Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

policija-4

Маж пронајден мртов на работното место, работел како чувар

Шеесетгодишниот Х.З. починал на работното место како чувар на паркинг во угостителски објект во тетовско Горно Седларце, општина Боговиње. Утринава околу 2 часот тој бил најден во бессознание на паркингот каде што работел.Х.З. работел како чувар на паркингот, а смртта е контатирана од лекар  без траги на насилство.По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Македонија | пред 6 години

makedosnki-vojnik

Венецијанската комисија ќе пресече - Дали парите и униформите на војската и полицијата ќе станат двојазични?

Откако законот за јазици на почетокот од годинава беше испратен на мислење во Венецијанската комисија, денеска нејзина делегација ќе престојува во Скопје за да ги испита можностите дели има можност или не албанскиот јазик, покрај македонскиот, да се најде на банкнотите и на воените униформи во Македонија.Спорни се книжните и кованите пари, хартиите од вредност, поштенските марки, уплатниците, фискалните извештаи издадени од институциите, како и униформите на полицијата и војската.Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија требаше да имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ, како и заедничка средба со пратеници на политички партии од помалите етнички заедници, како и заедничка средба со пратеници од Алтернатива, Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и Движење БЕСА.

Македонија | пред 6 години

OJO-javno-obvinitelstvo

Алсат: Предметите од СЈО преминуваат во ОЈО

Според информации на Алсат, сите предмети од СЈО преминуваат во Основното јавно обвинителство. Ова се случува по вчерашното барање на Катица Јанева, притворена во истрагата за случајот „Рекет“, во кое се наложува предметите од СЈО да се предадат во обвинителството кај Јовески. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Реконструирана улицата Индира Ганди во Шуто Оризари

Екипите на Град Скопје ја завршија првата фаза од реконструкцијата на коловозот на улицата Индира Ганди, во општината Шуто Оризари. По вчерашното 24-часовно целосно затворање, улицата од денеска е проодна за сообраќај, со нов асфалт и обележана хоризонтална сигнализација.Улицата Индира Ганди е обновена на должина од 1.100 метри, на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец. Во текот на изминатиов месец на оваа сообраќајница беше отстранет стариот и оштетен асфалт и беше нанесен нов асфалтен слој. Во тек е уредувањето на пешачките патеки.Целта на овој градежен зафат е да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот во овој дел од градот и да се зголеми безбедноста.Градот Скопје ја продолжува праксата реконструкциите на сите улици оваа градежна сезона да ги завршува со рекордно кратки рокови за да се олесни одвивањето на сообраќајот, без да се создава метеж.

Скопје | пред 6 години

boki-urgenten

Боки 13 во лоша здравствена сoстојба, пренесен е на Ургентен центар

Телевизија Алсат-м објави дека во Ургентниот центар во Скопје пристагнале возила од затворската полиција кои го донеле Бојан Јовановски-Боки 13 на лекување. 

Македонија | пред 6 години

44581818_1726175564174909_7302245934291746816_n

(ФОТО) Фросина Ременски пред 20 години била член на ВМРО ДПМНЕ?

Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски на 7 јануари 1999 год потпишала пристапница со која станала член на ВМРО ДПМНЕ. Фотографија од пристапницата се шири по социјалната мрежа фејсбук.Скопје 1 се оградува од веродостојноста на оваа фотографија.Инаку Ременски е многу актуелна овој период. Вчера таа даде исказ во врска со случајот „Рекет“. Ременски кажа дека е дојдена во Обвинителството како повикано лице и не сакаше да каже дали е осомничена или е сведок. https://www.facebook.com/politickicirkusMK/photos/a.1823154351316692/2141801159452008/?type=3&theater

Македонија | пред 6 години

kiracovski

Кирацовски не се препознава под псевдонимот Кики

Пратеникот и екс генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски по двочасовниот распит во обвинителството за организиран криминал и корупција  за аферата „Рекет“ изјави дека не знаел дека Бојан Јовановски познат како Боки 13 вршел рекет на одредени бизнисмени.  Тој тврди дека не бил близок пријатек со Боки 13 и не посредувал за преоектите за изградба на старечки домови.Според кирацовски заедничките фотографии со првоосомниченот биле на барање на Боки 13, атоа го објаснува со како што вели тој е пратеник и јавна личност и многу луѓе бараат да се фотографираат со него. Кирацовски повикува на темелна и брза истрага за „Рекет“.Кирацовски не се препознава во псевдонимот Кики, за кој новинарот Геровски пишуваше колумни.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин

Со ноќно бележење на сообраќајна сигнализација целосно заврши реконструкцијата на булеварот Кочо Рацин во општина Центар, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје.Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а целосната реконструкција заврши во најбрз можен рок.Булеварот Кочо Рацин за 40 дена е целосно и темелно реконструиран во должина од 880 метри во двете насоки, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до улицата Свети Кирил и Методиј.Град Скопје продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Продолжува чистењето на дивите депонии

Во тек е акцијата за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Аеродром. Деновиве службите работат на расчистување на дивата депонија на бул. „Трета македонска бригада“, спроти Американ колеџ.Во изминатиот период целосно беа исчистени депониите во близина на амбулантата во населба Лисиче, просторот меѓу Лисиче и Реонски центар, Бановина во Горно Лисиче, Усјански канал, како и дивите депонии во Долно Лисиче.Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот и правилно да го селектираат на соодветните места. Наша цел е да обезбедиме чиста животна средина за сите граѓани.

Скопје | пред 6 години

Gjorgjievski-05-09-2019-mediumi

Ѓорѓиевски: МВР под раководство на Оливер Спасовски наместо да се бори со криминалот, се претвора во негов заштитник

СДСМ е во коалиција со криминалот. МВР под раководство на Оливер Спасовски наместо да се бори со криминалот, се претвора во негов заштитник.Наместо правдата да биде слепа, полицијата е слепа и замижува пред насилниците и пиштолџиите по налог на Спасовски. Три дена поминаа откако среде Битола во присуство на началникот на СВР Битола беше пукано од пиштол, а реакција од МВР нема, за постапка воопшто не станува  збор. Дали ликот кој сите го видовме има крими досие? Дали се точни гласините дека полицијата има оперативни информации за негова инволвираност во бизнисот со наркотици? Дали истиот е близок со функционерите на Спасовски во битолската полиција и преку нив си ја купува поддршката, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Како пред 200 години на Дивиот запад криминалци празнат цел пиштол пред толпа луѓе и никој за тоа не одговара.Медиумите објавуваат дека ликот има и кривична пријава за проневера на 400.000 евра од Комерцијална Банка - Битола и дека е главен дилер на дрога во регионот, за што е приведен пред два месеци, но повторно е на слобода.Како е можно вакво лице да поседува огнено оружје? Дали оружјето е со дозвола? Доколку да, зошто не му е одземено, доколку не, зошто до сега не е поведена кривична постапка за нелегално поседување на огнено оружје, за што е предвидена санкција - казна затвор во времетраење од 3 - 10 години согласно членот 396 став 1 од Кривичниот Законик!?Постапка за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, согласно членот 396 став 1 од Кривичниот Законик се поведува по службена должност од страна на ЈО. Прашањето е зошто иако во присуство на началникот на СВР Битола не е преземено ништо во однос на поведување на кривична постапка и запознавање на ЈО!?Поранешниот претседател на бордот на директори на ЈПССДП од СДСМ, Џевад Исени, носеше пиштол на појасот и се фалеше со тоа. Не доби пријава, а Спасовски и СДСМ испратија порака дека законот не важи за нивните шерифи.Пукањето во присуство на полициски началник е уште една потврда дека криминалците се ставени под закрила на власта. Полицијата на Спасовски не ги гони, напротив таа ги штити.Извршено е кривично дело, загрозена е безбедноста на присутните и нарушен е јавниот ред и мир и на сето ова не реагира началникот на СВР Битола, човекот кој треба да гони секаков вид на криминал, и тоа не само во Битола, туку во целиот регион. Доколку ова се случува во негово присуство пред толпа луѓе, тогаш што е дозволено да прават криминалните структури кога нема поголем број на присутни? Дали ваквите структури се чувствуваат комотно пред началникот за да го кршат законот? Дали присуството на началникот е охрабрување за криминалците и  нивен дополнителен мотив?Хаосот и криминалот кој се случува со помош на власта е доказ дека СДСМ мора да си замине. Потребни се итни предвремени парламентарни избори, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

William-Xu-Huawei-Asia-Pacific-Innovation-Day-2019

Регионот на Азија и Пацификот е лидер во 5G иновациите

Петтиот по ред Ден на азиско-пацифичките иновации се одржа во кинескиот град Ченгду. Тема на годинашното издание е „Иновации кои овозможуваат дигитализација на азиско-пацифичкиот регион“. Над 200 од индустријата, менаџментот и академски претставници од регионот присуствуваа на настанот да разговараат за иновативни 5G технологии и нивното имплементирање, одржлив развој и теми за технологија, хуманост и природа.5G е центарот на паметната заедница каде сè е поврзано. Денес, како што влегуваме во ерата на 5G, ние сме исто така во многу важна фаза на дигиталната трансформација на индустриите ширум светот. Индустрискиот развој помина од механизација до електрификација преку автоматизација до дигитализација.За време на настанот, Вилијам Ху, директор на одборот на Huawei и претседател на Институтот за стратегиски истражувања, сподели: „5G доаѓа во вистинско време. Оваа технологија ни дава голема покриеност, широк опсег и ниска латентност заснована на традиционални врски. Исто така, овозможува развој на разни апликации. Оваа нова функционалност овозможува прилагодување на 5G во различни комплексни индустрии. Со развојот на 5G, ќе се појават многу апликации кои ќе го променат светот. Услугите 5G, AI, IoT и Cloud го подобруваат нашиот секојдневен живот и го прават светот подобро место. "Huawei им помага на земјите во регионот побрзо да се интегрираат во 5G  Регионот на Азија и Пацифик е светски лидер во интеграцијата на 5G. Јужна Кореја е првата земја што има огромна употреба на 5G за комерцијални цели. По лансирањето на 5G во април, вкупниот број на 5G корисници во земјата надминува 2 милиони. Кина, пак, има изградено големи мрежни пилотски трговски мрежи 5G. 5G мрежите се изградени во Пекинг, Шангај, Гуангжу, Шенжен и Ченгду. Тестираната брзина е над 1 GB во секунда, што значи дека преземањето на HD филм за 1080P трае неколку секунди.5G станува реалност. Во целиот свет, вкупно 35 провајдери во над 20 земји воведоа 5G, а други 33 земји ги распоредуваат 5G мрежите.Huawei има над 50 5G комерцијални договори низ целиот свет и испорача преку 200 милиони уреди. Компанијата продолжува да нуди најбезбедни и најнапредни 5G производи и решенија, засновани на своето широко искуство со технологија и активно истражување на своите апликации. Huawei има за цел да им помогне на провајдерите во азиско-пацифичкиот регион побрзо да се интегрираат во 5G и целосно да ги искористат придобивките на технологијата. Целта на компанијата е да овозможи развој на многу индустрии, да ја подобри социјалната ефикасност и да ја забрза социјалната дигитализација.Со воведувањето на 5G мрежата со стерео покриеност ќе има поиновативни апликацииЗа време на настанот, Huawei и мобилниот оператор ChinaMobileSichuan претставија 5G мрежа со стерео покриеност, која се состои од база на покривање, слој со максимален капацитет и покриеност во затворен простор што овозможува непречено движење на 5G во сите сценарија. Покрај тоа, Huawei има партнерство со добавувачи и други партнери за да прикаже различни апликации на технологија во индустријата, како што се 5G+VR, видео од 5G+8K, 5G+беспилотни летала, 5G и теле-медицина и 5G амбулантни возила. Сето ова ги покажува бескрајните можности на 5G во дигиталната доба.Гости од владини институции, индустријата и академици одржаа предавања од различни перспективи, како што се дефинирање на државни политики и регулативи, како и индустриска дигитализација. Експертите зборуваа и за тоа како иновативните технологии можат да го поддржат развојот на културната индустрија и заштитата на животната средина, споделувајќи како „5G+AI“ технологиите им помагаат на многу индустрии.Од 2013 година се одржува Денот на иновациите на Huawei во различни градови, вклучувајќи ги Лондон, Милано, Минхен, Париз, Сингапур, Сиднеј, Бангкок, Дубаи и СаоПаоло. Следејќи ги своите принципи на отвореност, иновации и споделено искуство, Huawei има за цел да им овозможи на секоја личност, дом или организација да дигитализира и да создаде поврзан и „паметен“ свет. 

пред 6 години

monstrum

Судијата кој го води „Монструм“: Обвинителите кои седат пред мене Бубевски и Фетаи, за мене сѐ уште се обвинители во овој предмет

Судењето за „Монструм“ за петкратното убиство кај Смиљковското езеро пред 7 години почна со изјава на судијата за организиран криминал од Кривичниот суд Огнен Ставрев дека не го интересираат проблемите во СЈО и дека судењето ќе продолжи. Судијата Огнен Ставрев кој ја води повторената постапка за петкратното убиство на денешното рочиште појасни дека за него, до донесување на одлуката од Јовески, обвинители во предметот се Бубевски и Фетаи.„Обвинителите кои седат пред мене за мене сѐ уште се обвинители во овој предмет сѐ до одлуката на државниот јавен обвинител, рече судијата Ставрев.Објаснување за тоа што ќе се случува понатаму со случајот „Монструм“ на денешното рочиште побараа и родителите на убиените момчиња кои го замолија судијата да им даде објаснување дали предметот и понатаму ќе го застапуваат обвинителите на СЈО и дали ќе почне од почеток.Судијата Ставрев појасни дека „Монструм“ нема да се врати на почеток бидејќи не се менува судија, туку обвинител, а во тој случај продолжува онаму каде што застанале.

Македонија | пред 6 години

kucinja-kuce

Скопјани немаат мир од кучињата скитници, каснати девојче и жена

На 04.08.2019 во Полициската станица Центар, Р.Б.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Димитрије Чуповски“ неговата 14 - годишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на десната рака.На 04.09.2019 во 21.10 часот во Полициската станица Аеродром, Б.Ж.(39) од Скопје пријавила дека на кеј на река Вардар била касната од куче скитник во пределот на десната нога. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Мерцедес прегази жена на тротинет

На 04.09.2019 во 07.00 часот на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ со бул.„Гоце Делчев“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(18) од с.Мојанци, скопско, и електричен тротинет управуван од Б.Б.(41) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Б.Б. и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде ѝ била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Удрил во пешак и избегал

На 04.09.2019 во 22.27 часот на бул.„Крсте Мисирков“, патничко моторно возило „фолксваген голф“  удрило во пешакот Ѓ.З.(59) од Скопје, по што го напуштило местото на настанот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.З. и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била  укажана лекарска помош. Извршен бил увид и се работи на пронаоѓање на возачот и на целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

soobrakajna-nesreka

„Рено“ излета од патот Кондово-Свиларе, две момчиња тешко повредени!

На 04.09.2019 во 18.53 часот на локалниот пат с.Кондово-с.Свиларе, скопско, А.М.(19) од с.Кондово, управувајќи патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото. Во незгодата сопатникот М.А.(18) од с.Кондово се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

24 годишно момче каснато од куче скитник

На 04.09.2019 година во 14.30 часот во Полициската станица Центар, М.Т.(24) од Скопје пријавил дека на кеј „Димитар Влахов“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Скопје | пред 6 години

soobrakajka

МВР за а сообраќајката на Илинденска, прегазените пешаци тешко повредени

На 04.09.2019 во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје. Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје. 

Скопје | пред 6 години

3CABDBDB-41B9-4E63-BC9D-57BD4605869B

Силјановска Давкова: „Се плашам дека не се трага по докази, туку по начин за нивно уништување“

Проблемот со доказите во СЈО „се решава“ со поплава или со пожар, стои во  ироничниот статус на својот Твитер профил професорката Гордана Силјановска Давкова, која беше кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори.-Се плашам дека не се трага по докази, туку по начин за нивно уништување, пишува професор Силјановска Давкова.https://twitter.com/gogamkd/status/1169479304029364224?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Eembeddedtimeline%7Ctwterm%5Eprofile%3Agogamkd%7Ctwcon%5Etimelinechrome&ref_url=https%3A%2F%2Fdnevno.mk%2F%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bb%25d1%2598%25d0%25b0%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b2%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2598%25d0%25be-%25d1%2581%25d0%25b5-%25d0%25bf%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2588%25d0%25b0%25d0%25bc-%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25bd%25d0%25b5-%25d1%2581%25d0%25b5%2F

Македонија | пред 6 години

nesreka-prvi-momenti

(ВИДЕО) Почна судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Во кривичниот суд во Скопје утрово почна судењето за тешката сообраќајна несреќа што се случи во февруари кај Ласкарци. Во претесната судница на обвинителна клупа седнаа сопственикот на „Дурмо Турс“ Дурмиш Белули, вработениот во „Дурмо Турс“, Ремзи Мифтари кој претходно бил осудуван, машинскиот инженер порано вработен во техничкиот преглед, Игор Ѓорѓиевски, исто така и Горан Дуковски, Јане Боваровски, и возачот Маноил Трифуновски. Во судницата беа присутни и нивните адвокати, како и адвокати на оштетените, објави а1он. 

Македонија | пред 6 години

stop-policija

Изречени мандатен платни налог, подигнати автомобили со „пајак“ 24 часа СВР Скопје

На 04.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 21 возач управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучен 10 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол, осум возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и еден возач-почетник, кој не ги почитувал сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и пет возила, од кои четири бидејќи биле  нерегистрирани и едно поради претовар. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, пет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, еден возач поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и четири возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издаден е 51 мандатен платен налог, а 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак".

Скопје | пред 6 години

lisici

Лице барано од Интерпол фатено на „Долно Блаце“

На 04.09.2019 во 16.30 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“ од слобода бил лишен А.И.(36) од Република Албанија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека се наоѓа на листата со мерка „апси“ по барање на Интерпол.  А.И. бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Лице барано за притвор, фатено на Граничниот премин „Богородица“

На 05.09.2019 во 03.40 часот на Граничниот премин „Богородица“, при извршена проверка, било констатирано дека З.Р.(67) од с.Вражале, општина Зелениково, се наоѓа на листата со мерка ,,приведи‘’. З.Р. бил приведен и предаден на полициски службеници за спроведување до Затвор Скопје.

Македонија | пред 6 години

Silegov-trotinet

Дали зад шминкерајот на Шилегов со градските улици се крие бизнис интерес на моќници од власта?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од градот Скопје следејќи ја акутната неработа и популизмот на градоначалникот Петре Шилегов прашува дали зад секоја негова градежна активност се крие бизнис интерес на моќници од власта.Оттука Шилегов е должен да одговори:Дали зад асфалтирањето на улиците во град Скопје се кријат бизнис интереси на Петре Шилегов и луѓето од власта?Јавноста заслужува да знае дали компаниите кои асфалтираат се блиски на семејството Заеви?Дали струмички компании блиски до власта асфалтираат во градот Скопје?Дали компании од бизнис кругот на Вице Заев се ангажирани за подизведувачи за работа во градското претпријатие „Дрисла“?Дали зад шминкерајот на Шилегов се кријат скапи бизниси кои одат во џебот на луѓе од власта?За две години власт Петре Шилегов нема започнато ниту еден проект, ниту еден нов булевар кој оваа градска администрација го проектирал или започнал со градба? Шилегов за две години власт нема решение за ниту еден значаен проблем на Скопјани, се вели во соопштението од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

Скопје | пред 6 години

remenski

Новинар до Ременски: Не ве личи да строите новинар како професорка на час - тоа во партија

Ременски изгледа не знае дека прашања не се демантираат туку се одговараат. Се познаваме со неа, од професионална гледна точка. Мислењето од порано до сега е небо-земја.Таа прво треба да разбере дека не може дрско да се однесува со новинари.Второ, излажа. Вели “Само еден новинар побара од мене изјава”. Во нејзин стил, онака дрско, ќе кажам дека лаже. Почитувана пратеничке, на 24 август ви беше побарано интервју. Вие, онака како што и во минатото знаевте да постапите, не одговоривте на поканата. Исто како што не одговарате ниту на повиците за изјава. И тоа, оставен ви беше термин да снимаме кога вас ќе ви одговара.И да, политичар сте. Не ве личи во стилот на некогашно ВМРО-ДПМНЕ да ги строите новинарите и како професорка на час да ги учите на ред и поредок, што да прашаат, што не. Тоа можете во партија.Гледајќи како лажете пред камери во врска со тоа што го напоменав, јас не знам како би ви верувал во некој ваш кажан збор.Разочарување. Големо.Кристијан Ландов (Фејсбу статус)

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања