Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tajfun-6

(ВИДЕО) Јужна Кореја ја погоди најсилниот тајфун во историјата:

Тајфунот Линглинг усмртил три лица и предизвикал прекини во снабдувањето со струја и оштетил објекти, а поради него во саботата летовите во Јужна Кореја мораа да бидат одложени.Тајфунот Линглинг остави без струја повеќе од 161.000 домаќинства ширум Јужна Кореја, вклучувајќи го и јужниот остров Јејо, кого бура го погоди во текот на ноќта. Владата на Јужна Кореја соопшти дека најмалку 15 лица се хоспитализирани поради повреди.

Свет | пред 6 години

sv-jovan-bigorskki

Свештената Бигорска Обител: Бог нека ни ја сочува Татковината вечна

Честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Републиката до сите граѓани упати  братството на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир.-Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста. Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци. Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари, стои во честитката.Во честитката се наведува дека  8-ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.Исто така се посочува дека она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа и „колку еден народ има поразвиено самосозание, толку повеќе тој ја цени слободата”.

Македонија | пред 6 години

b9834986-resize-820x0x100

ВМРО ДПМНЕ: Независна и суверена Република Македонија била визија за која генерации Македонци живееле, твореле, се жртвувале и се бореле

Честитка по повод 8-ми септември, Денот независноста, од ВМРО ДПМНЕ. Во честитката се вели:Независна и суверена Република Македонија била визија за која генерации Македонци живееле, твореле, се жртвувале и се бореле. Да се има сопствено парче земја во кое сами ќе ја градиме својата иднина, била идеја за која живееле и гинеле илјадници патриоти на овие простори.Сето тоа стана реалност на референдумот 1991 година кога македонскиот народ без двоумење, во огромно мнозинство се определи за своја држава.На овој ден пред 28 години Македонците го остварија својот вековен стремеж за создавање на независна и суверена Македонија која со гордост ќе можат да ја нарекуваат свој дом.На 8 септември се оствари сонот на Илиденците, борците на НОБ и сите оние кои својот живот го положиле за сонот наречен Република Македонија.Пред точно 28 години македонските граѓани масовно излегоа на референдумот за независност каде јасно и гласно кажаа дека сакаат да живеат во независна и суверена Република Македонија.Овие турбулентни времиња, кога се оспорува македонскиот идентитет, јазик и историјата, докажуваат дека борбата за Македонија никогаш не завршува. Секоја генерација има своја битка и свои победи кои треба да ги извојува. На оваа генерација и беше наметната промена на името на државата и покрај тоа што власта не доби поддршка на референдум. Оваа генерација гледа како се гребат шахти и се преименуваат улици и објекти. Оваа генерација се соочува со обидот да се брише и заборави дел од историјата. Се најавува ревизија на учебниците и промена на обележјата. Наместо да се чува идентитетот, името, јазикот, културата и историјата, власта тргува со се што е свето. Македонија е економски опустошена земја, во која владее криминалот, а не правото. Македонија е земја од која што младите масовно заминуваат, а не основаат семејства.Сега повторно е време кога треба да покажеме и докажеме со дела и работа колкава е љубовта кон нашата татковина.Време е сите да покажеме дека сакаме да живееме во просперитетна и демократска Република Македонија.Нека е честит и вековит овој голем празник, Денот на независноста!Нека ни е честита, вековита и просперитетна Република Македонија, се вели во честитката од ВМРО ДПМНЕ. 

Македонија | пред 6 години

zaev-micko

Во вторник лидерска средба, дали ќе бидат само Заев – Мицковски?

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ – опозиционерот Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, сепак, ќе седнат на заедничка маса следната недела, во обид да постигнат финален договор за новиот закон за јавно обвинителство, во кој најжешка точка е судбината на СЈО. Неофицијално средбата ќе се одржи во вторник во собранието.Покрај измените во Законот за јавно обвинителство кои како тема ќе доминираат на лидерската средба, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски најави дека  лично тој ќе ја отвори темата за организација на предвремени парламентарни избори.Се уште нема информација во кој формат ќе се организира лидерската средба и дали покрај Заев и Мицкоски на маса ќе седнат и други лидери на политички партии.

Македонија | пред 6 години

kosta-vodici1

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 8 ми септември

-Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на нашиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна, суверена и стабилна држава. Пред точно 28 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина.Денес стоиме на чекор пред остварувањето на сонот, нашата татковина да стане рамноправна членка на НАТО и на Европската Унија, каде што рамо до рамо со светските сили ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создадеме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард. Мораме да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да работиме кон остварување на оваа цел, која ќе донесе просперитет за нас и нашите идни поколенија.Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна Република Северна Македонија!, се вели во празничната честитка на градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 6 години

Foto

(ВИДЕО) Честитка по повод 8 Септември, од претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија. Почитувани граѓани,Во 1991-та, во неизвесно време, ние, граѓаните, се обединивме околу идејата за своја, независна држава. Тогаш, големиот предизвик, наместо причина за поделби, стана повод за обединување, сите се собравме околу идејата за независна и суверена Македонија. Низ годините имавме и подеми и падови, и грешки и успеси, но, заедно, ги надминавме сите искушенија. Во 1991-та одбравме независност, во 2001-та меѓуетнички соживот. Денес сме пред портите на европските и евроатлантските институции. За да стигнеме до целта, треба повторно да го обновиме единството што го имавме на почетокот на независноста. За тоа ни е неопходно граѓанско помирување, а за трајно помирување потребна е ефикасна правда и државни институции со интегритет. Ако сакаме младите генерации да останат во земјата и тука да живеат, да работат и да создаваат иднина, мора да се потрудиме многу повеќе како држава и да им обезбедиме услови да се реализираат и да успеат дома, во својата земја. Драги граѓани, Нашата различност е нашата привилегија. Колку поразлични сме, толку побогат и поубав ќе биде нашиот заеднички дом. Да градиме заеднички држава во која сигурно има место за сите нас, да градиме општество ослободено од предрасуди. Држава и општество во која има продуктивен политички дијалог, социјална правда, солидарност кон ранливите и заборавените, во која и државата и граѓаните се грижат за животната средина. Држава во која владее правото, во која истите правила важат за сите нас, и за силните и за слабите, и за моќните и за немоќните, и за власта, и за опозицијата. Држава во која ќе се признаваат грешките и ќе се честитаат успесите. Само таква држава ќе има сигурна и просперитетна иднина. Нека ни е вечна државата!Нека ни е честит Денот на Независноста! Стево ПендаровскиПретседател на Република Северна Македонија

Македонија | пред 6 години

nezavisnost

(ВИДЕО од Прославата по успешниот референдум) 28 години - самостојна и суверена држава

Република Македонија прославува 28 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г.Токму на 8 ми септември 1991 година 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?Според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.На референдумот му претходела Декларација за независност што првиот повеќепартиски Македонски парламент што ја усвоила на 25 јануари 1991 година.Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија.https://vimeo.com/181848498

Македонија | пред 6 години

3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

Силановска Давкова: Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА

фејсбук статус на Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова:Да ни е вечен „ 8-МИ Септември“, Денот на Суверена и Независна Република Македонија! Почит за Глигоров, Андов, Кљусев, Гошев, Алити, пратениците од првиот состав на Собранието, а најмногу за граѓаните на Република Македонија за мудро и мирно извојуваната независност, легално и легитимно. Постреферендумската радост на плоштадот Македонија и денес ме вознемирува до солзи со јасната порака: „Ние, НАРОДОТ “ Републиката за која генерации Македонци сонувале, се бореле и умирале, блесна во традиционалното свечено, црвено-црно-жолто руво. „8-ми“ Септември е неизбришлив дел од мојот, од нашиот, македонски идентитет без разлика дали сме тука или надвор! Жал ми е што не можам да дојдам на „Школка“, но не ги препознавам ниту боите, нити името на МАКЕДОНСКАТА РЕПУБЛИКА.https://www.facebook.com/kandidat.za.pretsedatel/posts/917086775315865

Македонија | пред 6 години

snimka-od-avion

(ВИДЕО) Македонија го доби првото „Авио такси“, може да ручате во Штип, а кафе да пиете во Охрид

Во Штип и регионот веќе функционира првото Авио такси.  Веќе достапната услуга за сите заинтерсирани ја изведуват професионални пилоти од кои , како на пример Раде  Илиевски, со над 12 000 часови летање. Огромното искуство тој  го дели со неговите синови  исто така одлични  пилоти  но на услуга се става на  бизнис секторт, туризмот   но и на љубопитните.Морам да кажам дека тие што сакаат да патуваат со авион не размислуваат колку пари ќе чини тоа. На некои луѓе  и значи времето на некои удобноста. Сакаат да експериментират“ изјави Раде Илиевски- пилот.И покрај директно избегнатиот одговор за цената на  летање,  на пример, низ Македонија,  сепак дознаваме дека тоа е исплатливо  зашто  се повеќе интерес има   за  оние кои  заминуваат во Охрид или Солун на ручек а  оттаму кафето го порачуваат во Штип, објави televizijastar.com.Текстот во целост на: televizijastar.com.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Прилепски бизнисмен јавно проговори за рекет?

Шokaнтен статус на сопственик на ресторан од Прилеп.“Јас Самоил Илиоски, сопственик на Ресторан „Мир“ изјавувам дека рекетарските групи што сакаат да одземат објекти, ресторани, како што одземаат други кафиќи, бензиски пумпи, нема да дозволам да ме рекетираат со казни и  пријави под притисок и пpиcила да го издадам мојот приватен објект, и по цена на мојот живот и да знаете дека времињата се менуваат, а јас не брзам”, пишува сопственикот на ресторанот „Мир“ од Прилеп.https://www.facebook.com/RestoranMir/posts/2589714371051495  

Македонија | пред 6 години

PrtScr-capture_4

Заев за Камчев: Не можам да кажам дали ме снимал, ако снима секаде, можно е да ме снимал и мене

Премиерот Зоран Заев, во интервју за неделникот „Фокус“, не ја исклучува можноста Камчев да ги снимал и разговорите со него. Камчев е бизнисменот кој пролетва побарал итна средба со премиерот и се сретнале доцна навечер. Заев вели дека му биле презентирани снимки и тоа го разбудило поривот кај него уште следниот ден случајот да го пријави во Обвинителство, по што Камчев бил повикан како сведок.„Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене, прво се оставаат телефоните, според процедурата, за да може да имаме слободни состаноци… Сè што сум разговарал со некој, секогаш сум се водел од мојата одговорност како премиер. Треба да се постапува по закон, дури и кога доаѓа некој, како што дошол тогаш и Боки 13. Сите луѓе бараат средба со премиерот, а при сите тие средби се обидувам да бидам позитивен пример за законско работење“, вели премиерот за „Фокус“.На средбата со Камчев тој не видел докази за инволвираност на Јанева во „Рекет“.„Во снимките што ми ги презентираше Камчев, тоа што го слушнав, немаше докази дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност“, вели Заев.Доколку сте претплатени на „Фокус“, целото интервју во електронска верзија може да го прочитате тука.

Македонија | пред 6 години

tome

Неговите собираат шишиња за се прехранат и школува децата, а Томе стигна до светски натпревар по астрономија

Во средината е познат како многу талентиран математичар и физичар со солидни познавања по астрономија. Покрај честите присуства на регионални и државни натпревари по математика, каде што освојувал и награди, летово ново искуство за него беше учеството на Светскиот натпревар по астрономија и астрофизика во Сучава, Романија. Неговата сторија ја пренесув Дневник.– До 11 август бев дел од огромен тим со двесте млади таленти по астрономија од 32 држави од светот. Местото си го обезбедив бидејќи бев меѓу првите пет победници на натпреварот по астрономија во Македонија. Во Романија имавме тест со решавање задачи, теоретски дел, практичен дел како обработка на податоци од астрономија, набљудување со телескоп и дел од планетариум – вели младиот и талентиран Kиријази.Природните науки ги носи во малото прсте. Вели дека никогаш дома не бубал за да научи, туку она што ќе го слушнел на школо го запаметувал. Доволни му се неколку секунди да ги разгледа податоците запишани на лист хартија, а потоа без грешка да ги интерпретира. Љубовта кон астрономијата се појавила кога тргнал во средно училиште и кога професорката по физика го вклучила во натпреварите. За жал, во Романија не се пласирал меѓу победниците поради големата конкуренција.– За натпреварот сами се подготвуваме дома од интернет и од книги што ни ги даде професорката. Во Битола нема многу услови за да напредуваш во астрономијата, немаме опрема, телескопи. Во Романија имавме можност да се запознаеме со напредна опрема и да научиме повеќе од другите учесници – додава Kиријази.Сметувањето во Романија му било платено, но патувањето и престојот на младиот Томче таму го помогнала општинската организација на Црвениот крст од Битола.– Црвениот крст ни помага, го облече за матурата и му дадоа пари за Романија, 250 евра. Му останаа 50 евра и следниот ден ги вративме. Благодарение на Црвениот крст имаме интернет и лаптоп дома. Инаку, имаме три деца, јас сум домаќинка, мажот ми работеше во фабрика, но таа отиде во стечај. Едно време земавме социјална помош, но ни ја укинаа. Сега моментално собираме шишиња и големата ќерка работи – раскажува мајката Зорка Kиријази.Таа се жртвувала за да ги прехрани и школува децата.– Предвреме ќе ги прашав што им треба за училиште зашто финансиски сме слаби, да не им недостига тетратка или некој прибор, па да се чувствуваат инфериорно. Ако требаше јас немаше да јадам дента, за нив да има храна за на училиште. Од книжарницата, ако требаше, ќе позајмев прибор – додава пожртвуваната мајка.Нејзиниот труд се исплати зашто синот од средношколските води исплива со диплома за најдобар ученик, а за еден месец ќе биде бруцош на новиот Факултет за информатички и компјутерски технологии во Битола.извор: Дневник

Магазин | пред 6 години

Branko-Geroski-696x478

Героски во свој стил за рекетот на Боки: Бекам не украл од УБК компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички и ...

ФБ статус на новинарот Бранко Героски:Колку што знам јас, Бекам не украл од УБК компромитирачки снимки на познат скопски бизнисмен со малолетнички и потоа не убедувал роднина на бизнисменот да плати рекет кај Боки во вид на... Ај да оставиме детаљите други да ги откријат. Важно, рекетот е уредно платен.https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2379715682150113

Македонија | пред 6 години

paridenari1

Две лица ограбиле фирма

На 06.09.2019 околу 12,55 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Кемал Сејфула“, две лица извршиле разбојништво и одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Малетно дете каснато од куче скитник во Велес

На 06.09.2019 во 13.45 часот во СВР Велес, Р.А.(59) од Велес пријавил дека истиот ден околу 10.30 часот на улица,,Димитар Влахов’’ нејзиниот малолетен внук бил каснат од куче во пределот на десната подлактица.

Македонија | пред 6 години

policija-123

Кумановец физички нападнал полициски службеник

На 06.09.2019 во 12,45 часот, во СВР Куманово бил приведен И.С. (57) од Куманово затоа што на улица,, 11 Октомври’’ физички нападнал полициски службеник. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Во поликлиниката Драчево нападната медицинска сестра

На 06.09.2019 околу 20,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во поликлиника Драчево Ј.Г.(41) физички ја нападнал М.Л.(60), медицинска сестра. Против Ј.Г по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

tepacka-zeni

Малолетничка нападнала своја врсничка во училиште

На 06.09.2019 во 15.50 часот во СВР Скопје, Ц.Љ.(58) од Скопје, пријавил дека во средно училиште на улица ,,Стрезово’’ неговата 15- годишна ќерка била физички нападната од соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

tepacka2

Поради претходна сообраќајна незгода, настанала расправија а завршило со тепечка

На 06.09.2019 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Пинтија по претходно случена сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило ,,лада’’ управувано до Г.Т.(53) од Скопје, патничко моторно возило,,туарег’’ управувано од М.М.(27) од Скопје и патничко моторно возило,,пежо’’ сите со скопски регистарски ознаки настанал расправија при што Г.Т. бил физички нападнат од М.М.Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Македонија | пред 6 години

tepacka-222

Се истепале во казино

На 06.09.2019 во 21,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар,,Партизански Одреди’’ во казино Н.С.(42) и Џ.А.(26) и двајцата од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, по претходна расправија. Направен е записник за константиран прекршок по чл.11 од ЗПП ЈРМ.

Скопје | пред 6 години

marihuana

При проверка на „БМВ“ полицијата пронашла марихуана, приведено едно лице

На 06.09.2019 околу 23,30 часот во СВР Тетово приведен е Е.О.(22) од с.Пирок,тетовско, кај кого при проверка на патничко моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е.О пронајдена е марихуана. По целосно документирања на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стружанец приведен на паркинг, при преглед му пронашле нож и кокаин

На 06.09.2019 околу 23,45 часот, во Полициската станица Гостивар на паркинг пред угостителски објект на излезот од Гостивар, приведен е Г.С.(32) од Струга. При преглед кај Г.С. пронајден е нож  и кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај три лица од Гостивар пронајдена марихуана

На 06.09.2019 околу 22,15 часот, во Полициската станица Гостивар приведени се Е.Н.(19 ) од с.Долна Бањица и Е.А.(34 ) и С.И.(22 ), двајцата од Гостивар. Од страна на полициски службеници при преглед кај нив е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

SDS_2841

Бетиќи: Раст на БДП од 3,2 отсто, со ребалансот на Буџетот ќе се интензивира растот економијата и на платите

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што поттикнуваат економски раст и стабилна и развојна економија.  Владата предводена од СДСМ го усвои ребалансот на Буџетот за 2019 година со што продолжува диструбуцијата на повеќе пари кај граѓаните и компаниите. Ребаланост на Буџетот има за цел да се алоцираат средства од оние ставки кои не се искористени, во ставки што обезбедуваат развој на економијата, истакна Фатмир Бетиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.Како што ветивме, по затворањето на горливите прашања кои не одведоа во НАТО и овозможија почеток на преговори со ЕУ, почнуваме со силен интензитет да го подобруваме животниот стандард на граѓаните. Најновите податоци покажуваат дека економијата е активна и се движи во добар правец. Растот на БДП во вториот квартал е 3,1 отсто што покажува дека економските мерки даваат добри резултати.Се отвораат нови и подобро платени работни места, невработеноста е на рекордни ниски 17,8 отсто. За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога се вршеа притисоци иказнувања на фирмите, денес градиме партнерски однос со приватните компании.Денес, бизнисот живее, нема веќе инспекции, нема пиштење вриштење, секој работи без притисоци и слободно се натпреварува на пазарот. Во таа насока, со ребалансот, обезбедени се дополнителни 200 милиони денари за активните политики и мерки за поддршка на вработувањето за кои постои голем интерес.Обвинувањата дека ребалансот е популистички и со краткотраен ефект  значи дека ВМРО-ДПМНЕ повторно се против зголемување на платите на граѓаните, против подигање на животниот стандард, против раст на пензиите и поголема поддршка за компаниите. 400 милиони денари се обезбедени за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра, односно до 6.000 денари.Оваа мерка, освен раст на платите, има за цел и сузбивање на сивата економија и давањето плати во плико, но и зголемување на приливот на средства во пензискиот фонд. Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа за пациентите и го унапредува системот на здравствена заштита.Со ребалансот, обезбедени се средства од 193 милиони денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин. Истовремено, во Фондот за здравствена заштита префрлени се 660 милиони денари за непречено остварување на правата од здравствена заштита. Наместо во лажен барок, стиропор, палми и споменици, каде ВМРО-ДПМНЕ потроши стотици милиони евра, денес парите од буџетот ги вложуваме во она што е важно за граѓаните и државата. Трендот на раст на платите којшто е постојан во изминативе две години, продолжува и натаму.Веќе од септемвриската плата која ќе се исплати во октомври,стапува на сила новото покачување од 5 отсто на платите во јавната администрација, во здравството, во образованието, во градинките, во полицијата, културата, одбраната...Владата предводена од СДСМ го одржува ветувањето, Република Северна Македонија силно чекори напред, се повеќе пари завршуваат назад кај граѓаните.Проектот Мој ДДВ  дава неверојатни резултати, граѓаните за првпат добиваат пари директно од државата, а не како што беше во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните се пљачкосуваа а трошоците за живот вртоглаво растеа.Како одговорна партија, продолжуваме со реализација на мерките и политиките во интерес на економијата и граѓаните. Градиме силна и конкурентна економија што отвора шанси за сите, истакна Фатмир Бетиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

lekarska-komora

Лекарската комора на Македонија со осуда за нападот на тетовскиот доктор

Лекарската комора на Македонија најостро го осудува последниот инцидент во Клиничка болница во Тетово во кој, денес во претпладневните часови, родител на пациент нападна и со удари во главата повреди доктор на Одделението за дерматовенерологија. Комората ги повикува надлежните институции и одговорните лица да преземат конкретни мерки за да се спречат ваквите инциденти на физичко насилство над здравствените работници кои согласно законската регулатива на своите рабони места се службени лица.– Комората има разбирање за здравствените проблеми на пациентите и со нивните блиски, но и во оваа ситуација јасно декларира дека осудува какво било насилство врз медицински персонал. Дотолку повеќе што медицинарите секојдневно се борат за животот на пациентите, посебно кога станува збор за пациенти кои се во сериозна и животозагрозувачка состојба. Комората укажува дека насилството во здравството, за жал, е многу почеста појава отколку што се зборува за неа и покрај тоа што секој поединечен инцидент не е само лична трагедија и траума, туку го урива интегритетот и дигнитетот на докторот, здравствениот работник и здравствениот систем во целина – се вели во реакцијата на комората.Лекарската комора апелира секој во рамки на своите ингеренции, да се вклучи во заштита од насилство врз здравствените работници и соработници, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.Заложбата на Лекарската комора е за јасно и транспарентно делување во кое нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги, а тоа, мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и јавно да се поддржува, се вели во реакцијата.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања