Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

Нема фотографија

1ТВ престана да емитува програма

1ТВ од вчера престана да емитува програма, по иницијатива на вработените. Ова значи дека ако продолжи вака 30 дена, согласно Законот за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, ќе и биде одземена дозволата за работа. Неформалниот сопственик на 1ТВ беше Бојан Јовановски – Боки 13, кој е приведен во Шутка како осомничен за аферата „Рекет“.Телевизијата на Боки 13 почна со работа во март 2018 година, кога беше помпезно отворена. На свеченоста по повод отворањето учествуваше државниот и партиски врв на владејачкиот СДСМ, а во новинарскиот погон беше ангажиран тим од познати новинарски имиња, блиски до власта, како и поголем број млади.

Македонија | пред 6 години

aco-1-540x303

Кабранов: Во „Канал5“ примав 60.000 во плико на рака

Доскорешниот уредник на 1ТВ Ацо Кабранов во пост на Фејсбук обзнани дека додека работел во Канал 5 цели 5 години плата примал во плико на рака, а кога ги спремал документите за пензија видел дека таа телевизија Главниот и одговорен уредник го имала осигурано на мининалец од 10.000 денари.Постот на Кабранов го пренесуваме во целост:Свесен сум дека 1тв и пред тоа беше но со аферата и посилно ќе биде вреќа за боксирање и офирање на, како што не викате, ѕвезди, бардови и слично. Јас како главен уредник од првиот ден имав хонорар од 50 илјади денари, не евра да не се збуните, и целиот износ го примав не на рака туку преку авторска агенција со платен персоналец.Последните два месеца менаџментот самоиницијативно ми го покачи хонорарот на 70 илјади. Потоа сам го прекинав ангажманот од здравствени прчцини. Се ова околу сумите има во авторска агенција, а имам и јас дома, можам да ви ги дадам на увид. Рекламни минути ни во оваа, како во ниедна телевизија каде сум бил сум немал, така што се што сум добивал од 1ТВ е документирано во авторска. Да ви помогнам докрај во истразувањето –  да, од Бојан за роденден добив кошула и марама и тоа е се. Никогаш,  ни во а1 ниту во Канал5 ни во Алфа па ни во 1 тв не сум се нтересирал кој колку зема бидејќи тоа е договор на новинарот со газдата во кое, според мене, нема место главниот уредник да се меша или да се распрашува. Така беше и во 1ТВ, Кој колкав хонорар договорил нити ме интересирало нити сум помислил да се распрашувам. Впрочем, во Канал 5 бев 5 години главен уредник пред 15 тина години и тогаш таму платата ми беше 60 илјади, а ја добивав како сите на рака во плико, не на сметка. Можете тоа да го проверите во евиденцијата на вашата телевизија. Кога ги средував документите за пензија видов дека во Канал 5 сум бил пријавен на минималец, каков апсурд главен уредник со 10 тина илјади денари плата. Но тоа е моја вина што не сум проверил, а зошто УЈП не реагирале не знам. Околу закупените минути реклама реков дека никогаш сум немал такво нешто но и не гледам криминал во тоа. Впрочем,  и на Канал 5 имаше надворешни емисии, авторите закупуваа минути а газдата добивасе безплатна емисја и чинам минути и за телевизијата да пласира реклами во таа емисија. Ве охрабрувам да истражите се, но да не се заобиколите себеси и сестринските медиуми де. Бидете поздравени и пишувајте и истражувајте.п.с Ова решив да го објавам јавно на мојот фејсбук не на адресата на истражувачката телевизија на која и порачувам, се што има или ќе ископа за мене, а кое ке ме компромитира како алчен платеник слободно да објавите. И да нема љутиш, почнете или барем завршете го истразувањтп со вашиот двор .АЦО КАБРАНОВ

Македонија | пред 6 години

katitsa-janeva

Комисијата за избори и именувања едногласно донесе одлука за разрешување на Катица Јанева

Комисијата за избори и именувања му предложи на Собранието да донесе одлука за разрешување на Специјалната обвинителка Катица Јанева поради нестручност и несовесност во работењето.По одлуката на комисијата за избори и именувања на потег е Талат Џафери кој треба да закаже седница на која Собранието со двотретинско мнозинство треба да ја разреши Јанева. Потоа постапката се сели во Советот на јавни обвинители кој треба конечно да стави крај на кариерата на Јанева во СЈО.

Македонија | пред 6 години

bektesi

Македонските мед и компири повторно на косовскиот пазар - Укинати бариерите помеѓу Македонија и Косово

Пред неколку часа добивме писмо од Косово, во кое се потврдува дека ги укинуваат бариерите за увоз на мед и компир од Македонија, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.   Според министерот за економија Крешник Бектеши нема да има компромис и остапки и понатаму, кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.„Иако со задоцнување од една недела доставена е програмата што се однесува на мониторинг и пасивен и активен за икрите и помладокот на риби и согласно тоа Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија веќе ги стави денеска на листата на држави од кои може да се увезуваат икри и помладок на риби, а со тоа и тие ги укинаа нивните мерки. Многу е важно да се наведе фактот ние како Влада и Минстерство за економија уште еднаш покажавме и така ќе продолжиме дека нема да има компромеси за стандардите кои треба да бидат исполнети“, рече министерот Бектеши.

Македонија | пред 6 години

05092019_PVRSM_Zaev_venecijanska_komisija-1

Заев се сретна со делегација на Венецијанската комисија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерката за правда, Рената Дескоска се сретна со делегација на Венецијанската комисија предводена од шефот на делегацијата, Томас Маркерт.На средбата е истакнато дека Република Северна Македонија е модел на партнер на Комисијата, бидејќи праксата покажува дека нашата држава ги применува препораките на Венецијанската комисија.На состанокот се разговараше за аспектите на примена на донесените Измени и дополнувања на Законот за употреба на јазиците, за што нашата држава побара мислење од Венецијанската комисија.Премиерот Заев истакна дека Венецијанската комисија е драгоцен партнер на нашата држава, којашто е определена да гради праведна и правична држава, со еднакви права и должности за сите граѓани, во рамки на концептот Едно општество за сите, којшто е прифатен и од домашната јавност и од Европската унија.„Сакаме да ги постигнеме европските стандарди и пракси, во делот на почитувањето на човековите права и во таа насока очекуваме насоки од Венецијанската комисија. Ние како Влада соопштивме уште пред донесувањето на Законот, дека ќе го почитуваме мислењето на Венецијанската комисија и на Уставниот суд. Целта на законот е задоволување на практичните потреби на граѓаните, со цел сите граѓани да се чувствуваат заштитени и со доверба кон институциите на системот. Ние како држава сме Европа во мало и за нас е од големо значење да се поставиме според европските стандарди, применливи за нашата земја, со оглед дека на есен очекуваме позитивна одлука за датумот за почеток на преговорите со ЕУ, а во декември заокружување на интеграциите во НАТО. Сите овие затворени домашни и меѓународни процеси важни за граѓаните отвораат пат на економскиот развој на државата, којшто веќе ги дава првите резултати“, рече меѓу другото, премиерот Заев.Премиерот Заев се заблагодари за досегашната соработка со Венецијанската комисија и додаде дека очекува таа да продолжи и во иднина, посебно што Република Северна Македонија е посебно посветена на резултати од правосудните реформи и борбата со криминалот и корупцијата.На состанокот е соопштен впечатокот дека нашата држава, со позитивните промени и напредокот, ги има симпатиите на европската и меѓународната јавност, што се очекува да резултира со напредок и во евроинтеграциските процеси. 

Македонија | пред 6 години

pozar-1

Претседателот ќе одлукува осум пожарникари со „Медал за храброст“

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, утре, 6 септември 2019 година, петок, во 12:00 часот, со „Медал за храброст“ ќе одликува осум припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а на противпожарната бригада ќе го додели признанието „Повелба на Република Северна Македонија“. Припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и пожртвуваност при извршувањето на задачите во справувањето со огнената стихија за време на пожарот во станбена зграда на ул. „Народни херои“, Општина Кисела Вода, при што придонеле за навремено извлекување на загрозените станари. Признанието „Повелба на Република Северна Македонија“ на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се доделува за посветено извршување на задачите при гаснење пожари на подрачјето на градот Скопје, отстранување на непосредната опасност за настанување на пожари, спасување на животот на граѓаните и заштита на имотот, загрозени од пожари и од експлозии, и останати активности во согласност со делокругот на работа.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

Изгубила контрола и излетала од патот

На 04.09.2019 околу 23.00 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, на мостот во с. Марена, В.М.(23) од Скопје, управувајќи патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и излетала од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила В.М. и била пренесена во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Гостиварец издал тикети за игри, парите си ги ставил в џеб

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против С.Б.(23) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 12/13.03.2019 во казино во Гостивар, пријавениот, додека бил на работно место, му издал тикети за игри на А.Б. од Гостивар, без да уплати парични средства за нив, а остварениот промет не го внел во благајна. Со ова пријавениот на казиното му нанел штета од 540.000 денари.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Нападнат контролор на ЈСП

На 04.09.2019 во 16.15 часот во СВР Скопје, Ж.П.(53) од Скопје, вработен во ЈСП Скопје како контролор, пријавил дека додека извршувал работни задачи во автобус со број 35, на ул.„Кузман Јосифоски Питу’’ физички бил нападнат од едно лице. Сочинет записник за констатиран прекшток по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

policija-123

Наставничка заработи кривична, навела ученик да оди на натпревар наместо нејзиниот син

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против В.П.(47) од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Во текот на април 2019 пријавената, наставник во СОУ „Свети Кирил и Методиј“ Неготино, навела ученик во наведеното училиште, на 03.05.2019 да учествува на државен натпревар на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, кој се одржал во Битола, во име на нејзиниот син. Ученикот освоил трето место во име на нејзиниот син, кој на денот на одржување на натпреварот бил надвор од државата.

Македонија | пред 6 години

granata-1

При прекоп на нивата пронашол артилериска граната

На 04.09.2019 околу 11.20 часот во СВР Тетово, Т.М.(49) од тетовското село Беловиште пријавил дека при вршење ископ на неговата нива покрај стариот пат Беловиште-Одри, пронашол артилериска граната 150 милиметри, која потекнувала од Втората светска војна. Извршен бил увид и гранатата била подигната од претставници на Дирекцијата за заштита и спасување Тетово за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

marihuana2

Кај Скопјанец полицијата пронашла марихуана

На 04.09.2019 во 17.30 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Козле“ го привеле  Ф.С.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

Сообраќајна несреќа, едно лице со тешки телесни повреди

На 04.09.2019 во 08.45 часот на крстосница од ул.„Партизанска“, „Тошо Даскало“ и „Стрчин“ во Битола, патничко моторно возило „ауди’’ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(39) од Битола удрило во С.Д.(62) од Битола. Во незгодата, С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.  

Македонија | пред 6 години

boki-2-3

(ФОТО) Боки 13 со лисици на лекарски преглед

Првосомничениот Бојан Јовановски познат како Боки 13 денеска со лисици на рацете и со полициска придружба беше пренесен на скопските клиники откако се пожалил на болки во стомакот и во градите, објавува 360 степени. 

Македонија | пред 6 години

sahta

Паднал во шахта починал

На 04.09.2019 во 18.26 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека кај автобуската во с.Љубанци, скопско, бил пронајден починат А.П.(73) од с.Љубанци, кој, спореде пријавеното, паднал во шахта. Од извршениот увид било утврдено дека А.П., додека ја чистел јамата од семејната куќа, паднал во неа и починал. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на семејството. 

Македонија | пред 6 години

missing

16 годишно девојче избегало од дома

На 04.09.2019 во Полициската станица Бит Пазар, Б.Џ.(45) од с.Арачиново, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата 16-годишна внука А.Б.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. 

Скопје | пред 6 години

krazba

Фатен охриѓанец кој извршил две тешки кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(34) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“. На 01.08.2019 во маркет на ул.,,Гоце Делчев” во Охрид пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила влегле внатре и одзеле предмети. Исто така, на 12.08.2019 во маркет на ул.,,АСНОМ” во Охрид пријавениот, со уште едно лице, на идентичен начин влегле и одзеле предемети. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 284.423 денари.

Македонија | пред 6 години

pretepan

Тепачка во Скопје поради нерасчистени имотно-правни односи

На 04.09.2019 во 19.30 часот во СВР Скопје, И.И.(42) од Скопје пријавил дека околу 17.50 часот на ул.„Самоилова’’ бил физички нападнат од М.А.(28) поради нерасчистени имотно-правни односи. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Скопје | пред 6 години

stop-policija

Во месец август во Тетово регистрирани 1491 прекршоци на учесници во сообраќајот

Во текот на месец август полициски службеници на СВР Тетово, на поширокото тетовско подрачје откриле и соодветно законски санкционирале 1491 прекршоци на учесници во сообраќајот. Поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 81 возило. Најмногу од исклучените возила (59) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 22 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките или имале некомплетна опрема. Во овој период, од сообраќај се исклучени и 260 возачи, од кои 139 кои управувале без возачка дозвола, 7 со несоодветна категорија, 10 со важечка забрана, 55 возачи - почетници кои не се придржувале на законските ограничувања и 49 кои управувале под дејство на алкохол. Откриените сообраќајни прекршоци соодветносе санкционирани.Во текот на месец август полициски службеници на СВР Тетово, на поширокото тетовско подрачје откриле и соодветно законски санкционирале 1491 прекршоци на учесници во сообраќајот. Поради констатирани различни видови прекршоци, од сообраќај биле исклучени 81 возило. Најмногу од исклучените возила (59) имале истечена регистрација до и над 30 дена, додека кај 22 утврдена е техничка неисправност, претежно на сопирачките или имале некомплетна опрема. Во овој период, од сообраќај се исклучени и 260 возачи, од кои 139 кои управувале без возачка дозвола, 7 со несоодветна категорија, 10 со важечка забрана, 55 возачи - почетници кои не се придржувале на законските ограничувања и 49 кои управувале под дејство на алкохол. Откриените сообраќајни прекршоци соодветносе санкционирани.

Македонија | пред 6 години

ojo-1

АЛСАТ: Обвинителството ги прифати предметите на СЈО

Јавното обвинителство ги прифати предметите на СЈО и ќе ги прераспредели до надлежните јавни обвинтелства, дознава Алсат. Во СЈО ја чекаат официјално одлуката на Јавното обвинителство на Љубомир Јовески, за да почнат да ги пакуваат во куфери предметите и истрагите произлезени од „бомбите“. Од СЈО велат дека предметите не можат да застарат, освен оние предмети со кратки рокови, што истекувале и кај нив.Не се исклучува можноста дел од предметите наместо од обвинители на СЈО, да бидат водени од обвинителите на редовното Обвинителство. За обвинителката Фатиме Фетаи, во моментов најважно е криминалците да одговараат пред правдата, објави АЛСАТ.Текстот во целост на: АЛСАТ

Македонија | пред 6 години

Screenshot_64-3-960x5291-670x376

Велија Рамковски по 8 години затвор и 2 години на слобода за прв пат отворено за се во НОВА ТВ

По 8 години затвор и 2 години на слобода, Велија Рамковски, сопственик на А1 ТВ, во интервју за НОВА, за првпат одлучи да зборува пред камера.Раскажува за чувствата во затвор, за Груевски, за универзалната правда…но најмногу зборува со оптимизам за државата., за ЕУ и НАТО, за перспективите, за Заев и отворената врата кон ЕУ и што е она што треба сега да се сработи на тој пат…

Македонија | пред 6 години

133474234-105843-207971

Од 6 до 9 септември патот кон Теферич ќе биде затворен за сообраќај

Општина Кисела Вода информира дека од утре, од 09 часот до понеделник до 09 часот, заради изведба на градежни работи ќе биде затворен за сообраќај патот кој води кон населеното место Теферич.Локалната самоуправа ги замолува учесниците во сообраќајот за трпение и разбирање додека се одвиваат градежните активности на истиот.

Скопје | пред 6 години

GIS_0409201901

Презентирана можноста општина Охрид да го имплементира ГИС системот

Во мала сала,  компанијата „Интелегент нетворк солушн“ ја презентираше можноста општина Охрид да биде дел од ГИС системот. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.ГИС системот нуди дигитализација во урбанистичката сфера, инфраструктурата, водоводната и канализациона мрежа. Со тоа, процесите за издавања на документации би се забрзале, а граѓаните би имале целосен увид и информации.Ваквиот систем до сега го имаат имплементирано повеќе општини, јавни претпријатија и Агенцијата за катастар на недвижности.

Македонија | пред 6 години

sliki-za-objava-482x480-05.09.2019

Тековно чистење на крајбрежјето од алга

Тековно се чисти крајбрежјето на потегот од пристаниште до хотел “Милениум” секој ден од алга која е во фаза на распаѓање.

Македонија | пред 6 години

ikona

Ликовен и литературен конкурс „Есенските градини со златни бои грст плодови ставаат во дланките твои“

Согласно Одлуката за усвојување на измените на Програмата на одделението за заштита и влијание на животната средина за 2019 год.на Општина Охрид  бр.08-118172/7 од 28.12.2018г, Општина Охрид објавува : ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС ВО СОРАБОТКА СО ОХРИДСКИТЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА НА ТЕМА„ ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ“ Предмет и цел на конкурсот :Човештвото се соочува со намалување на зелените површини,а целта на овој проект е унапредување на просторот со зеленило и цветни површини со што ќе се овозможи подобрување на квалитетот на воздухот , подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.Секоја индивидуа со доволна волја без оглед на возраста може да даде свој придонес во зачувувањето на чиста и здрава животна средина. Од најмали нозе треба да се едуцираме како да штедиме енергија , да ги зачуваме воздухот и водата чисти и да ги штедиме нашите природни ресурси. Затоа секој во својата најблиска околина може да создаде убаво катче исчистено од смет и уредено со зеленило и цвеќиња со што ќе го оплемени просторот, а природата самата  во различните годишни времиња ќе создаде прекрасен амбиент. Тоа е темата на годинашниот ликовен и литературен конкурс „ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ “ Право на учество Овој еко проект е во соработка со основните училишта на територијата на Општина Охрид заради одбележување на Есенската рамноденица – почеток на есента 23-ти септември.Право на учество имаат сите деца на возраст од 6 до 14 години, ученици во основните училишта на територијата на Општина Охрид.Доставените литературни и ликовни творби треба да содржат еко порака која ќе одговара со темата на овој конкурс„ ЕСЕНСКИТЕ ГРАДИНИ СО ЗЛАТНИ БОИ ГРСТ ПЛОДОВИ СТАВААТ ВО ДЛАНКИТЕ ТВОИ “ Доставените ликовни творби треба да бидат поезија или проза на зададена тема предмет на овој конкурс.Ликовните дела треба да се цртежи или предмети изработени од рециклажен материјал (колаж, акварел , предмети и украси од пластика и хартија …..)Учесниците на конкурсот се појавуваат под шифра .Право на учество имаат оргинални ликовни и литературни творби кои претходно не се објавувани и не учествувале на други конкурси. Оценувачката комисија нема да ги разгледува оние трудови кои ќе пристигнат по предвидениот рок или не се изработени според условите наведени во конкурсот.Секое дете на овој конкурс треба да учествува со својот наставник- ментор.Секое дете има право да учествува со по еден труд ( ликовен или литературен).Изборот на најдобрите ликовни и литературни творби ќе го изврши жири комисијата за оценување на трудот составена од три члена .Жири комисијата ќе даде оценка за доставените трудови при што за нејзината работа ќе изготви извештај со листа за наградени ученици.Жири комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 15 дена од последниот рок за предавање на трудовите.За резултатите наградените ученици и училишта ќе бидат писмено известени од страна на жири комисијата , а истите ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид – www.ohrid.gov.mk Награди:Прво наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 7000,00 денари еднократноВторо наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 5000,00 денари еднократноТрето наградените ученици на ликовниот и литературен конкурс добиваат по 3000,00 денари еднократно Вкупниот буџет за реализација на проектот ќе изнесува 30.000,000денариНаградените творби остануваат во сопственост на Општина Охрид. Права на општината :Општина Охрид го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените ликовни и литературни трудови за некомерцијални цели.Општина Охрид го задржува правото да врши умножување за свои потреби. Со најдобрите ликовни и литературни трудови ,Општина Охрид ќе организира промоција и изложба како збогатување на културната понуда во градот. Доставување на трудовите:Секој учесник својот труд треба да го достави во стандардна хартиена форма во затворен плик на кој на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај“, а во средината треба да биде назначена точната адреса на примачот со назнака „по конкурс за избор на ликовен и литературен труд“.Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот .Во затворениот плик треба да има уште два затворени запечатени плика , од кои едниот со ознака„ вид на творба- ликовен или литературен труд“под шифра и го содржи трудот , а другиот со ознака„податоци“ и истиот содржи податоци за идентификацијата на испраќачот:(име и презиме на ученикот, возраст, адреса на ученикот, името на училиштето, адреса на училиштето и името и презимето на наставникот- менторот) Адресата на која треба да се достават трудовите е:ОПШТИНА ОХРИДУл. „Димитар Влахов“ бр 57, 6000 ОхридСо назнака за „за Конкурсот за најдобар ликовен и литературен труд“Или лично во архивата  на Општина ОхридЗа дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат  на тел. 046/262 492, локал 147 секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот или во просториите на Општина Охрид.Рок на доставување на пријавитеПријавите по наведениот конкурс да се достават најдоцна до 30.09.2019год. до 12 часот , во архивата на Општина ОхридПријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани ОПШТИНА ОХРИДКОМИСИЈА ЗА ОЦЕНУВАЊЕ ТРУДОВИ

Магазин | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања