Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

pretepan

Тепачите на тетовскиот лекар заработија кривична пријава

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска ( 7.9.2019 ) поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, по член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека на 6.9. 2019 година, во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ). А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово. Во текот на денешниот ден со соодветен поднесок тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.    

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Трипуновски: МЗШВ предвидува дополнителни 25.000 евра за купување на мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили

Дополнителни средства за кожни фотелји и автомобили, а помалку пари за земјоделците, ова се предвидува со ребалансот на буџетот во делот на МЗШВ. Додека земјоделците мака мачат како да најдат откуп за произведеното, додека ги чекаат ветените субвенции и мерките за дополнителна помош, Зоран Заев со неговиот ребаланс во делот на МЗШВ предвидува дополнителни 25.000 евра за купување на мебел и нови 150.000 евра за купување на автомобили, изјави Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Заев и Димковски кратат и неверојатни 20 милиони евра од ставката за рурален развој од буџетските средства на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството. Тоа се пари за унапредување и модернизација на земјоделството.Ветуваа многу, не реализираа ништо. Откуп нема, земјоделските производи завршуваат на буниште. Земјоделците немаат пари, ниту да си ги изораат нивите, а не пак да преживеат.Оваа власт крати 1.5 милиони евра и од ставката за водостопанство, каде изминатиов период имаше сериозни проблеми кој што нанесоа огромна штета на земјоделското производство.Откако дојдоа на власт до денес, немаат реализирано ниту еден проект во водостопанството, како што проаѓа времето така гледаме дека и воопшто немаат план нешто да направат во овој сегмент.Почитувани,Пред извесно време обелоденивме дека програмата за финансиска поддршка во земјоделството е во минус од 65 милиони евра, а денес гледаме дека со ребалансот не се одвојуваат пари за земјоделието, тоа значи дека земјоделците и понатака ќе ги чекаат ветените субвенции.Со ова власта уште еднаш покажува дека земјоделството и македонскиот земјоделец не се во фокусот односно земјоделците како и до сега сами ќе мора да се снаоѓаат во решавањето на своите секојдневни проблеми.Со СДСМ земјоделието не може да тргне од мртва точка.СДСМ мора да си замине. Затоа потребни се брзи предвремени парламентарни избори, изјави Цветан Трипуновски - член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Николов: Донесоа сега и одбраа фирма која ќе ја спроведува стерилизацијата! А, ниту одлуката за донесување на стерилизација не е јавна!

Продолжуваат деструктивните процеси во здравствениот систем.Стерилизацијата на хируршките инструменти е клучна алка во медицината. Играта со стерилизацијата може да чини човечки животи.Тендерот за стерилизација е доделен, но никој нема никаква, ама баш никаква информација како мисли министерот за здравство, Венко Филипче да го спроведува јавното приватно партнерство во оваа клучна област од медицината, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Направиja физибилити студија, но не ја објавија, ветија состанок со надлежните од фелата неколку месеци пред објавување на одлуката, но таков состанок не се одржа!Во здравствените институции, замислете не е запознаен со начинот на кој што ќе се спроведува јавното приватно партнерство за стерилизацијата, а за вработените воопшто да не зборуваме.Ништо не е познато ниту на јавноста. Толку беше од таа транспарентност!Донесоа сега и одбраа фирма која ќе ја спроведува стерилизацијата! А, ниту одлуката за донесување на стерилизација не е јавна!Значи никој ништо не знае!Се поставуваат прашања, министре, како одбравте 4 центри за стерилизација? И тоа два во Скопје, а останатите да бидат во Охрид и Кавадарци? Битола и Штип имаат клинички болници, а центрите за стерилизација ќе бидат во Охрид и Кавадарци. Замислете Охрид ќе ја прави стерилизацијата на Битола, која е логиката да се транспортираат инструментите од Охрид во Битола?! Која е логиката да се транспортираат инструменти од Кавадарци во Штип?Не се знае ни кога и како ќе стартува сето ова што вие го нарекувате јавно - приватно партнерство.И повторно прашања, кои што јавноста очекува одговор:Прво, по која цена и како ќе се нудат услугите? По кој ќе се детерминира цената за стерилизација?Второ, кој ќе ја плаќа стерилизацијата на инструментите?Трето, велите дека кадарот ќе го преземе приватен партнер, но треба да објасните под кои услови?И ова се само дел од работите кои бараат одговор.Излезете во јавноста, објаснете како ќе функционира ова! Не на мене туку на јавноста и требаат одговори, на граѓаните на кои што им е важна оваа процедура. Или излезете, или напуштете ја функцијата! Трето нема, истакна Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Жугиќ: Граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена

Пожарите стануваат сериозна закана за градот Скопје и населените места околу градот Скопје. Отсуствува посериозен и посеопфатен ангажман на надлежните институции во справувањето со ваквите катастрофални појави. Практично пожарите директно и индиректно го загрозуваат здравјето на Скопјани. Последниот пожар на Скопска Црна Гора кој остана нелокализиран неколку дена направи огромна штета за животната средина и беше со можни закани за последици врз здравјето и на локалното население. Граѓаните беа препуштени речиси сами да се справуваат со пожарите неколку дена. Тоа покажува неколку работи: дека се недоволни капацитетите на градската противпожарна заштита, дека Дирекцијата за справување недоволно се ангажира во справување со ваквите пожари и дека владата треба посериозно да се вклучи во гасењето на пожарите, Истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје.Таа вели: Скопска Црна Гора како и Водно се белите дробови на Скопје, и додаде:Како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје предлагаме:При гаснење на посериозен и поголем пожар да се вклучи и Армијата на Република Македонија со своите ресурси.Градот Скопје и владата да извршат акција за пошумување на уништените зелени површини и дрва кои беа зафатени од пожарите на Скопска Црна Гора.За таа цел да се изврши пренамена на средствата кои владата ги дава за набавка на цветни аражмани кои беа во висина од над 700 илјади евра како и Градот Скопје да се откаже од набавка на службени возила за менаџментите на јавните претпријатија. Парите да се наменат исклучиво за разеленување на опожарените површини и доопремување на противпожарната градска служба.Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да демонстрираат општествена одговорност за потребите на Скопјани, истакна Жугиќ.

Македонија | пред 6 години

20170524092354

Шведска нема да го екстрадира Давидовски, за Врховниот суд на 27 април немало тероризам во собранието

Во вестите на „АлфаТВ“ гостуваше Звонко Давидовиќ кој говореше за одлуката на шведскиот суд и појасни дека не постои кривично дело како што е прикажано во квалификацијата на обвинителството.-Шведскиот суд смета дека се работи за политичко кривично дело за што нема да изврши екстрадиција на Дејан Давидовски Дешо. Таму шведскиот суд образложува што е по негово мислење политичко кривично дело, дека тоа е знак на револт. И дека тој револт е искажан при изборот на Претседателот на Собрание, кој требал да се спречи од некоја група на луѓе. Тоа е размислувањето на шведскиот суд, истакна Давидовиќ.Давидовиќ додаде дека сепак одбраната тврдејќи го она во текот на постапката дека не постои кривично дело терористичко загрозување навистина било во право.-И сега имаме ситуација каде што еден дел од обвинетите беа амнестирани, и сега се дома, се пратеници, си добиваат тендери. А, еден дел добија 15 години и повеќе, и еден кој воопшто нема да биде екстрадиран. Тоа не е правда, тоа не е правичност, тоа не е вистински правен систем, посочи Давидовиќ.

Македонија | пред 6 години

letalo

(ВИДЕО) Неуспешен обид на Индија да слета на Месечината

Индија изгуби контакт со вселенското летало Викрам кое требаше да слета на Месечината. Леталото требаше да слета на јужниот пол на Месечината за да постави возило кое требаше да трага по вода, соопшти индиската Организација за истражување на вселената (ИСРО).Се уште не се знае дали леталото слетало или доживеало несреќа. Мисијата Чандријан 2, за која се потрошени околу 140 милиони долари, имаше за цел да ги анализира кратерите на „темната страна на Месечината“, кои содржат резерви на вода, што било потврдено со претхпдната мисија Чандријан 1 во 2008 година.Со успешно спуштање на вселенското летало на Месечината, Индија ќе станеше дури четвртата земја која го направила тоа, а трета кој поставила роботизирано возило. Досега тоа ги имаат направено само САД, поранешниот Советски сојуз и Кина.

Свет | пред 6 години

ohrid-fest

Биба Додева победи, па се пребројуваа гласови ... што се случуваше на „Охрид-фест“?

Откако Биба Додева беше прогласена за победник во поп-вечерта на „Охрид-фест“ и се појави на сцена каде ѝ беа врачени наградите, нејзината радост на момент ја прекина актерот Драган Спасов-Дац кој обвини дека бодовите од жири-комисијата не се пресметани како што треба.Организаторот одлучи да се повтори гласањето, а според претходното рангирање Дац кој настапи на фестивалот во дует со Митевски се најде на второто место. По прегласувањето Биба повторно заврши на врвот.Преземено од Женски Магазин

Магазин | пред 6 години

soo-bolnica

МВР за сообраќајната несреќа во која е повредена жена пешак

На 06.09.2019 во 20,20 часот било пријавено дека во Охрид на крстосницата од улицата „Сирма Војвода“ со улицата „Лазо Трпоски“ патничко моторно возило „југо корал“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.М.(30) од Охрид удрило во Ј.М.(55) од Охрид, која била пренесена во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Македонија | пред 6 години

policija-ilustracija

Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар, повредени повеќе лица

На 06.08.2019 во 12,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шевролет спарк“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(19) од Струга и патничко моторно возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(35) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот А.Б. и сопатник од истото возило Е.И.(23) од Струга кои биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле двајца сопатници М.Ѓ.(40) и М.М.(22) и биле пренесени во Медицинскиот центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот

На 06.09.2019 во 16,00 часот било пријавено дека на булеварот “ВМРО“ З.Б.(47) од Скопје управувајќи мопед “сим“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот, при што се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 6 години

policija-motori

СВР Скопје „лови“ возачи кои пречекоруваат брзина

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 06.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 06/07.09.2019 во времето од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.  Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.

Скопје | пред 6 години

granata

При ископ на канал пронајдена артилериска граната

На 06.09.2019 во 08,48 часот било пријавено дека на патот за с.Трново-битолско, при ископ на канал била пронајдена  артилериска граната калибар 155 мм од Првата Светска Војна. Во 09,45 часот истата била безбедно подигната за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Приведени 41 и 18 годишно лице, полицијата им пронашла марихуана

На 06.09.2019 во 13,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Босна и Херцеговина“ го лишиле од слобода А.Д.(41) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Чаир и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 06.09.2019 во 23,30 часот полициски службеници од СВР Скопје во близина на стадионот го лишиле од слобода А.Г.(18) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Центар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Кај двајца скопјани пронајдена прашкаста материја

На 06.09.2019 во 17,50 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “23-ти Октомври“ ги лишиле од слобода С.П.(36) и А.Г.(36) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. Тие биле приведени во Полициската станица Аеродром и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Скопјанец приведен на улица

На 06.09.2019 во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од улицата “Марко Орешковиќ“ го лишиле од слобода М.А.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

svinska-cuma

Атанасов: За расни маторици 24.000 денари, за прасиња 120

По пазарна цена ќе се откупуваат свињите од индивидуалните фарми кај кои нема или не се запазени основните биосигурносни мерки. Според директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта е сточарите да не бидат оштетени, да се намали ризикот од африканска чума, но и максимално да се искористи економскиот бенефит од преземањето и колењето на грлата.Разликата во цената, онаа што ја дефинира АХВ и онаа што кланичарите ќе ја платат (нешто пониска од пазарната), одгледувачите на свињи ќе ја добијат во два наврата. Еден дел ќе им биде исплатен во рок од пет дена, а останатиот дел во рок од 30 дена.– Свињите ќе се откупуваат според упатството и ценовникот што го има донесено АХВ, усогласен со цените на домашниот пазар. За расна маторица ќе се исплаќаат 24.000 денари по грло, за мелези 16.000, додека за расна маторица со неодбиени прасиња 30.000 денари, а за мелези со неодбиени прасиња 22.000 денари. За гоеници тешки 80 – 120 килограми се предвидени по 100 денари за килограм, за гоеници над 120 килограми по 80 денари за килограм, за расни нерези 24.000 денари по грло, а за мелези 16.000. За расни назимки ќе се плаќаат 170 денари за килограм, а за мелези 120 денари. За прасиња тешки 10 – 25 килограми ќе се даваат 170 денари по килограм, а за прасиња од 25 – 80 килограми 120 денари по килограм. Ова се всушност пазарните цени, цените на сточните пазари, по кои ние ќе ги откупуваме свињите од домашните фарми, нагласува Атанасов за МИА.Предавањето на свињите од, на некој начин ризичните фарми, според Атанасов, ќе биде обврзно.-Само во ваков случај државата би била помлаку оштетена, би потрошила помалку финансиски средства, отколку ако се појави болеста. Тогаш би морале да се убијат сите грла и наместо да се преработат, ќе завршат во дупка. Тоа, пак, подразбира дополнителни трошоци, за дезинфекција, копање, ангажирање механизација. А каде се забраните за движење на свињите, забраните за извоз на нашите производи, можното загадување на околината. Оттука, со колењето го намалуваме ризикот од појава на болеста, но и штетите се помали сега, објаснува директорот на АХВ за МИА.Извор: МИА

Македонија | пред 6 години

kosovo-3

(ФОТО) Уапсени осуммина Чеси кои планирале инцидент на натпреварот меѓу Косово и Чешка

Косовската полиција уапсила осуммина чешки навивачи кои сакале на вечерашниот меч со Косово во Приштина да летаат дрон, на кој ќе има закачено знаме со парола „Косово е Србија“.Официјални извори од косовската полиција информираа дека кај шест машки и две женски лица дојдени од Чешка, од полицијата во градот Урошевац биле откриени еден дрон, знамиња на Република Србија и транспаренти со српски симболи и пораки против косовската држава, односно со написи на српски јазик „Нема предавање“ и „Косово е српско“. Освен овие материјали, кај приведените, од кои еден има и српско државјанство, пронајдени се и конфискувани и една камера и два апарати за радио-врски.Според приштинските медиуми, оценка на надлежните косовски служби е дека приведените навивачи од Чешка планирале во текот на денешниот фудбалски натпревар со дрон да ги истакнат српските знамиња и антикосовските транспаренти, со што би испровоцирале „ситуација која би можела да предизвика сериозни проблеми“ на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.Ова веројатно требаше да биде одговор на сличната провокација која се случи пред неколку години во Белград, кога со дрон на теренот беше спуштено знаме со картата на голема Албанија. Тогаш настана вистински хаос, навивачи влетаа на теренот, фудбалерите почнаа да се тепаат меѓусебе, а Србија беше казнета.

Свет | пред 6 години

pesaci

Со „Порше“ влета меѓу пешаци, четири лица загинаа меѓу кои и бебе

Непознато лице влета со џип марка „порше“ во пешаци на тротоар во Берлин, при што загинаа четири лица меѓу кои и бебе. Како што наведува локалниот весник „Берлинер Моргенпост“ на самото место дошле 25 пожарникари.До доцна во ноќта истражувале со термални камери дали под остатоците на возилото има уште повредени лица.Засега не е познато зошто возачот влетал меѓу пешаците. 

Свет | пред 6 години

07092019_PVRSM_Zaev_uvid_ulica_Madjari_3

Заев за реконструкцијата на скопските сообраќајници: Овие зафати значително учествуваат во реализацијата на капиталните инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, на покана на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, и во придружба на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, синоќа изврши увид на работата на уште една многу важна сообраќајница - улицата „Благоја Стефковски“, главната улица која поминува низ населбата Маџари, и која ги поврзува Гази Баба и општините Илинден и Петровец.Премиерот Заев во изјавата за медиумите на овој настан истакна дека еден подолг период граѓаните на Скопје се сведоци на интензивно изведување на работи на реконструкција на повеќе булевари и улици во градот, и додаде дека во рекордно кратки рокови реконструирани беа повеќе главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини, како и дека помал дел од улиците што останаа согласно планот, ќе бидат реконструирани до крајот на овој или почетокот на следниот месец.„Она што ја прави уште позначајна оваа градска сообраќајница е што ја обезбедува сообраќајната врска и комуникација на огромен број стопански субјекти и компании во овие три општини, кои формираат една од најдинамичните индустриски зони во градот.За потребите на граѓаните и за потребите на индустриските и деловните субјекти, реконструкцијата на оваа улица ќе се искористи и за замена на дел од старата и поставување на нова подземна инфраструктура“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Заев, и додаде дека Град Скопје со интензивирањето на активностите во делот на изградбата на нови и реконструкцијата на постојните градски сообраќајници во значителен дел учествува во капиталните инвестиции на Република Северна Македонија.Премиерот Заев рече дека примерот на Град Скопје е инспирација и за другите општини во државата целосно да им излезат во пресрет на потребите на граѓаните за изградба и за одржување на модерни сообраќајни решенија за одржлива урбана мобилност.Во таа насока беше и изјавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој потенцираше дека долж улицата „Благоја Стефковски“ ќе бидат извршени и работи на придружната инфраструктура.„По завршувањето на самата сообраќајница од едната страна имаме доволно простор, каде што ќе можеме да изработиме тротоари и велосипедска патека во широчина од четири и пол метри, со што ќе започнеме со сериозна изградба на алтернативниот начин на движење на граѓаните и можноста којашто овде досега ја немале на улица „Благоја Стефковски“, а којашто очекувам дека наредната пролет кога ќе започнеме со реконструкција на улицата „Александар Македонски“, да ја доизработиме и да го споиме овој дел на градот со велосипедски патеки со остатокот од нашиот град.“, соопшти Шилегов на настанот по повод увид во работите на реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје.

Скопје | пред 6 години

tose-proeski

(ФОТО) Во Босна отворено еко селото “Рај во рајот” посветено на нашиот Тоше Проески

Еко село наречено „Рај во рајот“ е отворено на околу 80 километри од Сараево.Ова прекрасно место е посветено на македонскиот ангел,  Тоше Проески.  Стиховите од песните на Тоше испишани на неколку места на табли.Легендите живеат вечно .... Фала Босна и херцеговина, е напишано на фан страната на Тоше Проески на социјлната мрежа фејсбук.https://www.facebook.com/TosheProeskiOfficial/posts/10162135773460291

Магазин | пред 6 години

policija-motori

Над 100 казни за возачи на мотори и автомобили во Скопје

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 06.09.2019 во времето од 06,00 до 24,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 45 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 25 останати прекршоци за кои се издадени 14 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози.Одделението за безбедност на патниот сообраќај на 06/07.09.2019 во времето од 18,30 до 01,30 часот спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 12 возачи. Покрај тоа, задржани се два мотоцикли за натамошна постапка за проверка на техничка исправност.  Откриени се 22 останати прекршоци за кои се издадени 11 мандатни платни налози и 11 прекршочни платни налози. 

Скопје | пред 6 години

kniska

Без здравствена книшка нема лекови-матичните лекари треба да го вратат и хартиениот дневник

По неколку часа преговори во ФЗОМ, помеѓу претставници од Здружението на приватни лекари и Лекарската комора, се  донесеа неколку заклуцоци.На матичен лекар и во аптека само со здравствена книшка и легитимација, а лекови не може да се земат ако не се запишани во здравствената книшка. Со легитимирање, со лична карта или пасош може да се подигнат лекови и за друг член на семеството. Евидентирањето на рецептите во здравствените книшки ќе важи во наредните три месеци како преодниот период додека не се воведе електронскиот рецепт. Со ова умира електронското здравство, лекарите стануваат писари, а пациентите се малтретираат, коментираат матичните лекари.Бура од реакции кај матичните лекари за враќањето на стариот Правилник и повторното воведување на хартиениот дневник каде што треба да ги запишуваат сите издадени рецепти.“Ние не сме администрација, лекари сме. Ист лек треба да запишеме на четири места, во здравствената книшка, во картонот на пациентот и во електронскиот систем(дневник) на Мој Термин, а сега и во хартиениот дневник. Имаме пациенти, хронични, многу болни со по десетици лекови и сето тоа треба да се запише на повеќе места. Па, болниот ќе падне и ќе колабира додека чека“, изјави за НОВА , Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Македонија | пред 6 години

prognoza-7-mi

Денеска нестабилно време со дожд и грмежи

Времето во земјата денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Според УХМР, на места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд и ретки грмежи. Попладне облачно со поинтензивни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.За утре метеоролозите најавуваат сончево време со умерена облачност. Попладне понекаде со краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ=6

Македонија | пред 6 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: До кога Русковска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“?

Истрага за најголемата криминална афера во историјата на Македонија се претвори во класична фарса. Наместо брза разрешница и истрага која ќе дојде главата на криминалниот октопод, гледаме како Русковска и Јовевски прават се за да ја заштита криминалната рекетарска банда на чело со Зоран Заев, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Рускоска целосно ја компромитираше и девалвираше истрагата за случајот Рекет. Гледаме како Кики и Фрики парадираат слободни, повикани како сведоци, а впрочем целата јавност е свесна дека тие се фасцилитатори на рекетот. Jaсно е дека директивите ги добивале од Илинденска б.б.До кога Русковска ќе ја замајува македонската јавност и ќе ги штити нарачателите на милионскиот „Рекет“.Не постои човек во Македонија кој верува дека Боки 13 и Катица Јанева рекетирале сами, а дека во најголемата криминална афера во историјата на Македонија не е вмешан човек кој е три пати амнестиран за крупен криминал.Аболицираниот Зоран Заев е главата на октоподот, тој е на чело на криминално - рекетарската банда која преку пипците, Боки Тредичи и сењора Катица рекетираше бизнисмени, политичари, македонски граѓани.Време е да се стави крај на трговијата со правдата, време е да се стави крај на политичкиот прогон во Македонија. Македонските граѓани заслужуваат подобро. Македонија не смее, не може и нема да биде заложник на криминалецот Заев. Казната за криминалот на власта пристигнува на следните избори, а потоа секој оној кој што се огрешил пред законот како и оние кои го амнестираат криминалот ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Nevreme-vo-Saraevo

(ВИДЕО) Невреме го парализираше Сараево, улиците како реки

Големо невреме во Сараево. Дожд паѓаше непрекинато неколку часови и предизвика проблеми како во сообраќајот така и во снабдувањето со електрична енергија.Улиците и булеварите беа полни со вода, па возачите како да пливаа со своите автомобили.По неволјата со дождот и гужвите, не сообраќале ни трамваите. Колони се створиле во двата правци на главната сараевска улица, како и кон центарот на градот.

Свет | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања