Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Nikolaj-Malinov

Поранешeн бугарски пратеник обвинет за продавање тајни на Русија

Бугарското обвинителство го обвини водачот на невладина организација дека шпионирал за Русија, обидувајќи се да го одвлече вниманието на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.Заменик главниот обвинител Иван Гешев изјави дека Николај Малинов, претседател на Националното движење Русофили бил обвинет за тоа што „се ставил во служба на странски организации да работи како шпион“. Доколку биде прогласен за виновен тој би можел да добие казна од 15 години затвор. Малинов е пуштен од притвор, но му е забрането да ја напушти земјата.

Свет | пред 6 години

soobrakajna-nesreka-madzari

(ФОТО) Сообраќајката во Маџари, повредено едно лице

Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од пат. Од МВР за Курир информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево.Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил „Алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот.Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото.Полициски екипи на местото на сообраќајната несреќа извршиле увид.Извор: Курир.мк 

Скопје | пред 6 години

sv.-jovan-krstitel-1024x1024

Православните верници го одбележуваат празникот Отсекување на главата на Свети Јован Крстител - денеска е строг пост

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 29 август. Денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител.Свети Јован Крстител ужива голем култ кај верниците во христијанскиот свет и оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ.Како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни и народни свечености.Православните верници за овој ден држат строг пост, не се јаде не само мрсно туку и риба и масло. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.Последниот старозаветен пророк Свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел Свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.ован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7.VII/24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога Св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7.I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на Св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн. Така во христијанската вера Св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници.

Македонија | пред 6 години

sait-dzavid

Џавид: Во случај на Брегзит без договор ќе се врати бесцаринската трговија

Ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, фри-шоповите ќе бидат повторно воведени на аеродромите за патниците кои одат во ЕУ, соопштија официјалните лица.– Патниците во ЕУ ќе можат да купат пиво, алкохол, вино и цигари без царини што се применуваат во Велика Британија, се вели во соопштението на Министерството.Таа одлука, објавена од министерот за финансии Саид Џавид, значи, на пример, дека едно шише вино купено во продавницата без царина на лондонскиот аеродром Хитроу ќе биде поевтино за 2,5 евра, соопшти Министерството.Патниците кои ја напуштаат ЕУ ќе продолжат да можат да купуваат и носат алкохол и цигари во Велика Британија неограничено под услов да платат царина, се додава во соопштението.

Свет | пред 6 години

kuli-bliznacki

(ВИДЕО) На денешен ден пред 18 години, терористичките напади во САД

Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3.000 лица.  Нападите се слулија кога терористи грабнаа четири авиона од кои два удрија во кулите близначки – Светскиот трговски центар на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во рурален дел на Пенсилванија бидејќи патниците покажале отпор.Двете кули високи по 410 метри во Светскиот трговски центар целосно се урнаа, а зградата на Пентагон беше значително оштетена.Обвинувајќи го Осама бин Ладен, лидер на исламските екстремисти кој се криеше во Авганистан за организацијата на терористичките напади, САД на 7 октомври почнаа бомбардирање во Авганистан, а подоцна и со повеќе други акции против Ал Каеда.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Дизелот поскапува, поевтинува БС 95

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,21%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно изнесува 69,00 ден/лит.Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

Македонија | пред 6 години

boki-13

ВМРО ДПМНЕ: Два месеци како Боки 13 е во притвор, а не е повикан на распит - Што знае, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СдСМ мора да си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

milososki-antonijo

Милошоски: Милошоски: Можеби и ќе имаше договор ако Заев не беше толку нервозен за „Рекет“

По лидерската средба Заев-Мицкоски, која рано изутрина заврши без политички договор за идниот статус на СЈО, на „Фејсбук“ се огласи Антонио Милошоски, кој беше дел од тимот на ВМРО-ДПМНЕ што го придружуваше лидерот.„Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот "Рекет", што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во "Рекет" е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева, напиша Милошоски на социјалната мрежа фејсбук.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

СДСМ: Заем им понуди формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција и првиот човек таму да го предлага опозицијата, но ВМРО-ДПМНЕ одби

Додека сите граѓани очекуваа договор во интерес на правната држава, Христијан Мицкоски на вчершаната лидерска средба безобразно и во груевистички стил го бранеше криминалот на режимот барајќи  сите предмети од СЈО да ја изгубат својата иднина.Тимот на СДСМ предводен од претседателот Заев им понуди формирање нова обвинителска институција која ќе гони висока корупција за сите нови случаи за да се гарантира правната држава, но нив тоа не ги интересираше бидејќи бараа единствено бегство од законот за сите обвинети од нивната режимска структура.Предлогот беше прв човек на таа нова обвинителска институција да предлага опозицијата, но и тоа ВМРО-ДПМНЕ го одби.Груевски прво го избра Мицкоски со единствена задача до последен здив да го штити, сега од Будимпешта нарачува и подобен обвинител.Граѓаните и сигурната иднина не смеат и понатаму да бидат заложници на азилантот кој од таму му дава инструкции на едократниот Мицковски.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат пред граѓаните за загрозување на правдата и за загрозување на европскиот пат на нашата земја.Повеќе од две години како опозициска партија и 11 години претходно како режимска власт, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за Северна Македонија на патот до правда и до Европската унија, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Нема договор за законот за ЈО - Лидерската средба НЕ УСПЕА

Лидерската средба помеѓу лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која траеше повеќе од седум часа, заврши без договор.Според извори на Телма, од преговарачките тимови, власта и понудила на опозицијата да има две обвинителства кои би биле исти по ранг, едното да се вика обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата, што било неприфатливо за ВМРО ДПМНЕ. Ова обвинителств нема да може да има увид во предметот Рекет. Надлежноста би била времена, и со заштитни механизми при изборот. Опозицијата барала кај ова обвинителство да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.Преговарачите не постигнале согласност ниту за статусот на обвинителите, објави Телма.

Македонија | пред 6 години

dijaliza

(ВИДЕО) Хаос во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга, таваните прокиснаа, пациентите со кревети во ходниците

Прокиснаа таваните во ЈЗУ Завод за нефрологија Струга. Собите се поплавија, водата се собира во кофи, а пациентите со кревети се сместени во ходниците. Ваква е сликата вечерва во во оваа јавна здравствена установа. Видеото кое го објави VOX Struga ја пренесува моменталната ситуација во болницата. Инаку заводот за нефрологија постои повеќе од 30 години и персоналот е со големо искуство во облaста на нефрологија и урологија. Работаат специјалисти од областите: интерна медицина, урологија, радиологија, васкуларни пристапи и физикална терапија. Освен пациенти од Р. Македонија во Заводот за нефрологија – Струга се лекуваат и пациенти од Р. Албанија, Косово и Србија. https://www.facebook.com/voxstruga.mk/videos/385457782392997/?v=385457782392997  

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Лидерската средба без напредок - се сложуваат само дека СЈО е мртва институција

Нема напредок на лидерската помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, брифираат извори од преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од власта велат дека нема напредок за ниедна точка. На истиот став е и опозицијата, објави 24.мк.„Взаемна согласност има само околу констатацијата дека СЈО е завршена приказна и мртва институција“,  вели за тв 24 висок извор од преговарачкиот тим од опозицијата.Неофицијално, најмногу полемика имало кој да го предлага новиот шеф за новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. На маса се нашла и аферата „Рекет“.извор: ТВ 24

Македонија | пред 6 години

vakcini-protest-3

Родителите на невакцинираните децата кои не беа запишани на училиште поднесоа кривични за Филипче и Адеми

Управниот суд ќе одлучува за иднината на првачињата кои останаа надвор од училишните клупи бидејќи се невакцинирани. Група на родители застапувани од адвокатското друштво Давидовиќ – Јанковиќ веќе поднеле тужба поради кршење на уставното право за задолжително образование. Адвокатот Давидовиќ е дециден дека сите деца треба да бидат во училиште додека судот не донесе одлука. Вели дека здравство нема право да се меша во делот на образованието и затоа покрај тужбата до обвинителството поднеле и кривични пријави против министрите Филипче и Адеми како и директори на училишта поради злоупотреба на службената должност, објави Сител.Се крши уставното право за задолжително образование, да ги исклучувате и да создавате необразовани деца во 21 век. И министерот за обраозвание не го почитува Уставот, иако и вакцинацијата е задлѓителна но во друг сегмент, во основното образование нема таков услов. Ако веќе функционираат, а не фунцкционираат, требаљло порано сите деца да бидат вакцинирани а не сега на 7 години да го тераат да прима вакцина која е на 9 месеци. Ако добеме негативна одлука ќе одиме до Стразбур, вели Звонко Давидовиќ, адвокат од адвокатско друштво Давидовиќ Јанковиќ.И додека родителите правдата ќе ја бараат на суд, министерот за здравство не отстапува – вакцинацијата останува задолжителна за упис во училиште и градинка. 

Македонија | пред 6 години

soncevi-kolektori-640x434

Владата издвои 30 милиони денари повеќе за домаќинствата за субвенции за сончеви колектори

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница гидонесе измените на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2019 година.Со измената на Програмата предвидено e зголемување на средствата предвидени со Буџетот и тоа: дополнителни 5 милиони денари за субвенции за сончеви колектори, дополнителни 14.7 милиони денари за субвенции за ПВЦ или алуминиумски прозорци и дополнителни 10 милиони денари за субвенции за печки на пелети, со што вкупните средства од 50 милиони се зголемуваат на 79 милиони денари.Во делот на доделувањето на субвенции за купени печки на пелети се предлагаат вкупно 30 милиони денари, од кои 15 милиони денари ќе бидат наменети за баратели со ниски примања (ранливи потрошувачи) и истите ќе имаат предностпри доделувањето на субвенциите. Останатите 15 милиони денари ќе бидат доделени на начинот опишан во програмата и јавниот оглас.

Македонија | пред 6 години

grobnica-telefon

(ФОТО) Археолозите открија скелет стар 2000 години со „телефон“ во рака

Во гробница стара 2.000 години археолозите пронајдоа скелет на жена која ја нарекоа Наташа. Областа каде што е ископана Наташа се наоѓа во руската република Тува и е позната како „руска Атлантида“ затоа што во текот на целата година е под вода.Во гробница стара повеќе од 2000 години, во текот на ископувањата е пронајдена голема правоаголна тока од камен, украсена со тиркиз, карнелијан и седеф, со големина 18 на 9 сантиметри. Археологот Павел Леус, кој го пронајде предметот во 2017 година, рече дека тој со својот облик повеќе потсетува на современ мобилен телефон. Поради тоа археолозите на шега ја нарекуваат жената од  гробницата Наташа, а токата „ајфон“. 

Магазин | пред 6 години

bolnica-tetovo

(ВИДЕО) Нова тепачка во Тетовската Клиника - лекарите се чувствуваат небезбедно и несигурно на работните места

Тетовската полиција сè уште не го комплетирала случајот за вчерашниот инцидент во тетовската болница меѓу пациент и доктор. Извори од тетовската полиција за Алсат велат дека утре предметот се очекува да биде доставен во обвинителството. Шефот на одделот за хирургија во тетовската болница, Илбер Бесими, вели дека пациентот лажно пријавил во полиција и според него, токму пациентот бил тој кој почнал да вика и да го навредува дежурниот лекар, иако бил примен и третиран без претходно да има закажан термин. Бесими бара целосно расветлување на случајот, објави Алсат.Текстот во целот на: Алсат  

Македонија | пред 6 години

alijansa

АА: Г-дине Заев, Вие можете и да разговарате заедно со Мицковски за ДУИ и нивното име, но не на името на албанските граѓани

Прес конференција во Алијанса за Албанците во врска со лидерската средба Заев – Мицковски. Од таму велат ја свикавме со цел да дадеме наша политичка оценка за истата.Во продолжение еве што кажаа на прес конференцијата:Во принцип, како политички субјект сме за политички дијалог, консензус и компромис за одредени прашања од политички и државен интерес, но категорично се спротивставуваме на идејата за затворена средба помеѓу премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ, Христијан Мицковски, со исклучување на албанските политички сили и нивното раководство.Досега имало две работни групи кои работеа на законот за јавното обвинителство, а кои беа ексклузивно со членови на владата и на ВМРО-ДПМНЕ, без да бидат вклучени други албански политички субјекти.Јавно прашуваме Кој им дава право на Премиерот Заев и лидерот на ВМРО-ПДМНЕ да ги исклучат или не да ги поканат  лидерите од албанскиот политички блок.Ниту премиерот Заев, ниту лидерот на ВМРО, Христијан Мицковски, не можат сами да одлучуваат за судбината на Специјалното јавно обвинителство, кое некогаш беше донесено со  политички и етнички консензус, иницирано од меѓународниот фактор!Јавно прашуваме кој ги претставува албанските граѓани на лидерската средба, Заев  или Мицковски?Кој ќе зборува во името на Албанците за Законот за јавно обвинителство, г. Заев или г. Мицковски?Кој ќе зборува во името на албанските граѓани, доколку евентуално се отвори темата за предвремени парламентарни избори?Бидејќи не се исклучуваа можноста на таа средба да дискутираа и за други актуелни теми, претпоставуваме за пописот на население.Што можат да помислат граѓаните Албанци, ако само Заев и Мицковски   зборуваат или се договараат за пописот, зошто се  остава простор и можност некој и да згреши или да не згреши во своите констатации и предрасуди?За жал, денес, ДУИ продолжува со својот политички дуализам со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, која еднаш се согласува со владиниот предлог-законот за Јавното обвинителство и, од друга страна, има идентичен став со тој од ВМРО-ДПМНЕ за тоа како предметите на СЈО треба да се пренесат од СЈО во републичкото обвинителство.Г-дине Заев, Вие можете и да разговарате заедно со Мицковски за ДУИ и нивното име, но не на името на албанските граѓани, Можете  и  да се договорите да ги амнестирате оние поранешни и сегашни функционери вклучени во отворените предмети на Специјалното јавно обвинителство, но не можете да зборувате за правда, за реформи интеграција во ЕУ, изборен законик, предвремени избори, затоа што уште на прв поглед, оваа средба изгледа моноетничка, далеку од мултиетничка реалност, и од политичката традиција за сеопфатен политички договор!Го повторуваме нашиот политички став дека:Најдоброто можно решение би било заедничка политичка маса помеѓу сите релевантни политички сили во земјата, да се создаде можност за политички консензус, со што би се сменил изборниот законик и ќе ја подготвува земјата за парламентарни избори. А паралелно со реформскиот процес на правосудниот систем да се именува странски експерт од ЕУ или САД, беше кажано на прес конференција од Алијанса за Албанците.

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Изменет сообраќаен режим во Скопје, еве каде и зошто...

На 11 и 12.09.2019 (среда и четврток) во времето од 21.00 до 06.00 часот, на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот парк, во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО, Скопје, ќе се одржи настан - снимање на филм.Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот

Скопје | пред 6 години

gm-10

Речиси сите награди од „Гола месечина“ отидоа во Загреб

Комедијата „39 степеница“ на загрепското Градско казалиште „Комедија“ победи на годинешното издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој со доделувањето на наградите вчеравечер беше свечено затворен. Оваа претстава ги собра и наградите за најдобра режија, најдобра актерка и најдобар актер што ги додели специјалната меѓународна жири-комисија.Годинава за првпат беше доделена и награда за животно дело, која отиде во рацете на нашиот познат актер и шоумен Игор Џамбазов. Исто така, награди добија и Нина Максимова и Марко Трајковиќ од Кумановскиот театар за најдобри млади актери, актерот на Народен театар од Охрид, Стрезо Стаматовски, за најдобра епизодна улога, како и Мирољуб Недовиќ, кој го играше главниот лик во претставата „Кнегињата од Фоли Бержер“ на нишкото Народно позориште.На последната вечер од фестивалот пред доделувањето на наградите премиерно беше прикажан документарен филм за големата актерка Анче Џамбазова што го сними националната установа „Театар комедија“, под режисерската палка на Миле Гроздановски, а по сценарио на Гоце Трајковски. Во филмот беа прикажани разни аспекти од животот и кариерата на Џамбазова.Шестиот фестивал „Гола месечина“, која стана заштитен знак на летата во Аеродром, заврши со стендап-настапот на Никола Тодоровски. Овој веќе традиционален фестивал траеше од 2 до 9 септември во организација на „Театар комедија“ и Општина Аеродром, која од својот буџет одвои 1.200.000 денари. Верната публика секоја вечер ги пополнуваше трибините во спортскиот центар „Ново Лисиче“ на сцената под отворено небо, буквално до последното столче. Огромниот интерес на граѓаните да ги гледаат комедиите сите осум вечери, како што изјави градоначалникот Златко Марин, за Општината е поттик и во иднина да го поддржува овој фестивал, бидејќи на тој начин се збогатува културниот живот на граѓаните. 

Скопје | пред 6 години

70627283_363608921258506_4179175759383887872_n

Димковски: Преку соработка и размена на искуства со европските земји до ефикасно справување со африканската свинска чума

Денеска во Софија, Република Бугарија, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство присуствуваа на 14 - от состанок на Постојаната група на експерти за болеста африканска свинска чума. На состанок на Постојаната група на експерти за болеста африканска свинска чума во Софија, присуствуваат министерката за земјоделство и храна на Република Бугарија, Десислава Танева, комесарот за здравство и безбедност на храна на Европската комсија, Витениус Андриукаитис, министри и делегации од над 20 министерства за земјоделство од Европа, како и директори на агенции за храна и ветеринарство.Министерот Димковски на состанокот посочи дека одржувањето на овој состанок за Република Северна Македонија, како држава во којашто сеуште не е регистрирана болеста, е од исклучително значаење во овој период кога оваа болест зема се поголем замав во регионот, а воедно и да се разменат искуства со другите земји во делот на преземените мерки за справување со африканската свинска чума. При тоа, Димковски потенцираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе подолг период внимателно ја следи состојбата во однос на појавата и ширењето на на болеста во регионот и во Европа.„Владата на Република Северна Македонија, во јули месец презеде сет на превентивни мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума.Заради депопулација на питомите свињи од одгледувалиштата кои не ги исполнуваат биосигурносните мерки, министерството преку Програмата за финансиска помош воведе мерка за поддршка во висина од 50 евра по грло свиња. Оваа поддршка ќе ја добијат фармерите за секоја заклана свиња од фарми коишто немаат основни биосигурносни мерки. Агенцијата за храна и ветеринарство веќе склучи договор со претставниците од месната индустрија за да го преземање на месото. По добивањето на информацијата за појава на болеста африканска свинска чума кај свињите во соседна Бугарија, МЗШВ во јули донесе решение за одобрување на ловење на дивеч под заштита односно дива свиња, поради следење на здравствената состојба на животните и спречување на појава и ширење на болеста, и тоа 60 дена пред законскиот рок“, изјави во Софија министерот Димковски.При тоа, Димковски посочи дека целта за носењето на ова решение е да се намали густината на популациите на дивите свињи, со што ќе се намали и ризикот за појава и ширење на оваа заразна болест во Република Северна Македонија. Отрселот е веќе во тек и се очекува да добие на интензитет во следниот период пред нас. Инаку како дел од превентивните мерки што ги презеде Владата на РСМ  се забрана за држење на свињи на отворено, зајакнати контроли на граничните премини од страна на Царинската управа во однос на проверка на личен багаж одземање на производи од животнско потекло, забрана на населување на дивата свиња во ловиштата согласно на планските документи и развојните програми, забрана за зимска прихрана на дивата свиња во ловиштата,  како и јакнење на јавната свест перку медиумски кампањи.Во Република Северна Македонија, до овој момент надлежните институции немаат регистрирано појава на заболено животно од африканска свинска чума.

Македонија | пред 6 години

IMG_7375-2

Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран

Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран, пунктот за магнетна резонанца ќе работи секој работен ден од 19:30 до 22:30 часот, покрај редовните две смениМинистерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче денеска беше во посета на поликлиника Чаир, каде заедно со директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски го промовираа реновираниот пункт за вакцинација.Вакциналниот пункт во поликлиника Чаир е комплетно реновиран и доопремен согласно следење приоритети, стандарди и упатства на Светската здравствена организација. Во наредниот период ќе се реновираат и останатите вакцинални пунктови при Здравствен дом Скопје. Во изминатите шест месеци во пунктот се дадени вкупно 6.280 дози вакцини.Министерот Филипче изјави дека новина во оваа поликлиника е што пунктот за магнетна резонанца ќе работи секој работен ден од 19:30 до 22:30 часот, покрај редовните две смени.„Посветени сме на јакнење на капацитетите на специјалистичките служби. Токму службата за радиодијагностика во поликлиника Чаир е одличен пример за успешна примена на оваа радиодијагностичка метода, каде корисниците на здравствени услуги од цела држава имаат можност да направат комплетна дијагностика и третман, што истовремено придонесува за растоварување на терциерното ниво на здравствена заштита“, рече министерот Филипче.Директорот на Здравствен дом Скопје, д-р Исјановски посочи дека од почетокот на 2019 година, досега 1.723 граѓани направиле снимки на магнетна резонанца.„Поликлиниката Чаир е од огромно значење за граѓаните на град Скопје, бидејќи тука се опфатени сите специјалистички служби опремени со нова и софистицирана медицинска апаратура. Овој здравствен објект покрива околу 130 илјади жители од четири општини: Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево“, потенцираше директорот Исјановски.

Скопје | пред 6 години

apteka-kvoti-lekovi

Од 1 октомври 2019 година подигање на лекови на товар на Фондот само со рецепт и лична карта/пасош

Осигурените лица од 01.10.2019 година ќе можат да ги подигнуваат лековите во аптека само врз основа на рецепт и документ за лична идентификација (лична карта или пасош). До тој период, на сила се постоечките позитивни прописи, со кои пропишување на лекот кај избраниот лекар како и постапката при издавање на лекот во аптеката се врши со здравствена легитимација заедно со личен идентификациски документ на +осигуреното лице (лична карта или пасош) при користење на здравствени услуги на товар на Фондот, односно до 1 октомври 2019 година.Фондот како купувач на здравствени услуги е конструктивен и отворен за соработка со сите чинители во здравствениот системи работи на имплементација на соодветно електронско решение со кое ќе се олесни администативното работење на здравствените установи при пропишување и издавање на лекови на рецепт, во интерес на поефикасна и подостапна здравствена услуга на осигурените лица.  

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Средба Заев и Мицкоски, на која се решава судбината на СЈО

Точно во 20 часот премиерот Зоран Заев и претседател на СДСМ заедно со лидерот на ВМРО – ДПМНЕ , Христијан  Мицкоски влегоа во Собранието , каде ја почнаа лидерската средба. Заев и Мицкоски на средбата пристигнаа со своите преговарачки тимови , предводени од министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски. Тие ќе треба да најдат заеддничко решение и да ја донесат конечната верзија на Законот за обвинителство , каде ќе се решава и за статусот на СЈО.Освен за Законот за обвинителство , според најавите , ќе се преговара и за распишување предвремени избори , на предлог на опозицијата . 

Македонија | пред 6 години

avion-tramp

(ФОТО) Гром го погоди претседателскиот авион - фотографија објави Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави на социјалните мрежи драматична фотографија на која се гледа како гром удира во претседателскиот авион.Поради невремето американскиот претседател бил принуден да се откаже од планираната посета на подрачјата кои што беа неодамна погодени од ураганот „Доријан“. Громот удрил во авионот на Трамп непосредно после слетувањето, а фотографијата е направена од местото на кое што новинарите го чекале пристигнувањето на претседателот.https://twitter.com/realDonaldTrump/status/1171178388460978177?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171178388460978177&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F318547%2Ftramp-objavi-fotografija-grom-go-pogodi-pretsedatelskiot-avion

Свет | пред 6 години

tramp-putin

(ВИДЕО) Американски шпион со години работел во близина на Путин

Олег Смоленков, за кого медиумите пренесуваат дека бил американски шпион , работел во администрација на рускиот претседател Владимир Путин, но бил отпуштен по внатрешна инструкција, потврди Москва. Одлуката за спроведување на извлекувањето била донесена по состанок во Овалната канцеалрија во 2017 кога Трамп разговарал за доверливи информации со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и тогашниот руски амбасадор во САД Сергеј Кисљак. Станува збор за информациите за Исламска држава кои САД ги добиле од Израел.https://twitter.com/jimsciutto/status/1171050167413481472?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1171050167413481472&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fsvet%2Fvesti%2Famerikancite-vo-tajna-misija-izvlekle-shpion-od-kremlj-za-tramp-da-ne-go-izdade

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања