Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

Герасимовски: Новото училиште во Капиштец е изградено според највисоки современи стандарди

Новото основно училиште „Киро Глигоров“  е пример за вистинска грижа за граѓаните.  Изградено е според највисоки современи стандарди и нуди квалитетни услови за нашите млади. Дополнително, објектот е адаптиран и целосно пристапен за лица со попреченост. Во неговиот состав ќе функционира и посебен, истакна Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар.Дневен центар за деца со церебрална парализа, за што е комплетно уреден простор според нивните потреби. Со него се решава повеќедеценискиот проблем на жителите на Капиштец, кои повеќе нема да ги носат своите деца во училишта од други населби. Оваа власт уште еднаш докажа дека работи според приоритетите на граѓаните. Продолжуваме силно да инвестираме во идните генерации и поквалитетен живот за сите.За нас зборот важи, истакна Горан Герасимовски, претседател на ОО СДСМ Центар.

Македонија | пред 6 години

antoaneta

ВМРО ДПМНЕ: „Додека едно училиште се гради - другите скапуваат или се надеваат на донации за нешто да се поправи“

Неделава започна со работа основното училиште во Капиштец кое како капитален проект се интегрираше во развојната програма за Општина Центар уште во времето кога ВМРО-ДПМНЕ раководеше со општината.ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува оваа идеја и секогаш ќе се залага за интересите на граѓаните, но  градоначалникот Богдановиќ и одговорните во општината требаат да одговорат на неколку прашања за кои јавноста треба да биде запознаена, истакна Антоанета Трајковска од ВМРО ДПМНЕ.- Од каде е обезбеден кадарот за новото училиште?- Дали најдобриот наставен кадар од сите основни училишта во општината е пренесен не по сопствена волја во новото училиште?- Дали отворањето на новото училиште е на сметка на укинувањето на целодневната  настава за децата од петто одделение во три училишта во општината?- Би сакале да прашаме во кои простории ќе учат петтоодделенците од ОУ „Коле Неделковски"?За нефункционалноста и неодговорноста на надлежните во општината, говори и фактот дека додека едно  училиште се гради - другите скапуваат или се надеваат на донации за нешто да се поправи или да се реконструира.Апсурдот да биде поголем е што Општина Центар е една од најбогатата општини во државата.Сликата во основните школи е следна: нефункционални спортски сали, нефункционални тоалети, глодари по ходниците, нехигиена и немање на основни услови за функционирање на наставата. Во некои училишта во кои на почетокот на учебната година започнати се и градежни активности па децата се гушат во прашина.Кога Богдановиќ и секторот за образование ќе почнат да мислат на квалитетот на образованието на децата?Како се чувствуваат што децата со посебни потреби останаа без своите асистенти, дали мирно спијат знаејќи во какви услови учат децата?До кога ќе работите на штета на најбитната категорија во општеството, а тоа се нашите деца?Наместо да ги водите напред, колку ли назад ги водите, праша Антоанета Трајковска.  

Скопје | пред 6 години

IMG_3729-06-09-19-12-25

Донев: Летово локалната се изнаодмори, заборавија што сè ветија во Баку, на УНЕСКО, на oхриѓани 

Во Охрид се одмораа бројни туристи, но за жал најдолго се одмораше Локалната самоуправа предводена од СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески.Заборавија што сè ветија дека ќе испорачаат во Баку, на УНЕСКО, на ветувањата на oхриѓани.  Се прикрија зад Акцискиот план и спокојно уживаа гледајќи дивопоставени тезги на секој агол во центарот на градот и на бучната музика која доаѓаше од терасите и шанковите на блиските плажи, за кои ниту денар и годинава нема да е исплатен ниту во локалниот, ниту во централниот буџет, истакна Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.И додека во строгиот центар на градот познатите локални шерифи и коалициски партнери на локалнта власт рушеа објекти предизвикувајќи неподнослива бука и прашина, без никаква заштита  и пред очите на илјадници туристи, само на стотина метри од домот на градоначалникот, дивите шанкови, платформи, тераси, бетонски станици и објекти останаа,  се разбира нечепнати.Буково си чадеше непрекинато, а се обврзааа дека до средината на наредната година ќе биде затворено и рекултивирано. Ги „занимава” и охриѓани и гостите со поставување и ваѓање на рампите, а во стариот град и натаму вриеше од автомобили  од непознати сопственици. Таксистите се разбира никој не ги контролираше на кој начин ги селектираат муштериите и како им наплаќаат. Очигледно е дека ама баш никој нема намера да ги спроведува препораките на УНЕСКО. Ќе завршат со сите активности со отсранување на последнта палма и толку.Но, време веќе немаат. Прочитани се од сите, дури и од нивните најупорни подржувачи. Нивното време завршува уште пред да почне. Неспособни се! Намерите не им се чесни! Манипулираат и си тераат бизниси! Ова мора да заврши што поскоро за доброто на сите, истакна Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.

Македонија | пред 6 години

Foto-1-1

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуванaтa амбасадорка на Кралството Шведска во земјава

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма од страна на Кристин Форсгрен Бенгтсон, новоименувана амбасадорка на Кралството Шведска во Република Северна Македонија. Посакувајќи искрено добредојде и успешно извршување на оваа мошне одговорна функција, претседателот Пендаровски рече дека Република Северна Македонија и Кралството Шведска во континуитет градат пријателски и партнерски односи. Претседателот истакна дека меѓу двете земји се уште постои неискористен потенцијал и простор за дополнително продлабочување на соработката и меѓусебна комуникација, при што го нагласи интересот за интензивирање на соработката во сферата на економијата. „Поддршката од Кралството Шведска за интеграција на државите од регионот на Западниот Балкан во Европската унија, а во тие рамки и на Република Северна Македонија, е од голема важност. Во тој контекст, се надевам дека напредокот на мојата држава, нотиран во Извештајот на Европската комисија, ќе биде вреднуван  и поддржан со позитивна одлука во октомври оваа година, Република Северна Македонија да ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, изјави претседателот Пендаровски на церемонијата на предавање акредитиви. Амбасадорката Кристин Форсгрен Бенгтсон, истакнувајќи ја честа што ја претставува Шведска како Амбасадор во нашата земја, рече дека во последните години се случија многу позитивни случувања во нашата земја, како што се реформите во јавната администрација и зајакнатите соседски односи. „Договорот од Преспа е историско достигнување што покажува храброст и лидерство и може да послужи како инспиративен пример за регионот. Договорот не само што беше позитивно примен во ЕУ, туку исто така беше клучен за вашето идно пристапување во НАТО. И покрај тоа што Шведска не е членка на НАТО, се надеваме дека наскоро ќе ја видиме Северна Македонија интегрирана во евроатлантската заедница“, изјави шведската амбасадорка. Шведската Влада, посочи амбасадорката Форсгрен Бенгтсон, постојано во континуитет го поддржува почетокот на преговорите со Северна Македонија за влез во ЕУ, со цел еден ден - кога ќе бидат исполнети сите услови - да стане членка. Амбасадорката го истакна владеењето на правото како клучно за интеграцијата во ЕУ, при што ја искажа поддршката за нашите напори за борба против корупцијата и зајакнување на правниот систем. Претседателот Пендаровски на новоименуваната амбасадорка и посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција. 

Македонија | пред 6 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев за Фокус: Предметите Јанева не ги донела од Гевгелија, па да ги предава

Универзитетскиот професор Гордан Кајалџиев е револтиран што на СЈО ќе му се стави клуч на врата и тоа, како што вели, без вистински обид да се спаси обвинителството, објави Фокус.Тој вчера присуствуваше на состанокот во Министерството за правда, заедно со академик Владо Камбовски, министерката Рената Дескоска, обвинителите Љубомир Јовески и Ленче Ристевска, свикан по писмото на Катица Јанева да се предадат сите предмети на редовното обвинителство, по што на фејсбук напиша „Сам против сите“.Фокус разговара со  професорот кој бил неговиот став околу иднината на СЈО, а кој се разликувал од останатите.Текстот во целот на: Фокус.мк

Македонија | пред 6 години

brza-pomos

Пешак тешко повреден во Куманово

На 05.09.2019 во 12.10 часот на крстосница од ул.„Драган Стопаревиќ“ и „Васил Драгомански“ во Куманово патничко моторно возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(43) од Куманово, удрило во С.Д.(73) од Куманово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Македонија | пред 6 години

Megunaroden-Aerodrom-Skopje-01

Турчин сакал да помине на пасошка контрола со шпански пасош на туѓо име

На 05.09.2019 во 10.39 часот на „Меѓународен аеродром Скопје“ бил приведен Х.Х.(23) од Р.Турција, поради тоа што при пасошка контрола приложил шпанска патна исправа на име на Е.Б.(28) од Шпанија, која ја набавил од непознато лице за да патува за СР Германија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

aerodrom-ohrid

Турчин приведен на охридскиот аеродром

На 05.09.2019 во 09.30 часот на Аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид бил приведен Т.С.(44) од Р.Турција и против него била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Според пријавеното, тој се обидел да излезе од Р.С.Македонија со турска службена патна исправа, за која било утврдено дека е фалсификувана. За настанот е известен јавен обвинител.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Србин сакал да помине на „Табановце“, со ,,БМВ 320’’со фалсификуван серискиот број

На 05.09.2019 во 10.50 часот на Граничниот премин „Табановце“, при извршена контрола на В.Д.(42) од Р.Србија, кој управувал патничко моторно возило ,,БМВ 320’’ со српски национални ознаки, било констатирано дека серискиот број на возилото бил фалсификуван. В.Д. и возилото биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

tabanovce

Со туѓ пасош, сакал да премине на „Табановце“

На 04.09.2019 во 21.19 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека патната исправа на Л.К.(21) од Р.Албанија не била негова, туку на друго лице - Х.К.(25) од Р.Албанија. По консултација со судија при Основен суд Куманово, Л.К. ќе биде привремено сместен во Прифатниот центар за странци во Скопје до утврдување на неговиот идентитет, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Албански државјани сакале нелегално да преминат граница од Македонија кон Грција

На 05.09.2019 во 05.30 часот во атар на с.Николиќ, дојранско, полициски службеници ги привеле лицата Р.Х.(61) и А.Х.(26), двајцата од Република Албанија, поради тоа што се обиделе нелегално да ја преминат државната граница од Р.С.Македонија со Р.Грција. Лицата биле предадени во Полициската станица Дојран за понатамошна постапка. 

Македонија | пред 6 години

kursum-645x360

Во „ауди А-3“ на „Долно Блаце“, пронајдени куршуми

На 05.09.2019 во 11.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, при преглед на патничко моторно возило „ауди А-3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ш.(27) од Скопје, биле пронајдени куршуми од непознат калибар. М.Ш. бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

heroin-111

Приведени 9 лица, полицијата ги „собрала“ од улица, откако им пронашла хероин

На 05.09.2019 околу 16 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар од слобода биле лишени Ј.Т.(50) од Равен, Р.А.(37) од Сенокос, В.А.(45) од Неготино-Полошко, С.Б.(57) од Добридол, Ј.А.(38) од Беловиште, М.Х.(53) од Дебреше и гостиварците Ј.И.(48 ), И.А.(52) и К.С.(49), поради тоа што при преглед кај нив бил пронајден хероин. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај 22 годишна девојка пронајдена марихуана

На 05.09.2019 околу 21.00 часот на регионалниот пат Боговиње-Пирок полициски службеници  на СВР Тетово ја привеле Л.А.(22) од с.Пирок, тетовско, поради тоа што при извршен преглед на патничко моторно возило „голф 4“ со тетовски ознаки, управувано од 57-годишниот Т.А. од тетовското с.Копанце, а во кое се наоѓала и Л.А., кај неа била пронајдена марихуана.  По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

marihuana

Во автомобилот на тетовец, пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана

На 05.09.2019 во 17.20 часот полициски службеници на СВР Тетово го привеле Г.Р.(42) од с.Мала Речица, тетовско, поради тоа што при претрес извршен врз основа на судска наредба, во неговото возило „фолксваген пасат“ пронашле марихуана и предмети со остатоци од марихуана.   По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 години

slika-5

Мицкоски: Јавно да го прашам Зоран Заев чија независност славиш?

„Македонија, не заборавајте, е нашето сè. Нашата вера, нашата љубов, и денот, и ноќта. Нашата муза, и нашата мајка. Тоа е она што сме ние самите, нашето семејство, нашата челат. И затоа не е сеедно, и затоа боли, боли до срцето кога гледаме што и прават на нашата земја. 8 Септември не е почетокот, туку продолжението на една славна борба, борба за слобода. Кога ќе речам 8 Септември, мислам и на ВМРО, и на Илинден, и на АСНОМ, на сите славни јунаци од нашата историја кои живеа, се бореа, оставаа семејства и се жртвува за една цела Слободна автономна Македонија“истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  на почетокот на својот говор на свечениот настан во организација на ВМРО-ДПМНЕ, по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.На астанот кој се оддржа во Гази Баба тој додаде дека 8 Септември се идеалите и на Гоце, и на Питу, и на Даме, и на Ѓорче. Тоа е и пркоста на Александров, но и љубовта на Прличев и на Мисирков.„8 септември не е почетокот, туку продолжението на една славна борба,борба за слобода. Кога ќе речам 8 септември, мислам и на ВМРО и на Илинден ина АСНОМ, на сите славни јунаци од нашата историја кои живеа, се бореа,оставаа семејства и се жртвуваа за една цела Слободна автономна Македонија.8 септември се идеалите и на Гоце, на Питу, на Даме, на Ѓорче. Тоа е ипркоста на Александров, но и љубовта на Прличев и Мисирков. Тоа е преданостана Шатев и Панко, на Ченто, но и сонот на Драган Богдановски. 8 септември е и на комитите и на партизаните, на мудрите луѓе на ВМРО, но и на СДСМ, оние кои веруваат во Македонија и се колнат во ова парче земја.8 септември е на Македонија. И тоа не треба никој да го заборави, без разлика на која политичка партија доаѓа. Дали било тоа ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, НДП, ПДП, ДУИ, Алијанса или било кој, сите вие и должите се што сте постигнале во вашите животи на ова парче земја Република Македонија.Никој не треба да сонува за туѓи големи држави, ова е домот кој ним им пружил се, ова е земјата која што ги израснала, школувала и ги направила тоа што се, единствена Република Македонија.Сите овие имаа сон, а генерациите после 8 септември имаме обврска да го оствариме тој сон. И после 28 години своја независна држава, вистинското прашање е дали успеавме да изградиме држава каква што сонувавме, каква што сакавме и во каква сакаме да растат нашите деца? Ќе бидам она што секогаш сум, брутално искрен. Ќе кажам дека сме на работ да не успееме“, рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, се наврати и на спотот на Владата за Денот на независноста. Вели спот направен од владата насловен боите на независноста. 45 секунди каде се збори дека ќе се слави независноста, но ниту еднаш, ниту еднаш никаде не се споменува зборот Македонија.„Зарем стигна дотаму да не стигматизираат нас, да не замолчуваат нас кои што едногласно ќе го кажуваме името Македонија. Денеска секој оној кој ќе крене глава и ќе се бор за своите правдини, имаат опозициони ставови, не го негува ипочитува ликот и делото на Зоран Заев завршува во истражниот затвор Шутка. Срам е ова. Голем срам. Па јавно да го прашам Зоран Заев чија независност славиш? На која земја се слави независноста на 8 Септември, ама да одговориш и што одлучија граѓаните на тој 8 Септември? Зарем толку е страшно, зарем толку е тешко да се каже дека на тој 8 септември огромен број граѓани одлучи да живее во независна, суверена Република Македонија“, истакна Христоијан Мицкоски.

Македонија | пред 6 години

zoran-verusevski-obvinitelna-klupa-640x331

Судот не може да го најде Зоран Верушевски за да сведочи за случајот „Таргет и Тврдина“

Поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, и актуелен советник на премиерот Зоран Заев за безбедност, денеска не се појави на судското рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, каде што ја има на сведок, објави fokus.mk.-Станот е постојано затворен, оставено е известување во сандаче, но сведокот не се јавил, рече судијката Џанета Бегтовиќ.Таа појасни дека поканата била испратена и на работното место на Верушевски, односно во Владата, но нема потврда дека лично ја примил поканата.Текстот во целост на: fokus.mk.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Награда за хуманост за Саша Богдановиќ - Статуетка со ликот на Св. Мајка Тереза за проектот „Банка на храна“

Вчера вечер, на свеченото доделување посланија за хуманост во Домот на армијата, на Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ му беше врачена награда за хуманост и статуетка со ликот на Св. Мајка Тереза.Градоначалникот Богдановиќ ја добива наградата за акцијата на општината преку која, над 150 семејства со висок социјален ризик кои живеат на територијата на Општина Центар, секој месец добиваат пакети со основни животни намирници.Акцијата се реализира  во рамките на проектот „Нула Глад“во соработка со невладината организација „Банка за Храна“, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го кои редовно ги обезбедуваат потребните намирници.„За мене ова е навистина голема чест и искрено им благодарам на сите кои ги препознаа заложбите на Општина Центар и моите лични заложби за создавање хумано општество и еднакви можности за сите. Хуманоста е највисокиот алтруистичен чин, одлика на големите луѓе, единствен начин да го измениме светот и да го направиме подобро место за живеење за сите. Силно верувам дека сечиј хуман гест е за поздравување, независно од вредноста и начинот на кој помагаме. Само така испраќаме порака дека секој од нас, кога сака-може да помогне на оние на кои помошта им е најпотребна. Во оваа прилика би сакал да истакнам дека сум исклучително горд на моите колеги во Општина Центар кои редовно учествуваат во разни хуманитарни акции и најмалку 2 до 3 пати годишно даруваат крв. Среќен сум што чувтсвото за хуманост е длабоко втемелено во нашата општинска администрација, а доказ за тоа е и проектот за кој вечерва ја примам оваа награда.“ – изјави Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ на свеченото доделување на наградите и се заблагодари на сите партнери и поддржувачи на проектотОрганизацијата „Банка за храна“ – Македонија е непрофитна, добротворна, хуманитарна организација чија главна дејност е собирање на прехранбени продукти и други основни животни намирници, нивно складирање, сортирање и дистрибуција до сиромашните и социјално загрозените категории со посредство на хуманитарните организации, социјалните установи и институции кои исто така помагаат и се вклучени во борбата против сиромаштијата и гладта.Наградата Послание за хуманост и статуетка со ликот на Св.Мајка Тереза е востановена во 1999 година од граѓанското здружение „Скопјанката Мајка Тереза“ од Скопје. Наградите се доделуваат во рамки на „Денови на Мајка Тереза“ во чест на нејзиниот роденден, а до 5 септември, денот на нејзиното упокојување. Досега, оваа награда ја имаат добиено многу хумани организации и поединци меѓу кои: Црвениот Крст на Град Скопје и Македонија, Дефектолошки центар „Демир Капија“, како и Претседателите Киро Глигоров, Борис Трајковски, пејачот Тоше Проески и други. 

Скопје | пред 6 години

lift

Лифт во зграда во Карпош 4 се откачил и паднал со четворица станари

Лифт се откачил и паднал во нова зграда во Карпош 4, на која с  уште не и е направен технички прием, но десетина станови се вселени бидејќи добиле клуч од инвеститорот, објави СДК.мк.Несреќата се случила во средата, а во моментот во лифтот се превезувале четворица станари. За среќа, никој не е повреден.Лифтот се откачил додека бил на првиот кат и паднал до подрумот на зградата, односно два ката под земја.Текстот во целост на: СДК.мк. 

Скопје | пред 6 години

kabli2

(ФОТО) Фатена група која палела кабли под Кале

Комуналните редари на Град Скопје фатиле група која нелегално пали кабли под Кале. Сторителите се соодветни казнети, објави на Фејсбук Мирослав Богдановски – раководител на Инспекторатот на Град Скопје.-Браво за Инспекторатот на Град Скопје, ова се потенцијали за настанување на пожар и загадување на нашиот град, пишува на Фејбук страната.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218220502557833&set=pcb.10218220520358278&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

mugabe

Почина поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе

Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе умре на 96 годишна возраст, соопшти денеска неговото семејство. Контроверзниот Мугабе кој владееше во Зимбабве 37 години беше национален херој од борбата за ослободување на земјата од колонијалното владеење.Тој беше лидер на движењето за ослободувањето на Зимбабве од владеењето на белото малцинство.Тој беше затворен во 1964 година на повеќе од една деценија и уште додека беше во затвор беше избран за претседател на Африканската национална унија на Зимбабве, воена организација која се бореше против белото малцинство во тогашната Родезија, која во 1980 година беше преименувана во Зимбабве.Мугабе беше соборен од власта во ноември 2017, откако го смени својот долгогодишен сојузник, потпретседателот Мнангагва.

Свет | пред 6 години

sjo

Денеска нови рочишта на СЈО за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и „Триста“

Во Кривичниот суд денеска треба да се оддржат четири судски рочишта за предметите на СЈО, односно за „Таргет-Тврдина“, „Тарифа“, „Топлик“ и повторената постапка за „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство.Случајот за незаконското следење на комуникациите „Таргет-Тврдина“ се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Женета Бегтовиќ, а застапник на обвинението е Ленче Ристевска од СЈО.Во судот денеска е закажано ново рочиште и за предметот „Топлик“ во кој првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште. Покрај него, осомничени се уште пет лица.Во судот денеска треба да се одржи рочиште и за предметот на „Тарифа“, во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.Во предметот  „Триста“ пак, обвинет е поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски за злоупотреба на службена должност при набавката на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 6 години

sudar

За 24 часа 16 сообраќајни несреќи во Скопје

Во 16 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје, 11 лица се здобиле со повреди, од кои едно со тешки телесни повреди.СВР Скопје информира дека во рамки на преземените мерки и активности регистрирале 15 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 13 возачи, сите пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се и 16 возила од сообраќај и тоа сите технички не исправни.За непрописно паркирање биле издадени 51 казна, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 45 возила.Полицијата санкционирала и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, пет возачи за не користење на заштитен шлем  на вел со мотор, мопед и мотоцикл, еден возач за не носење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Скопје | пред 6 години

pozar

Сѐ уште активен пожарот на Скопска Црна Гора

Пожарот кој вчера избувна над скопското село Страчинци на Скопска Црна Гора и натаму е активен. Пожарот избувна вчера попладне и гори нискостеблеста шума.Непристапниот терен и ветарот ја отежнуваат работата на пожарникарите.Според податоците, огнот вчера имал зафатено површина од 3 до 4 километри.

Скопје | пред 6 години

velosiped

ФБ статус: Денес брат ми заврши на ургентно! Возел точак се додека не го дигнале во воздух!

Велосипедист удрен од автомобил, ФБ статус кој ќче ве наежи:Денес брат ми заврши на ургентно! Возел точак, ете сметал спортот е убава работа се додека не го дигнале во воздух! Точакот на 2 дела, среќа, среќа ја носел таа кацига животот што му го спаси!Не само што не му помогнаа овие ненормслниве што патем со не знам која брзина полукружно успеаа да го удрат, туку уште и покрај обидите да избегнат полиција, му се закануваа дека е крив.Полиција доаѓа после цели ТРИ ЧАСА!!!!!Три часа во шок во присутство на будали да ги чекаш!!!! Па да беше во посериозна состојба за која не е свесен веднаш, ќе умреше на лице место!Не само тоа, на ургентно донесени дете и татко исто така прегазени од будала ПРЕД ШКОЛО, НА ПЕШАЧКИ!!!Повторно среќа некоја ги чувала не удрил директно вo 7-8 годишното девојче!!!!Па има ли некоја контрола во државава?Па има ли некој медиум да покаже што се случува на дневна база!?!?!?Секој ден прегазени, деца, мајки, татковци, дедовци, баби... што се пешациве и велосипедистиве во земјава???????? Колатерална штета?Ќе се воспостави ли сообраќаен ред некогаш???Колку треба да умрат и до кога????Место да ги прекопувате булеварите, обезбедете сигурен премин на најранливите!!!!Што се однесува до полицијата 100/100 ги исполни моите очекувања, не се ни сомневав дека имаат работа која трае 3+ саати 😡😡😡https://www.facebook.com/snezdic/posts/10216452943050827

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања