Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Скопје1.мк

IMG_3722-04-09-19-13-13

ОК ВМРО ДПМНЕ: Охриѓани имаат право на отчет,имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, не се чепнало буквално ништо

Локалната власт предводена од градоначалникот Константин Георгиески до кога ќе нè убедуваат дека „блескаме“ и дали мислат дека охриѓани се заслепени од нивниот блесок та не гледаат што им се случува пред очи?После најтурбулентното кратење на средствата во буџетот, ни остана да се надеваме дека ќе започнат да се реализираат барем оние малку средства што останаа и дека ќе видиме бар некаков резултат од владеењето на СДС во Охрид. Но, за жал сè си остана само на хартија, оптеретено со најпознатиот владин предзнак ЌЕ, истакна Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.Охриѓани имаат право на отчет, охриѓани имаат право да знаат дека и покрај ветувањата, цели шест месеци не се чепна буквално ништо во делот:- Изградба на фекална канализација во населба Рача (краци меѓу регионален пат Охрид – Св.Наум и патека покрај Охридско Езеро)- Изградба на улична фекална канализација на краци во селата Велгошти и Пештани;- Изградба на улична фекална канализација и пречистителна станица во село Трпејца;- Преприклучување на нова фекална канализација на улиците „Абас Емин“ и „Јане Сандански“;- Улиците „7 Ноември“, „Егејска“, „Васил Главинов“, „Марко Цепенков“, „Момчило Јорданоски“, „Веле Марко“, „Александар Гушо“  и „1 Мај“ ќе причекаат за изградба на атмосферска канализација;- Не се изработи проектна документација за фекална и атмосферска канализација;- Не се изврши нивелирање и чистење на канализциона мрежа и шахти и не се променаа капаци.Почитувани, за крај единствено што ни останува е да апелираме до охриѓани – Бидете без грижа, се’ ЌЕ биде во ред. Затоа што на времето на лажни ветувања и предизборни манипулации му доаѓа крајот, истакна Лидија Петкоска, претседателка на УЖ Охрид и советничка во Советот на општина Охрид.

Македонија | пред 6 години

nesreka-kamion

35 годишен Македонец загина во соoбраќајна нeсреќа во Полска

Едно лице зaгинa во cyдир на два камиони, што се случи во вторникот после 16ч на ДК 1 во близина на Пјотркув -кај Вола Рокџивка на патот кон Варшава. По нecpeќата еден од возачите останал заглавен во кабината на камионот, објави инфомакс.Лицето кое зaгинa во нecреќата, е 35 годишен Македонец.Видеото од местото на несреќата можете да го погледете овде.

Македонија | пред 6 години

gumi-2

Зимава ќе дишиме чист воздух - Шилегов заплени користени гуми од автомобили наменети за горење

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на својот фејсбук профил објави дека се запленети гуми од автомобили кои биле наменети за горење.„Инспекторатот на Град Скопје, заплени користени гуми од автомобили, кои биле спремани за горење во текот на зимскиот период. Депото е целосно исчистено и испразнето.Борбата за чист воздух и околина мора да е секојдневна“, напиша Шилегов на фејсбук.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2984003225157589&set=pcb.2984006248490620&type=3&theater

Скопје | пред 6 години

IMG_8756

Нема школо без вакцина - родителите најавуваат тужби за државата

Кривични пријави за директори на основни училишта, за дел од министрите, како и тужба пред Управниот суд поднеле 60тина родители, чии што деца не биле запишани во градинка или училиште, поради тоа што не биле вакцинирани, објави 24.mk.Ѕвонко Давидовиќ, кој е еден од адвокатите кои ги застапува родителите, вели дека одлуката на Владата за забрана за упис на невакцинирани деца во училиштата се коси со законот за основно образование и се кршат човековите права. Ако не е исполнет услов за запишување на децата во училиште, родителот може да добие прекшочна пријава, но не може мерка да биде забрана за упис, порачува Давидовиќ.- „Директорите на училиштата поведени од некој си допис на Министерството за здравство, во ситуација каде Министерот за образование мирува и не си ги презема надлежностите имаме една шаренолика слика низ Македонија каде што дел од училиштата ги примаат учениците иако не се вакцинирани, дел го одбиваат уписот, но не на начинот кој е задолжителен во законот за основно образование, значи да има Комисија, таа Комисја да достави решение во кое ќе се наведат причините. Вие можете да поведете прекршочна постапка против родителот кој можеби не ги вакцинирал од некои причини децата, но не можете да го одбиете на уписот во училиштата. Министрите за здравство образование и труд и социјала сериозно треба да размислат што ќе преземат затоа што не можат една група на граѓани да маргинализираат а особено во делот на правото на образование“, вели  адвокатот Давидовиќ за   24.mk.Текстот во целост на:  24.mk.

Македонија | пред 6 години

apasiev

Апасиев: Пазите шта радите, да не ви го сменат статусот од "сведок" у "обвинет" 

Фејсбук статус на Професорот Димитар Апасиев. Тој напиша:ФРИКИ на распит у Обвинителство, а? Пазите шта радите, да не ви го сменат статусот од "сведок" у "обвинет" ;)#НаКатаТакаИНапраијаhttps://www.facebook.com/defensor.plebei/posts/2444540152277975

Македонија | пред 6 години

Нема фотографија

Илиевски за Јанева: Ова ли е тоа „ако пропаднам, ќе ве повлечам сите со мене“?

Фејсбук статус на Богдан Илиевски. Тој напиша:„Ексклузивно: Јанева дала овластување сите предмети од СЈО да се предадат на Јовески“Ова ли е тоа „ако пропаднам, ќе ве повлечам сите со мене“?https://www.facebook.com/ilievski/posts/10157600150192138

Македонија | пред 6 години

maksim

Правдата задоволена за градоначалникот Максим Димитриевски, ја доби пресудата во негова корист

После повтореното судење во кумановскиот суд, градоначалникот Максим Димитриевски ја доби пресудата во своја корист за случајот од 5 април 2017 година, кога на семејна веселба беше физички нападнат од страна на алкохолизирани лица, а потоа наклеветен дека бил насилник, објави plusinfo.mk.ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот претседател на огранокот на партијата во Куманово, Драган Петковски, сега имаат обврска да му се извинат за нанесена клевета и навреда и воедно да му платат ни повеќе туку точно 1 денар отштета.Токму поради ова Максим Димитриевски се огласи на социјалната мрежа фејсбук. Тој напиша:– Да, толку барав, еден денар, бидејќи нивниот збор не вреди ниту еден денар, а нивните дела прават голема штета. Се обидоа да ме дискредитираат и да ми го нарушат угледот и честа пред граѓаните во уште еден од многуте партиско-полициски монтирани постапки. Ме нарекоа насилник, криминалец, ме обвинија за настан во кој што и самиот Петковски не веруваше, но по партиска задача читаше напишан текст од кујната на МВРО. Срамно и безобразно продолжуваа со приказната, а сега ќе мора да се извинат, бидејќи вистината е една, а таа секогаш излегува на површина.Секако, ќе го расчистам случајот до крај и одговорност и за насилниците, но пред сė за инволвираните од страна на МВР ќе има по сите основи – напиша Димитриевски на Фејсбук.Текстот во целост на: plusinfo.mk

Македонија | пред 6 години

kuferi-odmor

Прашање за неверување, но се покажало дека е вистина: Замисли во овој часовник да се наоѓа камера“

Даги Хамилтон од Ирска на својот Фејсбук профил објавил фотографија поради која корисниците на интернет останале вчудоневидени. Имено, Даги со својата девојка изнајмиле соба во Торонто, каде што биле на одмор, а кога останал сам, се присетил да направи нешто. Веќе долго време кружат приказни за сопствениците на станови кои поставуваат микрофони и камери во становите кои ги изнајмуваат. Повеќето не веруваат во тие приказни и ги опишуваат како мит, но во овој случај тоа се покажало како вистина, објави pogled.mk„Лежев на каучот и гледав во дигиталниот часовник. Погледот ми беше вперен во спалната соба (која немаше врата). Се сетив на виралното видео во врска со шпиунирањето и низ глава ми помина мислата: Замисли во овој часовник да се наоѓа камера“. Си реков „Не биди глупав, дали навистина сакаш да бидеш тој тип кој мисли дека го шпиунираат?“. „Секако дека сакаш“ си одговорив.Потоа го извлекол полначот од телефонот и видео батеријата од литиум. Погледнал на предната страна на часовникот и навистина нашол камера. Ја поставил сликата од оваа случка на својот профил и веднаш станала вирална, а луѓето сега во паника велат дека отсега детално ќе ги проверуваат становите кои ги изнајмуваат.Текстот е во целост превземен од: pogled.mk

Магазин | пред 6 години

Lile-stafanova-2

(ВИДЕО) Новинарите ја бркаа обвинителката Лиле, таа им избега со автомобил

Обвинителите Лиле Стефанова и Артан Ајро, по денешното рочиште за предметот „Титаник“, не одговорија на прашањето дали и што се разговарало на колегиумот на СЈО за писмото на Катица Јанева, која преку судот до нив испратила барање сите истраги и обвиненија во рок од три дена да му бидат предадени на Јавното обвинителство.Стефанова рече дека не знае ништо за писмото.– Не знам, бев на судење, не го знам тоа писмо. Кога ќе го прочитам, ќе ви кажам. – рече кусо Стефанова по што замина во службеното возило.

Македонија | пред 6 години

IMG-20190904-WA0011

Општина Охрид: Граѓаните да ги почитуваат законските прописи, да не почнуваат нелегални градби, бидејќи во најкус рок ќе бидат урнати

Локалната самоуправа апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не почнуваат нелегално да градат, бидејќи нивните објекти во најкус рок ќе бидат урнати.Доколку сами не ги урнат започнатите дивоградби, тоа ќе го стори општина Охрид, а трошоците, по достава на трошковникот, ќе бидат на товар на инвеститорите. Воедно, согласно со законските прописи, против нив ќе бидат покренати соодветни кривични пријави за нелегално градење.Вчера,  овластениот градежен инспектор при општина Охрид, поради продолжување на градењето на нелегален објект на улицата „Марко Нестороски“, кој претходно беше означен и запечатен, побара асистенција од СВР- Охрид. Во акцијата, СВР -Охрид поради  постоење основи за сомнение за изведување бесправна градба, приведе тројца градежни работници, кои работеле на изградбата на нелегалниот објект на улицата „ Марко Нестороски“ . Вчерашниот настан  покажува дека Локалната самоуправа цврсто е определена брзо и ефикасно да се справува со дивоградбите.Контролите за нелегално градење ќе се итензивираат, а во нив ќе бидат вклучени СВР-Охрид и другите надлежни државни институции, се вели во соопштението од Општина Охрид. 

Македонија | пред 6 години

bojan

Бојан бара помош, веќе една година е целосно неподвижен по сообраќајната несреќа

Осумнаесетгодишниот Бојан Димитриевски веќе една година е целосно неподвижен по сообраќајната несреќа која му го промени животот.Овој млад човек упати апел до сите кои можат да му помогнат повторно да застане на нозе.Јас Бојан Димитриевски на 23.08.2018 год.на 17 годишна возраст по тешка сообраќајна несреќа не по моја вина се здобив со тешка повреда на рбетниот мозок (QUADRIPLEGIA- одземеност на раце и нозе) при што останав целосно неподвижен. Oд тој миг ми се смени животот, моите соништа застанаа тука. По долготрајни терапии и вежби низ центрите во Македонија и Србија имав многу мал незначителен напредок. Затоа по консултации со лекари од клиниката ,,Neurovita” во Москва- Русија ни дадоа надеж дека со лекување со матични клетки може повторно да застанам на моите нозе. За таа цел потребно е да ми направат 10 третмани. Моето лекување ќе опфати повеќе кратно одење за Москва-Русија.За ова ќе имам потреба од придружба со моите родители, бидејќи сам не можам. Првото одење ќе чини 28.000 евра истото ќе се состои од комплетен преглед и започнување со третман со матични клетки. Интензитетот на одењето во Москва-Русија ќе зависи од резултатите кои што ќе ги покажам.Моето семејство не е во можност да ги подмири трошоците за моето лекување.Барам помош од СИТЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ.Ви благодарам од срце.Со почит Бојан Димитриевски.https://www.facebook.com/bojan.dimitrievski.509/posts/2347062855349496*Броеви за донации:Телеком: 070 143-414Вип(A1): 143 550Трансакциска сметка: 200003373418462За донации од странство :SWIFT: STOBMK 2XEUR: MK07200003376775050 USD: MK07200003376787660CHF: MK07200003376781355

Македонија | пред 6 години

sjo

СЈО: Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство

Од СЈО преку соопштение појаснуваат за писмото кое специјалната јавна обвинителка Катица Јанева од истражниот затвор „Скопје“ им го испратила на обвинителите од СЈО.-Во текот на вчерашниот ден до ова Јавно обвинителство од страна на Основниот кривичен суд Скопје доставено е полномошно кое Катица Јанева преку КПУ „Затвор Скопје“ го доставува до ова Јавно обвинителство. Со полномошното Јанева ги овластува обвинителите во ова Јавно обвинителство да ги предадат на Јавното обвинителство на РСМ предметите кои се водат во ова Јавно обвинителство и тоа: кривичните предмети во судење, во истрага и во предистрага.Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување, велат од СЈО.

Македонија | пред 6 години

1200px-Informal_meeting_of_ministers_for_foreign_affairs_Gymnich._Arrivals_Nikola_Dimitrov_36957321831

Димитров: Најголемата битка за нас е да ги задржиме младите дома и затоа треба да ја направиме нашата земја европска

Северна Македонија очекува да добие датум за почеток на пристапни преговори со ЕУ во октомври. Во спротивно балканскиот регион ќе биде обесхрабрен за реформи, вели Никола Димитров за Ројтерс.Во интервју за Ројтерс дадено на маргините на Форумот во Блед, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров оценува дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе ги убедат младите луѓе да не емигрираат во потрага по „европски стил на живот“ во странство.Откако одлуката за доделување датум за почеток на пристапните преговори беше одложена од јуни за октомври годинава, официјално Скопје очекува дека по десет позитивни препораки од Европската Комисија, тоа конечно и ќе се случи следниот месец.„Големите прашања се решени. Доколку не се случи адекватна реализација на оваа шанса, тоа значи дека регионот нема перспектива“, вели Димитров.Димитров не сака да прогнозира кога земјата ќе може да стане полноправна членка на ЕУ, и вели дека е поважно земјата да тргне по европскиот пат.„Процесот е важен. Најголемата битка за нас е да ги задржиме младите дома и затоа треба да ја направиме нашата земја европска, за тие да имаат европски стил на живот дома наместо да заминуваат во странство“.

Македонија | пред 6 години

GM2c

„Кнегињата“ до солзи ги насмеа гледачите на „Гола Месечина“

На отворената сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ вчеравечер продолжи фестивалот „Гола месечина“ со урнебесната комедија „Кнегињата од Фоли Бержер“, од славниот Жорж Фејдо, во изведба на театарот Народно позориште од Ниш.Духовитата приказна полна со неверојатни пресврти и неочекувани заплети ја привлече публиката и го наполни спортскиот центар до последното столче. Авантурите на шармантната париска убавица, која со игра на судбината станува кнегиња, но не успева да му одолее на повикот од нејзиниот претходен живот, како и нејзиниот наивен и заслепен сопруг, до солзи ги насмеаја гледачите.Фестивалот на комедијата вечерва продолжува со комедијата „Мани мани мани“ на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово, а утре на програмата е претставата „Забрането смеење“ на театарот „Антон Панов“ од Струмица. Претставите почнуваат секој ден од 20:00 часот, а влезот е бесплатен.

Скопје | пред 6 години

Slika-Frosina-18-12

Ременски: Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство, квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи

Речиси два часа во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пратеничката Фросина Ременски даваше искз за аферата „Рекет“.Таа во изјава за медиумите појасни дека била повикана како лице од кое се земаат одредени известувања да даде одговор за се што е поврзано со случајот „Рекет" како и со Меѓународниот сојуз.„Не гледам причина зошто политичар не би бил повикан во Јавно обвинителство. Очекувам Собранието да го донесе Законоот за јавното обвинителство. Ги отфрлам сите поврзувања со осомничените во „Рекет“ и најодговорно ги демантирам тие шпекулации“, истакна Ременски.Во врска со тоа дали знаела за зделките и каде одат парите од Меѓународниот сојуз, Ременски  рече:„Јас квалификации за тоа што правел меѓународниот сојуз ќе ги оставам на надлежните органи, по прашање на гриза на совест е индивидуална категорија на секој поединец и сите ние имаме одговорност и ситуации кога и другаруваме и сме во роднинска врска со луѓе кои сториле или не сториле нешто. Но, тоа не значи дека треба да имаме грижа на совест", истакна пратеничката.

Македонија | пред 6 години

forum-zeni-sdsm

Форумот на жени на СДСМ: Дали Мицковски ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените?

Форумот на жени на СДСМ остро го осудува шовинизмот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски во неговата објава против новата министерка за финансии, Нина Анегеловска.  Недозволиво и неодговорно е портпарол на парламентарна партија да се служи со родов шовизнизам и мизогинија и во своите објави на социјалните медиуми да употребува сексистички речник и говор на омраза насочен против жените, истакна Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.Оттука, го прашуваме Христијан Мицкоски, дали се согласува и ја одобрува објавата на неговиот протпарол Стоилковски?Дали ќе побара извинување од Стоилковски за навредите насочени кон жените?Ги повикуваме и жените во ВМРО-ДПМНЕ да одговорат дали се согласуваат со навредите на Стоилковски?Дали неговата објава полна со шовинизам е дел од комуникацијата со жените внатре во партијата? Дали така им се обраќаат на партиски состаноци? Очигледно е дека ова ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски е исто како и ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.  Тоа е истата матрица на навреди, матрица на понижување на жените и нивните права.Ги повикуваме сите граѓански здруженија да го осудат овој срамен и недоличен потег на Стоилковски.  Апелираме до сите граѓани да се спротивстват на ваквите ретроградни тенденции кои се спротивни на демократските и универзалните човечеки вредности.Потсетуваме дека Република Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жените. Ратификацијата на Истанбулската конвенција и донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација ја покажуваат подготвенсоста на Владата предводена од СДСМ за унапредување на правата на жените. Во Северна Македонија, нема и нема да има место за шовинизам, дискриминација и омаловажување на жените, истакна Кристина Пеповска, генерална секретарка на Форум на жени на СДСМ.

Македонија | пред 6 години

marihuana

Продолжен притворот за 30-годишниот скопјанец кај кого во домототе пронајдена дрога

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот 30-годишен жител на Скопје, на 07 август во домот во кој престојувал на ул. „Киро Крстевски-Платник“, неовластено држел наркотична дрога – марихуана во две полиетиленски кесички со вкупна нето маса од 52,48 грама, зипер кесичка со искршени и соголени гранчиња од растението канабис со вкупна нето маса од 9,34 грама, 13 семки канабис, како и четири парчиња од искршена таблета со активна компонента „бупренорфин“. При претресот, од страна на овластени службени лица била одземена и една дигитална вага со остатоци од марихуана.Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог со кој побара на лицето да му биде продолжена претходно определената мерка притвор, ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на реална опасност обвинетиот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело кое му се става на товар.

Скопје | пред 6 години

Нема фотографија

Со новата мерка за субвенционирање на придонесите за платите Владата сака да го задржи стручниот кадар

Посебно внимание на јавноста вчера предизвика делот од прес-конференцијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и на министерката за финансии Нина Ангеловска, кој, во рамките на ребалансот на Буџетот за 2019 година, се однесува на мерката за субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за претпријатијата кои ќе ги зголемат платите на своите вработени до 100 евра во денарска противвредност. Со оваа мерка се сузбива сивата мерка и давањето на плати во кеш.За оваа мерка се предвидени 400 милиони денари.Мерката е од исклучително значење, бидејќи со неа ќе се поддржат компаниите кои се соочуваат со потешкотии за наоѓање и задржување на стручен кадар. На тој начин, ќе се поттикне и продуктивноста на компаниите што е основа за економски раст. Од друга страна ќе се поттикне спиралата на плати, што ќе се рефлектира на забрзан раст на платите.Мерката прво важи еднакво за сите компании и вработени во приватниот сектор. Тоа се околу 610 илјади наши сограѓани. Оваа мерка на ја опфаќа јавната администрација бидејќи во оваа дејност нема исплата на плати во кеш, а со покачувањето на платите во овој сектор, нормално си оди и плаќањето на придонесите зголемени соодветно на секое покачување.Благодарение на добрите перформанси на Буџетот, на неговата ликвидност и финансиска стабилност, Владата на Северна Македонија утврди дека може да се алоцираат предвидените 400 милиони денари за субвенционирање на придонесите за да се овозможи пораст на платите.Со оваа мерка, наместо да даваат пари во кеш како дополнување на платата на работниците, за да ги мотивираат, да ги задржат, работодавачите не ја даваат целата бруто плата, зашто вкупно придонесите на бруто плата изнесуваат 47 отсто заедно со персоналниот данок.Целта е навистина да се демотивира исплатата на дел од платата во кеш.Со новата мерка што ја предлага Владата, работодавачите ќе платат само 11 проценти персонален данок, а другиот дел,  пензиско, здравствено и социјално осигурување, ќе го покрие државата.Така, вработените ќе добијат повисоки нето плати и ќе бидат мотивирани да останат на работа. Тоа е мерка која ќе придонесе кон мотивацијата и младите луѓе, и сите други, да останат во државата зашто платите ќе растат.Во креирањето на мерката се водеше грижа за влијанијата на мерката на Буџетот и заради тоа е воведен лимит на висината на придонесите што ќе бидат субвенционирани и тие се соодветни на зголемувањето на платата до 100 евра во денарска противвредност.Дополнителен ефект од оваа мерка е што, во суштина, со субвенционирање на придонесите за здравствено и пензиско, ќе се помагаат двата фонда, и здравствениот и пензискиот, наспроти на фактот што заради исплатата во кеш, овие фондови не ги добиваа тие средства.Оваа мерка го обезбедува приливот на средства во овие два фонда, ги стабилизира, но и отвора можност за дополнителен раст на платите, на пример - во здравството.Овој ребаланс на Буџетот ја има токму таа цел да го забрза растот и да вбризга повеќе пари кај граѓаните и компаниите за раст на платите. 

Македонија | пред 6 години

rasta

Полицијата пронашла наркотици во автомобилот на Раста?!

Познатиот балкански Стефан Ѓуриќ – Раста , наводно платил казна од 120.000 динари минатата недела, бидејќи полицијата пронашла поголема количина марихуана во неговиот автомобил. Раперот Раста, е поранешниот сопруг на популарната поп-пејачка Ана Николиќ. Тој бил приведен од српската сообраќајната полиција.Инаку Раста од поодамна е сомнителна фаца за кого се зборува низ естрадно-новинарските кругови дека редовно ги користи “услугите“ на марихуаната.

Магазин | пред 6 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев за „Рекет“: Значи просто е неверојатно да некои двајца карактери вакви како од цртан филм да смислат нешто такво

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, при гостување на емисија „Журнал“  истакна дека зад „Рекет“ не може само да се Катица и Боки 13 мора да има и други вмешани.„Значи просто е неверојатно да некои двајца карактери вакви како од цртан филм да смислат нешто такво, не знам како се викаа едни две глувчиња што секоја вечер одново смислуваа како да го освојат светот. Тоа е така како пародија, цртан филм за возрасни. Од кои што едниот е глуп, а другиот паметен. А од овие двајца се вели дека Боки бил попаметен, но не знам кој од кого е попаметен. И изгледа малку неверојатно во ова констатација. Мислам дека има некоја подлабока причина, малку беше чудно самото тоа што во моментот кога се виде дека не може Катица понатаму да биде СЈО, одеднаш сета меѓународна и домашна еднодушна поддршка да продолжи да функционира СЈО се сврти за 180 степени СЈО да се закопа. Тоа нема друга асоцијација освен тоа дека некој нејќе воопшто да се види што е работата во СЈО. И тука ВМРО има право можеби и еден ден, можеби не одма сега додека се активни предметите но еве еден ден да се види што е стварно таму работено и како“, истакна Калајџиев.

Македонија | пред 6 години

bahami

(ВИДЕО) Бројот на загинати на Бахамите се зголеми на седум жртви

Ураганот Доријан, кој е ослабнат, но поголем, синоќа стигна во близина на источниот брег на централна Флорида, и доби на брзина откако два дена ги пустошеше Бахамите каде загинаа најмалку седум лица, а предизвикани се и катастрофални штети.„Тешко е воопшто да се процени што има на фотографиите и снимките од воздух. Станува збор за индустрискиот дел од градот или густо населен дел, толкави се размерите на уништувањето“, пишува Вашингтон пост.Доријан стана ураган од втора категорија, затоа што неговите најсилни ветрови опаднаа на брзина од 175 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани со седиште во Мајами (НХЦ). Сепак невремето порасна во големина, така што ветровите се проширирени на околу 95 километри од средиштето на ураганот.На Бахамите досега загинаа најмалку седум лица, а повеќе од 13.000 куќи се сериозно оштетени или уништени од ураганот, соопштија локалните власти. 

Свет | пред 6 години

edinstvena-makedonija

Единствена Македонија: Случјаот Рекет покажува дека Македонија нема вистинска Служба за државна безбедност

Единствена Македонија изразува шокираност од добиените сознанија со кои се потврдуваат шпекулациите во јавноста дека бизнисменот Јордан Камчев вршел тајното аудио и видео снимање на рекетарската група со помош на шпионска служба од една соседна земја, се вели во соопштениет од Единствена Македонија.Македонскиот народ и државјаните на Република Македонија сега со право се прашуваат што работат македонските тајни агенти во услови кога главниот сведок во случајот „Рекет“, бизнисменот Камчев слободно си нарачувал услуга од соседна шпионска служба.Крајно опасно е за националните и државните интереси дококу во целиот снимен материја кој го поседува Камчев и соседната шпионска служба има компромитирачки материјал и за највисоките државни функционери на владеачката СДСМ кои би биле сериозно уценети во актуелните разговори за ревидирање на македонската историја.Од друга страна, јавноста е сведок како македонската Служба за државна безбедност наместо да се занимава со својата основна работа на разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, е преокупирана со банални работи за бројот на вработени Албанци во тајната служба.Новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа има готов концепт за вистинска реформа во Службата за државна безбедност со цел да се направи мала, ефикасна и високо оперативна служба за разузнавачка и контраразузнавачка заштита на државата, се вели во соопштениет од Единствена Македонија.

Македонија | пред 6 години

SJO-katica-janeva-feature-2017-foto-Robert-Atanasovski

Јанева испрати писмо од затвор

Специјалната обвинителка Катица Јанева, која се наоѓа во притвор во истражниот затвор во Шутка испратила писмо-Наредба до Специјалното обвинителство во рок од три дена сите случаи да му ги предаде на Јавното обвинителство, дознава Пресинг ТВ.Според нашите сознанија писмото вчера било добиено во СЈО и веднаш било ставено на разгледување на колегиумот. Во наредбата Јанева бара сите случаи кои се во истражна или во предистражна постапка да му бидат предадени во надлежност на државното обвинителство во рок од три дена. Тоа значи целокупната документација, како и доказите, да се префрлат во ЈО, односно кај Љубомир Јовевски и практично СЈО да го заврши својот мандат.Рокот на СЈО му истекува на 15 септември и неговата судбина треба да се одреди со нов закон за кој власта и опозцијата подолго време не можат да најдат компромис.Текстот во целост на:  Пресинг ТВ

Македонија | пред 6 години

studenski-dom

Петти ден доцнат резултатите за студентските домови - Студенти бесни

Студенти што чекаат студентско легло се револтирани од доцнењето на резултатите за прием во студентските домови, објави Радио МОФ. Повеќето студентите што контактираа со Радио МОФ сакаат да останат анонимни, но се жалат дека веќе петти ден како чекаат информации за сместување, иако, велат тие, Министерството за образование и наука (МОН) требало да објави резултати на 30 август.„Неколку пати бевме во МОН лично да прашаме кога ќе ги објават резултатите, но одговорите што ги добивме не беа воопшто сериозни, ни кажуваат еве сега, за час-два, можеби утре, евентуално задутре, почекајте неделава ќе биде. Да напоменам дека при вселување во договорот потпишуваме дека ги користиме услугите на студентсите домови вкупно 9 месеци, што значи ние го плаќаме месец септември, а не добиваме сместување за овој месец и сме оштетени од самиот почеток“, соопшти Кристина М.Текстот во целост на: Радио МОФ 

Скопје | пред 6 години

gubre

(ФОТО) Картоните и кесите ветеров до утре ќе ги разнесе низ Тафталиџе

Актерката Ирена Ристиќ и нејзината параѓубреџиска формација „Не биди ѓубре“, сподели нови фотографии од смет. Еве што напиша Рисиќ на ФБ:-Важно кај и да е ќе отворат. Картоните и кесите ветеров до утре ќе ги разнесе низ Тафталиџе така да нема да мора ни за сопственото ѓубрето да се грижат. Стефан Богоев има ли казни за ваква негрижа?!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10214672390139281&set=pcb.10214672391739321&type=3&theater&ifg=1

Скопје | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања