Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

tupanceski

Професорот Тупанчески за Гласот на Америка: Начинот на кој се носи законот за ЈО е пример како не треба

Во интерес на сите е СЈО е да биде составен дел од едно јавно обвинителство кое ќе биде добра за сузбивање на организираниот криминал и високата корупција, вели универзитетскиот професор во интервју за Гласот на АмерикаДојде време кога македонското општество треба да созрее и да покаже дека правото е над политиката и дека никој нема да биде амнестиран во однос на докажување на правдата и доведувањето на извршителите пред лицето на правдата, смета универзитетскиот професор Никола Тупанчески во интервју за Гласот на Америка.Видео интервјуто на Гласот на Америка на овој линк. 

Македонија | пред 6 години

Hristijan-Mickoski-intervju-8-Custom-960x686

Мицкоски: На лидерската средба во вторник, ќе ја наметнам темата за предвремени парламентарни избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Алфа истакна дека предвремените парламентарни избори во Македонија се неизбежни.-Постојат повеќе разлики кои што во моментов се актуелни помеѓу опозицијата и Владата. Една од разликите е во Законот за јавно обвнителство, но откако ретерираа, откако видоа дека тоа што го прифаќаат нема да им помогне во политичката пресметка и кадровската политика во редовите на опозицијата на овие кои што се наследници на некои минати времиња од некои минат режим, познат на овие простори во една претходна држава. Но истовремено на таа лидерска средбам на тие преговори јас ќе ја наметнам темата и сакам да разговараме за предвремени парламентарни избори . Нели блескаме, нели анкетите се добри, нели се е како што треба во државата, ајде да видиме дали навистина е така или можеби ова претставува уште еден блеф од страна на господинот Заев и СДСМ, а во насока на меѓупартиските редови кои што во овие моменти според нашите информации трпат голема штета и се сериозно раслоени, истакна Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

06092019_PVRSM-Zaev_Gradska-opshta-bolnica-„8mi-Septemvri“_2

Заев на отворањето на Кардиоваскуларниот центар во ГОБ „8-ми Септември“: Создадени се беспрекорни услови за пациентите да добијат квалитетни здравствени услуги

Во пресрет на празникот 8 Септември - Денот на независноста, патрониот празник на Градската општа болница „8-ми Септември“, во оваа јавна здравствена установа отпочна со работа новиот Кардиоваскуларен центар.Претседателот на Владата на Република СевернаМакедонија, Зоран Заев, придружен од министерот за здравство Венко Филипче и заедно со директорот на Градската општа болница „8-ми Септември“, д-р Христијан Костов, денеска присуствуваа на отворањето на Кардиоваскуларниот центар и по разгледување на просториите дадоа изјава за медиумите.Во продолжение, ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Зоран Заев.„Драго ми е што по повод големиот национален празник, големиот државен празник „8-ми Септември - Денот на независноста“, патрониот празник на нашата градска болница во Скопје „8-ми Септември“, сме овде за да го отвориме Кардиоваскуларниот центар.Иницијативата Владата да поддржи, преку Министерството за здравство, преку Фондот за здравство, болницата тоа да го спроведе е заради тоа што се работи за еден вид на болести коишто се присутни и потенцијални кај сите граѓани. Кардиоваскуларните болести, како што рекоа стручните луѓе, се навистина врзани со времето, со брзината и соодветната интервенција. Секоја нова здравствена установа којашто ќе може да биде брз сервис на граѓаните, дефинитивно ќе биде од помош за лечењето на кардиоваскуларните болести, срцевите удари.Овој центар дефинитивно ќе ги надополни досегашните центри. Најголемиот капацитет е Клиниката за кардиологија. Постојат насекаде низ градовите, постои еден дел и во Здравствен дом Скопје, но Градската болница навистина го опслужува градот, а ја опслужува и цела Република Северна Македонија.Јас верувам дека овој модерен центар ќе биде достапен на граѓаните и ќе ги намали и чекањето и малтретирањата на граѓаните и пациентите, барајќи начин како да се лечат при кардиоваскуларни болести.Продолжуваме во здравството со сите политики коишто дефинитивно ќе го подигнат нивото на здравствените услуги. Во моментов знам дека се распишани постапки за реновирање на скоро сите здравствени установи, на тоа што значи ходници, тоалети и сето тоа што е составен дел од времето што пациентите го поминуваат во нашите здравствени установи. Треба да биде попријатно. Распишани се постапки за опремување на повеќе од 34 здравствени институции во државата, голем дел на тендерски постапки се објавени за дополнително квалитетно здравство за граѓаните.Продолжуваме со мотивацијата на лекарите и здравствените работници преку зголемувањето на платите. Знаете дека силен фокус имаме на постапката за изградбата на новиот Клинички центар за сите граѓани, во делот на терцијарното здравство коешто е многу важно за сите граѓани.Ја користам приликата, прво секако на вработените, на медицинскиот персонал, на лекарите од „8-ми Септември“ да им го честитам патрониот празник, 8ми Септември – Денот на независноста, а секако и на сите граѓани.“ 

Македонија | пред 6 години

slika-3-1

Мицкоски ги слушна маките на лозарите: Не постои лозар од Тиквешијата кој што ќе има позитивен есап од крајот на оваа реколта

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со  лозарите во с. Марена (Општина Кавадарци). Првиот заклучок е дека лозарите се незадоволни. Не се задоволни затоа што денеска во Тиквешијата не постои лозар производител кој што на крајот од оваа сезона, од оваа реколта ќе излезе со позитивен есап што би рекле вака народски. Бидејќи приносите се најмалку за педесетина проценти намалени, а откупната цена е катастрофална. Субвенциите кои што ги доделува државата се недоволни. Така што како прв заклучок можам да кажам дека лозарите во Тиквешијата од крајот на оваа реколта ќе бидат исклучително незадоволни и сите практично, истакна  Мицкоски.Во продолжение претседателот на ВМРО ДПМНе рече:Не постои повторно ќе кажам лозаропроизводител, лозар од Тиквешијата кој што ќе има позитивна сметка, позитивен есап од крајот на оваа реколта.Нешто слично како што беше и во Кочани кога разговаравме со оризопроизводителите и истото што таму го слушнавме дека ќе бидат напуштени нивите, истото го слушаме и овдека во Тиквешијата, дека доколку продолжи овој тренд многу лесно ќе бидат напуштени лозовите насади.Втората работа која што исто така сакам да ја споменам е притисокот кој што од страна на оваа политичка каста на власт се врши врз лозарите е практично е огромен. Притисокот да не протестираат, притисокот да останат во своите домови и практично да трпат, а да не го изразат тој револт, што навистина не е ниту европски, ниту пак е демократски принцип на функционирање на една власт.И третиот заклучок кој што можам да го донесам е дека тоа што беше ветено како субвенција, односно како стимул за лозарите, а беше резултат на минатогодишната реколта, оваа политичка гарнитура, оваа политичка каста предводена од Зоран Заев и СДСМ го ветуваше пред претседателските избори со цел практично да тргува со поддршката на лозарите, а требаше денеска да биде исплатена не е целосно исплатена. Делумно е исплатена. И покрај тоа што требаше многу порано пред 6,12 месеци да биде истата исплатена.Но тоа што денеска тие го ветуваат како дополнителна субвенција и стимул за лозарите, не само што немаат намера оваа година да го исплатат, туку прашање е дали истото ќе биде исплатено и во следната година. А, секако според сведочењата на лозарите тоа не е ни приближно доволно за да можат да се покријат основните, елементарни трошоци, а камо ли да зборуваме за нешто повеќе односно да зборуваме за некакви средства кои што понатаму би ги искористиле за вложување и за пристоен живот.Да заклучам станува збор за навистина алармантна ситуација овдека во Тиквешијата, луѓето се незадоволни. Ќе повторам не постои лозар кој што на крајот од оваа реколта ќе има позитивна сметка. И апелирам до надлежните да се свестат, да излезат од климатизираните простории, удобните кожни фотелји, да се спуштат овде на нивите и вистински да започнат со решавање на реалните проблеми на земјоделците, рече Мицкоски. 

Македонија | пред 6 години

kosta-press

Георгиевски до Донев: Сакам јавно да Ве запрашам што ни остави Вашата локална власт во наследство?

Градоначалникот на Општина Охрид преку соопштение реагираше на обвинувањата што на негова адреса денеска ги упати претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Сашо Донев, а во врска со актуелните случувања во градот. Еве што напша Георгиески во отворената реакција до опозицијата:„Господине ДоневОхрид се сака со работа посветеност и дела. Охрид не се сака со секојдневни дегутантни прес конференции исполенти со омраза и лични навреди, пред се кон мене. Таа пракса ја почнавте од првиот ден кога станав ВД Градоначалник, по истиот принцип ја водевте и предизборната кампања, така продолжувате и понатаму, но резултатот од Вашата ниска и примитивна стратегија можевте да го согледате од резултатот на изборите.Совршено го опишавте Охрид во времето кога Вие и Вашата партија бевте на власт. Престанете да мислите дека охриѓани имаат кратко помнење како Вас. Многу добро се сеќаваме на летните сезони, кога реквизитите за урбана опрема имаше на секој чекор, а улицата „Ванчо Николески“ беше претворена во базен. По должината на целата улица „Кеј Македонија“ имаше поставено кошаркарски и боксерски реквизити, како и слични други бучни направи, а тезги со секакви производи имаше буквално насекаде. Реално е да се каже дека Охрид ова лето беше чист и уреден како никогаш до сега и за тоа добивме пофалби од сите посетители. Дали знаете колкава енергија треба за тоа? Нормално дека не знаете затоа што никогаш истото го немате постигнато.Сигурно добро знаете, но сакам јавно да Ве запрашам што ни остави Вашата локална власт во наследство? Јавни претпријатија со по 5 неисплатени плати, нерешени плажи, општина со огромни долгови, нула проекти …. Во секое делче пустош.Ме повикувате за проектот за Али Пашина Џамија , на кој Вие му дадовте конзерваторска дозвола и заверен проект со минаре. Ме повикувате за Хотелот во Лагадин на кој Вие му дадовте одобрене, а јас донесеов решение за ништовност, кое за прв пат Второстепена комисија го потврди. Ме повикувате за Градскиот пазар, кој Вие го почнавте со непрецизен и недефиниран договор, кој е проблем и за инвеститорот и за Општината.Што направивте Вие за регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот? НИШТО … така го оставивте да се гуши во возила. Знаете ли дека една од препораките на УНЕСКО е редуцирање на сообраќајот во овој дел на градот.Ние до сега покажавме дека навистина сериозно, одговорно и одлучно се залагаме за зачувување на статусот на УНЕСКО, со презцизни мерки и активности. Што направивте и што постигнавте Вие на ова поле? Да не заборавиме дека првата реактивната мисија на УНЕСКО беше во Охрид, кога Вие и Вашата партија бевте на власт.Господине Донев, Ви предлагам да ја зајакнете Вашата пр-стратегија и не по една, да започнете да организирате по две прес-конференции на ден, кои апсолутно немаат никаква смисла, ни ефект.“ – стои во реакцијата на градоначалникот Константин Георгиески. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Канал 5 не исплаќал ни К-15 на вработените

Сведоштво на новинарот и презентер Александар Петрески (поранешен вработен во Канал5): Газдите не измамија не ни исплатија к-15 за ланската година! Од Канал5 велат дека имале лоша година и работеле законски!Aleksandar PetreskiNeka proverat kako Kanal 5 isplati prethodnata godina k15! Vo ujp platile danok za suma od 9500 denari no taa suma nikogas ne legna na smetka na vrabotenite…I iako bese prijaveno vo Ujp za ovoj slucaj do sega od tamu nisto ne prezedoa…Побарана е и изјава од директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, кој за Мактел вели:– Законот дозволува во согласност со вработените да не се исплати или да се намали висината на  К-15 ако фирмата работи со загуба, ние во 2016 бевме блокирани одреден период, и имавме големи побарувања кои не ги добивме. Секое евентуално намаљување на на К-15,  го правиме само ако има согласност од вработените, што е според законот и, нема никакво кршење на законите. Имаме писмена согласност од вработените дека се согласуваат да се намали износот за К-15, законот тоа го дозволува..Нови реакции од екс вработени на Канал 5: Директорот Мирчевски лаже, парите кои ги пријавиле во УЈП како К-15 не ни се платени!Канал 5 најавува тужба– “Канал 5 најавува соодветна тужба за тешките лаги и невистини искажани од нашиот екс вработен Александар Петрески.Имено истиот по заминувањето од Канал 5, на наш повик, дојде и потпиша согласност за исплата на К-15 според понудените услови видливи и од одлуката.Доколку Петрески не се сеќава на овој момент, може да повели во нашите простории и да се увери на што се согласил и што потпишал , како што впрочем потпишале уште 138 наши колеги.Ова негова црамна  лага и клевета, за жал ќе треба да ја докажува во соодветна судска постапка.”Ова во изјава за Мактел го изјави директорот на Канал 5, Иван С. Мирчевски.Инаку вчера и поранешниот главен и одговорен уредник на 1ТВ, Ацо Кабранов, преку својот фејсбук профил, го повика Канал 5, како што вели, „да си ги расчисти работите во својот двор“.Кабранов до Канал 5: Стојменови се поголеми лешпери од Боки 13-ка, Боки нас платите ни ги даваше на сметка а Стојменов ги даваше во плико а не пријавуваше на минималец!Свесен сум дека 1тв и пред тоа беше но со аферата и посилно ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како што не викате, ѕвезди, бардови и слично. Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра да не се збуните, и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.п.с Ова решив да го објавам јавно на мојот фејсбук не на адресата на истражувачката телевизија на која и порачувам, се што има или ќе ископа за мене, а кое ке ме компромитира како алчен платеник слободно да објавите. И да нема љутиш, почнете или барем завршете го истразувањтп со вашиот двор .

Скопје | пред 6 години

ojo-1

ОЈО одлучи - ги превзема предметите од СЈО

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на одржаниот Стручен  колегиум на јавните обвинители во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија на 05.09.2019 година, го разгледа Известувањето испратено од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите доставено преку судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје и Известувањето од  јавни обвинители на тоа обвинителство, при што зазеде став да ги преземе во надлежност и натамошно постапување предметите кои ќе му бидат предадени од Јавното  обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.Ваквиот став е заснован на уставната положба  на  Јавното обвинителство како единствен државен орган надлежен за гонење на  сторителите на кривичните дела  и на други со закон утврдени казниви дела, начелото на легалитет на кривичното гонење, според кое јавниот обвинител е должен да преземе кривично гонење, ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, како и  обврската во име на општеството да се грижи за ефикасноста на кривично – правниот систем,   почитувајќи го принципот на правна сигурност на граѓаните како темелна вредност на владеењето на правото.Постапките по конкретните предмети ќе продолжат во надлежните јавни обвинителства.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за загадување на животната средина од РЕК Битола

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд во Битола поднесе Обвинителен акт против едно одговорно лице за кривично дело –  Загадување на животната средина и природата  од член 218 став 2 од Кривичниот законик, како и против правното лице АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија кое се товари дека сторило кривично дело – Загадување на животната средина и природата од член 218 став 6 во врска со став 2 од Кривичниот законик.Во периодот од јануари 2015 година до 7 февруари 2017 година, на обвинетиот како одговорно лице во правното лице – директор на РЕК Битола, подружница на АД за производство на електрична енергија – Електрани на Северна Македонија му било доверено извршување на законските и подзаконските прописи за управувањето, користењето и располагањето со имотот, раководењето со производниот потфат и надзорот, во име и за сметка на обвинетото правно лице.Но, притоа тој не се придржувал кон прописите за заштита на животна средина и дозволил користење на погон кој ја загадува животната средина, па спротивно на член 6, член 13, член 14 и член 15 од Законот за заштита на животната средина, дозволил отпепелувањето на пепелта која се добива во процесот на производство на електрична енергија од јаглен во РЕК Битола на одлагалиштето за пепел да се спроведува без да се почитуваат утврдените правила и процедури за навремено покривање на пепелта со јаловина со континуирано и постојано работно ангажирање на потребната механизација на одлагалиштето.И покрај тоа што Секторот за отпепелување во рамките на ПЕ Термоелектрана при РЕК Битола постојано барал ваква механизација, како директор на РЕК Битола обвинетиот не презел мерки за непречено обезбедување на механизацијата на лице место. Како резултат на тоа, на одлагалиштето во наведениот период биле одлагани големи количини непокриена пепел кои во март 2017 година достигнале површина од 50.000м2. При воздушни струења пепелта се разлетувала во околината, со што е предизвикана опасност за животот и здравјето на вработените во РЕК Битола и луѓето кои живеат во населените места околу РЕК Битола. Имено, летечката пепел која се создава со согорување на јагленот содржи сулфур диоксид, азот диоксид и тешки метали чие вдишување предизвикува влошено респираторно и кардиоваскуларно здравје на населението кое работи и живее во близина на термоелектраните како РЕК Битола....

Македонија | пред 6 години

2-1

Обраќање на претседателот Џафери по повод одбележувањето на 8 Септември

„Во овие 28 години самостојност, сите кои беа дел од донесувањето, спроведувањето и живеењето со донесените одлуки од овој или оној политички чинител, работеа многу на внатрешен, меѓутоа и надворешен план за денес Република Северна Македонија да биде држава на рамноправни граѓани, држава во која се почитуваат како индивидуалните, така и колективните човекови права. Општество кое функционира мултиетнички, мултикултурно и мултиконфесионално и како такво претставува позитивен пример за регионот и светот.Законодавниот дом, местото каде што се води дебата и се донесуваат предложените закони за спроведување на потребните реформи, и каде што всушност се кршат копјата, беше и е вистински показател за тоа колку сме созреале, колку сме научиле да се слушаме меѓу себе, да се почитуваме взаемно, да имаме разбирање за различното мислење и да имаме слух за конструктивните и добронамерни предлози. Со еден збор, колку сме го достигнале нивото на вистинската парламентарна демократија и политичка култура. Ќе бидам искрен, иако можеби некој ќе го сфати тоа како нескромен, сепак, горд сум затоа што нашето Собрание, а ова го потврдува и Извештајот за напредокот од Европската комисија, е единственото вистинско функционално собрание во регионот во кое свое активно учество имаат сите политички сили, и власт, и опозиција. Водиме транспарентен политички дијалог кој што се одвива пред очите на јавноста. Во исто време, отворени сме за соработка со домашните, странските институции, со граѓанскиот сектор и други. Активно учествуваме на сите регионални и меѓународни настани затоа што сакаме активно да учествуваме во градењето на вистински, релаксирани односи во регионот и пошироко. Затоа што веруваме дека, дијалогот е решение за секое недоразбирање и само преку искрен и транспарентен пристап кон секој проблем ќе дојдеме до најдоброто взаемно прифатливо решение“, истакна претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во обраќање на одбележувањето на 8-ми септември - Денот на независноста.Џафери додаде:Јас сум убеден дека и покрај големите предизвици низ кои поминавме, имаме сила, имаме волја, решителност и визија за тоа каде сакаме да ја видиме Република Северна Македонија, и каков дом посакуваме и градиме за нашите почитувани граѓани и денеска сме многу блиску до остварување на нашите стратешки определби - полноправното членство во ЕУ и НАТО. Сите институции, невладиниот сектор, сите граѓани на Република Северна Македонија се едногласно и непоколебливо посветени на исполнувањето на потребните услови за полноправно членство во овие меѓународни сојузи и  со полно право сите очекуваме да бидеме дел од НАТО и ЕУ. Во однос на НАТО, знаете дека  динамиката на ратификација на Протоколот се одвива со досега невидена брзина. Од 29-те земји членки на НАТО, 21веќе го ратификувале Протоколот а во четири е во процедура, што ни дава за право да веруваме дека процесот ќе биде заокружен до Самитот на НАТО во Лондон во декември оваа година, кога ние и конечно би станале 30-тата земја полноправна членка на овој моќен политички и воен сојуз. Паралелно работиме на постигнувањето на втората стратешка цел за која во октомври, веруваме дека Советот на Европската Унија ќе ја донесе долгоочекуваната одлука со конкретен датум за почеток на преговорите.Членството во Европската Унија и НАТО, подразбира владеење на правото и правниот поредок во државата без дискриминација, почитување на правата и слободите на сите граѓани подеднакво, без оглед на нивната етничка, верска, расна, политичка припадност и пол. Членството ќе значи европски стандарди за достоинствен живот, конкурентни услови за работа и бизнис, можности за квалитетно образование и научни истражувања за нашите граѓани.Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Да градиме таква граѓанска држава, такво општество во кое сите ние, сега и во иднина ќе се чувствуваме рамноправни, почитувани, еднакви пред законот и правдата, едноставно, сите ќе се чувствуваат свои на своето, свои во својот дом, затоа што сите заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во држава во која почитувањето на човековите права и слободи е без преседан затоа што е природно и универзално право без разлика на етничката, верската, социјалната, партиската или која било друга припадност, истакна Џефери.     

Македонија | пред 6 години

zakintos

Пожар на грчкиот остров Закинтос

Со 17 пожарникари, осум возила, три авиони и еден хеликоптер, грчката противпожарна служба се обидува да го стави под контрола пожарот што избувна претпладнево во областа Лагадакиа, во централниот дел на грчкиот остров Закинтос, jави дописничката на МИА од Атина.Командирот на Противпожарната служба на Јонските острови, Андреас Ризос, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека се прават натчовечки напори за пожарот да се стави под контрола.Паралелно, со овој,  грчките пожарникари се борат со огнот уште на  две локации во Грција.

Свет | пред 6 години

irena

Сопругата на Фрчкоски ќе ја брани Катица Јанева

Адвокатката Ирена Данилова Фрчкоска сопругата на професорот  и поранешен министер Љумобир Фрчкоски, е новиот адвокат на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.Фрчкоска најавила дека ќе направи увид на доказите со кои располага Обвинителството следната недела.Инаку, Јанева имаше потреба од нов адвокат бидејќи Стеван Павлески ѝ го откажа полномошното поради конфликт на интереси, односно тој мораше да се одлучи дали ќе ја застапува Јанева или осомничените од СЈО, односно бизнисменот Цветан Панделевски во предметот „Империја“ и Љупчо Георгиевски во „Траекторија“.фото: ФБ  Ирена Данилова Фрчкоска

Македонија | пред 6 години

venko-filipce

Претепаниот доктор од тетовската болница примен на Клиниката за неврохирургија во Скопје

Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче. – За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба, вели министерот Филипче.Министерот додаде дека разговарал со претставници од МВР и се надева на брза разрешница на целиот случај.Инаку нападот врз лекар се смета за напад врз службено лице.

Македонија | пред 6 години

izjava-zaev.Still237

Георгиески: Заврши периодот на договарање и молење, во Охрид почнува да се уриваат дивоградбите

ВИДЕОНема да има селективност кон никого, па ниту кон угостителскиот еснаф. Ние извршивме инспекциски надзор на платформите. Им порачувам на угостителите од утре да ги чекаат инспекторите со налог за инспекциски надзор и за објектите и за терасите кои што таму се поставени.  Тоа ќе важи не само за угостителските објекти во стариот дел на Охрид, туку и на плажите. Уривање во Охрид ќе има многу скоро, категоричен е првиот човек на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески.Георгиески појаснува дека во тек е изготвување на Планот за управување со Охридскиот регион, и дека токму со тој план  точно ќе се знае што може, а што не може, а не да прави кој што сака и каде сака.„Пописот на инвентар, вклучително и на довоградби во Охридскиот регион е завршен и во тек е евалуација“, вели Георгиески.Градоначалникот појасна дека сопствениците на дивоградби уште еднаш писмено ќе бидат известени и дека ќе им биде даден рок за отстранување  на дивоградбите.  „Периодот на договарање и молење завршува и апелирам сите што имаат такви објекти сами да почнат да ги отстрануваат затоа што после откако ќе бидат извршени, ќе им бидат наплатени сите трошоци, ќе им биде доставен трошковник што предвидува покривање на трошоците не само за уривање, туку и за полициска асистенција и други работи.    Им останува некој рок од уште десеттина дена да почнат тоа да го прават сами. Периодот на преговарање, договарање, молење заврши.“ – категоричен е Георгиески.Што се однесува на писмото кое дел од угостителите го упатиле до надлежните институции и во кое велат дека се „премиелиле“ и дека ја повлекуваат претходната најава дека самостојно ќе ги урнат дивоградбите, градоначалникот им порача од утре да ги чекаат инспекторите со налог за инспекциски надзор и за целокупните објекти заедно со терасите, а не само на платформите.Инспекцискиот надзор на платоформите веќе е спроведен. Сега ќе добијат решение за отранување на само на платформите, туку и за објектите и за терасите, рече тој притоа појаснувајќи дека се работи за сите платформи на брегот на езерото, и тоа не само во градот туку и на плажите.По однос на забелешките на угостителите дека треба да се најде начин за уредување на проблемот за нивните угостителски објекти, Георгиески вели дека решението ќе следи откако крајбрежјето на езерото ќе се врати во првобитна состојба.„Има план за управување со тој дел. Постојат важечки детални урбанистички планови и ќе постапуваме според плановите, а не како некому ќе му текне да поставува објекти низ градот“, рече градоначалникот.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Костадинов: Сите случаи на СЈО да се процесираат, одговорност за сите, како и за поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ

Институциите градат механизми што ги зајакнуваат капацитетите на правната држава.Правдата, законите важат за сите подеднкаво и тоа е очигледно и јасно воочливо.Катица Јанева е прв обвинител досега во земјава кој е во притвор како осомничена за злоупотреба на службената положба.Тоа е нешто што беше незамисливо во времето на владеењето на ВМРО-ДПМЕ, кога голем дел од судиите и обвинителите кои беа во директна спрега со режимот на Никола Груевски.„Сваровски“ судството и режимот на ВМРО-ДПМНЕ креираа систем на селективна правда и уривајќи ги сите  принципи на правната држава, со што придонесоа за исфрлање на нашата држава од европскиот колосек.Денес, тоа е минато, наместо неправда, има правда за сите.Случајот „Рекет“ и заминувањето на Катица Јанева од челната позиција во СЈО не ги амнестира од кривична одговорност поранешните носители на високи државни функции за сите криминали и злоупотреби што произлегоа од снимките од масовното прислушување.Сите тие случаи мора да продолжат да се процесуираат и да добијат судска разврска за да има правда.Северна Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво.Секој за кого низ отворена судска постапка ќе се докаже дека постпаувал незаконски одговара согласно законите во Република Северна Македонија.Амнестија нема и нема да има за никого, без разлика на неговата верска, етничка или политичка припадност.

Македонија | пред 6 години

29-ta-sednica-na-sovet-4

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Шилегов вработил над 1.000 партиски војници за две години

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје посочува дека градоначалникот Петре Шилегов ја пренатрупува градската администрација со неквалификувани партиски кадри, нови вработувања кои се платени со парите на граѓаните.Неформалните бројки говорат дека Шилегов за две години вработил над 1.000 партиски војници во Град Скопје и неговите јавни претпријатија.Над 1.000 партиски војници Шилегов вработил за цели две години, додека претпријатијата бележат загуби. Се случува вистинско девастирање и уништување на градските претпријатија.Голем дел од овие кадри се неквалификувани за работните позиции, и не ги исполнуваат законските одредби, за што страдаат квалификувани кадри кои не ја добиваат шансата за ново работно место.Дополнително Петре Шилегов ветуваше мала и стручна администрација, но од овие ветувања нема ништо.Јавните претпријатија станаа партиско дувло за членови на СДСМ и главен извор за непотизам.Две години Петре Шилегов, две години неспособност, стагнација и криминали.

Скопје | пред 6 години

asnom

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на улицата „АСНОМ“

По завршувањето на главната туристичка сезона, започна реализацијата на планираните градежни и инфраструктурни проекти. Денеска започна целосната реконструкција на улицата „ АСНОМ“ од кружниот тек на булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Карпош Војвода“ во должина од 630 метри. На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот Константин Георгиески.– Со целосната реконструкција на дел од улицата „ АСНОМ“ започнуваме со интензивни градежни активности. Оваа улица целосно ќе биде реконструиран коловозот, ќе се нивелираат шахтите и сливниците, ќе се реконструираат тротоарите и ќе се променат бетонските рабници.Вкупната инвестиција за овој проект е 8.807.073,оо денари, работите ќе ги изведува АД „Илинден“ од Струга, надзорот ќе го врши АД „ЗИМ“ од Скопје, а градежните работи, според потпишаниот договор со изведувачот, треба да завршат во рок од 60 дена.Сметам за потребно да ја информирам јавноста дека летниот период го искористивме да ги завршиме тендерските постапки за повеќе најавени проекти. Во тек или при крај се тендерските постапки за проекти во вкупна вредност од 65.800.957,оо денари, вклучувајќи ја целосната реконструкција на улицата „АСНОМ“. Другите проекти се:-Санација на ударни дупки на улиците во  општина Охрид со површина од 4,5 илјади метри квадратни, во вредност  од 5.822.238,оо денари;-Асфалтирање на тесни улички во вредност од 7.508.375,оо денари, при што ќе бидат вградени 1.550 тони асфалт ;-Изградба на фекална канализација во населба Рача во вредност 1.596.844,оо денари ;-Изградба на канализациона мрежа со која ќе бидат приклучени  дел од приградските населби, односно делови  од селата Лескоец,Лакочереј и Велгошти. Вредност 2.889.489,оо денари ;-Тампонирање на улици  во вредност од 1.369.862,оо денари ;-Изградба на потпорни ѕидови во населбата „Стар град“ и во селото Елшани со проценета вредност од 2.649.495,оо денари ;-Изградба,реконструкција и поплочување тротоари на вкупна површина од 5.000 метри квадратни, со проценета вредност од 7.026.000,оо денари ;-Опремување на 9 автобуски постојки, со проценета вредност од 972.601,оо денари ;-Поставување на велосипедски паркиралишта со проценета вредност од 608.845,оо денари ;-Реконструкција на големата сала и скалите за влез во Општина Охрид во вредност од 2.700.000,оо денари ;-Уредување и одржување на пешачка улица  со режим ба сообраќај  и уредување на тротоар на дел од улицата „ Коста Абраш“.Вадење на дотраените бехатон плочки и нивна замена со гранитни плочки и гранитни коцки. Хортикултурно уредување и осветлување на 500 метри квадратни.Проектот во вредност од 2.700.000,оо денари е финансиран од Југозападниот плански регион.По забелешките на антикорупциската комисија се повторени и при крај се тендерските постапки за:-Поставување на нова кровна конструкција  на основното училиште „Христо Узунов“ и подрачните единици на основното училиште „Св. Наум Охридски“ во селата Елшани и Коњско. Вкупната вредност на зафатите е 11.557.839,оо денари ;-Реконструкција на кровната конструкција на потпокривот на ОСУ „Св.Климент Охридски“ во вредност од 410.109,оо денари ;-Изградба на улицата 2 во поранешната касарна „Михајло Апостолски“ со проценета вредност од 9.182.187,оо денари- рече градоначалникот Константин Георгиески на почетокот на изведувањето на градежните работи на улицата „ АСНОМ“ .

Македонија | пред 6 години

IMG_4919

Вечерва на „Гола месечина“: „Како да се ограби банка“

 „Како да се ограби банка“ на Драмскиот театар од Скопје е петтата претстава на годинешниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се прикаже вечерва во спортскиот центар „Ново Лисиче“.Во оваа претстава, во која едно сиромашно семејство се обидува да ограби банка, како што порачуваат од Драмски театар, ќе уживаме во инвентивноста на ликовите, па можеби тоа ќе поттикне поинаков пристап кон проблемите во нашите животи.Утре на репертоарот е претставата на Народниот театар од Охрид „Каде е пиштолот“, а задутре ќе ги видиме актерите на загрепското Градско казалиште „Комедија“ во комедијата „39 степеница“.Инаку, вчера ја проследивме комедијата „Забрането смеење“ во изведба на струмичкиот театар „Антон Панов“, претстава на еден од најизведуваните современи хрватски драмски автори со светско реноме, Миро Гавран!

Скопје | пред 6 години

Vaterpolo_0609201901-900x506

Ветерполо турнир „ОХРИД 2019“

Во чест на Денот на независноста на Република Северна Македонија, утре (сабота07.09.2019 година) на Градското пристаниште во Охрид, со почеток во 12:00 часотќе се одржи ревијалниот ватерполо турнир ОХРИД 2019, и од 11:00 часот вонедела.Со тоа се продолжува иницијативата од минатата година, која има цел да серазвие овој, некогаш многу популарен спорт во Охрид.Пријавени се учесници од Холандија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Србија, како иод ветераните од „Охридски бранови“, Штип, Струга и „Вардар“.

Спорт | пред 6 години

CROSS4ALL_0609201902-900x846

Четврти состанок од проектот „Cross4All“

Денес, во хотел Метропол, започна четвртиот состанок од проектот „Cross4All“. На состанокот обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.– Целта на овој проект е интегрирање на здравствените и социјални услуги за стари лица и деца, како и нивна рана превенција. Таргет група на проектните активности се здравствените и социјалните работници и ранливите категории на граѓани. Со реализацијата на проектот ќе се набават 3 сета медицинска опрема, 7 сета за локален пилот центар за здравствена и социјална заштита кои услуги ќе даваат на граѓани од ранливите категории во градот. Ваквите и слични проекти на овој придонесуваат за покачување на степенот на здравствена и социјална превенција кај оние каде што е најпотребно, рече градоначалникот Георгиески.Во рамки на проектот ќе биде спроведен прашалник за испитување на јавно мислење за квалитетот на здравствените и социјални услуги во општината и пооддалечените места. Резултатите ќе ја прикажат реалната слика, а тоа пак ќе помогне во попрецизно таргетирање на граѓаните на кои им се најпотребни ваквите услуги.„Cross4All“ е проект финансиран од Европска унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, а се реализира во партнерство со институции од Република Грција.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-2

8 пожарникари одликувани со „Медал за храброст“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска, со „Медал за храброст“ одликуваше 8 припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Медалот за храброст им се доделува за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на ул. „Народни херои“, Општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари. Во пресрет на Денот на независноста 8 септември, истакна претседателот Пендаровски, нивниот херојски чин е момент на обединување за сите нас како граѓани, честитајќи им за врвната професионалност и пожртвуваност. Претседателот Пендаровски на денешната свеченост го врачи и признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, за посветено извршување на задачите при гаснење пожари на подрачјето на градот Скопје, отстранување на непосредната опасност за настанување на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозени од пожари и од експлозии, и останати активности во согласност со делокругот на работа. „Се надевам дека медалите и повелбата ќе бидат дополнителен мотив за понатамошна посветена работа и за професионално дејствување. Исто така верувам дека сево ова ќе биде и потсетување за значењето на противпожарните бригади и потребата од постојано инвестирање во современа опрема и модерни средства и алати неопходни за нивната работа, како и потребата од обука и тренинг на пожарникарите. Секако, ова се однесува за сите противпожарни бригади низ целата наша држава“, истакна претседателот Пендаровски, порачувајќи дека не треба да се штеди при набавката на опрема и секаде каде што е потребно да се зголеми бројот на пожарникари и да се инвестира во нивните вештини и знаења. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, во името на Бригадата и на сите колеги пожарникари упати благодарност до претседателот Пендаровски за одликувањето со „Медал за храброст“, и за признанието „Повелба на Република Северна Македонија“. „Бригадата за противпожарна заштита во оваа година се соочи со повеќе сериозни и тешки интервенции во коишто одговоривме максимално професионално и со нашата посветеност кон работата не дозволивме поголеми несреќи и катастрофи“, рече Симоновски. Пожарот што се случи во јуни годинава, во седумкатница во Општина Кисела Вода, беше навремено изгаснат без загуба на човечки животи. Поради сериозни респираторни проблеми, на Универзитетската клиника за токсикологија беа хоспитализирани единаесет лица, од кои четворица пожарникари.

Македонија | пред 6 години

patarina1

Лице кое одбивало да плати патарина, нападнало благајник на наплатна рампа

Четириесет и петгодишниот гостиварец З.Д, вработен на наплатна рампа Гостивар, вчеравечер пријавил дека околу 21 часот и 45 минути бил физички нападнат од едно лице, кое одбивало да плати патарина.Благајникот работел на наплатната рампа Гостивар на автопатот „Мајка Тереза”. Настанот е пријавен во  СВР Тетово. По пријавата, полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Zagaduvanje-2

ГДУ: Скопје мириса на изгорено, дишеме отрови,  а функционерите се тука само за сликање

Црни густи  чадови со најтоксични отпади секојдневно не трујат. Скопје мириса на изгорено. Дишеме отрови,  а функционерите се тука само за сликање. Надлежните наместо да бидат на терен и да преземаат нешто, тие дремат по канцеларии и кафани.  Граѓаните и активистите џабе апелираат и пријавуваат. Службите работат до 16:00 часот, па после работно време никој ништо не го интересира. Најголем дел од мерните станици не работат, се вели во соопштението од ГДУ.Мора да се преземе нешто! Статистиките за заболувања од малигни болести се загрижувачки. Децата ни дишат отрови. Загрозена е безбедноста од загадениот воздух.ГДУ апелира надлежните наместо да се кријат , да излезат на терен. Се сомневаме дека мерните станици намерно се исклучуваат.Притоа од активистите слушаме дека инспекторите од Град Скопје стравувале за својот живот и не можат да интервенираат во одредени делови од Скопје бидејќи добивале закани. Бараме да се истражат овие наводи и на инспекторите да им се овозможи непречено да си ја вршат својата работа. Но наводно се плашеле и од полицијата.Спасовски дали се точни овие наводи? Дали ќе сториш нешто ? Ќе преземе ли нешто власта или ќе не остави да се труеме, прашуваат од ГДУ.

Македонија | пред 6 години

bolnica-bolnicki-krevet-doktor-620x350

Пациент претепал доктор на кожното одделение во тетовската болница

На Кожното одделение во клиничката болница во Тетово утринава околу 9 часот бил нападнат лекар. Случајот е пријавен во тетовската полиција. ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово. Тој бил нападнал од пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Северна Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен, го удрил и заминал. Во меѓувреме дошла полиција и за 15 минути, пациентот, пак, се вратил и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи, ни виновен ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.Неофицијално докторот по нападот паднал во бессознание, по што бил префрлен во клиничкиот центар во Скопје, каде пак по укажаната лекарска помош се освестил.

Македонија | пред 6 години

Levica-logo

Левица: Ребалансот на буџетот уште една алатка во трансакциите помеѓу капиталот и Власта!

Тазе најавениот ребаланс на буџетот уште еднаш покажа дека оваа Влада е целосно во рацете на бизнис лобито и дека практично, највисоките функционери во Владата се тесно врзани со приватните интереси на капиталот во оваа Влада.Освен популистички операции на префрлања од шупливо во празно, видовме дека драстично е намален износот на капиталните инвестиции. Ова, веќе по којзнае кој пат, е само доказ дека Владата нема апсолутно никаква визија, а уште помалку интерес за тоа како да создаде нова реална вредност. А и во граѓанските економии каде добрата и услугите се привилегија на малкумина, буџетот е само еден обичен документ кој служи за одржување на гломазната паразитска администрација, која единствено претставува гласачка машинерија и ПР алатка на Власта!Симптоматично е зошто Нина Групер токму сега прифаќа да биде министерка за финансии – на година дена пред редовните парламентарни избори и составувањето на нова влада? Таа, како профил нема пласирано ниту еден политички став во јавноста, уште помалку се има идеолошки профилирано и за која не знаеме речиси ништо – освен дека има приватен бизнис од кој акумулира капитал преку исплаќање на минимални плати за работниците. Оттука, сомнителен е и личниот интегритет на Нина Групер, како тазе министерка чија прва задача е токму буџетскиот ребаланс!? Се поставува прашањето, колку навистина министерката е запознаена со целите и намерите на ребалансот? Или пак таа е тука само како обичен административен службеник кој формално министерска ќе му биде само платата?! Секако, пропратно и да ја искористи можноста, за возврат нејзиниот бизнис да се стекне со дополнителни привилегии во државата?Откако олигархот Кочо Анѓушев беше назначен за вицепремиер, сега и дополнително за раководење со финансиите е назначена Нина Групер како уште една алка во синџирот каде се испреплетуваат приватниот капитал и државата, односно Владата. Очигледен е конфликтот на интерес на новата министерка како бизнисменка и спроведувањето на дури и декларативни политика за прераспределба на богатството.

Македонија | пред 6 години

Foto-2-1

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Кралството Холандија во земјава

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Дирк Јан Коп, новоименуван амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија. На церемонијата на предавање акредитиви, претседателот Пендаровски изрази голема благодарност за конзистентната поддршка од пријателска Холандија која од осамостојувањето на нашата држава е една од најголемите донатори и силен поддржувач на интеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ и НАТО. „Холандија континуирано ни помага во реформите на судството, владеење на правото и јавната администрација, но и заштитата од дискриминација на ранливите и маргинализираните групи во општеството, а со цел да изградиме силни и независни институции кои се столб на секоја европската демократија. Холандскиот “строг и фер” принцип се покажа како одлична формула за суштинска имплементација на реформската агенда и постигнување на европските стандарди во нашата земја“, рече претседателот Пендаровски. Претседателот изрази надеж дека многу скоро, на почетокот на мандатот на холандскиот амбасадор, Република Северна Македонија ќе го прослави формалното членство во НАТО, а со Европската унија ќе ги започне преговорите за полноправно членство. „Тоа би било праведно и заслужено признание за досегашните постигнувања и реформските напори на Северна Македонија“, рече претседателот Пендаровски и изрази очекување дека Холандија безрезервно ќе продолжи да и помага на Северна Македонија да се доближи чекор поблиску до европското семејство. Амбасадорот Дирк Јан Коп истакна дека е почестен што е назначен како Амбасадор во нашата земја и рече дека Холандија е докажан пријател на Северна Македонија од нејзината независност, во добри и во тешки времиња, со директна помош таму каде што е потребна. „Северна Македонија помина низ многу предизвици и постигна многу во изминатите 28 години од нејзината независност која ќе биде одбележана за само два дена. Пред многу кусо време, вашата земја успеа да се издигне од многу тешка политичка криза, да го реши прашањето за името кое траеше со децении и да стане наш сојузник во НАТО. „И сонцето е ѕвезда“ како што имам слушнато, и се надевам дека еден ден ќе свети во нашата Унија“, изјави амбасадорот Дирк Јан Коп. Холандскиот амбасадор додаде дека како строг и правичен пријател, Холандија ќе продолжи да дава поддршка за Северна Македонија во спроведувањето на реформската агенда на Европската унија, особено кога станува збор за владеењето на правото и доброто владеење. Претседателот Пендаровски на новоименуваниот амбасадор му посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања