Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

himna-makedonija

Јаревски: Некој мислеше дека на Тамара не ја научила химната на Македонија?, не отстранета е и од новата програма за ученици од 6-то одделение

Некој мислеше дека на Тамара навистина толку и бил капацитетот, згрешила или пак не ја научила химната на Македонија?! Дека ненамерно немаше химна при посетата на Ципрас?!- напиша на својот Фејсбук профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош, Тони Јаревски.-Доколку некој се уште е на тој став се лаже самиот себеси. Уште еден чин од процесот на демонтажа на Македонија, македонскиот јазик, идентитет и код е со актуелната наставна програма за нашите деца во 6-то одделение. Старата програма (слика 1) предвидуваше учење и пеење на химната на Македонија.(слика 2) химната е отстранета и наместо химната, Власта смета дека поважно за ќерка ми (да, и моето дете е 6то одд) е да ја научи и пее Dzelem, Dzelem и албанската Shtatori.Како врв на ова малоумие пишува Јаревски е и официјалното објаснување од Бирото за образование дека морало да се исфрли химната од учебниците бидејќи програмата била пишувана после уставните измени?!?https://www.facebook.com/toni.jarevski/posts/10156111029372136

Македонија | пред 6 години

tahiri

Обвинителството побара 12 години затвор за екс албанскиот прв полицаец

Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранепниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири.   Поради согласнот на судот за скратена судска постапка казната се намалува за една третина,што значи дека биде осуден со затворската казна во траење  од 8 години.Според обвинението Тахири се товари за четири случаи на шверц на наркотични средства од Албанија за Италија во периодот од 2013 до 2015 година.Според обвинителството Тахири заедно со поранешниот директот на Полицискиот комесаријат во Валона Јаелд Чела,кој повеќе од една година се бара со потерница, ги заштитувале нарко шверцерите.На денешната судска сеанса биле прочитани и снимени телефонски и разговори во простории. Тахири ги отфрлил сите обвинувања и презентирал табела со аргументи.Тој тврди дека едниот случај бил само една недела откако ја презел функцијата министер додека дргиот два месеца.

Свет | пред 6 години

Katerina-Kocevska

Актерката Катерина Коцевска е в.д. директор на Драмски театар

Актерката Катерина Коцевска е новата вршителка на должност директор на Драмски театар Скопје, објави СДК.мк. Коцевска е именувана за в.д. директорка на Драмски на местото на драматургот Викторија Рангелова – Петровска, која минатата недела поднесе оставка откако премиерот Зоран Заев на 17 јули препорача нејзино разрешување.Коцевска е член на ансамблот на Драмски од 1983 година. Има играно во голем број претстави како „Хај-Фај“ ,„Тетовирани души“, „Салома“, „Викенд на мртовци“, „Закопаното дете “, „ Р“, „Дантоновата смрт“, „Собирен центар“, „ Медеја“, „ Чија си“ , „Балкон“, „Стапица“, „ Чернодрински се враќа дома“, „Како да ја убиеш сопругата“, „Брачна игра“, „ Хамлет“. Коцевска има одиграно многу главни улоги во ТВ-сериии и ТВ- филмови, како и во неколку филмови. Авторка е на драмски текстови, од кои два „Нашиот непрежален“ и „Љубовници“ се поставени во нејзина режија.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Филипче: Нема отстапување од одлуката невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка

Во однос на вакцинацијата имаме одлични резултати, како никогаш досега. Над 99 отсто е опфатот со вакцинација во Град Скопје, а над 95 отсто на територија на целата држава. Ова денеска го соопшти министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Поликлиниката Чаир.Одговарајќи на новинарско прашање, Филипче информира дека од изминатата недела има вкупно пет деца заболени од морбили, сите се невакцинирани. Четири од децата се од Скопје, а едно од Куманово.Министерот за здравство вели дека нема ретерирање и остануваат на ставот невакцинирани деца да не ги примаат во училиште и градинка.По неофицијалните информации дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки, но и  засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а после тоа и казни за тие што не ја почитуваат одлуката. 

Македонија | пред 6 години

laslo

На местото од Хан ќе седне поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Орбан - Ласло Трочањи

Ласло Трочањи, поранешниот министер за правда во владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лaјен, јави дописничката на МИА од Брисел. Европскиот Парламент допрва треба да ја потврди оваа номинација.Урсула фон дер Лајен денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Еврокомисијата. Кандидатите ќе бидат сослушани од страна на европратениците во наредните недели.Претстои списокот да биде објавен во Службениот весник на ЕУ. Со тоа процедурата преминува во Европскиот парламент, каде ќе се гласа за номинираните еврокомесари, кои би требало да стапат на должност на 1 ноември со мандат до 31 октомври 2024 година.Идни еврокомесари ќе бидат: Јоханес Хан (Австрија), Дидие Рејндерс (Белгија), Марија Габриел (Бугарија), Дубравка Шуица (Хрватска), Стела Кириакидис (Кипар), Вера Јурова (Чешка), Маргрете Вестагер (Данска), Кадри Симсон (Естонија), Јута Урпилајнен (Финска),Силви Гулар (Франција), Маргаритис Схинас (Грција), Ласло Трочањи (Унгарија), Фил Хоган (Ирска), Паоло Џентилони (Италија), Валдис Домбровскис (Летонија), Виргиниус Синкјавичјус (Литванија), Никола Шмит (Луксембург), Хелена Дали (Малта), Франс Тимерманс (Холандија), Јануш Војчеховски (Полска), Елиза Фереира (Португалија), Рована Плумб (Романија), Марош Шефчович (Словачка), Јанез Ленарчич (Словенија), Жилва Јохансон (Шведска), Жозеп Борел (Шпанија), предложен претходно од ЕУ за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.Во новата Европска комисија ќе има 13 жени и 14 мажи, меѓу кои осуммина досегашни еврокомесари.извор: МИА

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Хаљими: Ги подобруваме условите во образованието

Општинската власт во соработка со Град Скопје продолжува посветено да работи со цел реализација на значајни проекти во општина Чаир.Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и градоначалникот Петре Шилегов континуирано вложува и во образованието и обезбедува подобри просторни и други услови за изведување на наставата и на воншколски активности.Имено, средното училиште „Цветан Димов“ во Чаир сега има нова, енергетски ефикасна фасада со специфичен визуелен и естетски стил, истакна Абдурахман Хаљими, член на ИО на ОО СДСМ Чаир.Фасадата е изработена од алуминиумски композитни панели во боја и соодветна подлога во согласност со најсовремените светски стандарди за противпожарна заштита, енергетска ефикасност и подобрена термичка и звучна изолација.Покрај овој проект, во нашата општина се работеше и на обновување на патната инфраструктура. Во таа насока е и  реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-пазар, која што неодамна заврши. Градежните активности се изведуваа со засилено темпo, булеварот се асфалтираше непрекинато и во вечерните часови со цел брзо и рекордно завршување на градежните работи.Реконструкцијата на булеварот Крсте Мисирков е од значење за голем број граѓани, а особено за граѓаните на општина Чаир. Подобрувањето на патната инфраструктура е елементарна потреба и во полза на нашето квалитетно движење и подобрување на условите за живот. Заедно со граѓаните продолжуваме кон реализација на проекти кои се од значење за целото од општество, истакна Абдурахман Хаљими, член на ИО на ОО СДСМ Чаир.

Македонија | пред 6 години

filip-9

Охрид преку „DMC Balkans Travel & Events“, промовиран на двата најголеми саеми за туризам на Далечниот исток

Охрид и Македонија и туристичките потенцијали на регионов, деновиве се промовираат на далечниот исток. На еден од најголемите саеми за туризам кој деновиве се одржува во Малезија, туристичката агенција „„DMC Balkans Travel & Events“, од Охрид дел од светската туристичка елита која на далечниот исток ги преставува туристичките потенцијали на Македонија и Охрид.„Мата Саемот“ се одржува на површина од речиси 30 000 метри квадратни во пет хали во Куала Лумпур, а годишно го посетуваат повеќе од 100 000 посетители.„„DMC Balkans Travel & Events“, исто така деновиве е едел и од „Травел Март“ саемот во Џакарта на кој се промовира инкоминг туризамот.Инаку Агенција „DMC Balkans Travel & Events“, на Меѓународната туристичка манифестација „World Travel Awards 2019“,  што се одржа на 8 јуни на островот „Мадеира“, е прогласена за најдобар тур оператор.Филип Стефаноски со тимот од туроператорот DMC Balkans кои  работат  на рецептивен туризам, уште еднаш покажаа дека „DMC Balkans Travel & Events“, точно знаат што му треба на Охрид и како да го претстави нашиот град. Ова е второ признание од глобалната манифестација „World Travel Awards“, што значи дека „DMC Balkans Travel & Events“, станува препознатилива агенција во светски рамки со докажан квалитет и реализација на ветувањата за туристите во целост.Инаку „World Travel Awards“веќе 26 години ги идентификува најдобрите претставници од областа на туризмот и го наградува нивниот квалитет и успех во работењето.  

Македонија | пред 6 години

vrhoven-sud

Цветанка Периќ е нов врховен судија

Апелационата судијка од организиран криминал Цветанка Периќ е избрана за судија во Врховниот суд. Периќ е ново име во кривичниот оддел во Врховниот суд, каде над 5 години воопшто не е биран судија.Периќ имала најмногу бодови на листата од четири пријавени кандидати и е едногласно избрана од членовите на Судскиот совет.Судијката Периќ доаѓа од Апелацискиот суд во Скопје.

Македонија | пред 6 години

sjo

СЈО не ги дава предметите без допис од Јовески

Во врска со актуелните случувања сакаме да ја информираме јавноста дека сѐ уште немаме добиено писмен допис од страна на Јавното обвинителство на РСМ за да можеме да известиме дали и како ќе се постапува со предметите на ова Јавно обвинителство, се вели во соопштението од СЈО.Воедно, во оваа прилика сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата загриженост поради фактот што до овој момент ниту е избран јавен обвинител кој ќе ја замени Катица Јанева, ниту пак е донесено ново законско решение со кое што ќе се регулира статусот на ова Јавно обвинителство. Потсетуваме дека мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата. Отсуството на регулатива за тоа што ќе се случува со вработените, тековните обврски, архивата и материјалите со кои располага Обвинителството, во ситуација кога нема раководно лице на институцијата, ќе доведе до реални проблеми во остварувањето на правата од работен однос на вработените лица и намирување на обврските на институцијата, а воедно ќе отсуствува и контрола на спроведувањето на безбедносните процедури поврзани со сите материјали со кои располага Обвинителството.

Македонија | пред 6 години

FullSizeRender-10-09-19-12-41

Божиновски: Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката

За СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, за жал децата не се најголема грижа. Локалната власт предводена од СДСМ и Георгиески ниту работи посветено, ниту одговорно за подобрување на условите за згрижување и воспитување на децата во градинките. До каде е изградбата на нова градинка на просторот кај постоечкиот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ - Централна градинка, запраша на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.Ниту се зголеми капацитетот на градинката, ниту се реши проблемот со преголемиот број деца во групите и долгите листи на чекање за упис. Георгиески и директорката да одговорат до каде е реконструкцијата на покривите во објектите „Лихнида” и „Росица“?Ништо не е направено за подобрување на квалитетот на инвентарот во сите објекти од градинката. Кога директорката планира да го реши проблемот со недостиг на стручен кадар?Кажете барем едно реконструирано детско игралиште во дворовите на сите објекти од градинката или пак на постоечките детски игралишта во населбите?Доколку СДСМ и Георгиески навистина се грижеа за децата немаше да скратат 16.300.000 денари за капитални инвестиции и да остават средства само за санација, која впрочем ја нема,  наместо надградба на објектот Централна. Со СДСМ и Георгиески нема доградба на постоечките детски градинки и нови фасади на детските градинки.СДСМ и Георгиески не водат грижа за најмладата категорија на граѓани, истакна Перчо Божиновски, портпарол на ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

pajak-11

Отстранети 221 непрописно паркирано возило од јавните површини

Во текот на изминатата недела (02.09 - 08.09.2019 година) со специјалните возила пајак се подигнати 221 возило од јавните површини.  Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 45 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 176 возила се по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, на велосипедска патека, на пешачки премин, на тротоар, на зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 343 возила поради нерегулирано паркирање, поточно, за неплатена паркинг-услуга. Од нив, вкупно 45 се отстранети со пајак-службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка. 

Скопје | пред 6 години

Foto-4-1

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во земјава

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Џанг Ѕуо, новоименуван амбасадор на Народна Република Кина во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски рече дека досегашната соработка меѓу Република Северна  Македонија и Народна Република Кина е успешна, пријателска, со континуитет на размена на посети на високо ниво и конструктивен политички дијалог. „Особено би сакал да ја издвојам соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, чија рамка дава големи можности за проширување и за продлабочување на соработката. За нас, покрај соработката во рамките на „Процесот за соработка 17+1“, од исклучителна важност е и билатералната економска соработка која на задоволство и во заемен интерес на двете држави е исклучително интензивна и успешна“, изјави Претседателот на церемонијата на предавање акредитиви. Претседателот Пендаровски го поздрави значајниот настан што ќе се одржи во нашата земја во ноември оваа година ‒ Културниот форум за земјите од „Процесот на соработка  17+1“ и упати честитки по повод одбележувањето на 70-годишнината од постоењето на Народна Република Кина со желби за натамошен просперитет и за благосостојба на пријателскиот кинески народ. Амбасадорот Џанг Ѕуо рече дека традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Македонија е длабоко и дека Кина придава големо значење на развојот на односите со Република Северна Македонија. „Од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите земји, двете држави одржуваат блиска размена на посети на високо ниво, силна политичка меѓусебна доверба и сеопфатен развој во соработката во областа на економијата, трговијата, културната размена, образованието, науката и технологијата, како и во инфраструктурата, а сето тоа резултира со материјални придобивки за луѓето од нашите земји, истакна кинескиот амбасадор. Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Македонија | пред 6 години

investicii

По најдобрата година, најслабо полугодие за странски инвестиции

Во мај и во јуни годинава странските инвестиции се во минус од 13 милиони евра, односно толку биле повлечени од Македонија. Лани во земјава влегоа рекордни 624 милиони евра странски инвестиции, а во првите шест месеци од годинава има само 55,6 милиони евра, што е најслаб резултат во изминатата деценија, анализира Слободна Европа.-Во првата половина од годинава во Македонија влегле само 55,6 милиони евра странски директни инвестиции, што е најслабо прво полугодие во изминатата деценија. Минатата година, пак беше најдобрата година за привлекување странски инвестиции и во првото полугодие од 2018 година влегле скоро шест пати повеќе пари отколку годинава, односно 312 милиони евра, објави порталот.Слободна Европа: Што се случи? Како по најдобрата година веднаш уследи најслабата година во привлекувањето инвестиции?Опозицијата критикува за неспособност, власта вели дека инвестиции има, ама методологијата на Народната банка дава некомплетна слика. Бизнисмените, пак, велат дека странските инвеститори бараат владеење на правото за да имаат сигурност на вложените пари, а Македонија не може да се пофали на таа тема.Во владата велат дека од почетокот на мандатот со реализација започнаа 20 проекти на странски компании во и надвор од технолошко индустриските развојни зони, а шест од нив веќе почнаа со работа и вработуваат 1100 луѓе. Кога ќе почнат со работа и другите, ќе се вработат над 5000 луѓе. Владата останува посветена на привлекување на реномирани светски познати и квалитетни странски компании, велат тие.Целата вест прочитајте ја на Слободна Европа

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Јапонски министер најави дека радиоактивна вода од Фукушима може да влезе во океанот

Јапонија ќе мора да ја фрла радиоактивната вода од уништената нуклеарна централа во Фукушима во Тихи Океан бидејќи нема веќе каде да ја складира, изјави министерот за животна средина Јошијаки Харада.Откако во 2011-та година нуклеарната централа ја погодиле земјотрес и цунами, компанијата TEPCO повеќе од милион тони контаминирана вода која се користела во разладените цевки ја собрале во специјализирано складиште, но сега објавиле дека до 2022-та година ќе снема простор за складирање на истата.„Единствената опција ќе биде да се испушти во морињата“ - изјавил Јошики Харада на конференцијата за новинари.

Свет | пред 6 години

sumaher

Шумахер пренесен во клиника во Париз на третман со матични клетки

Легендарниот Формула 1 пилот не е виден во јавноста од трагичната скијачка несреќа пред пет години. Францускиот весник Le Parisien  објави дека тој сега ќе прима терапија со матични клетки од врвен кардиоваскуларен хирург.Според  весникот Шумахер бил префрлен од Швајцарија во Париз за дводневна терапија во болницата „Жорџ Помпиду“.Инаку Михаил Шумахер пред пет години доживеа тешка несреќа на скијање и доби сериозни повреди на главата. Оттогаш многу малку се знае за здравствената состојба на најуспешниот возач во историјата на Формула 1. И оние малку информации што „протекоа“ низ годините шпекулираат дека состојбата му е лоша, дека не може да се движи, ни да зборува. 

Магазин | пред 6 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

ВМРО ДПМНЕ: Крокодилските солзи на милионерчето Шилегов за скопската пожарна се лажни, еве ја вистината

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје испрати соопштение во кое се вели:Во интерес на вистината и фактите, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје го истакнува следново:Навистина е дрзок и безобразен обидот на Петре Шилегов на грбот на пожарникарите да печали политички поени и да ги вплеткува во дневна политичка пресметка.Неговите крокодилски солзи за пожарникарите се лажни.Додека милионерчето Шилегов од неговата хациенда во Маврово пишуваше статус за тоа што направил за пожарникарите во Скопје, изнесе куп лаги и манипулации, а вистината е следна:За време на мандатот на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2017 година,пожарникарите го добија своето место со измена на законот за пожарникарство ,со што се стекнаа со назив професионален пожарникар спасител и влегоа во групата на овластени службени лица од областа на безбедноста.Исто така со потпишаниот колективен договор на ниво на Град Скопје, беа загарантирани сите социјални стекнати права на вработените во Бригадата, a за разлика од ова, Шилегов формираше паралелен синдикат со кој да внесе раздор и неединство помеѓу пожарникарите со цел да се обезвреднат докажаните професионални кадриОпремата со која Шилегов се фалеше е набавена во време на ВМРО-ДПМНЕ. Опрема (80 комплети) за гасење пожар, последен пат се набавени во 2009 година. Работна униформа е купена во 2014 година. Возилата, без оние 2 кои се донација од Владата во 2007 година, се е купено во 2005 година.А во периодот од 2009- 2017 година е сработено следново:Набавено специјално навално противпожарно возило МАН со средства обезбедени само од Градот Скопје, и за жал се уште е единственото вакво противпожарно возило во Република Македонија;4 специјални противпожарни возила ДАФ од владата на Република Македонија во соработка со Градот Скопје;1 специјално шумско противпожарно возило БРЕМАЧ и 1 специјално противпожарно возило ТОЈОТА од владата на Република Македонија во соработка со Градот Скопје;1 Командно возило Дачија Дастер и неколку теренски возила Лада Нива;2 моторни професионални чамци со комплет опрема за спасување на вода;Изградена нова кула за тренинг и обука на пожарникарите за спасување од височина;Набавен симулатор за пламени удари за обука на пожарникарите во реални услови;Набавка на нова најсовремена дигитална телекомуникациска опрема тетра и истата е компактабилна со МВР за полесна комуникација на цела територија во Република Македонија;Набавка на разгласен систем;Набавена 90 комплета на професионална заштитана опрема за пожари во урбана средина и 240 комплета за шумски пожари;Набавена работна униформа 280 парчиња;Набавени во неколку наврати зимски и летни чизми за сите вработени;За првпат беа набавени и професионални противпожарни чизми за шумски пожари на сите вработени;Набавени ПП рачни апарати, специјални метли и грбни пумпи за гасење на пожари на отворен простор;Набавени 250 парчиња лична опрема за заштита од дожд;Во 2017 година изграден е за првпат после 35 години нов најсовремен противпожарен центар во Ѓорче Петров, како и после повеќе од 30 години експлотација за прв пат Комплетно реновирани (санитарни јазли, канцеларии, кујни, мебел, душеци и постелнина во сместувачките капацитети, информатичка опрема, клима уреди, ПВЦ прозори и врати итн) се останатите подцентри Тафталиџе, Битпазар, Драчево и Автокоманда со што се подобрени условите за вработените во единицата.Заменети се противпожарните врати на гаражите во центар Автокоманда, подцентар Тафталиџе и подцентар Битпазар;Набавка на 6 професионални пумпи за вадење на вода, 4 со голем капацитет од 9.000м3 во минута и 2 специјални противпожарни пумпи;Набавени 3 сета на хидрауличен алат за интервенции од сообраќајни незгоди од кој едниот е единствен батериски преносен алат во државата,За првпат набавена и единствена во Р. Македонија професионална противпожарна Термо камера за пребарување и спасување од зачаден простор;Набавка на 250 професионални противпожарни шлемови и подкапи со батериски ламби за секој вработен;Обезбедена донација од европски проект за обука на пожарникарите од радициона, хемиска, биолошка и нуклеарна заштита во вредност од 82.000.00 евра;Набавена професионална фитнес опрема (теретана) за вежбање на пожарникарите, кои беа физички подготвувани од професор по физичка култура кој Шилегов го избрка од работа;Кадровски беше зајакната единицата со вработување на 55 нови пожарникари;Обезбедена е донација на противпожарна опрема од збратимениот град Нирнберг,СР Германија. Станува збор за 120 изолациони апарати за дишење (DREGER) на нормален притисок, 100 маски за дишење (AUER3S), 30 изолациони апарати за дишење (DREGER PA 94), 80 композитни шишиња од 6,9 литри на 300 бари, 450 челични шишиња за притисок од 300 бари, како и 300 звучни апарати за предупредување опасност од смрт;На 26 јануари 2017 со одлука на советот на Град Скопје донесена е одлука за набавка на 2 специјални противпожарни возила и истата постапка беше веднаш прекината со доаѓањето на Шилегов за градоначалник, а досега ќе беа набавени и во функција за граѓаните. На истата таа седница советот донесе и одлука за набавка на 25 изолациони дишни апарати со кои сега Шилегов се удира во гради.2 години Шилегов, 2 години лаги, криминал и неспособност.И за на крај, наместо мудрување, Шилегов нека се откаже од удобствата за набавка на нови службени возила и Владата од милионската набавка на цвеќиња и екибани, и со истите средства нека ги пошумат опожарените места.Дури и милионерчето Шилегов ќе се согласи дека средствата за доопремување на пожарната се минорни во споредба со откажувањето на набавка на нови службени коли и милионските цветни аранжмани на владата. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа, итно пренесен во болница

На 09.09.2019 во 16.20 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.С.(19) од с.Седларе, тетовско, удрил во пешакот Џ.Х.(46) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Х., по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

motor

Моторциклист тешко повреден откако изгубил контрола и паднал на коловозот

На 09.09.2019 во 12.00 часот  на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, Џ.Х.(39) од Кичево, управувајќи мотоцикл „фости“ без регистраски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај малолетници во градски парк полицијата пронашла марихуана

На 09.09.2019 во 20.45 часот полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк, кај тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години пронашле марихуана. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Продолжениов викенд полицијата со полни раце работа, еве што регистрираа по скопските сообраќајници

Во текот на изминатите денови (06,07,08 и 09.09.2019) на подрачјето на СВР Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 109 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 76 возачи од кои: 15 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 53 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и осум возачи-почетници кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 65 возила, бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, еден возач поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување, 28 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, седум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 126 мандатни платни налози и 105 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 19 годишно момче и малолетничка полицијата пронашла марихуана

На 09.09.2019 во 00.40 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Веле Марков“, кај Т.Д.(19) и 16 - годишна малолетничка од Скопје пронашле марихуана. Се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Кај скопјанец полицијата пронашла марихуана

На 09.09.2019 во 22.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, на ул.„Босна и Херцеговина“, го привеле А.М.(28) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

lisici

Приведена хрватица поради пречекорен престој во земјава

На 09.09.2019 во 11.00 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“,  поради пречекорен престој во РС Македонија била приведена Ј.В.(46) од Р.Хрватска и била предадена на полициски службеници за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведен албански државјанин поради пречекорен престој во земјава

На 09.09.2019 во 10.00 часот во Полициското одделение Теарце, поради пречекорен  престој во РС Македонија, бил приведен Е.Е.(27) од Р.Албанија. Од Основен Суд Тетово му била изречена прекршочна санкција- опомена  и мерка протерување на странец од земјата со забрана за влез во времетраење од два месеци.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај 44 годишен маж пронајдена прашкаста материја

На 09.09.2019 во 20.50 часот полициски службеници од СВР Скопје, во с.Грчец го привеле Ј.М.(44) од Скопје. затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања