полицијата при претрес пронашла прашкаста материја

На 10.09.2019 во Полициската станица станица Гази Баба била приведена Д.С.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во периодот од 22.30 до 23.30 часот, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на пријавената во населбата Ќерамидница, при што пронашлеи одзеле прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

velestovo-480x480

Повторно се расчистуваше патот до с.Велестово

Во изминатиов период во 3 наврати се изврши расчистување на патот кој води до с.Велестово од расфлан комунален отпад, но повторно истата слика. Расфрлан отпад од најлонски ќеси и хартија на сите свиоци каде што застануваат граѓани и туристи и покрај тоа што се поставени информативни табли за забрана на фрлање на отпад.Денес повторно се расчистува истиот патен правец. Со оваа акција покрај расчисувањето сакаме да влијаеме на несовесните групи граѓани и поединци за подигнување на еколошката свест.

Македонија | пред 6 години

Podmolje480x480

Се расчистува магистралниот пат Охрид-с.Подмоље

После успешно завршената акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Св.Наум, денес се пристапи кон расчистување на магистралниот пат Охрид-с.Подмоље. Акцијата започна во 5 часот при што се ангажирани 10 комунални работници.

Македонија | пред 6 години

drzavjanstva

ВМРО ДПМНЕ: Зошто охриѓани се препраќаат да извадат Уверение за државјанство во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид?

МВР со својата работа наместо да биде во заштита на граѓаните со сите последни случувања само им создава проблеми и маки.  Зошто граѓаните на Охрид се препраќаат да извадат Уверение за државјанство на Република Македонија во други градови кога според живеалиштето тоа треба да го направат во СВР Охрид?Граѓаните се изложени на дополнителен трошок да одат во Струга или Ресен наместо тоа да го направат на шалтерите во СВР Охрид. Зошто МВР им ја ускратува јавната услуга на граѓаните кога таа е регулирана со Закон за државјанството на Република Македонија?МВР ветуваше двосменско работење токму со цел  да се излезе во пресрет на граѓаните но гледаме дека тоа воопшто не функционира. ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид апелира да не им се ускратуваат правата на граѓаните и како што можат да извршат фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање во Охрид така и непречено граѓаните да може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Координаторите на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, се договорија Јанева да биде разрешена на посебна седница

Одговори на новинарски прашања, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ:1.      Зошто го спречивте разрешувањето на Катица Јанева на оваа седница?·         Напротив, знаеме дека тоа беше укажување и од страна на Претседателот на Собранието, Талат Џафери, дека ова утро, на координацијата кај Претседателот, сите координатори на пратеничките групи, на четирите поголеми партии, е договорено, точката за разрешувањето на Катица Јанева да биде на посебна седница. На тоа се согласи и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас, не гледам ништо друго, освен очаен обид од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, да ја дефокусира јавноста од сето она што се случуваше на вчерашната лидерска средба. Како што кажав и во изјавата, тоа е последен обид на Христијан Мицкоски да ги амнестира криминалите на неговиот вистински шеф, како и криминалите на дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Откако не му успеа тоа, ова е јалов обид за дефокус на јавноста.2.      Можете ли јавно да гарантитрате дека ќе се одржи таква седница пред 15ти септември?·         Јас не сум претседател на собранието. Околу одржувањето на седниците и текот на седниците во рамки на Собранието на Република Северна Македонија, ве упатувам да се обратите кај Претседателот, Талат Џафери.3.      Кои се ваши следни потези во однос на Законот за ЈО, дали ќе продолжи процедурата за Законот за ЈО?·         До сега вложувавме и треба да вложуваме максимални напори, во однос на постигнување на консензус околу Законот за Јавно Обвинителство и околу други закони кои што се важни за сите граѓани и ги тангираат сите граѓани, без оглед на нивнота партиска, етничка и било каква друга определба. Јас, верувам дека, ќе дојде ред законот да дојде во собраниска процедура и очекувам дека сите пратеници, без исклучок ќе гласаат во име на правдата и во име на правната држава.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања