Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-motori

Акцијата на МВР продолжува: Санкционирани 33 возачи кои ја пречекориле брзината

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 08/09.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци,

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Велешанец лишен од слобода, полицијата кај него пронашла марихуана

На 08.09.2019 во 15,00 часот полициски службеници од СВР Скопје на улицата “Јадранска магистрала“ го лишиле од слобода С.Н.(21) од Велес затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Чаир и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

lisici

Приведен албански државјанин баран од Интерпол

На 09.09.2019 во 02,00 часот на Граничниот премин Табановце на излез од РСМакедонија бил лишен од слобода Г.К.(33) од Р.Албанија затоа што при проверка во оперативна евиденција евидирал на Стоп-листа по барање на Интерпол од Р.Грција, со мерка да се лиши од слобода. Г.К. бил предаден на полициски службеници од СВР-Куманово за натамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

moto

Санкционирани 47 возачи на мотори во Скопје, вкупно близу 200 казни за возачи

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 08.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 08/09.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци, 

Скопје | пред 6 години

vasil

Почина Васил Пујовски, писател, поет, автор на култни детски ТВ серии и автор на многу македонски хитови

Драмскиот писател и поет за деца и возрасни Васил Пујовски почина на 72 години. Васил Пујовски е роден на 1 октомври 1946 во село Д’мбени, Костурско, со потекло од Егејскиот дел на Македонија.Во време на Граѓанската војна е отргнат од најблиските и со татко му донесен во Скопје, каде растел и се школувал  завршувајќи Филозофски факултет, но преживеаната голгота на растуреното семејство ја носеше длабоко во себе и се обидуваше да ја искаже преку авторството.Својот професионален век го започнал во Нова Македонија, па во Редакцијата на неделникот „Екран“ од каде дошол во  Македонската телевизија. Во МТВ поминал долг професионален период и неговата работа како пред се Уредник беше врзана за Програмата за деца и млади, секогаш со нови идеи и отвореност за соработка.Како уредник е потпишан на најпопуларните серии за деца “Шарам-барам“, До-ре-ми, „Чук,чук, Стојанче“, „ Втората смена“, Умни глави (прв дел), „Во светот на бајките“ (прва и втора сезона) и автор на насловната песна , “Дајте музика” двете продолженија, каде е и автор на текстот зa насловната песна, “Здраво генијалци “……..и многу други.Пујовски е автор на голем број македонски хитови од „Макфест“ и „Златно славејче“, како „Кога те нема“ која ја пееше Хелена Благне и „Никола, Никола“ на Оливера Лазаревска.

Магазин | пред 6 години

jahta

Мистерија судбината на турскиот бизнисмен чија напуштена јахта ја пронајдоа албански рибари

Судбината на сопственикот на луксузната јахта, што албанските рибари ја пронајдоа напуштена на 12 милји од брегот на пристанишниот град Шенѓин и по три дена останува мистерија.  Од пронајдената патна испрва во јахтата утврдено е дека луксузниот пловен објект”Атик Беј” му припаѓа на турскиот бизнисмен Севгин Јавуз(31).Во расветлувањето на случајот вклучени се Обвинителството за тешки кривични дела од Тирана, Интерпол Тирана, албанската тајна служба ШИШ во соработка со турските и црногорските влсти. Од размената на информации со колегите од Црна Гора потврдено е дека јахтата вредна два милиони евра и долга 13 метри на почеток на овој месец била закотвена во Будва, по крстарењето по хрватските територијални води и оти пред три дена испловила од Тиват.Наспроти претходните информции дека на бродот имало и други лица, во последната информација се наведува дека Јавуз бил сам. Од досегашаната истрага на бродот е пронајдена риболовна опрема бидејќи Јавуз бил страстен рекреативен риболовец. Траги од евентуално насилство нема. Истрагата се води во две насоки: дека е можно додека рибарел од бродот да изгубил свест и да паднал во морските води и втората насока дека е жртва на шверцери на дрога. Во Албанија веќе е пристигнато неговото семејство.

Свет | пред 6 години

skolo-4

ВМРО ДПМНЕ: Ветувањето за повисоки плати во образованието се покажа само како уште една ноторна лага на СДСМ

Македонското образование тоне поради неспособноста и неработата на криминалната банда на власт. Оваа школска година не започна на време поради штрајкот на просветните работници кои ги бараат заслужените повисоки плати, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Ветувањето за повисоки плати во образованието се покажа само како уште една ноторна лага на СДСМ.Учениците првиот школски ден не го поминаа на училиште туку дома, а кога тргнаа на училиште беа пречекани од стари и искинати учебници кои оваа власт не ги замени со нови. Поголемиот дел од училиштата ширум државата се руинирани. Учениците го стекнуваат образованието во катастрофални услови, тоалетите не работат, крововите прокиснуваат, нема ниту греење во зимските денови, ниту ладење кога температурите се високи.Криминалната банда на власт на чело со аболицираниот Заев ги излажа граѓаните. Во програмата за живот ветуваа за 50 проценти повисоки средства за образованието и науката, а секоја година со секој нов ребаланс ги кратат средствата наменети за образование.Власта не само што нема капацитет да го реализира планираниот буџет за образование, туку и она малку што е определено за оваа ставка во буџетот го крати.Младите се иднината, а криминалната банда со ваквата негрижа, неработа и неспособност ги демотивира младите кои во се поголем број носат одлука да ја напуштат државата. Тоа значи дека власта не само што ги уништува стандардите во образованието, таа ја уништува и се откажува од иднината на нашата држава.Казната за ова ќе стигне на следните избори, а ќе биде испорачана од македонските граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

zaev-i-sekerinska

(ФОТО И ВИДЕО) Пред македонскиот конзулат во Мелбурн запалени макети од Заев и Шекеринска

Група македонски иселеници при вчерашните протести против промената на името и Преспанскиот договор пред македонскиот конзулат во Мелбурн, Австралија, запалија грчко и бугарско знаме и картонска макета од премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска. На протестите се извикуваа „Никогаш северна, само Македонија".На протестот беа носени знамиња со сонцето од Кутлеш, а такво знаме беше истакнато и на јарболот пред македонскиот конзулат. https://www.facebook.com/1725304440913752/videos/835175300210552/ФОТО И ВИДЕО: ONLY Macedonia, САМО Македонија

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still243

Ногачески отфрла политичка поврзаност со настаните во Волино

Градоначалникот на општината Дебрца Зоран Ногачески кој бил присутен на натпреварот , а беше и на протестот пред полицијата вели дека немало никави политички мотиви или инспирации во целиот инцидент кој го опценува како непотребен.„Инцидентот се случи надвор од спортскиот терен и нема врска со политика. Апелирам да не се политизира, да не се поврзува со некој историски случувања од пред повеќе од еден век, или да се поврзува со актуелни тековни политички процеси. Значи повторувам нема политика во инцидентот и целиот настан е навивачка и спортска природа.“ - изјави Нигачески.

Македонија | пред 6 години

policija-1

Скопјанец ги киднапирал поранешната сопруга и синот

Скопјанец ги грабнал синот и поранашната сопруга, соопшти полицијата.  Настанот се случил вчера попладне, а пријавил таткото на грабнатата.  Според изјавата М.С.(34) вчера дошол на договорена средба и ги зел неговиот малолетен син и поранешната сопруга З.А.(28). По извесно време З.А. се јавила дома и му кажала на татка си дека поранешниот сопруг не ги пушта да се вратат дома. Од страна на полициски службеници преземени се мерки и по разговор со М.С. и З.А., З.А. си заминала дома.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Скопје | пред 6 години

amdi-1

(ФОТО) Амди Бајрам во Александар Палас прави веридба за неговата внука

Вечерва во хотелот Александар Палас пратеникот Амди Бајрам, прави забава за веридбата на неговата внука. На забавата специјални гости се Џеј и Кеба.  

Магазин | пред 6 години

nogaceski

Градоначалникот на Дебарца молчи за приведувањето на жителите, иако тврдат дека имало и крв

Градоначалникот на Дебарца, Зоран Ногачески молчи за приведувањето на неколкуте жители на Волино, каде тој живее. Тој е пред полициската станица во Охрид, но не сакаше да коментира околу настаните, каде очиведиец тврди дека имало и крв, но и фаќање за врат.“Не сакам да коментирам”, рече градоначалникот.Инаку по фудбалскиот натпревар и преведувањето на фудбалер од село Волино, група жители излегоа пред полициската станица. Полицијата го обиколи седиштето, а пред него граѓаните бараат ослободување на приведените. Причината за инцидентите во Волино е судиска одлука на фудбалскиот натпревар. Имено откако судијата пресудил, една група незадоволни од пресудата тргнале физички да се пресметуваат. На ова реагирала полицијата, по што биле приведени неколку лица. Од МВР велат дека за инцидентот известен е и обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

blokadi-3

(ВИДЕО) Полицијата ја чува станицата во Охрид од жителите на Волино

По фудбалскиот натпревар и преведувањето на фудбалер од село Волино, група жители излегоа пред полициската станица. Полицијата го обиколи седиштето, а пред него граѓаните бараат ослободување на приведените. Причината за инцидентите во Волино е судиска одлука на фудбалскиот натпревар. Имено откако судијата пресудил, една група незадоволни од пресудата тргнале физички да се пресметуваат. На ова реагирала полицијата, по што биле приведени неколку лица. Од МВР велат дека за инцидентот известен е и обвинител. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

blokadi-3

(ВИДЕО) Очевидец на инцидентот: Полицијата нападна фудбалер, имаше крв

Од празничен фудбалки натпревар до  инциденти и приведувања. Причината за инцидентот ја објаснува Иваноски Ѓоко. Тој вели:„Полицијата физички го нападна. Кога приведуваш некого, се знае како се прави тоа. Не може така, го фатија човекот и го пикнаа вмрежа. Има правила. Не знам дали има позадина. Приведен е и фудбалер, а тие беа во игра. Тие немаа контакт со полицијата. Имаше командир Саше и никогаш не дошло до ова. Сега командирот од нигде никаде викна појачање, од нигде никаде дојдоа 50 полицајци. Имаше обид да го тепаат. Чим 4 полицајци ти се пуштаат така.  Имаше крв.  Кога виде публиката скокна да го одбранат. Причината беше бидејќи судијата не крена офсајт. Се знае фудбалки натпревар, порано публиката со керамиди фрлала па полицијата не реагирала“, вели Иваноски.  

Македонија | пред 6 години

70274781_362371278048937_8292006214053658624_n

Димковски: Со конкретни мерки создаваме услови за развој на лозарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Кавадарци присуствуваше на традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер, со којашто официјално се означува почетокот на бербата на грозје.Министерот Димковски посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано ја следи бербата и откупот на грозјето ќе преземе соодветни мерки со цел лозарите да имаат рентабилно производство.“Ние сме со лозарите и во добро и во лошо, ова е убав настан кој што е традиционален, ние помагаме во развој на оваа гранка. Со конкретни мерки создаваме услови за развој на лозарството како наша стратешка извозноориентирана гранка. Знаете дека моментално е во завршна фаза Законот за вино,каде ќе се даде можност лозарите во домашни услови да произведуваат вино и ракија, олеснети се околностите за акцизи а секако помагаме и преку другите програми, рурален развој ИПАРД и останати“, изјави министерот Димковски.Изминатиот период Министерството активно работеше на решавање на сите проблеми со кои се соочуваа лозарите. Деновиве се исплатија над 1 милион евра на 6.240 лозари за дополнителната субвенција од 1 денар за предадено грозје регистрирани винарници, со што се  комплетираше исплатата на субвенциите за лозарство за 2018-та година.Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади. Државата го исплати и долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Според податоците од Државниот инспекторат досега се откупени над 11 милиони килограми грозје . Откупната цена на вранецот е 12,58 денари за килограм , а на смедеревката 11 денари за килограм.Во завршна фаза се и измените на Законот за вино, со којшто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарници ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив. 

Македонија | пред 6 години

zbogar-oro

(ФОТО) Евроамбасадорот Самуел Жбогар заигра оро на „Македонско девојче“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар се придружи на граѓаните кои со оро го прославија Денот на независноста на владината прослава во Градскиот парк во Скопје. „Не можев да се воздржам, да не се придружам на орото за мојата омилена песна – „Македонско  девојче“.„Не можев да се воздржам, да не се придружам на орото за мојата омилена песна – Македонско девојче“, напиша Жбогар на Твитер.https://twitter.com/AmbassadorEU/status/1170721245513572352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1170721245513572352&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.mkd.mk%2Fmakedonija%2Fpolitika%2Fi-zhbogar-se-fati-na-oro-na-makedonsko-devojche

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Петар Велинов потпиша со Кошаркарскиот Клуб Албес

24 годишниот играч Петар Велинов кој лани беше кошаркар на КК Ангели во Втората лига, но сега тој одлучи својата иднина да ја сподели со кошаркарскиот клуб „Албес“, тим кој ќе биде дебитант во Втората македонска кошаркарска лига. Велинов му се придружува на КБ АЛБЕС на едногодишен договор, засилувајќи го тимот на позицијата еден и два.Велинов и Албес годинава ќе се борат енергично за да ја исполнат целта на тимот, а тоа е влез во македонската Прва кошаркарска лига.

Спорт | пред 6 години

blokadi-1

Судиска одлука причина за инцидентите во Волино, приведени повеќе лица - пред СВР Охрид блокади

Причината за инцидентите во Волино е судиска одлука на фудбалскиот натпревар. Имено откако судијата пресудил, една група незадоволни од пресудата тргнале физички да се пресметуваат. На ова реагирала полицијата, по што биле приведени неколку лица.Од МВР велат дека за инцидентот известен е и обвинител. Се работи на расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

blokadi-3

(ФОТО) Блокади пред СВР Охрид, по приведувањето на жители од Волино

Во моментов пред СВР Охрид има блокади, по приведувањето на жители од Волино. Според непотврдени информации половина од фудбалерите на фудбалскиот клуб од село Волино, Дебрца денеска се уапсени за време на протестот организиран во истото место.Во полициското комбе се качил и градоначалникот Зоран Ногачески, но не е јасно дали самоволно го направил тоа или е приведен.

Македонија | пред 6 години

fudbaleri

(ФОТО и ВИДЕО) Протести во Волино, Дебрца – УАПСЕНИ ПОЛОВИНА ФУДБАЛЕРИ НА ФК САТЕСКА

Според непотврдени информации половина од фудбалерите на фудбалскиот клуб од село Волино, Дебрца денеска се уапсени за време на протестот организиран во истото место, Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески се наоѓа во селото, објави tribuna.mkСпоред информациите  на порталот tribuna.mk од терен, полицијата се однесувала брутално со демонстрантите, а нашите извори тврдат дека полицискиот началник спомнал „да се исчистело ѓубрето“, без да стане јасно дали мисли на собраните луѓе.tribuna.mk објави дека  Ногачески се качил во полициското комбе, но не е јасно дали самоволно го направил тоа или е приведен.https://www.facebook.com/BatkoTane/videos/2531847056837999/?v=2531847056837999Извор: tribuna.mk

Македонија | пред 6 години

micotakis

Мицотакис за заштитата на производите што го носат називот „македонски производи“ и на брендот „Македонија“

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на отворањето на 84-от Меѓународен саем во Солун вчера ја претстави владината програма за следните 12 месеци, соопштувајќи мерки во неколку области поврзани со развојот и најави даночни олеснувања што ќе бидат вклучени во буџетот за 2020, jави МИА.  При крајот на обраќањето, во делот од говорот што се однесуваше на Северна Грција, Кирјакос Мицотакис се осврна и на промоцијата, заштитата и зајакнувањето на производите што го носат називот „македонски производи“ и на брендот „Македонија“.

Свет | пред 6 години

bolnica

Битолската клиничка болница во филмска „улога" на болницата „Свети Андре" во Париз

Во битолската Клиничка болница синоќа почна снимањето на филмот „Сирената во Париз“, а сцените кои се снимаат во повеќе одделенија ја имаат улогата на француската болница „Свети Андре“ во Париз.На режисерот Матијас Малзју и неговиот тим, на познатата актерка Роси де Палма, но и нејзините колеги Роман Бохрингер, Никола Авине како и на нашата Лабина Митевска им обезбедивме одлични услови за работа без притоа да се влијае врз секојдневната работа во болницата, изјави за МИА, Зоран Лазаров, директор на Клиничка болница-Битола.-Синоќа се снимаше во Одделението за ургентна медицина и во операционите сали, а денес снимањето на филмот продолжува во Одделението за уво, нос и грло, Службата за трансфузиологија и избрани лабаратории во болницата кои ја имаат улогата на француската болница во Париз, „Свети Андре“. Најголем дел од нашите пациенти ниту забележаа дека ноќеска до раните утрински часови се снимаше филм, а така ќе биде и попладнево со професионалците учесници во филмот, посочи Лазаров и додаде дека веднаш по завршувањето на снимањето ќе биде отстранета информативната табла на која наместо Клиничка болница-Битола сега е поставена табла Болница „Свети Андре“.Филмот „Сирената во Париз“ е белгиско-француска-македонска продукција, а македонски продуцент се „Сестри и брат Митевски“. 

Магазин | пред 6 години

Нема фотографија

Хакирал банкомат во Хрватска, собрал многу пари, но банкоматот продолжил да фрла пари на улица

Хрватските полицајци во текот на ноќта собраа речиси 10.000 евра од улица, по грабежот на банкомат во близина на канцеларијата на Хрватската пошта во Сплит, пренесува Слободанка Далмација. Како што се наведува, неколку часа по полноќ, крадецот дошол до банкоматот и ја разбил дел од предната плоча над екранот, се споил со внатрешната инсталација и од преносниот компјутер давал инструкции на банкоматот за исплата во готово.Крадецот земал голема количина пари, а притоа не знаел дека се уклучил алармот кој ги известил надлежните од фирмата за обезбедување. Откако пристигнало обезбедувањето го прашале дали му треба помош. По ова крадецот се збунил, и не одговорил, само побегнал.Но банкоматот продолжил да ги исфрлува парите на улица. Полицијата од лице место собрале речиси 9.500 евра. 

Свет | пред 6 години

pijan-2

(ФОТО) Локален претседател на СДСМ „мртов“ пијан на улица

Сретан Јовановски, активист и претседател на Месен Одбор во СДСМ Крива Паланка е фотографиран како пијан лежи на улица, пишува Доказ.Сретан Јовановски, активист и претседател на Месен Одбор во СДСМ Крива Паланка, вработен во Детска Градинка Детелинка, близок човек на Градоначалникот Борјанчо Мицевски и ГенСекот Љупчо Николовски, често виден во нивно друштво и на други политичари од власта. Овој човек покажува примери во доцните часови за поведение во јавноста.Текстот во целост на: Доказ   

Македонија | пред 6 години

micskoski-korab

(ФОТО) Мицкоски од врвот Кораб го развиори македонското знаме за денот на независноста: Среќен роденден Македонијо!

ФБ статус на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:Денес на 2 764 метри надморска висина, врвот Кораб највисокиот во нашата преубава Македонија. Денеска 8 септември Денот на независноста, да го славиме вечно, се додека сонцето го изгрева утрото. Да се избориме за нашата земја, во ова време, невреме, кога силно не влечат на дното, кога животот станува пекол, а секој од вас чувствува и знае дека ова денес не е она за што се бореа нашите во минатото и она што ние го сакаме денес. Затоа заеднички да се избориме за подобро, за обнова и иднина. А кој друг ако не сите ние, и не затоа што е лесно, туку затоа Македонија е нашето се. Тоа е наше име и презиме, нашиот завет, она што сме и ќе продолжиме да бидеме.Среќен роденден Македонијо. Биди вечна и исправена на секоја бура и невреме. Биди горда и достоинствена, слободна и независна!Да сте живи и здрави Македонци!https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/pcb.1315294365312686/1315293448646111/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања