Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

amber

Mинистерката за труд ја напушти Владата на Борис Џонсон

Британската министерка за работа и пензии, Амбер Руд си поднесе оставка и ја напушти Конзервативната партија. Како што пренесува „ББС“, Амбер Руд смета дека напуштањето на ЕУ без никаков договор не може да биде главна цел на британската Влада.Рад на референдумот за членството во Европската Унија во 2016 гласаше за останување.Џонсон вети дека Британија ќе ја изнесе од Европската Унија на 31 октомври, со или без договор.Претходно неделава тој од партијата исфрли 21 конзервативен пратеник бидејќи не гласаа во согласност со желбите на неговата влада.

Свет | пред 6 години

darko-kaevski

(ВИДЕО) Каевски за РСЕ: Треба да се врати довербата кај младите

Директорот на Агенцијата за спорт и млади Дарко Каевски во интервју за Радио Слободна Европа изјави дека очекува до крајот на годината да биде донесен законот за младинско учество и младински политики преку кој треба да се зајакне учеството на младите во носењето одлуки кои директно ги засегаат. Тој вели дека има доста голем дел млади кои не сакаат да учествуваат во организирано делување и дека треба да се вложат дополнителни напори за враќање на довербата.Интервјуто со Дарко Каевски погледнете го на овој линк.  

Македонија | пред 6 години

kanada-2

(ВИДЕО) Ураганот Доријан стигна до Канад, започна итна евакуација!

Ураганот Доријан стигна до атлантскиот брег на Канада, носејќи обилни дождови и силни ветрови, поради што повеќе од 300.000 луѓе останаа без електрична енергија.„Ројтерс“ наведува дека властите ги повикале сите оние кои живеат близу брегот да се евакуираат и дека штом ќе пројде ураганот, ќе се активира и воската да помогне во санирање на штетите.„Доријан“ минатата недела ги опустоши Бахамите, уништени се околу 60 проценти од територијата на оваа земја.

Свет | пред 6 години

stojnce-stoilov

Стоилов: Самостојна, независна и суверена Република Македонија, За век и веков!

Капитенот на ракометниот шампион Вардар, Стојанче Стоилов преку соцојлната мрежа Фејсбук испрати кратка и јасна честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија.– Самостојна, независна и суверена Република Македонија, напиша Стоилов во честитката на Фејсбук.За век и веков!

Македонија | пред 6 години

nagradi

Врачена државната награда „8 Септември“ во областа на спортот

Агенцијата за млади и спорт ги додели Државните награди за остварување во спортот „8-ми септември“ на гала свеченоста која денеска се одржа во кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија.Борачот Томе Коцев, спортскиот лекар Слободан Николиќ, кајакарот Атанас Николовски и фудбалерот Кочо Димитровски, легендата на ФК Вардар, се добитниците на државната награда „8 Септември” во областа на спортот. Наградата на добитниците денеска им беше врачена во Собранието на Република Северна Македонија. Николовски службено беше отсутен, а наградата ја прими неговиот син и дел од семејството.Наградата за животно дело во спортот ја доби каратистот Драган Стојановски, претседател на Карате федерацијата.Добитниците ќе добијат признанија, а освен тоа и парична награда во висина од 10 просечни плати, односно 250.000 денари.

Македонија | пред 6 години

08092019_PVRSM_Zaev_na_cestvuvanjeto_na_8mi_Septemvri_Shkolka_4

Заев: „На прав пат сме, изградивме уникатно општество и стабилна држава“

Во организација на Владата на Република Северна Македонија, денеска беше организирана програма за чествување на 8 септември – Ден на независноста, кое оваа година се одржа под слоганот „Боите на независноста“.Програмата, која започна со оддавање почит на делото на починатите претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, продолжи во Градскиот парк, со пригодна музичко-забавна програма и со презентација на услугите и мерките на повеќе министерства и агенции од интерес на граѓаните.На централната свеченост по повод одбележувањето на 8 септември – Ден на независноста, пред присутните гости и граѓани, свое обраќање имаше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.„На 8 септември 1991 година, Денот на независноста ни покажа дека слободата и самостојноста ги имаат најубавите бои. Дека радоста, среќата и убавината што ја преплавија тогаш нашата татковина, треба да ги паметиме и да ги носиме со нас секогаш кога ќе се соочуваме со искушенија и опструкции на нашиот пат. Тоа се нашите бои, боите на независноста и на слободата. Тоа се боите кои Социјалистичка Република Македонија ја прогласија за независна Република Македонија, нашата татковина која денес го носи името Република Северна Македонија, земја која станува членка на НАТО и се интегрира во Европската Унија. Тоа е нашата земја, нашата убавина од различности. Оваа година ве поканивме заеднички да го прославиме овој голем празник, облечени во најубавите бои. Во боите што сами ќе ги изберете и гордо ги носите, затоа што мозаикот е целосен само ако секое камче, секој дел, посебно си го наоѓа своето место во тоа наше заедништво. Затоа градиме едно општество за сите, затоа секој е важен. И затоа секој е одговорен тој наш мозаик, нашата Република Северна Македонија, да зрачи со силна светлина и со својата целина, истакна Заев.„Ја сум убеден и знам дека заедно со граѓаните остваривме, добар, достоинствен договор што го потврди нашиот идентитет и ја гарантира нашата иднина. Имаме кристална и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и за македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот. Идентитет за севкупна употреба, признаен од сите. Јазикот се користи слободно секаде, во Обединетите Нации, НАТО, во Европската Унија, во сите официјални институции, активности и настани. Нашиот идентитет е потврден и зајакнат. Нашето државјанство е: македонско/граѓани на Северна Македонија. Тоа е потврда за нашиот идентитет и гаранција за нашата иднина. И денеска, и во секоја наредна и пригодна прилика упатувам благодарност и на сите наши сограѓани Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и на сите други етнички заедници, што покажаа другарско и братско разбирање. Таа поддршка, тоа разбирање за заштитениот македонски идентитет е од огромно значење за градењето едно општество. Овие мостови кои ги градиме денес се крвотокот на нашата меѓусебна доверба и на нашата заедничка иднина, рече премиерот и додаде:„Државата јакне. Институциите стануваат посилни. Јас денеска можам со полна сигурност да кажам: Може да бидеме спокојни. Можеме да бидеме среќни. Може да се посветиме на градење на нашата иднина. Успеавме да го фатиме, веројатно, последниот воз што може да ја обезбеди нашата стабилна и просперитетна иднина. Но, наша должност е да ја обликуваме иднината на Северна  Македонија. Тоа е и наша одговорност која мора сите ние, секој од нас одделно да ја прифати. Затоа, од огромна важност е секој бизнисмен или земјоделец, како секое камче во мозаикот, да го најде своето место, да го препознае и да го даде својот придонес за еднаков пристап до пазар од 500 милиони потенцијални клиенти – Европскиот пазар. Не секогаш и не сѐ, зависи само од политичарите. Време е студентите да ги запознаат и шират перспективите за неограничени можности за патување и учење, за градење искуства и вештини кои ќе им создадат шанси за добро платена работа, тука во нашата земја. Повикувам младата генерација со уште поголем ентузијазам да се вклучи во дебатите за нашата иднина. На позитивен и, уште поважно, на оптимистички начин. Ги повикувам и жените, отворени се можностите, сите се еднакви во оваа наша убава земја – преземете иницијативи, државата ќе врати со уште повеќе отворени врати. Спремно ни е општеството за тоа, рече премиерот.Честитки граѓани, честитки народе, изградивме уникатно општество, подигнавме стабилна држава, Нека е вечен Денот на независноста! Да живее Република Северна Македонија,заврши премиерот.

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ: Борбата за Македонија никогаш не запира, а нашата генерација има аманет обнова на Македонија

Стремежите за слобода и правда на татковината се најсилни. Македонски родољупци да го негуваме вековниот сон на нашите предци и триумф на нашата вековна борба.8 Септември е ден кога Македонците во 1991 година го остварија својот вековен стремеж за создавање на независна и суверена Македонија. Празник кој ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.Заветот на сите оние кои се жртвувале и бореле и својот живот го положиле за сонот наречен Република Македонија останува наша обврска да го пренесеме на сите идни поколенија.Достоинството на нашата земја не е предодрено – достоинството мора да се заработи. Борбата за Македонија никогаш не запира, а нашата генерација има аманет обнова на Македонија и да се чуваат идентитетот, името, јазикот, културата и историјата.Нека овој ден вечно се памети и слави со голема радост, гордост и љубов.Нека ни е честита, вековита и просперитетна Република Македонија, се вели во честитката од ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Македонија | пред 6 години

08092019_PVRSM_na_polozuvanje_cvekje_8mi_septemvri_2

Денот на независноста започна со положување свежо цвеќе на гробовите на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски

Република Северна Македонија, со пригодни свечености, денеска го одбележува големиот државен празник, 8 септември – Ден на независноста.Активностите од програмата за чествување на празникот започнаа со оддавањето достојна почит и положување венци свежо цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје.Владината делегација на овој настан ја предводеше Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,Зоран Заев, во придружба на Заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, Заменик претседателот на Владата на РСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Заменик претседателот на Владата на РСМ задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерката за финансии Нина Ангеловска.На вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, на Градските гробишта Бутел во Скопје, свежо цвеќе положија и делегации на на Собранието на Република Северна Македонија, на Канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија, на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Северна Македонија, на другите државни институции и на локалната самоуправа, на политичките партии и здруженија на граѓани, на дипломатскиот кор, и на останатите делегации.Од Градските гробишта Бутел во Скопје, делегациите се упатија кон Градскиот Парк, кај Школка, каде што ќе се одржи централната свеченост по повод 8 септември – Денот на независноста.Ворамкинапрославата, на која обраќање по повод празникот ќе има Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, предвидена е богатакултурно-уметничка и забавнапрограма, која ќе биде исполнета со настапите на „Петко и 5+ бенд“, групите „АјКју“, „ДенсерсЈунајтед“, ВиолетаТомовска, ЕлитаЗибери и ди-џејотДраган Б. Костиќ.На просторот околу Школка во Градскиот парк, сепоставениповеќештандови, кадеприсутнитеќеимаатможностдадегустираатдел одтрадиционалнахранаодситекраевинанашатаземја, даучествуваатвоспортскиактивности и дагопровератсвоетоздравје, како и непосредно да се запознаат со мерките и услугите од интерес на граѓаните на повеќе министерства и други државни управи и агенции.

Македонија | пред 6 години

remenski

ФОТО: „Ременски се расфрли со бакшиш за продавачот на пуканки“

Меѓу присутните на прославата за денот на независнота и пратеничката Фросина Ременски. Таа го ислуѓа говорот на премиерот Заев и се повлече со своето семејство. Додека пееше Виолета Томовска побрза за купи пуканки за ссвојот син. Беше дарежлива, па на човекот кој продаваше му остави 20 денари бакшиш. 

Македонија | пред 6 години

3ADA07A4-3F88-4A77-A513-2A03682456DA

ВИДЕО: Фатиме и Ленче со охридскиот градоначалник го слушаа говорот на Заев

На прославата за Денот на независноста на Македонија, која се одржува во Градскиот парк во Скопје, меѓу присутните беа и обвинителите на СЈО, но и охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.Обвинителките Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска, стоеа меѓу присутните и го слушаа говорот на премиерот Зоран Заев. Веднаш зад нив, друштво им правеше и охридскиот градоначалник Константин Георгиевски.Чествувањето на Денот на независноста-28 години од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој мнозинството граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава започна со полагање на свежо цвеќе на гробовите на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров.Свеченото одбележување се одвива под мотото „Боите на независноста“, а  заедничката прослава  е во Градскиот парк, пред Школка. 

Македонија | пред 6 години

zname

(ЖИВО) Одбележување на Денот на независноста

Проследете го вo живо одбележувањето на Денот на независноста.https://www.facebook.com/zaevzoran/videos/601517036919797/

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Бачев: Денес е тежок и тажен ден, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување

Претседателот на опозициската партија Единствена Македонија, Јанко Бачев се обрати по повод 8 Септември, Денот на независноста.-„Денес во Република Македонија е тежок и тажен ден за македонскиот народ и државјаните на Република Македонија. На 8 Септември денот на независноста, народот е очаен и разочаран од погубните политики на марионетската власт во Скопје инсталирана и купена од странски центар.Власта брише се што е македонско, односно, го брише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ, а сето тоа против волјата на народот. Власта кажа „да„ онаму каде македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија на референдумот лани на 30 септември рекоа „не“. Во земјата владее безаконие, криминал и корупција.Актот на раѓањето на една држава би требало да биде поздравен со манифестации на радост, но, радоста од стекнувањето на независноста е претворена во понижување. Страшно е да не можеме да се радуваме на еден ваков извонреден настан во историјата на Македонија.Единствена Македонија како партија која полага корени во историското ВМРО ветува дека ќе ја врати Република Македонија на изворните илинденски и асномски принципи од Уставот од 1991 година. 8 Септември не задолжува да ги победиме непријателите на македонското  дело. Народот во новата легална власт на Единствена Македонија ја гледа последната надеж оти кажуваме директно и јасно - ние сме во политиката да ги поништиме штетните договори против македонскиоит народ и македонската држава. Македонија е нашата татковина, Македонија е нашиот дом, онака како што се бориме за нашите домови ќе се бориме и против непријателите на македонското дело - се вели во изјавата на Бачев по повод 8 Септември, Денот на независноста.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Моторциклист тешко повреден откако изгубил контрола и паднал на коловозот

На 07.09.2019 во 20,00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Градско-Велес, Ј.Р.(66) од Велес управувајќи моторцикл „томос АПН-4“ со велешки регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани од страна на лекар од Општата болница Велес. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

13 годишно момче каснато од куче скитник

На 07.09.2019 во 19,30 часот во Полициското одделение С.П.(49) од Скопје пријавила дека во с.Средно Коњари нејзиниот 13 годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница и на левата рака.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Страшна несреќа кај Маврови Анови: Две лица тешко повредени

На 07.09.2019 во 08,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар на Скудрински мост, Б.А.(32) од Р.Албанија управувајќи патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со албански национални ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Џ.Б.(19) од Р.Албанија, која била пренесена во болницата “Свети Еразмо“ во Охрид и Т.Е.(34) од Р.Албанија, кој бил пренесен во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

policija-motori

МВР „лови“ возачи кои прават прекршоци во сообраќајот

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 07.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 07/08.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 36 возачи. Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.  Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.На 08.09.2019 во 01,00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кривична за дилер и купец на кокаин

СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Џ.(33) и К.А.(25), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 18.08.2018 на улица „Ленинова“ во Струмица полициски службеници извршиле преглед на второпријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин, а при преглед на Т.Т. од Струмица пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот. По преземени мерки било утврдено дека истиот ден во Струмица второпријавениот го купил кокаинот од првопријавениот.

Македонија | пред 6 години

UaYct-

При претрес на домовите кај двајца скопјани, полицијата пронашла хероин и марихуана

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.П.(42) и Ф.П.(51), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 26.08.2019 на улица „Петре Георгиев“ во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домовите на пријавените, при што пронашле и одзеле хероин и марихуана. 

Скопје | пред 6 години

marihuana2

Полицијата приведе 23 годишен скопјанец, кај него пронашла марихуана

На 07.09.2019 во 23,15 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Самоилова“ го лишиле од слобода Љ.И.(23) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

grievski

Груевски: Формално правно ние имавме држава уште од 2 август 1944 година и ние тој ден на 8 ми септември 1991 година, само прогласивме независност

По повод 8 ми септември денот на независноста на земјава, преку својот фејсбук профил се огласи екс премиерот кој е во бегство Никола Груевски. Еве што тој напиша:Бев студент и само што бев наполнил 21 година. Вечерта на 8 септември кога дојдов на плоштадот, тој беше веќе полн и во исчекување на резултатите од гласањето на референдумот. Додека стоевме и чекавме објавување на резултатите се сеќавам дека искоментарав дека всушност денес правиме држава.Ќе имаме своја држава- Македонија, гордо додадов.Всушност формално правно ние имавме држава уште од 2 август 1944 година и ние тој ден на 8 ми септември 1991 година, само прогласивме независност.Но, како дел од Југославија немавме чувство дека вистински имаме држава Македонија, барем не мојата генерација. Сите поважни одлуки се носеа во Белград, а истите такви кои се носеа во Скопје, претходно беа формално или неформално координирани или одобрени од Белград. Дејуре имавме држава, дефакто како да ја немавме или барем чуството ни беше дека немаме целосно своја држава.Но тоа “дејуре” создадено со многу крв и жртви на 2 август 1944 година, всушност многу ни помогна на 8 септември 1991 година, при првата историска шанса, без човечки жртви, со една храбра влада и парламент, храбра партија ВМРО-ДПМНЕ и одлучна генерација Македонци и граѓани на Македонија да стане освен “дејуре” и “дефакто”- независна и суверена држава.Во последните неколку години, ова “дефакто” пак е некако доведено под прашање, ослабнато, бледо, млитаво и прилично пропаднато. Не е како во Југославија, ама и не е како што личи на една вистински независна, но и суверена во носење на одлуките држава. Повторно чекаме некој друг да ни одобри за се и сешто, да ни каже како, кога и слично.Разбирам дека само неколку земји во светот заради својата воена и финасиска сила, како и геостратешка доминантност имаат целосна и полна сувереност, додека останатите мораат да прават одредени компромиси, некој повеќе, некој помалку. Компромиси сме правеле и ние и пред нас, ќе прават и следните генерации. Но тоа има некои граници кои кај нас во Македонија повторно некако во овие речиси две и пол години, како веќе да ги нема.Земјите членки на ЕУ кои иако дел од суверенитетот дури и формално го пренеле во Брисел, дури и оние помалите и економски и воено послабите, имаат далеку поголема “дефакто” држава во смисла на далеку поголема независност и сувереност споредено со Македонија, вистински “свои на своето”. И не се такви откако влегле во ЕУ, туку и претходно. Десет месеци живеам во земја членка на ЕУ и НАТО далеку понезависна и посуверена во носењето на одлуките на политичарите избрани од народот, од она што е Македонија во денешно време со оваа влада.Од каде произлегува таа потреба за се и сешто од некого да бараме одобрение или тој да ни ја донесе одлуката за нешто што на почеток и тој неочекува и е изненаден што му се обраќаме, но подоцна се навикнува па се лути ако биде прескокнат.Не е вината кај нив. Кај нас е. Не можам да поверувам дека фактот што со векови некој друг владеел со нашите предци и до 1991 година и со нас, станало дел од “генетскиот код” кој го потиснува чувството на независност и сувереност дури и кога ја имаш во “сопствените раце”.Нека ни е честит 8 ми септември, Денот на независноста! Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!Нека овој празник не потсеќа дека сме независна и суверена држава, дека треба да се стремиме кон поголема, а не помала сувереност и дека никој сосила нема да не тера да го практикуваме тоа, ако самите се трудиме друг да ја превземе одговорноста за одлуки кои треба сами да ги донесеме и за одлуки за нашата судбина. Да бидеме многу посуверени и понезависни. Барем онолку- колку земјите во чие друштво се стремиме да влеземе. Нашите сегашни сојузници, ќе ни останат сојузници, како и ние ним, но ќе не гледаат како позрела нација и нејзино водство, а нивните преставници интимно повеќе ќе не почитуваат.Да бидеме суверенисти!Да живее независна и суверена Македонија!П.С.Во продолжение подолг текст само за оние кои ги интересира да читаат историја и директно неповрзан со денешниот празник.НЕОБЈАВЕН АРХИВСКИ ДОКУМЕНТ поврзан со македонската историјаТекстот подолу е документ кој е изваден од отворените за јавноста архиви во Република Бугарија од страна на Македонски историчари и е преведен на македонски јазик. Никогаш досега не е објавен, барем не во Македонија.1.Креатор на документот и период на негово создавањеОвој документ е создаден од поединци во службата за државна безбедност на Бугарија неколку години по расформирањето на ВМРО на Иван Михајлов во мај 1934 година и само неколку години пред почетокот на втората светска војна. До 1934 год. ВМРО на Иван Михајлов освен огромниот број внатрешни пресметки, врши атентати главно врз српските политички и воено безбедносни структури и како водството така и пониските структури главно живеат и се стационирани на територијата на Бугарија, главно во Пиринска Македонија во Петричкиот крај каде се недостапни за Србија и Грција. Тие го имаат напуштено четничкиот начин на револуционерна борба, со организирани чети од времето на Тодор Александров, кои влегуваат на територијата на Србија и Грција, вршат револуционерни активности и потоа се засолнуваат главно во пиринска Македонија. Со доаѓањето на Михајлов се применува главно принципот на вршење атентати.2.Политичко-безбедносни околности пред и кога е создаден документотТоа е време кога Бугарија меѓународно политички и севкупно е слаба, со слаби позиции, како резултат на поразот во првата светска војна. Принудена да биде во пријателски односи со Кралска Југославија која е дел од коалицијата на победниците во првата светска војна. Во време на создавање на овој документ Бугарија веќе има склучено пакт за пријателство со Југославија и владата на Бугарија се труди да го почитува тој пакт. Бугарија и тогаш како и денес Македонците ги смета за Бугари, но воопшто не е комотна во тој дел. Кога би била комотна не би и паднала напамет идеја за ваква операција која е опишана во документот. Во воведот на документот наведувајќи ги како докази претпоставките за предлогот на иницијаторите наведува: “в.Македонската емиграција во Бугарија, Европа или Америка со неизгаснатиот стремеж да ја помогне морално и материјално таа борба, готова за таа цел да се поведе борба не само со комунистите, но и со ѓаволот, штом условите не и дозволуваат на друг начин да ја изрази својата преданост кон родината.”Ова е време кога под југословенски притисок Бугарија веќе ја има уништено ВМРО по превратот(воениот удар) во Бугарија на 19 мај 1934 година.До тој момент во Вардарска Македонија има безмалку полувоена состојба а во пиринска Македонија неформално изгубен суверенитет на Бугарија каде суверено владее ВМРО. Според архивите но и пишувањата на дописникот на белградска политика од 31 август 1934 година населението било должно на организацијата да и дава оружена помош, а исто така и најголема можна материјална помош. ВМРО од своја страна било должно да го штити населението под бугарска власт од безаконие и малтретирање од страна на административните органи и приватните лица. Војната организација ја опфаќала не само „Македонија под бугарска власт“, туку имала центри и во областите на стара Бугарија, со команданти, терористи и курири. Организацијата уште имала намера да ја прошири својата власт и во Стара Бугарија со организирање на „Македонски помошен легион“, во кој би влегла целата македонска емиграција, која тајно во секое време би била спремна армија на организацијата.Весниците од тоа време коментираат дека оваа организација, според истата запленета архива, се спремала да биде во состојба да се бори со бугарската полиција и војска, во случај да било која бугарска влада превземе акција за разоружување. ...Постоењето на една сила против која ниту една бугарска влада не смеела да ја крене раката, не` доведе да гледаме спроведување во бугарската држава на казнени акции и експедиции, организацијата да киднапира луѓе од рацете на военото правосудство и да ги казнува, да врши инквизиција над офицерите на бугарската војска (срамната сариска афера), да се одвлекуваат луѓе од Софија и да се убиваат без суд и пресуда од државните бугарски државни власти, да се водат борби пред самиот двор“(затворен цитат).Тоа е и еден од главните фактори за сменување на владата на Народниот блок со воен удар од офицерите припадници на групата „Звено", на чело со генералот Дамјан Велчев.Новата влада на претседателот Кимон Георгиев, која е создадена по превратот од 19 мај 1934 година, меѓу првите мерки го презела растурањето на “михаиловистичката” ВМРО, за што пристапува кон апсење на нејзините раководители и функционери и кон забранување на нејзините печатени органи и изданија.На 31 август 1934 година новата бугарска влада носи Уредба со законска сила за безбедност на државата. Овој закон со своите строги санкции се однесува во прв ред на организацијата на Иван Михајлов и на групите и круговите кои му помагаа или би можеле да му помогнат. Предвидените санкции уште еднаш даваат доказ за решеноста на владата на К. Георгиев по секоја цена да ја ликвидира Организацијата и на тој начин да допринесе за зацвртстување на односите со Белград.3.Период кога е создаден документотТочниот датум на подготовка на документот не е познат, но според содржината веројатно е во периодот некаде помеѓу 1938 -1940 година, во предвечерјето на втората светска војна.4.Состојби во редовите на преживеаните остатоци на ВМРО во време на креирање на документотПовеќето славни водачи на ВМРО веќе се одамна убиени, тргнувајќи од Тодор Александров (1924), Александар Протогеров(1928) и повеќето нивни најистакнати приврзаници. Убиени се многу и од луѓето на Ванчо Михајлов.Сепак, меѓу живите поранешни авторитети на десното ВМРО, има неформални авторитети во општеството, кои главно авторитетот во време на создавањето на овој документ го црпат од славното минато на ВМРО.Поранешниот водач на ВМРО-Ванчо Михајлов ноќта помеѓу 9 и 10 септември 1934 нелегално ја преминува границата со Турција и заминува во егзил во таа земја, каде на 9 Октомври го затекнува новината за Марсејскиот атентат на Југословенскиот крал, последната голема акција на ВМРО.Од крајот на 1934 година нему во Бугарија му е изречена смртна казна и се бара со потерница. Поточно три смртни казни и девет пресуди за доживотен затвор.Во почетокот на 1938 година турските власти разоткриваат заговор за убиство на Михајлов организиран од Југословенската влада по што министерот за внатрешни работи на Турција настојува пред бугарските власти тој да биде амнестиран или барем да му помогне во заминувањето во Соединетите држави, но бугарската влада одбива да го реши случајот.По околу 4 години престој во Турција, во септември 1938 година, заминува за Полска, а по престојот во Берлин, од пролетта 1940 до мај 1941 година живее во Будимпешта, Унгарија, каде тој ја разгледува можноста со германски и со италијански претставници за формирање македонска држава во нејзините етнички граници. Од таму заминува за Хрватска каде е во периодот на втората светска војна каде на власт е Анте Павелич со кого и со Хасан беј Приштина уште 8 години претходно на 14 април 1933 година изработуваат проект за сојуз помеѓу ВМРО, хрватските усташи и косовскиот комитет за заедничка акција против Југославија.Подоцна има престој во Австрија и Шпанија, а по втората светска војна се стационира во Италија до крајот на својот живот.Тој во овој период кога е создаден документот нема значајно политичко влијание (освен во дијаспората во САД и Канада), но неговите приврзаници - “михајловистите” живеат иако политички не многу активни главно во Бугарија. Нивното ривалство со “протогеровистите” и огромниот број меѓусебни убиства и ликвидации сеуште се свежи и нетрпеливоста помеѓу поранешните припадници на едните и другите е жива.Македонија е поделена. Пиринска во Бугарија, Вардарска во Кралството Југославија и Егејска во Грција. Во тие неколку години по 1934 година нема позначајни и поголеми особено не револуционерни потфати на Македонците.Сепак, тоа е период кога зајакнува и сеуште е живо левичарското ВМРО, поточно ВМРО(обединета). Во тоа време со голема подршка на СССР расте популарноста на комунистичкото движење и идеологија во Европа, а истовремено и стравот од него во земјите каде веќе има активни комунистички партии, вклучувајќи ја и Бугарија. Водачите на ВМРО (обединета) по левичарска линија се во дослух со СССР и тоа ја загрижува Бугарија. Коминтерната (асоцијација на комунистичките партии во светот во која водечка улога имаат советите) меѓу другото веќе се има произнесено дека таму каде ќе дојдат комунистичките партии на власт ќе се овозможи самоопределување со можност за отцепување на малите народи, во што голем број Македонци гледаат историска шанса и меѓудругото затоа масовно ги подржуваат комунистите.Остатоците од десницата на ВМРО се идеолошки главно антикомунистички настроени како и сите нивни претходни водачи, со по некој исклучок како членот на ЦК на ВМРО Петар Чаулев на пример, кој бил советски соработник, но и тој во ова време е веќе одамна меѓу ликвидираните во меѓусебните пресметки.5.Целте заради која се креирал документот од структури на државната безбедност на Бугарија?Целта на овој документ е одредени структури во државната безбедност на Бугарија да обезбедат подршка од повисоките политички структури за еден вид возобновување на ВМРО но под стопроцентна контрола на службата за државна безбедност и исклучиво во правец на целите на Бугарија. Тие ценат дека постои почва меѓу народот за тоа и подобро е тој процес да е под нивна контрола и од нив менаџиран одколку некои други држави кои не се среќни со пактот меѓу Југославија и Бугарија да се инволвираат за да имаат влијание. Имајќи ја во обзир слабата позиција на Бугарија, нивната намера не е ВМРО повторно да започне револуционерна дејност за ослободување на Македонија, туку да се искористи брендот и дел од остатоците на преживеаните од десница на ВМРО да се искористат за пропагандни цели од интерес на Бугарија. Нивната активност се предвидува да е насочена главно кај Македонската емиграција во Европа и Америка, вклучувајќи ги и активностите за намалување на влијанието на ВМРО (Об).Исто така во документот се предвидува возобновената структура на ВМРО да делува и на териториите на трите Македонии во трите држави: Бугарија, Југославија и Грција. Најважно од се на креаторите на документот им е се да е тајно а особено било каква поврзаност со Бугарија со возобновениот ВМРО, што повторно сериозно би ја ставило Бугарија во тешка ситуација наспроти Југославија. Практично тие во документот предвидуваат само новиот водач на ВМРО да има контакт со преставник на тричлено тело на бугарската служба за државна безбедност и со никој друг од владата.6. Зошто е значаен овој текст?Од текстот може да се види односот на Бугарија кон ВМРО, макар и кон десницата која главно живее во Бугарија.Тие сакаат за прв пат да создадат ВМРО кое ќе им биде под целосна нивна контрола, што јасно укажува дека во минатото тоа не било така. Авторот(те) на документот во еден дел за македонското револуционерно движење ќе напишат: “...затоа што на тој начин ќе ја отстраниме трката помеѓу државата и движењето, коишто се покажаа толку погубни за нацијата; не само што ќе го прочистиме од јазлите на минатото и ќе ставиме крај на партизанштината во него која што и до денес не престанала да го напаѓа; не само што ќе го отргнеме од прегратките на таа или онаа туѓа држава и ќе го поттикнеме по патот на нашата реална политика по националното прашање- ние сме за него уште и последната причина.”Од текстот јасно се гледа дека Бугарија не ги контролира ниту оние авторитети-неформални водачи од редот на преживеаните, па мора да создаде ново идеолошко тело во рамките на самата државна безбедност кое би управувало со процесите и би се обидело да привлече што повеќе од живите поранешни револуционери од десницата.Тие подвлекуваат дека “михајловистите” се не единствени и дека дел од нив сеуште стојат на становиште за независна македонска држава наместо присоединување кон Бугарија: ”Малцинството од постојните водачи изјавуваат дека се таму каде што беа пред 19 мај и значи ништо ново не научиле и ништо старо не заборавиле”.Уште повеќе со критики се кон неформалните водачи на протогеровистите.Отценуваат дека пониските структури во двете групи (кои ги сметаат за добар матерјал за новото движење)се поподатливи за целите на Бугарија од водачите. Затоа имаат потреба од создавање ново водство под контрола на државната безбедност и велат:“Тој материјал, имено е, основната база на третата група (идејна), чиишто водачи немаат ништо заедничко со довчерашното минато, ги имаат симпатиите на масите и ги имаат сите карактеристики и возможност, не само да ја корегираат десницата во македонското ослободително движење и ја постават во услуга на државата и националните идеали, но и најважното, можат најдобро да се спротивстават на левицата (ВМРО обединета, комунистите) и да ја поразат.Потоа одат кон детално опишување на целите и формата на делување, кои се многу интересни како стратегија да се прочитаат.Следува целиот преведен на македонски јазик документ изваден од бугарските архиви.ДРЖАВАТА И МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕДа го докажуваме постоењето на македонското ослободително движење и по 19 мај, сметаме дека е излишно. Сите докази за тоа се на очиглед:а. Македонија под ропствоб. Поробените македонски Бугари во процесот на ослободувањев. Македонската емиграција во Бугарија, Европа или Америка со неизгаснатиот стремеж да ја помогне морално и материјално таа борба, готова за таа цел да се поведе борба не само со комунистите, но и со ѓаволот, штом условите не и дозволуваат на друг начин да ја изрази својата преданост кон родината.г. Стремежот на некои туѓи мали или големи држави (Турција, Советска Русија и др.) да се послужат со него за да го компромитираат бугарско-југословенското зближување од коешто немаат никаков интерес или установат преку ВМРО извесно влијание во Бугарија.д. Аспирациите на поранешните партиски водачи во Бугарија да ги востановат силите на движењето, за да ја освојат власта, потпирајќи се покрај другото и врз неговите рамења по патот на партиското влијание-познато од минатото.е. Достапноста на револуционерните кругови коишто се блиски кон расформираната ВМРО коишто се обидуваат да излезат од ќорсокакот во кои влегоа по 19 мај и ризикуваат, раководени сеуште од нивните стари корумпирани водачи, да го повторат тоа минато.Овде не ја земаме под внимание комунистичката ВМРО (обединета), чијашто дејност за несреќа, благодарение на создадените услови по горенаведениот преврат се раширила до степен да за неколку години, ако денешната положба продолжи, да го прекрие не само населението во поробена Македонија, но и емиграцијата: овде, Европа и Америка.Со други зборови: додека има поробени Бугари во Македонија и постои Бугарија, сврзана не само историски и духовно со нив, но и крвно во лицето на петстотиниилјадната емиграција и 6 милиони бугарски народ; додека македонското прашање стои на онаа висина предодредена од Берлинскиот конгрес, по силата на којашто тоа неможе да се смета само за бугарско, но и за балканско, европско прашање- до тогаш ќе постои и борбата за ослободувањето на Македонија. Ќе ја одречеме ли или просто ќе ја занемариме-со тоа апсолутно нема да ја отстраниме, а уште помалку ќе ја направиме безвредна за себе си.Да постои или не македонското ослободително движење независно од бугарската држава? Од бугарската држава зависи наполно, да го канализира и претвори во потпора на државната и усогласена со националните интереси надворешна и внатрешна политика на Бугарија, за да го спаси за своја полза од партиските посегања и „пријателските„ грижи на туѓите држави. Нема зошто да поцртуваме дека националните идеали ја создадоа, засцврстија и развија бугарската држава и дека тие додека не бидат остварени целосно, ќе останат најмоќниот нејзин инструмент за државна и национална самозаштита, творештво и единство. И затоа пред државата се поставуваат две прашања:1. Да го остави движењето да се развива на своја глава, пробивајќи си пат со најразорувачки средства од природа да доведат до конфликт и взаемно уништување на нејзините и тие на националните идеали, интереси или2. Да установи помеѓу себе си како врховна заштитничка на сите Бугари (слободни и поробени) и тоа движење како основна сила на постоечките национални идеали, однос на взаемно, хармонично и разумно разбирање и потчинување поставено по содржина во зависност од конкретното дејствување.Произлегувајќи од сето кажано до овде, ние сме за последното решение. Ние сме уште за него, не само затоа што на тој начин ќе ја отстраниме трката помеѓу државата и движењето, коишто се покажаа толку погубни за нацијата; не само што ќе го прочистиме од јазлите на минатото и ќе ставиме крај на партизанштината во него која што и до денес не престанала да го напаѓа; не само што ќе го отргнеме од прегратките на таа или онаа туѓа држава и ќе го поттикнеме по патот на нашата реална политика по националното прашање- ние сме за него уште и последната причина.ЗБЛИЖУВАЊЕТО. Бугарско-југословенскиот пакт е свршен чин. Каква е неговата содржина и каква полза ќе донесе за Бугарија и бугарските национални идеали-тоа го знаат најдобро оние коишто ја претставуваат бугарската држава и имаат целосно сознание за својата одговорност пред историјата. Ние потполно веруваме во нивната мудрост и не се сомневаме дека земале во предвид се, за да не остане Бугарија изиграна.Пактот е склучен. Но си го поставуваме прашањето: Со тоа ќе престане ли нашата соседка да се меша преку разни агенти во нашите работи? Ќе се откаже ли од шпионските мрежи коишто ги вметнала меѓу едни или други групи за да ја дели нашата општественост и врши дејствие врз движењето на внатрешниот живот во државата? Ќе крене ли раце од призмите на подземната шпионажа и тенката дипломатија која што со сите расположливи средства (поткупи и др.) има за цел пред се да го искористи пактот за сопствената држава, како во национален, така и во меѓународен однос.?Јасно и категорично треба да изјавиме: Не! Политичкиот карактер на пактот го исклучува отстранувањето на тој класичен систем на борба за надмоќ помеѓу државите. Тоа уште повеќе важи за Балканот и особено за двете стари сопернички- Бугарија и Србија. Како што потцртавме погоре, пактот со ништо нема да ги намали обидите на Србите да го рашират своето влијание во Бугарија и да ја засилат под една или друга форма својата јавна или тајна, шпионажа, разурнувачка дејност, за да можат и во име на зближувањето да се наложат и свират прва виолина. Затоа што не само содржината на пактот, како политичка етапа кон едно зближување меѓу двата народа, но и самото зближување при своето остварување зависи од времето, така да се изразиме, подлежат на еден историски процес- сврзан со многу противречни интереси помеѓу договорните страни, коишто неминовно ќе се појават меѓу нив и ќе наложат превземање мерки за осигурување на нивното надминување, се разбира секогаш со намера, едните да ги проголтат другите.Природно, бугарската држава не е толку наивна, за да не гледа на зближувањето- привремено или трајно како на една исполнета историска реалност поврзана имено со тие противречности, за да не ги превземе неопходните мерки преку коишто најдобро ќе ги заштити сопствените интереси. Ние само прашуваме: доволни ли се тие? Не е ли криво нешто во тој однос и не е ли време да се внесат извесни промени наложени од условите во механизмот на нејзиниот апарат предопределен за надворешни цели? И специјално за Југославија и Грција каде што живеат толку многу поробени Бугари- не претставуваат ли последните еден моќен фактор за едно природно за нас влијание во тие држави по патот на борбата за ослободување која што се развива таму и која што ние можеме најдобро да ја практикуваме преку македонското движење?Тоа прашање како и прашањето воопшто за односите помеѓу македонското движење и државата, поттикнува едно трето прашање од поконкретен карактер, а имено: како да го канализираме тоа движење без да ја одречеме неговата суштина, но и без да ги нарушиме интересите на бугарската држава, во случајот бугарско-југословенското зближување или каков и да е друг чекор на државата направен за доброто на Бугарија и сите Бугари?ВМРО. Моментално, таа организација уште ги преживува раните од меѓусебните пресметки кои се појавиле со убиството на Протогеров во 1928 година. Во неа уште се оцртуваат два непријателски настроени табори: михајловисти и протогеровисти, од средината на коишто, особено по 19 мај како резултат на прегрупирање и во духот на новото време се создаде една трета привремена група која што за прегледност ќе ја наречеме идејна, со тенденција да ги проголта.Што претставуваат од себе си тие три формации? На прво место по својата сила и значење доаѓаат Михајловистите. Теоретски тие не се против присоединивањето на Македонија кон Бугарија, но од причини истакнувани и друг пат од нас се придржуваат до лозунгот „слободна и независна Македонија„. Практично, меѓутоа, михајловистите не се единствени. Малцинството од постојните водачи изјавуваат дека се таму каде што беа пред 19 мај и значи ништо ново не научиле и ништо старо не заборавиле. На тоа се спротивставуваат поголем дел од приврзаниците на Иван Михајлов, вклучително и довчерашните терористи коишто одат дури дотаму што им ги одречуваат на горните лица квалитетите на водачи и сфатиле дека треба да се прекине со минатото и да се тргне по нов пат. Тоа ни покажува слободен пат дека ВМРО никогаш не страдала од недостатокот на чесни и предани на каузата и Бугарија револуционерни кадри, но од недостатокот на способни, далекувидни и морално издигнати водачи коишто ја разбираат неопходноста на дејствување и најважното: да знаат кога треба да отстапат од челните места каде што веќе се покажуваат за непогодни. Со закани и инает, може да се гради историја, но не и светла утрешнина за нацијата.На второ место, но не по сила и значење, а по востановениот ред од нас погоре, доаѓаат протогеровистите. Теоретски, тие се за сите револуционерни лозунга, независно од нивната содржина (Интегрална Југославија, единствен фронт со комунистите и др.) штом се потплатени со злато, било од Москва, било од Белград. Практично пак се покажуваат податливи кон предавства (ги имаме во предвид нивните водачи) и шпионажа. Нема да ги цитираме имињата на некои од нив коишто дејствително се наоѓаат во српска служба, ниту пак имињата на оние коишто се готови во секој момент да ја префрлат границата и да се стават на услуга на српската државна политика. Во своето мнозинство, меѓутоа, протогеровистите се чисти од секое сомневање за преданост кон делото на Македонија и како и поголемата маса од михајловистите (без визираните водачи), а исто така и најактивните околу весникот „Македонски глас„ претставуваат великолепен материјал за обнова на движењето во духот на новото време. Тој материјал, имено е, основната база на третата група (идејна), чиишто водачи немаат ништо заедничко со довчерашното минато, ги имаат симпатиите на масите и ги имаат сите карактеристики и возможност, не само да ја корегираат десницата во македонското ослободително движење и ја постават во услуга на државата и националните идеали, но и најважното, можат најдобро да се спротивстават на левицата (ВМРО обединета, комунистите) и да ја поразат.Овој доклад произлегува од таа група и затоа ние ќе оставиме, тој сам да ја оцрта нејзината физиономија.ДРЖАВАТА И ВМРО/МАКЕДОНСКОТО ОСЛОБОДИТЕЛНО ДВИЖЕЊЕ. Дејноста на ВМРО треба да биде строго конспиративна и по содржина таква, што во никој случај да не го нарушува престижот и интересите на бугарската држава, како во областа на нејзината внатрешна, така и во областа на надворешната политика.Затоа е неопходно:1. Да се создаде под лажно наименување тајна служба при одделот за државна безбедност којшто исклучително ќе се занимава со контрола над националноослободителните движења-македонско, тракиско и добруџанско.2. Службата да има за раководител специјалист по националните прашања и по возможност незаменлив човек којшто ќе биде врската помеѓу државата и водачот на ВМРО со којшто претходно ќе бидат дискутирани сите потфати од национален карактер.3. Да не се дозволува никаков директен контакт помеѓу државата во лицето на било кои други органи (влади, министри и министерства и др.) со кој и да е институт, група или лице во ВМРО или со водачот на последната, затоа што секоја таква средба се покажувала фатална: се вознемирува движењето, се создаваат разногласија и најважното- секогаш станувала домен на туѓа шпионажа. Или со други зборови: ВМРО- тоа е водачот којшто ја раководи; државата- тоа е раководителот на тајната служба по националните прашања. Секој друг контакт, денес би се покажал погубен.4. Државата да установи своја „генерална„ линија по националните прашања, респективно и македонското ослободително движење, спроведувана последователно од посочената служба која што да не зависи од промената на режимите и владите и во основа на која да легнат следните принципи:а. Стремежот да се пронајдат начините и средствата за подржувањето на национално ослободителната борба во сите услови како што се согласуваат пројавите во тој однос со интересите на бугарската држава во секој конкретен момент од нејзиниот живот.б. ВМРО и општо македонското движење да биде резерва на бугарската држава, а не на онаа или оваа партија, на онаа или оваа власт, на таа или онаа туѓа држава, штом, сопствената започнува да ги прогонува и преследува нејзините кадри. ВМРО треба да биде неутрална и неоспорна раководителка на емиграцијата врз која што има извесно политичко влијание, по прашањата кои го засегнуваат внатрешниот живот на државата, да тргнува секогаш од линијата на поведение, која што ја цртаат пред се царот, армијата и владата.КОНКРЕТЕН ПЛАН ЗА ВМРО.1. Се создава нов центар од тројца души избрани од идејната група така што ниту еден од поранешните водачи на ВМРО не одговараат за моментот на поимни причини. Еден од тројцата е избран и одобрен од државниот шеф.2. Центарот во прво време создава нелегален апарат од кој се избира соодветен задграничен претставник со местожителство во Европа. Задграничниот претставник создава од своја страна центар во Македонија под грчка власт, Македонија под српска власт и Америка. Во последната има таков, меѓутоа не е праволиниски и ќе треба да се школува и да се подготви идеолошки.3. Задграничниот претставник е врската помеѓу одделните центри, коишто дејствуваат секој во својата област независно и така ги разоружуваат претходно нападите за вмешување и учество на бугарската држава во македонското движење.Кога центарот на ВМРО во Бугарија ќе се занимава изклучително со задачите коишто се испречуваат пред него и ја засегнуваат само територијата на царството (борба против комунизмот, обединувањето на целата емиграција под едно знаме на фронтот на државата и др.) и не се вмешува директно во дејноста на центарот од друга област, да речеме во поробена Македонија, како што беше до вчера (четнички напади, атентати и др.)- нема да има никогаш основа и повод која и да е соседна држава да ја обвинува Бугарија за манифестации на ВМРО на сопствената територија. Бенефициите од подобна организациона шема се очигледни. Благодарение на неа ВМРО (обединета) ги должи своите успеси. Благодарение на неа ВМРО ќе се пројавува согласно дадените услови на секаде и ќе ја спроведува онаа линија во борбата која што се исцртува од интересите на бугарската држава и националните идеали.4. Државата во лицето на шефот на службата по националните прашања ќе контактира со задграничниот претставник преку водачот на ВМРО.5. Една од првите задачи на ВМРО ќе биде да зачува целосна тајна за своето постоење и што се однесува за Бугарија никогаш со ништо (окружни, декларации, празни зборови) да не се издаде дека постои. Никој исто така да не дознае кои влегуваат во центарот. Целосна конспирација без паради, печати и др.6. Втората директна задача е да се престане со непријателствата во ВМРО: да нема михајловисти, да нема протогеровисти и разни други „исти„, а само верни синови на Македонија. Во тој однос ќе се сретнат најголеми пречки од страна на поранешните водачи на михајловистите коишто уште неможат да разберат дека поради многу престапи и грешки вршени од нив во минатото не се соодветни за моментот. Идејната група, меѓутоа дејствува во тој однос и каде со разбирање, каде со изолација, верува дека ќе ги стави на местото, уште повеќе затоа што се одречени во своите сопствени средини.ПО ОПШТИ ЗАДАЧИ НА ВМРО. Тие се најразнообразни и ние нема да ги изброиме овде подробно. Ако некој се интересира- стоиме на располагање. Наоѓаме за неопходно само да одбележиме:1. ЗА БУГАРИЈА. Борба за отргнување на емиграцијата од ноктите на ВМРО (обединета), но не по пат на тероризам, но со идеолошко и морално дејствување врз масите, за која што цел, наши луѓе се одлично подготвени. (Некои дури поминали преку школата на црвените и ги поседуваат знаењата за сите потфати на борба.) Обединувањето на емиграцијата и всадувањето на сознание за жртви пред олтарот на новата бугарска држава, како и сознанието за духот на новото време и наметнатата обнова во македонското движење, за којашто цел, еден неделник коишто не носи чисто македонски карактер (да кажеме „Национална мисла„) би изиграл голема улога. Борба против предавствата и шпионажата и др.Специјално дури за борба против предавствата и шпионажата да има биро коешто ќе бдее врз сите Македонци кои доаѓаат од поробена Македонија или одат за малку таму од Бугарија.2. ЗА ПОРОБЕНА МАКЕДОНИЈА. Искористување на внатрешните противречности во Југославија и Грција за извојување поголеми правдини за македонските Бугари. Создавање легални формации за борба против асимилацијата. Сврзување во едно на тежненијата на Загреб и Скопје за една општа борба против тиранијата на Белград. Полна и сестрана информација во однос на положбата на тие држави- нивните политички и воени цели и др.3. ЗА АМЕРИКА. Борба против пролевичарството на емиграцијата и болните амбиции на некои водачи од десницата коишто го изложуваат престижот на Бугарија.4. ЗА ЕВРОПА. Попречување на дејноста на задграничното биро на ВМРО (об.) коешто се наоѓа таму. Искористување на целите посочени во точка 2, македонските студенти од поробена Македонија, емигрантите кои живеат таму и кои го поседуваат правото да гостуваат во Југославија, трговците и др.СРЕДСТВАТА И НАЧИНИТЕ ЗА БОРБА НА ВМРО. Тие се одобруваат од бугарската држава по предлог на организацијата. Материјално последната, исто така се потпомага од државата.ЕМИГРАЦИЈАТА ВО БУГАРИЈА. Принцип во општествените борби е, зад секоја легална формација да стои како скриена пружина една организирана нелегална сила. Во случајот, за емиграцијата таа сила е ВМРО. Штом последната е на вистински пат, емиграцијата нема каде да мрда. Тука само ќе го потцртаме следното: нејзината борба бидејќи е легална, треба строго да се разграничи од конспиративната на ВМРО, којашто се разбира, не го одрекува нивниот взаемен контакт. По својата суштина, таа е културно-просветна, ги одрекува револуционерните потфати и треба да се услогласува со внатрешниот ред и спокојство во Царството. Целата емиграција треба да биде под едно знаме- обединета во своите братства и културно-просветни организации во лицето на еден Национален Комитет или да го наречеме сојуз како самостојно, неутрално и легално македонско движење коешто стои над партиите и само на фронтот на бугарската држава.Материјалната и морална поддршка којашто ја должи емиграцијата кон поробените Бугари, да врви по линијата на ВМРО, а не да ја заобиколи или да се постави на нејзиното место, како што беше до вчера. (Спогодбата со Павелиќ и Перчец, банкетот на Петар Грубер и др.).Итно е свикувањето на еден конгрес на македонските братства. Тоа прашање е од компетенција на бугарската држава којашто во согласност со времениот национален комитет, ќе го посочи соодветниот момент.Единството на емиграцијата неможе да се оствари без единствен Национален Комитет или сојуз. Грешката на 19-то мајците е дека немало потреба од централно раководство и треба да се отстрани.НЕШТО ЗА МАКЕДОНСКАТА МЛАДИНА. Таа е боречка. Ја оставиме ли на произволност, сеедно е дека ја внесуваме во устата на ВМРО (обединета). Факт е дека кадрите на последната се регрутираат од младината. Ете зошто, ако во овој момент е неудобно да ги возобновиме младешките македонски друштва и младинскиот македонски сојуз, барем да ја создадеме младешката секција при нбратствата. Колку побрзо се разреши тоа прашање, толку подобро.ЗАКЛУЧОК. Извештајот не е потполен. Неможе се како што треба да се каже, да се напише. Ние сме на средба да објасниме се усно. Исто така предупредуваме дека ќе биде голема и непростива грешка, ако компетентните го наложат исполнувањето на тој план во рацете на луѓе коишто не го создале или пак не поседуваат неопходен слух и врски и неопходните способности и квалитети за да го реализираат.Завршуваме: Бугарија постои повеќе од половина век и е срамно да нема правилен однос кон македонското движење. Државата треба да го канализира. Ако не се загрижи за тоа, ќе се повтори минатото со сите подробности( убиства, непријателства, партиски влијанија, левичарство) и наместо резерва за зачувување на нејзините одолевања, ќе се претвори по тој пат, порано или подоцна во потпора на комунизмот. Мерките: прогонување на ВМРО, интернирање, затвор и др. не се во состојба да го водат македонското движење или да го приспособат. Напротив, ќе го разгорат уште повеќе и тоа ќе биде принудено да го насочи оружјето против власта којашто го применува- пример режимот на Стамболиски. Се создава исто така опасност на тој начин, ВМРО да се претвори во оружје на некоја туѓа држава. А тоа не треба да се случи. Таа треба да служи на сопствената држава. Целото македонско движење треба да стои зад неа. Но, сопствената држава, што направила за тоа?Крајно време е да се обрне поголемо внимание врз тоа прашање, затоа што никој од нас не мисли да стои со скрстени раце. Крајно време е да се разреши тоа прашање, еднаш засекогаш, за да не биде утре доцна. Бугарија, можеби нема да пропадне од една македонска опасност, но должна е да се заштити од секакви потреси коишто би ја попречиле да се развива правилно и извојува успеси: внатрешно и надворешно.https://www.facebook.com/NGruevski/posts/10157670478067716

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Приведени двајца малолетници кај кои биле најдени марихуана и ножеви

На 08.09.2019 во 01,00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“.По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Скопје | пред 6 години

zaev-janeva

Заев за Фокус: „Нема докази дека Катица Јанева зела пари во “Рекет”

Од тоа што го слушнав на снимките немаше докази дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот, вели премиерот Заев во интервју за “Фокус” околу случајот “Рекет”„Таму немаше докази, од тоа што го слушнав, дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници, секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност. Затоа што можете човек да го изнаказите буквално со зборови, посебно ако тоа го вели премиер. Јас морам да бидам внимателен. Пресумпцијата на невиност е многу важна. Јас сум еден од тие што почнуваше протести пред Специјалното јавно обвинителство. И верувам во целиот тој систем“, вели Заев. 

Македонија | пред 6 години

toni-mihajlovski

Тони Михајловски: Вечен да е јазикот твој. Вечна да е песната за тебе Татковино. За многу години Македонци!

Вечна да си Македонијо. Вечен да е родот твој. Ова го нашиша Тони Михајловски на Фејсбук и упати честитка за Денот на независноста.- Вечен да е јазикот твој. Вечна да е песната за тебе Татковино. За многу години Македонци!, напиша тој.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10154584471197755&set=a.10150412191257755&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

mickoski-3

Мицкоски: Среќен роденден татковино! Македонија вечна!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил упати честитка по повод Денот на независноста на Македонија.Мицкоски порача: Среќен роденден татковино! Македонија вечна!https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/423876251594793/?v=423876251594793

Македонија | пред 6 години

policija-motori

Близу 200 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје, пронајдена и дрога

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 07.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот санкционира 24 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Откриени се и 77 останати прекршоци за кои се издадени 58 мандатни платни налози и 19 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 07/08.09.2019 во времето од 19,30 до 01,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 36 возачи. Покрај тоа, задржани се три мотоцикли и едно патничко моторно возило за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.  Откриени се 53 останати прекршоци за кои се издадени 32 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог.На 08.09.2019 во 01,00 часот во Полициската станица Бит Пазар приведени се двајца малолетници од Скопје, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. 

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања