Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

kiracoski

Кирацовски на распит во Обвинителството за случајот „Рекет“

Пратеникот Александар Кирацовски во Обвинителството за организиран криминал и корупција утрово ќе дава исказ за случајот „Рекет“ . Кирацовски  беше споменуван како близок пријател на Бојан Јовановски „Боки 13“, и по долг молк минатата седмица се одважи да ги повика институциите да го расчистат случајот докрај.Вчера во Обвинителството, во својство на лице од кое може да се добијат посебни известувања, исказ даваше пратеничката од СДСМ Фросина Ремеснки, за случајот „Рекет“ и Меѓународниот сојуз каде што таа е почесен претседател. 

Македонија | пред 6 години

Foto-2

Претседателот Пендаровски прими членови на Стопанската комора Македонија – Турција, МАТТО

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прими членови на Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО. На средбата, претседателот Пендаровски ја истакна поддршката на турските компании за македонската економија и нивниот директен придонес за подобрување на стандардот на граѓаните. Претседателот Пендаровски посочи дека во фокусот на неговото работење ќе биде подобрување на економските состојби во земјата, бидејќи како што истакна, е неопходно сите повеќе да се посветат на економијата, имајќи предвид дека задача на секој политичар е да работи исклучиво во интерес на народот. „За неколку месеци, со полноправното членство во НАТО нашата држава ќе ја заокружи својата безбедност и ќе стане земја со предвидлива иднина. Знам дека за секој потенцијален инвеститор стабилноста на земјата е клучен предуслов. Подеднакво е важно земјата да нема отворени билатерални прашања со своите соседи. Северна Македонија и во овој сегмент ја заврши својата работа“, рече претседателот Пендаровски. Претставниците на Рамстор, ТАВ Македонија, Халк Банк, Џевахир Холдинг, Сити Плаза, Бис Оил, Еуролинк и на млекарата Суташ ја поздравија отвореноста на претседателот Пендаровски, како и неговата подготвеност политичката дебата во земјава да се замени со дискусија за економија. Тие посочија дека претставуваат мост меѓу Северна Македонија и Турција и дека постои простор и расположение за уште поголемо продлабочување на економската соработка. Компаниите го информираа претседателот Пендаровски дека во последнава декада инвестициите од Турција во земјава достигнале 2 милијарди долари и дека трговската размена меѓу двете земји е над 5 милијарди долари. Бизнисмените од претседателот Пендаровски побараа и натаму да се заложува за политичка стабилност и политичка предвидливост во земјата, бидејќи тоа ги охрабрува компаниите да ги зголемат инвестициите. Претседателот Пендаровски рече дека ќе се заложи за теоретско и практично подобрување на Договорот за слободна трговија, којшто го потпишале двете земји пред речиси 20 години, имајќи предвид дека на тој начин уште повеќе ќе се зголеми трговската размена меѓу Северна Македонија и Турција, што во крајна линија ќе резултира со подобрување на стандардот на граѓаните на земјата. 

Македонија | пред 6 години

120190420_222336

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ и Зоран Заев трета година ја опустошуваат македонската економија

Во време кога економијата е на дното, а граѓаните се повеќе  сиромашни, власта буџетот го троши на популистички мерки со краток ефект наместо на развојни проекти како што се капиталните инвестиции.Неспособната власт на СДСМ за првите 7 месеци од 2019 година има реализирано мизерни  24,5 капитални инвестиции. Тоа кажува дека власта парите на граѓаните наместо за развој, расипнички ги троши на непродуктивни трошења и предизборна корупција, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Дека СДСМ не може да ја подобри економијата говори и фактот што бројот на странски директни инвестиции никогаш не бил понизок. Во ситуација кога земјите од регионот имаат рекорден раст, Македонија со СДСМ има рекорден пад од дури 84,2% за периодот јануари – јуни во однос на ланската година.Во првите два квартала на 2019 година имаме 48,7 милиони евра странски директни инвестиции, додека пак Србија има 1,7 милијарди евра,  Словенија 561 милион,  а Бугарија 286 милиони евра. По глава на жител Србија има 543 евра СДИ, Словенија 280  евра,  Бугарија околу 40 евра, а Република Македонија  на дното со само 24 евра по глава на жител. Тоа значи во привлекувањето на инвестиции дека Бугарија е два пати подобра од Македонија, Словенија околу 11 пати, додека пак Србија е 22 пати подобра од Македонија во странски директни инвестиции.Заради погрешните економски политики на власта пад бележи и бројот на работници во индустријата кој за една година е паднат за 2,5% односно на секои 100.000 работници, сега имаме 2.500 помалку, а лош резултат бележи и градежништвото каде реализацијата е ниски 24,5%.Додека економијата тоне и  500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, единствено со оваа власт што растат се корупцијата и јавниот долг кој надмина 5 милијарди со што веќе е надмината психолошката граница од 50% од БДП.Наместо економска година како што ветуваа, со СДСМ и Заев веќе трета година добиваме економско фијаско и се повеќе граѓани и бизниси доведени до питачки стап. Токму затоа што поскоро неопходни се предвремени парламентарни избори за да оваа криминална власт си замине и  Република Македонија конечно  да може да напредува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

Foto-1

(ВИДЕО) Конститутивна седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност. Како што изјави претседателот Пендаровски, ова е прва седница по цели три години на Советот за безбедност кој е уставна категорија и исклучително важен орган, но поради немањето политичка волја, Советот бил маргинализиран и заборавен. Учесниците на состанокот констатираа дека состојбата во земјата и во регионот е стабилна и засега нема индиции дека би биле загрозени границите или пак интегритетот и суверенитетот на Северна Македонија. Сите надлежни институции во континуитет ги следат ситуациите коишто потенцијално би можеле да прераснат во посериозен проблем, како што е мигрантската криза. На седницата присуствуваа постојаните членови на Советот: претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министрите за одбрана, Радмила Шекеринска, за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Исто така присуствуваа и  членовите на Советот, назначени од страна на претседателот Пендаровски: професорите Ненад Марковиќ, Ветон Љатифи и Трајан Гоцевски. На покана на Претседателот на денешната седница на Советот за безбедност присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и заменик началникот на Генералштабот, генерал - мајор Азим Нуредин.Покана за учество доби и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. До овој момент, како што изјави претседателот Пендаровски, иако уредно, писмено поканет, нема одговор зошто лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на седницата на Советот за безбедност. „Сметам дека претставниците на опозицијата, особено на најголемите, најрелеватните опозициски партии мораат да присуствуваат по покана од Претседателот на состаноците на Советот за безбедност, затоа што Советот не е приватна институција на Претседателот и на седниците не се дискутира за приватни и партиски работи. Темата на денешната седница не е работа само на владината коалиција, туку е од суштинско значење за безбедноста на државата. Темата на денешната седница беше безбедносната состојба внатре во нашата земја, Република Северна Македонија и во регионот. Така што моја задача беше да ги поканам сите оние кои мораат да бидат информирани за тоа што се случува на тој план, без разлика кој е на власт а кој во опозиција“, изјави претседателот Пендаровски. Република Северна Македонија, рече претседателот Пендаровски, е на чекор до полноправно членство во НАТО и до добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ. Работите за влезот во НАТО се движат во добра насока и со добро темпо, но треба внимателно да се следи состојбата. Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот Пендаровски се осврна и на случувањата во регионот, при што посочи дека од влијателни меѓународни фактори пристигнуваат информации за можно заживување на дијалогот Белград-Приштина што може да влијае на состојбите на Западен Балкан. Република Северна Македонија граничи со двете држави и затоа, нагласи Претседателот, треба да бидеме подготвени за сите варијанти кои евентуално може да се случат во рамките на преговорите. Тоа, подразбира ние да ја објаснуваме нашата позиција и кое решение би било најпозитивно за нас како држава. За време на седницата на Советот за безбедност, заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Азим Нуредин ја истакна посветеноста и придонесот на Армијата во мировните операции предводени од НАТО, како што се „Одлучна поддршка“ во Авганистан, мировната операција на Обединетите Нации „УНИФИЛ“ во Либан, како и мисијата „Алтеа“ во Босна и Херцеговина. Директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, информираше дека агенцијата во континуитет ги идентификува безбедносните закани и потенцијалните ризици за националната безбедност и за истите постојано го информира државниот врв и останатите органи и тела во земјата. На седницата Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност ги запозна членовите на Советот за безбеност со реформите коишто се спроведуваат во безбедносните и разузнавачките структури, како и со првите активности на новоформираната Агенција. На седницата е договорено Советот за безбедност да се состанува на секои два до три месеци, бидејќи е неопходна редовна размена на мислења за безбедносната состојба. 

Македонија | пред 6 години

brod-2

(ФОТО и ПРВОТО ВИДЕО од несреќата) Десет години од најголемата бродска несреќа на Охридското Езеро

Денеска се навршуваат десет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ во која животот го загубија 15 лица, туристи од соседна Бугарија.Старото знаме на Општина Охрид и знамето на Македонија и ЕУ на половина копје пред зградата на општината.Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно, ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.Бродот „Илинден“ две седмици после несреќата поточно на 19 септември беше извлечен на површината на Охридското Езеро. Истиот ден бродот беше одвлечен до каналот Студенчишта, каде по спроведената истрага за неговата техничка исправност се наоѓа и денеска, како нем сведок на трагедијата што однесе 15 човечки животи.ФОТО Веста за потонувањето прв ја објави Охрид1, а новинарите потоа пристигнаа на местото на катастрофата.Како и секоја година делегации на Општина Охрид, на Амбасадата на Република Бугарија, претставници на Здружението на граѓани „5-ти септември" од Охрид, на ротари-клубот од Охрид и граѓани со цвеќе на споменикот поставен на Кејот на Охридското Езеро се сеќаваат на жртвите од несреќата.  

Македонија | пред 6 години

69487154_10162026786705543_6335867353410043904_n

Со месеци гори охридската депонија Буково

Депонијата Буково повторно гори.Таа гори секое лето, со години наназад. Јавноста се сомнева дека намерно се пали оган, за да се исчисти просторот и намали волуменот на депонираниот отпад и тоа се прави со години додека претпријатието избираше фирма на која и доделуваше над 7 милиони денари годишно за расчистување на депонијата.На последната седница на Управниот Одбор е одлучено овој буџет да се намали на 4 милиони денари и да се пристапи кон купување на булдожери кои ќе се во сопственост на „Охридски Комуналец“.Ваквата одлука доаѓа од како „Антикорупциска“ наложи „Комуналец“ да ги раскини договорите со фирмата на советникот Нефи Усеини заради судир на интереси. 

Македонија | пред 6 години

soobrakajka

Мотоциклист тешко повреди 4 жени во Скопје

Тешка сообраќајна несреќа се случи пред половина час на булеварот Илинденска во близина на Средното училиште Орце Николов.Според очевидците за Сител, мототциклист на пешачки премин повреди четири жени.Пешаците се здобиле со тешки телесни повреди и со неколку возила на Брзата помош биле пренесени во болница.На местото на несреќата на терен излегла полицијата каде во моментов врши увид.

Скопје | пред 6 години

izjava-zaev.Still227

(ВИДЕО) Полжавот на раздорот меѓу Кире и Шапуриќ

Видео материјалот е снимен во месец мај 2005 година, кога тогашните одлгедувачи на полжави водеа војна со тогашниот ( и од денес и сегашниот директор на земјоделски инспекторат ) , Зоран Шапуриќ.  Тогаш министерот ги спречил фармерите да го одгледуваат овој полжав, на што тие даваа отпор но ја изгубија битката со државата. Само една година подоцна СДСМ ги изгуби изборите.КЛИКЛНЕТЕ  SUBSCRIBE И СЛЕДЕТЕ ГО YOUTUBE КАНАЛОТ НА ONE MEDIA СО КЛИК  Т У К А

Слајдер | пред 6 години

pozar-5

(ФОТО) Брзата интервенција на екипите од НП Галичица и на охридските пожарникари спречија пожар на Галичица

Благодарение на брза интервенција на екипте на ЈУНП Галичица и против пожарната служба од Охрид навремено локализиран пожарот во НП Галичица. Подготвеноста на експресно реагирање на овие служби спречи поголема штета.Фотографии од опожарениот дел и подготвените служби на фејсбук постави директорот на НП Васко Паскали.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10212337309347931&set=pcb.10212337329628438&type=3&theater

Македонија | пред 6 години

avtobusi

(ВИДЕО) Тажна реалност -Во еден ден 12 автобуси полни со луѓе заминаа за Италија на привремена работа

Инфомакс, објави видео од Делчево, на кое се гледа како луѓето масовно се иселуваат од земјава, барајќи подобро платена работа и подобри услови за живот. Во анкетата за Инфомакс Делчевчани ги откриваат причините поради кои си одат од државава. Во продолжение видеото од Инфомакс:https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/532734327532452/?v=532734327532452 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Стоилковски: Изнесената метафора беше погрешно разбрана - како Човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски реагира на обвинувањата за сексизам кои беа упатени на неговата сметка поради коментарите за новата министерка за финансии Нина Ангеловска.„Бидејќи и тоа што го кажав не е протолкувано како извинување, еве ќе бидам појасен: Изнесената метафора беше погрешно разбрана и протолкувана на погрешен начин, затоа се извинувам ако на некој начин сум предизвикал навреда или таа метафора предизвика навреда на нечии чувства.Како син, брат, сопруг, татко, пријател никогаш не поддржувам ниту пак ќе поддржам сексизам или говор на омраза и останувам застапник за човечките права и слободи. Како Човек барам прошка ако ненамерно сум погрешил. Очекувам и овој мој јавен став да биде преземен од медиумите“, пишува Стоилковски на Фејбук.https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10157256891010499

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Скокнал од воз во движење и се повредил

На 03.09.2019 во СВР Велес било пријавено дека околу 15.00 часот на Железничката станица во Велес О.М.(34) од Велес, додека се наоѓал во еден од вагоните на возот, кој сообраќал од Гевгелија кон Табановце, откако возот ја намалил брзината, скокнал од возот и се повредил. Тој бил пренесен во болницата во Велес, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.  

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Вработени се истепале во фирма, едно лице извадило пиштол

На 03.09.2019 во 10.13 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека во простории на фирма на ул.„Ѓорче Петров“ настанала физичка пресметка меѓу Ф.Е.(54), и Б.Е.(28), од една страна и М.Е.(32), од друга страна, сите од Скопје. Според пријавеното, Ф.Е. го удрил М.Е. со пиштол, а Б.Е. физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

brza-pomos

Се повредил на десната рака на работното место во фирмата

На 03.09.2019 во 14.12 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека Д.Р.(31) од с.Владимирово, беровско, се здобил со повреда на десната рака на работно место во фирма, по што му била укажана лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

noz-ubistvo-napad

Крвава драма во Скопје: Ги бодел со нож таткото, мајката и братот

На 03.09.2019 околу 19.20 часот во СВР Скопје бил приведен Ф.К.(21) од Скопје, бидејќи со употреба на остар предмет физички ги нападнал неговиот татко С.К(56), мајка (В.К) и брат Д.К.(19), сите од Скопје, при што им нанел телесни повреди. Причина за нападот биле нарушени семејни односи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 години

134301833

Измама: Им ветил дека за 15.000 денари ќе им донесе шест метри кубни огревни дрва

На 03.09.2019 во 12.00 часот во Полициската станица Кочани, Д.П.(66) од Кочани пријавил дека околу 11.00 часот на ул.„Димитрија Лазаров“ во Кочани бил измамен од едно лице. Според пријавеното, лицето му ветило дека за сума од 15.000 денари ќе му донесе шест метри  кубни огревни дрва, доколку веднаш му плати 7.500 денари, а другите подоцна. Д.М. му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Кај сопатник во автомобил полицијата пронашла хероин и кокаин

Надворешната канцеларија за криминалистички Прилеп поднесе кривична пријава против Ш.Б.(55) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“.На 30.08.2019 на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, кај с.Дебреште, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо 207“, управувано од М.С.(42) од Тетово, при што кај пријавениот, кој бил сопатник, пронашле и одзеле хероин и кокаин.

Македонија | пред 6 години

gradezna-inspekcija

Ги тргнал поставените ленти од градежен испектор и продолжил да гради

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава  против Џ.И.(54) од с.Долна Бањица, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“. Во периодот од 01.04.2019 до 08.08.2019 на објект во градба на ул.„Сретко Крстевски“ во Гостивар пријавениот ги симнал и оштетил поставените ленти и налепници од градежен испектор од  општина Гостивар и продолжил со градежни активности на објектот.

Македонија | пред 6 години

krazbi

Приведени три лица– извршиле повеќе кражби

На 03.09.2019 во периодот од 13.50 до 14.30 часот полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(51) од Тетово, Ф.Б.(35) од гостиварска Долна Бањица и Ф.К.(35) од Гостивар поради сомнение за извршени повеќе кривични дела кражби или прикривање. Притоа, кај Ф.Б. биле пронајдени повеќе предмети кои потекнувале од извршените кражби, кои биле вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Денот на независноста годинава под мотото „Боите на независноста“

Одбележувањето на Денот на независноста - 8 Септември, годинава ќе се одвива под мотото „Боите на независноста“ и заедничката прослава ќе се одржи во Градскиот парк, пред Школка.По повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, Владата на Република Северна Македонија, ги кани сите граѓани на заедничко чествување в недела,  во Градскиот парк во Скопје. Манифестацијата е со почеток во 11:00 часот.„Ве покануваме почитувани медиуми и граѓани заедно да ги прославиме боите на слободата, на радоста и убавината“, изјави денеска на редовната прес-конференција портпаролот Муамет Хоџа.По повод Денот на државноста, во Градскиот парк ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма. Ќе настапуваат „Петко и пет плус,“ групите „Ај Кју“, „Денсерс Јунајтед“, Виолета Томовска, Елита Зибери и ди-џејот Драган Б. Костиќ.Портпаролот Хоџа информираше дека ќе бидат поставени повеќе штандови, каде присутните ќе имаат можност да уживаат во традиционална храна од сите краеви на нашата земја, да учествуваат во спортски активности и да го проверат своето здравје.„Заинтересираните граѓани ќе имаат можност да измерат притисок, да извршат очен преглед и да добијат повеќе информации за најновите мерки на Министерството за здравство, Управата за јавни приходи, да се запознаат и да ги проследат вештините на Армијата и на полицијата. Претставниците на Министерството за внатрешни работи ќе изведат показни вежби со кучиња, а припадниците на „Тигрите“ ќе помагаат при спуштање со алпинистичко јаже“, додаде портпаролот Хоџа.Штандот на Агенцијата за млади и спорт ќе обезбеди опрема за пинг-понг, бадминтон, карате и заинтересираните ќе имаат можност да испробаат дел од боречките вештини и да се запознаат со поволностите на Европската Младинска Картичка.На штандот на Министерството за труд и социјална политика, волонтери од невладина организација ќе информираат за младинската гаранција и ќе биде организирана Изложба на фотографии од децата од малите групни домови.Граѓаните, на штандот на Министерството за животна средина и просторно планирање ќе имаат можност да се запознаат со мерките за поголема заштита на животната средина, како и да донесат и безбедно да ги одложат искористените батерии.На два брендирани штанда, претставници на Дирекцијата за заштита и спасување ќе делат прирачници за заштита од пожари на отворен простор и ќе одржат практична демонстрација за користење на домашни ППА апарати.Свеченото чествување на Денот на државноста на нашата држава, ќе започне со оддавање почит и положување цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, од делегација предводена од претседателот на Владата Зоран Заев, на гробовите на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров. 

Македонија | пред 6 години

MKC_karticka

МКЦ воведе специјализирана припејд картичка

За прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по примерот на меѓународно реномираните фестивали, Младински Културен Центар (МКЦ) – воведе безготовински, припејд систем на продажба, што ја прави и прва културна институција во земјава што воведува припејд картичка.Во соработка со Шпаркасе банка, МКЦ за првпат на деветтото издание на фестивалот „Здраво млади“ воведе специјализирана припејд картичка која ќе се користи за безготовинско плаќање на сите услуги во културниот центар. Со оваа картичка, посетителите на МКЦ ќе можат да купуваат пијалоци, работи на штандовите за продажба од артистите/изведувачи за време на фестивалите, како и производи од концептуалната продавница АП(O)ТЕКА, а наскоро истата ќе може да се користи и за градското кино Милениум.Со МКЦ картичката  се унапредува и модернизира продажбата на услугите во МКЦ согласно барањата на динамичната и модерна публика. Со користењето на припејд картичката во голема мера ќе се намалат гужвите и чекањата особено за време на големите фестивали и културни настани преку намалување на периодот на купување/плаќање, а истовремено ќе се зголеми ефикасноста на услугите, времето поминато за забава, но и зголемени приходи на оваа јавна установа.Исто така, станува збор пред се за безбеден систем на плаќање кој не дозволува никакви финансиски малверзации.Припејд картичката изнесува 30 денари и може да се подигне од просториите на МКЦ и важи исклучиво за настаните во МКЦ. 

Магазин | пред 6 години

svs-11-670x376

Охриѓанка пријавила маж кој се обидел да ја обљуби нејзината ќерка

Полциијата во Охрид приведе 44 годишен маж кој претходно според пријавата која ја поднела мајка на девојќе, тој се обидел да ја обљуби нејзината ќерка.На 03.09.2019 во Полициската станица Охрид е приведен Т.Р. од Охрид, откако 44-годишна жена пријавила дека тој се обидел да изврши обљуба врз нејзината ќерка. Известен е Центарот за социјална работа и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот - информира СВР Охрид.

Македонија | пред 6 години

ok-vmro-dpmne

ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид: Георгиески собра храброст - приведени тројца градежни работници, со ова се докажува дека се делува селективно

Градоначалникот Константин Георгиески собра храброст, па реши ќе спроведува закон со тоа што се приведени тројца градежни работници. Со тоа покажува дека Локалната самоуправа делува селективно и е определена да се справува само со обичниот граѓанин, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ.Георгиески да одговори каде беше кога со месеци го молеа охриѓани, невладини организации, новинари, политички партии да спроведе Закон и да ги спречи нелегалните градби низ целиот град?Зошто дозволи да се изградат дивоградбите низ градот, бетонската база, угостителскиот објект кај Чинарот, хотелот во Лагадин, минарето низ чаршијата и тогаш не ги спречи работниците како сега?Или тогаш Георгиески беше при очи слеп и при очи глув, или пак тоа е цената за изборната победа?Со СДСМ и Георгиески се штитат луѓето блиски до власта, а обичниот граѓанин страда. Време е Законот да почне да важи подеднакво за сите, се вели во соопштението од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 6 години

benzin

Го полеал со бензин автомобилот сопственост на неговиот газда и го запалил

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело  – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 3 септември, во кругот на еден деловен субјект, на булеварот „Србија“ во Скопје, со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на две лица и поголема имотна штета.Имено, тој наточил бензин во пластично шише од блиската бензинска пумпа и се упатил до правното лице. Притоа се доближил до паркираниот автомобил БМВ X6 во сопственост на управителот на правното лице, го полеал со бензин и со запалка го запалил. Оштетените  се обиделе со противпожарни апарати да го локализираат пожарот, но не успеале во тоа.Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави Предлог за определување мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување и воспоставување контакт со оштетениот управител на правното лице.

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

ОЈО потврди дека добило писмо и полномошно од Катица Јанева

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека денеска судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави известување од Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, кое го примил преку КПУ Затвор Скопје- Скопје.Во известувањето се наведува дека Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ги овластува јавните обвинители во тоа обвинителство кривичните предмети да ги предадат во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Исто така, во Јавното обвинителството на Република Северна Македонија примено е и известување со барање информации од Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во кое приложено е и доставеното полномошно.Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ќе ги разгледа овие поднесоци, по што јавноста ќе биде известена, се вели во соопштението од ОЈО....

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања