Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Костадинов:Мицкоски е подготвен да ја загрози иднината во ЕУ и НАТО, само за да го спаси неговиот ментор Груевски

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски уште еднаш покажаа дека нивна единствена цел е да го спасат криминалот на режимот на Никола Груевски.На сите веќе ни е јасно – Мицкоски не го интересира владењеето на правото и нашата интеграција во ЕУ и Нато. Тој има само една јасна задача- да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на единаесетгодишниот диктаторски режим, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Мицковски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите сограѓани,  само за да го спаси неговиот ментор Никола Груевски.Фокусот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се сведува само на едно: запирање и уништување на предметите на СЈО во кои главни обвинети и осмничени се функционери од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.Малку им беше што од 2006-2016 дрско ја партизираа државата и судството, манипулираа со граѓаните со закани и уцени, сега сакаат и нивен партиски обвинител чија главна улога ќе биде да го амнестира деценискиот криминал и расипништво.Тој има само една јасна задача, да ги штити Груевски, Мијалков и тајкуните на 11 годишниот диктаторски режим.Мицкоски е подготвен да ги загрози преговорите со ЕУ, да ја жртвува иднината во НАТО и иднината на своите граѓани, само за да го спаси неговиот ментор, побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски.Но, да бидеме искрени и да бидеме реални, дури и барањето за предвремени избори е обична фарса со која Мицкоски сака да сокрие дека членството на ВМРО-ДПМНЕ се жртвува за да се избришат обвиненијата за „Талир” „Тврдина“ „Таргет“ „Империја“ „Империја 2“.Ние граѓаните не смееме да дозволиме нашата сигурна иднина да биде во заложништво на азилантот кој од Будимпешта му дава инструкции на едократниот Мицкоски.Со вчерашното преземање на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство.Сите предмети, сите истраги и предистраги продолжуваат во целосна независна надлежност на државното јавно обвинителство.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата, за попречување на реформите и за загрозување на европскиот пат на нашата земја.Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската унија.Мицкоски, ние никогаш нема да отстапиме од заложбите за воспоставување правна држава.Тоа Мицкоски, треба да му го пренесе и на неговиот ментор, Никола Груевски!Почитувани граѓани,Ве уверувам, ве уверуваме дека во Република Северна Македонија ќе има правда, секој кој што се огрешил пред законите, ќе одговара, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

pratenici-1

ВМРО-ДПМНЕ побара разрешување на Катица Јанева на денешната седница, власта одби да гласа за разрешување на Јанева

Мнозинството на СДСМ со 58 гласа одби разрешувањето на специјалната обвинителка да се најде на дневен ред на денешната седница и со тоа се стави во заштита на нејзиниот криминал, обвини опозицијата. Во СДСМ велат дека не дозволиле Јанева денеска да биде разрешена бидејќи постоел договор со ВМРО-ДПМНЕ оваа одлука да биде донесена на посебна седница. Образложението на опозицијата е дека поминала една недела од заклучокот на Комисијата за избори и именувања каде едногласно беше прифатено барањето на Советот на јавни обвинители да ја разреши Јанева поради непрофесионално, незаконско и неодговорно работење. Од парламентарното мнозинство соопштија дека тие се за разрешување на Јанева и за усвојување на Законот за јавно обвинителство, но треба да се чека исходот од евентуален договор меѓу партиските лидери.– Ова покажува дека нашите сомневања за координација и синхронизација помеѓу Катица Јанева, Владата на Зоран Заев, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески се дел од планот за спас на Катица Јанева и високи функционери од државниот врв. Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ денеска наместо на страната на правдата застана во одбрана на криминалот и рекетот. Дали заштитата на Катица Јанева од страна на СДСМ и Зоран Заев е индиректно заштита на високи функционери на власта кои што учествувале во оваа најголема досега криминална афера со оглед на тоа дека Катица Јанева има информации кои што ќе ја докаже вмешаноста на државниот врв во аферата „Рекет“ – истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.Од ВМРО-ДПМНЕ пак  демантираат дека имало било каков договор со СДСМ. Од партијата побараа Џафери денеска да закаже итна седница на која разрешувањето на Јанева би била единствената точка на дневниот ред.Дали и кога Џафери ќе закаже седница за разрешување на Јанева останува да видиме?

Македонија | пред 6 години

mickoski-2

Мицкоски: Во еден момент Заев рече. а па вие ќе не потрупате со обвиненија ако ова го прифатиме - Човек што е сигурен во својата чесност, таква изјава да даде

Претседателот на ВМРО ДМНЕ одговараше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите во целост:Прашање: Дали финално веќе се завршени преговорите за законот за јавно обвинителство?            Одговор: Не, на крајот од состанокот практично ние ја исцрпевме првата точка од дневниот ред. Првата точка беше разговори околу законот за јавно обвинителство. На дневен ред беа уште неколку точки, меѓу кои и точката за предвремени избори. Во текот на вчерашниот ден практично ги констатиравме позициите, понудите од двете страни, за жал не успеавме да најдеме решение и состанокот го завршивме, дека доколку постои опција за понатамошни средби и двете страни стојат на располагање.            Прашање: Има ли опција за понатамошни средби? Оставате отворена врата исто како и премиерот дека би можеле повторно да се сретнете.            Одговор: Видете, јас ви ја говорам вистината и само вистината. Ме прашавте како заврши состанокот , колепката ваша се извинувам, и тоа е вистината дека на крајот од состанокот споменавме едната и другата страна дека оставаме простор во иднина да продолжат преговорите по оваа но и по другите теми како што е и впрочем предвремени парламентарни избори.            Прашање: Овде имам еден допис до ЈО, од обвинети од СЈО, бараат изземање на Катица Јанева и враќање на списите. ЈО во овој допис е прогласена за ненадлежна за преземање на предмети водени од СЈО, како иницијатираше г. Заев и можеби Јовевски, и како сега одеднаш да ги преземаат?            Одговор: Во оваа правна паника и какофонија што се случува изминатиот период се изнаслушавме се и сешто. Секој ден некој некого демантира со некаква изјава. Ова вие што го споменувате и јас сум го слушнал дека постои. И дека адвокатите на луѓето кои што се дел од предметите на СЈО се обратиле до ЈО за мислење за изземање на Катица Јанева од овие случаи.  И одговорот е дека Катица Јанева не е дел од хиеархијата на ЈО и дека тие не се надлежни да даваат такво мислење и ниту пак да преземаат било какви процесни дејства. Од друга страна Јовевски го гледаме дека издаде соопштение пред некој ден во кое што вели дека и се повикува на уставното начело, за едно обвинителство и субординација во рамките на тоа обвинителство. Нешто за што јас зборував во најмалку две прес конференции. Со тоа директно потврдува дека СЈО практично не е уставно обвинителство. За да во текот на вчерашниот ден го видиме претседателот на Советот на судии кој што вели дека се доведува под знак прашање начелното правно мислење на Врховниот суд на Република Македонија. Па ние ако вака си играме пиши – бриши со правото и правдината ќе ни се случува ова денеска што ни се случува, а тоа е погром во Македонија и празнина во Македонија затоа што луѓето се разочарани несигурни и не веруваат во правниот систем. Се додека имаме чипирани луѓе кои што по налог пишуваат документи, се себе демантираат или демантираат други ние ќе го имаме ова што денеска ни се случува, лажно ќе поставуваме дати ќе се сликаме лажно по авиони и ќе се обидеме на краток рок да добиеме некој политички пеон. Нашиот пристап е безусловно почитување на законите, безусловно почитување на Уставот и правда и правдина без исклучок за секого.            Прашање: Каде треба да завршат предметите од СЈО според вас? Го слушавме премиерот Заев кој што рече дека вие вчера на некој начин сте побарале амнестија за сите тие случаи. Дали во ова ново обвинителство треба да влезат и дел од предметите на СЈО?            Одговор: Еве дозволете категорични да кажам. Не, не е точно , тоа е дел од тие лаги и се обидов во оваа прес конференција да го образложам ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Нас не ни треба закон за предметите за продолжат. И постоечкиот закон откако Јовевски ќе ги преземе предметите тој може да ги прераспредели на истите обвинители и тие да си продолжат. И ние тука  ниту можеме нити имаме право да бараме стопирање на истите. Затоа што тогаш би зборувале спротивно на законот. Ние бараме правда подеднаква за сите, односно целокупниот криминал кој што имаме индиции дека го направила оваа власт веќе трета година по ред да биде издржан. Негов беше предлогот, не наш, предлогот на Зоран Заев, ајде да формираме јавно обвинителство кое што ќе има надлежност преку овие 10 помошници на Катица Јанева за предметите на СЈО, ние велиме во ред,  гои прифаќаме тоа, но исто време и да гони предмети кои што се од коруптивни од именувани и избрани лица. И ние кога викаме добро ајде да видиме сега случајот Поткуп, случајот Глобал, Рекет,  а не тоа не важи, отсега па натаму.. Правото такво нешто не познава од сега па натаму.  Кога носите закон тој закон се однесува за сите кои што сториле криминал, а се избрани или именувани лица. Дали се тие Зоран Заев, Христијан Мицкоски, тоа го направиле 2008, 2010, 2015, тие мора да бидат опфатени. Не може со закон ние да кажете отсега па натаму тоа ќе важи, тоа што било претходно кај Русковска ќе оди. Не може или честито прифаќаме  ново обвинителство кое што ќе истражи се или да предметите од СЈО, ама и „Рекет 1“, „Рекет 2“, новите рекети кои што ќе дојдат затоа што имаме  многу луѓе кои што доаѓаат овдеека да пријават притисоци закани уцени за поткуп кои што немаат доверба во Јовевски и Русковска, затоа што знаат дека топа ќе заврши како во бубар, и чекаат еден ваков орган кај што објективно ќе се покрене истрага па ќе имаме „Рекет 2“, „Рекет 3“, „Рекет 5“ и така натаму. Тоа беше позицијата на Зоран Заев, ново обвинителство кое што ќе истражува од денеска па натаму, а се друго не важи.            Прашање: Да се формира едно обвинителство кое што ќе го води обвинител на предлог на опозицијата да ги истражува предметите на СЈО, бидејќи предметите на СЈО се функционери на опозицијата?            Одговор: Јас не го предложив тоа, јас ви кажувам што предложи Зоран Заев. Зоран Заев тоа го предложи и вие ме прашувате дали е тоа проблематично. Претпоставувам тој ќе треба да ви одговори. Денеска и да немаме закон теоретски да не се донесе закон, јавниот обвинител Јовевски тоа што го зборувавме ние цело време ќе ги преземе предметите од СЈО и обвинителите кои што ќе се вратат во матичните обвинителства може да им ги прераспредели тие обвинителства. Никој не го спречува во тоа, ниту јас, ниту Зоран Заев, ниту опозиција ниту власт. Тоа е негово законско право и ние тоа го зборувавме, тоа е принципот уставен на едно обвинителство и принципот на субординација. Никој не го спречува тоа. Зоран Заев го предложи ова ново обвинителство, не јас. И вие ме прашувате дали е тоа проблематично.            Прашање: Дали побаравте Вие новото обвинителство чиј обвинител би дошол на ваш предлог да ги преземе сите предмети затоа што господинот Заев тоа го нагласи дека тоа е ваше главно барање, дали сакате да ги ставите под своја контрола. Сега има две вистини, една е Вашата и другата е на Заев. Дали мислите дека ќе ви поверуваат ако во вашиот тим имате човек кој е обвинет од СЈО?            Одговор: Па, од спротивната страна имаме човек кој е аболициран и обвинет за корупција како градоначалник. Ние треба да преговараме со него? Тој е премиер на оваа држава. Епа ако така тргнеме, ако правиме таква аналогија требаше да станам и да му речам ти си кримос и да си напуштам средбата. Ако ме прашувате тоа е одговорот на вашето прашање. А да се вратам на вашето прво прашање, еве ќе ви одговорам и на тоа ваше прашање. Јас не го предложив тоа обвинителство, Зоран Заев го предложи. И Зоран Заев предложи овие десет обвинители кои што се помошници на Катица Јанева, кои што не знаеме но, има индиции дека исто така со рачињата биле во медот, да бидат дел од ова ново обвинителство. Јас не го предложив тоа. Тој го предложи тоа. И немаме проблем тоа да биде така.            Прашање: Дали Вие баравте предметите на СЈО да ги преземе тоа ново обвинителство?            Одговор: Ние не баравме, Зоран Заев тоа го предложи и ние го прифативме. Не го баравме ние тоа. Заев предложи формирање на обвинителство за висока корупција кое што ќе биде на исто ниво како обвинителството за висок криминал и висока корупција, а обвинителот да го предложи најголемата опозициона партија. И овие десетмина помошници на Катица Јанева да бидат заедно со случаевите од СЈО инкорпорирани во рамките на тоа обвинителство, без притоа да се почитува законот за обвинители кој што треба практично советот за обвинители да предложи кои обвинители би требало да работат таму. И ние рековме во ред, твој е предлогот вреди да се разговара и го прифаќаме. Ајде сега да ја видиме методологијата. Негов беше предлогот, а не наш. Ние имавме предлог договор начелен кој што веќе беше на 30ти август договорен, кој што тогаш го прифатија од преговарачката екипа на СДСМ, а другиот ден веќе во саботата и понеделникот измислувајќи некакви небулози од минатото го растурија практично преговарачкиот процес.            Прашање: Случајот Рашковски или после него има уште десетици такви случаеви. Никој нема случај до сега отворено ЈО каде што има сериозна истрага притвори или слично. Сега ќе се спасат сите они после ова?            Одговор: Тоа е барањето на Заев. Амнестија за сите. Тоа е барањето за амнестија. Тоа е барањето на Зоран Заев. Тоа беше барањето што вчера доведе до таа фаза ние да немаме договор. Ако Зоран Заев го прифатеше новото обвинителство кое што практично ќе го раководи предлог на најголемата опозициска партија, се позанимава со корупцијата на сите именувани изборни лица без разлика од која партија доаѓаат, без разлика на времето кога го сториле тој криминал, ние денеска ќе имавме договор. Зоран Заев рече не, од денеска па натаму ќе важи. Е тоа не може.            Прашање: Околу истрагите, дали сте согласни истрагите и предистрагите на СЈО да преминат во рацете на Јовевски?Одговор: Еве и на тоа ќе ви дадам одговор веднаш и да немаме договор и да нема нов закон, што ги спречува денеска помошниците на притвореничката да ги достават тие материјали до Јовевски. По кој закон се они спречени, можат веднаш да ги достават и тоа веќе еднашка се има случено за предметот Шпански скали каде што СЈО констатирало дека нема случај, а Вилма Русковска стави во притвор бидејќи доби чипирана нарачка, 11 лица во приотвор 90 дена меѓу кои и член на ИК на партијата и член на ЦК на партијата. Што ги спречува сега да ги однесат?            Прашање: Не не ги спречува ништо, дали вие сте согласни со тоа?Одговор: Видете ние сега не сме психијатри па дали сме согласни или не сме согласни, се знае тоа како е.            Прашање: Дали сте согласни сите истраги после 30 јуни 2017-тата година да прекинат сите постапки кои се однесуваат на СЈО?            Одговор: Видете ниту тогаш ниту сега ние не зборувавме за прекинување на постапките. Туку ние зборувавме за нелегален тужител кој што ја злоупотребил својата положба и отпочнал постапки. Тој направил некакви дејствија. Кој го спречува тие дејствија да ги предаде до надлежен обвинител и надлежен обвинител да констатира дали има индиции за сторен криминал? И постојниот закон не ги спречува. Кој ги спречува? Зошто е потребно ние да кажеме да се согласуваме? Почитуваме закон или не почитуваме. Ние не бараме селективна правда.            Прашање: Во преговорите треба да се согласите за да има договор.             Одговор: Ама ние се согласуваме да се почитува законот еве ние се согласуваме да се почитува законот и тоа беше начело.            Прашање: Добро господине Мицкоски зошто мислите дека едно вакво решение кое ќе биде пандан на СЈО може да донесе нешто добро, односно да ја врати правната држава? Видовме СЈО го договоривте пак вие 4 партии и на крај што излезе.            Одговор: Напротив јас не мислам дека тоа може да биде договор кој што ќе донесе право и правдина во државата. Напротив јас не мислам, јас тоа го кажав и на самиот почеток на оваа прес конференција, тоа го кажав и вчера за време на преговорите, безусловно почитување на правото, само така може граѓаните во Македонија да ја вратат вербата во правната држава. Се додека ние имаме чипирани обвинители, судии кои што по нарачка прават дејства, до тогаш ние нема да имаме правда. Ниту правна држава, ниту граѓаните ќе имаат доверба во правната држава.            Прашање: Господнине Мицкоски имајќи ги во предвид  актуелните позиции вашите и на власта за законот можен ли е договор на 15 септември и што доколку законот не се донесе во предвидениот рок.            Одговор: Договор е можен во секој момент доколку постои волја од страна на Зоран Заев да не го заштитува криминалот кој што го прават трета година по ред кога ќе сфатат дека не треба да го заштитуваат криминалот кога ќе треба да се позанимава обвинителот по овие искази кои што луѓето ги даваат по овие вештачења кои што имаат пределени докази во постапката ние ќе имаме договор. Дали ќе имаме до 15 не знам тоа не зависи од нас или ќе имаме договор базиран на право закон и принцип или договор ќе нема.            Прашање: Господнине Мицкоски дали е точно дека притисокот Русковска по секоја цена да биде шефица на новото  обвинителство од страна на Зоран Заев не ме викнаа да го прашам еве вас ви го поставувам прашањето. Дали е точно дека снимките кои што се доставени има снимени разговори од Зоран Заев чија содржина е сериозна? Дали од тоа се плаши па заради тоа притиска Русковска да биде на чело.            Одговор: Ќе се обидам да одговорам на вашето прашање со мој личен впечаток од вчерашната средба. Во еден момент Зоран Заев рече а па вие ќе не потрупате со обвиненија ако ова го прифатиме. Човек што е сигурен во својата чесност, честитост законито работење нема таква изјава да даде.            Прашање: Вчера премиерот Зоран Заев рече дека  за вас не било прифатливо бомбите да бидат докази во  предметите. Дали прифаќате или не?            Одговор: Не напротив предлогот од Владата е бомбите да не бидат докази туку да бидат индиции и тоа замислете за периодот од 2008 до 2015 но мислам дека тоа е интер - владин договор на коалиционите партнери во владата. Ние вака рековме, зошто да ставаме 2008-2015 еве нека бидат сите нелегално стекнати материјали без разлика кога се стекнати индиција за сторен криминал. Можеби ние имаме материјали од сега нелегално снимени кои што упатуваат кон сторен криминал. Зошто да биде 2008 и 2015 зошто да биде да го ограничуваме идниот обвинител. Нека биде и 2016, 2019 па и 2025 нека биде тоа права линија зашто да биде полуотсечка или отсечка. Они сакаат да биде отсечка од 2008 до 2015, ние велиме еве од 2008 па натаму права линија нека нема крај и почеток. Права линија. Секој материјал нелегално стекнат кој што упатува кон криминал да биде истражен од обвинител. И не само за политичари.              

Македонија | пред 6 години

mickoski-2

Мицкоски: Главната борба на Заев беше за спас од одговорност за криминалите на власта

Прес конференција на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во продолжение изјавата на Мицкоски во целост:Најпрвин ќе ми дозволите од мое име и од името на ВМРО-ДПМНЕ, и луѓето кои што беа вчера со мене да се извиниме, бидејќи вчера до долго во ноќта ве оставивме да чекате за било каква информација која што за жал ради нашата можеби вина не стигнала тој момент до вас. И вашата реакција сосема оправдана што одлучивте така да ја напуштите лидерската средба. И ве молам уште еднашка примете го моето но и извинувањето од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа таквото однесување. И ќе се трудиме во иднина тоа да не го повториме.Сосема свесно почекав СДСМ и нивните мегафони да изнесат еден куп лаги, невистини, и манипулативни брифинзи за лидерската средба вчера. Сите тие информации би ги оценил како лаги од епски размери. Измислици кои имаат за цел дефокусирање на вниманието од вистинските причини за непостигнување на договор.Овие невистини можев да ги претпоставам и пред почетокот на средбата, со други зборови не треба човек да биде генијалец или научник за да сфати како размислуваат површни и исплашени луѓе, како овие што беа вчера пред мене. Луѓе кои не сакаат владеење на правото, кои не сакаат правда и бегаат од соочување со законите. Затоа што нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство кое вчера беше предмет на разговори.А, сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупција и криминал. Но тоа да го оставиме на страна. Ние сме сериозни и темелни, и сакаме да ја информираме јавноста за вистинското однесување во текот на вчерашниот ден.Но истовремено и да се обидеме на оваа прес конференција да ја пренесеме целата ситуација која што се случуваше вчера.Вистина е дека вчера главната борба на Зоран Заев беше да се заштити Зоран Заев, фамилијата и луѓето од власта од одговорност за криминалите со која тој и неговите луѓе управуваат.До доцна во ноќта пред нас имавме слика на еден очајник потопен во криминал во кој се препотуваше, грчеше, црвенееше. И во исто време и кога веднаш потоа беше блед како крпа само да дозадржи било каква контрола над обвинителството.Да може тој да контролира и да управува, да наредува, затвора и заташкува случаи. Едноставно таа контрола му треба за да не одговара за „Рекет“, но богами и за „Рекет 2“, „Рекет 3“,„Рекет 4“ но и сите останати случаи каде што има индиции за сторен криминал, тендерите на Рашкоски и останатото.Водеше битка за бегање од одговорност своја, на својата фамилија и соработници. Да не се стигне ниту до Кирацовски, ниту до Ременски, и сите останати опфатени со сомнежи за силна криминализираност. Ете затоа нема договор. Затоа Зоран Заев сака озаконување на криминалот во сопствените редови.Планот на Зоран Заев е да не се постигне договор. Дојде за да овие преговори немаат успех. Зошто човекот има план, видовме дека Б не им успеа, план Ц кој гледаме дека го туркаат по секоја цена, односно предметите од СЈО да ги пренесат во ЈО. Вака Зоран Заев си купи можеби уште некој месец мир, но сега или потоа одговорност ќе има. Соочување со правдата е неизбежен процес.Кој мора да се разбере дека ќе дојде. Неминовно, неизбежно како што вчера вечер дојде ноќта, ноќта помина и дојде утрото. Толку е извесно дека соочувањесо правдата ќе има.Која е вистинската вистина и како се одвиваа преговорите во текот на вчерашниот ден разговорите. Јас тие би ги поделил во три дела. Имено првиот дел беше реферирање од страна на работните групи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за досегашниот тек на разговорите поврзани со законот за јавното обвинителство со акцент на начелниот договор од 30 август. Веднаш после првата пауза Зоран Заев даде предлог кој што јас ќе се обидам да го пренесам овдека на оваа прес конференција.Предлогот содржеше неколку точки и тоа како прво формирање на јавно обвинителство за висока корупција. Како второ ова обвинителство ќе биде на исти ниво со обвинителството на Русковска за организиран криминал и корупција, а обвинителот кој што треба да го предводи ова обвинителство треба да биде на предлог на најголемата опозициона партија во случајот ВМРО- ДПМНЕ. Како 3 покрај надлежностите кои што ќе ги има откако ќе ги преземе десетте помошници на Катица Јанева во сопствените редови ќе бидепридодадена и надлежноста за гонење на криминал на лица копи што се избрани или именувани. Како 4 заштитна клаузула која што вели дека во одреден временски период доколку власта не го прифати предлогот на опозицијата за лице кое што ќе го предводи ова обвинителство тогаш советот за јавни обвини тели да избере обвинител од редот на овие десеттемина кои што би прешле од СЈО во новото обвинителство за гонење на висока корупција.Практично власта ќе биде мотивирана никогаш да не го прифати предлогот на опозицијата и со политички притисоци и влијанија, сведоци бевме на еден претставник на нивниот коалиционен партнер како сведочеше на прес конференција притисоците кои што ги добивал од премиерот за смена на врховниот судија ќе што вчера се случи на претседателот на Врховниот суд, исти такви слични и притисоци би се случувале во Советот за јавни обвинители копи што потоа би избрале обвинител кој што ќе го води ова обвинителство од редотна десеттемина кои што ќе предат од СЈО.Практично понудата на Заев беше ново СЈО водено од страна на еден од десеттемина помошници на Катица Јанева како офанзивна алатка, обвинителство кое што ќе го води Русковска како дефанзивна алатка и сето тоа управувано и раководено до Јовевски.Кој беше нашиот предлог. Нашиот предлог беше, во ред се согласуваме да постои јавно обвинителство за гонење на висока корупција, во ред се согласуваме да опозицијата предложи обвинител кој што ќе води тоа обвинителство, во ред се согласуваме надлежностите кои што ги кажавте,. А кои што се однесуваат на гонење на криминал на лица кои што се избрани и именувани, но доколку сакаме договор ние мораме да ги почитуваме законите а законот., специјалниот закон за специјалното јавно обвинителство е јасен. По престанок на мандатот на специјалната јавна обвинителка, престанува и мандатот на нејзините помошници и тие се враќаат во матичните обвинителстваод каде што дошле.Ниту во еден момент јавниот обвинител Јовевски и според постојниот закон откако ќе ги преземе предметите од СЈО не го спречува истите да ги прераспредели на истите обвинители кои што ќе се вратат во матичните обвинителства. Пример доколку обвинителот којшто е дел од СЈО доаѓа од обвинителството во Куманово и води предмети кој што е во судска процедура и е дел од предметите на СЈО, доколку Јовевски го преземе тој предмет со ништо не е спречен тој предмет да го прераспредели на истиот обвинител. Да бидампопрецизен не постои месна надлежност или ненадлежност кај обвинителите.Истото тоа може да се пренесе и кај обвинителката од Кичево, истото тоа може да се пренесе и кај останатите обвинители и за ова доколку Јовевски на законски начин ги преземе предметите не му пречи ниту постојниот закон и не му е потребен новиот закон.Може да го искористи и постојниот закон. Тоа е принципот на ВМРО- ДПМНЕ, почитување на законот и однесување согласно законите. Понатаму сите истражители кои што се дел од СЈО да се вратат каде што дошле, во МВР, во УЈП, во банки итн. Сите оние лица, а тие се 9-мина на број кои што имаат засновано работен однос на неопределено согласно законот за работни односи ќе бидат прераспределени на истите места во државата администрација, бидејќи законот ги штити. Сите оние кои што потпишале и засновале работен однос наопределено време, односно времето додека не згасне СЈО остануваат без договор и остануваат практично без работа бидејќи тие свесно потпишале договор со кој што прифатиле да работата во тоа обвинителство, додека тоа обвинителство постои.Кога тоа обвинителство ќе престане да постои тие обвинители исто како и сите граѓани на во Република Македонија ќе имаат можност доколку новото обвинителство има потреба од таков кадар да го конкурираат и согласно процедурите да бидат примени.Ние ова го прифативме и рековме во ред прифаќаме такво обвинителство, прифаќаме прераспределување на случаите на истите обвинители во нивните матични обвинителства, но мора да продолжиме да работиме по закон и тимот на новиот обвинител да го определи советот на јавни обвинители, а не Мицкоски или Заев со закон, таков е законот.Да изготвиме систематизација, да ја буџетираме таа систематизација и да создадеме ресурси за да може ова обвинителство навистина да работи и да гони висока корупција. Од страна на Зоран Заев бев прекинат или корегиран дека тие не можат ова ново формирано обвинителство, овој обвинител нов на предлог на опозицијата не може да се занимава со случаи пред да биде формиран. На моето прашање Катица Јанева е избрано лице, кој ќе ја има надлежноста во предметот рекет, а не таа вика си останува кај постојната обвинителка. Па чуму тогаш договараме надлежности за гонење на корупција на избрани и именувани лица.Но јас го знам поривот мотивот и причината зошто е тоа така, затоа што постои основано сомневање за „Рекет 2“, „Рекет 3“, за „Рекет 4“, за „Рекет 5“, но и за други кривични дела кои што оваа власт веќе трета година ги прави и затоа им е потребна Русковска, за да направи амнестија и да го заштити Заев и СДСМ од одговорност за сторениот криминал. На кратко ова беше сценариото на вчерашната средба.Зоран Заев го одби нашиот предлог да новиот обвинител во новото обвинителство се занимава со избрани и именувани лица, без разлика кога тој криминал е сторен. И без разлика дали се однесува за сторен криминал на лица кои што се избрани или именувани од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса, Беса или било кој друг кој што бил избран на еден ваков или таков начин.Сведоци бевме на една панична прес конференција денеска полна со небулози, лажни клевети и невистини.Дури Зоран Заев, човекот кој што е заштитник и промотор на криминалот во овие три години се дрзна да мене ме обвини дека истрагата за „Рекет“ според него водела до мене. Јас не сум како Зоран Заев, јас верувам во чесноста и честитоста на луѓето. И нема да го тужам, и нема да се заканувам со тужби, поради ова невистина. Но ќе го предупредам дека свиркач во ВМРО-ДПМНЕ ни донесоа исказите кои што се дадени кај обвинителката која што го води предметот „Рекет“. Но истовремено и наредбите за вештачење и резултатите одвештачењето во ВМРО-ДПМНЕ. Тука моето име го нема. Но има имиња на луѓе од власта.Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните. И нема да правиме во воерски шоуа презентирајќи документи. Се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста.

Македонија | пред 6 години

kss

КСС предупредува на дискриминација и неуставност

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, најголемата синдикална федерација во јавниот сектор, изразува незадоволство и жестоко реагира на владиниот Предлог-Закон за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на  плата.Своето незадоволство и реакција КСС го темели врз непобитни факти, а тоа се дека подолг временски период нашата организација, заедно со гранските синдикати во неа, организираа низа јавни настани, како што се: прес-конференции, јавно обраќање до Владата и Економско-социјалниот совет, обраќање до ресорните министерства и  министри, низ повеќе јавни протести како и последниот настан, а тоа е предупредувачкиот штрајк на просветните работници  во организација на СОНК, каде баравме усогласување на платите во јавниот сектор согласно покачувањето на минималната плата, а тоа е 25%.Ние не го измисливме процентот  за кој бараме покачување на платите, напротив тоа е законска должност на работодавачот, во овој случај нашата Влада која упорно ги крши одредбите од  Законот за минимална плата кој вели дека треба во рок од шест месеци да се усогласат платите.КСС не може да го прифати фактот дека буџетските средства кои се строго наменски за функционирање на државните институции и финансирање на капитални државни проекти  ќе се користат за да се стимулира приватниот сектор. Особено за нас е неприфатливо и несфатливо, со ребалансот на Буџетот, огромна сума на средства од Министерството за образование и наука да се префрлат во други ресори, а само пред неколку денови просветните работници штрајкуваа за зголемување на платите.Апсурдна е ситуацијата каде пари во МОНима очигледно и вишок, но за зголемување на платите пари нема. Вработените  во јавниот сектор се чувствуваат измамени и дискриминирани. Со средства од наши џебови се финансира приватен сектор исклучувајќи ја можноста  законот да важи за сите, односно и за работниците во јавниот сектор. Се става  под знак прашање и уставноста на овој закон. Чиста дискриминација!КСС  со оваа реакција бара од сите институции пред се најодговорните, Владата и пратениците во Собранието, да не дозволат да се спроведе овој, според нас, неуставен и пред се дискриминирачки закон и бара соодветно третирање на вработените во јавниот сектор и усогласување на платите согласно процентот за кој е покачена минималната плата. Впрочем, тоа  е законска обврска, нели?!Во спротивно предупредуваме дека набрзо ќе излеземе со соодветен одговор, спроведувајќи радикален работнички отпор, затоа што трпението на вработените во јавниот сектор е при крај.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

Поднесено обвинение за разбојништво во Скопје, се обидел да влезе во сендвичарницата, откако не успеал па испукал еден проектил

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 36 години, за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот на 17 јули се приближил до сендвичарница на кејот на Вардар во центарот на Скопје, извадил пиштол, го репетирал и со него им се заканил на две оштетени, барајќи да му ги дадат парите од дневниот промет. Едната оштетена избегала, успеала да влезе во сендвичарницата и да се заклучи од внатре. Обвинетиот ја фатил за рака другата оштетена која останала надвор, и го вперил пиштолот во главата, ја турнал и и се заканувал дека ќе ја убие доколку не му даде пари. Потоа почнал да ја претресува по џебовите, од каде нашол и одзел само 10 денари. Се обидел да влезе во сендвичарницата, но не успеал да ја отвори вратата, па испукал еден проектил од пиштолот во земја и се дал во бегство во правец кон Бит Пазар. Спроти трговскиот центар „Мавровка“ тој бил совладан и лишен од слобода од страна на полициски службеници.Кај обвинетото лице бил пронајден пиштолот GAP со калибар од 9мм, со кој им се заканувал на оштетените дека непосредно ќе нападне врз нивниот живот или тело.Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи, односно дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство или ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија во Брисел

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев денеска имаше обраќање пред генералното собрание на Европската народна партија, во рамки на неколкудневната официјална посета на Брисел која што ја реализираат заедно заедно со потпретседателот, Александар Николоски, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Владимир Ѓорчев во своето обраќање политичките колеги од ЕПП ги запозна со катастрофалните состојби во Македонија.Владимир Ѓорчев го истакна влошувањето на економската состојба во Македонија откако Заев е на власт. „Владината корупција стана секојдневие во државата, се повеќе се гушат медиумските слободи, а пак политичкиот прогон е факт. Егзодусот од ден во ден се повеќе се зголемува, со еден збор земјата секојдневно назадува.“, рече Ѓорчев.Ѓорчев информираше и за растот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и на анкетите. „ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ и тоа ќе значи победа на следните парламентарни избори“, истакна Ѓорчев.Ѓорчев нагласи дека следната македонска влада ќе ја состават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Тогаш таа влада интензивно ќе работи на европската агенда и ќе соработува со Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лејен од редовите на ЕПП, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Мицкоски направи пресврт, објави дека ги има записниците од „Рекет“: Тука го нема моето име, но има имиња од власта!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес одржа прес-конференција на која говореше за синоќешната лидерска средба и за причините поради кои не е постигнат договор.На обвинувањата од Заев во врска со случајот „Рекет“, Мицкоски направи тотален пресврт, објави курир.мк.Имено, премиерот денес истакна: Јас лично мислам дека предметот „Рекет” води кај Мицкоски, но тоа е мое лично мислење, истрагата ќе покаже се“.Мицкоски на ова одговара:„Нема да го тужам и нема да се заканувам со тужби поради оваа невистина. Но, ќе го предупредам дека свиркачи во ВМРО-ДПМНЕ ги донесоа исказите кои се дадени кај обвинителката која што го води предметот Рекет. Но, истовремено и нардебите за вештачење, како и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта“.Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ внимателно ќе го набљудува развојот на настаните.-Нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи се додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да го заштити јавниот интерес, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објави сите овие документи на увид на јавноста, порача Мицкоски.извор: Курир.мк 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Шокантно, Заев синоќа ја нафрлил и темата за слобода на уставобранителите, Мицкоски одбил

Синоќа на крајот на средбата меѓу Заев и Мицкоски имало неочекуван пресврт кога Заев револтирано прокоментирал дека ќе ја отворел ако треба и темата за слобода на уставобранителите само Мицкоски да го прифати законот за обвинителството со кој се решава и статусот на специјалното обвинителство, но, Мицкоски одбил и возвратил дека законот ќе помине ако се прифати нивното барање да предложат обвинител кој ќе ги води сите постапки од СЈО, или, со други зборови, слобода за поранешните функционери за ВМРО-ДПМНЕ.Паднаа маските! Наводниот патриот Христијан Мицкоски синоќа се отвори и конечно собра храброст да признае дека не му е грижа за уставобранителите кои со монтирани процеси се фрлени во темните затворски зандани. Мицкоски сака слобода само за своите сопартијци од раководството на ВМРО-ДПМНЕ обвинети за повеќе кривични дела.Единствена Македонија го почитува правото на Мицкоски да се бори за слобода на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, но, го прашуваме Мицкоски, дали се гледа и слуша што прави, претендира да стане премиер а врши предавство спрема уставобранителите.Единствена Макеоднија не дава празни ветувања. Ние нема да се помириме со прогонот врз македонските патриоти кои влегоа во Собранието на 27 април со силна верба дека го бранат уставниот поредок. Прва задача на новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа е - веднаш слобода за уставобранителите.

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Изменет режим на сообраќај во Скопје, еве каде и зошто?

На 12 и 13.09.2019 (четврток и петок) во времето од 18.00 до 06.00 часот и на 15 и 16.09.2019 (недела и понеделник) во времето од 18.00 до 06.00 часот на улицата „Лазар Личеновски“, поради снимање на филм од страна на ДФПУ„Вертиго висуал“ ДОО, Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.  

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Втор циклус еднократна помош за новороденчињата во Општина Центар - Денеска поделени уште 100 решенија на баратели за парична помош за новороденче

Денеска во Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 100 баратели со новороденчиња од Центар.Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.Годинава, ова е втор циклус на доделување парична помош за новореденче во Општина Центар. Во првиот циклус, кој беше на почетокот на јуни, беа поделени 100 решенија, а тогаш како донатори беа вклучени „Еурофарм“, „Веледа“, „Астера“,„Банката за храна“ и „Еурохуман“.Деновиве беше потпишан и Меморандум за соработка со компанијата за храна и производи за бебиња „Хип“ и ПЗУ „Жан Митрев“ Скопје.На денешниот настан во општината присуствуваа и претставниците на споменатите компании и здруженија кои во оваа прилика на семејствата им поделија: сет производи за бебиња од  „Хип“; ваучер во износ од 1.500 денари за педијатриски преглед во  ПЗУ „Жан Митрев“; вредносен ваучер во износ од 1.000 денари од „Еурофарм“; пакет производи соорганска козметика за бебиња од  „Веледа“; бесплатни часови за јога и совети за доење од „Астера“и бебешка хранаод „Еурохуман“.На настанот, Градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијатаза нивнатаопштествена одговорност и изрази уверување дека, во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.Согласно, Правилникот за добивање на парична помош за новороденче,  потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

Скопје | пред 6 години

Foto

Пендаровски ја прими постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими постојаната претставничка на програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Нарине Сахакјан. На средбата, претставничката на УНДП го информираше претседателот Пендаровски за актуелните проекти како и за идните приоритетни активности на организацијата во Република Северна Македонија. Двајцата соговорници изразија задоволство од воспоставената плодна соработка меѓу Северна Македонија и мисијата на УНДП изразена низ голем број успешно реализирани проекти и иницијативи, коишто непосредно влијаат врз подобрувањето на целокупниот квалитет на живот на граѓаните на државата. Претседателот Пендаровски ја нагласи исклучително важната улога на мисијата во остварувањето на нашите развојни цели, како и нивниот директен и несебичен ангажман на нашиот реформски пат во остварувањето на нашите стратешки приоритети, членството во ЕУ и НАТО. Во тој контекст Претседателот ја потенцираше и неопходноста од понатамошна максимална вклученост и активна соработка со УНДП од страна на сите институции и граѓански организации на локално и централно ниво.

Македонија | пред 6 години

11092019_MZZhPP_Makraduli_pres-konferencija_1

Макрадули: Планот за чист воздух се имплементира, обезбедивме средства за еколошки ефикасно и штедливо греење на домаќинствата

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска на прес-конференција информираше за Планот за чист воздух.Обраќањето на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ви го пренесуваме во целост.„Во согласност со еден од своите врвни програмски приоритети „Планот за борба против аерозагадувањето“, Владата на Република Северна Македонија на неколку од последните седници донесе низа мерки и дополнувања за поефикасни резултати во справувањето со ова прашањеНа вчерашната 153-та седница на Владата, се донесе Одлука за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас.Со тоа, се дозаокружи имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра.Дозволете да ви презентирам уште неколку одлуки опфатени со овој План:За замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, се прифатија апликациите на СИТЕ 19 општини кои аплицираа, без разлика дали има мерна станица или не;Во рамки на општините, ќе се распределат средства и објекти.Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетската ефикасностВо 8 општини, вклучително и о Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленилоОбезбедени се средства за пречистувачи34 училиштаФилтри за компаниитеСекако ова се само дел од активностите што како Влада ги реализираме. Покрај тоа, секоја институција влегува во постапки за замена на неефикасните извори на затоплување.Како пример, дозволете да го нагласам почетокот на процедурата во МВР кое покрена постапка во две полициски станици, во Струмица и во Кочани, греењето на нафта да се замени со гас, односно со помош на термални пумпи.Сакам да се заблагодарам на МЕПСО, кое во рамки на своите ингеренции донесе Одлука за поддршка на Планот за чист воздух 2019 и издвои средства со кои ќе биде заменето затоплувањето во една градника во општина Центар од нафта на електрична енергија.Покрај јавните институции (градинки, училишта и здравствени установи), како Влада имаме уште една битна компонента во имплементацијата на Планот, а тоа се домаќинствата кои користат огревно дрво за затоплување.Во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево, ќе започнеме со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими. Граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо (зони со ниски емисии), согласно закон, ќе можат да набават инвертер клими. Сакам да напоменам дека споредбено трошоците за инвертер клими се помали од оние кои е се потребни за греење со дрва.Вкупни годишни трошоци за греење на површина од 60 м2:Инвертер клима             734Дрва             586Нафта за домаќинството 038Затоа сакам да потенцирам дека греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење и, согласно сегашните цени, и најекономично. Освен тоа, покрај загревањето во зимскиот период, инвертерклимите во летните месеци ќе ги ладат домовите на граѓаните.Затоа верувам дека многу граѓани ќе ја искористат оваа можност, а ние ќе ги увериме дека тоа е постапка која ќе им донесе ним заштеда и ефикасно решение за затоплување и ладење на нивните домови.Ова се само дел од активности за намалување на аерозагадувањето кои се комплементарни на низа акции во градот Скопје и другите општини, за кои имаме проекции дека ќе учествуваат во сериозно намалување на степенот на загаденоста на воздухот.“

Македонија | пред 6 години

krv-1

Градоначалникот Марин даруваше крв во чест на жртвите од 11 септември

 Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со тим од Општината се приклучија кон денешната крводарителска акција што се одржа во Американската амбасада.Оваа акција беше организирана по повод Американскиот национален ден на служба и сеќавање во чест на жртвите, преживеаните и сите што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година.Општина Аеродром на чело со градоначалникот Марин редовно ги поддржува крводарителските акции, со кои се спасуваат  животи, но и се праќа порака за хуманост.

Скопје | пред 6 години

1

44. Меѓународен театарски фестивал МОТ 2019

Септември е во исчекување на најголемиот меѓународен театарски фестивал во Северна Македoнија, 44 – то издание на Млад отворен театар (МОТ), кој годинава се одржува малку порано од стандардниот термин, од 13 до 21 овој месец.Фестивалот се отвора со победникот на Прашкото квардинале за перформанс, дизајн и простор „Оваа зграда (на)вистина зборува“ во МКЦ во 20 часот. Проектот е составен од три дела: инсталација со перформативен дел во соработка со актерката Кристина Леловац; кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична публикација. По отворањето следува „Девојчето со жиците“ на малата сцена на НОБ. Драма-опера напишана од Марјан Неќак, Маја Хрговиќ и Ана Бунтеска за виолинистка, која патува со воз низ Европа. Референцата по Андерсеновата „Девојчето со кибритчињата“ е на повеќе нивоа.Сцената на сала Фросина е домаќин на вториот ден на МОТ (14 септември), кога гостува Словенско младинско гледалишче со новиот проект на Томи Јанежиќ - „Сè уште без наслов“ кој трае повеќе од десет часа. Дон Жуан е едно од оние книжевни дела што поминале низ најмногу адаптации. Низ текот на целата претходна сезона, Томи Јанежиќ и неговиот тим го земаат ова дело како референтна точка за истражување и лабораториски пристап. Приказната е од аголот на неговото заведување и низ последиците на неговите дела - кои се среќаваат во еден момент, во едно срцебиење.Третата фестивалска вечер на МОТ, 15 септември почнува со „Трите сестри“ од Васил Христов работена по мотиви на Антон П. Чехов. Претставата зборува за мечтата за ослободување, која запаѓа во состојбата на безизлезност, дури и пред  да почне борбата. Безизлезноста се удвојува преку повторувањето на потребата за промена, ослободување, исчекор. А по неа програмата продолжува во Кино Култура со два перформанси од проектот „Што е кореографија?“ на центарот Локомотива. „Дримстејт“ од Валентино Апостоловски - состојба на намалена свесност, во која околината е перципирана како во сон и „Мунлајт“ од Александар Георгиев и на Дарио Барето Дамас од Шпанија - кореографски проект фокусиран  на поетски структури, сценско изведбено истражување на дисперзирани значења, како прилагодлива реалност.„Човековиот срам“, првично изведуван во затворот во Матера, Италија е закажан за четвртиот ден на МОТ, 16 септември. Танцовиот перформанс е „роден“ од проектот „Поетиката на срамот“ во копродукција на #Reteteatro41 и Matera- Basilicata Foundation 2019. Силвија Грибауди и Матео Мафесанти го истражуваат методот во кој авторите се постојано поврзани со територијата каде што се наоѓаат. Мајсторот на церемонијата и единствената македонска актерка во перформансот е Симона Спировска.Петтата фестивалска вечер е за авторот и режисер Борут Шепаровиќ со жестоката и предупредувачка претстава „Младина без бог“, која удира во желудник и за која се размислува целиот нареден ден, покажува стравотно мрачна и застрашувачка слика за делата на младите генерации, антихероите на СТЕМ револуцијата, кои изгубиле вера во Европа и нејзините хуманистички вредности, а веруваат во профит, гејмерската индустрија, сајберуниверзумот и смртта. А по неа, на малата сцена на НОБ, Игор Вук Торбица ќе ја постави претставата „Бакхи“. Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, „Бакхи“ се издигнува поради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхи-те ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување приказни.Железничката зграда ќе биде домаќин на шестиот ден на МОТ за проектот „Сè е во парите“ во режија на Борис Бакал. Проектот се занимава со односите меѓу општествените и материјалните вредности од една и парите од друга страна, сè од перспектива на лични наративи, реални финансиски примања, перманентни финансиски кризи на ова време, како и амбивалентна улога на парите во целокупната општествена размена. Следува романската „Момчињата на Медеја“ на малата сцена на НОБ, во продукција на „Apollo 111 Theatre“. Претставата го илустрира режисерското прекршување на легендата на Аргонаутите и Златното руно. Оваа претстава отвора дискусија за машката ранливост, мачоизмот, патријархатот и мизогонизмот, користејќи средства на иронија и хумор. Сцената (прикажана како морнарски бар) е населена само со машки ликови. Вечерта ќе заврши во МКЦ со „Арапска ноќ“ - драмски текст на Роланд Шимелфениг, во  режија на нашата Зоја Бузалковска со музика на „Фолтин“ кои ќе бидат дел од претставата. Поставена е речиси во сите поголеми и поважни театри, одиграна на многу јазици. Овој текст-партитура за пет ликови е игра на жанрови и стилови. Дејството се случува во еден европски град, на седмиот кат од една станбена зграда, во една летна ноќ, кога веќе востановената практика на функционирање на животите секоја вечер, ненадејно се прекинува. Со текот на времето, зградата се претвора во „волшебна кула“ и станува „извор на магичен реализам“.„Злосторството на 21 век“ во режија на Владимир Милчин ќе се изведе народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во Велес. Претставата е македонска праизведба на третиот драмски текст од антивоената трилогија на Едвард Бонд, еден од највлијателните и најконтроверзните драмски автори во модерната драматургија. Tоа е дистопична визија на еден свет во кој човештвото е под тотален надзор/контрола. Четворицата отпадници од цивилизацијата се бегалци од жигосувањето со микрочипови, се кријат во урнатините и бегаат од законот, а во нивните односи доминира стравот од поткажување или откривање.Португалската театарска компанија „Arena Ensamble“ ја отвара седмата фестивалска вечер со претставата „Привремени фигури“ во МКЦ. По неколку месеци работа во Great Yarmouth со девет жители од различни националности, режисерот - Марко Мартинс ни носи приказна базирана на индивидуални сведоштва на луѓето, кои лично го искусуваат периодот на несигурност и прилагодување. По неа следува премиерата на „Несоодветно за работа“ на Драмски театар во режија на Доналд Ворен Мофет, а автор на истата е Луси Кирквуд, по кореографија на Кренаре Невзати и костимографија на Александар Ношпал.Фестивалската програма завршува со „Чист град“ од експерименталната сцена на Националниот театар во Атина - Анестис Азас и Продромос Циникорис со приказна за петте чистачки кои станаа театрални хероини. Во рамките на придружната програма на фестивалот ќе настапи култниот бенд „Шумски“ од Хрватска и номинираните за Греми, „кумови“ на алтернативното кабаре - Tiger Lillies со едно посебно шоу, славејќи 30 години во бизнисот. Покрај двата концерти, работилница за специфична локација - „Оди и види“ во Железничката зграда, предавање и дискусија со Мајк ван Гран во Кино Култура и промоција на книгата „Анамнезис: Дијалози на уметноста во јавен простор“ од Сандра Ускоковиќ во МКЦ.Билетите за сите претстави до 12. септември ќе можат да се купат по промотивна цена од цена од 200 денари, освен за претставата на „ Сè уште без наслов“ и концертот на „Tiger Lillies“ кои во тој период ќе можат да се купат по цена 350 денари. Од 13. септември, билетите за сите претстави ќе изнесуваат 300 денари, а билетите за „Се уште без наслов“ и концертот на „Tiger Lillies“ ќе изнесуваат 500 денари. За претставата „Злосторството на 21 век“, која се игра во Велешкиот театар, цената на билетите ќе биде 200 денари со  организиран автобуски превоз од Скопје.За оние што немаат потреба од организиран автобуски превоз, цената на билетите е 100 денари само на касата на Велешкиот театар или со резервации на teatardzinot@yahoo.com или на 043231750.44-от Млад отворен театар ќе се случува на шест сцени низ Скопје, Национална опера и балет, Кино Култура, Железничка зграда, Театар Комедија, сала Фросина – МКЦ, Дансинг сала – МКЦ и Драмски театар и една во Велес - Театар Јордан Хаџи Констатинов Џинот. 

Скопје | пред 6 години

11092019_PVRSM_Zaev_pres-konferencija_1

Заев: Нема компромиси за правдата и правната држава, инсистирањето на опозицијата криминалот да биде амнестиран нема да помине

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска во изјава за медиумите информираше за лидерската средба што синоќа се одржа во  Собранието на Република Северна Македонија.Изјавата на премиерот Заев ви ја пренесуваме во целост:„Искрено, многу сум разочаран од исходот на лидерската средба и од однесувањето на опонентите од другата страна со кои што преговаравме, господинот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.Имав некој надеж, дека сепак е можно во текот на последниве две години, да успеат да ја сменат матрицата на однесување и дека ќе излезат од заложништво на нивните претходници, но тоа не се случи.Тие не отстапуваат од матрицата на однесување која се повторува уште од Пржинските преговори. Истата приказна беше за Преспанскиот договор. Истата приказна и сега. Груевизам до доцна во ноќта.Постојано, секој пат, колку и да постигнеме некаков напредок на другите полиња, колку и да бидеме ние попустливи и компромисни во преговорите, на крајот, секој пат, постојано, неизбежно, кај Мицкоски сѐ се сведува на едно барање: Амнестија или уништување, запирање и крај за случаите од претходниот режим.Се обидовме сѐ. Да излеземе во пресрет на секое разумно, праведно и правилно барање или услови. Се потрудивме да гледаме низ очите на опозицијата. Да бидеме креативни, но сепак да не дозволиме црвените линии да се поминат. Но, се соочувавме со невозможно барање, барање кое е против секоја логика, кое е против правдата, кое е против ЕУ и НАТО. Против граѓаните, против вредностите, против стандардите. Тие бараат предметите на СЈО дојдат под нивна контрола за конечно и да запрат.  Ништо друго.Бараат криминалот да им го заташкаме.  Само тоа е важно за ВМРО ДПМНЕ.  Ниту ги интересира ЕУ и НАТО, ниту владеење на правото. Ниту интересите на граѓаните, ниту напредокот на земјата.Тoа е мојот заклучок. Тоа е целта која што сакаат да ја постигнат. Затоа е тешко да се постигне договор. Затоа синоќа не постигнавме договор.Ние тоа нема да прифатиме тоа што е нивна конечна цел. Не смееме да го дозволиме тоа.Жал ми е што Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, сѐ уште заробени од страна на нивното претходното раководство, не успеваат да видат дека сега е моментот сите да покажеме дека сме за правна држава и за правда.Целосно спротивно на принципот на правда, бараа сите предмети до 30 јуни 2017 година да ги преземе обвинител избран од нивна страна. Се знае зошто, со цел после тоа да се доведат до уништување, до запирање на постапката за предметите. Бараа со закон да се запечати судбината и да се запрат сите предистраги и истраги за предметите после 30 јуни. Да не се прецизира во самото законско решение што со тие предмети што се во истражна или предистражна постапка. Ние пак, во интерес на правдата и борбата против корупцијата на која било власт, понудивме формирање ново обвинителство кое ќе гони висока корупција, во кое првиот обвинител ќе се бира на предлог на опозицијата – но нив не ги интересира борба против корупцијата, нив ги интересира да го спасат режимскиот криминал. Да се заташкаат предметите, да се анулираат.Новото обвинителство го предложивме да биде на исто ниво за гонење на организиран криминал и корупција. Предметите осигуравме да преминат кај Јовевски. Сите, вклучувајќи ги и тие во истражна и предистражна постапка. Сите да одат кај Јовевски, и тој да одлучува како ќе ги распредели, што ќе се работи со нив, секако, тие што се во судска постапка да продолжат таму каде што се застанати, распределени на соодветен обвинител и да продолжат. За тие во истражна или предистражна фаза, тој да оцени дали има доволно докази или не, дали се комплетирани доказите за да се поднесе обвинителен акт. Но тој, правната држава да одлучува, а не политичарите.Обвинителството за организирам криминал и корупција да остане како што е. Односно, целта беше дека не седнале политичарите Заев и Мицкоски и работните групи од двете коалиции и дека одлучиле да менуваат обвинители, на сред мандат, на почеток на мандат, тие да управуваат со обвинителството. Не. И тоа го осигуравме.Ново беше да се формира тоа ново обвинителство за да излеземе во пресрет на опозицијата, кое што ќе биде Обвинителство за гонење висока корупција, и да почне со истраги. Предлогот да дојде од страна на опозицијата, да го потврдува парламентот и, на крајот, да го верификува Советот на обвинители.Предложивме тоа Обвинителство за висока корупција да биде основано, да биде обезбедено со ресурси, да биде финансиски независно, исто како што беше и досега предвидено во преговорите, и да дојде предлогот за обвинител од страна на опозицијата за да се генерира довербата, и да почне да истражува висока корупција. Да формира случаеви кои што се однесуваат од сега за понатаму, но може да се однесува и за предмети од 2013, од 2017, во зависност дали според кривичниот законик некој предмет е застарен или не. Значи, тоа обвинителство може да го гони и градоначалникот Заев од 2015 година, некоја друга фигура, од сегашната или од претходната власт, но да отвора предмети.За нив беше важно единствено тоа обвинителство да ги преземе сите предмети од СЈО каде што шеф ќе биде на предлог на опозицијата. Тоа е апсолутно недозволиво затоа што не постои начин дека некој може да гарантира дека тој шеф во еден момент нема да одлучи да ги поништи сите предмети, да ги повлече, да ги одлага. Тоа е апсолутно недозволиво.Во тој дел од синоќешните разговори овозможивме опозицијата да се почувствува вградена во процесот, да верува во процесот. Дадовме вакви креативни решенија, затоа беа и паузите за да се прават консултации.За жал, стана извесно дека Мицковски е подготвен да го жртвува датумот, НАТО, ЕУ, само во обид да го амнестира криминалот на ВМРО ДПМНЕ.  Тоа е неприфатливо. Ние ќе се бориме против тоа до крај.На крајот, било кое законско решение се носи во парламентот. Пратениците ќе знаат што ќе гласаат и дали некое решение ќе им даде иднина на предметите или ќе ги уништи.Уште еднаш апелирам, во пресрет на одлуката за датум за преговори, опозицијата да увиди колку е важно да покажеме дека можеме да ги ставиме државните интереси над партиските.Предметите на СЈО ќе продолжат да се процесуираат во суд, надвор од влијанието на Заев, уште помалку на Мицковски. Нема компромиси околу тие прашања.Правда и правна држава ќе има.За било кој друг исход освен добивање датум за преговори, после сите напори, јасно е дека единствени виновници ќе бидат лидерот на ВМРО ДПМНЕ, и ВМРО-ДПМНЕ како партија. Таа одговорност тие ќе мора да ја прифатат.Сакам да укажам дека ја разбирам и вашата реакција, реакцијата на новинарите, со која изразивте револт од долготрајната средба.Ве уверувам дека нашата единствена намера беше да постигнеме резултат, да постигнеме напредок во разговорите, во интерес на граѓаните и земјата, и со добри вести, за заеднички постигнато решение, да излеземе пред вас и јавноста.Жалам што не дојдовме до договор и денеска ги кажувам причините зошто е тоа така.“

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Возач на мопед тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 10.09.2019 во 14.26 часот на ул.„Маршал Тито“ во кочанското село Прибачево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.А.(34) од Кочани и мопед управуван од В.С.(19) од с.Прибачево, и двете со кочански регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

На „Табановце“ од „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварил 10 мигранти од Сирија

На 10.09.2019 во 04.40 часот на автопатот Куманово – Скопје полициски службеници го привеле Б.И.(47) од Скопје поради тоа што во 04.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“ од неговото возило „ауди С-8“ со скопски регистарски ознаки, истоварал 10 мигранти од Сирија. Мигрантите заедно со возачот предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Во СВР Струмица за 5 часа констатирани 15 прекршоци

На 09.09.2019 во периодот од 09.30 до 14.30 часот на подрачјето на СВР Струмица спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Во акцијата се констатирани 15 прекршоци, кои се соодветно санкционирани.

Македонија | пред 6 години

stop-policija

СВР Велес за 4 часа регистрираше 13 прекршоци

На 10.09.2019 во периодот од 07.00 до 11.00 часот на територијата на СВР Велес извршена е контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената. Притоа, констатирани се вкупно 13 прекршоци, од кои шест во Велес, три во Кавадарци и четири во Неготино. За констатираните прекршоци на возачите им се изречени соодветни санкции.

Македонија | пред 6 години

b0e64fd0d4bb388d91f7ae215ced368c_w790

За 24 часа во Скопје исклучени 28 возачи, 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак"

На 10.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 28 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 27 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престигнување, 17 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 18 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 52 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

lisici

Приведен албански државјанин кој непријавено престојувал во Тетово

На 10.09.2019 околу 19.15 часот во Тетово бил приведен А.В.(27) од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето. А.В. бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Кај битолчанка пронајден хероин

На 11.09.2019 околу 01.30 часот полициски службеници на СВР Тетово-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја привеле С.В.(28) од Битола. При претрес извршен со судска наредбa на ул.„Илија Антевски-Смок“ во Гостивар, каде престојувала, бил пронајден хероин.  По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

mihail

Михаил е пронајден и е во добра состојба - пронајден е на автобуска станица

Исчезнатото дете Михаил по кое се трагаше утрово е пронајдено. Неофицијално детето е пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана. Тоа е во добра здравствена состојба и се испитува како и со кого заминало во таа насока.Ученикот Михаил се изгуби вчера, а неговата мајка молеше за информации за изгубениот син и по социјалните мрежи, откако случајот го пријавила и во полиција.Имено, како што пишува мајката, Михаил заминал во училиште во вторникот наутро, но до таму не стигнал.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

(ЖИВО) Прес-конференцијата по лидерската средба

Проследете ја во живо прес-конференцијата по лидерската средба.... https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/364377894440463/?notif_id=1568191451884765&notif_t=live_video

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања