Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

marihuana2

Приведени две лица, полицијата им пронашла марихуана

На 09.09.2019 во 15.00 часот полициски службеници од СВР Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, ги лишиле од слобода Е.А.(30) и Т.А.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

gru

Несреќата во која со кајтбординг почина српскиот рапер Гру, случајно снимена со телефон

Познатиот српски рапер Далибор Андонов Гру вчера загина во спортска несреќа кај Земун. На „Фејсбук“ е споделено видео за кое се верува дека ја прикажува несреќата и последните моменти на раперот.https://www.facebook.com/585174541/videos/10156730401829542/?id=585174541

Свет | пред 6 години

dzek-ma

Милијардерот Џек Ма, официјално се пензионира

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Алибаба. Тој заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари.Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на Алибаба, Данијел Чанг.Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде се наоѓа седиштето на Алибаба.Ма во 2014 година ја формираше Џек Ма фондацијата, истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. 

Магазин | пред 6 години

parlament

Британскиот парламент го отфрли предлогот на премиерот Џонсон за распишување избори

Британската влада и официјално го суспендираше парламентот во следните пет недели. Претходно законодавниот дом ја отфрли иницијативата на премиерот Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори во земјата.Со 293 гласа „за“ што е далеку од потребното двотретинско мнозинство од 650-те пратеници на долниот дом на британскиот парламент за распишување општи избори, претениците вторпат во пет дена ги одбија предлогот на премиерот Борис Џонсон кој сакаше да ги повика гласачите на избори на избирачките места на 15-ти октомври. Џонсон смета дека може да го поврати загубеното мнозинство во парламентот на неговата Конзервативна партија и да го спроведе своето ветување за брегзит на 31-октомври, со или без договор со ЕУ.Премиерот пред гласањето истакна дека нема да бара „ново одложување“ на брегизитот предвиден за 31-ви октомври, и покрај законот кои во таа смисла го донесе парламентот и кој во понеделникот стапи на сила откако го одобри кралицата Елизабета Втора. Џонсон не кажа кои чекори ќе ги преземе натаму, дали ќе се обрати до судот, ќе поднесе оставка или ќе стори нешто трето.

Свет | пред 6 години

59730703_821394864910090_5082445714315804672_n

Општина Аеродром: Детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета

Општина Аеродром ја известува јавноста дека се апсолутно невистинити информациите што се шират деновиве на дел од социјалните мрежи за наводно вцртување згради во зеленилото во деталниот урбанистички план за Ново Лисиче.Најостро го осудуваме обидот да се дискредитира локалната власт и апелираме до граѓаните да не наседнуваат на лажните вести и некои петиции што неосновано се покренуваат.Во планотза Ново Лисиче ЈИ02 што е посочен во лажните вести е вцртаноД1, односно парковско зеленило и не постојат ниту се предвидени згради на таа локација.Очигледно, станува збор за ширење дезинформации што може да ги доведатграѓаните во заблуда.Општина Аеродром работи транспарентно и новите детални урбанистички планови ги изработува спореднајвисоки стандарди и во консултација со граѓаните.Затоа, ги посочуваме граѓаните и самите изворно да гипровератинформациите задеталните урбанистички плановина официјалната општинска интернет-страница, каде штојасно може да се види дека детската улица „Тоше Проески“ останува непроменета.Имено, на општинската интернет-страница www.aerodrom.gov.mk треба да се кликне на банерот за ГИС (Географски информациски систем на Општина Аеродром за граѓани). Кога ќе се отвори ГИС-от, треба да се кликне на третото копче лоцирано на горниот лев агол. Потоа се штиклираат полињата „ДУП“ и „Синтезен“ при што се отвора детален преглед на сите ДУП-ови за целата територија на Општина Аеродром.Напоменуваме дека ГИС-от е најмеродавен извор на ажурирани информации за деталните урбанистички планови на глобално ниво.

Скопје | пред 6 години

0

Трајковски со искуство од Првата лига слета на КБ АЛБЕС

Кошаркарскиот клуб АЛБЕС ве запознава со најновото засилување. Станува збор за експлозивниот кошаркар Стефан Трајковски, кој негова специалност му се пробивот во зона, и прецизните шутеви  од далечина.Трајковски, покрај сензационалната кариера во нашите екипи, доаѓа во КБ АЛБЕС и со своето меѓународно искуство, каде беше дел од неколку екипи, додека лани беше меѓу најдобрите кошаркари во втората лига, каде му помогна на КК Карпош Соколин да влезе во плеј-оф натпревари.

Спорт | пред 6 години

policija-holandija

Во Холандија, полицаец си го убил семејството и се самоубилo

Холандската полиција соопшти дека во градот Дордехт дошло до пукање во семејна куќа , при што се убиени три лица. Полицијата  објави и дека едно лице е тешко повредено. Според медиумите , околу 17.30 часот на местото на трагедијата пристигнале полициски хелкоптери и возила на итна помош.Холандскиот портал Телеграф дознава дека станува збор за семејна драма во која полицаец пукал кон членовите на семејството и на крајот си го одзел животот. Тие додаваат дека овие информации ги потврдил извор близок до истрагата.Според првичните информации полицијата била повикана поради две исчезнати деца, кои подоцна биле лоцирани. Не се знае дали тие биле поврзани со пукањето. Инцидентот се случил во мирна населба.Според други  холандски медиуми  кои се повикуваат на извори од соседите,  тројцата загинати се полицаец, кој пукал кон неговото семејство и на крајот се самоубил.  Додаваат дека неговата сопруга и мајката на децата била сериозно повредена.Полицијата потврди дека тројцата биле мртви, но не соопшти дали се деца.

Свет | пред 6 години

dui

ДУИ: Институциите да постапуваат според закон, секој сноси индивидуална одговорност

„Владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој. Цениме дека Судскиот совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти. Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување, како и за своите одлуки и никој не е над законот“, се вели во соопштението на Демократската Унија за Интеграција во денешното соопштение.ДУИ, како што се додава, се дистанцира од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот и сметаме дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг и тоа преставува наш апсолутен приоритет.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров во работна посета на Брисел и Берлин

По вчерашните средби и активности во Париз, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска и утре е во работна посета на Брисел, од каде ќе замине за Берлин.Во фокусот и на овие средби, како што соопшти МНР, во клучниот период за европската иднина на Северна Македонија ќе бидат изгледите и чекорите кои се прават за позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври годинава.Во Брисел е предвидено министерот Димитров да учествува на работен состанок со амбасадорите на земјите-членки при Европската унија (КОРЕПЕР), на кој ќе ги претстави тековните активности на земјата во пресрет на Советот, ќе потсети на севкупните постигнувања на земјата во изминатиот период и ќе побара носење на одлука за почеток на пристапните преговори.Димитров ќе учествува и на настан организиран од страна на German Marshall Fund во Брисел посветен на патот на Република Северна Македонија кон европската и евроатлантската интеграција. Ќе се сретне и со високи претставници на европските институции, меѓу кои и еврокомесарот Јоханес Хан, а ќе присуствува и на приемот по повод Денот на независноста -8 Септември, кој го организираат дипломатско конзуларни претставништва на Република Северна Македонија во Брисел.Во Берлин, пак, како што е најавено, предвидени се низа работни средби, меѓу кои и со шефот на германската дипломатија Хајко Мас, државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот и со други владини претставници, како и со повеќе пратеници од Бундестагот, со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел и други релевантни соговорници. За време на посетата, планирано е и учество на министерот Димитров на работен појадок организиран од страна на Фондацијата „Körber“.

Македонија | пред 6 години

pozarna

Ќуќата во Бутел изгоре до темел, за среќа нема повредени лица

Куќа во скопската населба Бутел синоќа изгоре до темел во пожарот, што избувна вечерта. Причинета е голема материјална штета. Куќата била напуштена и во пожарот нема повредени лица. Од Територијална противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот избувнал во 20 часот и 30 минути во куќа на ул. „Марко Крале“. Интеренирано е со четири возила и 11 пожарникари. Пожарот е изгаснат во утринските часови. 

Скопје | пред 6 години

ambasada

Српската амбасадорка во Загреб одби да прими протестна нота од Хрватска

Хрватското Министерство за надворешни работи соопшти дека ја повикале српската амбасадорка Мира Николиќ за да изразат протест поради обидот за ненајавено и незаконско влегување на припадници на српската армија во таа држава Според хрватски медиуми, амбасадорката одбила да ја прими протестната нота.Хрватската страна го осуди обидот да влезат припадници на српската армија „без знаење и согласност од хрватските власти и без да се следи пропишаната постапка за најава“, како и дека Министерството изразило протест и настанот го смета за провокација со цел да се испровоцира инцидент. „Ова е уште една потврда дека Србија не е подготвена да се соочи со сопственото минато и одговорност за војните во 90-тите години“, се вели во соопштението на хрватското Министерство. Кадети од Воената академија заминаа за Хрватска во саботата со намера да присуствуваат на богослужба за жртвите во Јасеновац, но беа вратени од преминот Батровци – Бајаково.Делегацијата беше запрена и претресена.Хрватскиот премиер Андреј Планковиќ рече дека станува збор за „ненајавено, непријавено и неодговорно пристигнување за престој во областа Јасеновац“, односно провокација.Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека полициската станица во Новска била известена многу порано за посетата на делегацијата на српската армија.

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Палмер: Уверен сум дека Северна Македонија наскоро ќе влезе во НАТО

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека е уверен дека Северна Македонија наскоро ќе стане 30 членка на НАТО, објави slobodnaevropa.mк.„Останаа извесен број членки кои треба да го ратификуваат протоколот за пристапување, вклучувајќи ги и САД. Тоа бара интерна процедура во Сенатот и се надеваме дека се ќе биде завршено до декември. Доколку тоа не се случи, тогаш ќе одредиме некој друг датум за неколку месеци“, рече Палмер во интервју за Радиотелевизија Црна Гора. Тој оцени и дека Русија сака регион заснован врз нереди и недоверба. „Западен Балкан го гледаме како член на семејството на западни земји, интегрирани во евроатлантските институции, како земји со кои се соработува врз основа на правила и норми. Русите покажаа дека сакаат регион заснован врз нереди и на недоверба. Мислам дека тоа најјасно го видовме во Црна Гора кога Русите го поддржаа државниот удар во 2016 година за да се спречи земјата да влезе во НАТО“, рече Палмер, додавајќи: „Мислам дека Русите не завршија со настојувањата да прават проблеми во Црна Гора и на Западен Балкан“.

Македонија | пред 6 години

gorat

Бугарите бараат одговорност за запаленото бугарско знаме во Мелбурн

Бугарските власти ќе бараат одговорност за запаленото бугарско знаме за време на протестот на македонската дијаспора пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија. По наредба на вицепремиерот на Бугарија Екатерина Захариева, привремениот шеф на бугарската амбасада во Австралија, Питер Николаев, побарал средба во Министерството за надворешни работи и трговија, објави Министерството за надворешни работи на својата страница на Фејсбук, пренесоа медиумите од Бугарија.За потсетување група македонски иселеници на протестите против промената на името и Преспанскиот договор пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија, запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска. На протестите се извикуваа „Никогаш северна, само Македонија”.

Свет | пред 6 години

atina-la-manz

На денешен ден пред 50 години охридскиот делфин, Атина Бојаџи го преплива Ламанш

Најславната македонска пливачка, охриѓанката Атина Бојаџи, на денешен ден во 1969 година, го преплива каналот Ламанш. Со овој голем подвиг, таа остана засекогаш запаметена како една од првите жени во светот што го преплива каналот. Таа за своите успеси го добила прекарот охридскиот делфин.Патеката долга 50 километри, Бојаџи ја преплива за 13 часа и 20 минути. Нејзиниот успех шест години подоцна е овековечен во филмот „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога.За дочекот во родниот Охрид, Атина Бојаџи изјавила:„Дочекот беше прекрасен, од селото Косел до плоштадот во центарот на Охрид имаше колони од луѓе. Јас седната во кабриолет во таа гужва го слушав гласот на син ми кој во плач викаше: “Мајко, кои се овие луѓе, што е ова?“. Јас навистина до ден денес нема да го заборавам тој дочек, беа излезени речиси сите охриѓани.“Потоа пливачката кариера ја заменила со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена звезда“, а потоа и во спортскиот центар во Лос Анџелес, САД. Кон крајот на 1991 се вратила во Сараево, каде ја затекнала воената опсада на градот. Со помош на пријатели успеала да го напушти својот стан. Заедно со себе ги зела сите освоени пехари, сведоштвото на нејзиниот успех. По враќањето во Македонија била вклучена во организационите тела на Охридскиот пливачки маратон.Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весникот Утрински весник ја прогласува за спортист на векот. Во нејзина чест, спортскиот комплекс кај Билјанини Извори во Охрид го носи нејзиното име.Починала во Скопје по кратко боледување на 28 декември 2010 година..

Магазин | пред 6 години

gori-kuka

(Видео) Гори куќа во Бутел, ЕВН исклучува струја низ цела населба

Вистинска драма вечерва се одвива во скопски Бутел, каде гори куќа, дознава 24 Инфо.На терен се две возила на противпожарната бригада, како и тимови на ЕВН кои ја исклучуваат струјата низ населбата. Пожарникарите се борат да го локализираат пожарот за да не се прошири на соседните куќи. Противпожарната служба побарала и засилување од две нови возила.

Скопје | пред 6 години

pozar-bitola

(ВИДЕО) Голем пожар во битолската Стара чаршија - уништени неколку објекти, за среќа нема повредени

Порталот „Бабам Битола“ објави фотографии и видеа од пожар во старата битолска чаршија.Пожарот избил околу 13 часот во Старата битолска чаршија и истиот бил локализиран после скоро 3 часа. Од битолската пожарна велат дека за малку била избегната катастрофа, бидејќи во овој дел има низа од 15-тина дуќани кои што се еден до друг. Пожарот го гаснеле три возила со 12 пожарникари, а помагале и сопствениците и вработените во околните дуќани се со цел истиот да не се прошири.Во пожарот нема повредени, а истрагата треба да покаже кои се причините за настанувањето на истиот во напуштениот објект кој зафати и други дуќани.

Македонија | пред 6 години

dimitrov

Димитров од Париз : Имаме голема шанса за заеднички успех во октомври

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Париз се сретна со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон, јавува дописникот на МИА.Во разговорите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разгледани се аспектите од билатералната соработка, како и заедничките стратешки определби за европска и евроатлантска интеграција на Северна Македонија и Регионот. Од наша страна, стои во соопштението, е истакнато дека добивањето позитивна одлука за Северна Македонија за отпочнување пристапни преговори со ЕУ е уважување и конкретно вреднување на очигледните резултати и постигнувања, а што истовремено ќе создаде нов импулс за нас, но и за целиот регион и за ЕУ.Слични пораки упати и на средбите со Салваторе Серавале, заменик генерален секретар во Секретаријатот за европски прашања при Владата на Франција и со Сенаторот Ален Ришар, а исто така и обраќајќи се до француската јавност, како и во контактите со реномираните медиуми, весниците Le Monde и Le Figaro, порачувајќи дека треба да се искористи оваа историска шанса, и во октомври Северна Македонија и ЕУ да го заокружат и забележат заеднички успех со одлука за отпочнување пристапни преговори со Унијата.извор: МИА

Македонија | пред 6 години

gorat

Владата го осуди инцидентот пред конзултатот во Мелбурн

Владата го осуди инцидентот пред конзулатот во Мелбурн при што група македонски иселеници запали грчко, албанско и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.„Ваквите дејствија го нарушуваат имиџот на земјата, на македонскиот народ и на граѓаните на Северна Македонија во очите на демократската јавност. Говорот на омраза е одлика на едно минато и напуштено време на кое мнозинството од граѓаните во земјава и дијаспората се спротивставија и кое е неприфатливо за домашните и глобалните демократски стандарди“ – се вели во реакцијата на Владата. Според Владата, сите кои потпалуваат нетрпение и конфликти треба да одговараат пред надлежните институции, а чинот не е одлика на патриотизам, ниту пак слика за дијаспората, додаваат  од Владата.Инаку настанот се случи вчера, кога група иселеници протестираа пред конзулатот во Мелбурн против промена на името и против преспанскиот договор.

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен дебарчанец: Кршел и ги вознемирувал гостите...

На 08.09.2019 во 23,15 часот во Полициска станица Дебар бил приведен А.Р.(39) во Дебар поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во угостителски објект на улица“8-ми Септември“ во Дебар. Истиот ден во 22,30 часот полициски службеници излегле на местото на настанот постапувајќи по претходна пријава од Д.Ј.(28) од Дебар, и било констатирано дека во угостителскиот објект дошол А.Р. заедно со Б.К. при што почнал да крши и да ги вознемирува присутните лица, по што А.Р. бил физички нападнат од К.Р. Известен е јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.   

Македонија | пред 6 години

tepacka

Нападнат маж на улица, поради нарушени семејни односи

На 09.09.2019 околу 04,50 часот во Полициска станица Чаир, Р.Ѓ.(34) од Скопје, пријавила дека истиот ден околу 04,15 часот пред казино на улица,,Нов живот’’ физички бил нападнат нејзиниот син од Ф.Р.(27) од Скопје. Причина за физичкиот напад биле нарушени семејни односи.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

policija-3

Нападнат сопственик на гостилница, напаѓачите приведени

На 09.09.2019 околу 00,30ч. пријавено е дека во населбата Гоце Делчев во Куманово во гостилница физички бил нападнат сопственикот на објектот Т. Д.(49) од страна на Д. Н., А. Т., С. А. и А. Б., сите од Куманово. Напаѓачите се приведени во полициска станица, а на Т.Д. му била укажана лекарска помош во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Скопје | пред 6 години

devojka

17 годишна девојка нападната од момчето со кое била во врска

На 09.09.2019 во 04.30 часот  во СВР Скопје, пријавено е дека во с.Црешево,  физички била нападната 17 годишна девојка од страна на Т.Б.(21) од  с.Булачани со кого била во љубовна врска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Нерасчистени должничко доверителски односи, причина за тепачка на улица во Скопје

На 08.09.2019 во 22,30 часот во СВР Скопје ,П.А.(36) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 18,00 часот на булевар,,Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бил физички нападнат од К.С. поради нерасчистени должничко доверителски односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Битолчани се истепале во Охрид

На 08.09.2019 во 13,30 часот во СВР Охрид, Н.Б.(19) од Битола пријавил дека на улица,,Коста Абраш’’ бил физички нападнат од Е.В.(21) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tepacka-4

Тепачка во дискотека во Градски парк

На 08.09.2019 околу 03,30 часот во СВР Скопје во дискотека во градски парк-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.С.(28) и Б.П.(27) од една страна и А.В.(26), А.В. (25) и В.К. (20) од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања