Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Приведена девојка која во дискотека нападнала лице од обезбедувањето и полициски службеник

На 08.09.2019 во 05,45 часот во Полициска станица Карпош била приведена Т.Н.(24) од с.Стајковци,скопско, бидејќи околу 02,15 часот во дискотека во Скопје го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз лице од обезбедувањето, а при обид за нејзино легитимирање физички нападнала и полициски службеник. Т.Н. била во алкохолизирана состојба.По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Актуелно | пред 6 години

lovecka-puska

Ловџија во битолско застрелал маж „од невнимание“

На 08.09.2019 околу 22,30 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Габалавци,битолско на место викано „Бакици-нива“, Р.М.(38) од с.Габалавци заедно со Љ.Н.(56) и Г.А.(33) и двајцата од с.Логоварди,битолско се упатиле кон нива сопственост на Р.М. Љ.Н. со себе понел и ловечка пушка за која поседувал дозвола со цел лов на диви свињи. Кога стигнале на местото на настанот Г.А. останал во патничкото моторно возило во сопственост на Р.М.,додека Р.М. и Љ.Н. се упатиле кон нивата, при што околу 23,00 часот, според пријавеното, Љ.Н.  испукал кон Р.М., според пријавеното, од невнимание. Р.М. бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде му била укажана лекарска помош, а увид на местото на настанот извршила екипа од  СВР Битола.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

struga

Стружанец погоден од струен удар од диво поставени метални шипки

На 08.09.2019 во 22,40 часот во Полициска станица Струга, било пријавено дека на улица „Сергеј Есенин“ од струен удар бил погоден Е.А.(18) од Струга откако се допрел со раката до диво поставени метални шипки кои биле под напон, no истиот одбил да му се изврши лекарски преглед, појаснувајќи дека се чувствува добро и нема потреба од лекарска помош. Од полициски службеници е излезено на местото на настанот и констатирано е дека од страна на Е.А.(40) од Струга, сопственик на продавница за сувенири  има диво поставени метални шипки во земја кои допирале електричен кабел под  напон. Од екипа од ЕВН Струга отстранети се металните шипки.По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во двор од куќа Алфите во Скопје пронашле три поголеми пакувања со марихуана

На 08.09.2019 околу 12,00 часот во двор на куќа во Ѓорче Петров во Скопје полициски службеници од единицата Алфа пронашле три поголеми пакувања со марихуана и една дигитална вага. Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје превзема мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

slika-1-1

Николоски од Брисел: Mакедонските граѓани да не бидат казнети заради Заев, Македонија има европска иднина

Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија остваривме бројни средби, пред се со раководството на Европската Народна Партија, со претседателот на Европската Народна Партија, Жозеф Дол. Кои што ги информиравме за актуелните случувања во Македонија. Информиравме за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт.Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел.За истото ги информиравме и претсавниците на Европската Комисија со кои што имавме денес средби, а во текот на утрешниот ден и ќе ги информираме преставниците на Европскиот Парламент. Во Европскиот Парламент има нов состав, многу нови пратеници и ќе се обидеме со неколку од нив, со најзначајните од најзначајните земји да поразговараме утре.Иднината на Република Македонија е во ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ може да го постигне тоа, но за тоа треба Владата на Заев да замине час поскоро. И тука се обидуваме да ја добиеме поддршката во Брисел. Се надеваме дека европските народни партии како и останатите ќе застанат позади прогресот на Македонија.

Македонија | пред 6 години

slika

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на политичкото собрание на ЕПП во Брисел

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и меѓународниот секретар Влатко Ѓорчев учествуваат на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел. Собранието на ЕПП започна со извештај на претседателот Жозеф Дол за актуелниот избор на Европската комисија (ЕК), Брегзит актуелностите, како и политичките состојби во европските земји.Генералниот секретар на ЕПП, Антонио Лопез Истуриз особено се задржа на европските избори и политичката состојба во Шпанија.Во текот на Собранието на ЕПП, Николоски и Ѓорчев остварија поголем број на билатерални средби и контакти, запознавајќи ги соговорниците со актуелните состојби во Македонија.Собранието на ЕПП ќе продолжи утре, а претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат посебно обраќање. Воедно, ќе бидат остварени повеќе билатерални средби со преставници на Европската Комисија, пратеници од Европскиот Парламент каде главна тема ќе бидат актуелните состојби во Македонија, корупцијата во редовите на Владата, злоупотребите на власта, економското опустошување, како и барањето за предвремени избори, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

slice

МВР со претставки до ЗНМ, Советот за етика и АВМУ поради свесното дезинформирање на дел од медиумите за инцидентот во Волино

МВР испрати претставки до Здружението на новинари на Македонија, Советот за етика во медиумите и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги поради информирањето на одредени медиуми за инцидентот на фудбалскиот натпревар во село Волино.Во соопштението од МВР, стои дека претставката е поради очигледното свесно дезинформирање од одредени медиуми во врска со инцидентот и очекуваат новинарските организации да реагираат на ваквото непрофесионално постапување.-Се надеваме дека овие организации соодветно ќе реагираат на непрофесионалното, неетичко и очигледно свесно дезинформирачко постапување со цел поттикнување на омраза, насилство и нетрпеливост на неколку медиуми, иако уште од почетокот со усна информација, а потоа и по писмен пат и преку извадокот на дневни настани Министерството за внатрешни работи детално информираше за овој наста, се наведува во соопштението на МВР.

Македонија | пред 6 години

japonija-otkrien-nov-dinosaurus

Во Јапонија откриен нов вид диносаурус

Научниците од Универзитетот Хокаидо преку анализа на коски на диносаурус стар 72 милиони години, открија дека тој скелет припаѓал на нов вид од семејството хадаросауриди. Тоа е воедно и најголемиот скелет на диносурус досега пронајден во Јапонија.Првично при заедничкото ископување, кое во 2013 година го спровеле музејот „Хобетсу“ и универзитетскиот музеј во Хокаидо, бил најден само опашот на ова големо суштество. Но со дополнителните истражувања е откриен речиси целиот костур на диносаурусот. Според резултатите од анализата на научниците, станува збор за нов род и вид тревојаден хардосаурид диносаурус. Научниците диносурусот го нарекоа „Камуисаурус јапоникус“. Овој џиновски гуштер бил долг околу осум метри и тежел меѓу четири и 5,3 тони, во зависност од тоа дали одел на две или четири нозе.

Свет | пред 6 години

klima

Владата ќе субвенционира инвертер клими, ќе се започне со трите најзагадени градови Скопје, Тетово и Битола

Еден месец пред почетокот на грејната сезона, Владата најавува бесплатна замена на печките на дрва со инвертер клими. Иако оваа мерка премиерот ја најави пред две недели, уште не се знае колку пари ќе бидат издвоени, колку домаќинства ќе бидат опфатени и кој ќе ја финансира мерката. Според најавата на премиерот, печките со инвертер клима ќе можат да ги заменат само жителите во трите најзагадени градови во државава, Скопје, Тетово и Битола.Целта е да вратат што  повеќе пари  кај граѓаните, но и да  спречат  загадувањето на воздухот.Прво целта ни е да вратиме дел од исклучените 14,000 домаќинства  во системот на БЕГ. Таму каде што не е возможно тоа, каде граѓаните се греат на дрва, и каде што загадувањето е најголемо, значи не само во Скопје, туку и во другите градови, планираме да воведеме сет мерки за субвенционирање, изјави Митко Андреевски, претседател на Комисјата за енергетика на СДСМ. 

Македонија | пред 6 години

sekerinska-galicica

Шекеринска од Галичица: Погледот кон двете езера симболично ги отсликува нашите стратешки цели – членството во ЕУ и НАТО

Погледот од врвот на Галичица кон двете езера симболички кажува дека тој ни е насочен кон двете стратегиски цели – кон членството во ЕУ и кон членството во НАТО, изјави денеска на врвот Лако Сигној на Галичица министерката Радмила Шекеринска која ја предводеше планинарската тура „Две езера – две стратешки цели – ЕУ и НАТО“, што повод Денот на независноста ја организираше Министерството за одбрана, објави nezavisen.mk.– Пред две години кога прв пат Министерството за одбрана организираше ваков марш во Крушево, целта ни беше да порачаме дека доколку знаеш која е заедничката цел, ако знаеш како да се организираш, ако си доволно трпелив и упорен без откажување од патот, дури и високите врвови не се недостижни. Пред две години членството во НАТО навистина изгледаше недостижно, но еве една од нашите главни стратешки цели е на дофат, не делат практично неколку недели, месеци. Со истата сила, истата енергија, упорност и знаење сега се свртуваме кон другата цел, почеток на преговори во ЕУ, рече Шекеринска.Таа ја искористи можноста да истакне дека остварувањето и на двете цели не е лесно, како впрочем и искачувањето на самата Галичица, но погледот на двете езера остава без здив, така е големо и задоволството, сатисфакцијата кога ќе се постигнат резултати.– По повод Денот на независноста сакаме оттука да ја испратиме пораката до целата таковина, дека трудот се исплаќа. Вложувањето, енергијата, упорноста возвраќаат со резултати. Убедена сум дека членството во НАТО ќе биде дополнителен ветар во едрата на нашите ЕУ планови, рече министерката Шекеринска.Текстот во целост  на: nezavisen.mk.    

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Просечната плата во Македонија, најниска во регионов

Според податоците од Државниот завод за статистика на Македонија, македонската просечна нето плата во мај изнесува 25.270 денари односно 410 евра, што е нешто повисока, но само од просечната плата во Албанија која достигна 378 евра. Просечната месечна нето плата во Словенија изнесува 1.108 евра и тоа е единствена плата во земјите во регионот која го надминува „магичниот износ“ од 1.000 евра. Просечната плата во Словенија е двојно повисока од просечната заработка во речиси сите земји од регионот на Балканот, освен Хрватска, уште една членка на ЕУ, каде просечната плата изнесува 886 евра,потоа следат Црногорците со 516 евра месечно, и Босна и Херцеговина со 472 евра месечно,  а Србија има просечен приход од 471 евра.Нешто поголеми плати во регионот имаат Бугарите (457), Романците, кои заработуваат по 535 евра месечно во просек, додека Грците имаат 917 евра месечно.

Македонија | пред 6 години

ogan-pariz

Во чест на 8. септември во Париз се разгоре „Вечниот оган“

Традиционалната церемонија на „Разгорување на вечниот оган“ беше организирана пред споменикот на непознатиот војник, под  Триумфалната капија во Париз по повод Денот на независноста на државава, јавува дописникот на МИА.По завршувањето на традиционалната свечена поворка, составена од наши иселеници и француски пријатели, амбасадорката Јадранка Чаушевска Димов со симболичен гест го разгори вечниот оган пред споменикот на непознатиот војник во подножјето на Триумфалната капија.Со овој чин на оддавање почит пред амблематичниот споменик на Франција,  Амбасадата на Република Северна Македонија го одбележа на Денот на независноста  во духот на пријателските односи меѓу двете земји.Вечниот оган прв пат беше запален на 11 ноември 1923 година, а церемонијата на неговото разгорување се врши секој ден во 18:30 часот. 

Македонија | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Заев и Мицковски утре да ја договорат и формата за слобода на уставобранителите

Единствена Македонија очекува на утрешната средба меѓу Заев и Мицкоски, покрај разгледувањето на Законот за јавното обвинителство со кој се решава и судбината на специјалното обвинителство, да направат и една добра работа и да ја договорат формата за слобода на уставобранителите - преку претседателот со помилување, или преку Собранието со амнестија.Судско-обвинитеслкиот систем во земјата е целосно девалвиран и поразен со случаите Рекет и одбивањето на екстрадиција на македонски бегалци од дури три земји членки на Европската Унија - Грција, Унгарија и Шведска со образложение дека станува збор за политички прогон во Македонија во политички монтирани судски процеси. Оттука, нема повеќе никаква смисла да продолжи политичкиот прогон и врз уставобранителите кои се фрлени во темните затворски задани, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Единствена Македонија потсетува дека граѓаните на 27 април влегоа во Собранието со силна верба дека го бранат уставниот поредок, а не да нападнат конкретни лица, и било кој да беше на местото на нападнатите ќе се случеше истото оти претходно се создаде атмосфера дека е загрозен уставниот поредок. Дури, и поранешниот претседател Иванов при давањето на мандатот на Заев бараше гаранции токму за она за што сега се водат постапки против уставобранителите со што ја потврди општествената опасност за уставниот поредок.Единствена Македонија верува дека утре Заев и Мицковски ќе бидат на висината на задачата, и меѓудругото, ќе договорат и слободата за уставобранителите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

brnabic

(ФОТО) Брнабиќ и партнерка во Луксембург се дружеа со премиерот на Луксембург и неговиот сопруг

Приватна посета на српската премиерка Ана Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓорѓевиќ на Премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и неговиот сопруг, архитектот Готје Дестенеј.Инаку Премиерот на Луксембург за оваа средба и дружба се пофали на својот Твитер профил. Бетел, е првиот европски премиер кој отворено призна дека е хомосексуалец.– Утре официјално ќе ја пречекам српската премиерка, а вечерва Готје Дестенеј и јас со задоволство ги поздравуваме нашите пријатели Ана Брнабиќ и Милица и заедно се шетаме низ градот Луксембург. – напиша Бетел, пренесе Блиц.https://twitter.com/Xavier_Bettel/status/1170753363744579584?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1170753363744579584%7Ctwgr%5E363937393b636f6e74726f6c&ref_url=https%3A%2F%2Flider.com.mk%2Fmagazin%2Ffoto-brnabikj-i-partnerka-vo-poseta-na-premierot-na-luksemburg-i-negoviot-soprug%2F

Свет | пред 6 години

Нема фотографија

Андреевски: Мерките на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат развој на енергетиката и пониски сметки за граѓаните

Во изборната програма 2016 на СДСМ главен столб беше да вратиме повеќе парите кај граѓаните. Тоа во изминативе две години го правиме постојано и на различни начини.Веќе е реализирана мерката за враќање на евтината тарифа за елелектрична енергија која беше укината во  2012 година, а преку која денес се враќаат околу 15 милиони евра кај граѓаните, истакна  Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.Денес, со мерката за намалувањето на ДДВ од 18 на 5% исто така се одвојуваат одредени средства, повторно кај граѓаните.За просечен стан чија сметка изнесувала 2.000 денари трошокот за парно ќе се намали за:1.800 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на БЕГ,3000 денари на годишно ниво за потрошувачите приклучени на мрежата на Скопје Север и3.240 денари за потрошувачите приклучени на системот на Енергетика во Гази Баба.Во наредниот месец, пред почетокот на грејната сезона ќе следат дополнителни мерки кои ќе ги реализираме, заедно со Владата на Република Северна Македонија за повеќе пари назад кај граѓаните, а вооедно и ќе придонесеме за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.Продолжуваме да работиме во интерес на граѓаните и да обезбедуваме повеќе пари кон граѓаните, истакна  Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

grad-steti

Невреме со град го зафати кумановското село Пчиња

Невреме проследено со силен дожд, град, електрични празнења и силен ветер го зафати синоќа кумановското село Пчиња. Невремето предизвика штети на земјоделските култури, а поплавени се и семејни куќи, подрумски и помошни простории.Информацијата ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, од каде посочија дека само еден жител пријавил штета, поплавени простории во семејна куќа.Невремето предизвикало и штети на земјоделските култури.

Македонија | пред 6 години

zaev-mickoski

Заев и Мицкоски утре на лидерска во Собрание

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски утре во Собранието на лидерска средба ќе се обидат да најдат заеднички јазик за Законот за јавно обвинителство, со кој ќе се реши судбината на СЈО.  Покрај измените во Законот за јавно обвинителство кои како тема ќе доминираат на лидерската средба, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски најави дека  лично тој ќе ја отвори темата за организација на предвремени парламентарни избори.Се уште нема информација во кој формат ќе се организира лидерската средба и дали покрај Заев и Мицкоски на маса ќе седнат и други лидери на политички партии. 

Македонија | пред 6 години

Vasev-03-09-2019-mediumi

Васев: Заев и Ангеловска со ребалансот на буџет скратија цели 52 милиони евра од ставката за капитални проекти

Зоран Заев и Нина Ангеловска со ребалансот на буџет упатија јасна порака до граѓаните дека не сакаат развој. Поважна им е личната комоција и уживањето со народни пари. Со ребалансот се крати од иднината на државата, за сметка на непродуктивни трошења, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.Заев и Ангеловска со ребалансот на буџет скратија цели 52 милиони евра од ставката за капитални проекти. Со 52 милиони евра, можеше да се направат 50-тина градинки, 20-тина училишта, или една клиничка болница како таа во Штип која еве веќе трета година не можат да ја довршат. Но ништо од тоа нема да има, затоа што власта се реши да крати од развојни проекти.И додека се крати од ставката за капитални инвестиции, се фрлаат пари на непотребни трошења. Имено Заев и Ангеловска решија да потрошат дополнителни 650 илјади евра на патни и дневни расходи. За власта беше поважно да даде 650 илјади евра за патни трошоци на функционерите, отколку да покрие една од десетиците операции во странство за кои гледаме како граѓаните секојдневно молат преку разни донации за нивните најблиски.Раскалашеноста на власта не застанува тука. Со ребалансот се предвидени и нови 7 милиони евра за договорни услуги, ставка што сама по себе е широка категорија и власта може овие пари да ги троши за нови партиски вработувања, хонорарни ангажирања и други работи за кои што можат да префрлаат пари директно од државата на партијата.Ребалансот на буџетот е уште еден доказ зошто Зоран Заев мора да си замине. Македонија со Заев не само што стои во место, туку почна и да стагнира. Предвремени избори час поскоро за излез од безперспективноста во која не втурна како држава СДСМ, истакна Светислав Васев од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Naum-Stoilkovski

Стоилковски: Доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен

И повторно медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод. Според објавеното, доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен. Ова е скандалозно! Дали на тие информации и фотографии имало незаконски дејствија не знаеме, но самиот факт што тие не се процесуирани, туку се предадени на рекет - октоподот говори дека Заев ги има ставено сите институции во функција на лично богатење и политички притисоци,истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Доколку на Вилма Русковска и требаа скоро четири месеци за да отвори истрага за „Рекет“ преку СЈО, колку ќе и требаат за да истражи дали постоеле незаконски дејствија со малолетнички и дали тие се прикриени само со исплата на огромни суми пари?Кои се блиските соработници на Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК, а кои што се неговите функционери кои се материјали можеле да му ги достават на Боки 13?Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот!Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака дали е тоа испратена од Зоран Заев?Јовески, Русковска и правосудниот систем ја навредуваат интелигенцијата на јавноста со своето неделување и селективност во расчистувањето на „Рекет“! Месеци минаа додека не почна постапка против Боки Тредичи и Зоран Кичеец. Месеци минаа, а да не беа и оние истекувања низ странските медиуми со гласот на Катица и таа сеуште ќе шеташе по одмори или медицински установи!Правосудството во пупката на Заев игра само на една карта - како да го заштити октоподот и неговата глава?Почитувани,Скандалозно е однесувањето на Обвинителството, скандалозно е однесувањето на судот, скандалозни се одлуките кои што се носат, скандалозни се изјавите на Заев во обид на амнестија на Јанева дека можеби таа и не земала пари. Преземањето мерки за „Рекет“ не е само услов за ЕУ, „Рекет“ е услов за мир и правда во земјата и стабилизирање на колапсот на економијата.Истрагата што се води е целосно компромитирана. Наместо да се затвораат дилеми и шпекулации, секојдневно излегуваат нови детали за прикривање на докази. Одговорност за ваквото поигрување со правдата и законите мора да има и ќе има. По поразот кој што го чека на изборите целосно ќе биде расветлена улогата на Заев во рекетот и на сите негови функционери, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still239

Полицијата со официјално соопштение за инцидентите во с. Волино

На 08.09.2019 во с.Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од с.Волино и ФК Црно буки од Битола околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите З. Т. (47) од с.Волино влегол на теренот да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т.. тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства ( при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) од с.Волино, К. Н. (21) од с.Волино, С.Б. (37) од. с.Волино, Д.С. (24) од с.Волино, Б.А. (36) од с.Волино, Н.С. (27) од. с.Волино, М.А. (59) од с.Волино, кои се приведени во ПС Охрид. Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.ВИДЕО ОД МЕСТОТО НА НАСТАНОТ

Македонија | пред 6 години

sveti-fanurij

Денеска е Свети Фануриј, заштитник на учениците и студентите - се меси колач и замислува желба

Светиот маченик Фануриј најмногу се славел во Македонија, Мисир, Родос и на островот Крит. За него скоро ништо не се знае, ниту во кое време живеел, ниту кои му биле родителите, ниту од каде потекнува бидејќи неговото житие се изгубило. Се знае дека кога Османлиите го зазеле островот Родос, се зафатиле со обновување на разурнатите тврдини. За тоа камења носеле од блиските урнатини и притоа откриле разурната црква и во неа мноштво икони, сите оштетени, само една била цела и била како да е скоро сликана.Владиката на тоа место, еден свет и учен човек, дошол и причитал дека на таа икона пишувало свети Фануриј. Иконата била со лик на светителот и со сцени од неговиот живот. Било прикажано неговото мачење, по што владиката заклучил дека се работи за светец. Но кога побарал дозвола да ја обнови црквата бил одбиен. Упорниот владика отпатувал во Константинопол каде што добил таква дозвола, по што ја обновил разурната црква. Потоа црквата станала собиралиште на народот и оттука неговиот култ се проширил на поширок простор. Се случиле и многу чуда.Во грчките синаксари, под 27 август (9 септември) се споменува св. маченик Фануриј. Кoј бил и кoга живeeл oвoј свeтитeл, точно нe сe знаe. Мнoгу сe пoчитува на Крит, Кипар, Лезвос, Кос и другите грчки острови, а особено на Родос, каде околу 1350 г. по Хр. била откриена неговата икона во дотогаш непозната и разрушена црква од страна на Турците-поробители на островот, кои ги поправале градските ѕидини. Тогашниот Митрополит на Родос, г. Нил, ја возобновил црквата и го востановил празнувањето на откривањето на иконата на св. Фануриј.Вo гoдините што следеле светителот им сe јавил на луѓето на oстрoвoт Рoдoс кадe штo пoкажал и чудeсни исцeлeнија. На Крит претежно го почитувале козарите, кои дури и го сметале за нивен заштитник и помошник за откривање на изгубените стада. Св. Фануриј мнoгу сe слави и вo Eгипeт. Таму пoстoи прeданиe дeка нeгoвата мајка била тeшка грeшница, кoја ни тoј нe мoжeл да ја пoправи. Нo нeгoвата синoвска љубoв кoн мајка му била нeoбичнo гoлeма. Тoј пoвeќe сe мoлeл на Бoга за спасeниeтo на свoјата мајка oткoлку за свoeтo. Кoга нeзнабoжцитe гo убивалe сo камeња пoради Христа, св. Фануриј сe мoлeл на Бoга: „Заради oвиe мoи маки за Тeбe, пoмoгни им, Гoспoди, на ситe oниe кoи ќe Ти сe мoлат за спасeниeтo на Фануриeвата грeшна мајка”. Вo Eгипeт мнoгу христијани така и сe мoлат:„Спаси ја, Гoспoди, мајка му на св. Фануриј и пoмoгни ми мeнe грeшниoт”. Сo пoмoш на оваа мoлитва мнoгумина дoбиваат пoмoш. Во преданието постои благоговеен обичај за принесување на фануропита (или фанурија), како знак за благодарност на светителот за откривање на изгубени нешта. Откако фануропитата ќе се благослови, обично се разделува на собраните верници со зборовите: „Господ да ѝ прости на мајка му на св. Фануриј“. Сè додека овој чин се прави со страв Божји и во слава на споменот на маченикот, верните остануваат верни на Христа и Евангелието. Секоја девијација надвор од ваквото славење претставува потенцијална опасност за духовниот живот на верниците.Ние треба да сме свесни дека односот со Бога не го градиме врз основа на магиски принципи, или уште посмешно, како Црквата да е „желботека“, при што си замислуваме желба, извршуваме ритуал, и чекаме безличниот универзум да ни ја исполни замислената желба.

Македонија | пред 6 години

pozar-2

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов да се откаже од набавка на нови коли, а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња, за да се пошумат опожарените места

Иако календарски сеуште сме лето, Петре Шилегов буквално две години не е излезен од зимскиот сон и нема решено ниту еден крупен проблем. Градот Скопје 2 години се соочува со елементарна непогода која се вика Петре Шилегов.  2 години Шилегов, 2 години неработа, криминали, и назадување, се вели во соопштението од Советничка група на Град Скопје.Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта да го прифати предлогот наместо пари за нови службени возила во градот Скопје, и наместо владата да троши над 700 илјади евра на цвеќиња и екибани, средствата да се пренаменат на пошумување на опожарените предели на Скопска Црна Гора.За жал вчера неработникот Шилегов не се откажа од комодитетот на нови службени возила, а Заев од милионските цвеќиња и екибани. Пожарникарите и понатаму остануваат без адекватна опрема, жителите од потенцијалните жаришта под ризик, а Скопјани ќе продолжат да дишат нечист воздух.Неработникот Петре Шилегов со приземниот речник и невкусните настапи наместо дворски шут, треба конечно да почне да биде градоначалник на сите Скопјани. Да се вразуми и да делува наместо за личниот интерес, за интересот на сите Скопјани.Апелираме Шилегов да се откаже од комодитетите платени со државни пари а владата од милионскиот бизнис со цвеќиња и под итно да се донесе одлука за пошумување на опожарените места во околината на Скопје.Наместо неработникот Шилегов и владата да се молат да заврне дожд за да се справат со пожарите, нека ги засукаат ракавите и нека ги решат проблемите, се вели во соопштението од Советничка група на Град Скопје.

Македонија | пред 6 години

velosiped

Велосипедист тешко повреден, откако во него удрил „Мерцедес“

На 08.09.2019 во 15,00 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата „Ристо Шишков“ и улицата „Аминта Трети“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(31) од Скопје, и велосипед „Каприоло“ управуван од Ј.Х.(25) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

blokadi-3

МВР за инцидентите во с. Волино, при што се приведени жители и фудбалер

На 08.09.2019 во с.Волино-Дебрца на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Сатеска од с.Волино и ФК Црно буки од Битола околу 17.05 ч. поради незадоволство од одлука на судиите З. Т. (47) од. с.Волино влегол на теренот да ги нападне. Полициски службеници интервенирале и при превземање на мерки за приведување на З.Т.. тој пружил отпор, а полициските службеници во извршувањето на службени дејства ( при приведувањето на игралиштето и потоа и при транспорт на приведените) биле попречувани од Т.Н. (50) од с.Волино, К. Н. (21) од с.Волино, С.Б. (37) од. с.Волино, Д.С. (24) од с.Волино, Б.А. (36) од с.Волино, Н.С. (27) од. с.Волино, М.А. (59) од с.Волино, кои се приведени во ПС Охрид. Во попречувањето учествувале и Г.Д., А.В. и Ѓ.И. за кои се преземаат мерки за пронаоѓање. Известен е јавен обвинител и против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Тешко повреден моторциклист во судар на регионалниот пат Градско–Прилеп

На 08.09.2019 во 14,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско–Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „форд фокус“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.И.(30) од Радовиш, и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Т.(36) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања